Ова е случај на канцер на плунковата жлезда, кој се гледа надворешно, па може директно со доказ да ви се прикажат резултати на канабисот против канцер
„Инаку случајов е многу интересен од две причини. Првата е тоа што пациентот користи исклучиво САМО канабис. Значи нема хемотерапија, нема зрачење, нема Б17, варова вода или било каков друг лек или суплемент. САМО канабис. Втората причина е што пациентот на почетокот користеше само орално, три пати на ден, по едно зрно ориз. За два месеци користење имаше многу мали видливи бенефити. Околу нова година почнато е со користење чепчиња по шема, оралното продолжува, плус надворешно, топично. Два месеци после тоа, имаме намалување од околу 65-70%“ - изјавува Давор Ангеловски од Зелена Алтернатива.
„Вредно да се спомене е и дека на првата слика туморот буквално е целиот тврд како камен, додека на последната слика, која е од пред три недели, тврдото е со големина на нокт, за денес да биде само колку врвот на ноктот. Им благодарам од срце на луѓето за сликите и им порачувам на сите да се охрабрат и што повеќе да ги споделуваме убавите вести со јавноста! И луѓе, правилно следете ги начинот на употреба и дозирањето, еве практичен доказ колку е важно правилно да се употребува, особено кога се работи за тешки болести како канцер“ - додава Давор.
Вестите за канабисот се само успешни...
Масло од канабис за мускулна атрофија
Чепче од канабис |
„Мило ми е што се излекувал човекот без хемо, по природен пат. Браво и за упорноста што не се откажал на почетокот. Затоа е важно да се знае дозата и начинот за секоја болест. Луѓето уште многу малку знаат за лековитоста, зошто јавно не се зборува. Давор јас пред некое време те прашав, ама изгледа не си прочитал, знам дека и вие сте претрупани со прашања. Дали маслото може да помогне при мускулна атрофија и дали е доволно само навечер со масло од 3 до 4 зрна ориз? Дали сте сретнале таков случај? Пациентот е се` уште на нозе, но со тек на време ја губи силата на мускулите“ - јавно во групата прашува еден пациент.
„За дистрофија знаеме дека помага, а бидејќи атрофијата е до некаде слична, а и е невродегенеративна болест, тип на болест за која веќе знаеме дека канабисот делува, очекувам да помогне во запирањето на напредокот на болеста, како кај МС, паркинсон и други невродегенеративни болести, а и олеснување на симптомите кои веќе ги има. Само јас би ги распоредил дозите во барем два пати или три пати дневно, место само навечер“ - заклучува Давор Ангеловски.
„За дистрофија знаеме дека помага, а бидејќи атрофијата е до некаде слична, а и е невродегенеративна болест, тип на болест за која веќе знаеме дека канабисот делува, очекувам да помогне во запирањето на напредокот на болеста, како кај МС, паркинсон и други невродегенеративни болести, а и олеснување на симптомите кои веќе ги има. Само јас би ги распоредил дозите во барем два пати или три пати дневно, место само навечер“ - заклучува Давор Ангеловски.
* чепчињата при пати на ден, барем 0,2 чепче - додава Филип Достовски
Извор: Зелена Алтернатива
No comments:
Post a Comment