Showing posts with label повреда. Show all posts
Showing posts with label повреда. Show all posts

Saturday, February 11, 2017

Медицинска марихуана против акутни болки - студија

Билка наместо апчиња кога се работи за болки!
Нова научна студија е спроведена од страна на д-р Џејмс Фини (James Feeney) од болницата Saint Francis и медицинскиот центар во Hartford Connecticut

Овој обид е финансиран од страна на државата и ќе ги спореди опијатите и медицинската марихуана кај третирањето на акутна болка, како на пример кај фрактурите (скршениците). Постојат научни студии коишто сугерираат дека медицинската марихуана претставува ефективен природен лек за лекувањето на хронични болки (повторливи болки), т.е. болки што продолжуваат да ги мачат пациентите и покрај тоа што повредата веќе би требало да е излечена. Д-р Фини сака да ја тестира марихуаната за лекувањето на акутни болки, за кои опијатите долго време биле препишувани како лек, без некој посебен ефект, а со низа несакани последици по здравјето на пациентите!


Ослободи се од болките на природен начин
Големиот фокус од моја гледна точка е дека ова е обид да се заврши епидемијата со опијати. Предозирањата од опијати убија повеќе од 30.000 луѓе во 2015“ - истакнува д-р Фини. Марихуаната се` уште е третирана како наркотик бр. 1 според легислативата на многу држави, што ги попречува научниците да го истражуваат ова растение. Истражувачите прво треба да аплицираат за лиценца од страна на DEA (Администрацијата за борба против дрогата), што може да трае и со години. Единствената достапна залиха за истражувачите е објектот во кој Владата одгледува канабис при Универзитетот во Мисисипи, а и тамошните резерви се ограничени.


Заменете ги теглите апчиња со тегличка гане ;)
Истражувањето на д-р Фини за влијанието на марихуаната врз акутните болки нуди можност да се заобиколат овие проблеми поврзани со законите. Медицинската марихуана е легална во државата Конектикат. Наместо директно снабдување на пациентите со марихуана, докторот му дава сертификат на пациентот да го користи овој лек, а пациентот потоа си ја подига својата марихуана или од специјална продавница за марихуана или од аптека. „Врстите од кои јас треба да одберам се толку чисти и толку потентни, што материјалот што го добиваат од Универзитетот во Мисисипи бледнее во споредбата“ - додава тој.


Студијата вклучува вклупно 60 пациенти со повреди на ребрата, од кои 30 се лекувани со опијати, а другата половина со канабис. Поради дизајнот на студијата, пациентите сами одлучуваат дали ќе користат опијати и марихуана за контрола на болките. Досега, болниците имаат заведено доста голем број на пациенти. Сите од нив избраа марихуана! Д-р Даниел Клов (Daniel Clauw) пак, кој ја води лабораторијата за болки при Универзитетот во Мишиген заедно со неговите колеги неодамна објавија анкета спроведена врз пациенти кои започнале да користат медицинска марихуана за ублажување на болките. Тие ја редуцирале нивната претходна употреба на опијати за третирање на болките за цели две третини!!!


Лек од Бога даден...
Тие се чувствуваа многу подобро кога нивната болка беше ставена под контрола со помош на канабис, отколку со опијати затоа што опијатите имаат многу споредни ефекти. Тие несакани ефекти вклучуваат вртоглавици, констипација, сексуална дисфункција и во случај на предозирања - проблеми со дишењето. Тоа е затоа што опијатните рецептори исто така се наоѓаат во мозочното стебло, делот од мозокот кој го регулира дишењето“ - објаснува д-р Даниел. Марихуаната делува на различен сет на рецептори и затоа не може никому да му наштети.

Извор: Hemp Project

Friday, July 22, 2016

Канабис за ПТСД: „Принуден сум да го прекршувам законот секој ден за да ги смирам моите ужасни болки“

Вистинска безгранична љубов!
Со жена му Лора (Laura)
се венчал во болница по несреќата :)
Младиот воен ветеран и херој, 28 годишниот виш десетар Калум Браун (Callum Brown) од Мидлотиан (Midlothian), Велика Британија, кој има две ампутирани нозе поради воена несреќа во Афганистан во 2011 година, моли марихуаната да се легализира во медицински цели

Тоа не е се`. За време на несреќата ја раздробил својата карлична коска, откако нагазил на нагазна мина за време на патрола во Хелманд. Неговите непрестајни 24 часовни хронични болки не можат да се контролираат со помош и на најтешките лекови против болки. Калум сака сите луѓе во слична позиција како неговата да имаат легален пристап до оваа билка и до концентрираните екстракти. 

Калум пред несреќата во Афганистан
Калум седи директно на коските од `рбетот. „Како и моите други повреди, немам кожа на мојот грб - тоа е само тенко ткиво од лузна, па оштетувањето на нервите и фантомските болки се главната причина зошто пушам. Исто така ми помага при мојата депресија, затоа што е лесно малку да се спуштам. Откако видов деца кои страдаат и мајки на мртви деца кои ми се дереа во лице во Афганистан, кои прашуваа зошто го сторивме ова, јас одлучив дека е навистина доволно. Сакав да зборувам гласно за да се осигурам дека децата нема повеќе да страдаат. На децата со епилепсија и други состојби може да им се помогне со активните состојки од канабисот.“ - истакнува нашиот млад херој.

Канабисот му помага во целокупната
психо-физичка рехабилитација!
Канабисот се користел уште од дамнешни времиња, објаснува Калум кој е навистина добро поткован на оваа тема. Тој потврдува дека уште луѓето од антички времиња знаеле за лековитата моќ на канабисот и ја користеле таа моќ во секојдневието, а Калум денес мора да се чувствува како криминалец за да ја користи оваа билка која му е неизбежен лек. „Јас не треба да бидам криминалец за да користам нешто коешто ги ублажува моите болки и ми го олеснува животот. Откако бев повреден во Афганистан, лекарите ме држеа на многу тешки лекови против болки. Тие синтетички хемикалии имаа многу силни несакани последици - дури можеа да ти предизвикаат самоубиствени мисли, што и повеќе од очигледно не беше добро за мене кога се обидував да закрепнам по повредите“ - вели Калум.

Со татко му и брат му
Со канабис не постои никаков негативен ефект. Тој ги олеснува моите болки“ - истакнува тој. Според ова храбро момче канабисот треба да биде легален. „Тој треба да е легален за медицинска употреба за луѓе како мене на кои им е навистина потребен, не за оние кои го консумираат само за да се напушат“ - вели тој иако и самиот пуши канабис за токму благодетите од „ХАЈОТ“ што го добива со пушењето трева, да му ги олеснат маките. Пушењето канабис е само еден начин на консумирање на лековитите придобивки на ова растение. 

Калум нема нозе, ниту карлица
Калум имал невидена среќа што останал жив. Во Универзумот не постојат случајности, па така и Калум не останал жив без причина. Тој според нас не е вистински херој затоа што преживеал на бојно поле, туку затоа што не паднал во депресија после тоа и не ја изгубил желбата за живот и покрај непрестајната агонија со која секојдневно мора да се соочува! Тој е вистински херој затоа што сфатил дека на овој свет сите сме дојдени со две главни причина - едната причина е да си правиме нам да ни биде убаво, а другата причина е да правиме да му биде убаво на сиот свет, затоа што сите сме заедно во оваа игра. Калум сфатил дека мирот не се постигнува со војување, туку само со БЕЗГРАНИЧНА ЉУБОВ! <3

Како што стареам сфаќам колку е важно да се грижиме за другите луѓе, особено младите. Во Афганистан тоа беше најстрашното, да се гледа како страдаат мали деца не по своја вина“ - додава тој. Тој сега е во преговори за изнема на законот, за британските доктори да можат да му препишуваат медицински канабис којшто му е неизбежен за нормален живот!

Поради (не)среќата пред пет години, Калум никогаш повеќе нема да може нормално да трча, но благодарение на љубовта во неговото срце и желбата за правење добри дела - многу мали дечиња со рак, епилепсија и други болести на кои само канабисот може да им помогне, наскоро ќе можат да трчаат цел живот, откако неговите поплаки ќе бидат земени пред вид! Ни требаат уште многу вакви вистински приказни од животот земени. Ве замолуваме да не се срамите и да не се плашите - немате што да изгубите - со вашата искреност и добра намера можете многу животи да спасите и многумина да освестите. Доколку сакате со нас да ја споделите вашата приказна, ве замолуваме да ни се обратите на нашиот e-mail: 420macedonia@gmail.com или во инбокс на нашата FB фан страница за со вас да направиме кратко интервју! :)

Прочитајте ја целата сторија!