Showing posts with label промена. Show all posts
Showing posts with label промена. Show all posts

Thursday, February 21, 2019

Семинар за канабис во Словенија: „Конопот кај случаи на болести: Науката против предрасудите и злоупотребата“

Почитувани соборци! Ве покануваме да бидете дел од еден прекрасен едукативен семинар за канабисот што ќе се одржи во Словенија на 6-ти март со почеток во 14:00 часот!


Словонечкиот Национален институт за биологија Ве поканува да присуствувате на семинарот насловен: „КОНОПОТ КАЈ СЛУЧАИ НА БОЛЕСТИ: НАУКАТА ПРОТИВ ПРЕДРАСУДИТЕ И ЗЛОУПОТРЕБАТА“ (»KONOPLJA IN RAKAVE BOLEZNI: ZNANOST PROTI PREDSODKOM IN ZLORABI«). На овој научен настан своите излагања на темата ќе ги презентираат следниве експерти: проф. д-р Тамара Лах Туршек (Tamara Lah Turnšek) - Национален институт за биологија и доц. д-р Тања Багар (Tanja Bagar) ICANNA - Меѓународен институт за канабиноиди.

Семинарот ќе се одржи во среда, 6 март 2019 година, со почеток во 14:00 часот во Биолошкиот центар во предавална Б1, ул. Вечна патека 111 (Večna pot 111), во Љубљана. Предавањето ќе се одржи на словенечки јазик. Настанот е од отворен карактер и вашето присуство е добредојдено во што е можно поголем број!

Дополнителни информации за овој настан: tamara.lah@nib.si


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Tomaz Koren

Tuesday, May 1, 2018

Зимбабве ќе издаде лиценци за канабис одгледувачи

Зимбабве вели дека ќе издава лиценци за одгледувачите на канабис. До сега, незаконски беше таму да се расте, да се поседува или да се користи канабис, со прекршочни и кривични казни со кои се соочуваа корисниците, па дури и до 12 годишни затворски казни


Вести од Хараре, главниот град на Зимбабве. Жителите на Зимбабве сега можат да аплицираат за лиценци за одгледување канабис за медицински и истражувачки цели, објави Владата во законско известување, со што јужноафриканската нација стана втора земја во Африка која го легализира одгледувањето на лековитото растение. Јужноафриканската држава Лесото минатата година ја објави првата лиценца во континентот за законско растење канабис.

Министерот за здравство, Дејвид Парирењатва (David Parirenyatwa), објави нови регулативи, видени од Ројтерс во саботата, дозволувајќи им на поединците и компаниите да добијат дозвола за одгледување на марихуана, позната локално како „mbanje“. Петгодишните дозволи за обновливи извори ќе им овозможат на одгледувачите да поседуваат, транспортираат и продаваат свеж и исушен канабис, како и масло од канабис. Апликациите треба да ги вклучуваат плановите за местото за одгледување, количината што треба да се произведува и продава и периодот на производство.


Лиценцата може да се одбие кога информациите се добиени од „мировен офицер“, надлежен орган на Обединетите нации, дека апликантот бил вклучен во пренасочувањето на контролирана супстанца или прекурсор на нелегален пазар или употреба - се вели во регулативата. „Министерот не може да се обврзе дали издавањето, обновувањето или измената на лиценцата може да создаде ризик за јавното здравје, безбедноста или заштитата“. Лиценците се одличен понатамошен чекор и за кај нас, зашто само фирмите да имаат право да одгледуваат легално? Секој граѓанин треба да го има тоа право. Воведете даноци, наместо казни!


Новинар и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: EyeWitness News

Sunday, February 4, 2018

Како да ѝ се спротиставите на стигмата против употребата на канабисот?

Поради многубројните позитивни ефекти кои ги нуди, конзумацијата на канабисот е значително зголемена насекаде низ светот. Но и покрај големите придобивки од него, сè уште постои стигмата поврзана со ова растение

Пациентите не се наркомани!!!
Како да се намали стигмата поврзана со конзумирањето на канабисот?

Според извештјот на Глобалната комисија за политики за дроги (The Global Commission on Drug Policy), еден од најголемите начини за да се намали стигмата околу тревата, употребата на трева и сите лекови на база на канабис, е да се спречи употребата на нечувствителниот јазик. Негативните епитети како „наркомани“, „џанкери“ и сл. треба да се извадат од употреба, ако сакаме вистинска и брза промена. Со намалувањето на употребата на „уличниот“ јазик, како и „уличните“ изрази кои изразуваат бесчувствителност, недостаток на емпатија и едноставно можат да повредат нечии чувства. 

Извештајот на Велика Бријанија, предводен од поранешниот водач на Либерал-демократите, Ник Крег (Nick Cregg), бара укинување на ваквиот јазик. Стигмата поврзата со “мрзеливоста” и  “глупавоста” на корисниците на канабис дополнително го влошува угледот на ова растение. „Јавното мислење и медиумите ја зголемуваат стигмата за употребата на канабисот и ги етикетираат корисниците  како инфериорни и со морални недостатоци“ - се вели во извештајот. Стигмата поврзана со канабисот се проширува и поради самиот факт што оваа билка е сè уште нелегална и демонизирана.  

Изјава од авторот
Таквата стигма и дискриминација, во комбинација со криминализацијата на употребата на дрогите, се директно поврзани со кршењето на човековите права на луѓето кои користат дроги“ - заклучува студијата. Затоа, за да го промениме начинот на кој корисниците на дрога се третирани, треба да ја промениме нашата перцепција и начинот на кој се изразуваме. Извештајот, исто така, наведува дека магнетизмот на психоактивните супстанции се својствени особини кај луѓето. Во поширока смисла, употребата е неизбежна.

Стигмата околу канабисот , сепак, се покажа дека е поголема отколку околу било која дрога. Неговата долготрајна лоша репутација ги попречува медицинските истражувања. Оваа стигма ги претвори добрите луѓе во криминалци. И како резултат на тоа, предизвикува непотребни жртви. Време е еднаш  и засекогаш да се скрши стигмата против конзумирањето на канабисот, чекор по чекор. 

Автор: Ангела Т.
Извор: HIGH TIMES