Monday, September 21, 2015

Втор канабис семинар во Македонија 27.09.2015, кино МИЛЕНИУМ, Скопје организиран од Зелена Алтернатива

Здружението „Зелена Алтернатива“ има особена чест и задоволство и оваа година да ве покани на семинарот на тема:

„Канабис: Теорија и пракса“
Елитата на Медицинскиот Канабис на едно место.


Семинарот ќе се одржи во кино Милениум, во недела, 27ми септември во 12:00 часот.
Картите за семинарот што ќе се одржи во недела во Кино Милениум се бесплатни, а може да се подигнат на билетара утре (сабота - 26.09.15) цел ден од 10:00 до 22:00 вечер! 
Предавачи на семинарот се: Рик Симпсон, Лумир Хануш и Пол Хорнби.
Рик Симпсон не е во можност лично да присуствува така да ќе говори преку Skype.

Др. Лумир Хануш во првиот дел од неговото обраќање ќе говори за ендоканабидоидите и компатибилноста на човечкиот организам и Канабисот. Во вториот дел ќе ни одговори на прашањето: Дали имаме доволно знаење за третманот со Канабис - стари и нови сознанија за медицинската вредност на Канабисот во лечењето на болни. Многу интересно ќе биде излагањето на др. Пол Хорнби: под наслов: Важноста на CBD-то (The importance of CBD).

Тој ќе се сконцентрира на важноста на CBD (канабидол), вториот по важност канабидоид во канабисот кој има огромна улога во модерните третмани со канабис. Тој ќе има осврт кон CBD-то екстрактирано од нашиот „македонски див коноп“ кој секоја есен залудно скапува по полињата и покрај патиштата во Македонија. Ќе зборува за важноста на ова македонско национално богатство во медицината и во лекувањето на болни и потенцијалот што овој ендемичен подвид на канабис би го имал на глобалниот-светски пазар.

Покрај овие светски експерти за медицински канабис на семинарот ќе присуствува и говори и Хуанито Луксетиќ од Хрватска. Тој долго време се бори со Мултиплекс Склероза и е тука за да ги сподели своите искуства со болните и заинтересираните во Македонија. Тој е воедно и многу гласен активист за легализација на медицинскиот канабис.

Целта на семинарот е овие долгогодишни истражувачи на канабисот и неговата примена во медицината да ги споделат своите искуства со македонската јавност. Се надеваме дека овој настан ќе придонесе за што побрзо носење на закон за легализација на конопот т.е. канабисот за медицински цели, се со цел да се излезе во пресрет на болните кои што го користат ова растение и неговите производи како лек.

Зелена Алтернатива ќе ги објави деталите околу семинарот во наредните неколку дена. Точното време, резервациите, подигањето на карти и деталната програма. Повеќе информации од понеделник на Facebook групата на Зелена Алтернатива. Овојпат бројката на посетители ќе биде поголема!





Ве покануваме и вие да бидете дел од овој научен собир.
Недела, 27ми септември 2015, кино МИЛЕНИУМ - Скопје.

 
Разгледајте го каналот на YouTube на Зелена Алтернатива. Таму ќе ги најдете предавањата од Првиот семинар за демистификација на канабисот.

Споделете го овој пост со вашите Facebook пријатели!

No comments:

Post a Comment