Thursday, May 28, 2015

Легализацијата на Канабисот претставува закана за фармацевстската мафија

Легализацијата на Канабисот ширум светот завзема се` поголем замав. Неодамна во Јамајка официјално беше засадено првото легално канабисово стебло, а се` повеќе индустрии започнуваат да произведуваат еколошки и природни градежни и изолациони материјали од коноп, како што е на пример хемпкритот. Легализацијата на Канабисот претставува закана за многу индустрии, бидејќи од коноп и канабис може да се произведува речиси сè! Една од тие индустрии е фармацевтската

Речиси безбројните научни истражувања на ова растение спроведувани низ минатото, само ја потврдуваат неговата лековита моќ дека лекува и превенира безброј заболувања, како разни типови на епилепсија, разни типови на рак, болки итн... Буквално не постои медицинска состојба што не може да биде третирана со Канабис и канабисовите деривати, а пред се` со канабисовото масло направено од цветовите на ова растение. Токму овој факт придонесе ова растение да биде забрането и масовно да се рашират лажни негативни информации за истото, за луѓето да се плашат од неговата употреба. Во Америка постојат неколку големи групи кои работат заедно во позадина за да го спречат медицинскиот канабис од користење за лекување на заболувањата, според Health Impact News. Фармацевтските компании се вмешале во забраната во 1930тите и работеле заедно со властите.


Како што побарувачката на лекови базирани на Марихуана се зголемувала, фармацевтските фирми се обидувале да произведуваат сигурни лекови од коноп со постојана моќност за успешно лекување на пациентите. Порано во фармацевтскиот маркетинг поважно било корисниците да бидат задоволни, т.е. излечени. Но, како што започнува да се модернизира светот алчноста и продажбата на лаги со цел да се оствари што е можно поголем профит - завземаат круцијално место. Се` до 1930тите најмалку две американски компании за производство на лекови „Parke Davis“ и „Eli Lily“ продавале стандардизирани екстракти од Марихуана за употреба како аналгетици, седативи и против грчеви. Друг производител „Grimault & Company“ произведувал и продавал цигари од марихуана како лек против астма.


Доколку го разгледаме економскиот процес и фактот што фармацевтските компании традиционално прават скоро се` за да го максимизираат профитот, може да согледаме дека постои животен циклус на многу лекови коишто тие ги произведуваат. Тие ќе произведуваат лек се` додека патентот тоа им го овозможува, а потоа ќе воведат заменски лек, најчесто по повисока цена и со најчесто помала ефикасност и ефективност од првичниот лек. 


Научниците поттикнати од Американската Влада вршеле истражувања врз Канабисот, а Канабисот на широко бил користен во медицинската индустрија и во останатите индустрии се` до крајот на 1936 година. Тоа е годината во која американската власт поради бројните научни студии, кои само ги потврдувале здравствените придобивки на ова растение, решила истото да се забрани. Американската Влада во тоа време започнува да ги користи и масовните медиуми и филмот како алатка за ширење на масовна антипропаганда против оваа билка, која од 1936 па се` до ден денес се смета како лесна опојна дрога. Оваа антипропаганда имала цел луѓето да започнат да се плашат од ова растение, како од законските санкции, така и од јавното мислење дека корисниците на Канабис се наркомани. Значи се` до почетокот на 1937 година сите 48 американски држави донесоа закони за регулирање на Марихуаната. Падот на употребата на Канабисот во фармацијата беше засенет со развојот на производството на други хемиски лекови како: аспирин, морфиум, но и други лекови деривати на опиумот и сл. Сите овие лекови придонеле успешно да се истисне и замени Марихуаната во лекувањето на болките и останатите бројни медицински нарушувања.


По 79 години поминати под закрила на забраната за употреба, одгледување и тн. на ова растение, луѓето полека се будат и ги сфаќаат бројните и смртоносни штетни последици врз здравјето предизвикани од новата генерација на субституирани хемиски соединенија, т.е. хемиски лекови препишувани од страна на нивните лекари од кои може да се предозира или да се стане зависен. Ваквите лекови не можат да те излечат, туку само те одржуваат во полуздрава состојба за да мораш подолго да ги користиш, едноставно кажано подолго да ги купуваш, а фактот што те прават зависен се поклопува со фактот што нивните производители сакаат да ги користиш (купуваш) што е можно подолго. Тие само ги намалуваат симптомите, а не го решеваат коренот на проблемот. Луѓето исто така, по толку години лека-полека сфаќаат дека живееле во лаги и ја сфаќаат вистината за Канабисот, дека е едно од најмоќните лековити растенија на оваа планета и дека не постои природен лек што е помалку токсичен од ова растение.


Како што може да се согледа од бројните историски докази, во минатото се произведувале природни екстракти, кои навистина биле природни, се` додека фармацевстската индустрија не сватила дека тоа не е исплатливо за неа, дека на овој начин нема профит, доколку луѓето се здрави.


И денес се произведуваат лекови и суплементи на природна база, меѓутоа и покрај тоа што во составот пишува дека производот е природен, т.е. на природна база, најчесто само 10% од составот претставува природен екстракт, а останатите 90% се хемиски соединенија создадени во лабораториски епрувети, а овој процентуален сооднос не го пишува на ниту еден производ!
Некои производители исто така, за да остварат профит започнуваат да произведуваат одередени видови на легални екстракти од канабис, како што се екстрактите со Канабидиол: Епидиолекс, Маринол или Сативекс, најчесто користени за третирање на епилепсија. Сепак, за нив легализацијата на ова растение претставува закана за нивниот профит, односно доколку целото растение се легализира како лек, нивните производи нема никој да ги купува, поради тоа што само целото растение има природна соодветна комбинација на канабиноиди и останати состојки, што само заедно можат ефикасно и побрзо да се справат со одредени болести


Денес исто како пред 1936 година, повторно масовно започнуваат да се спроведуваат научни истражувања врз ова растение но, сега за разлика од минатото кога цел на истражувањата била да се докаже медицинската корист од ова растение, денес истражувањата се спроведуваат со цел да се поткрепи забраната и да се докажат негативните страни на Канабисот, кои за среќа (или за жал) не постојат. Затоа многу од истражувањата се прекинуваат на половина или воопшто не се објавуваат резултатите од нив, а научниците велат дека им се потребни повеќе докази, бидејќи досегашните се неуверливи. Но, како може да бидат неуверливи доказите од луѓе кои од терминална фаза на рак се спасиле од смртна постела?


Уште колку истражувања ќе бидат потребни? Уште колку едукативни документарни филмови, емисии, книги и списанија како National Geographic ќе треба да бидат посветени на ова растение? Веќе сме ја истражиле речиси цела вселена и растенијата на другите планети околу нас, а се` уште не можеме да истражиме едно обично лековито растение, кое постои од секогаш на Земјата. Пациентите треба да имаат право на избор на кој начин ќе се лекуваат и самите треба да бидат во состојба да одлучуваат за својот живот и за своето здравје, а не некои големи компании заедно со Владите да одлучуваат за нашите животи! Очигледно се` уште живееме во робовладетелско управување под закрила на лажна демократија... Сепак, светот е во наши раце и само доколку непрестајно продолжиме да зборуваме за табу темата „Канабис“ и продолжиме активно и пасивно да вршиме притисок низ социјалните мрежи, телевизии, печатени медиуми итн. и престанеме да се плашиме да гласно да зборуваме - порано или подоцна ќе успееме да го вратиме овој лек на позитивната листа. Се` уште правото на глас не може никој да ни го оспори и забрани!


No comments:

Post a Comment