Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Истражувачите веруваат дека оваа компонента има потенцијал да ги замени стероидите и опиоидите. Познатиот израелски хемичар д-р Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) го направи тоа повторно! Тој се надева дека откривањето на EPM301 може да доведе до евентуална замена на некои фармацевтски лекови, кои можат да создадат голема зависност и да предизвикаат огромен број на негативни несакани последици
Проф. Д-р Рафаел Мешулам
Професорот Мешулам, еден од татковците на канабисот, честопати нарекуван - „Кумот во истражувањето на канабисот“ (иако тој ја дели таа титула и со други негови колеги, како што е покојниот д-р Лестер Гринспун), неодамна објави уште едно откритие: МЕТИЛ ЕСТЕР КАНАБИДИОЛНА КИСЕЛИНА (cannabidiolic acid methyl ester - EPM301). Д-р Мешулам го претстави сега патентираниот комплекс во партнерство со биотехнолошката компанија EPM со седиште во САД.
„ЕПМ разви метод за да работи со оригиналните супстанци од канабисот“ - изјави за Форбс 88-годишниот д-р Мешулам. „Значи, додека сите дискутираат за THC и CBD, овие канабиноиди се всушност секундарни супстанци; тие исклучиво се појавуваат подоцна во растението. Првично, постои киселина што се појавува во растението, а тие киселини се овие мистериозни светови на соединенија кои се многу посилни од канабиноидите“ - додава тој.
Откривањето на EPM301 им доаѓа во пресрет на научниците со користење на метод за модификација и стабилизирање на тие киселини, овозможувајќи им да бидат ефективно користени во фармацевтското истражување, додека претходно, нивната нестабилност ја правеа точноста невозможна. Методот, познат како естерификација, се јавува при хемиска реакција во која два одделни реактанти, генерално оксоацид и алкохол или фенол, формираат хемиско соединение наречено естер, како резултат на таа реакција.
Откако истражувачите започнаа понатамошно испитување на EPM301, тие откриле дека соединението помогнало да се потиснат симптомите како што се гадење и вознемиреност - давајќи му висок потенцијал за медицински апликации кај пациенти како што се оние кои се третирани со хемотерапија или страдаат од некои дигестивни и/или дерматолошки состојби. Досега, не е пријавено дека ова „ново“ соединение предизвикува било какви негативни несакани ефекти по човековото здравје. Уште еднаш формално се потврдува безбедноста на ова растение - 100% безбедно и 100% ефикасно во лекувањето на секакви дијагнози.
Професорот е познат по тоа што е првиот кој го открил ендоканабиноидниот систем со рецептори во нашите тела и тој прв го синтетизираше канабиноидот Тетрахидроканабинол (или ТХЦ, психоактивно соединение во растението канабис) и создаде негови посилни верзии, како и канабиноидот Канабидиол (или ЦБД, непсихоактивно соединение во растението канабис). Истражувањето на д-р Мешулам од 1992 година што подоцна резултираше во откритие на ендоканабиноидниот систем (ЕКС) направи пресврт во науката за канабисот. ЕКС е комплексен сигнален систем на клеточно сигнализирање, чија главна функција е одржување на телесна хомеостаза или биолошка хармонија во реакција на промените во животната средина.
Д-р Мешулам се надева дека откривањето на EPM301 може да доведе до евентуална замена на конвенционалните лекови, како што се опиоиди и стероиди, кои можат да создадат огромна зависност кај нивните корисници и да предизвикаат огромен број на негативни несакани ефекти. Додека постепеното искоренување на овие „лекови“ со помош на канабисот и препаратите од канабис, како и други растителни соединенија, можеби звучи по малку како научна фантастика и изгледа како нешто што ќе се случи во далечна иднина, сепак д-р Мешулам е цврсто уверен дека тоа брзо ќе се случи и сугерира дека неговото предвидување може да се појави многу порано отколку што скептиците мислат!
За жал причината за повеќето случаи на глиобластом не е позната, но за среќа лекот е познат и докажан уште од дамнешни времиња, а постои од настанокот на оваа планета. Лекот за овој тип на канцер, како и за другите видови канцери е КАНАБИС!
Глиобластомот, познат и како (Glioblastoma multiforme - GBM), е најагресивниот вид на карцином што започнува во мозокот. Првично, знаците и симптомите на глиобластом се неспецифични. Може да вклучуваат главоболки, промени во однесувањето на личноста, гадење и симптоми слични на оние на мозочен удар. Симптомите често пати се влошуваат со рапидно брзо темпо и може да напреднат до губење на свеста. Канабиноидите влијаат врз одржливоста на глиобластомските клетки и матичните клетки што потекнуваат од пациенти, коишто ги изразуваат CB1 и CB2 рецепторите.
Глиобластомот е најагресивниот примарен тумор на мозокот што не реагира на конвенционален терапевтски третман. Преживувањето на пациентите се движи од 12 до 15 месеци по дијагностицирањето. Со зрачење и хемотерапија туморот може да се распространи само низ целото тело на пациентот. Може да метастазира, како вторично жариште, што настанува со раширување на болните клетки преку лимфните и крвоносните садови, бидејќи тие третмани го разлутуваат овој вид на рак уште повеќе.
Ова главно се должи на неефикасното таргетирање на терапевтски отпорните матични клетки на глиобластом (GSCs), затоа итно се потребни нови опции за надополнување на третманот. Зголемениот број на предклинички студии покажа дека канабиноидите предизвикуваат процеси кои водат кон реакции против тумори кај некои видови на карцином, вклучително и глиобластом. Искуството на пациентите кои нелегално се излечиле, ова веќе одамна го докажа, ама ајде мора нели сè да биде научно верифицирано...
ЗАКЛУЧОЦИ од студијата - НАЈВАЖНО:
1.) Канабиноидите, особено при зголемување на концентрациите на THC, ја намалуваат одржливоста на клетките на глиобластом!
2.) Насочување на матичните клетки на глиобластом (GSCs) кои се поотпорни на хемотерапија. GSC досега се покажаа како поранливи поради канабиноидите, отколку што биле диференцираните клетки!
3.) При оптимална концентрација за секој пациент, дефинираниот состав на канабиноиди претставува ветувачка алатка за намалување на оптоварувањето од туморот!
• Студијата е спроведена од страна на Националниот институт за биологија (NIB) и Универзитетскиот медицински центар Љубљана, Словенија со MGC Pharma R&D Division.
• Општата цел на истражувањето беше да се развијат формулации за дефинирање на протоколите за третман на тумори на мозок со висок степен, т.е. глиобластом со помош на канабиноиди.
• Студијата ги процени протеините на канабиноидните рецептори што можат да ги додадат за да ги идентификуваат најефикасните цитотоксични канабиноиди, познати досега, на пр. соодносот на CBD и THC и понатаму нивните можни синергистички ефекти со хемотерапевтскиот „лек“ Темозоломид (Temozolomide - TMZ) во однос на третманот на пациенти со глиобластом.
• Истражувачката соработка е дел од стратегијата на MGC Pharma за партнерство со водечки истражувачки институции за да се испитаат можностите за развој на нови фармацевтски производи засновани на докажани формулации на канабиноиди во предклинички и клинички студии.
• Резултатите од студијата можат да се видат на веб-страницата на компанијата со кликнување тука и беа презентирани од страна на НИБ на Вториот меѓународен годишен конгрес за контроверзности за лекови засновани на канабис во Барселона, Шпанија на 23-24 мај 2019 година.
Во продолжение фотографии од оваа научна публикација, којашто целосно можете да ја превземете на линкот под сликите. Кликнете на сликите за да можете поубаво да ги погледнете!
Извештаите за употребата на канабис во третманот на епилепсија се јавуваат уште во 1800 година п.н.е. Научни извештаи се појавуваат во 1881 година од невролози кои користеле индиски коноп за лекување на епилепсија со драматичен успех
Неизлечива епилепсија - Канабидиол (Cannabidiol)
Извештаите за употребата на канабис во третманот на епилепсија се јавуваат уште во 1800 година п.н.е. Научни извештаи се појавуваат во 1881 година од невролози кои користеле индиски коноп за лекување на епилепсија со драматичен успех. Употребата на терапија со канабис за третман на епилепсија се намалила со воведувањето на фармацевтските лекови: фенобарбитал и фенитоин и донесувањето закони со кои се забранува употреба на марихуана во САД. Експериментите со Δ9-THC покажаа хиперексцитабилност во ЦНС кај глувци, со зголемена невронска ексцитабилност и зголемена чувствителност кон конвулзии и не била употребена кај повеќето испитувања на неизлечива епилепсија. CBD, сепак, произведува антиепилептиформни и антиконвулзивни ефекти кај моделите in vitro и in vivo.
Како и со повеќето канабиноидни истражувања досега, спроведувањето на студиите може да биде тешко поради ограничениот легален пристап до медицинска класа на марихуана и фитоканабиноидни екстракти. Меѓутоа, ЦБД, добиен од коноп, неодамна доживеа помалку регулации и како резултат на тоа, истражувањата со употреба на ЦБД за рефрактерна епилепсија доживеаја повторно оживување. Неодамна, во 1980 година, Cunha et al., објави double-blind студија која го проценува ЦБД за неизлечива епилепсија кај 16 пациенти со големи напади. Секој пациент добивал 200-300 mg на ден од CBD или плацебо, заедно со антиепилептични лекови до 4 месеци. Тие откриле дека во групата со третман, 7 од 8 одговориле со помалку напади. Во плацебо групата 1 од 8 одговориле со помалку напади. Бидејќи овој извештај беше објавен, има обновен интерес за медицинска марихуана за клиничка употреба, но повеќето студии се изолирани извештаи за случаи и мали клинички испитувања. Сите овие укажуваат на тоа дека ЦБД, непсихоактивното соединение во канабисот, потенцијално може да биде корисно за контролирање на епи-нападите отпорни на лекови.
CBD ја намалува невронската хиперактивност кај епилепсијата
Севкупниот ефект на ЦБД се чини дека резултира со намалување на невронската хиперактивност кај епилепсијата. Како што беше дискутирано претходно, CB1 рецепторот е пресинаптички рецептор поврзан со G-протеин кој ги активира калциумовите канали со засилен напон и ја подобрува спроводливоста на калиум-каналот во пресинаптичките терминали. Додека Δ9-THC се врзува директно за CB1 рецепторите, CBD има индиректни ефекти со зголемување на ендогениот израз на анандамид. Анандамидот влијае на ексцитабилноста во невронските мрежи со активирање на транзиентниот рецепторен потенцијал (TRP). CBD регулацијата на Ca2 + хомеостазата преку неколку механизми може да придонесе за овие дејства, особено за делумни или генерализирани напади.
Ендогените канабиноиди влијаат врз иницијацијата, пропагацијата и ширењето на нападите. Студиите ги идентификуваа дефектите во ECS кај некои пациенти со нарушувања како рефракторни напади, особено со ниски нивоа на анандамид и намален број на CB1 рецептори во церебро-спиналната течност и ткивна биопсија. Дополнително, ЕКС е силно активиран од напади, а зголемената активност на CB1 рецепторната активност има антиконвулзивни ефекти. Фармацевтската компанија, GW Pharmaceuticals, во моментов го развива ЦБД лекот, Epidiolex®, кој е пречистен, 99% маслен ЦБД екстракт од билката канабис. Резултатите од неодамнешната отворена студија од 2015 година (без плацебо контрола) кај 137 лица со епилепсија отпорна на третман покажаа дека 12 недели со Epidiolex® го намалија средниот број на напади за 54%.
Имено, субјектите во оваа студија се движеле од 2 до 26 годишна возраст со просечна возраст од 11 години. Дозирањето за ЦБД (Epidiolex®) било 2-5 mg / kg дневно, постепено зголемувано до нетолеранција или до максимална доза од 25 mg / кг или 50 мг / кг дневно (зависно од локацијата на студијата). Иако оваа студија исклучиво бараше ефекти врз инциденцата на напади, не постојат докази дека антиепилептичните ефекти на ЦБД се ограничени на третманот на оваа состојба. Други отворени студии за Epidiolex® се во тек во САД. Во моментов, ФДА од САД даде дозвола да го користи овој лек за „сочувствителна употреба“ за ограничен број на субјекти со синдроми на епилепсија отпорна на третман, како што е Lennox-Gastaut синдром (детска епилепсија отпорна на третман, која се карактеризира со повеќекратни типови на напади и задоцнувања во развојот) кај деца и возрасни и кај Драветовиот синдром (тешка миоклонична епилепсија кај новороденчиња) кај деца.
Сеопфатен преглед на безбедноста и несаканите ефекти на CBD во 2016 година, како на студии врз животни и луѓе, опиша одличен безбедносен профил на ЦБД кај луѓето во широк спектар на дози. Најчесто пријавени несакани ефекти се замор, зголемен апетит. Во студиите споредувајќи други медицински лекови кои се користат за третман на овие медицински состојби, ЦБД, исто така, имаше многу поволен профил на несаканите ефекти. ЦБД има интеракции со честите хепатални (лекови) -метаболизирачки ензими, кои припаѓаат на семејството на цитохром Р450.
Не е во опсегот на овој преглед обезбедувањето какви било значајни препораки за дозирање на ЦБД или Δ9-THC. Како и другите канабиноиди, ЦБД може да дејствува со различни механизми според неговата концентрација или истовремено присуство на други канабиноидни лиганди. Генерално, поради значителни психоактивни својства на Δ9-THC, опсегот на терапевтските дози е ограничен. Со моментално проценети 850 брендови на производи од CBD од марихуана и 150 производи од коноп добиени на пазарот и уште поголем број на различни екстракти од Δ9-THC и марихуана растенија кои се одгледуваат за да произведат максимум Δ9-THC концентрација, препораките за универзална дозирање се скоро невозможни. Дозирањето треба индивидуално да се прилагоди (нула смртни случаи). За епилепсија сами направете си екстракт од сатива врсти на канабис и/или див коноп.
Иако сојузните и државните американски закони се недоследни во врска со законитоста на производство на канабис, неговите сè повеќе документирани здравствени придобивки го прават уште еднаш релевантен во медицината. Тековните истражувања укажуваат на тоа дека фитоканабиноидите имаат моќен терапевтски потенцијал кај различни заболувања првенствено преку нивната интеракција со ендоканабиноидниот систем. CBD е од особен интерес поради своите широки способности и недостаток на несакани ефекти кај различни невролошки состојби и болести.
Поради брзата легализација на медицинската марихуана од страна на мнозинството државни законодавства во САД, лекарите се соочуваат со недостаток на формално образование и основни познавања за можните индикации, несакани ефекти, интеракции и дозирање кога се препишува медицинска марихуана. Поради федералните ограничувања за човечки истражувања во САД, ни недостасува бројот и квалитетот на човечките испитувања кои обично се користат при пропишување лекови. Овој преглед на невролошките придобивки на фитоканабиноидите покажа значителни придобивки за невропротекција и редуцирање на широк спектар на невролошки болести и состојби кај луѓето.
Ајде заедно да го прославиме нашиот празник - интернационалниот ден на канабисот 4/20! На 20ти април „КОНОПФЕСТ 2019“ оваа година под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“ ќе се одржи на два подиума со почеток во 13:00 часот во градскиот парк во Скопје!
Конопфест 2019: „Билка што ЖИВОТ значи“
КОНОПФЕСТ 2019 оваа година под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“ - ќе се одржи на два стејџа:
1. Школка во Парк, каде што ќе се одржат неколку едукативни предавања, по што ќе следува настап на диџеи;
2. Полјаната Вембли, на која ќе настапат повеќе реномирани македонски бендови и артисти.
„Оваа година ги споивме силите со Универзална сала со која заедно ќе го коорганизираме овогодинешниот КОНОПФЕСТ“ - велат основачите на здружението Билка во објавениот настан на нивната фејсбук страница.
Конечниот line up за годинешниов Коноп Фест!
Едукативен дел:
- Предавање на основачот на БИЛКА, м-р адвокат Јанаки Митровски на тема: „Приватизација на канабис“;
- Предавање на основачот на БИЛКА, д-р Дарко Костовски на тема: „Употреба на канабисот во тртетман на опијатски зависности“;
- Предавање на активистот Давор Ангеловски на тема: „Медицинска употреба на канабис“;
- Мини перформанс на тема: „Канабис екипа Партизани“.
Дојдете во што е можно поголем број за да упатиме јасна порака до политичките фактори дека сме свесни, дека сме тука, дека сме многу и дека не сме криминалци! БИЛКА веднаш по завршувањето на претседателските избори ќе поднесе предлог законски измени на Кривичниот Законик кои доколку се усвојат ќе доведат до декриминализација на канабисот! Нашето здружение 420 Македонија ќе има свој промотивен штанд на овогодинешниот Конопфест! Граски парк - Булевар Илинден - Се гледаме СОБОРЦИ! Погледнете го најновото интервју на м-р Моника Ристеска (Monique Konopova), дипломиран новинар и Претседател на здружението за демистификација на канабисот 420 Македонија со адвокатот м-р Јанаки Митровски, Основач на здружението за декриминализација на канабисот и унапедување на животната средина Билка, по повод „Конопфест 2019 - Билка што ЖИВОТ значи“, којшто ќе се одржи на 20ти април во градскиот парк во Скопје!
Канабисот е воодушевувачки природен лек, користен од страна на сите култури со векови. Исто така, тоа е лек кој за разлика од другите лекови може да се користи на различни начини, во зависнот од потребите, можностите и желбите. Канабисот може да се консумира преку вдлабнатината во средишниот дел на мевот што сите ја имаме од раѓањето, а се јавува како последица на прекинувањето на папочната врвца
Раната на папокот најбрзо заздравува со нанесување канабис
Некои од најчестите начини на користење на овој лек се преку методите на инхалација, потоа пушењето на исушен цвет или вапоризирање на цветовите, односно цврстите екстракти или маслените екстракти, преку јадење на масла или тинктури екстрахирани од растението или пак, со помош на надворешно мачкање на екстракти/кремови/масти/лосиони на кожа или анална/вагинална апликација со помош на супозитории. Другите вообичаени методи на внесување канабис вклучуваат јадење храна со додаден канабис, сублингвални тинктури базирани на алкохол и капсули од канабис. Исто така, постојат лепенки за болка со канабис, сапуни итн.
Тетоважите, исто така, најбрзо заздравуваат со канабис!
Еден невообичаен начин на внесување канабис за кој многу малку се зборува среде научната фела и најчесто не се користи (токму поради тоа што е непознат од страна на корисниците) е консумирање канабис преку папокот, метод наречен „Печоти“ (Pechoti). Овој начин на консумирање канабис е доста користен во некои култури ширум светот. Овој метод на употреба на канабис можеби не е најпопуларниот во „модерниот“ свет, но нуди многу потенцијални придобивки кои не ги овозможуваат другите методи на консумирање на оваа лековита билка.
Значи, што е Печоти? Едноставно кажано, тоа е жлезда зад папокот на стомакот. Во текот на бременоста, хранливите материи и кислородот се пренесуваат од мајката во нејзиниот фетус, преку папочната врвца. На крајот од таа папочна врвца се наоѓа жлездата Печоти, која останува по раѓањето. Секој човек ја има оваа жлезда која е поврзана со повеќе од 72.000 нерви кои поминуваат низ телото кон различни органи и ткива. Во земјите и културите кои практикуваат Ayurveda медицина, примената на масла низ дупчето од стомакот преку Печоти е вообичаена практика за решавање на многу различни физички и ментални заболувања. Нанесувањето екстракти во папокот за да бидат апсорбирани преку жлездата Печоти се користи за лекување на практично сè: од суви очи и слаб вид, па сè до болки во зглобовите, летаргија, гастроинтестинални проблеми и многу повеќе.
Во папокот има многу бактерии, затоа нанесувајте канабис!
Со примена на масло од канабис во папокот на стомакот, канабиноидите имаат способност брзо да стигнат до секој дел од вашето тело преку ендоканабиноидните рецептори без да го почувствувате хајот, слично како со чепчињата. Ова е нешто што ниеден друг начин на аплицирање не може да го обезбеди. Доколу имате инфекција на папокот или сакате побрзо да ви заздрави пирсингот на папокот, овој начин на консумирање канабис (со нанесување екстракт или тинктура во папокот) е најсоодветен, затоа што секогаш активните состојки од канабисот треба да се аплицираат што е можно поблиску до болното место. Децениите на забраната ги погребаа традиционалните методи на консумирање, како што е преку жлездата Печоти во папокот на нашите стомаци. Како што легализацијата на канабисот продолжува да се шири, а во подем се исто така и истражувањата на оваа тема, може да очекуваме само да дознаваме за уште поневеројатни начини на уживање во овој растителен лек.
Синергијата на фитоканабиноидите ТХЦ и ЦБД за намалување на секакви видови на туморски клетки. Употреба на кнабис за глиобластома мултиформ. Студиите на животни и луѓе покажаа дека Δ9-ТХЦ и ЦБД, комбинирани и одделно, имаат значителни антитуморни дејства. ЦБД во комбинација со ТХЦ го намалува растот на различните туморски ксенографти
Рак (Синергијата на ЦБД и ТХЦ)
Ракот е болест која се карактеризира со неконтролирана поделба на (измутирани) клетки со нивната способност брзо да се шират. Новите антиканцерогени агенси често се тестираат за нивната способност да предизвикаат апоптоза и да ја одржуваат стабилната состојба на клеточната популација. Во раните 1970-ти, фитоканабиноидите покажаа дека го инхибираат растот на туморите и го продолжуваат животот на глувците со аденокарцином на белите дробови. Подоцнежните студии покажаа дека канабиноидите го инхибираат растот на туморските клетки и индуцираат апоптоза преку модулирање на различни патишта за сигнализација на клетките во: глиомите, лимфомите, клетките на простатата, дојките, кожата и клетките на ракот во панкреасот.
Употреба на кнабис за глиобластома мултиформ (glioblastoma multiforme)
Glioblastoma multiforme (GBM) е најчестата класа на малигни примарни мозочни тумори. Студиите на животни и луѓе покажаа дека Δ9-ТХЦ и ЦБД, комбинирани и одделно, имаат значителни антитуморни дејства врз растот на канцерогените клетки кај ГБМ. Механизмот на антитуморското дејство на Δ9-THC е преку ER сигнализацијата поврзана со стресот и зголемување на регулацијата на транскрипционите коактиватори кои ја промовираат автофагијата.
ЦБД во комбинација со ТХЦ го намалува растот на различните туморски ксенографти
ЦБД, исто така, се покажа дека го намалува растот на различните типови на ксенографти, вклучувајќи ги и глиомите. Се смета дека механизмот на делување на ЦБД е зголемено производство на ROS (Reactive oxygen species) во глиомните клетки, со што се индуцира цитотоксичност или апоптоза и автофагија. ЦБД е способен да ја инхибира инвазијата и метастазите на клетките на ракот посредувани со инхибиција на факторот кај епидермален раст, NF-κB и mTOR патеките. mTOR сигнализирачкиот пат делува како централен регулатор на клеточниот метаболизам, растот, пролиферацијата и опстанокот и е круцијален за супресија на туморот. ЦБД, исто така, ја намалува ангиогенезата преку делување на туморот и на ендотелните клетки. Комбинираната администрација на THC и CBD во моментов е терапевтски испитувана во студии на луѓе.
Во февруари 2017 година, GW Pharmaceuticals објави позитивни резултати од контролирана плацебо клиничка студија во фаза 2 од нивниот комерцијален лек што комбинира Δ9-THC и CBD, спроведена на 21 пациент со повторлив GBM. Резултатите покажаа 83% годишна стапка на преживување на терапијата, во споредба со 53% кај пациентите во плацебо групата (P = 0.042). Средното преживување беше поголемо од 550 дена, во споредба со 369 дена кај плацебо групата. Оваа фармацевтска компанија подоцна добила Orphan Drug Designation од Американската администрација за храна и лекови (FDA) и Европската агенција за лекови (European Medicines Agency - ЕМА) за нивната комбинација на Δ9-THC и CBD за третман на малигните глиоми.
Покрај тоа што сите поседуваме ендоканабиноиден систем, мозочните клетки имаат рецептори за THC, кое природно ја имитира молекулата невротрансмитер наречена Анандамид! Што е тоа анандамид? Каква е врската на анандамидот со плодноста, меморијата и учењето?Како THC ја имитира молекулата невротрансмитер? Кои се други извори на анандамид? Која храна го стимулира мозокот и дава добро блажено чувство?
ТХЦ и Анандамидот не случајно се толку слични!
Анандамид
Што имаат заедничко: желбата за чоколадо и глувците кои забораваат? Одговорот е: анандамид. Неговото име доаѓа од ANANDA, санскритски збор за „блаженство“. Состојбите, како што се: munchies (зголемен апетит за специфична храна, на пр. благо особено чоколадо), плодност и меморија и сл., се поврзани со молекулата гласник наречена anandamide. Оваа молекула придонесува за пренесувањето пораки до мозокот во врска со: болка, расположение, депресија, апетит, меморија и плодност. Невротрансмитерот анандамид е изолиран во чоколадото. Интересно е тоа што анандамидот се создава природно во мозокот. Анандамидот, како и другите невротрансмитери, се распаѓа брзо откако е произведен. Откритието на Anandamide може да доведе до развој на сосема ново семејство на терапевтски лекови. Хемиската структура на анандамидот обезбедува увид во процесите кои влијаат врз човечкото однесување на молекуларно ниво.
Во 1988 година, беа откриени специфични рецептори за THC (тетрахидроканабинол - фитоканабиноид, активната состојка во марихуаната). ТХЦ не се наоѓа природно во телото. Активната состојка во марихуаната ТХЦ се врзува со рецепторите, кои претставуваат структури на површината на клетките во кои одредени молекули може да се заклучат, со што е можно да се пренесе сигнал преку клеточниот ѕид. „Активната состојка ќе се заклучи со протеинот на мембраната на клетката, а тоа ќе предизвика реакција во клетката“ - објаснува д-р Дитомасо. Во случајот на ТХЦ, таа хемиска реакција е она што причинува корисниците да се чувствуваат воздигнато и блажено.
Молекуларната структура на ТХЦ е многу слична со онаа на анандамидот. Сличноста му овозможува на канабиноидот ТХЦ да ги имитира функциите што оваа молекула трансмитер ги прави. Анандамидот многу брзо се распаѓа, не дозволувајќи им на луѓето да достигнат хај и да го одржат „природниот хај“. На ТХЦ му треба повеќе време за да се распадне, давајќи му на корисникот психо-активно возвишено чувство. Долгата јаглеводородна опашка на анандамидот го прави растворлив во маснотии и овозможува лесно да се лизне низ завесата богата со јаглеводород, што го изолира мозокот од крвотокот. Забележете дека тродимензионалната форма на молекулата анандамид силно наликува на онаа на THC. Но, за разлика од ТХЦ, анандамидот е многу понежен и побрзо се распаѓа во телото. Тоа објаснува зошто анандамидот не произведува постојан природен „хај“.
Нервните клетки комуницираат со ослободување на специјални молекули налик на „клучеви“ кои се пресретнати од други нервни клетки. Постојат многу различни видови на молекуларни клучеви, секој со свој карактеристичен облик. Површините на целните нервни клетки се обложени со рецептори, кои се како „брави“ за да се совпаднат со „клучевите“. Кога клучот се вклопува во рецепторот, површината на нервната клетка се менува на некој начин. На пример, кога молекулата-клуч се заклучува во рецепторот на површината на нервната клетка, таа отвора врата во мембраната која им овозможува на хлоридните јони да допловат во клетката. Досега непознатиот природен молекуларен клуч, т.е. специфичен „блаженствен рецептор“ за THC, беше изолиран од израелскиот научник д-р Рафаел Мешулам во 1992 година: арахидонил етаноламид (arachidonyl ethanolamide), подоцна наречен „анандамид“. Тој успеа да го изолира анандамидот како „блажена“ трансмитер клетка, што THC ja емитира. Д-р Мешулам успеа да го изолира ТХЦ многу порано, во 1964 година.
Значи клетките невротрансмитери како анандамидот се како „клуч“ што може да се прикачи како за „брава“ на рецепторите од нервните клетки. Откако клетката гласник ќе најде добра врска со рецепторот, таа може да се закачи и да ја отвори нервната мембрана за да овозможи хлоридните јони да влезат во клетката. Ова го изедначува товарот внатре и надвор од клетката. „Клучот“ мора да се отстрани, за да ѝ овозможи на нервната клетка да работи повторно. Ензимите ги разбиваат „заклучувачките“ трансмитерни молекули по одредено време. Нервните клетки ќе престанат да работат, доколку молекулата гласник остане.
Значи клучевите мора да се отстранат повторно од бравата или нервната клетка трајно ќе остане блокирана. Одредени ензими се создаваат во телото за да ги отстрануваат (со деградирање и уништување) клучевите по одреден временски период, така што нервната клетка може да се врати во функција. Лековите (фармацевтските) кои имаат силен ефект врз централниот нервен систем, честопати имитираат природни молекуларни клучеви. На пример, морфинот е супстанца создадена за спречување на болката, којашто е во можност да се заклучи во „опиатскиот рецептор“ присутен на нервните клетки. Научниците сметаат дека бидејќи морфинот не е природно присутен во телото, мора исто така, да постои природна клуч-молекула со многу слична форма која го активира овој рецептор. Природните клучеви се покажаа како молекули наречени енкефалини (enkephalins). Иако синтетичкиот морфин е само лоша копија на природниот енкефалин, тој е многу помоќен (и создава поголема зависност) од енкефалините, бидејќи ензимите создадени за нивно уништување не можат да го отстранат од рецепторите.
Разликата на морфинот и канабисот е во тоа што канабисот не е синтетички и природно се совпаѓа со нашиот систем. Подоцна беа воведени „подобрени“ фалсификати на енкефалините кои создаваат помалку зависност од морфинот: кодиен (codiene) и демерол (demerol). Истражувачите почнаа да бараат места на рецепторите за да го објаснат делувањето на други лекови, супстанци и токсини на сличен начин.
Се покажало дека анандамидот создава или уништува краткотрајни мемориски нервни конекции. Во студии на животни, зголемувањето на анандамидот резултира со заборавање, но ова е здраво заборавање. Анандамидот помага да ги задржите информациите како: Каде сте го паркирале вашиот автомобил или каде сте ги оставиле клучевите? Тоа ви овозможува да ги заборавите непотребните информации како: Облеката или фризурата на случајните минувачи. Познат експеримент прочуен како Morris Water Maze, покажува што се случува со краткорочната меморија кога анандамидот е инхибиран. Глувците се ставаат во базен со вода за тестирање со платформа, за да можат да се искачат надвор од водата. Платформата се отстранува, откако глувците ќе запомнат каде е ставена. Глувците природно ќе ја бараат платформата и потоа ќе сфатат дека ја нема. Тие потоа ќе се фокусираат на преживување со пливање. Глувците со администриран лек за блокирање на анандамидот, вечно продолжуваат да ја бараат платформата, затоа што тие (постојано) забораваат дека платформата не е таму.
Анандамидот ензимично се синтетизира во областите на мозокот кои се важни за меморијата и за повисоките мисловни процеси и во областите кои го контролираат движењето. Тоа значи дека функцијата на анандамидот не е само да произведе блаженство, тој постои заради нешто многу поважно. Врските помеѓу нервните клетки се поврзани со учењето и меморијата. Нервните клетки можат да направат нови врски и да ги уништат старите. Повторната употреба на врската ја прави посилна; Некористењето на таа конекција може да предизвика загуба на врската. Некои биохемиски докази сугерираат дека анандамидот игра клучна улога во создавањето и уништувањето на краткотрајните невронски врски. Студиите на животни укажуваат на тоа дека анандамидот предизвикува заборавање. Се претпоставува дека супстанциите кои го задржуваат анандамидот од врзување кон неговиот рецептор, може да се користат за третирање на губењето на меморијата. Земјоделскиот истражувач Гери Веснер (Gary Weesner), ја проучувал ефективноста на анандамидот како животински седатив. „Свињите [третирани со анандамид] одат помалку и лежат повеќе“ - истакнува Веснер. „Гледаме намалена телесна температура и побавно дишење - сите индикатори се во согласност со смиреноста“ - додава тој.
Анандамидот дејствува како сигнализатор кога ембрионот се врзува за женската матка. Всушност, анандамидот е во повисока концентрација во матката, отколку во мозокот. Сперматозоидите содржат рецептори кои ја прифаќаат молекулата анандамид. Теоретски, нарушувањето на функцијата на анандамидот може да има врска со плодноста. Повеќе истражувања се потребни за да се испита односот помеѓу плодноста и лековите (фармацевтските) кои делуваат како анадамидот. Ако ТХЦ може да се заклучи во анандамидните рецептори, постои можност овој канабиноид да се меша со сигнализацијата помеѓу матката и ембрионот, што сугерира дека може да биде лек за неплодност.
Нашето тело е создадено да консумира канабис! Сите имаме ЕКС!
Надвор од мозокот, анандамидот дејствува како хемиски трансмитер помеѓу ембрионот и матката, за време на имплантацијата на ембрионот во ѕидот на матката. Тоа е една од првите комуникации што се јавуваат помеѓу мајката и детето. Највисоките концентрации на анандамид во телото не се наоѓаат во мозокот, туку во матката непосредно пред имплантацијата на ембрионите и ова го потврдуваат направените досега студии на животни. Концентрацијата на анандамид се менува како што матката станува поприфатлива за имплантација на ембриони. Истражувачите успеале да пронајдат дефинитивна цел за анандамидниот сигнал на матката: двоклеточните ембриони на глувците содржат повеќе анданамидни рецептори од било кое познато ткиво, вклучувајќи го и мозокот.
Храна која дава добро блажено чувство! Која е сличноста на чокладото со канабисот?
Чоколадата има слична структура како анандамидот, односно како THC. Д-р Даниел Пиомели (Daniele Piomelli) го проучувал ова како научник во Институтот за неврологија во Сан Диего (Neuroscience Institute in San Diego), Калифорнија, кој го водел овој проект и продолжува да истражува во Институтот за неврологија, заедно со д-р Емануел Дитомасо (Emmanuelle diTomaso) кој веќе го споменавме и кој работеше на оригиналната студија во Сан Диего (сега е истражувач на Харвард). Чоколадото содржи повеќе од 300 познати хемиски состојки. Научниците работат на изолирање на специфичните соединенија кои можат да објаснат некои од пријатните ефекти од консумирањето чоколадо. Д-р Пиомели заедно со своите соработници открил дека темната чоколада има три соединенија кои го имитираат анандамидот и силно личат и делуваат како него. Тие веруваат дека „чоколадото содржи фармаколошки активни супстанции кои имаат ист ефект врз мозокот како марихуаната и дека овие хемикалии може да бидат одговорни за желбата за чоколадо“. Еден од најпознатите пријатни ефекти на јадењето чоколадо е „доброто чувство“ што го дава, затоа многумина се зависни од чоколадо, кое создава многу поголема зависност од канабисот.
Други извори за Анандамид
Кофеинот е најпозната состојка (ја има во чоколадата во мали количества) што делува на сличен начин стимулирајќи го нашиот мозок, додека пак, теоброминот е слаб стимуланс, исто така присутен во чоколадата во малку повисоки количества. Комбинацијата на овие две хемиски состојки (и можеби и други непознати) може да го обезбеди тоа „чувство на воздигнување“ кое е искуство од јадењето чоколадо. Фенилетиламинот, исто така, се наоѓа во чоколадата. Тој е поврзан со амфетамините, кои се силни стимуланси. Сите овие стимуланси ја зголемуваат активноста на невротрансмитерите (мозочните хемиски сигнализатори) во делови на мозокот кои ја контролираат нашата способност да обрнеме внимание и да останеме свесни и дубни. Додека стимулансите придонесуваат за привремено чувство на благосостојба, постојат и други хемиски состојки и соединенија и други теории за тоа: зошто чоколадата прави да се чувствуваме добро? ТХЦ, сепак, не се наоѓа во чоколадото...
Чоколадата и ТХЦ се однесуваат поинаку како трансмитери. Пиомели вели: „Одговорот на ТХЦ и на анандамидите од чоколадата воопшто не е ист, дури и ако концентрациите би можеле да се направат споредливи“. Чоколадото може да создаде блажено чувство, додека не дава континуиран психоактивен хај. Неодамна тој пронајде молекула којашто природно се јавува во телото, којашто го имитира анандамидот. Анандамидот не е единствената молекула слична на THC чија функција е сигнализирање во мозокот. Природно произведениот sn-2 арахидонилглицерол (2-AG), исто така, може да се заклучи во блаженствениот рецептор. Sn-2 арахидонилглицерол (Sn-2 arachidonylglycerol - [2-АГ]) може да се „заклучи“ во истите блаженствени рецептори. Оваа молекула е уникатна поради тоа што функционира за 170 пати поконцентрирано од анандамидот. Молекулите на 2-АГ се наоѓаат во различни делови од мозокот. Д-р Пиомели објаснува дека функциите на анандамидот и 2-АГ се комплементарни, едно со друго прават целина, се надополнуваат.
Научниците, исто така, откриле соединенија кои го блокираат распаѓањето на анандамидот. Д-р Пиомели и неговиот тим пронајдоа други хемикалии во чоколадо, кои може да го инхибираат природното распаѓање на анадомидот. Ова значи дека природниот анандамид може да се задржи подолго од нормално, со што се чувствуваме прекрасно подолго кога јадеме чоколадо и ете зошто консумирањето канабис и чоколадо одат рака под рака. Пиомели шпекулира дека дел од задоволството од чоколадата, доаѓа токму од анандамидот и N-ацилетаноламините (N-acylethanolamines) кои го задржуваат анандамидот. „Зборуваме за нешто многу, многу, многу, многу поублажено од хајот“ - вели тој.
Сепак, ефектот на чоколадата и канабисот не може да се изедначи, иако има сличности на молекуларно ниво. Значи како што кажавме, одговорот на THC и на анандамидите на чоколадата воопшто не е ист, дури и ако концентрациите може да се направат споредливи. „Можеби ќе можеш да го подобриш расположението со блокирање на распаѓањето на анандамидот. Тоа не е само нешто фино што го направивме, така што сега знаеме повеќе за чоколадата. Се надеваме дека тоа може да придонесе за помагање во лекувањето на ментални болести“ - истакнува д-р Пиомели. Разбирањето на тоа како функционираат овие механизми, може да дозволи позитивните лековити ефекти на природниот невротрансмитер анандамид и на безбедниот фитоканабиноид ТХЦ терапевтски да се експлоатираат без негативни последици.