Заштити се од вируси, утепај ја карантинската досада и ограничената слобода на движење, поради пандемијата со вирусот Ковид-19 со креативно хоби - одгледување канабис! Затоа препорачуваме: седи си дома и сади си дома 😀
Ова е тежок период за сите... Депресивно, анксиозно и меланхолично расположение, облачно време, забрането собирање во групи и дружење на кое сме навикнати. За време на овој период за да се победи досадата и анксиозноста, но и за да го зајакнеме имунитетот и полесно да ги спречиме и да се избориме со вирусите, најпотребен ни е лекот - канабис! За жал, тешко е да се набави лекот во ваква состојба кога постои полициски час...
Најевтино и најбезбедно е самите да си го одгледувате и правите лекот во својот дом 🙂 Како? Едноставно! Човекот учи додека е жив! Најдобро ќе учите на своите сопствени грешки, но земете ги пред вид и туѓите искуства. Еве неколку корисни совети од еден искусен одгледувач и наш соборец, кој сакаше да остане анонимен. „
Седум години се едуцирам од врвни професионалци“ - вели тој. Ова се најчестите работи коишто обично ги грешат одгледувачите почетници кои немаат доволно искуство:
1.) ТЕМПЕРАТУРА
Внимавајте на температурата! „Доколку му е премногу студено на растението, може да се јави црвенило на стеблото, значи дека ниска му е температурата. Минималната температура - до 18 степени може да се намали, нема да има проблем. Под 18 јавува црвенило - ШОК!“ - истакнува овој анонимец.
* ПРЕПОРАКА:
Минимум 24 степени!
2.) НАВОДНУВАЊЕ
Многу внимателно со водата! „Ако е жедно растението можеш да го поправиш тоа, ама ако претераш со водата, нема враќање назад - ќе овене од премногу вода, ги собира лисјата навнатре во тој случај“ - вели нашиот соговорник. Со премногу вода може да скапе коренот... „Со прстите можеш да провериш во црепот дали е влажен кокосот или не. Ако јави влага на прст, нема потреба од наводнување“ - додава тој.
|
Инфицирано растение :( |
3.) ШТЕТНИЦИ
„
За да се провери дали билката е здрава, за да се провери дали нема пајаче (инсекти), одоздола се проверува листот често, зашто туфката може да фати пајажина, поради која не може да прима доволно светлина и топлина од ламбата. Доколку ова се случи, се користи специјален инсектицид од гроу шоп“ - вели тој. „
На секои 3 берби сменувам хумус, а на 2 берби сменувам филтери“ - со цел да се спречи појавата на инсектите од почвата.
4.) ПРИХРАНА
„Од прихрани ги користам, најквалитетните. Овој комплет чини 800 евра, ама дава добар резлутат“ - нагласува нашиов соборец. Да не ве исплаши цената на овие препарати, бидејќи тој има 330 билки, т.е. приватна мини оранжерија! За неколку билки тоа нема да ве чини толку скапо, а соодветна прихрана може да најдете и кај нас, во нашите македонски гроу шопови за одгледување канабис.
5.) ВНАТРЕ или НАДВОР?
Во врска со разликата меѓу надворешно и внатрешно одгледување: „Аутдор тревата е за масло, не можеш да извадиш добар квалитет како индор, нема шанси. Исто така и висината ја дава разликата. Надвор можеш да одиш до колку сакаш, додека пак, внатре - колку ќе дозволи просторот. Надворешната е на шест месеци берба, внатрешната на 9 недели, значи аутдор два пати годишно, внатре до 5 пати годишно“ - вели тој. Билките што се одгледуваат надвор може да се кратат во висина: „Може, да - ама немаш потреба да кратиш ако е надвор. Зошто? Нека оди во висина колку што сака - Sky is the limit, немаш пречка за да го оставиш да се извиши“ - вели тој.
Иако трошоците од внатрешното одгледување се можеби малку повисоки, поради тоа што се троши струја за осветлување, сепак тој напоменува: „
Недостатокот кај надворешното одгледување е: многу, многу, многу поголем ризик! Со миризбата, мал ветар и ќе се почувствува и до 500 метри далечина. Предноста кај внатрешното одгледување е таа што, никој не знае што имаш дома, доколку сам не се пофалиш!“. Тој вели дека во Холандија надворешната трева е 5 евра во кофи шоп за грам, а внатрешната 10 евра за грам. „
Ова се цени на мало, на големо се сосема други цените“ - додава тој.
6.) ОСВЕТЛУВАЊЕ
Една ламба оди на 1 м квадратен, со што може да осветлува 20 растенија. Растојанието помеѓу ламбата и „бебето“ треба да биде минимум 30-40 см. Тој додава дека по 20 стебла одат на една сијалица: „
16 ламби x 20 стебла = 320 стебла“. Според него, исто така многу е важна хигиената во просторот за одгледување, па често треба да се дезинфицира и брише подот.
7.) СОСЕДИ :)
Пред сѐ, немојте никому да се фалите дека одгледувате, ама буквално никому не кажувајте за оваа ваша мала ТАЈНА! „
Внимавајте само од комшиите :) Со нив треба да стоите добро и воопшто да не се посомневаат ;)“ - вели соборецов. Исто така, пожелно е да им пуштате на билките убава музика, да им зборувате, да им пеете, да им дадете љубов, само не премногу гласно, за соседите да не се посомневаат во вашето чудно и невообичаено однесување :P
Соговорник: Анонимен соборец :)