Showing posts with label растење. Show all posts
Showing posts with label растење. Show all posts

Thursday, April 30, 2020

Како да изградите сопствена професионална плантажа? Седи си дома и сади си дома (продолжение)

Тоа што ќе го замислите како идеја со вашата имагинација, многу лесно може да го манифестирате во реалноста. За да создадете своја сопствена одгледувачница за канабис, покрај желбата, потребни ви се и стручни препораки и совети од искусни одгледувачи. Во оваа статија чекор по чекор и со фотографии ќе ви го демонстрираме тој процес. Сè што ви треба е соодветен простор каде што ќе ги одгледувате вашите лековити билки!

16 сијалици = 320 растенија!


Трансформатори
На оваа слика можете да видите затворена плантажа со хидропоника систем и 16 сијалици. Големината на оваа плантажа изнесува некаде околу 20 м2. Оваа одгледувачница е поделена на два дела и е со два базени. Во првиот дел од левата страна се наоѓа базен кој е голем три метри на 1 метар и има четири сијалици. Во овој базен има 80 билки, што значи по три билки на една ламба. Во вториот базен е различна поставеноста. Има 12 ламби на простор од 9 метри квадратни (3 метри на 3 метри). Една ламба е доволна за 20 билки, ова значи дека во овој базен има 240 растенија. Заедно ќе биде 80 од првиот и 240 од вториот = 320 растенија! :) За секоја ламба ви треба кабел со којшто ќе се поврзете со трансформаторот. 

Табла со тајмер



Трансформаторот се користи за да претворите електрична енергија од 220 на 110 kw. Ова значи дека со трансформаторот трошите двојно помалку електрична енергија. Исто така, еден кабел од трансформаторот води кон ламбата и еден води кон таблата. Оваа табла се користи за поврзување на сијалиците и е попрактично ако ги обележите трансформаторите и ламбите со броеви, за полесно да се снаоѓате и за да знаете кој трансформатор е за која ламба.

Вентилациона кутија
Оваа таблица се користи за поврзување на трансформаторите со ламбите и е наменета за 16 ламби. Слично како во случајот со трансформаторите и ламбите, практично е таблата исто така да се обележува со броеви. Една ламба има 600 вати. Исто така и на оваа табла има тајмер, со што можете да го наместите светлосниот циклус, односно да наместите кога сакате ламбите да работат, а кога не (т.е. кога сакате да им е ден, а кога сакате ноќ на билките, во зависност од тоа дали се наоѓаат во фаза на вегетација или цветање).


На овие слики може да се види дека ви треба вентилациона кутија за циркулација на воздухот. Оваа кутија изнесува 373 kw на оваа слика. Подобро е да се насочи да дува кон ѕидот и од таму да шири воздух, а не да дува директно во растенијата. Ако дува во билките, тоа може да доведе до несакани последици, да го излади растението, односно да дојде до црвенило на стеблото. Одма до грејното тело е кутијата. Исто така, можеме да видиме на сликата дека ни се потребни и 2 вентилатори за ладење на воздухот и за симулација на ветар. Потребни се и грејачи што ќе ја прават температурата соодветна за билките. Грејачите мора да бидат без светло, за да ​​произведуваат топлина без светлина (со цел да не се наруши светлосниот циклус ден/ноќ). На оваа слика можеме да видиме кутија за свеж воздух однадвор и можеме да видиме дека треба да го филтрираме она што е поврзано со воздушната кутија за чистење на воздухот. Со ова имаме надворешен чист воздух. Ова е воздушна кутија и филтерот е приклучен на оваа кутија.


Вентилациона кутија
Предните базени се високи 30 см. За еден базен ви е потребна подна изолација од 5 см и потребен ви е материјал што ќе ви помогне водата да остане во базенот. Кога треба да им дадеме храна (вода) на билките, ставаме 1-2 см максимум во еден базен. Левиот базен е 3 метри на 1 метар со 4 ламби.

Исто така, потребен ни е и резервоар за давање вода на билките. Како можеме да видиме на сликата, овој резервоар е 200 литри и е пластичен. Со оваа големина можеме да им дадеме само еднаш храна. Резервоарот се користи за правење микс од прихрана за растенијата. Ставаме мешавина од резервоарот во базените. И важно е максимум што даваме да е 1-2 прсти (во зависност од тоа колку тие се големи).

После 15 дена почнуваме да даваме прихрана на билките и започнуваме да даваме полека. Прво започнуваме со ставање за корените 2 пати, сè додека се мали. После тоа започнуваме да даваме за цветањето. Прихраната воопшто нема правила, таа секогаш зависи од изгледот на растенијата. Секогаш бидете внимателни со прихраната. Температурата во одгледувачницата мора да биде мин 20 - макс 35 степени целзиусови. Една саксија има 2-3 килограми. Саксиите исто така, можете да ги видите на сликите. Греалките треба да се програмираат да се вклучуваат после ламбите. Додека работат ламбите, во никој случај да не работи греењето, затоа што може да дојде до експлозија на сатот од кој се зема струја, премногу напон ќе дојде, а може да избувне и пожар.



Прихрана

Автор: Анонимен одгледувач (наш соборец)
Уредник: MoniQue Konopova


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ПРАВИЛНО ОДГЛЕДУВАЊЕ: 

Како правилно да се ѓубрат и наводнуваат билките?

Поленизација на канабисот - собирање и чување на поленот од машките цветови

Како да го максимизирате приносот на вашите канабис растенија?

Најчести проблеми поврзани со цветањето на марихуаната

Канабис училница – основни тренинзи на вашите билки

Клонирање на канабис растенијата

Какви типови на марихуана цветови постојат?

Најсоодветна pH вредност за канабис растенијата

Предностите од размножувањето и вкрстувањето на канабис билките

Три моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана

Аеропоника системи за одгледување канабис во домашни услови

Како да се спречи мувлата во затворени одгледувалишта? Indoor врсти отпорни на мувла

Дали канабисот во затворен простор расте подобро од оној одгледуван на отворено?

Како да одгледуваш марихуана во плакарот без да бидеш фатен?

Wednesday, April 22, 2020

Седи си дома и сади си дома за време на „Корона кризата“ :)

Заштити се од вируси, утепај ја карантинската досада и ограничената слобода на движење, поради пандемијата со вирусот Ковид-19 со креативно хоби - одгледување канабис! Затоа препорачуваме: седи си дома и сади си дома 😀




Ова е тежок период за сите... Депресивно, анксиозно и меланхолично расположение, облачно време, забрането собирање во групи и дружење на кое сме навикнати. За време на овој период за да се победи досадата и анксиозноста, но и за да го зајакнеме имунитетот и полесно да ги спречиме и да се избориме со вирусите, најпотребен ни е лекот - канабис! За жал, тешко е да се набави лекот во ваква состојба кога постои полициски час...


Најевтино и најбезбедно е самите да си го одгледувате и правите лекот во својот дом 🙂 Како? Едноставно! Човекот учи додека е жив! Најдобро ќе учите на своите сопствени грешки, но земете ги пред вид и туѓите искуства. Еве неколку корисни совети од еден искусен одгледувач и наш соборец, кој сакаше да остане анонимен. „Седум години се едуцирам од врвни професионалци“ - вели тој. Ова се најчестите работи коишто обично ги грешат одгледувачите почетници кои немаат доволно искуство:



1.) ТЕМПЕРАТУРА

Внимавајте на температурата! „Доколку му е премногу студено на растението, може да се јави црвенило на стеблото, значи дека ниска му е температурата. Минималната температура - до 18 степени може да се намали, нема да има проблем. Под 18 јавува црвенило - ШОК!“ - истакнува овој анонимец.

* ПРЕПОРАКА:
Минимум 24 степени!
Максимум 34 степени!



2.) НАВОДНУВАЊЕ

Многу внимателно со водата! „Ако е жедно растението можеш да го поправиш тоа, ама ако претераш со водата, нема враќање назад - ќе овене од премногу вода, ги собира лисјата навнатре во тој случај“ - вели нашиот соговорник. Со премногу вода може да скапе коренот... „Со прстите можеш да провериш во црепот дали е влажен кокосот или не. Ако јави влага на прст, нема потреба од наводнување“ - додава тој.



Инфицирано растение :(
3.) ШТЕТНИЦИ

За да се провери дали билката е здрава, за да се провери дали нема пајаче (инсекти), одоздола се проверува листот често, зашто туфката може да фати пајажина, поради која не може да прима доволно светлина и топлина од ламбата. Доколку ова се случи, се користи специјален инсектицид од гроу шоп“ - вели тој. „На секои 3 берби сменувам хумус, а на 2 берби сменувам филтери“ - со цел да се спречи појавата на инсектите од почвата.




4.) ПРИХРАНА

Од прихрани ги користам, најквалитетните. Овој комплет чини 800 евра, ама дава добар резлутат“ - нагласува нашиов соборец. Да не ве исплаши цената на овие препарати, бидејќи тој има 330 билки, т.е. приватна мини оранжерија! За неколку билки тоа нема да ве чини толку скапо, а соодветна прихрана може да најдете и кај нас, во нашите македонски гроу шопови за одгледување канабис.



5.) ВНАТРЕ или НАДВОР?

Во врска со разликата меѓу надворешно и внатрешно одгледување: „Аутдор тревата е за масло, не можеш да извадиш добар квалитет како индор, нема шанси. Исто така и висината ја дава разликата. Надвор можеш да одиш до колку сакаш, додека пак, внатре - колку ќе дозволи просторот. Надворешната е на шест месеци берба, внатрешната на 9 недели, значи аутдор два пати годишно, внатре до 5 пати годишно“ - вели тој. Билките што се одгледуваат надвор може да се кратат во висина: „Може, да - ама немаш потреба да кратиш ако е надвор. Зошто? Нека оди во висина колку што сака - Sky is the limit, немаш пречка за да го оставиш да се извиши“ - вели тој.


Иако трошоците од внатрешното одгледување се можеби малку повисоки, поради тоа што се троши струја за осветлување, сепак тој напоменува: „Недостатокот кај надворешното одгледување е: многу, многу, многу поголем ризик! Со миризбата, мал ветар и ќе се почувствува и до 500 метри далечина. Предноста кај внатрешното одгледување е таа што, никој не знае што имаш дома, доколку сам не се пофалиш!“. Тој вели дека во Холандија надворешната трева е 5 евра во кофи шоп за грам, а внатрешната 10 евра за грам. „Ова се цени на мало, на големо се сосема други цените“ - додава тој. 


6.) ОСВЕТЛУВАЊЕ

Една ламба оди на 1 м квадратен, со што може да осветлува 20 растенија. Растојанието помеѓу ламбата и „бебето“ треба да биде минимум 30-40  см. Тој додава дека по 20 стебла одат на една сијалица: „16 ламби x 20 стебла = 320 стебла“. Според него, исто така многу е важна хигиената во просторот за одгледување, па често треба да се дезинфицира и брише подот.



7.) СОСЕДИ :)

Пред сѐ, немојте никому да се фалите дека одгледувате, ама буквално никому не кажувајте за оваа ваша мала ТАЈНА! „Внимавајте само од комшиите :) Со нив треба да стоите добро и воопшто да не се посомневаат ;)“ - вели соборецов. Исто така, пожелно е да им пуштате на билките убава музика, да им зборувате, да им пеете, да им дадете љубов, само не премногу гласно, за соседите да не се посомневаат во вашето чудно и невообичаено однесување :P





Новинар: MoniQue Konopova
Соговорник: Анонимен соборец :)

Sunday, April 28, 2019

Дали канабисот во затворен простор расте подобро од оној одгледуван на отворено?

Внетре или надвор? Под сијалица или на сонце? Како е подобро? Можеби нешто помеѓу? Одговорот е поврзан со причината заради која канабиот е одгледуван. Повеќе производители на канабис во светот бараат да профитираат од одгледување на отворено, за производство на прехранбени артикли и пијалаци, но фармацијата бара строго контролирани (вештачки) услови за растење на билката


Внатре или надвор? Како е подобро?
Додека сигурно постои простор за дебата, многумина сметаат дека внимателно одгледуваниот индор (внатрешен) канабис дава најдобри суви цветови, додека пак, канабисот кој се одгледува на отворено и на големо може да одговара на потребите за оние сè уште недостапни екстракциони производи. Аутдор (надворешното) одгледување е добро кога „... не ви треба туфка со врвен изглед“ - вели Жанет ВандерМарел (Jeannette VanderMarel), ко-главен извршен раководител и директор на 48North Cannabis Corp. Затвореното производство нуди најголема контрола врз условите за одгледување. Полузатвореното производство со оранжерии/стакленици и пластеници е интересна опција и е некаде на средина, бидејќи иако тие се затворени простори, се потпираат на природната сончева топлина и светлина и често се изложени на влијанијата од надворешната средина, вели Алан Ревак (Allan Rewak), потпретседател за комуникации и односи со засегнатите страни во Emerald Health Therapeutics Inc.

Надворешно производство


Постојат три основни методи за одгледување на канабис на големо:

1. Контролирано затворено производство;
2. Оранжерии;
3. Надворешно одгледување со комерцијални размери - додава тој.



Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис надвор? 

Заштеда на енергија
48North беше првата компанија која аплицираше за одгледувачка лиценца на отворено во Канада, а ВандерМарел го наведува она што го гледа како неколку позитивни страни од одгледувањето надвор - одгледувачите имаат можност да добиваат поголеми и побрзи приноси кога висината и кореновиот раст на растенијата не се ограничени од стаклениците/пластениците или објектите за одгледување (grow rooms), што би можело да помогне во решавањето на недостигот од залиха во оваа индустрија. Најочигледните придобивки од растењето на отворено, сепак, се заштедите на енергија од растење во природна средина, како што е можноста за целосно искористување на сончевата светлина. Покрај тоа што овој начин е повеќе енергетски ефикасен, емисијата на јаглерод на полето е исто така многу помала, а исто така многу од пациентите веруваат дека најдобар благословен лек се прави од билките кои се одгледани на природен начин, наместо во вештачки услови.


Таа додава дека растенијата произведуваат терпени т.е. соединенија во етеричните масла, за да се заштитат од штетници и патогени. „Надвор, [канабис билките] имаат тенденција да произведат повеќе, бидејќи се повеќе изложени на елементите“ - забележува таа. Терпените, исто така, можат да ги подобрат медицинските ефекти на канабисот. Се разбира, растењето на отворено не е без предизвици, особено поради тоа што сезоната на растење е ограничена од зимите (во Канада), а голем недостиг кај овој начин е и непредвидливоста на временските климатски услови (како на пример премногу дождови, ветрови и сл.). „Можеби ќе имате можност да добиете една или две реколти, ако имате среќа, додека пак, можете да добиете три до четири во нормална година од стаклените градини во големи размери“ - вели Ревак.




Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис внатре?

Внатрешно одгледување - контролирани услови
Затворените објекти за одгледување и стаклениците, како и хибридните верзии на овие два производствени начина им овозможуваат на одгледувачите да растат преку целата година и да ги намалат ризиците од микробактерии и штетници. Ревак укажува на објектот на Aurora Cannabis надвор од меѓународниот аеродром во Едмонтон, кој е хибриден затворен објект со стаклен покрив (за сончева светлина), кој „е под висок притисок за да ги заштити честичките и опасните микроорганизми надвор од производствениот систем“. На отворено - „постои помал степен на контрола и зголемен ризик од надворешни фактори, без разлика дали тоа е микробактериски материјал од почвата, итн, така малку е потешко да се контролира квалитетот“.


Хибридни пластеници и стакленици (полузатворени простори)
Додека повеќето затворени објекти и оранжерии не се хибридни како што е објектот Aurora Sky вели Ревак, експертите се согласуваат дека недостатокот кај затвореното производство е дека тоа е најмалку енергетски ефикасен метод поради неговата употреба на вештачко осветлување додава ВандерМарел, потоа трошоци за греење и вентилација (HVAC - Heating, ventilation, and air conditioning). На крајот, ова го прави затвореното производство поскапо. Марк ЛеБланк (Marc LeBlanc), претседател на стартап компанијата во Њу Бранзвик (една од провинциите во Источна Канада) Solargram Farms Corp. вели дека неговата компанија има строго планови за на отворено сега, бидејќи се надева дека ова значително ќе ги намали трошоците за одгледување на канабисот. „Цифрите што ги гледаме за одгледувачите во затворен простор секаде се движат меѓу 1,50 до 3 долари за грам. Нашиот модел на трошоци е под 25 центи“ - вели ЛеБланк.


Употреба на сончевата светлина и топлина
ВандерМарел, исто така, изрази уверување дека приносите на нејзината компанија ќе достигнат приближно 25 центи за грам, додека информациите од веб-страницата на Канада Compliance Inc. забележуваат дека: „трошоците за производство на многу ефикасната операција во затворен простор од големи размери се движат од 1 до 3 долари за грам, додека отвореното одгледување, теоретски, може да донесе комерцијални трошоци за производство под 25 центи за грам врз основа на нашето моделирање“. ЛеБланк понатаму ги цитира неодамнешните бројки од Statistics Canada кои покажуваат дека околу 80 отсто од потрошувачите на канабис сè уште купуваат од црниот пазар и покрај легализацијата. „Тоа значи дека тоа е или поради цената или потрошувачите ги отфрлаат производите кои се веќе во продавниците за канабис“ - објаснува тој.


Генерално, растењето во затворени простории нема да излезе од употреба во скоро време. 48North на пример, ќе ги задржи своите два лиценцирани објекти за складирање на премиум сушени производи, но како потрошувачите настојуваат да купуваат повеќе екстракциони производи откако тие станаа легални, лиценцираните производители се надеваат дека оваа есен ќе предводат на патот со големите фарми. „Јас често ја користам аналогијата дека не нè гледате како растеме масло од канола или пченка за етанол во затворен простор. Тоа се надворешни производства и тоа е местото каде што било кој екстрактивен производ се одгледува“ - коментира ВандерМарел.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Тhegrowthop

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Како инвеститорите на марихуана прават акции? 5 задолжителни книги пред да инвестирате во канабисот

Одгледувачите на зеленчук се свртуваат кон канабисот за да ја забрзаат промената

Како одгледувањето канабис ми помогна да станам експерт по градинарство


* * *

КОРИСНИ СОВЕТИ:







Wednesday, September 5, 2018

Внатрешно наспроти надворешно одгле-дувана марихуана: визуелен водич

Дали можете да разликувате канабис што е одгледуван во затворени простории од оној што се одгледува на отворено? Овој прирачник е создаден да помогне за полесно разликување на бесконечните варијанти на канабисот. Кои се разликите, а кои сличностите? Ова не важи за сите видови, бидејќи секој вид има различни карактеристики и расте различно со засебната индивидуална грижа на одгледувачите


Лево: Outdoor; Десно: Indoor. ПОГОДИВТЕ?! :)
На крајот од денот канабисот е незаменливо растение и не сите различни фактори ќе дојдат до израз во секоја конкретна ситуација затоа што секоја сорта е уникатна. Важно е да се забележи дека туфките можат да бидат одгледани правилно и неправилно, независно од тоа дали се гледани внатре или надвор на собна температура, неправилно одгледување во затворени простори може да изгледа како надворешното и обратно. Сепак, постојат некои одредени стандардни критериуми кои се важни за ваква форма на елаборирање. Сега, ајде да ви дадеме неколку корисни насоки за лесно да можете да препознаете како и каде канабисот е одгледуван, преку некои стратешки визуелни индикации:



Големината на туфките 

Големината на цветовите е меѓу првите визуелни знаци и клучни показатели било да се внатрешно одгледани или надворешно. Но, генерално правило е дека сѐ е поголемо кога е надворешно одгледано. Поголеми и порунтави се цветовите кога се на отворено, но разликата може да се забележи единствено ако се погледне дршката на цветот. Надворешните туфки ќе имаат подебели стебленца од оние култивирани во плакарот. Внатрешните туфки типично ќе се помали од надворешните и позбиени, погусти.



Трихомна густина

Трихомната густина е клучна визуелна показателна точка, кога се обидуваме да најдеме диференцијација помеѓу собно и надворешно одгледана трева. Собните туфки се помали, бидејќи се растени и зосревале поблиску до светлината во перфектно контролираната животна средина и тие типично се рангирани високо на трихомната густинска скала. Со набљудување и евалуирање на беспрекорно одгледана собна туфка, јасно видливи се и со голо око малечките кристали кои блескаат и ги има навистина многу. Надворешните туфки се генерално поголеми и нивните трихоми најчесто не се во состојба да ја покријат целата површина на надворешно одгледаниот цвет. Додатно, надворешните растенија се изложени на влијанија што можат да ги нарушат трхомите и нивното развивање. Трихомната густина е типично поразредена на надворешно култивирана туфка, во споредба со оние растени во гроу-бокс.



Лево: Indoor; Десно: Outdoor. ПОГОДИВТЕ?! :P
Боја

Една од најинтересните визуелни карактеристики што можат да се употребат за разликување на канабисово растение растено на сонце, наспроти она собното на струја - е бојата! Надворешно одгледаното има тенденција да има генерално потемна боја. Ако одгледувачот расте врсти на канабис кои произведуваат зелени цветови, надворешните туфки ќе се појават како потемно зелени можно е дури и боја која води накај кафеава. Ако одгледувачот расте канабис кој произведува виолетови или розови цветови, надворешните туфки ќе изгледаат длабоко виолетови/розеви, односно темно виолетови/розеви. Друга визуелна карактеристика е долниот дел на цветовите. Туфките култивирани надвор речиси секогаш имаат светло кафени нијанси околу дршката на самата основа од цветот (не станува збор за мувла). Цветовите одгледани во затворени простори од друга страна имаат светло зелена или виолетова нијанса на истите места.




Канабиноиди

Има раширени митови за тоа дека канабиноидите од надворешно потекло се помалку потентни од внатрешно култивираните. Ова не е точно. Посветените одгледувачи од „Sunna Ra Acres“ го пробија овој мит еднаш засекогаш. Последните неколку години имаат направено споредбени тестови на два клона земени од иста мајка-растение, едно растено собно, другото надворешно. Го спроведоа експериментот со варијатети на видови и подвидови коноп истовремено и се покажало дека растенијата култивирани надвор во природни услови под сонцето, резултираат со целокупен поразноврсен и поголем канабиноиден профил. Ова значи дека имаат повисоки нивоа како на ТХЦ, така и на ЦБД, но и на останатите активни состојки. Овој експеримент покажа дека сонцето го ослободува вистинскиот потенцијал на растението и неговата медицинска вредност, а сличен е случајот и со зеленчукот кој се одгледува под сијалица, во споредба со оној одгледан во природата под сонцето... Затоа екстрактите подготвени од неколку врсти одгледани под сонцето се секогаш подобар избор за пациентите.



Лево: Надвор; Десно: Внатре
Терпени

Во овој случај, терпените се многу слични на канабиноидите, затоа што нивните профили се интензивираат од сонцето. Низ долгогодишното експериментирање во Sunna Ra Acres, одгледувачите откриле дека ако две идентични растенија се одгледуваат „рамо до рамо“ - едното одгледувано надвор, другото одгледувано внатре - билката што се одгледува надвор ќе има повисок процент на терпени. Во некои случаи пак, растенијата од надвор дури откриваат и терпени за кои никој не знаеше дека биле таму. Кога овие две растенија се пушат, разликата е многу повеќе од очигледна: сончевите цветови се многу повкусни и поароматични. Исто така, треба да се истакне дека терпените се испарливи, што значи дека ќе исчезнат без соодветно сушење и „кјуринг“ процес. Многу од одгледувачите во затворен простор посветуваат поголема грижа во завршните фази на сушење и лекување, бидејќи нивните билки даваат многу помалку принос и нивниот производ се движи од една просторија затворен во друга, обезбедувајќи поголема контрола низ целиот производствен циклус. Почетниците во одгледувањето на отворени простории наспроти искусните, можат да го прескокнат чекорот на правилно сушење, пред сè поради незнаење или поради големиот принос и со тоа можат да го изгубат својот висок терпенски профил.



Кастрење на цветовите

Додека оваа категорија е многу субјективна и не се применува секогаш, историски погледнато одгледувачите на отворено трошат помалку време за намалување и оформување на нивниот финален производ, наспроти одгледувачите во затворен простор. Туфките под сијалица се поубаво обликувани од оние сончевите. Ова обично е поврзано со количината на приносот, одгледувачите на отворено во просек добиваат по 5, 10 или 20 килограми по растение, додека внатрешните одгледувачи имаат принос од 0,5 - 1 или 2 килограми по растение. Кастрењето на цветовите одгледани надвор, не само што ќе трае неколку недели, туку ќе бидат потребни и повеќе лица со полно работно време. Така, крајниот резултат е обично полабаво засекување, особено зашто растенијата на отворено генерално се полистести и поразгранети. Ако имате среќа да имате пристап до истата врста која се одгледува и во затворени простории и надвор, доколку сте вистински страствен љубител на канабисот неверојатно е чувството да имате шанса не само визуелно да ги споредите, туку да можете да ги споредите и канабиноидните профили, аромата, вкусот, чадот, моменталното чувство што го даваат, како и медицинскиот ефект и долгорочен бенефит!



Ништо не може да го замени сонцето!
Одгледување канабис во стаклена градина

Главната разлика во Outdoor и Indoor одгледувањето е тоа што под сијалица може да имате и 4 реколти во годината, додека под сонцето максимум 2. Оранжериите, стаклениците и пластениците може да се категоризираат како одгледување во затворен простор со користење на силата на сонцето. Тоа е совршен спој на затвореното и отвореното, бидејќи до одредена мера имате контрола врз животната средина како во целосно затворениот простор (одредување на температура, симулација на ветер итн...), со неверојатната моќ на сонцето, наместо вештачко светло од електирчни сијалици. Резултатот најчесто се цветови кои имаат визуелна и ароматична привлечност на Indoor цветовите, но со покачени терпенски и канабиноидни профили што се карактеристика на Outdoor цветовите.



Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:









Thursday, August 23, 2018

ОДГЛЕДУВАЊЕ: Најсоодветна pH вредност за канабис растенијата

Во светот на градинарството, пеха вредноста е многу важна и зависна е од сѐ. Исто така, целиот процес на растење на растенијата е школа сама за себе во тој магичен танц на физиката на pH балансот. Канабисовото растение сака пеха околина од околу 5.5 до 6.5


Канабисовото растение сака pH околина од околу 5.5 до 6.5
Самото растение има pH идентит. Некои растенија се повеќе кисели, додека други се повеќе алкални, водата во различни региони има пеха идентитет кој е детерминиран од различни фактори од животната средина и од почвата. Потоа, различни региони имаат различна пеха вредност и различен идентитет. Па, како одгледувачот да го совлада овој танц на ацид-алкал поларитет за да донесе на свет, прекрасно растение? Првиот чекор е да се стекне базичното разбирање на пеха вредноста, потребите на едно растение и да се разберат алатите потребни за најоптимална околина за растението да просперира. Кога се припремате за растење на канабисово растение, нека ви биде врежано во меморијата дека канабисот е издржливо растение и дека низ историјата се смета дека тревата е дел хортикултурата и дел од хортикултурниот циклус.


Посетете го Growshop MANIA - Скопје за потебните алатки!
Канабисот сака да живее и ќе дадe сѐ од себе за да живее. Пеха скалата расте од 1 до 11, долните броеви претставуваат ациди, додека високите алкаини. Канабисовото растение сака пеха околина од околу 5.5 до 6.5. Кога пеха околината расте во алкаини над 7.5, корените веќе не е во состојба да го конзумира железото кое е на располагање заедно со цинкот и манганот и јоните во нивна близина и кога пеха вредноста се намалува во ациди на помалку од 6 корени не се во состојба да добијат пристап до фосфорен ацид и калциум и магнезиум, бидејќи ја губат својата растворливост. Ако пеха вредноста падне меѓу 5 до 3 со температура над 26 Целзиусови степени, се закануваат габични инфекции по растението.


Култура на почвата и pH вредноста на почвата

Искусните одгледувачи знаат за состојбата на нивната земја. Песочните почви се кисели по природата, глинените почви се алкални. Одгледувачите на канабис, се пофалија со резултати од растење на канабис во јагленова песочна почва, како и песокливата која ѝ овозможува на билката да расте лесно. Предноста на јагленовата песочна почва е богата со нутритивни состојки и на неа се задржува вода. Градините со глинеста почва се вообичаено богати со хранливи состојки, но треба да се подобрат и исправат за да се креираат услови со кои ќе се дозволи растението да има пристап до тие елементи, а исто така да ги охрабрува корењата лесно да пенетрираат низ таквата почвена мешавина. 


Комуницирајте со своите билки!
Органски методи на подобрување на алкална глинена почва 

Органски методи на подобрување на алкална глинена почва можат да биде сѐ: од мешани листови, сецкани игли од бор или елка, зрна од кафе и содржина на кесичка црн чај во почвата, но внимавајте дека овие органски методи треба да се применуваат однапред, пред да биде предоцна. Ќе биде оптимално да се користи оваа стратегија на адаптирање на почвата во почетокот на зимата пред посадувањето, овозможувајќи на супстанциите да се растопат и соединат со почвата. Побрзо подобрување на почвата ќе постигнете со мешање компост и песок во почвата. Песочна почва ќе обезбеди одлична дренажа, но нема способност да држи хранливи материи, па одгледувачите мора да ја сменат оваа почва со висококвалитетен компост за да го постигнат посакуваното. Создади своја почвена мешавина!



Хидропонично одгледување и pH вредноста

Хидропонични системи се дизајнирани системи да го поедностават процесот на растење на едно никулче и полесно да го претворат во идно растение. Одгледувачот треба да ја проверува пеха вредноста најмалку два пати дневно. Само на тој начин ќе бидете во можност да направите подобрувања инстантно и брзо. Базична пеха од 6.0 ќе овозможи на растението одлив и проток меѓу 5.5 – 6.5.



„Читање“ на потребите на растението и хранење на растението

Кликни на сликата! :)
Одгледувачите и на домашни и на надворешни канабис растенија треба да запаметат дека пеха вредноста на нивните посеви природно се менува како што растението ги консумира нутритивните елементи. Ова е предизвикот на т.н „танцот на pH нутритивните елементи“. Поискусните одгледувачи учат да ги „читаат“ растенијата од индикатори како бојата на листовите, и дури и патот на растење на растението, па според тоа можат да сфатат што им треба и брзо да реагираат. Жолти листови сугерираат недостаток на железо и намалени алкаини и кисели услови кои ќе креираат изгореници на листовите. Главниот објектив е да се осигураме дека феминизираните канабис билки ги добиле потребните хранливи состојки. 

* * *

Сè што им треба на вашите билки! ;)
Доколку имате потешкотии во одредувањето на недостатоците кај вашите билки, слободно обратете се кај нашите пријатели од Growshop MANIA - Скопје во Бутел, каде што ќе најдете секаков вид на алатки потребни за одредување на pH вредноста на почвата, како и најсоодветна прихрана за секоја етапа од растителниот циклус.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:













Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Royalqueenseeds

Friday, June 22, 2018

Кога да ги одвоите машките од женските канабис билки?

Секој што веќе одгледува се запрашува зашто не започнал да го прави тоа порано? Не само што е важно да ги одберете соодветните врсти, треба да знаете и кога да ги тргнете машките билки надвор од одгледувалиштето


Машки цвет од канабис/коноп
Растењето марихуана дома не само што е интересно хоби, туку оние кои стекнале соодветно искуство, можат да се гордеат со својата жетва, како и да заштедат многу пари со производство на сопствен лековит цвет. Билката комуницира со одгледувачот и поради тоа ќе ви го даде лекот што ви е најпотребен токму Вам.


Одгледувачот мора да се осигура дека сите машки растенија се отстранети од собата за растење од женските билки, пред поленот да започне да се ослободува од прашниците. Ако ова не се направи на време, тоа може да претставува целосна катастрофа за успехот на жетвата и производството на високо-квалитетни цвеќиња без семе е практично невозможно, поради тоа што женските цветови се претвораат во хермафродити. 


Одгледувачите почетници не треба да се обидуваат да ги користат машките билки за размножувачки цели. Вкрстувањето разновидни канабис врсти за создавање на нови меѓувидови е доста напредна постапка со која може да се пофалат поискусните. Најдобар совет за почетниците е да се отстранат машките растенија веднаш по нивната идентификација и да се уништат со тоа што се сечат и фрлаат во пластични ќеси, кои го спречуваат истекувањето на поленот, а може исто така и веднаш да се употребат за чаеви бидејќи листовите се богати со CBD.


Женски цвет од канабис
Мажјаците обично го откриваат својот пол порано од женките. Одгледувачот мора да внимава на местото каде што поединечните странични гранки ги исполнуваат главните вертикални стебленца на растението. Машките предцветови се појавуваат како staminate primordia, кои се чини дека се мали кластери на топченца кои висат. Женските предцветови се појавуваат во истата област на растението како кај машките, меѓутоа се појавуваат како каликси (pistil primordia) кои се појавуваат како мали тенки бели влакна кои растат нагоре. Машките предцветови може брзо да созреат и да создадат полен во изненадувачки краток временски период! ВНИМАВАЈТЕ!


Денешната канабис индустрија,  го негува канабисот во исклучително контролирани средини. Освен за тесно контролирани и следени проекти на одгледување, женските и машките канабис растенија се сегрегирани и се одделуваат едни од други. Кога ќе се избере соодветна машка билка (обично со добра структура и големо производство на смола), потоа нејзиниот полен се собира, па размножувањето на примарната женка се прави по строг протокол.


Кога станува збор за одгледување во домашни услови, практиката на отфрлање на машките растенија е исклучително важна за севкупниот успех на жетвата. Денешните домашни производители обично го набавуваат своето семе од семенска компанија или банка и имаат избор помеѓу феминизираното семе (семе што ќе произведува само женски растенија) и нормално семе (семе што ќе произведува женски и машки растенија). Женските растенија го прекинуваат производството на смола во вид на снегулести, лепливи трихоми на нивните цветови, откако ќе станат опрашени од машкиот полен - а трихомите содржат највисоки нивоа на канабиноиди.


Бессемениот канабис се појавил на црниот пазар, познат како „sinsemilla“, што во превод значи „без семе“ (зборот е изведен од латински sine „без“ [see sans] + semen „семе“ [see semen]). Ваквиот канабис без семе брзо го привлече вниманието на потрошувачите, бидејќи е со многу повисок квалитет во поглед на неговата содржина со високи нивоа на смола. Денес во канабис индустријата, сите комерцијални цвеќиња се sinsemilla и тоа подразбира дека цвеќињата не содржат семе.



Читај повеќе за одгледувањето канабис:










Автор и Уредник: MoniQue Konopova