Showing posts with label Алтернатива. Show all posts
Showing posts with label Алтернатива. Show all posts

Saturday, May 27, 2017

Отворена јавна дебата на крајот од јуни организирана од Зелена Алтернатива!

Здружението „Зелена алтернатива“ на крајот од месец јуни повторно ќе организира јавен настан на кој присутните отворено ќе можат да зборуваат, да поставуваат прашања, да дискутираат, да ги споделат сопствените искуства и искуствата на блиските и ќе се информираат за лековитото дејство на канабисот. По трите одржани семинари со предавања од познати доктори, активисти и истражувачи од целиот свет, овој пат настанот на „Зелена алтернатива“ е замислен како една голема јавна дебата. Настанот е отворен за сите кои секојдневно користат, се лекуваат, препишуваат и произведуваат екстракти од канабис.

Филип Д.
На крај на месец јуни, поточно измеѓу 20 и 26 јуни Зелена Алтернатива организира јавна дебата и тркалезна маса на која се поканети СИТЕ.. Оваа година нема да слушате предавања туку можете да учествувате во дебатата...повеќе од потребни ни се храбри пациенти кои имаат храброст да кажат дека користат канабис и да ни ги раскажат своите искуства, повеќе од потребни ни се наши лекари кои ќе можат да ги кажат проблемите со кои се соочуваат и дилемите дали да препишат масло или не...“ - истакнува Филип Достовски.

Давор А.
Сите заедно да дадат придонес. Се повикуваат сите храбри пациенти со своите сведоштва, па и докторите да посочат секојдневни проблеми при препишувањето на лекот. Притоа, заедно да се изнајдат соодветни механизми и решенија за институционални препреки, за достапноста на канабисот, концентрациите, за разните начини на употреба и помошта за луѓето со разни здравствени состојби, канцер, епилепсија, мултиплекс склероза… 

Нормално и оваа година имаме гости од странство кои овој пат доаѓаат да одговараат на вашите прашања:

Кликнете тука за да го видите ВИДЕОТО!
* Д-р Лумир Ондреј Хануш од Израел (Dr Lumir Ondrej Hanush);
* Д-р Паул Хорнби од Канада (Dr Paul Hornby);
* Д-р Роберт Меламеде од Колорадо, УСА (Dr Robert Melamede)..
Во моментов се бара локација и преведувачи и кој сака е добредојден да помогне волонтерски или финансиски зашто ни е потребно...“ - вели Филип.

Еве и прва медиумска најава за настанот следниот месец. Споделете директно од страната, да допреме до што повеќе луѓе, особено доктори кои еве ќе имаат простор и шанса да ги споделат своите досегашни искуства во препишувањето канабис, а и директно да се запознаат со лица кои се третираат со канабис. Tnx.“ - додава Давор Ангеловски.

„На дебатата која ќе се одржи на крај на јуни (најверојатно ќе биде 24 јуни, сабота) од македонска страна своето учество го потврдија д-р Цули Софијанова д-р Нико Беќаровски и д-р Милан Ристевски. Многу ни е мило што баравме некој доктор кој ќе биде против канабис за да може да ги спротивставиме аргументите ама таков не најдовме до сега... Уште еднаш да повторам на дебатата се поканети СИТЕ не треба резервации не треба карти... ни треба вашето присуство...“ - заклучува Филип.

Настанот најверојатно ќе се одржи на отворено, како на пример Школка во Парк и најверојатно ќе биде во попладневните часови. Вашите предлози слободно да ги произнесете во групата на ФБ на Зелена Алтернатива!


СПОДЕЛЕТЕ!!! Вклучете се!!! Не игнорирајте! Бидете дел од решението!!!

Tuesday, April 25, 2017

Филип Достовски од Зелена Алтернатива, гостин во емисијата „Јади бурек“

Во најтесна соработка со најголемиот светски промотер на медицинската употреба на канабисот Рик Симпсон и тимот на научници кои му се најблиски соработници Dr. Lumír Ondřej Hanuš, Dr. Paul Hornby и Dr. Robert J. Melamede, здружение на граѓани под името „Зелена Алтернатива“ се залага за oткривање на вистинските информации за лековитото дејство на канабисот, демистификација на лекот, но и расчистување со предрасудите како би можело да се олесни лекувањето на болните. Основачот на ова здружение ќе ни проговори нешто повеќе за канабисот. Изгледајте ја следнава трилогија од опширни едукативни емисии за да бидете во тек со настаните и за да научите нешто ново, а потоа сподели го овој пост за сите да бидат информирани! Твоето споделување може некому да му го спаси животот...

Филип Достовски од Зелена Алтернатива - септември 2016, гостин во емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски на тема: По повод семинарот за обука на доктори за користење и препишување на масло од канабис за одредени болести и за демистификација на канабисот како универзално корисно растение...


Филип Достовски од Зелена Алтернатива - февруари 2017, гостин во емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски на тема: „Масло од канабис - Демистфикација на табуа“ - за масло од канабис, како се произведува, како се користи и за што...


Филип Достовски од Зелена Алтернатива - април 2017, гостин во емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски на тема: „Легално водење бизнис со канабис“...


Thursday, April 13, 2017

Кои се инвеститорите на фабриката за производи од канабис во Македонија?

Пред два дена на 11 април во Скопје се одржа свеченото отворање на првата фабрика за производи од канабис во Македонија, во кругот на поранешен ОХИС. Станува збор за компанија отворена како странска инвестиција на компанија со седиште во САД, која претставува една од најискусните и водечки компании по капацитет во светот од областа на производство на медицински канабис. Станува збор за американската компанија „NYSK holdings“ ДОЕЛ Скопје и времето ќе ни покаже колку истата е реномирана? По тој повод во ТВ Нова гостуваа двајца од инвеститорите – Мајкл Сатон и Џон Монтгомери. Со гордост го поздравуваме овој голем потег на нашите Власти и дај Боже да започнеме побрзо со отварање на уште повеќе фабрики без да ни се мешаат странци! Но, кои се овие мистериозни ликови? Зошто ниту еден активист во Македонија, ниту еднаш до сега не слушнал за нивните имиња...? Мало објаснување за инвеститорите ќе ви даде Филип од ЗА:

Го поздравуваме отворањето на нова компанија за одгледување и производство на производи од канабис и сметаме дека може да придонесе за подобра конкурентност и намалување на цените на пазарот и наш став е дека треба да има што повеќе производители како би имало поголема конкурентност и различни производи. Сепак, сметаме дека Македонија како земја може ова да го направи и сама и без помош на странски инвестиции кои според изјавите ќе придонесат за вработувања, но сепак се работи за странски фирми. Сметаме дека во Македонија има луѓе со знаење и капацитет за одгледување и производство на канабис и производи од канабис со висок квалитет кои ги задоволуваат сите стандарди. Па, би ги замолиле законодавците во Р.М. да размислат за помагање на домашни производители, домашни фирми кои исто така би имале производство од семе до готов производ и освен вработувања ќе придонесат и со внесување и обрт на финансиски капитал кој ќе ОСТАНЕ во ДРЖАВАВА“ - истакна Филип Достовски на ФБ групата од здружението Зелена Алтернатива.

„Мораме да истакнеме дека како здружение, не сме запознаени со оваа компанија и не сме ја сретнале на ниту еден познат светски саем за одгледувачи низ светот, ниту пак сме сретнале производи произведени од истата што за нас е зачудувачки со оглед на тоа дека сопствениците истакнуваат дека се меѓу најдобрите производители на медицински канабис во светот. Би сакале да ги потсетиме и инвеститорите дека граѓаните во огромен број веќе користат канабис и тие, како и македонските институции и доктори, се веќе добро запознаени со придобивките од користењето на истиот, нешто на што работиме веќе 5-та година и со нашите три семинари на кои предаваа врвни светски експерти од полето на канабисот, со обуката на нашите лекари во организација на нашето здружение, МАЛМЕД и Министерство за здравство, како и граѓанскиот активизам на терен, придонесовме да се смени јавното мислење за употребата на канабис и да добиеме закон за легализација на канабисот во медицински цели“ - додава Филип.


Кои се овие инвеститори и зошто ја одбраа токму Македонија? „Еден од пропаднатите погони на ОХИС ќе прерасне во фабрика за производство на канабис за медицински цели. Компанијата NYSK холдинг веќе вработила 15 луѓе, а конечниот број треба да достигне 200. Плановите вклучуваат отворање на висококвалификувани и високоплатени технички работни позиции. Вкупната инвестиција во наредните 5 години ќе изнесува од 3 до 5 милиони долари. Фирмата ќе произведува 20 различни производи од канабис, а првиот финален производ се очекува во август годинава. Компанијата веќе вложи половина милион долари за реновирање на постоечкиот објект.

Основачот на компанијата е македонски иселеник од охридскиот крај, кој долги години живеел во САД. Првичниот контакт со македонската владина делегација на роуд шоу во Бостон резултирала со конечна одлука за производство на медицински канабис во кој многу луѓе гледаат спас за лекување на рак, ХИВ, мултиплекс склероза, детска епилепсија и други. Министерот за здравство Никола Тодоров потенцира  дека денешната инвестиција е резултат на одлуката за легална употреба на канабисот во медицински цели во земјава. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, новата инвестиција е резултат на владините роуд шоуа за привлекување странски инвестиции. Во Република Македонија има одобрени производи на база на канабис кои секој може да ги купи во аптеките без лекарски рецепт. Досега граѓаните купиле околу 10 илјади пакувања“ - вели Тања Попова од Алфа ТВ.

Низ нашите медиуми оваа инвестиција е доста фалена. Еве што пишува МИА: Вкупната инвестиција во период од пет години ќе биде меѓу три до пет милиони долари. NYSK холдинг веќе инвестирала половина милион евра во реновирање на овој браунфилд објект од 2.000 метри квадратни. Компанијата веќе вработила 15 лица со полно работно време и со натпросечни примања, со план да вработи 50 до крајот на годината и 200 лица во наредните пет години. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф во обраќањето по повод отворањето на објектот, рече дека гордост му претставува да објави дека зградата во комплексот на ОХИС е целосно реновирана со цел да стане првиот модерен објект со лиценца за медицински канабис во Македонија за одгледување и извоз на масло од медицински канабис во земјите од Европа. „Само неколку нации во светот имаат законско право да одгледуваат и да извезуваат медицински канабис, а сега Македонија е една од нив и тоа не` прави нова дестинација за оваа брзорастечка индустрија“ - посочи Наумоф.

Основачот на NYSK холдинг, инвестициска групација и извршен партнер Толоманоси за време на отварањето рече дека канабисот ќе биде медицински спасител за многумина кои се борат со болести како рак или детска епилепсија и се очекува да достигне преку 20 милијарди бруто продажба во ЕУ до 2021 година. Џон Монтгомери, инвеститор за медицински канабис и експерт во областа истакна дека ќе го испорачаат најквалитетниот медицински канабис на пазарот. „Ние ќе го зголемиме бројот на работни места и ќе вработуваме македонски работници. Нашите одгледувачи експерти ќе ги обучат нашите вработени тука. По речиси една деценија во оваа индустрија, ние сме многу сигурни во нашата способност да го донесеме најквалитетниот лек во оваа убава земја“ - рече Монтгомери.

Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров рече дека настанот е резултат на заложбите на Владата и министерството за овозможување употреба на канабисот во медицински цели во Република Македонија. Со оваа инвестиција, посочи, ги поставуваме темелите на одгледувањето канабис за медицински цели во РМ. „Покрај оваа компанија уште неколку други имаат поднесено барања за добивање дозвола за одгледување коноп за медицински цели, а за една од нив постапката е веќе во финална фаза“ - додаде Тодоров. На означувањето на почетокот со работа на оваа инвестиција присуствуваше лидерот на ВМРО­-ДПМНЕ Никола Груевски, кој претходно на својот Фејсбук профил напиша дека и во вакви исклучителни услови во кои се наоѓа државата се трудат да обезбедат стимулирање на економијата и отворање нови работни места. „Борбата да се привлечат инвестиции понекогаш е долгорочна работа. Денеска присуствував на почеток со работа на компанија од Америка со која што првиот контакт го имавме пред 4 години во Бостон на тогашното роуд шоу... Ефектите доаѓаат подоцна ако промоцијата добро се изработи. Сега одлучиле да инвестираат токму тука во Македонија, да вработат 200 лица, да инвестираат неколку милиони евра и да извезуваат годишно по 10 милиони долари. Тоа е сериозна инвестиција со која 200 семејства ќе најдат егзистенција, а ќе се рестартира и еден од погоните на ОХИС“ - рече Груевски.

Политичката криза во која опозицијата ја втурна државата нема да не' поколеба да се откажеме од борбата за подобар живот на граѓаните. И во вакви исклучителни околности кои се важни за опстојувањето и иднината на државата, ние држиме до зборот и се трудиме да обезбедиме стимулирање на економијата и отворање на нови работни места. Откако минатата недела се промовираше новата германска инвестиција во Желино, тетовско, денеска официјално почнува со работа и уште една компанија, овој пат од медицинската индустрија, која доаѓа од САД, а инвестира во Скопје. Компанијата од САД која во Македонија ќе дејствува како „NYSK Holding“, ќе се занимава со одгледување и производство на канабис за медицински цели, а планот е да вработат 200 вработени што значи сигурна егзистенција на 200 семејства. Инвестицијата ќе се развива во наредните 5 години. Тие веќе земаа браунфилд објект во фабриката ОХИС некаде околу 2000 м2 кој го адаптираа за своите бизнис цели. 

Главни пазари на кои ќе се извезуваат продуктите од оваа компанија се ЕУ, пред се Германија и Италија, како и Југоисточна Европа. Значи ќе имаме една успешна приказна каде една фабрика во минатото беше затворена, а сега имаме рестартирање и употреба на дел од нејзините капацитети. Првичните контакти со сопствениците на NYSK Holding се направени пред 4 години, за време на една бизнис промоција на можностите за инвестирање во Бостон, САД. Комуникацијата продолжи и еве сега следува реализација на оваа инвестиција. Нема да се откажеме од нашата борба за секое отворено работно место. Продолжуваме со ветеното и покрај сите опструкции, напади и наметнати кризи со кои се сака да се закочи државата и да се втурне во уште поголема криза. Македонија мора да се врати на патеките на прогресот, мудро и одлучно да продолжи напред. Тоа го сакаат граѓаните и ние за тоа се бориме“ - додава Груевски на Фејсбук.

Monday, March 13, 2017

Канцер на плунковата жлезда излечен со канабис!

Ова е случај на канцер на плунковата жлезда, кој се гледа надворешно, па може директно со доказ да ви се прикажат резултати на канабисот против канцер

Инаку случајов е многу интересен од две причини. Првата е тоа што пациентот користи исклучиво САМО канабис. Значи нема хемотерапија, нема зрачење, нема Б17, варова вода или било каков друг лек или суплемент. САМО канабис. Втората причина е што пациентот на почетокот користеше само орално, три пати на ден, по едно зрно ориз. За два месеци користење имаше многу мали видливи бенефити. Околу нова година почнато е со користење чепчиња по шема, оралното продолжува, плус надворешно, топично. Два месеци после тоа, имаме намалување од околу 65-70%“ - изјавува Давор Ангеловски од Зелена Алтернатива.

Вредно да се спомене е и дека на првата слика туморот буквално е целиот тврд како камен, додека на последната слика, која е од пред три недели, тврдото е со големина на нокт, за денес да биде само колку врвот на ноктот. Им благодарам од срце на луѓето за сликите и им порачувам на сите да се охрабрат и што повеќе да ги споделуваме убавите вести со јавноста! И луѓе, правилно следете ги начинот на употреба и дозирањето, еве практичен доказ колку е важно правилно да се употребува, особено кога се работи за тешки болести како канцер“ - додава Давор.

Вестите за канабисот се само успешни...

Масло од канабис за мускулна атрофија

Чепче од канабис
Мило ми е што се излекувал човекот без хемо, по природен пат. Браво и за упорноста што не се откажал на почетокот. Затоа е важно да се знае дозата и начинот за секоја болест. Луѓето уште многу малку знаат за лековитоста, зошто јавно не се зборува. Давор јас пред некое време те прашав, ама изгледа не си прочитал, знам дека и вие сте претрупани со прашања. Дали маслото може да помогне при мускулна атрофија и дали е доволно само навечер со масло од 3 до 4 зрна ориз? Дали сте сретнале таков случај? Пациентот е се` уште на нозе, но со тек на време ја губи силата на мускулите“ - јавно во групата прашува еден пациент. 

За дистрофија знаеме дека помага, а бидејќи атрофијата е до некаде слична, а и е невродегенеративна болест, тип на болест за која веќе знаеме дека канабисот делува, очекувам да помогне во запирањето на напредокот на болеста, како кај МС, паркинсон и други невродегенеративни болести, а и олеснување на симптомите кои веќе ги има. Само јас би ги распоредил дозите во барем два пати или три пати дневно, место само навечер“ - заклучува Давор Ангеловски. 

* чепчињата при пати на ден, барем 0,2 чепче - додава Филип Достовски

Friday, October 7, 2016

Став на ЗА за Симпозиумот на докторите за употреба на канабисот во медицински цели

Со мало оправдано задоцнување, ставот на здружението Зелена Алтернатива, искажано од страна на членот Давор Ангеловски за обуката на докторите која се одржа пред две недели е следен:

„Од 14-16 Септември оваа година се одржа стручната обука на македонските доктори на полето на медицинската употреба на канабисот, која беше дел и од симпозиумот за вториот роденден на МАЛМЕД (Македонска агенција за лекови и медицински средства). Оваа едукација беше организирана преку официјална соработка на Граѓанското здружение „Зелена Алтернатива“, МАЛМЕД и Министерството за здравство. Целта на оваа едукација беше запознавање на македонската медицинска стручна фела за примената на канабисот во медицината, индикациските подрачја, начинот на дозирање и лекување, како и најновите сознанија за користењето на канабисот во лекувањето на болести и состојби кои се` уште не се опфатени со нашиот закон.

Едукацијата на македонските доктори ја вршеа еминентни доктори од САД, Канада, Шпанија и други држави кои имаат лично клиничко искуство во третирањето на пациентите со канабис. Исто така, беа присутни и доктори и научници кои имаат учествувано и во клинички студии и креирање на продукти од канабис. Програмата дизајнирана од „Зелена Алтернатива“ беше замислена така што нашите доктори ги добијат најновите научни факти за тоа каде и на кој начин канабисот делува и помага, но да добијат и директно знаење создадено од лично искуство на доктори кои препишуваат канабис во секојдневната работа.

Како и на секој ваков голем настан, на почетокот бевме соочени со мали проблеми во организацијата кои беа решени уште првиот ден, на задоволство на сите, но сметаме дека при организирање на настан од ваков тип и големина, тоа и не е нешто непознато. За посетеноста на настанот, мора да се нагласи дека сме задоволни, бидејќи бројка од нешто повеќе од 450 доктори и медицински професионалци е одлична за настан од едукативна природа. Драго ни е што за разлика од некои слични настани, присутните навистина следеа со внимание, запишуваа белешки, фотографираа слајдови и се трудеа максимално да го искористат овој настан за да се здобијат со поголемо знаење на оваа тема.

Предавањата беа осмислени така што се опфати една целосна слика за користењето на канабисот во медицината, од основите до директни примери од клиничката пракса. Па така, Д-р Етан Русо (Ethan Russo) од САД, кој е невролог и истражувач во психофармакологија и кој има учествувано како доктор во клиничките студии за истражување и пуштање во промет на лекот од канабис наречен Sativex, убаво ги објасни основите на користењето на канабисот во медицината низ историјата, како и краток осврт на самата билка низ историјата и нејзините биоморфолошки карактеристики. Тој од своето искуство со нас го сподели своето знаење за разните препарати кои може да се користат од канабис, односно разните форми на внес, важноста за нивната точна примена како и можните несакани дејствија и интеракции помеѓу одредени лекови за кои нагласи дека се ретки и доколку канабисот правилно се употребува, лесни се за избегнување.


Основите на ендоканабиноидниот систем ги претстави Д-р Хозе Карлос Боусо од Шпанија, кој е директор на научни проекти при ИЦЕЕРС (Интернационален центар за етноботанички истражувања). Во своето предавање тој го објасни функционирањето на ендоканабиноидниот систем и зошто тој претставува систем од огромно значење за човековото здравје и нешто што дополнително треба да се истражува наредните децении. Како регулатор на другите системи неговата важност е огромна и преку делувањето на истиот, може директно да се делува на многу болести и состојби за кои современата медицина нема соодветно решение, без штетни последици и нус појави, посочи Д-р Боусо. Освен на оваа тема, Д-р Боусо зборуваше и за фармаколошките својства на канабисот, како и негово користење за разни психијатриски состојби и лекување на болести на зависности.

Мошне интересно предавање проследено со доста внимание и аплауз, беше она на Д-р Џек МекКју, професор на медицинскиот универзитет Емеритус во Сан Франциско, Калифорнија. Освен што предава на овој универзитет тој има повеќе од 30 годишно искуство како доктор во Бостон, пред да замине за Калифорнија. Првиот дел од неговото предавање беше за анти-туморните ефекти на канабисот и употребата на канабисот во борбата со канцерот. Во своето излагање тој презентираше два случаи со кои лично бил запознен, а во едниот случај и лично го третирал пациентот, од кои јасно се гледаше дека има огромни индикации дека употребата на канабисот директно влијае на канцерот како болест и преку МРИ снимки, анализи на крв и сите релевантни докази, успеа да `и покаже на македонската медицинска стручна фела, дека третирањето на пациенти заболени од канцер со канабис не треба да биде ограничено само на третирањето на нус ефектите од хемотерапијата, туку дека постојат сериозни индиции дека канабисот може да лекува рак и дека тоа е факт кој што не смее да се игнорира и понатаму. 

Тој стриктно посочи дека не смее повеќе да се гледа на некои случаи како анектдотални или изолирани случаи, кога веќе е јасно дека се работи за нешто многу повеќе. Од огромно значење беше што нашите доктори можеа да чујат директно од доктор професионалец со дозвола за препишување канабис, за неговото лично искуство во препишување на поголеми дози на канабис од 1000-2000 мг ТХЦ дневно, кои покажале одлични резултати, без некои позначајни несакани нус ефекти или токсични или пак, долгорочни последици. Драго ни е што македонската стручна јавност конечно можеше да чуе дека и по победувањето на канцерот, терапијата со одржување со канабис треба да продолжи и тоа со дози од околу 400 мг ТХЦ дневно. Ова е нешто за што ние како здружение постојано укажувавме и посочувавме но бевме сметани за лаици и нерелевантни. 


Освен анти-туморните ефекти на канабисот, Д-р МекКју објасни и за неговото лично искуство во третирање на пациенти со невролошки заболувања, со посебен осврт на невропатска болка, Паркинсонова болест и други чести невролошки заболувања каде канабисот покажува одлични резултати, подобри од оние кои ги нуди конвенционалната медицина. Интересен осврт на предавањето на Д-р МекКју беше и неговото објаснување зошто нема клинички студии и парадоксот во кој се наоѓа канабисот на тоа поле. Имено, тој многу убаво објасни дека секаде низ светот, постојано се бараат нови клинички студии од страна на лекарите за да употребуваат канабис во својата пракса, а истовремено, дали случајно или намерно, забораваат дека таквите студии се забранети во 99% од државите низ светот. Исто така, го објасни концептот и разликата на користење на една синтетичка молекула во лекување на одредена болест, наспроти користењето на арсенал природни молекули наменети да делуваат синергично како што е случајот за канабисот. Особено внимание на македонските доктори привлече и неговото објаснување на медицината базирана на докази, објаснувајки како функционира и како одреден лек или средство може да се најде во таа група, па своето предавање го заврши со анализа на прашањето дали медицината базирана на докази е спремна да го прифати канабисот?

Од огромно значење за македонските доктори беше и предавањето на докторите Жељко Пердија од Словенија и Хавиер Педраца од Шпанија, двајцата доктори кои исто како и Д-р МекКју канабисот го препишуваат секојдневно во својата пракса. Тие можеа да им ги доближат на нашите доктори нивните лични искуства во директното третирање на пациенти со канабис и тоа со кои предизвици можеби ќе се соочат во својата работа. Ги пренесоа своите првични мислења и искуства и како во случајот со Д-р Пердија, неговиот првичен скептицизам кон канабисот како медицинско средство, па се` до моментот кога ги видел првите резултати и увидел дека сепак, има нешто многу повеќе тука. Тој исто така посочи дека кога се работи за канабисот, докторите мораат да ги остават своите предрасуди и да разберат дека ова е едно ново поле, за кое треба многу допрва да се учи и кое може да им помогне во нивната работа, доколку сакаат да им помогнат на своите пациенти. Д-р Педраца со своето лично искуство на третирање на околу 30.000 пациенти успеа да им го објасни пристапот на докторите кон пациентите кои бараат да користат канабис и начинот на кој се врши еден индивидуален третман, како и важноста на негово следење за добивање оптимални резултати.

Како последно, но не и најмалку важно, беше предавањето на Д-р Пол Хорнби од Канада кој на нашите доктори им го објасни третирањето на пациентите со епилепсија, хронична болка и други болести и симптоми каде канабисот има огромна примена. Тој ја објасни важноста од квалитетни и пристапни продукти од канабис кои би требало да бидат достапни за сите кои имаат потреба. Тој објасни дека употребата на канабисот е многу поширока од она што во моментов е достапно кај нас. Дел од неговото предавање беа и различните начини на внес, со осврт на инхалирањето при третирање спазми и болка, нешто на што обрна внимание и Д-р Боусо, начин на внес кој не смее да биде игнориран од страна на медицинските лица, бидејќи е доста ефективен кога се потребни брзи и јаки ефекти.

За крај, имаше и мала сесија на прашања и одговори, каде на наше задоволство нашите доктори земаа активно учество, прашувајќи за некои работи кои им останале нејасни, како и за конкретни случаи со кои работат во моментов и за кои би биле заинтересирани да се обидат со користење на канабис. Во овој дел, за жал не се избегнаа одредени провокации од страна на една од присутните, која на многу очигледен начин проба негативно да делува на предавањата и предавачите, кои сепак со своето искуство не дозволија да бидат манипулирани и сликата беше очигледна за сите присутни. Генерално сме задоволни од овој заеднички проект на „Зелена Алтернатива“, МАЛМЕД и Министерството за здравство и како здружение сметаме дека ваквата официјална соработка треба да продолжи и понатаму. 

Уште еднаш ќе повториме дека законот претставува одлична основа за почеток, но сепак е материја на која што во иднина ќе треба многу да се работи и да се проширува, бидејќи канабисот е средство кое што може да помогне во многу повеќе болести и состојби, а не само кај оние тешко болни со терминални болести. Освен работа на проширување на полето со индикации, сметаме дека исто така треба дополнително да се работи на вакви обуки и слични едукациски проекти со цел нашите доктори да немаат страв при препишување канабис и да не се соочуваме со проблеми како оние од првите недели на препишување препарати, каде одредени доктори одбиваат да препишуваат канабис и не сакаат да се „замараат“ со учење на нешто ново, кое е дел од нивната пракса. Се надеваме дека ова беше само заокружување на првиот чекор од процесот, кој никако не смее сега да застане, но сега има добра основа докторите да започнат со препишување на продукти од канабис и преку дополнителни обуки и создавање лично искуство, да бидат посигурни и послободни при препишување на канабис. Се надеваме и дека по одржувањето на оваа обука наскоро на пазарот ќе се најдат и квалитетни продукти од канабис со соодветни концентрации и по достапни цени кои секој граѓанин кој има потреба ќе може да си ги дозволи. Нашето здружение продолжува со својата работа за исполнување на овие цели, преку едукација и информирање“ - истакнуваат од ЗА.

Saturday, July 30, 2016

Не апсете ги активистите кои се борат лекот да е легално достапен за сите нас!

Филип Достовски од Зелена Алтернатива
Двајца активисти на Зелената Алтернатива, здружението што беше еден од иницијаторите за легализација на марихуаната во Македонија, на 28 (четврток) се приведени, па пуштени од страна на полиција. Како што објаснува Филип Достовски, еден од приведените, на 28 јули попладне полицијата влегла во неговиот дом, додека тој бил надвор од дома, правел масло кај некои пациенти. Откако му јавиле дека се врши претрес, веднаш се предал на полицијата по што бил однесен на испрашување во полициска станица. Според него, приведувањето е поврзано со неговиот активизам за маслото од канабис. Според информациите со кои располага Вечер.мк, тој не бил под истрага, ниту пак бил оформен предмет за него, па зачудува фактот што наредбата за претрес потпишана од судија од скопскиот Кривичен суд дошла буквално како „гром од ведро небо“.

Филип држи предавање во Охрид, 2016
Кај нас беа пронајдени 300-400 грама канабис. Тоа е количина оставена од пациенти што се лекуваат со канабис, за да им правиме масло. Ги имаме и пациентите како сведоци кога ќе дојде време за суд. Сите знаат дека не сум дилер. Тоа го знаат и полицајците. Ова не е некакво си алиби, туку вистината“ - вели за МКД.мк еден од најистакнатите активисти за легализација на канабис Филип Достовски, кој пред два дена (28.07.16) од седум часот беше приведен во полиција и таму беше држен до кај полноќ.

Достовски потенцира дека приведувањето е доста симптоматично и (не)очекувано, особено што доаѓа откако периодов се разви голема дискусија на социјалните мрежи – се разменуваа мислења, бројки, истражувања и факти за канабисот и канабиноидите (основните активни супстанци), се дискутираше доста за маслото со ЦБД што почна да се продава по аптеките, за кое самиот смета е прескапо и преслабо. „Како да купувате вода. Имаме добар закон за пациенти, кој секако дека може да се подобрува. Ние се зајадовме со компанијата која продава масло од канабис во аптеките, бидејќи тоа доведе со зголемување на црниот пазар. Така, за иста количина масло кое ние (нелегално) го правиме со екстракција на канабис за 3.000 евра, во аптеките тоа би чинело околу 40.000 евра, пресметано според процентите на канабиноиди“ - објаснува Достовски.

Дел од заканите на Реплек
Поради тоа што јавно ги критикува ваквите политики, вели дека неодамна добил закани по телефон дека треба да молчи, за да не заврши во затвор и за да не бидат превземени некои други мерки. Филип исто како и некои други активисти од Зелена Алтернатива и 420Macedonia, по јавно објавените реакции нивна страна за граѓанското незадоволство од „квалитетот“ на екстрактот од канабис наречен „Каноил“ на Реклек, (коешто не заслужува ни да се нарече екстракт, туку едноставно разредена тинктура), периодов добиле низа закани од одредени личности. Телефонски закани добиваше и активистот Давор Ангеловски. „По неколку негативни коментари за производителот кои ги имав објавено на социјалната мрежа Фејсбук или пак, дадени во медиумите, јас добивав телефонски закани. Броеви од странство кои потоа мистериозно исчезнуваа од логовите во мојот телефон. Заканите ги имам пријавено во полиција“ - вели Филип. Тој исто така, бил приведуван повеќе пати без причина. Вечерта заедно со Достовски беше уапсен уште еден член на Здружението „Зелена Алтернатива“. Како што изјавуваат од Радиомоф.мк, пред неколку дена тој е претресуван од полицијата, уапсен и казнет пред влез на 50 метри од дома и тоа за неносење лична карта.

Филип држи предавање
По сето што се случуваше периодов, синоќа добивам повик од дома за да ме информираат дека ми дошле од одделот за Недозволена трговија и шверц (НТШ) на претрес. Отидов, а во меѓувреме дошле на претрес и кај друг другар, исто така дел од Зелена Алтернатива, со кој заедно помагаме на пациенти. Во полиција бевме од седум часот до кај полноќ. Сето она што го зборувавме таму десетици пати сме го повториле и јавно, за нашите континуирани иницијативи, заложби како здружение..“ - потенцира Достовски, кој и самиот се лекува со канабис против рак на белите крвни клетки - Хочкинов лимфом и маслото му помага болеста да не се врати. „Од МВР засега не се достапни за коментар за случајот со приведувањето“ - изјавува НоваТВ.мк.

Филип потврдува дека односот на полицијата бил во ред. „Полицајците беа коректни за време на претресот и за време на распитот во Одделот за недозволена трговија. Канабисот кој го најдоа кај мене ми е даден од пациенти за да им правам масло и тоа тие ќе го потврдат. Против мене е поднесена кривична пријава и ме пуштија да се бранам од слобода до почетокот на судскиот процес“ - изјавува Достовски. Филип ја искажува својата огромна благодарност до сите. „Би сакал да им кажам НАЈГОЛЕМО ФАЛА на сите што помогнавте, на сите мои пријатели што ги знам и што не ги знам.. Фала на македонската јавност за поддршката, фала на службениците од МВР за коректниот однос и разбирањето, фала на адвокатите што се појавија, фала на луѓето кои се јавуваа во НТШ и ми помагаа да излезе вистината (знаете кои се)... исто така фала на непријателите за мотивацијата... СИТЕ ВЕ САКАМ (нормално некои повеќе, некои помалку)“ - истакнува Филип на својот ФБ профил.

Во Македонија беше донесен Законот за употреба на масло од канабис во медицински цели, по што дозвола за негово производство доби само фармацевтската компанија Реплек. Но, маслото за медицински цели кое содржи ТХЦ, се` уште не е почнато да се произведува и го нема во аптеките. Во моментот, во аптеките може да се најде само масло кое нема ТХЦ, а кое нема ни ЦБД и е само дополнување на конвенционалната терапија. Ова масло не може на болните да им даде ни надеж дека ќе оздрават поради лошиот квалитет. Во таква ситуација, пациентите се` уште се препуштени сами на себе и се принудени да се снаоѓаат и да го купуваат маслото на црно. 

Ова „масло“ нема да те излечи!
Три илјади денари за 50 милилитри масло од канабис во кое има помалку од 0,2% ТХЦ и меѓу 5-7% ЦБД е причината поради која шишенцата стојат на рафтовите во аптеките на „Реплек“ и речиси не се продаваат. Поборниците на легализацијата, невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика и секако експертите, предупредуваа дека надлежните и производителот Реплек мора да внимаваат најмногу токму на овие аспекти од проблемот. Според Филип Достовски легализацијата на маслото од канабис во Македонија е само стартна основа за да се работи на оваа проблематика. Тој смета дека маслото кое во моментов се продава во аптеките, нема да има речиси никакви ефекти поради малата концентрација, а најголем проблем е цената поради која овој лек е речиси недостапен.

Она што се продава во аптеките е масло кое не може да предизвика ниту „плацебо ефект“. Маслото кое јас го користам за да се лекувам од рак има 8% ТХЦ и 28% ЦБД, па сега вие самите пресметајте колку шишенца јас треба да купам од аптека за да го има истиот ефект“ - истакнува еден болен граѓанин кој се лекува со масло за Вечер.мк. Она што требаше да биде спас или барем олеснување за најтешко болните повторно стана проблем, пред се` поради цената, но и поради нискиот квалитет поради кој фармацевтскиот екстракт од канабис нема скоро никаков ефект врз пациентите. За истата сума, но нелегално може да се набави барем масло со слично количество, во кое нивото на главните канабиноиди кои директно влијаат врз болестите и нивните симптоми се десеткратно поголеми. Затоа многумина откако видоа колку е часот и откако сфатија дека Реплек ги лаже, повторно се вратија на стариот начин на набавка на маслото, како и пред легализацијата, а со тоа го кршат законот и се принудени законот да ги третира како криминалци. 

ДОМ со своја поддршка
Покрај болните лица, нивните семејства и сите корисници и љубители на канабисот кај нас, на страната на легализацијата со своја поддршка застанаа многу јавни личности, невладини организации, формални и неформанлни здруженија на граѓани, но и политички партии и движења. ДОМ јавно застана на наша страна со соопштение, го поддржа легализирањето на употребата на медицински канабис и поднесе редица амандмани за поголема достапност за болните по пониски цени. „Тогаш беа одбиени амандманите, но време е да се преиспита законот и во него да се интервенира“ - велат во своето најново соопштение до јавноста. На нивната официјална Веб страница апелираат дека со апсење на активистите се оди само назад во целиот процес на легализацијата на канабисот во Македонија. Тие велат дека наместо прогон, потребен е пристап до медицинскиот канабис за болните. 

ДОМ апелира до институциите за прогон да не се занимаваат со гонење на граѓани кои за свое лекување или за лекување на други болни лица бараат начин како да дојдат до медицински канабис. „Сметаме дека неправедно се малтретираат луѓе како Филип Достовски од организацијата за медицински канабис „Зелена Алтернатива“. Наместо прогон потребен е побрз и поевтин пристап до медицинскиот канабис за болните лица. Тоа значи дека е потребно да се либерализира целата постапка за производство на овие препарати, се разбира, со конрола од државата. Но, мора да се обезбеди пониска цена за лекот, по можност од домашно производство“ - истакнуваат од Секторот за односи со јавност на ДОМ.

Филип Достовски не е дилер! Тој е еден од Македонците кои својот втор живот му го должат на маслото од канабис. Тој важи за еден од најгласните активисти и не крие дека им помага на пациентите да научат како се екстрахира маслото за кое многумина тврдат дека им помага во борбата со тешки болести. Достовски бил дијагностициран со рак на 15 годишна возраст. По неколкуте неуспешни обиди да се излекува со конвенционални лекови се обидел со маслото од канабис, по што ракот целосно исчезнал. Тврди не се станува зависен од маслото, а успехот е кај над 70% од болните. Судии, лекари, адвокати и полицајци, се само дел од луѓето на кои Филип секојдневно им помага и ги обучува како сами да си го направат лекот во својот дом. Тоа се само дел од луѓето кои ги користат предностите на овој вид на лекување, во голем дел со голема успешност и тоа кај различни видови на рак, мултиплекс склероза, епилепсија, ХИВ, па дури и различни видови на повреди, се болестите каде маслото од канабис може да помогне. Погледнете што за оваа проблематика раскажува Филип Достовски, член и активист на Зелена Алтернатива за Zase.mk:


Инаку, Достовски со години наназад се бори за легализација на канабисот и преку „Зелена Алтернатива“ со екстракти од канабис помага на стотици граѓани со најразлични болести. Истовремено, целта на Здружението е и да шири знаење, да информира и да ги едуцира граѓаните како сами да си помогнат употребувајќи ја оваа билка, која уште одамна пред законските забрани игра важна улога во човековиот опстанок и наоѓа најразлична примена во медицината, но и за продукција на храна за луѓе и добиток, легло за добиток, влакна, восок, хартија, облека, пластика, гориво, хемкрит (хигли од коноп), лекови, козметика...

„Зелена Алтернатива“ е буден учесник во креирањето на посебна свест за користењето на канабисот. Работи на охрабрување, наместо стигматизација. Отворен пристап за екстракт од канабис, наместо токсични лекови. Меѓу другото, се заложува болните деца бесплатно да добиваат масло од канабис. Здружението на неколку пати потенцираше дека во Македонија расте автохтон коноп, со силен потенцијал за третирање епилепсија, па апелираше да се одгледува домашен канабис и да се користи овој извор, наместо да се увезува од странство. Исто така, „Зелена Алтернатива“ на повеќе пати учестува и во јавни дебати, домашни и меѓународни трибини, а и самото здружение на три пати организираше информативно-едукативни семинари за демистификација на канабисот. Таму со свои предавања учестуваа светски експерти, научници и активисти како: Рик Симпсон, Пол Хорнби, Лумир Хануш, Роберт Џ. Меламед, Илија Резник и многу излечени пациенти кои јавно ги споделуваа своите искуства. 

Научните истражувања во светски рамки уште од многу одамна покажуваат дека канабисот има позитивни ефекти врз низа болести како: сида, секаков вид на канцер, мултиплекс склероза, аутизам, епилепсија, ПТСД, анксиозност, депресија, несоница, главобилки и други хронични и еднократни болки, анорексија и голем број на автоимуни болести. Употребата на маслото од канабис во Македонија е јавна тајна. Илјадници луѓе секојдневно го користат овој природен лек успешно борејќи се со своите хронични и други тешки болести (многу од нив настанати поради ендоканабиноиден дефицит), додека пак, речиси цела Македонија оваа билка ја консумира во рекреативни цели. Ова можеме да го потврдите со секојдневната комуникација преку нашата фан страница на Фејсбук (www.facebook.com/420macedonia) со болните и останатите здрави фанови, кои своето здравје го одржуваат токму пушејќи марихуана и консумирајќи ја на други начини.

Sunday, July 17, 2016

Реакција на Зелена Алтернатива за јавните дезинформации и лаги пласирани од страна на фарМАФИЈАТА Реплек

Бидејќи дилемата околу концентрацијата на канабиноиди во различните делови од растението не остана само на FB расправија со вработени во Реплек, туку продолжи и со рекламна кампања пласирана во медиумите, обврска ни е да ги расчистиме овие неточни информации кои допираат директно до многу наши сограѓани кои за разлика од повеќето од вас кои се поинформирани, немаат доволно познавање во оваа област и ќе ги примат овие информации како факт (здраво за готово). Секако дека повод за ова е и да се покаже какво е познавањето на фармацевтите кои моментално се единствените кои пласираат производ од коноп на нашиот пазар и во своите реклами и промоции на прозводите, гласно нагласуваат детали кои се неточни, контрадикторни и непроверени.

Пред да преминам на она за што доста се дебатираше во групава (иако коментарите потоа беа избришани од личноста која ги постираше) и е повод за текстов, како што спомнав на почетокот, би започнал со цитирање на еден дел од текстот објавен во Макфакс, изјава од компанијата. „Канабисот како растение има над 400 фитокомпоненти од кои минимум 60 се канабиноиди, како и терпени, флавоноиди, фитостероли, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9) во најдобар здравствен сооднос, аминокиселини, азотни соединенија, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија и други компоненти, кои се распоредени во различни делови од растението“. Од овој краток извадок на прв поглед се гледа од кое време е знаењето на фармацевтите кои работат таму, бидејки последните податоци говорат за досега откриени 141 канабиноид, со вкупен број од околу 1040 фитокопмоненти.

Но, мислам дека овој податок и не треба така да не` зачудува кога ќе видиме што понатаму изјавуваат. Поводот за сево ова: „Во однос на содржината на канабиноидите како основни активни супстанци на растението, цветовите и тоа женските цветови содржат повисок процент на delta-9-tetrahydrocannabinol, познат како THC, кој поседува психотропни својства и е одговорен за досегашниот третман на растението како средство за уживање. Лисјата ги содржат главно канабиноидите CBD (cannabidiol), CBN (cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија, кои не поседуваат психотропни својства, но и THC во помал процент отколку цветовите“.

Овде се формира лекот - канабиноидите!
Ќе се потрудам да бидам што пократок. Прво да разјасниме една проста работа, која очигледно е непозната на дел од нашите фармацевти. Прва и основна причина поради која не може да се направи дистинкција помеѓу составот на канабиноиди во цвет и во лист, во смисла на различни канабиноиди во различни делови од растението, е тоа што канабиноидите воопшто не се создаваат ниту во листот ниту во цветот. Канабиноидите се создаваат во трихомите кои претставуваат жлезди кои лачат смола во која се создаваат сите канабиноиди и терпени, како главни лековити состојки на растението. Трихомите претставуваат одбранбен механизам на растението за заштита првенствено од УВ зраци (затоа што повисоко е УВ зрачењето има поголема концентрација на трихоми), но и од разни инсекти, како и одредени видови на габи и мувла. Тие се наоѓаат на надворешната обвивка на цветовите, листовите и другите делови на растението, а не директно во нив. Со самото тоа што имаат заштитна улога се подразбира дека се присутни насекаде во растението, но од еволуциска гледна точка секако дека најмногу се сконцентрирани таму каде што е најпотребно за да може да се продолжи биолошкиот циклус - во цветовите, каде што се создава семето.

Реплек може вода да му носи на екстрактот
што можеш да си го направиш дома сам/а!
Но, да не биде дека сето ова го говориме само теоретски, најубаво е да се покаже со директни докази. Иако налетав на многу студии и анализи, долго размислував кои најмногу би се земале за релевантни, бидејќи од нашето досегашно искуство, повеќето од нашите експерти не ги признаваат. Па, затоа одбрав да земам за пример факти од студии објавени на страната на UNODC (канцеларија на ОН за дроги и криминал) од две причини. Првата, поради тоа што сепак се работи за една од највисоките инстанци на ОН за дроги (бидејќи нели според ОН се` уште на канабисот му е тука местото), но и поради фактот што овие студии се направени на крајот на 60-тите, а објавени во 1971, што значи и најстарите фармацевти кај нас, доколку сакаат да дискутираат на оваа тема, треба да бидат запознаени со овие податоци. Секако и поради тоа што во оваа анализа се гледа концентрацијата токму на канабидиолот (CBD), нешто што ја предизвика дебатата.

Во анализата се земени примероци од канабис земен од различни делови од светот, некој одгледуван за пушење, друг за стебло, односно влакна, семе итн. Она што е карактеристично е дека кај сите видови, количината на канабидиол, скоро правопропорционално се намалува во различните делови од растението (освен кај оние кои веќе произвеле семе). 

Еве ги резултатите и заклучокот од анализата:
Cannabinoid contents %
Sample and plant part CBD Δ1-THC
Beirut 26.4.1969
Flowers 2.6 0.06
Upper leaves 1.8 0.00
Large leaves 0.2 0.03
Stem 0.2 0.00
Bekaa 19.6.1969
Flowers 2.4 0.5
Upper leaves 1.1 0.1
Large leaves 0.3 0.1
Stem 0.1 0.0
Bekaa 26.6.1969
Flowers 2.8 0.04
Upper leaves 1.4 0.04
Large leaves 0.4 0.02
Stem 0.2 0.01
Hizzine 3.9.1969
Flowers (fruits) 0.3 0.4
Upper leaves 1.0 0.7
Large leaves 0.2 0.2
Stem 0.1 0.1
Caucasus/Sweden 1.10.1969
Flowers (fruits) 0.5 0.1
Upper leaves 0.5 0.1
Large leaves 0.1 0.01
Stem 0.02 0.01
Turkey/Sweden 1.10.1969
Flowers (fruits) 0.8 0.02
Upper leaves 0.5 0.01
Large leaves 0.7 0.02
Stem 0.03 0.00
Bratislava/Sweden 1.10.1969
Flowers (fruits) 0.7 0.02
Upper leaves 0.5 0.02
Large leaves 0.4 0.01
Stem 0.00 0.00

Flowers – се цветовите, кои кај некои од сортите биле и со плод - семе;
Upper leaves – малите листови кои се наоѓаат околу самите цветови;
Large leaves – големите листови;
Stem – Стебло.

Од Бога е дадена.
Свештените лица тоа го знаат!
Заклучокот на целата анализа на UNODC е цитирам: „Нашите податоци покажуваат дека канабиноидите се присутни во сите делови од растението. Пресметано во сув материјал, канабиноидите се најмногу присутни во цветовите, како и во малите листови кои се околу цветовите“. Од оваа анализа јасно се гледа дека не е точно дека ТHC-то настанува во цветовите, а CBD-то во листовите, бидејќи е очигледно дека и CBD-то, како и ТHC-то се најбројни во цветовите, па во помали количини во помалите листови околу цветовите и се` помалку во поголемите листови. Тоа е токму во корелација со она што „теоретски“ ви го објаснив за трихомите.

Другата студија е направена во Канзас, САД и исто така се работи за канабис со поголема концентрација на CBD, затоа и ја одбрав. Ќе го пренесам заклучокот: „Анализата е направена за четири главни канабиноиди, cannabidiol (CBD), della-8-tetrahydrocannabinol (delta-8-THC), delta-9-tetrahydrocannabinol (delta-9-THC), и cannabinol (CBN). Канабиноидите беа најбројни во цветовите па прогресивно се намалуваа во листовите, петиолите, стеблото, семето и корењата“. Повторно доаѓаме до ист заклучок, дека воопшто не е точно дека ТHC-то е најбројно во цветовите, а CBD-то во листовите, туку концентрацијата на ТХЦ и ЦБД зависи главно од генетиката на растението, а вкупниот износ на канабиноиди зависи од трихомите.

Биди во тек! Едуцирај се!
Информирај се!
Освен овие студии кои треба да се доволен доказ за тоа каков е составот на канабиноиди во различни делови од растението, дополнителен доказ е и што производителите на квалитетни CBD масла во светот, тоа го прават преку екстракција на CBD-то од цветовите, најчесто преку CO2 екстракција, но затоа ќе има посебен текст, каде што ќе направиме споредба помеѓу странски производи и нашето масло со CBD.

За крај би додал само дека во текстот самите фармацевти нагласуваат: „Присуството на CBD, CBN, CBG, THC и останатите канабиноди во минорни количества заедно со терпените и флавоноидите е особено значајно поради нивното синергистичко делување и со останатите биолошки вредни компоненти во канабисот, што го прават маслото од канабис исклучително корисно во превенција и лекување на многу болести и состојби на човечкиот организам“. Значи свесни се дека за лековитост е потребен т.н. екстракт од цело растение, а го продаваат маслото, во кое самите велат дека нема ТHC, а велат може да помогне кај ХИВ, малигни заболувања и МС, болести за кои знаеме дека за лекување е потребно ТHC и тоа со многу висок процент! Со оваа изјава се контрадикторни сами по себе.

Како последно што ми остава впечаток во овој рекламен текст, е тоа што велат дека нивното масло содржи терпени. Значи не може да се даде таква изјава за продукт од канабис без да се објасни точно кои терпени ги содржи. Точно е дека за терпените не е потребно концентрацијата да биде истакната, но мора да се нагласи кои терпени ги содржи бидејќи различни терпени делуваат различно, на различни болести, тегоби и состојби. Истото се однесува на изјавата дека во маслото ги има и останатите канабиноиди, CBN, CBG. Доколку има значителна количина од овие канабиноиди, треба да се нагласи и нивната концентрација во екстрактот. Доколку ги нема во значителни количини не може да се нагласуваат во составот, бидејќи ги нема во доволно количевство за да има лековит ефект.

ЗА продолжува со борбата,
а 420macedonia продолжува со информирање
и поддршка!
Мислам дека од погоре изнесеното може да се заклучи до каде е знаењето на фармацевтите кои моментално се единствените кои легално произведуваат масло од канабис на македонскиот пазар. Жално е да се помисли какви производи ќе добиваме во иднина и по која цена, ако продолжи да ги пласира компанија чии фармацевти без срам во јавност излегуваат со лажни информации претставени како факти, информации за кои гледаме дека уште од 70-тите години на минатиот век знаеме дека не се точни. Дополнително ќе имаме анализа на масла од CBD и како се изработуваат, како и нивниот состав.


Sunday, May 22, 2016

Третиот семинар за коноп следниов викенд!

Драги поддржувачи на легализацијата на конопот во Република Македонија!!!  
420macedonia ви пренесува одлични вести! Конечно, на наше огромно задоволство, во името на здружението Зелена Алтернатива - ЗА, официјално ве покануваме да ни се придружите на третиот по ред семинар од циклусот за демистификација на конопот што го организира токму ова извонредно здружение на граѓани. 

Семинарот ќе се одржи на 28-ми и 29-ти мај во Дом на АРМ во Скопје со почеток во 12:00 часот. Влезот повторно ќе биде бесплатен. Kартите веќе може да се подигнат на две локации. Хотел Солун на рецепција и Кафе Пабло и во Кино Карпош и Излет Кафе! Деталите за настанов, како и програмата можете да ги проследите во ФБ групата на Зелена Алтернатива, на нивната официјална Веб страница, како и на објавениот ФБ настан.

„Ги известуваме сите оние кои се заинтересирани да присуствуваат на семинарот кој ќе се одржи следниот викенд, дека влезот за истиот како и на минатите два семинара ќе биде бесплатен, меѓутоа за влез ќе биде потребна карта. Картите ќе може да се подигнат од понеделник (23.05.16) на неколку локации низ градот кои навремено накнадно ќе ги објавиме“ - истакнува активистот и член на ЗА, Давор Ангеловски.

Како што веќе знаете, учесници на овој семинар ќе бидат врвни научници и доктори од Израел, Чешка, Шпанија, Канада, признаени како светски експерти на полето на канабисот. Голем дел од нив се членови на интернационални одбори на истражувачки центри и асоцијации за употребата на конопот. Тие ќе ни ги презентираат најновите сознанија од областа на употребата на канабисот, ќе ги споделат со нас искуствата од нивната работа и истражувањата за лековитоста на конопот.

„Главна и заедничка тема на овој семинар ќе биде употребата на канабисот во здравствената заштита, теорија и пракса. Со оглед на се` поголемиот број на граѓани од нашата држава кои го користат маслото од канабис, како здружение сметаме дека овој семинар ќе помогне да допреме до што повеќе граѓани и ќе допринесе за поголема едукација за тоа како правилно да се користи конопот. Со оглед на се` почестите заболувања на наши и ваши роднини, пријатели и познаници, веруваме дека на се` повеќе луѓе им е потребно маслото од канабис како за спречување и превенција, така и за лекување на повеќе болести и тегоби на ова модерно време“ - објаснува Филип Достовски, основачот на ЗА.

Затоа ве повикуваме да ни се придружите на овој семинар за заедно да ги слушнеме предавањата на водечките авторитети на полето на канабисот низ светот и да помогнеме во споделувањето на тоа знаење за понатамошното рушење на стигмата и предрасудите кои нашето општество ги има кон ова благородно лековито растение! Да научиме нешто повеќе и заеднички понатаму да ја продолжиме борбата за употребата на оваа билка во нашето секојдневие. Искористете ја оваа ретка можност да бидете дел од ваков собир и повелете придружете се. Ве очекуваме во што е можно поголем број! :)




Sunday, April 10, 2016

Реакција на предавањето на Здружението на приватни лекари на РМ на тема медицински канабис

Активистот Давор Ангеловски од Здружението „Зелена алтернатива“ со писмо се обраќа до сите поддржувачи на ова здружение, но и до целата јавност испровоциран од настанот што се одржа на 7 април (Светскиот ден на здравјето) во Даре Џамбаз - „Предавање на Здружението на приватни лекари на РМ на тема медицински канабис“. Активистот раскажува за целиот настан и прави паралела со одделни истражувања и актуелната состојба со канабисот, зборува за презентираните информации, за недостатоците, позитивните работи, но и интересот на инволвираните во целата проблематика


Фотографија од предавањето

„За оние кои ги интересира малку повеќе за случувањата на предавањето на Здружението на приватните лекари на Р.М. на тема канабис одржано вчера:
Драги поддржувачи на „Зелена алтернатива“. Вчера со Филип имавме можност да посетиме едно предавање на тема канабис во салата „Даре Џамбаз“ кое го одржа Здружението на приватни лекари на Република Македонија, а кое се одржа во склоп на прославата и одбележувањето на денот на здравјето - 7 Април. Зошто баш одбрале на овој ден да одржат предавање за канабисот или како тие го беа нарекле „медицинска марихуана“ се` уште претставува и ќе остане мистерија и за нас двајцата. Полупразна сала, еден медиум и неколку спикери на бината, сите постари од 60 години - беше сликата која ја затекнавме кога пристигнавме и иако доцневме половина час предавањето се` уште не беше почнато, бидејќи се чекаше пристигнувањето на директорот на ФЗОМ кој требаше да се обрати на почетокот. Бидејќи најавија дека ќе доцнат уште петнаесетина минути, решивме да искочиме до надвор на една кратка „пуш“ пауза и на врата една постара госпоѓа, една од тие над 60-ката не` запраша дали сме го утнале предавањето на што Филип и одговори дека напротив, дојдовме да видиме што и колку научиле.
Кратко по паузата, предавањето конечно започна со говор на дотичната госпоѓа, која се восхитуваше на сето она што Министерството за здравство и ФЗОМ чиј директор веќе беше пристигнат, го направиле во последните години, како редовно ги земаат своите плати без доцнење и не заборави да напомене дека во минатото не било така. После едно подолго фалење на присутниот директор, на кој искрено мислам дека му падна и незгодно од толку пофалби и убави зборови, а можеби и му годеше, само тој си знае, конечно дојде ред и тој да каже по некој збор. На наше големо зачудување, само што стапна на бината, по поголемо шушкање од вратарите и луѓето од организацијата, еден од нив се приближи до проекторот и го покри знакот кој проектираше слика од лист на канабис (кој можете да го видите на сликата погоре), за да случајно директорот на ФЗОМ да не даде изјава пред така страшно нешто како добро познатиот зелен лист. Изјавата беше комплетно посветена на денот на здравјето и неговата прослава, како и на опасностите од дијабетесот, за кој слушнавме дека претставува голем проблем во нашата држава, меѓутоа со кој нашиот здравствен систем се справува без никакви проблеми. Во неговото обраќање немаше ниту еден збор за канабисот и за неговата медицинска употреба, темата за која што бевме дојдени.
По аплаузот, конечно предавањето можеше да почне. Добро познатиот знак повторно зрачеше од проекторот и на бината местото на говорник го превзеде една госпоѓа која беше помлада од другите и која се претстави како доктор-научник кој работи на студии кај нас, не за канабис туку за други лекови. Предавањето започна со оние основни информации кои повеќето од нас ги знаеме иако уште на почетокот при објаснувањето на видовите на канабис, можеше да се забележат грешки на говорничката и да се примети дека нејзиното знаење за темава го стекнала преку компјутер, а не со лично искуство или образование. Податоците кои ги изнесе на почетокот не кореспондираа со најновите сознанија, туку со оние добро познати артикли на интернет кои се веќе застарени и дополнети со нови откритија. Интересен момент за мене, беше што веднаш после првите неколку реченици, директорот на ФЗОМ и неговата придружба од таа институција и Министерството за здравство, си станаа и групно ја напуштија салата, очигледно немајќи никаков интерес за темата за која што се зборуваше. Веднаш по нив, салата ја напуштија и претставниците на единствениот медиум кој беше присутен. Нивната задача беше готова.
Општо, самото предавање беше во ред, иако за нас овие информации веќе беа добро познати, бидејќи се започнуваше од основите. Пријатно бевме изненадени кога краткото предавање навлезе малку подлабоко со податоци за случаи на луѓе кои користеле канабис и продукти од канабис, опишани преку графикони и слики од ЦТ снимања и магнетни резонанси, на кои се гледаше дека по користењето на канабис, туморите или значително се намалувале или потполно исчезнале. Овој факт беше од големо значење, затоа што во досегашните трибини одржани од страна на лекарите од јавното здравство, никако не смееше да се каже дека канабисот помага и може да излечи рак, туку експлицитно беше нагласувано дека може да се користи исклучиво за намалување на штетните симптоми од хемотерапијата. Беа објаснети и случаи на епилепсија кај деца, за кои беше кажано дека кај поголемиот број нападите потполно исчезнале, односно кај околу 75%, додека кај другите биле значително намалени и по бројност и по јачина. Пријатно изненади и од основното објаснување на ендоканабиноидниот систем и ендоканабиноидите и научниците одговорни за нивното откривање. Она што беше од огромно значење беше и фактот што за првпат на едно вакво предавање, организирано од лекарската фела, можевме да чуеме за употреба на масло од канабис во дози кои највеќе одговараат на оние кои луѓето реално ги користат за лекување на рак и тумори. Беа спомнати дози од по 300мг ТХЦ плус 100мг ЦБД по три пати на ден, што во суштина е многу блиску и до реалните дози со кои луѓето коишто моментално се лекуваат, постигнуваат одлични резултати.
Но мора да се признае, дека иако бевме навистина задоволни од дел од работите кои ги слушнавме, за жал, беа изнесени и доста неточни информации и погрешни насоки за кои одамна знаеме дека не се точни и дел од нив се чисто прохибиционистичка пропаганда. Па така на пример, беше спомнато дека пушењето канабис предизвикува рак на белите дробови, мит кој беше побиен уште во 1974 година кога научници имаа задача да докажат дека канабисот го уништува имуниот систем и предизвикува рак, а резултатите го покажаа сосема спротивното, дека лекува рак на бели дробови и дојка, како и леукемија индуцирана од вирус. Говорничката отиде уште подалеку па ја спореди штетноста на канабисот велејки дека еден џоинт е штетен колку 5 до 10 испушени цигари. Еден од изнесените аргументи кои никако не беа поддржани со факти беше и дека користењето на канабис за време на бременоста може да доведе до развој на леукемија во првите години од развојот кај децата од мајките корисници. Ова тврдење не беше поткрепено со никакви докази и аргументи туку чисто нафрлено како факт, иако е добро познато дека бебињата на мајки кои користеле канабис за време на бременоста, не се раѓаат со никакви последици, туку има и показатели дека користењето на канабис делувало позитивно на развојот на бебето. Исто беше нагласено дека таквите бебиња се раѓаат со помала тежина од нормалната.
За редовните корисници на канабис беше кажано дека имаат проблеми со меморијата, когнитивните делувања и размислувањето, нешто за што многумина од нас знаеме дека не е точно, повеќето од нас од лично искуство. Нешто што мене лично ми засмета и ми пречеше во излагањето на докторката беше објаснувањето дека лекарите ќе мора да научат како правилно да го дозираат лекот, како и времетраењето на лекувањето, каде беа спомнати смешни периоди од пола година и година. За жал на овој податок немав можност да реагирам и да ги запрашам како мислат на некој што има хроничен проблем, како во мојот случај со константна хронична невропатска болка или пак кај некој кој пати од очен притисок, лекувањето со канабис да го ограничат на 6 месеци или година дена, кога проблемите од овие болести и тегоби се постојани и нема да исчезнат после одреден период на користење на канабис, туку истиот ќе мора да се користи најверојатно и доживотно бидејќи се работи за состојби каде не постои лек со кој може да се излекуваат, туку е можно само контролирање на симптомите и болката кое успешно се врши со канабисот. Иако можеби заборавив на дел од нелогичностите и неточните информации кои беа изнесени, како последен податок би го издвоил и објаснувањето на докторката, дека моментално луѓето кои го користат овој лек го произведуваат самите дома и дека тоа никако не смее да се дозволи бидејќи, цитирам „замислете доколку сите ние си ги произведувавме лековите дома“, беше застрашувачкото објаснување на докторката.
По ова беше завршено ова и онака кратко предавање, по што говорничката ги замоли присутните да постават прашања доколку ги интересира нешто или имаат некакви нејаснотии околу предавањето. Со Филип зачудено погледнавме во себе бидејќи од сите присутни, ние бевме единствените кои креваа рака. Присутните лекари од приватното здравство немаа ниту едно прашање за предавањето, небаре разбрале се` и веќе знаат се` што е потребно на оваа тема. Прв на ред за прашања беше Филип кој најпрво најискрено им објасни на присутните дека сме пријатно изненадени од дел од податоците кои беа изнесени на ова предавање, но дека имаше и доста недостатоци, односно неточни информации. За жал, кога проба да им објасни за неточните информации за кои споменав претходно, постојано беше прекинуван од страна на говорничката, па дури `и се приклучи и еден од лекарите во публиката, па Филип баш и немаше можност да се искаже и да им укаже на грешките со најиксрени намери. Тој веднаш беше нападнат со тоа дека добил доста медиумско внимание, божем него тоа му е намерата (иако тука веќе немаше медиуми), а исто беше запрашан за тоа какво образование поседува. На ова тој им одговори мошне умешно, укажувајќи им на фактот дека истите овие доктори кои тие ги спомнуваа како лидери во истражувањата во оваа област, беа присутни на двата семинара кои ги одржа Зелена алтернатива во минатото, а ќе бидат гости и на новиот трет семинар при крајот на идниот месец и дека иако нема формално образование, знаењето го црпи директно од нив. По мала кратка расправија, говорот го презема постарата госпоѓа која ја споменав на почетокот и рече дека тоа би било тоа и дека предавањето е завршено доколку нема дополнителни прашања. На реагирањето од нас двајца дека не сме готови со прашањата, лекарката рече дека е подобро да се одржи помал состанок помеѓу главните на ова здружение и Зелена алтернатива и другите активисти, како не би ги „замарале“ присутните доктори со дебата. Замислете, слушањето на различно мислење и на лични искуства на луѓе кои се лекуваат со канабис, според нив не претставува можност за стекнување со знаење туку „замарање“ на докторите кои беа дојдени да слушаат предавање токму на оваа тема. За нас беше кажано дека сме изолирани случаи и дека нашето искуство не може да се земе за релевантно. На нашето укажување дека има илјадници што моментално се лекуваат со канабис меѓутоа од страв не излегуваат да говорат јавно, нивниот одговор беше дека не би требало да имаат страв, божем не се сеќаваме на многумина уапсени токму поради нелегално лекување на својата болест или болеста на своите најблиски.
Додека траеше метежот и луѓето почнаа да се разидуваат, успеав само на оние на трибината да им поставам две кратки прашања иако вниманието на присутните веќе беше изгубено. Ги запрашав бидејќи велат дека е страшно опасно лекот да се прави дома, како немаат ништо против тоа што повеќето од нас си прават масло од кантарион во своите домови и тоа не претставува проблем. На тоа ми беше одговорено дека и маслото од кантарион било многу опасно, на што одговорив: „да, можеби, но не е нелегално и никој нема ништо против“. На излегување, стоечки успеав и да им поставам прашање зошто воопшто Здружение на приватни лекари организира дебата за лекување со канабис, кога законот воопшто не предвидува можност тие да можат да го препишуваат, туку истото ќе биде во рацете на лекари од јавното здравство и каде беше нивната реакција кога се носеше овој закон? На ова ми одговорија дека тие реагирале до министерството за овој дел од законот. Ги запрашав како реагирале, кога не видовме ниту едно соопштение, пресконференција или ваков собир на оваа тема, нивниот одговор беше, цитирам „не се секирај, реагирано е“.
По ова, со Филип само кратко можевме да заклучиме дека присутните и организаторите воопшто не се заинтересирани за искуството на пациентите и споделување на нови знаења, туку едноставно ја беа искористиле оваа можност накратко да искочат од работа и да се видат со колегите со кои некое време не се виделе. Сепак, го поздравуваме одржувањето на ова предавање и сме искрено задоволни што и покрај многуте недостатоци, за прв пат можеше да се чујат и доста точни информации на предавање организирано од лекарската фела. Наше мислење е дека вакви предавања и дебати треба да се одржуваат почесто, како би можело што поголем број на луѓе да се запознаат со придобивките од користењето на канабис во медицински цели, меѓутоа сметаме дека на истите треба да се слушнат и мислењата на луѓе и пациенти кои имаат лично искуство во ова лекување. Или како што би рекол Филип, да се чуе и мислење на паталец, а не само гаталец. Поздрав до сите, се надевам дека успеав да ви ги доловам случувањата од вчера, за оние кои ги интересира. Доколку пропуштив нешто важно претпоставувам Филип ќе може да ме дополни. Поздрав до некоја наредна прилика“.
- изјавува граѓанскиот активист Давор Ангеловски.