Showing posts with label коса. Show all posts
Showing posts with label коса. Show all posts

Friday, January 8, 2016

Трикови како успешно да ги прелажете тестовите за детектирање на марихуана

Неколку совети од NORML како успешно да го надитрите законот

Тестовите за урина се способни да детектираат присуство на марихуана 1-5 дена по случајната повремена употреба, 1-3 недели кај редовните корисници и 4-6 недели кај лицата кои користат марихуана неколку пати во денот. Исто така, лошата страна кај овие тестови е тоа што тие само го детектираат присуството на метаболичките остатоци од канабисот, а не и на психоактивните елементи и исто така, не можат да одредат колку некој е под дејство.

Задржувањето на THC кај секого е различно и зависи
од многу фактори како телесна тежина и дебелина.
Денешните тестови за урина потешко може да дадат лажни позитивни резултати поради присуство на некоја друга супстанца во организмот, како на пример некои лекови. Пасивните пушачи на марихуана нема потреба да се плашат, доколку не биле многу изложени на чадот од канабисот.

Генералната стратегија за негативен резултат на тестот за урина е да се зголеми внесот на течности особено вода и почесто да се уринира, особено два часа пред тестирањето. Пожелно е да внесувате повеќе течности неколку дена пред тестираето и да го забрзате метаболизмот со повеќе вежбање, за побрзо исфрлање на метаболитичките остатоци од канабис. Препорачливо е да не ја дадете за тестирање првата утринска урина, бидејќи метаболитите во системот пловат  повеќе за време на сонот.

Некои лаборатории можеби нема да ви го прифатат примерокот поради разреденоста на урината - преголемата количина на вода и проѕирноста на урината. Затоа може да консумирате поголема доза (50-100 мг) од витаминот Б2 што го има во Б-комплексот за урината да добие жолтеникава боја. Можете да го поттикнете исфрлањето на течности со земање на диуретици (кафе, чај и сок од брусница итн) за поттикнување на мокрењето. Чаевите за прочистување на урината се добредојдени, како Увин.

Чувајте си „чиста“ урина. Доколку можете да подметнете примерок од ваша сопствена или туѓа чиста урина (после соодветна пауза од користење канабис), имајте предвид дека температурата на урината кога ќе ја предаватe треба да соодветствува на температуара на урината што би ја предале веднаш по мокрењето.

NORML (National Organization for the Reform of Marijuana Laws) е Американска национална организација за реформи на законите за марихуана. Мисијата на NORML е подобрување на јавното мислење кон легализација на одговорната употреба на канабис од страна на возрасните лица, но и адвокат за сите корисници во обезбедувањето на пристап до висококвалитетна марихуана која е безбедна и со пристапна цена.

Тестот не ја мери моменталната работоспособност
Додека NORML е противник на користење на дроги за време на работата, а 420Macedonia е противник на користењето на дроги воопшто, ние исто како и NORML сметаме дека никој не смее да биде приморан да изврши тестирање на крвта или урината, особено кога се работи за марихуаната, бидејќи таа е лековито растение, а не дрога. Сметаме дека тестовите ја нарушуваат приватноста и не ја мерат моменталната нарушеност, туку минатата употреба. За поуспешна проверка дали некој во моментот е во работна состојба, наместо тестови за присуство на хемиски остатоци од марихуана во метаболизмот, треба да се спроведуваат тестови за моментална концентрација и брзина на реакции со едноставна компјутерска видеоигра.

Во самоодбрана покрај можноста за покревање на соодветна правна постапка, најдобрата одбрана против анализата на урината и крвта е да се биде чист. За жал ова е малку комплицирано кога некој секојдневно сака или мора да користи марихуана за справување со некој здравствен проблем. Исто така, работодавците треба да знаат дека ваквите тестирања само им внесуваат непотребен стрес на вработените и со тоа ја намануваат продуктивноста. Ниту една научна студија не потврдила дека тестирањата за присуство на марихуана и дроги ги прават работниците попродуктивни, ниту пак некако придонесуваат. NORML тврди дека случајните тестирања може да поттикнат употреба на дроги кои се поретко или воопшто тестирани како кокаин, халуциногени дроги или опијати, поради тоа што во системот се задржуваат многу пократко од канабисот - 2-3 дена. Исто така, речиси воопшто не се спроведуваат тестирања за присуство на алкохол, што е најзлоупотребуваната психоактивна и токсична супстанца дури и на работното место. 

Wednesday, December 30, 2015

Колку време остануваат трагови од канабис во метаболизмот по консумирањето?

Тетрахидроканабинолот - THC e главната природна хемиска состојка откриена во марихуаната која е одговорна за еуфоричното чувтсво што го сакаат рекреативните корисници, но и состојка која е одговорна за убивањето на канцерогените клетки, ефект посакуван од страна на пациентите. Оваа органска состојка е екстремно хидрофобна и се распаѓа во телото за време на метаболитичните процеси во околу 80 различни метаболити

Поради хидрофобната природа на овие метаболити, поларните молекули како што е водата, не можат да ги растворат, за разлика од лесното растворување на алкохолните молекули од страна на водата. Метаболитите од канабисот се групираат со други неполарни молекули, како што се алканите и масните молекули (телесните масти), во косата и ноктите. THC всушност се складира во мастите и кога спортуваме се ослободува давајќи ни додатна енергија - ефект посакуван и нашироко употребуван од страна на спортистите.

Канабисот не е дрога, но поради законските одредни што така го класифицираат, ограничуваат и забрануваат ова растение, одредени работни места на пример не дозволуваат употреба ниту на марихуана и покрај тоа што лицето е болно и со помош на канабис само се лекува. За да го надитрите законот или пак само за да го „положите“ тестот за присуство на канабис што некој ви наложил или ве замолил да го направите, треба да знаете колку време во системот се задржуваат трагите од користењето марихуана и на кој начин таа се разложува. И покрај тоа што рекреативниот ефект трае сосем кратко без никакви последици врз свеста на корисникот, трагите од користењето се задржуваат подолг период. Остатоците од канабис се возможни за детектирање извесно подолг период, во споредба со некои синтетички дроги/лекови. Па честопати на тестовите за присуство на супстанци многу полесно си поминуваат наркоманите, во споредба со пушачите на трева.

Концентрации на нивото на THC по консумирањето

Пушењето и вапоризацијата на цветови и екстракти е најчестиот начин на внесување канабиноиди. По инхалацијата, тетрахидроканабинолот веднаш се внесува во крвниот систем низ белите дробови. Со забрзаната циркулација на срцето, овој канабиноид во комбинација со голем број на други, меѓу кои и канабидиолот - CBD, делуваат веднаш на човечкиот ендоканабиноиден систем со интеракција на CB1 и CB2 рецепторите лоцирани насекаде низ телото. THC многу лесно и веднаш се детектира непосредно по консумирањето. Кај нередовните корисници, нивото на THC паѓа побрзо, во споредба со редовните корисници. 

Ова растечка и профитабилна индустрија!
Генерално, концентрацијата на THC во крвта исто така многу брзо опаѓа по консумирањето канабис, поради тоа што се распространува со крвотокот до сите ткива и органи. Како и да е, не е невообичаена појавата нивото на THC да остане високо во крвта и неколку денови кај секојдневните корисници на марихуана. Кај секого е индивидуално. Научниците заклучиле дека телото елиминира 60-80% од состојките на канбисот низ изметот. 

Исто така треба да се знае дека THC e неполарна липосолубилна молекула, што значи дека е апсорбирана од страна на липидите, т.е. масните клетки од телото. Студиите покажуваат дека THC е складирано во телесните масти и со редовната употреба, може да се задржи таму и неколку недели. Со текот на времето, масните ткива ги враќаат молекулите на THC во крвта, каде што црниот дроб ги преработува во непсихоактивни THC-COOH деривати за одржување на телото. И покрај тоа што не треба да се плашите и срамите од правење нешто што е здраво, сепак доколку морате да се криете и доколку ви претстои опастност од тестирање, подобро е и да направите некој месец пауза.

Видови на тестови за присуство на канабис

Остатоците во косата остануваат подолго
отколку во крвта и урината
Тестовите за присуство на THC во крвта можат да бидат поделени во две групи - поранешна употреба и моментална интоксикација. За проверка дали лицето некогаш користело марихуана, најчесто се крости тест на урина или коса (кој е многу скап). Овие тестови најчесто секогаш го проверуваат присуството на THC-COOH молекулите. За детекција на моменталното присуство најчесто се прават тестови на крвта или плунката. Овие тестови проверуваат дали има присуство на THC молекули во моментот, што за службените лица е индикатор дека лицето е под дејство, но тие не знаат дека секој човек има различен праг на толеранција на THC. Количеството канабис што е доволно или премалку за еден, може да биде премногу за друг. Марихуаната не е алкохол и оттука толеранцијата на количество марихуана не може да се споредува со толеранцијата на исто количество на алкохол. 

Прочитајте повеќе за триковите како успешно да ги прелажете тестовите за детектирање на марихуана во следниот текст.

Извор: THC Over Dose