Sunday, February 4, 2018

Како да ѝ се спротиставите на стигмата против употребата на канабисот?

Поради многубројните позитивни ефекти кои ги нуди, конзумацијата на канабисот е значително зголемена насекаде низ светот. Но и покрај големите придобивки од него, сè уште постои стигмата поврзана со ова растение

Пациентите не се наркомани!!!
Како да се намали стигмата поврзана со конзумирањето на канабисот?

Според извештјот на Глобалната комисија за политики за дроги (The Global Commission on Drug Policy), еден од најголемите начини за да се намали стигмата околу тревата, употребата на трева и сите лекови на база на канабис, е да се спречи употребата на нечувствителниот јазик. Негативните епитети како „наркомани“, „џанкери“ и сл. треба да се извадат од употреба, ако сакаме вистинска и брза промена. Со намалувањето на употребата на „уличниот“ јазик, како и „уличните“ изрази кои изразуваат бесчувствителност, недостаток на емпатија и едноставно можат да повредат нечии чувства. 

Извештајот на Велика Бријанија, предводен од поранешниот водач на Либерал-демократите, Ник Крег (Nick Cregg), бара укинување на ваквиот јазик. Стигмата поврзата со “мрзеливоста” и  “глупавоста” на корисниците на канабис дополнително го влошува угледот на ова растение. „Јавното мислење и медиумите ја зголемуваат стигмата за употребата на канабисот и ги етикетираат корисниците  како инфериорни и со морални недостатоци“ - се вели во извештајот. Стигмата поврзана со канабисот се проширува и поради самиот факт што оваа билка е сè уште нелегална и демонизирана.  

Изјава од авторот
Таквата стигма и дискриминација, во комбинација со криминализацијата на употребата на дрогите, се директно поврзани со кршењето на човековите права на луѓето кои користат дроги“ - заклучува студијата. Затоа, за да го промениме начинот на кој корисниците на дрога се третирани, треба да ја промениме нашата перцепција и начинот на кој се изразуваме. Извештајот, исто така, наведува дека магнетизмот на психоактивните супстанции се својствени особини кај луѓето. Во поширока смисла, употребата е неизбежна.

Стигмата околу канабисот , сепак, се покажа дека е поголема отколку околу било која дрога. Неговата долготрајна лоша репутација ги попречува медицинските истражувања. Оваа стигма ги претвори добрите луѓе во криминалци. И како резултат на тоа, предизвикува непотребни жртви. Време е еднаш  и засекогаш да се скрши стигмата против конзумирањето на канабисот, чекор по чекор. 

Автор: Ангела Т.
Извор: HIGH TIMES

No comments:

Post a Comment