Wednesday, September 9, 2015

ЛЕКализација за просперитетна Македонија (Интервју со Пикисипи - САФ)


Loza.mk: На концертот имавте мал говор за борбата против ракот и легализација на древната билка. Си земам за право да Ве прашам – дали сметате дека канабисот, или конопот – според нашите стари, треба да се декриминализира или ограничи за медицинска употреба?

Пикисипи: Лекализација е дефинитивно потребна! Декриминализација исто така! Зошто тутунот е легален, а од него умираат секоја година милиони луѓе ширум светот, а конопот е нелегален? Освен во медицински употреби може да се исползува и како индустриска суровина за еден куп човечки потребштини (хартија, облека, гориво, козметика, итн.). Зошто да не ги следиме потезите на прогресивните земји кои со Легализација / ЛЕКализација постигнуваат одлични резултати во борба против ракот, епилепсијата, еден куп психосоматски и останати тешки заболувања за кои современата медицината нема одговор!? Зошто на некои луѓе им се ускратува правото на живот и правото на Лек? Зошто не бидеме први на Балканот кои ќе го направат тој потег? Македонија произведувала 1/3 од Афионот и Конопот што го произведувала Отоманската империја! Која друга земја има афион (дрога) на својот амблем? Каде на друго место се давале пити афион како мираз? Зошто сме толку неискрени спрема самите себеси? Зошто толкаво лицемерие!? Зошто Владата мисли дека туристите ќе дојдат во Македонија оти сега имаме неколку споменици повеќе (зарем другите немаат историја)? Во Амстердам одат милиони туристи годишно и никој не оди за да се слика покрај некоја статуа или фонтана. Замислете Стојаково и Добрејци и целиот МКД регион какви модели би им понудиле на туристите кои ќе дојдат на лекување, прошетка, агротуризам… Или каков туристички центар ќе биде Охрид ако го легализираме Конопот? Зошто секогаш сме последни во се` и сешто? Па ете, нека го погледнат примерот на државите Колорадо и Вашингтон во пуританска и конзервативна САД, каде имаат суфицит од неколку милијарди долари данок, па државата гради училишта и факултети со парите од медицинскиот коноп, а криминалот паднал за 30 проценти. И плус еден куп задоволни луѓе на кои денот им поминува полесно од секојдневниот стрес со кој сме сите соочени, да не спомнувам колку луѓе заболени од канцер ќе бидат спасени низ целиот свет од Канабисовото масло кое би го прозведувала еколошки чистата Македонија!? Колку луѓе што се навлечени на психолептици и антидепресиви ќе имаат подобар и полесен живот ако барем се лекализира Конопот? Зошто упорно се прават реклами во кои конопот се прикажува како најголемо зло, кога нашите баби и дедовци го саделе и конзумирале од памтивек… Аман! ЛЕКАЛИЗАЦИЈА!

Преземено од Loza.mk.
Целото интервју може да го прочитате тука.

No comments:

Post a Comment