Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Прегледот на историјата на медицинската употреба на канабис дава некои перспективи на она што го правиме со него денес и начинот на кој го правиме тоа. Медицинскиот канабис во никој случај не е нова работа за човечките суштества. Канабисот најверојатно бил еден од најпрвите билни лекови и има бројни докази дека се користел уште од антиката
Всушност, сите употреби што ги наоѓаме за медицински канабис во современото општество имаат многу голема врска со античките употреби, уште откако нашите предци ја откриле моќта на растението коноп пред илјадници години. Овој краток преглед на медицинската употреба на канабисот сугерира дека канабисот се користел на многу слични начини како денес и за лекување на многу слични и исти здравствени состојби со кои се соочуваме денес. Ова се само 10 од многуте древни употреби за медицинскиот канабис:
1.Анестетик
Едно од првите медицински користења на канабисот беше како анестетик. Кинезите, уште пред 140 години, биле првите луѓе што го користеле поради неговите анестетички својства. Го дробеле во прав, го мешале со вино и го администрирале пред операција.
Античките Грци користеле канабис за лекување на рани кај себе и своите коњи, настанати за време на нивните битки и патувања. Тие или ги втривале сувите канабис лисја или правеле мелеми кои ги нанесувале на раната за побрзо и подобро заздравување.
Користењето канабис за лекување на епилепсија стана попопуларно во последно време. Всушност, родителите се борат за правата да ги третираат своите епилептични деца со канабис. Но, ова е всушност антички анти-епилептичен лек којшто го користеле дури и древните Арапи. Тоа беше исто така популарен начин за лекување на епилепсија во средновековниот исламски свет.
7.Воспаление
Античките Грци, исто така, користеле канабис за лекување воспаленија: внатрешни и надворешни. За воспаление на кожата, тие го зацврстувале семето во топла вода или вино. Подоцна, тие земале топол, потентен екстракт и го применувале на воспалените области, особено во ушите.
8.Губење коса
Добро, ова е веројатно една од неочекуваните древни употреби на медицинскиот канабис, која произлегува од Кинезите. Канабисот некогаш играл огромна улога во кинеската медицина и всушност, скоро секој дел од растението бил користен за некој вид на медицина. Маслото од растението канабис се користело за лекување на косата која паѓала.
9.Труење
Кинезите, исто така, користеле канабис во кинеската медицина за лекување на широк спектар на труења. Медицинскиот канабис бил употребуван за лекување на вермилион труење, труење со сулфур, убоди од скорпија и многуте други начини на кои едно лице може да се затруе.
Науката во трка да ги отклучи тајните на канабисот. Прекините на студиите даваат ограничено разбирање на терапевтските механизми на марихуаната, но политичкиот притисок и промената во истражувањето нудат имаат светла иднина. Користејќи канабис обезбеден од страна на федералната влада и протокол одобрен од страна на американската администрација за храна и лекови, тие го водат првото рандомизирано контролно испитување за ефикасноста на марихуаната за ПТСН
Елвис Алонзо (Elvis Alonzo) почна да пуши канабис како последно средство. Три години како офицер на Маринскиот корпус и 13 години во полицискиот оддел во Грендел во Аризона, каде што бил изложен на убиства, самоубиства и луѓе што умираат во раце, го оставија емоционално осакатен. Кон крајот на неговата полициска служба, лекарите му дијагностицирале посттрауматско стресно нарушување и му пропишале разни лекови за да ги ублажат неговите кошмари. „Лековите ме претворија во зомби“ - вели тој. „Бев омалаксан, се чувствував немоќно од тоа што дури не можев ни да возам, така што тие (полицискиот оддел) мораа да ме пензионираат“ - додава тој. Алонзо престана да се тушира. Неговата сопруга го остави и речиси ја изгуби својата куќа. Тогаш еден пријател му предложи да проба марихуана за да ги ублажи симптомите. „Тоа беше Божји дар“ - вели тој. „Тоа направи да изчезне мојата анксиозност, и можам да спијам фантастично најмалку четири часа. Треба да се изучува“ - додава.
Илјадници воени ветерани го потврдуваат тврдењето на Алонзо со години. Тие ги притискаа федералните и државните законодавци да го легализираат лекот канабис за да го олеснат истражувањето на очигледните терапевтски својства на растението, тврдејќи дека тоа може да помогне да се намалат стапките на самоубиство кај поранешните војници. Поддржани од огромната јавна поддршка за поширока легализација, нивните барања почнуваат да се појавуваат во државните куќи низ целата земја. Минатиот ноември, гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо (Andrew Cuomo) избра на Денот на ветераните да го направи ПТСН квалификуван услов за строго контролираната медицинска марихуана во државата. Њујорк се приклучи како и седумте други држави оваа година - 27 во целост - кои вклучуваат ПТСН во нивните листи на услови кои го квалификуваат пациентот за медицински канабис.
Но, некои истражувачи на канабис - иако ја признаваат итноста да најдат подобри третмани за ПТСН - остануваат скептични за легализирање премногу брзо и предупредуваат дека фармаколошките својства на марихуаната остануваат во голема мера непознати, што е чиста лага. Сепак, научниците веќе долго време се фокусираат на две соединенија од растението повеќе од другите 120 активни соединенија, како можни третмани за симптомите на ПТСН. Тие го гледаат тетрахидроканабинолот или ТХЦ, кој е главната психоактивна состојка на растението и канабидиолот или ЦБД, кој не е опоен и предизвикува интерес за можни медицински апликации, како лек против болки и контраефект на ТХЦ.
Од двете соединенија, ТХЦ е малку подобро разбрана, затоа што подолго е истражувана. Се врзува за специфични ендоканабиноини рецептори на мозочните клетки кои помагаат во регулирањето на расположението, спиењето и перцепцијата на болка. Научниците, исто така, веруваат дека тоа е во интеракција со рецепторите во емоционалните центри на мозокот - амигдалата и хипокампусот - за да се намали анксиозноста, што може да помогне да се објасни реакцијата на Алонзо на канабисот. ТХЦ истражувањето кое вклучува ПТСН, иако е мало, покажа одредено ветување. Клиничкото испитување во Канада во 2009 година покажа дека ТХЦ ја намалува фреквенцијата и интензитетот на кошмарите кај 72 проценти од 47 испитани пациенти.
Истражувањата во CBD остануваат недопроучени. Се чини дека со ЦБД ефикасно се третираат некои форми на епилепсија, но научниците не знаат зошто? Тие имаат подобро чувство за тоа како може да се ослободат од анксиозноста некои корисници со таргетирање и зголемување на сигналот на 5-HT1A серотонински рецептори на мозочните клетки. Серотонинот е невротрансмитер кој помага во регулирањето на расположението и е поврзан со чувството на благосостојба. CBD е моќен анти-инфламатор и антиоксиданс, исто така ја зголемува гама-аминобутерната киселина или GABA, инхибиторен невротрансмитер кој создава смирувачки ефект кога се засилува. Но, резултатите од студиите сè уште се во голема мера несоодветни, обележани со мали димензии на примероци, тесни методолошки контроли и контрадикторни наоди. Иако 29 држави го легализираат медицинскиот или рекреативниот канабис од 1996 година, федералната влада продолжува официјално да го забранува лекот и има направено малку за да го олесни истражувањето на целокупниот медицински потенцијал.
И покрај ограниченото истражување, многу научници неодамна го пренасочуваат фокусот од ТХЦ во ЦБД - вели Марсел Бон-Милер (Marcel Bonn-Miller), професор по психологија и психијатрија на Универзитетот во Пенсилванија. „Мислам на ЦБД како пушка. Таа покаѓа толку многу рецептори. Луѓето сè уште се обидуваат да го разберат тоа“ - објаснува Бон-Милер. „Ако сакате да лекувате ПТСР, најголем дел од доказите упатуваат кон ЦБД. Но, повеќето луѓе со ПТСР гравитираат кон [марихуана] производи со високи нивоа на ТХЦ, кои можат да помогнат на краток рок...“ - додава тој
Бон-Милер и психијатарот Сју Сислеј (Sue Sisley), поранешен професор на колеџот за медицина на Универзитетот во Аризона, се обидуваат да ги решат овие прашања. Користејќи канабис обезбеден од страна на федералната влада и протокол одобрен од страна на американската администрација за храна и лекови, тие го водат првото рандомизирано контролно испитување за ефикасноста на марихуаната за ПТСН. Студијата, финансирана со грант од 2,2 милиони долари од Одделот за јавно здравство и животна средина во Колорадо, испитува четири различни видови на канабис на воените ветерани подложени на третманот: високо-THC серија, високо-ЦБД серија, мешавина со еднакви концентрации на ТХЦ и КБР и плацебо контролна група. Сислеј забележува дека клучен белег на ПТСР е несоницата, која обично е проследена со кошмари - и дека ако канабисот може да им помогне на ветераните да иницираат спиење и да заспијат, тоа е победа сама по себе. „Додека не ги неутрализираме и анализираме сите податоци, не можеме да направиме никакви заклучоци“ - вели Сислеј, осврнувајќи се на студијата во Аризона. „Но, можам да ви кажам дека имавме скоро 30 ветерани кои го завршија протоколот од 10 недели и студијата напредува добро“ - заклучува тој.
Бон-Милер исто така е главен истражувач во една опсервациона студија на 150 пациенти со ПТСН во Денвер, Колорадо, финансирана од Универзитетот во Пенсилванија. Половина од испитаниците ќе користат канабис добиен од амбуланта, а половина од нив нема да консумираат канабис. Бон-Милер ги следи симптомите на учесниците во текот на една година - со проценки на три, шест, девет и 12 месеци - додека научно го тестира канабисот што го користат корисниците, за да утврди дали постојат одредени канабиноидни концентрации кои се покорисни од други за намалување на симптомите на ПТСН. Единствениот критериум е учесниците да се снабдуваат со канабис од локалните диспанзери, така што истражувачите лесно можат да го тестираат. Тој ги испитува промените во употребата на канабисот заради ПТСД. „Рано е. Ние навистина не ги разбираме механизмите на дејствување многу добро во овој момент“ - објаснува Бон-Милер за фармакологијата на марихуаната, пред да се нагласи она што го гледа како медицински потенцијал на растението: „Нешто што може да ги намали нападите, да ја подобри анксиозноста и да го намали воспалението“ - нагласува тој.
Македонските лекари постојано треба да се едуцираат за канабисот, нашата земји да ги испраќа во странство на обуки каде што марихуаната веќе одамна е легализирана/декриминализирана, наместо да си продолжуваат да работат во заблуди и да се едуцираат од нас активистите и новинарите. Медицинското друштво во Масачусетс обезбедува континуирана медицинска едукација за здравствените работници ширум светот и се смета за орган за медицинско образование и неодамна објави дека ќе понуди курс за користењето на канабисот за различни медицински цели
Друштвото користи наставна програма развиена од The Answer Page, веќе добро познат снабдувач на медицинско образование. Поголемиот дел од ваквите програми за медицинската марихуана од страна на државата, строго ја контролираат употребата, производството и дистрибуцијата на канабисот и медицинските производи кои содржат канабис, што е добро поради тоа што се воведуваат одредени стандарди, но сепак има низа недостатоци. Поради премногу брзиот развој на индустријата за медицинската марихуана, лекарите и останатите здравствени работници може да се соочат со потешкотии во тоа да останат во тек со потенцијалните употреби и придобивки на производите од марихуана.
Објаснување како марихуаната може да помогне за медицинските состојби
И лекарите-противници треба да го разбираат канабисот!
Сеопфатната програма за канабис дава вовед во канабиноидите и нивните реакции во ендоканабиноидниот систем. Оваа информација дава основа за тоа како медицинската марихуана работи во мозокот и може да се користи за менување на дисфункциите кои во крајна линија произлегуваат од активноста на мозокот. Ендоканабиноидниот систем е дел од мозокот и централниот нервен систем кој го регулира апетитот, расположението и меморијата. Тука се случуваат примарните ефекти од медицинската марихуана.
Со тоа што ја менува рамнотежата на некои хемикалии кои природно се појавуваат во ендокриниот систем, канабисот може да се користи за:
* Намалување на нападите;
* Отстранување на болките;
* Олеснување при гадење.
Исто така, ги намалува симптомите на разни онеспособувачки состојби кои досега не можеле да се третираат.
Едуцирајте се за ЕНДОКАНАБИНОИДЕН СИСТЕМ!
Програмата на Масачусетс има за цел научно докажаните информации да им ги прикаже на лекарите и останатите здравствени работници, кои се консултираат со своите пациенти во врска со медицинската марихуана. Многу лекари ја поздравуваат можноста да го истражат третманот со канабис за нивните пациенти кои страдаат од симптоми кои не се контролираат со останатите третмани кои им се веќе достапни. Курсот од 16 чекори за медицинската марихуана ги опфаќа физичките и психолошките ефекти на марихуаната врз телото. Онлајн програмата исто така ги едуцира лекарите за историјата на канабисот и им дава насоки за тоа кога треба да се препорача третман со медицинска марихуана.
Сеопфатниот наставен план за канабисот (Comprehensive Cannabis Curriculum) е поставен онлајн во 16 модули. Секој модул обезбедува континуирана медицинска едукација која може да се применува на различни теми за истражување. Здравствени работници кои можат да научат многу од овој курс се:
* Лекарите;
* Лекарските асистенти;
* Фармацевтите.
Сите здравствени работници кои лекуваат пациенти можат да имаат придобивки од сеопфатниот наставен план за канабисот. Државата Масачусетс неодамна ја легализираше рекреативната употреба на марихуаната. Дури и лекарите кои не ја препорачуваат медицинската марихуана треба да имаат поголемо разбирање за нејзините ефекти врз човечкото тело.Доколку имате пациенти кои самите се лекуваат на овој начин, треба да го истражите лекот кој тие го избрале.
Придобивки на лекарите од познавањето на медицинската марихуана
Биди добар доктор! Биди секогаш во тек! ;)
Една од најголемите придобивки од овој курс е тоа што докторите ќе бидат постојано во тек со најновите и најточни информации за тоа како делува канабисот. Многу информации кои сега се достапни за употребата на канабисот за медицински цели се обезбедени од страна на производителите или дистрибутерите кои имаат финансиски интерес да ги убедат лекарите да го препорачуваат на своите пациенти. Информациите имаат за цел да им помогнат на лекарите во лекувањето на своите пациенти. Производите од медицински канабис претставуваат нова алатка за лекарите да обезбедат повеќе опции за третирање не само на сериозни медицински состојби.
Марихуаната служи и како лек за хроничните болести, но може да се користи и за да се намали страдањето и да се подобри квалитетот на животот на пациентот. Истражувањата на канабисот се делумно возможни, поради нецелосното разбирање на науката за мозокот, а исто така поради законската регулатива... Учењето повеќе за тоа како работат канабиноидите може да им помогне на лекарите во целокупното разбирање на хроничните болести кои предизвикуваат напади, грчеви и болки. Канабисот не може да наштети, па затоа почитувани лекари секогаш вреди да се обидете своите пациенти да ги лекувате на природен начин и да му дадете шанса на канабисот од алтернативен да стане примарен лек!
Подобар начин за справување со болката
Освести се!
Справувањето со болките е нешто што лекарите „се борат“ да го обезбедат за своите пациенти. Подоброто разбирање за тоа како болката се перцепира и може да биде блокирана од мозокот, им помага на лекарите да внесат надеж кај пациентите кои страдаат од хронични болести. Нападите честопати ги оставаат лекарите немоќни за ефикасно лекување на пациентите. Дознавањето повеќе за потенцијалната употреба на канабисот за лекување на нападите е нова алатка за користење во борбата против нападите. Третманите за повреди на мозокот, вклучувајќи ги и акутните и долготрајните симптоми, може да се подобрат со дознавањето за тоа како канабиноидите можат да помогнат во процесот на лекувањето, а искуството потврдува дека можат само да помогнат - канабиноидите не можат да наштетат.
Биди промената што сакаш да ја видиш!!!
Сеопфатниот наставен план ќе им овозможи на лекарите да им помогнат на своите пациенти и да ги задоволат барањата за континуирано медицинско образование. Медицинската употреба на канабисот и неговите разновидни екстракти датираат уште од многу одамна. Современата медицинска употреба на канабисот од неодамна со незапирливо темпо се развива преку државни закони кои го прават канабисот достапен само за лицата со одредени здравствени проблеми. Но, што со пациентите кои имаат потреба од канабис, а не боледуваат од сериозни дијагнози?
Многу од канабиноидите, кои се активни состојки пронајдени во канабисот се одамна откриени. Нивните специфични употреби како и придобивките, сè уште се изучуваат и документираат и за жал на фармафијата којашто го кочи овој процес - сè уште НЕМА НИТУ ЕДЕН РЕГИСТРИРАН СЛУЧАЈ НА СМРТ ОД ТРЕВА, ниту пак некакво нарушување на здравјето... Ова е првата работа што треба да ја знаат лекарите - КАНАБИСОТ ВООПШТО НЕ Е ТОКСИЧЕН!
На крајот од канабис-терапијата, повеќето од луѓето продолжуваат да го користат маслото, но со многу смалена доза. Околу 1-2 грама месечно би биле одлична количина за одржување на резултатот, само капка или две навечер пред спиење е се` што генерално е потребно за да се одржи добро здравје. Станува збор за maintenance dose at the end of the treatment - доза за одржување канабисово масло на крајот од лекувањето
Сами направете си го лекот!
„Често ме прашуваат дали ова масло мора да биде земано со храна, но од моето искуство, се чини дека разликата е мала, па јас го оставам тоа на пациентот сам да одлучи. Јас чувствувам дека постои мала потреба кај повеќето случаи за некој да се предозира со маслото, освен ако тие всушност имаат состојби опасни по живот, како што е 4-та фаза на рак, којашто го става нивниот живот во опасност и тие сакаат болеста да ја стават побрзо под контрола. Дури и во некои случаи како овој, обично не е потребно да се предозира со маслото, но доколку некој одлучи така, тогаш јас немам навистина никаков проблем кога тие земаат одвишок на масло“ - вели Рик. Бидејќи во реалноста, за разлика од многу фармацевтски лекови со кои не` снабдуваат нашите медицински системи, предозирањето со канабисово масло навистина никому не му прави никаква штета, а во никој случај не може да доведе до смрт.
Главниот спореден ефект од овој лек е сонот и одморот, што игра многу важна улога во процесот на лекувањето. Вообичаено, по еден час од земање на дозата, маслото ви кажува да легнете и да се одморите. Не обидувајте се да се борите со седативниот ефект на маслото, само легнете во удобна позиција, потоа овозможете му на маслото да ви го даде одморот и релаксацијата што ви е потребна за да се излечите брзо и правилно. Ефектите од маслото може да предизвикаат блага расеаност и често пацинетите се малку несигурни на своите нозе, кога започнуваат да го користат овој природен лек. Но, откако пациентот ќе ја изгради толеранцијата, овие ефекти брзо исчезнуваат. Обично во рок од 3 до 4 недели, заморот во текот на денот поврзан со овој начин на лекување, со текот на времето исчезнува, но пациентот продолжува да спие квалитетно и цврсто во текот на ноќта.
„Јас исто така сугерирам пациентите да не управуваат со своите автомобили, се` додека не се навикнат на своето масло, по што тие тогаш се во можност повторно да возат безбедно. Откако еднаш се навикнеш на ефектите од маслото, тоа не ја нарушува вашата способност да управувате на никој начин, затоа што за разлика од алкохолот и многуте конвенционални лекови, маслото не ги нарушува моторните способности“ - заклучува Рик Симпсон.
Со мало оправдано задоцнување, ставот на здружението Зелена Алтернатива, искажано од страна на членот Давор Ангеловски за обуката на докторите која се одржа пред две недели е следен:
„Од 14-16 Септември оваа година се одржа стручната обука на македонските доктори на полето на медицинската употреба на канабисот, која беше дел и од симпозиумот за вториот роденден на МАЛМЕД (Македонска агенција за лекови и медицински средства). Оваа едукација беше организирана преку официјална соработка на Граѓанското здружение „Зелена Алтернатива“, МАЛМЕД и Министерството за здравство. Целта на оваа едукација беше запознавање на македонската медицинска стручна фела за примената на канабисот во медицината, индикациските подрачја, начинот на дозирање и лекување, како и најновите сознанија за користењето на канабисот во лекувањето на болести и состојби кои се` уште не се опфатени со нашиот закон.
Едукацијата на македонските доктори ја вршеа еминентни доктори од САД, Канада, Шпанија и други држави кои имаат лично клиничко искуство во третирањето на пациентите со канабис. Исто така, беа присутни и доктори и научници кои имаат учествувано и во клинички студии и креирање на продукти од канабис. Програмата дизајнирана од „Зелена Алтернатива“ беше замислена така што нашите доктори ги добијат најновите научни факти за тоа каде и на кој начин канабисот делува и помага, но да добијат и директно знаење создадено од лично искуство на доктори кои препишуваат канабис во секојдневната работа.
Како и на секој ваков голем настан, на почетокот бевме соочени со мали проблеми во организацијата кои беа решени уште првиот ден, на задоволство на сите, но сметаме дека при организирање на настан од ваков тип и големина, тоа и не е нешто непознато. За посетеноста на настанот, мора да се нагласи дека сме задоволни, бидејќи бројка од нешто повеќе од 450 доктори и медицински професионалци е одлична за настан од едукативна природа. Драго ни е што за разлика од некои слични настани, присутните навистина следеа со внимание, запишуваа белешки, фотографираа слајдови и се трудеа максимално да го искористат овој настан за да се здобијат со поголемо знаење на оваа тема.
Предавањата беа осмислени така што се опфати една целосна слика за користењето на канабисот во медицината, од основите до директни примери од клиничката пракса. Па така, Д-р Етан Русо (Ethan Russo) од САД, кој е невролог и истражувач во психофармакологија и кој има учествувано како доктор во клиничките студии за истражување и пуштање во промет на лекот од канабис наречен Sativex, убаво ги објасни основите на користењето на канабисот во медицината низ историјата, како и краток осврт на самата билка низ историјата и нејзините биоморфолошки карактеристики. Тој од своето искуство со нас го сподели своето знаење за разните препарати кои може да се користат од канабис, односно разните форми на внес, важноста за нивната точна примена како и можните несакани дејствија и интеракции помеѓу одредени лекови за кои нагласи дека се ретки и доколку канабисот правилно се употребува, лесни се за избегнување.
Основите на ендоканабиноидниот систем ги претстави Д-р Хозе Карлос Боусо од Шпанија, кој е директор на научни проекти при ИЦЕЕРС (Интернационален центар за етноботанички истражувања). Во своето предавање тој го објасни функционирањето на ендоканабиноидниот систем и зошто тој претставува систем од огромно значење за човековото здравје и нешто што дополнително треба да се истражува наредните децении. Како регулатор на другите системи неговата важност е огромна и преку делувањето на истиот, може директно да се делува на многу болести и состојби за кои современата медицина нема соодветно решение, без штетни последици и нус појави, посочи Д-р Боусо. Освен на оваа тема, Д-р Боусо зборуваше и за фармаколошките својства на канабисот, како и негово користење за разни психијатриски состојби и лекување на болести на зависности.
Мошне интересно предавање проследено со доста внимание и аплауз, беше она на Д-р Џек МекКју, професор на медицинскиот универзитет Емеритус во Сан Франциско, Калифорнија. Освен што предава на овој универзитет тој има повеќе од 30 годишно искуство како доктор во Бостон, пред да замине за Калифорнија. Првиот дел од неговото предавање беше за анти-туморните ефекти на канабисот и употребата на канабисот во борбата со канцерот. Во своето излагање тој презентираше два случаи со кои лично бил запознен, а во едниот случај и лично го третирал пациентот, од кои јасно се гледаше дека има огромни индикации дека употребата на канабисот директно влијае на канцерот како болест и преку МРИ снимки, анализи на крв и сите релевантни докази, успеа да `и покаже на македонската медицинска стручна фела, дека третирањето на пациенти заболени од канцер со канабис не треба да биде ограничено само на третирањето на нус ефектите од хемотерапијата, туку дека постојат сериозни индиции дека канабисот може да лекува рак и дека тоа е факт кој што не смее да се игнорира и понатаму.
Тој стриктно посочи дека не смее повеќе да се гледа на некои случаи како анектдотални или изолирани случаи, кога веќе е јасно дека се работи за нешто многу повеќе. Од огромно значење беше што нашите доктори можеа да чујат директно од доктор професионалец со дозвола за препишување канабис, за неговото лично искуство во препишување на поголеми дози на канабис од 1000-2000 мг ТХЦ дневно, кои покажале одлични резултати, без некои позначајни несакани нус ефекти или токсични или пак, долгорочни последици. Драго ни е што македонската стручна јавност конечно можеше да чуе дека и по победувањето на канцерот, терапијата со одржување со канабис треба да продолжи и тоа со дози од околу 400 мг ТХЦ дневно. Ова е нешто за што ние како здружение постојано укажувавме и посочувавме но бевме сметани за лаици и нерелевантни.
Освен анти-туморните ефекти на канабисот, Д-р МекКју објасни и за неговото лично искуство во третирање на пациенти со невролошки заболувања, со посебен осврт на невропатска болка, Паркинсонова болест и други чести невролошки заболувања каде канабисот покажува одлични резултати, подобри од оние кои ги нуди конвенционалната медицина. Интересен осврт на предавањето на Д-р МекКју беше и неговото објаснување зошто нема клинички студии и парадоксот во кој се наоѓа канабисот на тоа поле. Имено, тој многу убаво објасни дека секаде низ светот, постојано се бараат нови клинички студии од страна на лекарите за да употребуваат канабис во својата пракса, а истовремено, дали случајно или намерно, забораваат дека таквите студии се забранети во 99% од државите низ светот. Исто така, го објасни концептот и разликата на користење на една синтетичка молекула во лекување на одредена болест, наспроти користењето на арсенал природни молекули наменети да делуваат синергично како што е случајот за канабисот. Особено внимание на македонските доктори привлече и неговото објаснување на медицината базирана на докази, објаснувајки како функционира и како одреден лек или средство може да се најде во таа група, па своето предавање го заврши со анализа на прашањето дали медицината базирана на докази е спремна да го прифати канабисот?
Од огромно значење за македонските доктори беше и предавањето на докторите Жељко Пердија од Словенија и Хавиер Педраца од Шпанија, двајцата доктори кои исто како и Д-р МекКју канабисот го препишуваат секојдневно во својата пракса. Тие можеа да им ги доближат на нашите доктори нивните лични искуства во директното третирање на пациенти со канабис и тоа со кои предизвици можеби ќе се соочат во својата работа. Ги пренесоа своите првични мислења и искуства и како во случајот со Д-р Пердија, неговиот првичен скептицизам кон канабисот како медицинско средство, па се` до моментот кога ги видел првите резултати и увидел дека сепак, има нешто многу повеќе тука. Тој исто така посочи дека кога се работи за канабисот, докторите мораат да ги остават своите предрасуди и да разберат дека ова е едно ново поле, за кое треба многу допрва да се учи и кое може да им помогне во нивната работа, доколку сакаат да им помогнат на своите пациенти. Д-р Педраца со своето лично искуство на третирање на околу 30.000 пациенти успеа да им го објасни пристапот на докторите кон пациентите кои бараат да користат канабис и начинот на кој се врши еден индивидуален третман, како и важноста на негово следење за добивање оптимални резултати.
Како последно, но не и најмалку важно, беше предавањето на Д-р Пол Хорнби од Канада кој на нашите доктори им го објасни третирањето на пациентите со епилепсија, хронична болка и други болести и симптоми каде канабисот има огромна примена. Тој ја објасни важноста од квалитетни и пристапни продукти од канабис кои би требало да бидат достапни за сите кои имаат потреба. Тој објасни дека употребата на канабисот е многу поширока од она што во моментов е достапно кај нас. Дел од неговото предавање беа и различните начини на внес, со осврт на инхалирањето при третирање спазми и болка, нешто на што обрна внимание и Д-р Боусо, начин на внес кој не смее да биде игнориран од страна на медицинските лица, бидејќи е доста ефективен кога се потребни брзи и јаки ефекти.
За крај, имаше и мала сесија на прашања и одговори, каде на наше задоволство нашите доктори земаа активно учество, прашувајќи за некои работи кои им останале нејасни, како и за конкретни случаи со кои работат во моментов и за кои би биле заинтересирани да се обидат со користење на канабис. Во овој дел, за жал не се избегнаа одредени провокации од страна на една од присутните, која на многу очигледен начин проба негативно да делува на предавањата и предавачите, кои сепак со своето искуство не дозволија да бидат манипулирани и сликата беше очигледна за сите присутни. Генерално сме задоволни од овој заеднички проект на „Зелена Алтернатива“, МАЛМЕД и Министерството за здравство и како здружение сметаме дека ваквата официјална соработка треба да продолжи и понатаму.
Уште еднаш ќе повториме дека законот претставува одлична основа за почеток, но сепак е материја на која што во иднина ќе треба многу да се работи и да се проширува, бидејќи канабисот е средство кое што може да помогне во многу повеќе болести и состојби, а не само кај оние тешко болни со терминални болести. Освен работа на проширување на полето со индикации, сметаме дека исто така треба дополнително да се работи на вакви обуки и слични едукациски проекти со цел нашите доктори да немаат страв при препишување канабис и да не се соочуваме со проблеми како оние од првите недели на препишување препарати, каде одредени доктори одбиваат да препишуваат канабис и не сакаат да се „замараат“ со учење на нешто ново, кое е дел од нивната пракса. Се надеваме дека ова беше само заокружување на првиот чекор од процесот, кој никако не смее сега да застане, но сега има добра основа докторите да започнат со препишување на продукти од канабис и преку дополнителни обуки и создавање лично искуство, да бидат посигурни и послободни при препишување на канабис. Се надеваме и дека по одржувањето на оваа обука наскоро на пазарот ќе се најдат и квалитетни продукти од канабис со соодветни концентрации и по достапни цени кои секој граѓанин кој има потреба ќе може да си ги дозволи. Нашето здружение продолжува со својата работа за исполнување на овие цели, преку едукација и информирање“ - истакнуваат од ЗА.
Најголемата поврзаност помеѓу акупунктурата и марихуната е тоа што и двата начини на лекување се неконвенционални и нашироко негирани од страна на „стручните“ медицински професионалци. Сепак, денешната развиена медицина која смета дека има одговор на секој проблем, не е во состојба да одговори на многу медицински мистерии. Друга сличност е тоа што и двата природни начини на лекување не само на болките, се применуваат низ илјадници години и има толку многу задоволни пациенти ширум светот и покрај отпорот од страна на лекарите
Која е најголемата врска помеѓу употребата на канабис и (електро)акупунктурата? Овие две работи не биле споредувани се` до пред две години, кога група на истражувачи од Универзитетот Shanghai Jiao Tong во Кина дојде до одговорот. Оваа студија била финансирана од грантови од Националниот основен програм за истражувања во Кина, Националната природна научна фондација во Кина, Шангајскиот водечки проект за академска дисциплина, Шангајската општинска природна фондација за наука и познатиот шангајски TCM академски истражувачки проект.
Ова откритие објавено на страницата на Американскиот национален институт за здравје (National Institutes of Health), покажува како електроакупунктурата (електрична верзија на традиционалната акупунктура користена за третирање на болките), функционира на тој начин што ја зголемува активноста на природните соединенија во телото кои имаат својство да ги сузбиваат болките. Тие природни телесни „лекови против болки“ се нарекуваат ендоканабиноиди!
Оваа група на молекули, ја нема само во човечкото тело, туку ја има како во канабисот, така и кај сите `рбетници (цицачи). Нашето тело едноставно некогаш не е во можност да излачи доволно сопстени канабиноиди за да се справи со разни стресни и трауматски ситуации во телото, па затоа имаме потреба од внесување на екстерни канабиноиди од растението канабис. Да не ни беа потребни канабиноидите немаше да имаме ендоканабиноиден систем. Денес веќе е општо познато дека многу од болестите настануваат токму поради недостаток на канабиноиди во текот на животот.
Канабиноидите дејствуваат на болките со тоа што дејствуваат на конкретните рецептори во телото. „Поранешните студии покажуваат дека канабиноидните рецептори CB1 се одговорни за ослободување од болки“ - велат научниците. Научниците исто така тврдат дека тие не биле први кои докажале дека акупунктурата предизвикува зголемување на телесните канабиноиди. „Според најновите извештаи од зборникот American journal of Nature Neuroscience, откриено е дека акупунктурата предизвикува човечкото тело да излачува природни состојки против болки“ - додаваат тие.
Користејќи стаорци со артритични болки, научниците открија дека повторувањето на акупунктурата резултирало со зголемување во канабиноидните рецептори во делот од мозокот наречен стриатум. Ова откритие се комплицира со фактот што стриатумот е преполн со допамински клетки. Претходните студии потврдија дека употребата на марихуана исто така може да го зголеми допаминот. Оваа студија со акупунктурата го докажува истото. Електроакупунктурата исто така довела до зголемување во допаминските рецептори, но дали допаминот играл улога во ослободувањето на болките не беше јасно.
Она што беше јасно и очигледно е дека стаорците имале многу помалку болки по третманот со електроакупунктура - третман за кој авторите велат дека е одобрен од страна на Светската здравствена организација - СЗО за повеќе од 40 здравствени проблеми. Доколку канабиноидите се причина зошто акупунктурата функционира за болки, крајно време е СЗО да ја одобри и употребата на марихуана која е крајно побезбедна од акупунктурата. Акупунктура смеат да вршат само добро обучели лица. Секоја грешка може скапо да го чини пациентот на пример со доживотна парализа. Додека марихуаната може да ја користи секој без да мора да се сомнева дека може нешто да му се случи. Канабисот произведен во домашни услови е 100% безбеден за употреба!
Легализацијата на Канабисот ширум светот завзема се` поголем замав. Неодамна во Јамајка официјално беше засадено првото легално канабисово стебло, а се` повеќе индустрии започнуваат да произведуваат еколошки и природни градежни и изолациони материјали од коноп, како што е на пример хемпкритот. Легализацијата на Канабисот претставува закана за многу индустрии, бидејќи од коноп и канабис може да се произведува речиси сè! Една од тие индустрии е фармацевтската
Речиси безбројните научни истражувања на ова растение спроведувани низ минатото, само ја потврдуваат неговата лековита моќ дека лекува и превенира безброј заболувања, како разни типови на епилепсија, разни типови на рак, болки итн... Буквално не постои медицинска состојба што не може да биде третирана со Канабис и канабисовите деривати, а пред се` со канабисовото масло направено од цветовите на ова растение. Токму овој факт придонесе ова растение да биде забрането и масовно да се рашират лажни негативни информации за истото, за луѓето да се плашат од неговата употреба. Во Америка постојат неколку големи групи кои работат заедно во позадина за да го спречат медицинскиот канабис од користење за лекување на заболувањата, според Health Impact News. Фармацевтските компании се вмешале во забраната во 1930тите и работеле заедно со властите.
Како што побарувачката на лекови базирани на Марихуана се зголемувала, фармацевтските фирми се обидувале да произведуваат сигурни лекови од коноп со постојана моќност за успешно лекување на пациентите. Порано во фармацевтскиот маркетинг поважно било корисниците да бидат задоволни, т.е. излечени. Но, како што започнува да се модернизира светот алчноста и продажбата на лаги со цел да се оствари што е можно поголем профит - завземаат круцијално место. Се` до 1930тите најмалку две американски компании за производство на лекови „Parke Davis“ и „Eli Lily“ продавале стандардизирани екстракти од Марихуана за употреба како аналгетици, седативи и против грчеви. Друг производител „Grimault & Company“ произведувал и продавал цигари од марихуана како лек против астма.
Доколку го разгледаме економскиот процес и фактот што фармацевтските компании традиционално прават скоро се` за да го максимизираат профитот, може да согледаме дека постои животен циклус на многу лекови коишто тие ги произведуваат. Тие ќе произведуваат лек се` додека патентот тоа им го овозможува, а потоа ќе воведат заменски лек, најчесто по повисока цена и со најчесто помала ефикасност и ефективност од првичниот лек.
Научниците поттикнати од Американската Влада вршеле истражувања врз Канабисот, а Канабисот на широко бил користен во медицинската индустрија и во останатите индустрии се` до крајот на 1936 година. Тоа е годината во која американската власт поради бројните научни студии, кои само ги потврдувале здравствените придобивки на ова растение, решила истото да се забрани. Американската Влада во тоа време започнува да ги користи и масовните медиуми и филмот како алатка за ширење на масовна антипропаганда против оваа билка, која од 1936 па се` до ден денес се смета како лесна опојна дрога. Оваа антипропаганда имала цел луѓето да започнат да се плашат од ова растение, како од законските санкции, така и од јавното мислење дека корисниците на Канабис се наркомани. Значи се` до почетокот на 1937 година сите 48 американски држави донесоа закони за регулирање на Марихуаната. Падот на употребата на Канабисот во фармацијата беше засенет со развојот на производството на други хемиски лекови како: аспирин, морфиум, но и други лекови деривати на опиумот и сл. Сите овие лекови придонеле успешно да се истисне и замени Марихуаната во лекувањето на болките и останатите бројни медицински нарушувања.
По 79 години поминати под закрила на забраната за употреба, одгледување и тн. на ова растение, луѓето полека се будат и ги сфаќаат бројните и смртоносни штетни последици врз здравјето предизвикани од новата генерација на субституирани хемиски соединенија, т.е. хемиски лекови препишувани од страна на нивните лекари од кои може да се предозира или да се стане зависен. Ваквите лекови не можат да те излечат, туку само те одржуваат во полуздрава состојба за да мораш подолго да ги користиш, едноставно кажано подолго да ги купуваш, а фактот што те прават зависен се поклопува со фактот што нивните производители сакаат да ги користиш (купуваш) што е можно подолго. Тие само ги намалуваат симптомите, а не го решеваат коренот на проблемот. Луѓето исто така, по толку години лека-полека сфаќаат дека живееле во лаги и ја сфаќаат вистината за Канабисот, дека е едно од најмоќните лековити растенија на оваа планета и дека не постои природен лек што е помалку токсичен од ова растение.
Како што може да се согледа од бројните историски докази, во минатото се произведувале природни екстракти, кои навистина биле природни, се` додека фармацевстската индустрија не сватила дека тоа не е исплатливо за неа, дека на овој начин нема профит, доколку луѓето се здрави.
И денес се произведуваат лекови и суплементи на природна база, меѓутоа и покрај тоа што во составот пишува дека производот е природен, т.е. на природна база, најчесто само 10% од составот претставува природен екстракт, а останатите 90% се хемиски соединенија создадени во лабораториски епрувети, а овој процентуален сооднос не го пишува на ниту еден производ!
Некои производители исто така, за да остварат профит започнуваат да произведуваат одередени видови на легални екстракти од канабис, како што се екстрактите со Канабидиол: Епидиолекс, Маринол или Сативекс, најчесто користени за третирање на епилепсија. Сепак, за нив легализацијата на ова растение претставува закана за нивниот профит, односно доколку целото растение се легализира како лек, нивните производи нема никој да ги купува, поради тоа што само целото растение има природна соодветна комбинација на канабиноиди и останати состојки, што само заедно можат ефикасно и побрзо да се справат со одредени болести.
Денес исто како пред 1936 година, повторно масовно започнуваат да се спроведуваат научни истражувања врз ова растение но, сега за разлика од минатото кога цел на истражувањата била да се докаже медицинската корист од ова растение, денес истражувањата се спроведуваат со цел да се поткрепи забраната и да се докажат негативните страни на Канабисот, кои за среќа (или за жал) не постојат. Затоа многу од истражувањата се прекинуваат на половина или воопшто не се објавуваат резултатите од нив, а научниците велат дека им се потребни повеќе докази, бидејќи досегашните се неуверливи. Но, како може да бидат неуверливи доказите од луѓе кои од терминална фаза на рак се спасиле од смртна постела?
Уште колку истражувања ќе бидат потребни? Уште колку едукативни документарни филмови, емисии, книги и списанија како National Geographic ќе треба да бидат посветени на ова растение? Веќе сме ја истражиле речиси цела вселена и растенијата на другите планети околу нас, а се` уште не можеме да истражиме едно обично лековито растение, кое постои од секогаш на Земјата. Пациентите треба да имаат право на избор на кој начин ќе се лекуваат и самите треба да бидат во состојба да одлучуваат за својот живот и за своето здравје, а не некои големи компании заедно со Владите да одлучуваат за нашите животи! Очигледно се` уште живееме во робовладетелско управување под закрила на лажна демократија... Сепак, светот е во наши раце и само доколку непрестајно продолжиме да зборуваме за табу темата „Канабис“ и продолжиме активно и пасивно да вршиме притисок низ социјалните мрежи, телевизии, печатени медиуми итн. и престанеме да се плашиме да гласно да зборуваме - порано или подоцна ќе успееме да го вратиме овој лек на позитивната листа. Се` уште правото на глас не може никој да ни го оспори и забрани!