Showing posts with label почетници. Show all posts
Showing posts with label почетници. Show all posts

Thursday, April 30, 2020

Како да изградите сопствена професионална плантажа? Седи си дома и сади си дома (продолжение)

Тоа што ќе го замислите како идеја со вашата имагинација, многу лесно може да го манифестирате во реалноста. За да создадете своја сопствена одгледувачница за канабис, покрај желбата, потребни ви се и стручни препораки и совети од искусни одгледувачи. Во оваа статија чекор по чекор и со фотографии ќе ви го демонстрираме тој процес. Сè што ви треба е соодветен простор каде што ќе ги одгледувате вашите лековити билки!

16 сијалици = 320 растенија!


Трансформатори
На оваа слика можете да видите затворена плантажа со хидропоника систем и 16 сијалици. Големината на оваа плантажа изнесува некаде околу 20 м2. Оваа одгледувачница е поделена на два дела и е со два базени. Во првиот дел од левата страна се наоѓа базен кој е голем три метри на 1 метар и има четири сијалици. Во овој базен има 80 билки, што значи по три билки на една ламба. Во вториот базен е различна поставеноста. Има 12 ламби на простор од 9 метри квадратни (3 метри на 3 метри). Една ламба е доволна за 20 билки, ова значи дека во овој базен има 240 растенија. Заедно ќе биде 80 од првиот и 240 од вториот = 320 растенија! :) За секоја ламба ви треба кабел со којшто ќе се поврзете со трансформаторот. 

Табла со тајмер



Трансформаторот се користи за да претворите електрична енергија од 220 на 110 kw. Ова значи дека со трансформаторот трошите двојно помалку електрична енергија. Исто така, еден кабел од трансформаторот води кон ламбата и еден води кон таблата. Оваа табла се користи за поврзување на сијалиците и е попрактично ако ги обележите трансформаторите и ламбите со броеви, за полесно да се снаоѓате и за да знаете кој трансформатор е за која ламба.

Вентилациона кутија
Оваа таблица се користи за поврзување на трансформаторите со ламбите и е наменета за 16 ламби. Слично како во случајот со трансформаторите и ламбите, практично е таблата исто така да се обележува со броеви. Една ламба има 600 вати. Исто така и на оваа табла има тајмер, со што можете да го наместите светлосниот циклус, односно да наместите кога сакате ламбите да работат, а кога не (т.е. кога сакате да им е ден, а кога сакате ноќ на билките, во зависност од тоа дали се наоѓаат во фаза на вегетација или цветање).


На овие слики може да се види дека ви треба вентилациона кутија за циркулација на воздухот. Оваа кутија изнесува 373 kw на оваа слика. Подобро е да се насочи да дува кон ѕидот и од таму да шири воздух, а не да дува директно во растенијата. Ако дува во билките, тоа може да доведе до несакани последици, да го излади растението, односно да дојде до црвенило на стеблото. Одма до грејното тело е кутијата. Исто така, можеме да видиме на сликата дека ни се потребни и 2 вентилатори за ладење на воздухот и за симулација на ветар. Потребни се и грејачи што ќе ја прават температурата соодветна за билките. Грејачите мора да бидат без светло, за да ​​произведуваат топлина без светлина (со цел да не се наруши светлосниот циклус ден/ноќ). На оваа слика можеме да видиме кутија за свеж воздух однадвор и можеме да видиме дека треба да го филтрираме она што е поврзано со воздушната кутија за чистење на воздухот. Со ова имаме надворешен чист воздух. Ова е воздушна кутија и филтерот е приклучен на оваа кутија.


Вентилациона кутија
Предните базени се високи 30 см. За еден базен ви е потребна подна изолација од 5 см и потребен ви е материјал што ќе ви помогне водата да остане во базенот. Кога треба да им дадеме храна (вода) на билките, ставаме 1-2 см максимум во еден базен. Левиот базен е 3 метри на 1 метар со 4 ламби.

Исто така, потребен ни е и резервоар за давање вода на билките. Како можеме да видиме на сликата, овој резервоар е 200 литри и е пластичен. Со оваа големина можеме да им дадеме само еднаш храна. Резервоарот се користи за правење микс од прихрана за растенијата. Ставаме мешавина од резервоарот во базените. И важно е максимум што даваме да е 1-2 прсти (во зависност од тоа колку тие се големи).

После 15 дена почнуваме да даваме прихрана на билките и започнуваме да даваме полека. Прво започнуваме со ставање за корените 2 пати, сè додека се мали. После тоа започнуваме да даваме за цветањето. Прихраната воопшто нема правила, таа секогаш зависи од изгледот на растенијата. Секогаш бидете внимателни со прихраната. Температурата во одгледувачницата мора да биде мин 20 - макс 35 степени целзиусови. Една саксија има 2-3 килограми. Саксиите исто така, можете да ги видите на сликите. Греалките треба да се програмираат да се вклучуваат после ламбите. Додека работат ламбите, во никој случај да не работи греењето, затоа што може да дојде до експлозија на сатот од кој се зема струја, премногу напон ќе дојде, а може да избувне и пожар.



Прихрана

Автор: Анонимен одгледувач (наш соборец)
Уредник: MoniQue Konopova


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ПРАВИЛНО ОДГЛЕДУВАЊЕ: 

* Како правилно да се ѓубрат и наводнуваат билките?

* Поленизација на канабисот - собирање и чување на поленот од машките цветови

* Како да го максимизирате приносот на вашите канабис растенија?

* Најчести проблеми поврзани со цветањето на марихуаната

* Канабис училница – основни тренинзи на вашите билки

* Клонирање на канабис растенијата

* Какви типови на марихуана цветови постојат?

* Најсоодветна pH вредност за канабис растенијата

* Предностите од размножувањето и вкрстувањето на канабис билките

* Три моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана

* Аеропоника системи за одгледување канабис во домашни услови

* Како да се спречи мувлата во затворени одгледувалишта? Indoor врсти отпорни на мувла

* Дали канабисот во затворен простор расте подобро од оној одгледуван на отворено?

* Како да одгледуваш марихуана во плакарот без да бидеш фатен?

Friday, September 28, 2018

Дозирање на домашно масло од канабис кај деца и почетници

Редовно нè прашуваат како најдобро да се воспостави безбеден терапевтски режим за дозирање на канабисово масло за педијатриски пациенти. По многу обиди и грешки, информации од многу сигурни извори и истражувања, консултирајќи се и со еден интересен блог на искусен родител кој сопственото дете го лекува со канабис, сега можеме да дадеме добра препорака за тоа како да се започне кај децата па дури и кај домашните миленици!


До сега имаме зборувано за тоа како најдобро да се третираат постарите канабис пациенти. За почеток: 1 грам од целосен екстракт масло од канабис со целосен спектар (домашно подготвено) треба да се измеша во 20 грама органско, ладно цедено вирџин кокосово масло. Мешањето може да се направи на многу ефикасен и лесен начин. Загрејте го најпрво кокосовото масло на тивок оган, кокосовото масло има ниска точка на топење од 76 степени Целзиусови, затоа е неопходно средно или високо ниво на топлина. Кога маслото од кокос е во течна состојба, претурете ја смесата во два од 10 ml орални чисти шприцеви. Ќе добиете 20 грама кокосово масло подготвено за понатамошна употреба. Ова не е сè...



Стиснете го кокосовото масло во мала тегла за конзервирање потопена во вода на тивок оган, целата постапка можете директно да ја правите и во чисто ѓезве на рингла. Од шприцот со маслото од канабис, (најчесто маслото од канабис доаѓа претходно спакувано во 2 ml - 10 ml орални шприцеви), инјектирајте 1 ml канабисово масло во 20-те мл од течното кокосово масло (најпрво шприцот со масло од канабис стоплете го за да може лесно да го истиснете густиот екстракт). Промешајте неколку минути на тивок оган, кога кокосовото масло е целосно заситено и измешано со маслото од канабис, кана-кокосовата смеса ќе стане светло зелено-килибарно-кафена. Ова се случува кога канабиноидите се врзуваат за мастите од кокосовото масло. Наполнете чисти шприцеви од комбинацијата Canna-Coco.


Ова разредување ќе даде сооднос од 1/20g масло од канабис по грам од мешано кокосово масло. Во суштина, ова скоро ги поништува шансите за „предозирање“ каде потенцијално може да се појават несаканите ефекти од канабисот, како преголема еуфорија или пресилен седативен ефект. Ова предозирање не е штетно во секој случај или токсично, меѓутоа многу непријатно за неискусен пациент. Со ваква мешавина можете да си направите и кана-капсули. Продолжете со рутината, давајте 2 или 3 пати на ден, додека не се утврди забележлива толеранција или сте подготвени да ја зголемите дозата, по можност по една недела кај децата со не многу сериозни здравствени состојби, кога не мора многу да се забрзува шемата (кога не станува збор за посериозни форми на канцери, во тие случаи дозата се дуплира на секои 4 дена).


Разни медиуми за растворање на канабисово масло
Втората недела или кога сте подготвени, намалете го разредувањето на 1/10g со мешање на маслото од канабис од 1g во 10г кокосово масло. Ова сигурно ќе го зголеми дозирањето. Воведување на повеќе терапевтски канабиноиди во системот е добредојдено. Оваа доза земена два пати на ден, ќе ја зголеми сатурацијата на 2g масло од канабис на ден! Продолжете со намалување на разредувањето и зголемување на внесот на канабис во текот на следните две недели - кон крајот на првиот месец 1 грам на ден масло од канабис треба да се толерира без никаков проблем и да се консумира за да се промовира целосен третман на проблемот, особено кога се работи за канцери. Не го ограничувајте пациентот на еден грам дневно ако е во тешка здравствена состојба, многу успешни приказни за масло од канабис вклучуваат консумирање на 2 грама и повеќе дневно низ подолг временски период, подолг од 3 месеци.


Овој распоред на дозирање не треба да се применува строго за педијатриски пациенти во сите ситуации, исто така може да се користи за започнување на канабиноидна терапија кај новороденчиња, како и постари и немоќни пациенти. Кокосовото масло не е единствениот медиум што може да се користи, може да се употреби: маслиново масло, масло од грозје, масло од коноп, какао путер, шеа путер и други, исто така, успешно се употребуваат за натопување и разредување на маслото од каннабис за дозирање, а некои од овие медиуми се употребуваат и за изработка на канабис супозитории (чепчиња). „Јас секогаш препорачувам избегнување на употреба на ГМО растителни масла, како што се соја, пченка, канола и општо растително (сончогледово) масло“ - вели овој татко.


Според овој паталец, општата употреба на маслото од канабис започнува со создавање на силна толеранција кон големи дози на ТХЦ, со цел да се насочат кон третирање на одредени болести. Препорачуваме употреба на масло од канабис за следното: Хронична болка, мигрена, гадење, грчеви, дијабетес, артритис, Синдром на иритирани црева (IBS - Irritable bowel syndrome), Кронова болест, Мултиплекс скплероза, Лупус, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, аутизам, цистична фиброза, леукемија и други видови на рак, лезии, модринки, брадавици, бемки, егзема, псоријаза, изгореници, скршени коски, спортски повреди, мускули оштетувања, изгореници, нарушувања во исхраната, висок крвен притисок и пореметувања во спиењето итн... Кај секое заболување вреди да се проба - нема што да изгубите, може само да си го подобрите сонот и квалитетот на животот. „Имавме успех со сите овие состојби и продолжуваме да ги гледаме позитивните резултати кај многу други пациенти со применување на органско кокосово масло. Ова е одличен начин да започнете терапија со канабис“ - вели таткото, авторот на блогот.

Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: CannaDad's Blog

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:









Wednesday, June 7, 2017

Канабис училница – основни тренинзи на вашите билки

Како да го истренирате вашето растение за подобар и поквалитетен принос? 

Нашите пријатели од „Џоинт МК - Канабисот Е Лек“ ни ги објаснуваат основните техники:

„Здраво!!! Денес сакам да ве запознаам со неколку видови на тренинзи-третмани кои ќе направат од вашата билка многу убава и раскошна дама или (ѕверче), кој како милува. Имено за да можете да го тренирате вашето растение да добие на големина - волумен и квалитет треба уште од првите 2-3 недели да се направат неколку паметни работи како би добиле и поголем принос ама и поубави и пораскошни растенија. 


За да не настанат забуни најпрво ќе ве запознаам со основните 3 тренинга коишто и реално најмонгу се користат кај одгледувачите на канабис во светот и кај нас на Балканот. Овие три тренинга ќе треба да се направат уште кога вашата билка ќе го пушти третиот пар на ливчиња“ - вели авторот на статијава „Џоинт МК - Канабисот Е Лек“

1. Croping или Topping - сечење или кинење на врвот на растението

Под поимот ‚кропирање‘ или ‚топирање‘ се подразбира, сечење односно кратење на врвот на билката канабис и тоа кога вашето растение ќе го пушти третиот или пак четвртиот пар (спрат) на листови, тогаш се применува кроп-топирањето кое што треба да се направи со стерилна опрема, дали тоа ќе бидат ножички или пак скалпел, па дури и некакво ноже. Иако топла препорака да е ножица или евентуално нов скалпел кој што пожелно е да биде стерилно чист како не би направиле некаков проблем на растението, а тоа најчесто се инфекции ако опремата т.е. алатот со кои што го правите тоа не се чисти можете да го изгубите растението.


Еве од сликата се гледа како треба тоа да изгледа и на кое место треба да се направи. Со повеќе вакви топирања во текот на вегетативниот период се добива многу поголемо и поразгрането растение, а со тоа и поголем принос.

Еве фотки. Важно за напомена е дека овој тренинг не се прави кога билката е во фаза на цветање. Бидејки би ја изгубиле јачината на цветовите со самото тоа и квалитетот на истите.


2. FIM-FIMMING - засекување на врвот на билката

Под овој поим се подразбира тренинг попрецизно кропирање т.е. сечење, со кој ќе добиете ќе добиете четри нови врва, наместо два нови врва и така ќе се добие многу разгранета (грмушеста) билка со уште поголеми приноси. За овој тип на тренинг ви се потребни истите алатки како и за предходниот со тоа што треба да бидете многу попрецизни, од сликате се гледа каде се прави фимингот на растението.
Еве ги сликите. Од сликите се гледа прецизно како се прави и на кое место.

Овие два тренинга се нај користени и се со најголема примена.


3. Low Stress Training (LST) - дава минимален стрес кај билката

Ова подразбира слаб стрес на растението, за овој тренинг може да кажеме дека е најупотребуван, поради тоа што прави кај вашето растение одлично разгранување кое ите како ќе доведе до густo и (побогато) растение со повеќе цветови, а притоа ќе даде убава крошна најчесто во форма на топка и со тоа принос за 5ка :)
Овој тренинг е пожелно да го правите кога растението ќе ги има направено бар минимум 5-6 пара на листови (спратови) и кога главната гранка е доволно дебела да го издржи овој тип на тренинг. 

За овој тренинг ви се потребни повеќе алатки и тоа:

1.) конец или жица;
2.) игла и мали клешти;
3.) дупчалка
за правење на дупки во саксија. Тоа може да биде или некакво шило или пак, игла или шајка со која ќе направите дупки во вашите саксии, канти итн.

Еве ги сликите како треба да се направи овој тренинг за да може светлоста подеднакво да ги развива сите гранки на вашето растение:

За овој тренинг ќе морате да бидете многу внимателни и обично се препорачува да
работите внимателно со многу фокус, нежно сепак, работите со дама :) и да внимавате да не направите поголемо оштетување на растението.

Ова се трите нај употебувани тренинг варјанти, а наскоро ќе ве запознаеме со уште 4 други помалку користени, меѓутоа исто така многу важни за вашите лековити убавици... - додаваат од „Џоинт МК - Канабисот Е Лек“

Поздрав и запамтете: КАНАБИСОТ Е ЛЕК!!!
  





Еве како изгледаат растенијата на кои им е направен овој тип на тренинг.  

Thursday, August 4, 2016

Воведни инструкции за дозирање на канабисово масло

Обично потребни се 90 дена за просечен човек да ја прими целосната терапија со канабисово масло од 60 грама (60 мл) масло (екстракт/смола): „Сугерирам луѓето да започнат со три дози дневно со големина на половина зрно сув ориз“ - вели Рик Симпсон


Активистот за слободен канабис Рик Симпсон
„Сугерирам луѓето да започнат со три дози дневно со големина на половина зрно сув ориз. Пациентот треба да ја внесува оваа доза на секои 8 часа, рано наутро, па потоа попладне, а последната дневна доза треба да биде примена еден час пред спиење“ - вели Рик Симпсон. Поединечната доза се дуплира на секои 4 дена. Исто така, треба да се напомене дека кога пациентот ќе започне да зема масло, тој/таа не ги чувствува ефектите до околу еден час од земањето на дозата, затоа бидете свесни за овој факт. „Дозата за почетници какви што јас ви ги опишувам ќе биде еднаква на 1/4 од капка“ - додава тој на официјалната страница на PhoenixTears.ca.

По 4 дена со оваа шема на дозирање (3 пати на ден со големина од 1/2 зрно ориз), повеќето од луѓето потоа се спремни да ја зголемат нивната доза со дуплирање на количината на истата на секои 4 часа. Следејќи ја оваа едноставна процедура, многу од пациентите се изјасниле дека не го почувствувале хајот што ова масло може да го предизвика. Но, вистината е дека секој е различен и секој има индивидуално различна толерантна граница. Па, оттука некои ќе бидат подготвени да ги зголемат дозите побрзо, отколку други. Во реалноста, дури и пациентите да го почувствува хајот, тоа нема да им наштети на ниту еден можен начин, под услов екстрактот што го примаат да е произведен од седативните органски индика врсти, што Рик Симпсон ги препорачува и доколку маслото е произведено на соодветен начин. 

За просечна личност потребни се од 3 до 5 недели за да се стигне до точката кога веќе ќе можат да земаат по грам дневно (1 мл дневно). Откако ќе ја достигнат оваа доза, тие треба да продолжат со ова темпо сè додека нивната медицинска состојба не се стабилизира и не се постигне посакуваниот исход. „Ова значи дека откако пациентот се навикне на консумирањето масло, секоја доза што ја прима ќе биде еднаква на 8-9 капки на секои 8 часа и во многу случаи, јас сум видел пациенти кои немале никаков проблем со внесување дури и на многу повеќе“ - истакнува Рик. Тоа е доза од приближно две зрна ориз што соодветствува на една капка. Па, откако пациентот е навикнат на употребата на маслото, тој всушност внесува доза која е еднаква на 16-18 зрна ориз по доза.


„Во некои случаи дури имам видено пациенти кои воопшто не се плашеле од овој лек, ја јадеа целосната 60 грамска терапија за еден месец и потоа многумина од нив беа прогласени за излечени од рак. Користејќи ја методата што јас ја објаснувам, на телото му овозможуваме време за да изгради толеранција на овој лек полека и кога пациентот станува навикнат на ефектите од маслото, многу од пациентите всушност потврдуваат дека тие уживаат земајќи го. Сите имаме различна толеранција за секој лек и вашата големина или телесна тежина има мала врска со толеранцијата на канабисово масло, дури и децата можат да ги земаат истите дози како и возрасните, без штетни ефекти“ - вели Рик.


Одржување на дозата - превенција

На крајот од канабис-терапијата, повеќето од луѓето продолжуваат да го користат маслото, но со многу смалена доза. Околу 1-2 грама месечно би биле одлична количина за одржување на резултатот, само капка или две навечер пред спиење е сè што генерално е потребно за да се одржи добро здравје. „Често ме прашуваат дали ова масло мора да биде земано со храна, но од моето искуство, се чини дека разликата е мала, па јас го оставам тоа на пациентот сам да одлучи. Јас чувствувам дека постои мала потреба кај повеќето случаи за некој да се предозира со маслото, освен ако тие всушност имаат состојби опасни по живот, како што е 4-та фаза на рак, којашто го става нивниот живот во опасност и тие сакаат болеста да ја стават побрзо под контрола. 


Дури и во некои случаи како овој, обично не е потребно да се предозира со маслото, но доколку некој одлучи така, тогаш јас немам навистина никаков проблем кога тие земаат одвишок на масло“ - вели Рик. Бидејќи во реалноста, за разлика од многу фармацевтски лекови со кои нè снабдуваат нашите медицински системи, предозирањето со канабисово масло навистина никому не му прави никаква штета, а во никој случај не може да доведе до смрт.

Главниот спореден ефект од овој лек е сонот и одморот, што игра многу важна улога во процесот на лекувањето. Вообичаено, по еден час од земање на дозата, маслото ви кажува да легнете и да се одморите. Не обидувајте се да се борите со седативниот ефект на маслото, само легнете во удобна позиција, потоа овозможете му на маслото да ви го даде одморот и релаксацијата што ви е потребна за да се излечите брзо и правилно. Ефектите од маслото може да предизвикаат блага расеаност и често пацинетите се малку несигурни на своите нозе, кога започнуваат да го користат овој природен лек. Но, откако пациентот ќе ја изгради толеранцијата, овие ефекти брзо исчезнуваат. Обично во рок од 3 до 4 недели, заморот во текот на денот поврзан со овој начин на лекување, со текот на времето исчезнува, но пациентот продолжува да спие квалитетно и цврсто во текот на ноќта.

„Јас исто така сугерирам пациентите да не управуваат со своите автомобили, сè додека не се навикнат на своето масло, по што тие тогаш се во можност повторно да возат безбедно. Откако еднаш се навикнеш на ефектите од маслото, тоа не ја нарушува вашата способност да управувате на никој начин, затоа што за разлика од алкохолот и многуте конвенционални лекови, маслото не ги нарушува моторните способности“ - заклучува Рик Симпсон. Генерално според протоколот на Рик Симпсон треба да се примат 10 мл екстракт со над 80% ТХЦ во првиот месец, 20 мл вториот месец, 30 мл третиот месец (вкупно 60 мл во 90 дена), но дозирњето се прилагодува индивидуално: кога ситуацијата не е алармантна, дозата од секое квадратче може да се подели на 3 дела, но кога станува збор за сериозна дијагноза и оштетувања од операција/хемо или метастази или поодминат стадиум на канцер, тогаш секое квадратче треба да претставува поединечна доза и да се прима 3 пати на ден и на секои 4 дена поединечната доза да се дуплира (во тие случаи колку повеќе масло се прими во пократок временски период - толку подобро за пациентот).




* Текстот е превземен од официјалната страница на Рик Симпсон - phoenixtears.ca





Saturday, March 26, 2016

Неколку совети за растење за почетници

Растењето на здрави билки може да биде лесно, забавно и да претставува релаксирачко хоби, доколку се знаат некои основни работи

Постојат одредени важни фактори што треба да се имаат во знаење и коишто треба редовно да се следат кога се расте канабис во внатрешни услови. Не се обесхрабрувајте, бидете упорни - ретко кој успеал да има добра берба од првиот пат. Со секоја тура учите нешто ново. Наша препорака е да не се врзувате здраво за готово за сите совети што ќе ги прочитате на Интернет, како и за советите што ви ги делат вашите пријателки и пријатели одгледувачи. Каков што е случајот со техниките за работење на себе на духовен план, слично е и со одгледувањето марихуана - она што му одговрара на еден одгледувач и на неговите билки, не мора да значи дека ќе биде добра практика и за тебе и твоите чеда. Пробувајте, учете од туѓите и сопствените грешки - што и да се случи насмевнете се и уживајте во магијата што ќе се случува пред вашите очи. 

1. ФЛАСТЕР НА УСТА!

Додека канабисот целосно не се легализира во Македонија, првиот наш совет е да бидете многу внимателни и да размислете добро со кого ќе ја споделите вашата тајна и дали воопшто треба некому да кажете ;) Доколку се` уште не сте започнале со одгледување, ќе се уверите колку ќе биде силно чувството на гордост и среќа од она што расте во вашиот дом и колку ќе биде силно чувството на потреба тоа да го споделите со најблиските. Сите луѓе по природа се добри, меѓутоа има моменти кога луѓето знаат да бидат заслепени од негативните емоции. Имајте во знаење дека во животот можеби имате луѓе што сакаат или можеби ќе посакаат да ви наштетат, да ви се одмаздат или едноставно нема да можат да ја поднесат вашата среќа поради тоа што се љубоморни. Заштитете се и бидете што е можно повнимателни.

2. Одржувајте чистота!

Хермафродит од стрес од нарушен темен период
Покрај личната хигиена на телото и духот што ни помага да бидеме позитивни и да им зрачиме со позитивна енергија на нашите билки, потребно е да одржуваме хигиена како на околината во која ги одгледуваме, така и хигиена на алатките со кои се грижиме за нашите растенија. Добро дезинфицираниот простор пред започнувањето со вегетативниот период, но и честото чистење помага во спречувањето на инсектите и болестите. Внимавајте да имате чисти раце пред да ги допирате и билките да немаат контакт со средствата за хигиена, ниту пак со гасовите од средствата за хигиена што испаруваат во етерот - добро проветрете по чистењето.

3. Одбирајте квалитетно семе

Квалитетните семки купени во специјалните продавници за канабис или пак, на Интернет гарантираат успех, доколку условите за растење им се горе-доле погодени. Финалниот производ кон кој се стремите дури 90% е зависен од неговата генетика. Бидете спремни на пораз и со насмевка прифатете го неуспехот, доколку растете непознати семки. Бидете пресреќни доколку од обични семки собрани дури и од најдобрите туфки што сте ги пушеле успеете да имате добар род :)

4. Користете добра почва

Направете соодветна почвена мешавина со соодветна pH вредност од околу 6.5 за повеќето канабис билки. Купете си мерач за pH вредноста на почвата и за pH вредноста на водата и соодветно алкализирајте или закиселувајте по потреба. Во земјата може да додадете перлит, лушпи од кокос или стиропор за поголем простор на коренот да расте.

5. Соодветно светло

Со дигитален или аналоген тајмер светлосните шеми самите автоматски ќе се регулираат - за тоа нема потреба да се грижите вие. Вие треба само да се погрижите да ја погодите келвинажата во секоја фаза од развојот, со што ќе ги симулирате природните услови, односно сонцето. Попречувањето на нивната ноќ предизвикува стрес што може да се манифестира со појава на хермафродити како на сликата погоре. Изборот на светлото зависи од вас, од тоа колкав е просторот во кој сакате да растете, како и од тоа колку брзо сакате да растат билките, но и колкав е вашиот буџет наменет за сметките за струја. Metal Halide, High Pressure Sodium, CFL, LED, флуоресцентни или други - останува вие да одлучите :) Светлото не треба да ги допира врвовите на растенијата.

Часа светлина:           Часа темнина:
Расад                                                    16-24                              8-0
Клон                                                       18-24                              6-0
Вегетативна фаза                                    18                                  6
Фаза на цветање                                     12                                 12

6. Соодветно наводнување

Сам/а порасни си го лекот!
Не претерувајте со наводнувањето. Премногу вода може да ги убие вашите билки. Саксиите треба да имаат доста отвори низ кои ќе истекува вишокот на вода. Постојат повеќе мерила за одредување кога треба да го нахраните вашето растение со вода. Некои наводнуваат тогаш кога земјата речиси целосно ќе се исуши. Други наводнуваат кога во земјата нема повеќе влажност, откако ќе проверат боцкајќи го прстот во земјата на длабочина од 7-10 сантиметри. Кога на билката `и треба вода, листовите започнуваат да овенуваат - ова не треба да ве исплаши. Внимавајте исто така и на киселоста на водата и доколку полевате со вода од чешма таа пожелно е да одстои 24 часа поради хлорот и да постигне собна температура. Препорачуваме минерална негазирана вода, а во фаза на цветање може и да пробате со газирана вода - така се разровчува земјата и коренот може да дише и да расте подлабоко.

7. Прихрана

Доколку земјата е збогатена со минерали и останати хранливи состојки, нема потреба да додавате прихрана барем на почетокот од вегетацијата. Премногу прихрана може да ги изгори билките! Вегетативната фаза сака повеќе Азот, додека пак фазата на цветање сака повеќе Фосфат. Најдобро е да користите органско ѓубриво (компост) како прихрана и внимавајте тоа да биде многу разредено. Следете го изгледот и виталноста на билките, затоа што секој дефицит или суфицит од нутритивни состојки се забележува по бојата и изгледот на листовите.  


8. Обезбедете најоптимални услови за растење

Температурата треба да се движи од 20-30°C во вегетативната фаза преку нивниот ден. Температурата од околу 25°C е најоптимална, а разликата помеѓу ноќната и дневната температура да не е поголема од 10°C. Во фазата на цветање препорачливо е светлото да се појача, но и температурата малку да се намали. Внимавајте на влажноста на воздухот во гроу боксот или гроу румот. Потребно е да симулирате ветар со вентилаторче што ќе ги ниша лисовите. Циркулацијата на воздухот исто така е доста важна. Препорачуваме убаво да им зборувате на вашите билки, да им ја искажувате вашата љубов, почит и восхит кон нив, да им пеете и да им пуштате музика со вибрации што го потикнуваат растењето. Имајте во знаење исто така дека колку што билката расте над земја, толку таа треба да има простор и за растење под земја. Затоа редовно пресадувајте или одгледувајте од самиот старт во поголема саксија - препорачуваме 6 литарски исечени шишиња од вода.


9. Не берете прерано!

Сте чекале 2 и нешто месеци поминати во вегетација и над 3 месеци поминати во цветање, па затоа не бидете нетрпеливи. Мерило за зрелост на цветовите е бојата на трихомите - кога ќе станат кремасто-кафени со боја на килибар, тогаш е време за берење.

10. Исушете пред да пушите :)

Откако туфките ви се набрани за канабиноидите да постигнат максимум од својата зрелост, потребно е соодветно да ги исушите цветовите, но и да го завршите процесот наречен CURING.