Showing posts with label Аутизам. Show all posts
Showing posts with label Аутизам. Show all posts

Saturday, January 19, 2019

CannaPaed Symposium 2019 - следната недела во Словенија!

Симпозиумот CannaPaed 2019 ќе се одржи во Љубљана - Словенија поточно во петок, 25 јануари 2019 година во Хотел Union, со почеток во 9:00 часот, кадешто ќе се зборува за лекување на специфични детски болести со помош на канабис


Ова научно советување е наменето за сите кои се грижат за деца со фармакорезистентна епилепсија, како и за деца со други медицински состојби, како што се дистонија, аутизам или рак, кои би можеле да имаат корист од третманот со лекови добиени од канабис. 

Поканетите говорници и експерти во областа ќе ви ги претстават основите на ендоканабиноидниот систем, начинот на дејствување и важноста на различните видови канабис за различни болести во педијатријата.

Симпозиумот е наменет за оние кои се грижат за децата, започнувајќи од оние кои допрва се обучуваат, па сè до оние оние со долгогодишно искуство. Деталите за овој настан, листата на говорници, како и информации за контакт со организаторите, можете да ги дознаете на официјалната веб страна.


Регистрација:


Програма:


Уредник и новинар: MoniQue Konopova

Friday, September 7, 2018

Студија: Медицинската марихуана може да помогне кај проблемите во однесувањето на децата со аутизам

Израелските научници открија дека медицинскиот канабис е корисен во ублажувањето на проблемите во однесувањето кај децата со аутизам. Студија спроведена од д-р Ади Аран (Adi Aran), директор на детска неврологија во болницата Shaare Zedek во Ерусалим, покажа дека 80 проценти од учесниците забележале намалување на проблематичното однесување и подобрување во комуникациските способности


Како беше спроведена студијата?

За оваа студија веќе пишувавме на нашиот блог, сега сакаме да дадеме дополнително појаснување за неа бидејќи сметаме дека е од суштинско значење. Резултатите за прв пат беа објавени во април. Студијата на д-р Аран покажува дека терапијата со Канабидиол или ЦБД може да го подобри животот на децата кои имаат аутизам. Израелската студија објави дека ЦБД може да ја подобри сигнализацијата во мозокот и затоа треба да се користи како потенцијален третман за аутизам. Шеесетина деца биле тестирани во студијата со просечна возраст од 12 години, според Neurology Medical Journal. Студијата се фокусираше само на децата кај кои редовната терапија со лекови немаше ефект. Децата беа третирани со масло од канабис со 20 проценти ЦБД и 1 процент ТХЦ, главната психоактивна состојка во марихуаната, поради меѓусебниот придружен ефект на активните состојки, што докажува дека синтетички изолираните екстракти не се ефикасни. Третманот траеше најмалку седум месеци, а родителите ги пополнуваа прашалниците преку кои ја оценија состојбата на нивните деца на крајот на пробниот период.


Позитивни резултати

Резултатите од прашалниците покажуваат дека 80 проценти од родителите пријавиле намалување на проблематичното однесување. Во исто време, 62 % рекле дека однесувањето на нивните деца значително се подобрува. Каj половина од децата забележано е подобрување во нивото на комуникација, а 40 проценти забележале подобрување во нивниот систем на анксиозност, иако 33 отсто од децата немале симптоми на анксиозност пред да започне студијата. „Резултатите се охрабрувачки, но ние треба да продолжиме да ги истражуваме ефектите на канабисот врз аутизмот во клиничките испитувања“ - рече д-р Аран. Сите родители на децата, со исклучок на еден, сакале да продолжат со терапија со канабис откако ќе заврши студијата, вели истражувачот. Други досегашни истражувања, исто така ги поддржуваат израелските резултати од студиите.


Повеќе студии откриле медицинска корист од ЦБД

Во 2010 година во O'Shaughnesy's клиничко списание за канабис претставен е случајот на мајката која на својот син со аутизам му даде Маринол, кој содржи синтетички канабиноид. Според написот на д-р Лестер Гринспун (Lester Grinspoon), синтетичкиот препарат Маринол имал позитивен ефект врз однесувањето на синот, а жената подоцна го заменила овој третман со природна медицинска марихуана и забележала уште позначителна позитивна промена во начинот на кој дејствувал природниот лек во намалувањето на неговата агресија. Ова потврдува дека екстрактите од органско потекло не им се рамнат ни до петици на синтетичките препарати. Според статиите напишани од Bhismadev Chakrabarti, Antonio Persico, Natalia Battista и Mauro Maccarrone, можеме да заклучиме дека ендоканабиноидниот систем е поврзан со одговорноста за социјална награда, нервниот развој, циркадниот ритам (circadian rhythm) и симптомите поврзани со анксиозноста, што го прави канабисот извонреден лек во терапијата кај аутизамот. ЦБД е познато дека ја стимулира активноста на CB1 и CB2 рецепторите, но и останатите рецептори кои го сочинуваат ендоканабиноидниот систем.
 
 
Ефектите на ЦБД кај аутизмот се испитуваат и во други студии 

Други студии би можеле да го забрзаат развојот на терапиите базирани на ЦБД. Во април, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија Сан Диего, ги започнаа клиничките испитувања за ефектите на ЦБД кај аутизмот. Студијата вклучува 30 деца на возраст од 8 до 12 години. Целите се да се утврди дали ЦБД е безбедна и толерантна состојка и дали помага при симптомите на аутизмот? Во студијата, исто така, ќе се испитува како CBD ги менува активностите на мозочните бранови, невротрансмитерите и мозочното поврзување и ќе се испитува дали биомаркерите на невро-воспалението се засегнати од CBD.


Центарот за медицински канабис и истражување (Center for Medicinal Cannabis Research) на универзитетот по медицина од UC Сан Диего (UC San Diego School of Medicine) доби 4.700.000 $ од Фондацијата РRay and Tye Noorda за целите на студијата. Ова претставува најголема приватна донација која е направена за истражување на медицинската марихуана. Медицинскиот центар Montefiore и NYU Langone започнаа клиничко испитување оваа година, вклучувајќи деца на возраст од 5-18 години. Студијата ја предводат д-р Ерик Холандер (Eric Hollander), клинички психијатар во Медицинскиот центар Монтефиоре (Montefiore) и д-р Орин Девински (Orrin Devinsky), директор на Центарот за сеопфатна епилепсија NYU Langone’s Comprehensive Epilepsy Center. Д-р Холандер и д-р Девински најпрво ќе ги проучат ефектите на канабиноидот канабидиварин врз 100 деца, а потоа ќе преминат на уште едно истражување во NYU центарот, кое ќе го проучува ефектот на ЦБД.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Benzinga

Thursday, August 9, 2018

Студија: Маслото од канабис е 80% успешно кај децата со аутизам

Израелско истражување покажува дека CBD има 80% успех во намалувањето на проблематичното однесување кај децата со нарушувања од аутистичкиот спектар. Оваа израелска студија неодамна објавена во престижниот зборник Neurology го испитуваше ефектот на терапија со канабис кај аутистичните деца


Студијата, предводена од д-р Ади Аран (Adi Aran), директор на единицата за детска неврологија во болницата Shaare Zedek во Ерусалим, покажа дека третманот со канабис со висока концентрација на ЦБД (непсихоактивната супстанца која се смета дека има лековити својства) ја подобри состојбата на 80% од децата во студијата. Студијата вклучувала 60 деца со просечна возраст од 12 години, чија состојба не била подобрена со конвенционална терапија. Децата беа третирани со масло од канабис со концентрација од 20% ЦБД и 1% ТХЦ во период од најмалку седум месеци. ТХЦ е главната психоактивна состојка во марихуаната која го лекува ракот. ЦБД од друга страна, нема психоактивен ефект, но сите состојки мора да бидат присутни во екстрактот барем во минимална количина, поради придружниот ефект.


На крајот на периодот на експерименталното лекување, родителите на децата ги пополнија прашалниците за да ја проценат промената во нивната целокупна состојба. Родителите беа прашани дали забележале промена во однесувањето на нивното дете, степенот на вознемиреност на нивното дете и дали се промениле комуникациските способности на нивните деца. 80% од родителите на децата кои учествувале во студијата пријавиле намалување на проблематичното однесување, при што 62% проценти пријавиле дека однесувањето на нивното дете значително се подобрило.


Начхол Коен (Nachshol Cohen), основач на Cannabium - првото место за купопродажба на CBD рече: „Според неверојатниот извештај, осумдесет проценти од децата пријавиле подобрено функционирање! Се надеваме дека ова истражување ќе помогне да се дојде до концептуална промена од страна на регулаторите и креаторите на политиката, што ќе доведе до научен импулс што недвосмислено ќе ги покаже позитивните ефекти на канабисот врз различни здравствени проблеми“. Студијата исто така покажа дека половина од децата кои учествувале во студијата, воедно пријавија подобрување на нивото на комуникација, при што 40% велат дека нивните симптоми на анксиозност значително се подобрија. Една третина од учесниците не покажаа симптоми на анксиозност пред да започне студијата.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:









Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Israelnationalnews

Thursday, December 7, 2017

ЦБД го убива стравот од јавно говорење и социјалната анксиозност

Искусните корисници на канабис, доволно е да сролаат еден сатива џоинт пред да имаат јавен настап, но за оние кои се почетници и се плашат од тоа каков ефект ќе има врз нив џоинтот пред да држат говор, постои многу едноставно решение


Зборувај јасно и гласно без влакна на јазикот ;)
За канабисот одамна се знае дека ги смирува нервите и ослободува од стрес и кога си расеан помага полесно да се фокусираш. Истражувачите веруваат дека дури една мала доза на ЦБД значително го намалува стравот од јавно говорење. Канабидиолот ЦБД - канабиноид од марихуаната - исто како и ТХЦ, но без психоактивни својства третставува природен „антидотум“ на ефектот на ТХЦ и неопходен е особено кога се третираат нарушувања во мозочните сигнали, како разни видови на епилепсија. 

Snoop GOD :)
Значи, внесот само на ЦБД (без ТХЦ) нема да те напуши, но треба да се има исто така на ум дека сите канабиноидиеден без друг не можат да го дадат максимумот од својот лековит потенцијал на корисникот, затоа што дејствуваат синергично. Благодарение на неговата непсихоактивна природа, а со тоа и огромен комерцијален потенцијал, ЦБД станува најпопуларната природна лековита состојка од марихуаната меѓу законодавците, истражувачите, пациентите, како и неинформираните лица. Иако истражувањата за овој канабиноид се започнати неодамна, напредуваат многу брзо. Ова не треба да нè зачудува, затоа што екстрактите во кои донимира ЦБД се заслужни за тоа многу аутистични деца, соразлични ментални попреченостии пречки во говорот (говорни маани) - да проговорат за прв пат во својот живот!


Rihanna
Пред повеќе години, спроведено било едно истражување кое ги погледнало последиците на ЦБД врз првиот третман на пациенти со социјална фобија. Истражувањето не добило многу внимание, најверојатно бидејќи било извршено во 2011 година пред Колорадо и Вашингтон да станат првите сојузни држави кои ја легализирале рекреативната марихуана во 2012 година. Која и да е причината, ова истражување заслужува втора шанса. Истражувањата од повеќе Бразилски универзитети, меѓу кои Универзитетот во Сао Пауло, Државниот институт за транслациона медицина и Универзитетот во Јужна Санта Катарина соработувале на ова истражување кое ги тестирало ефектите на ЦБД врз пациенти со социјално-анксиозно пореметување, кои поминале симулација на тест на јавно говорење. Да нагласиме дека овие пациени никогаш претходно не биле третирани на никаков начин за нивната социјална фобија.


Tommy Chong
Истражувачите откриле дека „Треманот со ЦБД значително ја намалило анксиозноста, когнитивното оштетување и неудобноста и непријатноста што ја чувствувале за време на нивниот говорен настап и значително ја намалило небулозата во предвидениот говор“. Со други зборови, ЦБД значително им го намалило стравот од јавен говор. Истражувањето исто така потврди дека ова не било плацебо ефект, затоа што имало и контролна група. „Плацебо групата покажала повисока анксиозност, когнитивно оштетуваwе, неудобност и големо ниво на збунетост во споредба со контролната група“ - велат истражувачите. За секој што има страв од јавно говорење, а кој има среќа да биде благословен на тој начин да живее во држава каде канабисот е легален, може без никаков проблем да му погледне во очи на својот страв. Овие откритија го променуваат текот на играта. Често, ЦБД има различен легален статус во споредба со целата билка канабис и во некои сојузни американски држави како Алабама, имаат одобрено клинички проби со ЦБД додека истовремено одржуваат строга дистанца против растението кога вклучува психоактивна супстанца. Онаму каде што е легален, ЦБД се продава во разни форми, падури и во капсула и/или пилула. 


Засега, како што е заклучено од ова истражување - „Овие прелиминарни резултати укажуваат дека една доза на ЦБД ја намалува анксиозноста зајакнувајќи ги ефектите провоцирани од симулацијата во тестот за јавно говорење кај пациенти со социјална анксиозност, потврдувајќи дека овој канабиноид го спречува стравот од говор во јавност“. Па, наредниот пат кога треба да зборуваш пред група (непознати) луѓе, дури и да немате трема не заборавајте да пробате прво да си ги средите мислите во главата со канабис, па потоа да дозволите говорот сам да си тече од вашата душа, прекувашата уста. Добра медитациска техника е додека пушите џоинт да си замислувате како вдишувате позитивна енергија, а како со секое издишување се ослободувате од наталожената негативна енергија во вашиот систем, стравот и тремата... Inhale the good shit - exhale the bullshit!

Извор: HERB

Wednesday, April 5, 2017

Мајката на тинејџер со Туретов синдром се бори за медицинска марихуана во училиштата

Канабисот позитивно влијае на расположението. Помага при анксиозност и депресија, без да создаде зависност. Смирува и релаксира без несакани споредни ефекти. Ја враќа мотивацијата и желбата за живот. Корисниците започнуваат да гледаат оптимистички на животот и наместо да ги гледаат недостатроците, започнуваат да се фокусираат на позитивните аспекти на работите

Џои Мичел и нејзиниот син Џош Мичел
Џои Мичел (Joy Mitchell) вели дека нејзиниот 16 годишен син Џош (Josh) благодарение на канабисовото масло се променил од многу насилен и често пати повлечен на училиште, во дете кое може конечно да се контролира. Но, законот се` уште го одвлекува овој тинејџер назад од неговиот лек. Само пред неколку месеци, тивко и сконцентрирано играње шах, било невозможно ни да се помисли за ова момче. Овој шеснаесетгодишник има Аутизам, а згора на тоа доби уште една дијагноза, а тоа е Туретов синдром. „Тој ја трескаше својата глава навистина тешко на земјата“ - објаснува Џои која вели дека Џош со саксија фрлал по шерифот. Одлуката да пробаат медицинска марихуана ја донесоа минатата година кога мајката веќе не знаеше каде ѝ е паметот. „Тој му се закануваше на мојот постар син со нож и ескалираше добивајќи премногу сила за да го спречам, имаше повеќе епизоди и јас не знаев што друго да направам, ние се обидовме со се` на што можевме да помислиме“ - објаснува мајката. 


Секое дете заслужува здравје и непречено образование!
За среќа лекарите му препишаа на Џош еден вид на канабисово масло, коешто тој го прима на секои два часа. „Јас само ја отварам мојата уста и го нанесувам под јазикот. Само едно прскање вообичаено. Тоа ми помогна да се смирам повеќе и да се релаксирам и слично. Јас ги правам овие звуци и ми помогна и тоа да престане исто така“ - изјавува младиот пациент Џош Мичел. Тој покажа позитивна промена во однесувањето благодарение на канабисовото масло. Мајката смета дека беше многу драстична, многу брза. Тој често вриштеше дека го мрази својот живот (F*** my life) цело време. Неговата мајка среќно изјавува дека оваа изјава се променила од „го мразам мојот живот“ во „го сакам мојот живот“!

Тој има потешкотии на училиште...“ - вели неговата мајка, кога тој нема да ја земе својата доза. Џош може да пропушти само една доза пред да почне да се вознемирува. „Доколку можам да го имам ова на училиште тоа ќе ми помогне многу во мојата работа и се` останато“ - додава Џош. Џои сака нејзиниот син да има колку што е можно поисполнет живот и тоа вклучува одење на училиште по цел ден. 

Со канабис против стрес, анксиозност, агресија, депресија!
Мислам дека тие чуваат други лекови под клуч во училиштето и јас не разбирам зошто тие едноставно не можат да го чуваат заклучено“ - Џои сака Џош да може да го користи својот лек и на училиште. Доста голем број американски држави изгласаа строга регулатива која дозволува медицинска употреба на канабис во училишните кампуси. Главниот спонзор на оригиналниот предлог-закон во Минесота, сега откако се стекна со внимание, ова за него треба да биде лесно техничко прилагодување. Сенаторот Скот Дибл (Scott Dibble), политичар од партијата Minnesota Democratic–Farmer–Labor Party (DFL) изготвува нацрт-закон со надеж дека ќе го претстави за време на законодавната сесија оваа недела.

 
Канабисот ја поттикнува неврогенезата!
Асоцијацијата на училишните одбори од Минесота рече дека најдобриот совет од нив за сега е дека медицинската марихуана мора да биде складирана и давана надвор од училишните дворови. „Како јавно училиште, ние треба да се придржуваме кон сите закони коишто се однесуваат на јавните училишта. Според Статутот MN 152.23, во ниту едно училиште во Минесота не е дозволено користење медицински канабис во училиштата. Следствено, бидејќи не е дозволен во училишните дворови, автобуси итн. ние не можеме да го дозволиме“ - истакна Тод Лишио (Todd Lyscio), Извршниот директор на Crosslake Community School. Да се надеваме дека ова наскоро ќе се промени, затоа што секое дете заслужува нормално детство и соодветна едукација!

Извор: CBS Minnesota

Friday, January 13, 2017

Магичните колачи со канабис му го променија животот на ова момче

Болна исповед на една мајка... Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува...


Marie Myung-Ok Lee со сопругот и 12 годишниот син
Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува: Ми беше потребно извесно време за да го усовршам рецептот за колачите. Експериментирав со состојките: Blueberry, Strawberry, Sour Diesel, White Widow, Bubba Kush, AK-47 - сите врсти на канабис коишто ги чував, помешани со глицерин во прецизно означени тегли на полицата во кујната. Откако колачињата завршуваа со печењето, јас ги вкусував трошките и ги забележував ефектите во тетратка. Често се чувствував опуштено. Една варијанта ме успа. Кога се убедив себе си дека серијата е во ред, јас му дадов колаче на мојот 9 годишен син. Во тоа време тој беше обземен од насилни напади на бес. Тој ја трескаше главата, вриштеше со часови и буквално ги јадеше своите маици. За време на вечерата, тој ги фрлаше неговите чинии толку силно што имаше храна закачена на таванот. Тој се гребеше и удираше и себеси и другите, така што луѓето ќе ги погледнеа црвените линии на нашите тела и не‘ прашуваа претпазливо, дали имаме мачки?

Но, кога ги погодив колачињата, тој се смири. Неговите агресии станаа помалку жестоки и поретки. Времето на оброците стана помалку бурно. Тој беше во можност да задржи доволно ниво на само-смиреност, така што тој дури и научи да вози велосипед - и покрај фактот што секој експерт ни кажуваше дека тоа никогаш нема да се случи. Сфаќам дека некои луѓе може да гледаат со лутење на родителите кои чуваат трева во домот, а камоли да спроведуваат полулегални медицински експерименти врз нивните деца. Но, крајно време е да се преиспитаат културните и правните ограничувања што се наметнати врз канабисот, особено кога станува збор за децата. Животот на мојот син е променет поради тоа.

Уште откако беше новороденче, јас го гледав мојот син како страда. На 18 месеци, тој беше подложен на две големи операции за отстранување на тумори на 'рбетниот мозок, само неколку недели една од друга и беше имобилизиран во гипс цела една година. После тоа, насилното беснеење започна - понекогаш дури 300 напади во еден ден. Мојот сопруг и јас не разбиравме зошто тој постапува на овој начин, се‘ додека тој беше дијагностициран од воспалителна болест на цревата на возраст од 3 години, за која дознавме дека му предизвикува болки поголем дел од денот, како и тежок аутизам, што му претставуваше тешкотија за него да се изрази себе си или да побара помош.

Се обидовме со сите видови на третмани, вклучувајќи и применувана анализа на однесувањето (applied behavior analysis - претпоставениот златен стандард кај терапијата на аутизмот), работна терапија, терапија со коњи и аудитивна интеграција. Неговиот гастроентеролог му препиша моќни антиинфламаторни лекови. Од времето кога наполни 5, нашиот син беше во специјално училиште и на хипоалергична исхрана. Потоа, неколку години подоцна, лековите престанаа да работат, а неговите агресии експлодираа. Неговото училиште, инсистираше тој да посетува психијатар, кој го препорача лекот Risperdal за лекување на неговата „аутистичка раздразливост“. 

Се чинеше дека ние повеќе немавме опции. Тогаш јас налетав на став во „Ботаниката на копнежот“ (The Botany of Desire) од Michael Pollan. Тој тврди дека канабисот е одличен за намалување на болката и може да ја забави краткотрајната меморија. Би можело ли ова, се прашував, да му помогне во ублажувањето на болката на мојот син и нападите од умствените сигнали што тој се бореше да ги процесира? За да го истражам ова прашање, јас станав дел од група на пациенти за медицинска марихуана која се состана на Универзитетот Браун (Brown University), каде што јас предавав. На собирот на тешко болни пациенти еден по друг зборуваа за лековитите влијанија на канабисот. Еден млад човек со парализирачка анксиозност и Туретов синдром, рече дека еден куп на психијатриски лекови не можат да ги смират неговите напади, но тревата можеше.

Мари на прошетка со нејзиниот здрав син!
Се убедив дека марихуаната вреди да се проба. По неколку недели на колебања, неврологот на мојот син се согласи. И така, на возраст од 9 години, мојот син стана најмладата личност со дозвола за медицинска марихуана во Род Ајленд. Најдовме сертифициран снабдувач. Потоа, бевме зафатени со пронаоѓањето на типот на марихуана што најдобро ќе функционира за него и на кој начин да го натераме да ја консумира? Д-р Lester Grinspoon, психијатар и професор на Медицинскиот факултет Харвард, кој го истражува канабисот од 1960-тите, ме увери дека најлошото што можеме да му го направиме на нашиот син е да заспие. Се разбира, паранојата е уште еден извитоперен и несакан ефект на марихуаната, но неврологот Карл Харт од Универзитетот Колумбија, кој давал марихуана на илјадници истражувачки субјекти, забележал дека паранојата исчезнува по неколку часа и со текот на употребата на канабисот пациентот се навикнува на ефектите и повеќе не му се необични и непријатни, т.е. тие се намалуваат.

И навистина канабисот е една од неколкуте природни супстанци на планевата што не можат да те убијат! За мојот син, не секој вид на канабис помагаше. Но, на крајот, ние се базиравме на врстата White Russian, миленик на пациентите заболени од рак во големи болки и преминавме од колачињата на маслена тинктура што мојот син ја добиваше орално на секои неколку часа со капалка. Тоа изгледаше како чудо. И седум години подоцна, тоа се‘ уште функционира.

Целата сторија можете да ја прочитате тука: The Washington Post

Saturday, October 31, 2015

Аспергеровиот синдром се лекува и контролира со помош на Канабис

Марихуаната може да се употребува за да се ублажат негативните симптоми кај ова невроразвојно нарушување, но и да се истакнат позитивните страни кај пациентите со Аспергеров синдром. Како да се користи? Како делува?


Зелена е бојата на новата панделка
која го симболизира ова нарушување!
Аспергеровиот синдром претставува форма на Аутизам која може да се појави во детството, но и подоцна во текот на животот. Симптомите вклучуваат проблеми со социјализација, гласна вокализација, нетипичен говор, емоционална приврзаност или одбивност, проблеми со контролата на гневот и ограничени интереси, кои можат да прераснат во опсесија. Луѓето со Аспергеров синдром најчесто се чувствуваат како да не припаѓаат во општеството. Тие често пати се попаметни, покреативни или повнимателни од своите врсници и можат тоа да го покажат и да успејат во животот, само доколку им е дадена шанса. 

Тетрахидроканабинолот (THC) и Канабидиолот (CBD) се двата главни канабиноиди (состојки во канабисот). ТХЦ е психоактивниот канабиноид што го дава блаженото возвишено чувство на еуфорија, додека пак ЦБД не е психоактивен канабиноид и има смирувачко дејство, т.е. го намалува и неутрализира ефектот на ЦБД. Лицата со Аспергеров синдром се препорачува да бараат врсти на Марихуана кои имаат повисоко ниво на ЦБД наспроти ТХЦ од кои може да се направат есктракти - масло и тинктури или пак, прехранбени производи со екстракт од канабис (колачи и сл.) или ректални супозитории за подолготраен ефект. Пушете или вапоризирајте ги цветовите, доколку ви треба брз ефект. Ако имате Аспергеров синдром пожелно е да ги мешате цветовите со листовите, за да внесете поголемо количество на ЦБД.


Анксиозност: Анксиозноста поврзана со Аспергеровиот синдром го оневозможува нормалниот тек на еден продуктивен живот. Канабидиолот го смирува телото и ослободува од стресот. Затоа ако имате Аспергеров синдром особено доколку сте почетник, избегнувајте врсти на канабис со високо ниво на Тетрахидроканабинол, кои може да предизвикаат дополнителна вознемиреност.

Лутина и бес: Лицата со Aспергеров синдром често се доста нестабилни и контролирани од страна на нивните емоции и може да имаат напади на бес не само во детството. Запалете џоинт или вапоризирајте канабис веднаш штом почувствувате дека збеснувате. На тој начин веднаш ќе може да се смирите до ниво кога слободно ќе може да разговарате за вашите чувства.

Гастроинтестинални нарушувања: Луѓето кои патат од Аспергеров синдром може да имаат проблеми со контролата на стресот, поради нивната неможност да ги контролираат своите емоции. Ова често пати доведува до нарушувања на гастроинтестиналниот тракт, како Улцеративен колитис, Воспаление на дебелото црево или Кронова болест. Марихуаната ослободува од болки и има ани-воспалително својство. Доколку кај овие лица се појави анорексија и неухранетост, марихуаната го стимулира апетитот, бидејќи го предизвикува чувството на глад.

Канабисот е делчето кое недостасува во мозокот
на пациентите со Аспергеров синдром.
Несоница: Стресот и депресијата кај лицата со Аспергеров синдром го оневозможуваат квалитетниот целовечерен сон. Канабисот помага при заспивањето и навлегувањето во длабок сон, поради седативниот ефект.

Кога мозокот е пребрз: Аспергеровиот синдром предизвикува неможност луѓето да се сконцентрираат и да комуницираат, поради тоа што мислите им се пребрзи. Марихуаната го забавува процесот на размислување, овозможувајќи им на овие пациенти да размислуваат јасно и да се фокусираат на една мисла/тема во еден момент.

Социјализација: Канабисот може да ги ублажи социјалните фобии, што особено на овие пациенти им овозможува ослободени да излезат од дома и да се социјализираат без потешкотии и без грижи дека ќе се чувствуваат чудно.

Марихуаната може да не им помогне на сите пациенти дијагностицирани со Аспергеров синдром и може да не помогне веднаш. Потребно е да се пробува и да се бара соодветната врста, односно да се испробуваат разни варијации на соодносот на ТХЦ и ЦБД, но и да се пробаат разните начини на консумирање на овој природен лек, за да се пронајде најсоодветниот начин на лекување со канабис којшто е најкорисен за конкретниот пациент.

Friday, October 23, 2015

Аутистично 9-годишно немо момче прозборе за прв пат по само 2 дена на масло од канабис

По само два дена поминати на канабис терапија (со екстракт од цветовите на канабисот), ова девет годишно аутистично и повлечено во себе дете, прозворува за прв пат!

Семејството Сантиаго пресреќно
што може да го слуша гласот на нивниот син!
Семејството од Пуерто Рико проба се` за да му помогне на нивниот 9 годишен син со Аутизам, Калел Сантиаго (Kalel Santiago). Калел никогаш во својот живот не зборувал и не изустил ниту еден збор, но само по два дена откако тој ја прими првата доза на екстракт од канабис, неговата судбина драстично се промени.

Во Пуерто Рико употребата на марихуана во медицински цели беше нелегална, се` до пролетта оваа година. Во мај, откако Гувернерот на Пуерто Рико потпиша извршна наредба со којашто се легализираше канабисот во медицински цели, семејството Сантиаго одлучи да проба да го лекува малиот Калел со помош на канабисово масло.

Кога малечкиот Калел имаше само 10 месеци, тој бил дијагностициран со редок вид на детски рак наречен неуробластома. Оваа болест на Калел му уништи две години од неговото детство за операции, хемотерапии и радијации. Тоа не беше се`... Семејството Сантиаго, уморни и истрауматизирани поради ракот на Калел, добија уште една дијагноза од лекарите - невербален аутизам

Малиот Калел сега може да се смее гласно како секое дете!
Додека тој беше во болница, ние забележавме дека тој воопшто не зборува и дека се однесува на несоодветен начин, како што е мавтањето со рацете и одењето на прсти. Но, ние чекавме додека тој не наполни 3 години и не се излечи целосно од ракот, за да започнеме да го третираме неговото однесување“ - изјавува таткото на Калел, Абиел Гомез Сантиаго (Abiel Gomez Santiago) во едно интервју за Yahoo Parenting.

Абиел заедно со неговата жена, мајката на Калел Гладис Сантиаго (Gladys Santiago) многу долго истражуваа за немиот аутизам, но исто така пробуваа се` на што ќе налетаат со цел да му помогнат на своето дете. Но, како што легализацијата на медицинскиот канабис во нивната држава земаше се` поголем замав, тие дознаа за лековитите својства на канабисот, особено на канабиноидот (состојката од канабисот) наречена Канабидиол (CBD) и за успешноста на третманите со канабисово масло при третирањето на Аутизам, АДД, АДХД и други невролошки нарушувања.

Тие дознаа за стотици среќни приказни на успешно излечени епилептични и аутистични деца со помош на CBD. Калел започна да користи канабисово масло во спреј и семејството тврди дека по само два дена момчето прозборело за прв пат во својот живот. „Тој не` изненади на училиште кажувајќи ги самогласките 'A-E-I-O-U'. Тоа беше прв пат до сега“ - истакнува таткото Абиел. „Не можете ни да си ги замислите емоциите кои ние ги имавме, слушајќи го гласот на Калел за прв пат. Тоа беше неверојатно. Учителката го снимаше и ни ја испрати снимката на мене и на мојата сопруга и ние рековме добро, единствената разлика  што ја правевме беше користењето на CBD“ - додава тој.

Набрзо по овој мил настан, Калел започнал да употребуба консонанти во својот говор за да ги поврзе гласовите. „Тој рече: 'amo mi mama' - Ја сакам мојата мајка“ - објаснува Абиел.

Лекарите упорно ќе тврдат дека аутизмот на Калел бил вроден, но многу голема веројатност постои дека ова невролошко нарушување се појавило поради хемиските препарати и разновидните штетни лекови што ова детенце „морало“ да ги прима поради ракот. Едно е сигурно, доколку овие родители слушнеле порано за лековитоста на канабисот и за тоа дека ова растение успешно го убива ракот без несакани последици и започнале да го лекуваат со канабис уште додека била поставена првата дијагноза - организмот на нивниот син многу побрзо и на природен начин ќе се справел со канцерот. Калел исто така ќе започнел да зборува на време, како сите деца, бидејќи канабисот го потпомага правилното развивање на мозокот и центрите за говор.


Слушнете што имаат да кажат за канабисот и канабисовото масло овие спресреќни родители кои го имаат истиот проблем како родителите на Калел Сантиаго - Аутизам.


Monday, September 21, 2015

Втор канабис семинар во Македонија 27.09.2015, кино МИЛЕНИУМ, Скопје организиран од Зелена Алтернатива

Здружението „Зелена Алтернатива“ има особена чест и задоволство и оваа година да ве покани на семинарот на тема:

„Канабис: Теорија и пракса“
Елитата на Медицинскиот Канабис на едно место.


Семинарот ќе се одржи во кино Милениум, во недела, 27ми септември во 12:00 часот.
Картите за семинарот што ќе се одржи во недела во Кино Милениум се бесплатни, а може да се подигнат на билетара утре (сабота - 26.09.15) цел ден од 10:00 до 22:00 вечер! 
Предавачи на семинарот се: Рик Симпсон, Лумир Хануш и Пол Хорнби.
Рик Симпсон не е во можност лично да присуствува така да ќе говори преку Skype.

Др. Лумир Хануш во првиот дел од неговото обраќање ќе говори за ендоканабидоидите и компатибилноста на човечкиот организам и Канабисот. Во вториот дел ќе ни одговори на прашањето: Дали имаме доволно знаење за третманот со Канабис - стари и нови сознанија за медицинската вредност на Канабисот во лечењето на болни. Многу интересно ќе биде излагањето на др. Пол Хорнби: под наслов: Важноста на CBD-то (The importance of CBD).

Тој ќе се сконцентрира на важноста на CBD (канабидол), вториот по важност канабидоид во канабисот кој има огромна улога во модерните третмани со канабис. Тој ќе има осврт кон CBD-то екстрактирано од нашиот „македонски див коноп“ кој секоја есен залудно скапува по полињата и покрај патиштата во Македонија. Ќе зборува за важноста на ова македонско национално богатство во медицината и во лекувањето на болни и потенцијалот што овој ендемичен подвид на канабис би го имал на глобалниот-светски пазар.

Покрај овие светски експерти за медицински канабис на семинарот ќе присуствува и говори и Хуанито Луксетиќ од Хрватска. Тој долго време се бори со Мултиплекс Склероза и е тука за да ги сподели своите искуства со болните и заинтересираните во Македонија. Тој е воедно и многу гласен активист за легализација на медицинскиот канабис.

Целта на семинарот е овие долгогодишни истражувачи на канабисот и неговата примена во медицината да ги споделат своите искуства со македонската јавност. Се надеваме дека овој настан ќе придонесе за што побрзо носење на закон за легализација на конопот т.е. канабисот за медицински цели, се со цел да се излезе во пресрет на болните кои што го користат ова растение и неговите производи како лек.

Зелена Алтернатива ќе ги објави деталите околу семинарот во наредните неколку дена. Точното време, резервациите, подигањето на карти и деталната програма. Повеќе информации од понеделник на Facebook групата на Зелена Алтернатива. Овојпат бројката на посетители ќе биде поголема!





Ве покануваме и вие да бидете дел од овој научен собир.
Недела, 27ми септември 2015, кино МИЛЕНИУМ - Скопје.

 
Разгледајте го каналот на YouTube на Зелена Алтернатива. Таму ќе ги најдете предавањата од Првиот семинар за демистификација на канабисот.

Споделете го овој пост со вашите Facebook пријатели!

Monday, May 25, 2015

Не постои заболување кое не може да се лекува со Канабис!


Канабисот лекува: Астма, Псоријаза, Егзема и други кожни заболувања, секакви видови на Рак, Депресија, други видови на болести и состојби на расположението и однесувањето, Дијареа, Гадење, Епилепсија, Глауком, Мултиплекс склероза, Кронова болест, Грчеви во мускулите, Главоболки, Проблеми со спиењето, Анорексија, Булимија, Дебелина, Дијабет, Алцхајмер, Артритис, Болки, и... ЛИСТАТА ПРОДОЛЖУВА!



Речиси не постои заболување кое што не може да биде лекувано со Канабис! Секое заболување најдобро се третира со соодветна врста на Канабис, т.е. со соодветен сооднос на канабиноидите. Секој канабиноид дејствува различно на секоја болест и за третирање на секоја болест потребна е поголема концентрација на некој од канабиноидите.




Меѓутоа, Екстрахираниот Канабидиол или некој друг канабиноид не се доволни. Имено, за да се постигне целокупната лековита моќ за успешно да се победи одредено заболување, потребно е целото растение, а пред се` цветовите во кои се содржи волшебна природна комбинација од лековити состојки, кои само заедно можат да го дадат посакуваниот ефект - ЗДРАВЈЕ!


Hannah има тешка епилепсија - Драветов синдром. Се` што сака ова дете е да биде здраво. Тоа е невозможно, бидејќи „ЦЕЛИОТ ЛЕК“ се` уште е НЕЛЕГАЛЕН, а фармацевтските деривати со CBD од билката ги задоволуваат само потребите за профит на фармацевтските индустрии, а не и потребите на пациентите. Затоа потребно е да се легализира целото растение!