Showing posts with label втор. Show all posts
Showing posts with label втор. Show all posts

Sunday, September 27, 2015

Анатемата фрлена врз Конопот во Македонија, веќе е оттргната!


Презадоволни сме од Вториот по ред семинар во Македонија за Канабис/Коноп, кој се одржа денес во ГТЦ, Кино Милениум со почеток од 12:00 часот. Салата беше преполна! Семинарот траеше до 19:00 часот и на крајот цел час секој од присутните имаше прилика да постави прашање, на кое добиваше исцрпен одговор. Многу од присутните ги споделија своите искуства со масло од Канабис - се разбира позитивни искуства, бидејќи нема логика да биде поинаку - конопот лекува и не наштетува! Секоја чест за организаторите! РЕСПЕКТ ЗА ЗЕЛЕНА АЛТЕРНАТИВА! Ретко каде во светов ваквите научни збиднувања се бесплатни!

Презадоволни сме што можевме да присуствуваме на ваков величествен настан и што има огромен напредок во јавното мнение - анатемата фрлена врз растението Коноп, конечно се повлекува!!! Луѓето се се` повеќе информирани и едуцирани на оваа тема. Наскоро и прашањето за лег./декр. на Коноповите растенија ќе успееме со заеднички сили да го ставиме на дневен ред во Собранието, кое нели постои за нашето добро.

Посетителите на семинарот исто така се презадоволни: „Одлична организација на Семинарот! По толку неспорни сведоштва на врвни експерти треба итно да уследи кампања со собирање на потписи за донесување закон за декриминализирање на производството и користењето на канабисот!“ - изјави една од присутните посетители. Од професорите дознавме дека многу од научните студии и други публикации за Канабисот, може да се најдат на страницата WEB OF SCIENCE. Од професорите исто така дознавме дека: „Се' што не е направено од метал или од стакло, може да биде направено од КОНОП!“ - Д-р Пол Хорнби. Живееме во свет на супститути на ова растение!!!

Хуанито Луксетич не се плашеше денес јавно да проговори за своето лично искуство со Канабисот, т.е. со екстрактот од Канабисовите цветови (смолата од Канабис), исто така познато како „Канабисово масло“ или „Маслото на Рик Симпсон“ (Phoenix Tears Oil). Хуанито 4 години се дружи со ова растение и токму ова растение му помогна да стане од постела, што не му се пишуваше да продолжел да се лекува на конвенционален начин - со вештачки создадени лекови од страна на човекот... Тој има МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА и веројатно ќе треба и понатаму во својот живот да го користи ова растение. Како и да е, Хуанито ОДИ и се чувствува прекрасно и тој исто како и ние - Канабисот го смета за зеленчук - за здрава храна.

Цел живот мора да се прехрануваме за да опстанеме и за да не умреме, па таков е и случајот со Канабисот! Цел живот јадеме и консумираме разни водиви на билки и растенија, Канабисот е само една билка плус, која тој треба да ја консумира, а треба да ја консумира секој со цел да спречиме еден куп потенцијални болести кои настануваат поради канабиноиден дефицит во организмот на човекот. Ние се восхитуваме на неговата храброст, упорност и пожртвуваност, бидејќи тој сака сите да дознаат за овој природен лек, кој нему лично му помогнал, а им помогнал и на неговите блиски пријатели. Можете да ја проследите и споделите неговата страница - http://www.konopljapomaze.com/.

Да не ни беа потребни канабиноидите, ние немаше да поседуваме ендоканабиноиден систем со ендоканабиноидни рецептори, а исто така и во мајчиното млеко немаше да има канабиноиди! Канабисот постои со причина - за да го користиме! :) Тој не е синтетичко хемиско соединение создадено заради профит, туку природно растение, кое е забрането заради профит. Луѓето полудуваат на стари години, рано умираат, се разболуваат од Алцхајмер и тн. токму поради дефицит од канабиноиди во нивниот систем и поради тоа што никогаш во својот живот не внеле THC, ниту CBD... 

Штета што пропуштивте ваква несекојдневна прилика за едукација и размена на контакти и искуства. За среќа снимките од предавањата наскоро ќе бидат јавно достапни на YouTube каналот на Зелена Алтернатива. Уште еднаш Респект за Зелена Алтернатива и за професорите: Д-р Пол Хорнби, Д-р Лумир Ондреј Хануш и за Г-динот Рик Симпсон, кои не` просветлија со нивните конкретни предавања!

Ние нема да престанеме да информираме се` додека сме живи. Продолжете да ја следите вистината за лековитата билка и продолжете и вие да ја споделувате таа вистина понатаму...
Секој треба да знае за лековитата моќ на Светата Билка Канабис!!! Благодарност за сите присутни. Продолжете да ја споделувате вистината за природниот лек, кој постои на оваа планета уште од пред да постои фар-МАФИЈАТА!

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ДОЗИРЊЕТОhttp://phoenixtears.ca/dosage-information/
ПРОТОКОЛОТ на РИК СИМПСОНhttp://donate.hempcures.work/
Рецензија за овој настан од Дневник.

Monday, September 21, 2015

Втор канабис семинар во Македонија 27.09.2015, кино МИЛЕНИУМ, Скопје организиран од Зелена Алтернатива

Здружението „Зелена Алтернатива“ има особена чест и задоволство и оваа година да ве покани на семинарот на тема:

„Канабис: Теорија и пракса“
Елитата на Медицинскиот Канабис на едно место.


Семинарот ќе се одржи во кино Милениум, во недела, 27ми септември во 12:00 часот.
Картите за семинарот што ќе се одржи во недела во Кино Милениум се бесплатни, а може да се подигнат на билетара утре (сабота - 26.09.15) цел ден од 10:00 до 22:00 вечер! 
Предавачи на семинарот се: Рик Симпсон, Лумир Хануш и Пол Хорнби.
Рик Симпсон не е во можност лично да присуствува така да ќе говори преку Skype.

Др. Лумир Хануш во првиот дел од неговото обраќање ќе говори за ендоканабидоидите и компатибилноста на човечкиот организам и Канабисот. Во вториот дел ќе ни одговори на прашањето: Дали имаме доволно знаење за третманот со Канабис - стари и нови сознанија за медицинската вредност на Канабисот во лечењето на болни. Многу интересно ќе биде излагањето на др. Пол Хорнби: под наслов: Важноста на CBD-то (The importance of CBD).

Тој ќе се сконцентрира на важноста на CBD (канабидол), вториот по важност канабидоид во канабисот кој има огромна улога во модерните третмани со канабис. Тој ќе има осврт кон CBD-то екстрактирано од нашиот „македонски див коноп“ кој секоја есен залудно скапува по полињата и покрај патиштата во Македонија. Ќе зборува за важноста на ова македонско национално богатство во медицината и во лекувањето на болни и потенцијалот што овој ендемичен подвид на канабис би го имал на глобалниот-светски пазар.

Покрај овие светски експерти за медицински канабис на семинарот ќе присуствува и говори и Хуанито Луксетиќ од Хрватска. Тој долго време се бори со Мултиплекс Склероза и е тука за да ги сподели своите искуства со болните и заинтересираните во Македонија. Тој е воедно и многу гласен активист за легализација на медицинскиот канабис.

Целта на семинарот е овие долгогодишни истражувачи на канабисот и неговата примена во медицината да ги споделат своите искуства со македонската јавност. Се надеваме дека овој настан ќе придонесе за што побрзо носење на закон за легализација на конопот т.е. канабисот за медицински цели, се со цел да се излезе во пресрет на болните кои што го користат ова растение и неговите производи како лек.

Зелена Алтернатива ќе ги објави деталите околу семинарот во наредните неколку дена. Точното време, резервациите, подигањето на карти и деталната програма. Повеќе информации од понеделник на Facebook групата на Зелена Алтернатива. Овојпат бројката на посетители ќе биде поголема!





Ве покануваме и вие да бидете дел од овој научен собир.
Недела, 27ми септември 2015, кино МИЛЕНИУМ - Скопје.

 
Разгледајте го каналот на YouTube на Зелена Алтернатива. Таму ќе ги најдете предавањата од Првиот семинар за демистификација на канабисот.

Споделете го овој пост со вашите Facebook пријатели!