Showing posts with label параноја. Show all posts
Showing posts with label параноја. Show all posts

Thursday, August 30, 2018

Научниците пробуваат да разберат како компонентите од канабисот може да се борат против психоза

Најновите сознанија ја нагласуваат сложеноста на коктелот на состојки пронајдени во билката марихуана, во време кога законите на канабисот стануваат либерализирани во многу земји ширум светов. Британските научници открија како неинтрузивната компонента од канабисот делува во клучните области на мозокот за да ја намали абнормалната активност кај пациенти со ризик од психоза, што укажува на тоа дека состојката може да стане нов природен антипсихотичен лек


Активната состојка од канабисот наречена Канабидиол или ЦБД се чини дека има спротивен ефект на неодамнешната заблуда дека редовната употреба на канабисот може да го зголеми ризокот од појава на психоза. Всушност редовната употреба на канабис ја поттикнува неврогенезата, ги подобрува мозочните перформанси, а исто така ја подобрува психо-физичката состојба кај децата од аутистичен спектар. ЦБД е истото соединение од канабисот кое исто така покажало бенефит кај педијатриската епилепсија. Новата студија на King's College London открила дека ЦБД се чинело дека се спротивставува на ефектите на Тетрахидроканабинолот или ТХЦ, супстанцијата од канабисот што дава возвишено чувство, го лекува ракот, но исто така помага кај Алцхајмерот. Всушност овие две состојки заедно со останатите компоненти од растението делуваат синергично, меѓусебно правејќи си пат во дејствувањето преку нашите природно вродено вградени ендоканабиноидни рецептори.


Со скенирање на мозокот на 33 млади луѓе кои доживеале вознемирувачки психотични симптоми, но не биле дијагностицирани со целосно развиена психоза, д-р Сагник Бхатачарја (Sagnik Bhattacharyya) и неговите колеги покажаа дека давањето на ЦБД капсули ја намалува абнормалната активност во стриатумот, медијалниот временски кортекс и средниот мозок. Абнормалностите во сите три од овие области на мозокот се поврзани со појавата на психотични нарушувања како што е шизофренија. Најактуелните синтетички анти-психотични лекови се насочени кон допаминскиот хемиски сигнален систем во мозокот, додека ЦБД работи на поинаков начин. Значително е дека соединението е многу добро толерирано од страна на организмот, избегнувајќи ги несаканите опасни ефекти поврзани со постоечките фармацевтски анти-психотици, како што се зголемување на телесната тежина и други метаболни проблеми поврзани со нив. 


Една од причините зошто CBD е возбудлив е поради тоа што е многу добро толериран во споредба со другите анти-психотици што ги имаме. Постои итна потреба за безбеден третман за младите луѓе изложени на ризик од психоза“ - рече д-р Бхатачарја од Кралскиот колеџ, како заклучот на студијата насловенаВлијание на Канабидиолот на симптомите, откривање и неврофизиолошки абнормалности кај клиничките пациенти со висок ризик за психоза: Плацебо контролирана студија“. Институтот за психијатрија, психологија и невронаука на Кралскиот колеџ сега планира клиничко испитување врз 300 пациенти за да го тестира вистинскиот потенцијал на ЦБД како третман. Се очекува пријавувањето во студијата да започне на почетокот на 2019 година. Истиот научник доста го истражува десјтвото на ЦБД врз психозата, па вклучен е и во неодамнешната студија која го истражуваПотенцијалот за третман со Канабидиол за корисниците на канабис со неодамнешна појава на психоза“, како и новото истражување за „Канабидиолот како третман во различни фази на психоза - ефикасност и механизми“.



Новинар, Уредник и Претседател: MoniQue Konopova
Извор: Reuters

Sunday, June 4, 2017

Анксиозност, Параноја; Депресија; Мултиплекс склероза (МС); Зависности (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 103 - 105)

http://donate.hempcures.work/
„Јас мислам дека анксиозноста и паранојата со употребата на овој лек може да биде доста намалена ако системот едноставно би престанал да апси луѓе за неговата употреба. Кога се започнува третманот со маслото, јас им велам на пациентите, „Ако маслото те прави сонлив, не бори се со тоа.“

Некои луѓе може да бидат анксиозни додека се обидуваат да ги надминат релаксирачките ефекти од овој лек кога она што тие едноставно треба да направат е само да се релаксираат и да не се борат со овие ефекти. Многу вариетети на коноп имаат многу мал потенцијал да предизвикаат анксиозност, но има врсти кои можат. Ако пациентите се чувствуваат непријатно со маслото коешто тие се обидуваат да го користат во таквите случаи, јас често ги советувам да го направат лекот од врста којашто ќе предизвика помалку проблеми.

Ако употребата на овој лек беше само легална, јас сум сигурен тоа би ослободило од повеќето од анксиозноста поврзана со неговата употреба. Исто така некои врсти можат да произведат повеќе анксиозност отколку други, па ако вие искусувате такви чувства, едноставно промената на врстите може да го елиминира проблемот. Многу луѓе откриваат дека користењето на супстанци како темно чоколадо и лут црвен пипер е доста ефективнo во помошта при намалувањето на нивната анксиозност и дeка ја редуцираат нивната стапка на отчукување на срцето. Најважното нешто кое треба да се запомни за употребата на овој лек е да се има на ум дека тоа е најбезбедниот лек на земјата.

Употребата на оваа супстанца не предизвикува никаква штета и ако пациентот искуси анксиозност, таа е предизвикана често од страна на самите пациенти бидејќи тие стануваат изгубени за без причина. Или често фармацевтските лекови коишто пациентот без потреба се обидува да ги консумира може да претставуваат проблем којшто може да им даде симптоми на анксиозност. Но, тоа е лесно да се коригира во повеќето случаи со едноставно прекинување со овие штетни хемиски лекови. Покрај тоа постои исто така природна супстанца која нашите тела ја произведуваат наречена citicoline којашто би требала да биде ефективна во третирањето на анксиозноста исто така. Ми беше кажано дека citicoline е достапен во 70 држави, па ако вие само отидете на Интернет, треба да имате малку потешкотии во лоцирањето на она што ви треба.

Одзема малку време да се навикнеме на ефектите од коноповото масло и почетниците може да искусат малку анксиозност. Но за кратко време, повеќето ќе се прилагодат на неговата употреба и анксиозноста едноставно ќе исчезне. Впрочем, откако пациентите станат навикнати на ефектите од маслото, тие често се смеат за начинот на кој тоа ги има исплашено толку лошо на почетокот.

Доста често, јас сум сè уште контактиран од пациенти кои се обиделе да користат сатива врста за да го произведат нивниот лек и често ефектите од јака сатива можат да предизвикаат анксиозност. Ова продолжува да се случува дури иако јас истакнував многу пати дека таквите врсти не треба да бидат користени бидејќи се премногу енергетизирачки.

Не сакате пациентот да биде преполн со енергија, треба да употребите јака седативна индика за да му или ѝ помогнете да се релаксира и излечи додека спие. Јас мразам да гледам луѓе како го трошат своето време и пари обидувајќи се да произведат масло од погрешните врсти, но тоа е она што често се случува кога нашите инструкции не се следени. Со малку труд, сигурен сум дека ние можеме да развиеме добри медицински вариетети коишто нема да произведат анксиозност воопшто. Но ова не може да биде остварено на правилен начин сè додека ние ја добиеме слободата да направиме едноставни истражувања коишто се потребни.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение



Депресија

„Јас открив дека обете сативата и индиката врстите се ефективни во третманот на депресијата. Да, јас ретко користам сатива врсти за третирање луѓе поради нивните енергетизирачки ефекти. Повеќето пациенти кои дошле кај мене имаат сериозна болест и јас не би сакал да бидат наенергетизирани за време на процесот на лекување.

Јас открив дека сонот и одморот коишто ги обезбедува доброто индика масло се најкорисни за огромното мнозинство на медицински состојби. Маслото од добар индика вариетет е многу ефективно во третманот на депресијата и честго може да го елиминира овој проблем за многу кратко време. Повеќето кои дошле кај мене биле во депресивна состојба поради други состојби од коишто тие страдале. Кога состојбата е излечена или ставена под контрола, депресивната фаза којашто ја искусувале едноставно исчезнува.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение


Мултиплекс склероза (МС)

Кои се вашите искуства во лекувањето на мултиплекс склероза? Многу луѓе веќе знаат дека конопот може да помогне, но не знаат како да го користат.

„Неодамна ние добивме извештај од дама која страда од МС која внела 57 г од висококласно конопово масло пред една година за нејзината состојба. Ефектот од третманот со масло беше многу успешен и дури иако таа не внесувала масло во текот на изминатата година, таа остана во добро здравје. Од моето искуство, мултиплекс склерозата е често излечива, но за луѓето кои страдале со години од оваа состојба, ќе одземе време за да се поправи штетата што болеста ја има предизвикано. Многу од МС пациентите пушат коноп како олеснување, но користењето коноп на овој начин нема да ги излечи и болеста ќе продолжи да напредува.

Единствениот начин како јас знам да третирам МС и штетата поврзана со оваа болест ефективно е да се внесува маслото на регуларна основа додека таа не е излечена или доведена под контрола. Ако имаш МС, направете си услуга и дајте му шанса на овој лек. Животот треба да биде живеење, не страдање, па зошто пациентот треба да ѝ дозволи на оваа сотојба да му го уништи животот кога таа може да биде лекувана на ефикасен начин? Јас познавам пациенти со ова нарушување коишто не можат повеќе да одат правилно, но по само неколку недели од консумирањето на маслото, тие повторно можат да одат нормално. МС е само една од многуте состојби за коишто докторите велат дека не можат да бидат излечени, наместо тоа тие ни велат дека тие можат само да ги контролираат симптомите, додека болеста сама по себе продолжува да го зема својот данок. Ако сакате да докажете дека вашиот доктор греши, дајте му шанса на маслото и започнете да живеете како промена и кога ќе започнете, јас сум сигурен дека ќе сфатите дека типот во бел мантил не ги има секогаш сите одговори.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение



Зависности


„Јас неодамна набљудував терминално болен зависник од морфиум пациент со канцер како ПРЕКИНА со морфиумот „COLD TURKEY“ (нагло и целосно прекинување на земањето на лек од кој некој е зависен). Откако прекина со морфиумот, таа стана гладна; таа повеќе немаше констипација; спиеше многу звучно и нејзината болка беше контролирана многу подобро.

Таа исто така стана кохерентна уште еднаш. НЕВЕРОЈАТНО. Ако јас не го видев ова 180 степени промена кај мене, јас НИКОГАШ не би поверувала. Јас никогаш претходно не сум била за марихуаната, но ова лично набљудување ме направи верник.“ - Џенис (Janice)

„Едно нешто коешто сум го забележал сега откако земам РСО за 3 месеци, тоа речиси ме ослободи од моите страсти за алкохол. Јас имав навика да имам пијалак или 2 секоја вечер но сега јас ретко сакам пијачка и кога сакам, јас не пијам толку многу, јас исто така забележав дека моите панталони се многу полабави. Јас изгубив 4,5 килограми. Единственото нешто коешто јас го правам помалку е пиење алкохол.

Јас сè уште јадам исто и сè уште грицкам мешани јаткасти плодови, колачиња итн. во текот на ноќта кога сум гладен (munchies) и јас дури и можеби јадам повеќе отколку пред маслото. Да маслото може да те направи гладен.
Па дали недостатокот на алкохол или маслото предизвика да изгубам 4,5 килограми во 3 месеци. И јас не бев навистина предебел, 1,77 м (5’ 10“) и околу 90 кг (198lbs). Кога јас бев помлад, јас секогаш имав околу 84 кг (186lb) и во форма. Сега јас сум симнат до 85 (187lb) кога последно проверив. Во секој случај, маслото или недостатокот на алкохолот ме предизвикаа да изгубам на телесната тежина. Само среќен спореден ефект.“ - Скот (Scott)

„Опијатите ми прават констипација, гадење, тешки се да се погоди правата доза за ефективно олеснување. Тие ми прават вртоглавици, причинуваат небезбедно возење и така натаму и така натаму. Марихуаната не го прави тоа. Доволно кажано. - Фред (Fred)

„15 години зависник од опијати излечена со маслото. Јас не би го пробала тоа ако тоа не беше за Рик. Па јас морам да кажам јас навистина му го должам животот па јас сега сум еден од неговите најголеми поддржувачи. Јас секогаш пушев но тоа никогаш не помогна со болката што јас ја добивам од тоа што сум на апчиња. Јас само сакав да умрам толку многу пати поради тоа што јас повеќе не бев одговорна за мојот живот. Јас можам да кажам дека поради РСО. Јас не сум на морфиум, oxy, perc, vic, или suboxine... тоа ме ослободи од сето тоа!!!!! И јас имам 40 и се чувствувам како 20 повторно. Мојот артритис што јас го чувствував секое утро сега е ИСЧЕЗНАТ. Јас го земав маслото внатрешно 10 пати и мојот живот започна повторно. Не постојат зборови за да изразам колку сум благодарна. Ако сте на апчиња започнете со земање на вашето масло навечер освен ако имате цела недела за да спиете, тогаш јас би одела по тој пат. Пратете ми приватна порака ако имате некакви прашања.“ - Ребека (Rebecca)

„Канабисот ме симна од Benzo по над 30 години зависнот повеќе од пред 158 години, без тоа, да продолжев како што бев, јас ќе бев мртов сега...“ - Фил (Phil)

„Јас прекинав со лек против болки и сега сум во состојба да функционирам - јас сакам повеќе луѓе да можеа да веруваат на моќта на природата.“ - Сју (Sue)



* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/

Friday, January 13, 2017

Магичните колачи со канабис му го променија животот на ова момче

Болна исповед на една мајка... Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува...


Marie Myung-Ok Lee со сопругот и 12 годишниот син
Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува: Ми беше потребно извесно време за да го усовршам рецептот за колачите. Експериментирав со состојките: Blueberry, Strawberry, Sour Diesel, White Widow, Bubba Kush, AK-47 - сите врсти на канабис коишто ги чував, помешани со глицерин во прецизно означени тегли на полицата во кујната. Откако колачињата завршуваа со печењето, јас ги вкусував трошките и ги забележував ефектите во тетратка. Често се чувствував опуштено. Една варијанта ме успа. Кога се убедив себе си дека серијата е во ред, јас му дадов колаче на мојот 9 годишен син. Во тоа време тој беше обземен од насилни напади на бес. Тој ја трескаше главата, вриштеше со часови и буквално ги јадеше своите маици. За време на вечерата, тој ги фрлаше неговите чинии толку силно што имаше храна закачена на таванот. Тој се гребеше и удираше и себеси и другите, така што луѓето ќе ги погледнеа црвените линии на нашите тела и не‘ прашуваа претпазливо, дали имаме мачки?

Но, кога ги погодив колачињата, тој се смири. Неговите агресии станаа помалку жестоки и поретки. Времето на оброците стана помалку бурно. Тој беше во можност да задржи доволно ниво на само-смиреност, така што тој дури и научи да вози велосипед - и покрај фактот што секој експерт ни кажуваше дека тоа никогаш нема да се случи. Сфаќам дека некои луѓе може да гледаат со лутење на родителите кои чуваат трева во домот, а камоли да спроведуваат полулегални медицински експерименти врз нивните деца. Но, крајно време е да се преиспитаат културните и правните ограничувања што се наметнати врз канабисот, особено кога станува збор за децата. Животот на мојот син е променет поради тоа.

Уште откако беше новороденче, јас го гледав мојот син како страда. На 18 месеци, тој беше подложен на две големи операции за отстранување на тумори на 'рбетниот мозок, само неколку недели една од друга и беше имобилизиран во гипс цела една година. После тоа, насилното беснеење започна - понекогаш дури 300 напади во еден ден. Мојот сопруг и јас не разбиравме зошто тој постапува на овој начин, се‘ додека тој беше дијагностициран од воспалителна болест на цревата на возраст од 3 години, за која дознавме дека му предизвикува болки поголем дел од денот, како и тежок аутизам, што му претставуваше тешкотија за него да се изрази себе си или да побара помош.

Се обидовме со сите видови на третмани, вклучувајќи и применувана анализа на однесувањето (applied behavior analysis - претпоставениот златен стандард кај терапијата на аутизмот), работна терапија, терапија со коњи и аудитивна интеграција. Неговиот гастроентеролог му препиша моќни антиинфламаторни лекови. Од времето кога наполни 5, нашиот син беше во специјално училиште и на хипоалергична исхрана. Потоа, неколку години подоцна, лековите престанаа да работат, а неговите агресии експлодираа. Неговото училиште, инсистираше тој да посетува психијатар, кој го препорача лекот Risperdal за лекување на неговата „аутистичка раздразливост“. 

Се чинеше дека ние повеќе немавме опции. Тогаш јас налетав на став во „Ботаниката на копнежот“ (The Botany of Desire) од Michael Pollan. Тој тврди дека канабисот е одличен за намалување на болката и може да ја забави краткотрајната меморија. Би можело ли ова, се прашував, да му помогне во ублажувањето на болката на мојот син и нападите од умствените сигнали што тој се бореше да ги процесира? За да го истражам ова прашање, јас станав дел од група на пациенти за медицинска марихуана која се состана на Универзитетот Браун (Brown University), каде што јас предавав. На собирот на тешко болни пациенти еден по друг зборуваа за лековитите влијанија на канабисот. Еден млад човек со парализирачка анксиозност и Туретов синдром, рече дека еден куп на психијатриски лекови не можат да ги смират неговите напади, но тревата можеше.

Мари на прошетка со нејзиниот здрав син!
Се убедив дека марихуаната вреди да се проба. По неколку недели на колебања, неврологот на мојот син се согласи. И така, на возраст од 9 години, мојот син стана најмладата личност со дозвола за медицинска марихуана во Род Ајленд. Најдовме сертифициран снабдувач. Потоа, бевме зафатени со пронаоѓањето на типот на марихуана што најдобро ќе функционира за него и на кој начин да го натераме да ја консумира? Д-р Lester Grinspoon, психијатар и професор на Медицинскиот факултет Харвард, кој го истражува канабисот од 1960-тите, ме увери дека најлошото што можеме да му го направиме на нашиот син е да заспие. Се разбира, паранојата е уште еден извитоперен и несакан ефект на марихуаната, но неврологот Карл Харт од Универзитетот Колумбија, кој давал марихуана на илјадници истражувачки субјекти, забележал дека паранојата исчезнува по неколку часа и со текот на употребата на канабисот пациентот се навикнува на ефектите и повеќе не му се необични и непријатни, т.е. тие се намалуваат.

И навистина канабисот е една од неколкуте природни супстанци на планевата што не можат да те убијат! За мојот син, не секој вид на канабис помагаше. Но, на крајот, ние се базиравме на врстата White Russian, миленик на пациентите заболени од рак во големи болки и преминавме од колачињата на маслена тинктура што мојот син ја добиваше орално на секои неколку часа со капалка. Тоа изгледаше како чудо. И седум години подоцна, тоа се‘ уште функционира.

Целата сторија можете да ја прочитате тука: The Washington Post

Tuesday, January 26, 2016

Научна студија потврди дека Опсесивно-компулсивното нарушување се лекува со CBD

Бразилските научници го истражуваа влијанието на канабиноидот Канабидиол (CBD) врз Опсесивно-компулсивното нарушување (obsessive-compulsive disorder) на англиски познато како OCD


Канабисот ги смирува пациентите со OCD!
Како што е веќе општо познато, марихуаната од многу одамна се користи за лекување на разновидни анксиозни нарушувања, без да има негативни последици врз целокупното здравје на пациентот. Исто така оваа билка не влијае негативно врз развојот на мозокот како што до неодамна се лажеше наоколу. Напротив! Канабисот ја поттикнува неврогенезата. Токму CBD-то има огромен анти-анксиозен и анти-депресивен потенцијал, а воедно не е психоактивен канабиноид и претставува антидотум на дејството на канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC). Вториов пак, има веќе одамна докажан анти-канцероген потенцијал, што значи дека растението канабис го има најсоодветниот сооднос на овие состојки - потребен за да излечи било какво заболување и затоа треба да се легализира целото растение, а не синтетичките деривати направени од него во епрувета!

Пациентите со OCD се измачувани од опсесивни мисли и грижи коишто се основа за појава на анксиозност, а потоа и депресија кај најтешките случаи. Единствениот начин да се спречи анксиозноста кај нив е да се спречат компулсивните однесувања. Како размислуваат овие лица? Епа, вака... На сите ни се случило нешто да заборавиме во брзање пред излегување на работа или пак, да мислиме дека сме заборавиле. На пример на сите ни се случило во брзање да заборавиме да ја заклучиме вратата од куќата/станот. Повеќето се во состојба да продолжат со денот и да не `и даваат големо или никакво значење на таа грижа, што може да не` извади тотално од фокус од она што го правиме во моментот. Пациентите со OCD размислуваат многу поинаку. Тие нема да можат да седат мирни се` додека не се вратат дома за да проверат дали вратата навистина е заклучена. Слично е и со миењето раце. Овие луѓе рацете ги мијат по 100 пати во денот, бидејќи имаат параноја дека не им се чисти и дека им се преполни со бактерии. Или пак, се` во домот мора да им е наредено под конец и ништо не смее да биде изместено од зададениот редослед од страна на заболениот. Овие луѓе патат од непотребен стрес, а стресот како што сите знаеме лачи кортизол и предизвикува рак и срцеви болести...

Конвенционалната медицина луѓето со OCD ги лекува со хемиски соединенија, поточно со тешки антидепресиви (ЛЕГАЛНИ ДРОГИ ШТО СОЗДАВААТ ЗАВИСНОСТ), како што се селективните инхибитори на серотонин (selective serotonin re-uptake inhibitors - SSRIs) и сл. како што се: Прозак, Хелекс, Асентра, Дијазепам, Лексилиум и др. Овие „лекови“ пациентот само го прават редовен клиент, а во суштина не му помагаат да се справи со психолошкиот проблем што го мачи. Токму за да им се помогне на овие луѓе, истражувачки тим од Катедрата за фармакологија при Универзитетот од Сан Паоло, предводена од страна на Д-р Франсиско Гимареис (Francisco Guimarães), уште пред две години објави научна студија во зборникот Fundamental & Clinical Pharmacology којашто го испита влијанието на канабисот, поточно на Канабидиолот кај овие пациенти.

Оваа слика е вознемрувачка за лицата со OCD :)
Истражувањето се состоело од следново: тие најпрво им давале на заморчињата Meta-chloro-phenyl-piperazine (mCPP) - психоактивна дрога што најчесто ја има во екстазите. Познато е дека оваа синтетичка супстанца ги индуцира нападите на паника кај оние коишто се склони да ги имаат и воедно симптомите на OCD ги прави уште полоши. Студијата понатаму докажа дека токму mCPP ги инхибира анти-компулсивните ефекти на SSRI. Откако mCPP им било дадено на испитаниците, научниците спровеле тест за да ја проверат OCD активноста. Според студијата ниту ниските, ниту високите дози од дрогата не давале забележителни разлики во анксиозните однесувања кај глувците.

Опуштете се со канабис -
нула смртни случаи во историјата!
Вториот етап од студијата било тестирањето на дејството на канабисот. Научниците им дале на испитаниците две различни нивоа на Канабидиол и тоа 30мг/кг и 15мг/кг и потоа го тестирале опсесивно-компулсивното однесување кај секој стаорец одделно. Шокантно било тоа што дури и малите дози на CBD го намалиле анксиозното однесување без промена на целокупното ниво на активност. 

Без разлика што клиничките студии допрва треба да се спроведат, ние на сите лица со OCD им препорачуваме да се само-лекуваат со канабис, да ја најдат соодветната врста за нив со пробување, по пат на пушење или вапоризирање за инстантен ефект. Сативите имаат поголем процент на CBD. Секој пат пробувајте најпрво да се излечите по холистички пат, на природен начин, а на лекар одете кога тоа е неизбежно! 


Запомнете:

1. Подобро е да спречиш, отколку да лечиш!
2. Канабисот не е дрога, туку лек, како за болните, така и за здравите!
3. Само за лицата со OCD - откако ќе престане да ви пречи лошо сроланиот џоинт, знаете дека веќе немате опсесивно-компулсивно нарушување :)