Презадоволни сме од Вториот по ред семинар во Македонија за Канабис/Коноп, кој се одржа денес во ГТЦ, Кино Милениум со почеток од 12:00 часот. Салата беше преполна! Семинарот траеше до 19:00 часот и на крајот цел час секој од присутните имаше прилика да постави прашање, на кое добиваше исцрпен одговор. Многу од присутните ги споделија своите искуства со масло од Канабис - се разбира позитивни искуства, бидејќи нема логика да биде поинаку - конопот лекува и не наштетува! Секоја чест за организаторите! РЕСПЕКТ ЗА ЗЕЛЕНА АЛТЕРНАТИВА! Ретко каде во светов ваквите научни збиднувања се бесплатни!
Презадоволни сме што можевме да присуствуваме на ваков величествен настан и што има огромен напредок во јавното мнение - анатемата фрлена врз растението Коноп, конечно се повлекува!!! Луѓето се се` повеќе информирани и едуцирани на оваа тема. Наскоро и прашањето за лег./декр. на Коноповите растенија ќе успееме со заеднички сили да го ставиме на дневен ред во Собранието, кое нели постои за нашето добро.
Посетителите на семинарот исто така се презадоволни: „Одлична организација на Семинарот! По толку неспорни сведоштва на врвни експерти треба итно да уследи кампања со собирање на потписи за донесување закон за декриминализирање на производството и користењето на канабисот!“ - изјави една од присутните посетители. Од професорите дознавме дека многу од научните студии и други публикации за Канабисот, може да се најдат на страницата WEB OF SCIENCE. Од професорите исто така дознавме дека: „Се' што не е направено од метал или од стакло, може да биде направено од КОНОП!“ - Д-р Пол Хорнби. Живееме во свет на супститути на ова растение!!!
Хуанито Луксетич не се плашеше денес јавно да проговори за своето лично искуство со Канабисот, т.е. со екстрактот од Канабисовите цветови (смолата од Канабис), исто така познато како „Канабисово масло“ или „Маслото на Рик Симпсон“ (Phoenix Tears Oil). Хуанито 4 години се дружи со ова растение и токму ова растение му помогна да стане од постела, што не му се пишуваше да продолжел да се лекува на конвенционален начин - со вештачки создадени лекови од страна на човекот... Тој има МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА и веројатно ќе треба и понатаму во својот живот да го користи ова растение. Како и да е, Хуанито ОДИ и се чувствува прекрасно и тој исто како и ние - Канабисот го смета за зеленчук - за здрава храна.
Цел живот мора да се прехрануваме за да опстанеме и за да не умреме, па таков е и случајот со Канабисот! Цел живот јадеме и консумираме разни водиви на билки и растенија, Канабисот е само една билка плус, која тој треба да ја консумира, а треба да ја консумира секој со цел да спречиме еден куп потенцијални болести кои настануваат поради канабиноиден дефицит во организмот на човекот. Ние се восхитуваме на неговата храброст, упорност и пожртвуваност, бидејќи тој сака сите да дознаат за овој природен лек, кој нему лично му помогнал, а им помогнал и на неговите блиски пријатели. Можете да ја проследите и споделите неговата страница - http://www.konopljapomaze.com/.
Да не ни беа потребни канабиноидите, ние немаше да поседуваме ендоканабиноиден систем со ендоканабиноидни рецептори, а исто така и во мајчиното млеко немаше да има канабиноиди! Канабисот постои со причина - за да го користиме! :) Тој не е синтетичко хемиско соединение создадено заради профит, туку природно растение, кое е забрането заради профит. Луѓето полудуваат на стари години, рано умираат, се разболуваат од Алцхајмер и тн. токму поради дефицит од канабиноиди во нивниот систем и поради тоа што никогаш во својот живот не внеле THC, ниту CBD...
Да не ни беа потребни канабиноидите, ние немаше да поседуваме ендоканабиноиден систем со ендоканабиноидни рецептори, а исто така и во мајчиното млеко немаше да има канабиноиди! Канабисот постои со причина - за да го користиме! :) Тој не е синтетичко хемиско соединение создадено заради профит, туку природно растение, кое е забрането заради профит. Луѓето полудуваат на стари години, рано умираат, се разболуваат од Алцхајмер и тн. токму поради дефицит од канабиноиди во нивниот систем и поради тоа што никогаш во својот живот не внеле THC, ниту CBD...
Ние нема да престанеме да информираме се` додека сме живи. Продолжете да ја следите вистината за лековитата билка и продолжете и вие да ја споделувате таа вистина понатаму...
Секој треба да знае за лековитата моќ на Светата Билка Канабис!!! Благодарност за сите присутни. Продолжете да ја споделувате вистината за природниот лек, кој постои на оваа планета уште од пред да постои фар-МАФИЈАТА!
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ДОЗИРЊЕТО: http://phoenixtears.ca/dosage-information/
ПРОТОКОЛОТ на РИК СИМПСОН: http://donate.hempcures.work/
Рецензија за овој настан од Дневник.
No comments:
Post a Comment