Showing posts with label супозитории. Show all posts
Showing posts with label супозитории. Show all posts

Thursday, March 28, 2019

Марихуаната најдобро делува внесена анално (ректално) и вагинално!

Моменталната канабис ренесанса, ако не со друго, изобилува со начини на консумирање. Тешко е да се апсорбира доволно од лекот преку белите дробови, а желудочните киселини се вмешуваат кога канабисот се јаде. Ректално е многу попрепорачливо, поради волуменот на апсорбција. Може да се аплицира многу повеќе лек и лекот се апсорбира многу подобро


Направете си чепчиња со масло од канабис!
Консументите на канабис можат да ја консумираат лековитата трева на различни начини со цел да се ослободат од болките, да ги третираат своите дијагнози или превентивно да уживаат. Сите начини на консумирање канабис се медицински и корисниците можат да вапоризираат (со помош на специјални испарувачи), да пушат цвет, екстракт, хашиш или киф во вид на цигара или со помош на бонг, да го нанесуваат топично (на кожа) во вид на мелеми, креми, масти, потоа да го консумираат канабисот во форма на капсули, екстракти, тинктури и напитоци, преку цел спектар на прехранбени производи и да искусат незаборавен хај преку дебинг на канабисова смола или хашиш.


Всушност, спомнавме повеќе различни начини за консумирање канабис без истиот да се пуши. Според мислењето на научниците и искуствата на пациентите, едноставно можете да го ставите екстрактот од канабис (растворен со кокос/какао или шеа путер во вид на чепче/супозиторија/вагиналета) во аналниот отвор, за да ги искористите сите придобивки од лекот, без да почувствувате многу од психоактивниот ефект на ТХЦ-то. Ректалното консумирање е идеално за оние пациенти кои се лекуваат од сериозни дијагнози, како канцерот и мораат да внесуваат големи дози на масло, а треба да останат будни и фокусирани во текот на денот, поради работата. „Клучната поента за ректалната администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат“ - објаснува д-р Џефри Хержонрејдер.


Внеси голема доза масло без да ја почувствуваш
Иако некои доктори се против пушењето канабис, научно е докажано дека димот од канабисот е различен со димот на тутунот и дека не претставува канцероген, т.е. не влијае негативно, туку позитивно на здравјето на белите дробови и на целокупното здравје на корисникот. Иако претставници од медициската заедница од САД и Канада веруваат дека пушењето канабис е најконтрапродуктивен начин за консумирање на оваа билка во медицински цели, постојат пациенти ширум светот кои го претпочитаат токму овој начин, затоа што им дава инстантно олеснување од болките, нападите и треморот (погледнете го видеото подолу!). Д-р Михаил Коган (Mikhail Kogan) е медицински директор на Центарот за Интегративна Медицина од Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон, САД, кој мисли дека болните луѓе треба да си помогнат себеси со друг метод на дозирање: анална/ректална апликација во форма на чепче/супозиторија.





Чепчињата може да се користат и вагинално!
Со помош на ректалната апсорпција канабиноидите веднаш навлегуваат во крвотокот, на некој начин заобиколувајќи го мозокот и ЦНС. Huffington Post Canada го сумира аспектот на Коган: „Тешко е да се апсорбира доволно од лекот преку белите дробови, а желудочните киселини се вмешуваат кога канабисот се јаде. Ректално е многу попрепорачливо поради волуменот на апсорбција. Може да се стави многу повеќе и лекот се апсорбира многу подобро, но не секој е спремен за овој начин на администрирање“. Затоа постои шема за полесно и побрзо развивање на толеранција кон големи дози на канабиноиди со постепено зголемување на јачината на супозиториите (првите се со по 0,1; следните со 0,2 екстракт од канабис, а последните со по 0,3 екстракт од канабис). За женски проблеми, чепчињата може да се користат како вагиналети, затоа што екстрактот секогаш е најдобро кога се администрира што е можно поблиску до болното место.

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Internationalhighlife

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:










Sunday, July 1, 2018

Наука наспроти искуство: Колку се ефективни супозиториите од канабис?

Постојат многу позитивни и веродостојни препораки од искуствата на пациентите, од кои повеќето пријавуваат дека со канабис-чепчињата го добиваат посакуваниот ефект, пријавуваат долготрајно ослободување на лекот, а поединци известуваат дека психоактивниот ефект не е толку карактеристичен, особено кога мора да примаат големи дози кон крајот на канабис-терапијата, споредено со пушењето или оралното внесување на маслото



Не ѝ верувајте на фарМАФИЈАТА!!!
Постојат бројни, многу контрадикторни извештаи за ректалната примена на канабисот на Интернет, кои се движат од „апсолутно неефикасни“ до „најдобри досега“. Истражувањата за овој тип на внесување на екстрактот од канабис се речиси непредвидливи, бидејќи има само две релативно мали и стари научни студии и тоа од 1985 година и 1991 година. Двете студии се крајно контрадикторни бидејќи заклучуваат дека биорасположивоста на ТХЦ земена ректално е многу слаба во споредба со јадењето или инхалирањето на дозата. Од друга страна, постојат многу позитивни и веродостојни препораки од искуствата на пациентите, од кои повеќето пријавуваат дека го добиваат посакуваниот ефект. Понатаму, луѓето пријавуваат долготрајно ослободување на лекот, откако ректално го примениле канабисот, а поединци известуваат дека психоактивниот ефект не е толку карактеристичен особено кога мора да примаат големи дози кон крајот на терапијата, споредено со пушењето или оралното внесување на маслото.



Направете си канабис супозитории! ВИДЕО!
Ефикасноста на суппозиториите од канабис

Секоја активна супстанца од супозиторијата, прво мора да се раствори во водниот мукус на ректумот пред да навлезе во крвотокот. Во студиите на кои досега се базираа сите медицински тврдења, се покажа дека биорасположивоста на ректално применетото ТХЦ е значително зголемена ако молекулата на THC претходно е трансестерифицирана. THC-естер THC-hemisuccinate (THC-HS) се апсорбира подобро во ректумот, потоа преминува директно во крвотокот за да стигне до црниот дроб, каде што конечно се метаболизира. Првиот патент за такви супстанции на ТХЦ беше поднесен во 1994 година. Во релевантните форуми, исто така, ќе најдете детални инструкции како да трансестерифицирате ТХЦ во THC-HS. 


Речиси сите изјави за биорасположивоста на ректално применетото THC цитираат 27-годишна студија на неколку мајмуни. Мајмуните не можеа да го пријават искуството, а само THC-содржината во крвотокот беше измерена. Овие студии беа спроведени пред откривањето на канабиноидните рецептори или постоењето на канабиноидниот систем. Оттогаш, научниците открија дека ефектот на канабис е комбинација од многу компоненти кои работат синергично; научниците го нарекуваат ова како придружен ефект (entourage effect). Несомнено е докажано дека THC-HS ја зголемува биорасположивоста на THC кога станува збор за ректален внес. 


Најпрво загрејте го медиумот, потоа додајте го канабисовото масло
Сепак, постојат многу извештаи за искуствата на пациентите дури и кај нас во Македонија, од кои многумина пријавуваат успех и потврдуваат дека ефектот на ректалното внесување им е попријатен од оралното, поради намалената психоактивност, особено кога мораат да внесуваат поголеми дози, а истовремено треба да одат и на работа која од нив бара максимален фокус и концентрација. За многу пациенти со тумори и проблеми со желудникот и цревата, ректалното внесување би било идеална апликација, затоа што треба да се делува поблиску до болното место, а кога станува збор за проблеми со женскиот репродуктивен систем, чепчињата пожелно е да се користат како вагиналети. 


Смесата за подготовка на канабис супозитории од искуството со нашите пациенти, најдобро е да се подготви со доминација на какао путер и малку кокосово масло, поради тоа што какао путерот побавно се растопува - со што лекот побавно се ослободува во организмот на пациентот, а исто така полесно е да се администрираат чепчињата. Канабис чепчињата направени само со кокосово масло се полоши, затоа што може да се растопат и на прсти. Сепак, со цел подобро да се дешифрира ректалниот потенцијал на маслото од канабис и вклучените механизми, повеќе студии на случај се итно потребни за да се истражи ова прашање според научниот метод.


Препорака од уредникот:





Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana

Friday, February 2, 2018

Совет од пациент: подготовка на канабис чепчиња со кантарион!

За да си ја олесмите уште повеќе работата Ви предлагаме совет од еден пациент! Еве како тој си ги подготвува неговите канабис супозитории. Слушајте паталци, а не гаталци! 


Јас лично го испробав и одлично функционира, да си земете од аптека чепчина од кантарион, истите со помош на загреан предмет со дијаметер приближно 3-4 мм од задната страна треба да направите отвор со длабочина од 1 - 1,5 см и во него треба да ја ставите потребната количина на канабисово масло и потоа отворот да го затворите со кокосово масло (или какао путер). Вака припременото чепче ставете го во замрзнувач да отстои неколку часа, по што е спремно, многу едноставно за да го примените! Ви посакувам успешно лекување!“ - изјавува Љубен Бришкоски.

Во прилог ја објавуваме новата ШЕМА ЗА ПОЛЕСНО ДОЗИРАЊЕ КАНАБИС СУПОЗИТОРИИ за пациенти со канцери и други посериозни дијагнози, којашто нашиот трудољубив тим ја подготви за вас. Чепчињата се подготвуваат со кокосово масло или какао путер од продавница за здрава храна со домашно подготвено full extract масло од канабис. Калапите може да ги купите во аптека. СПОДЕЛИ! <3

Поврзани статии:




Wednesday, January 24, 2018

7 најнеобични начини за да се „надувате“ и излекувате

Благодарение на креативните претприемачи, слатките од марихуана и „цигарите“ повеќе не се единствени начини за влез во „другата димензија“. Иако растечкиот пазар на канабисот има воведено вкусни медицински десерти, изборот не се состои само од темна чоколада и гумени бонбони. Неодамна, имав шанса да искусам некои малку чудни, но интересни ефекти


Лубриканти

Би занемарил ако направам листа на производи од канабис и да не спомнам лубрикант. Инфузионираниот лубрикант не е нов феномен - портали како VICE и GQ не го спомнуваат едноставно бидејќи е табу тема. Општата согласност за канабис лубрикант е таа дека иако е нов и интересен производ, не поттикнува повеќе од еден вид на пецкање. Ако имаш ваков лубрикант и не си задоволен од резултатите, тогаш можеш да го користиш како тинктура. Безбеден е за конзумирање, но морам да ве предупредам дека мене ми ја отежна способноста за читање на неколку часа.


Инфузирана вода

Ако си желен да потрошиш околу 700 денари за една скоро невкусна вода со вкус на витаминизирана вода која била оставена отворена еден ден, тогаш овој производ не е за тебе. Неколку мали голтки се доволни за ефективен за хај, но тоа ја поразува целта како пијалок бидејќи не ти ја гаси жедта и ти бара поголема доза од потребното. Некои брендови како Пуратион нудат продукти на база на канабис за опуштање на телото и ослободување од болки при вежбање. Не се лоши, но најсигурно е да користиш ЦБД лосион.



Супи

Пакетчиња со по 10 мг ТХЦ изгледаат како совршена форма на ужинка за кампување, ладни зимски ноќи и опуштени неделни попладниња. Но, реалноста за овој производ е далеку од рекламираната супа „превкусна за умот“. Лепливиот, полутечен, нејадлив хаос е неуспешен обид на ветувачкиот концепт.


Сублингвална лента

Ви текнува на Listerine лентите за освежување на здивот? Каналентите пак, се проѕирни ленти кои брзо се раствораат под јазикот, а канабиноидите се абсорбираат во системот за 5-15 минути. Обележани се како непушачка алтернатива за пациенти со болка, но имаат  непријатен вкус каде чувствуваш како лентата се раствора во слузав мукус кој го проголтуваш.


Трансдермална лепенка

Како што се повеќе и повеќе истражувања го докажуваат потенцијалот на канабисот за справување со болка, беше само парашање на време кога некој ќе почне да продава трансдермални лепенки? Овие лепенки кои се легални во некои места пружаат хај многу поразличен од оној при пушење и јадење канабиноиди. Тие постојано испуштаат ТХЦ во крвотокот преку кожата. Траат до 8 часа, а корисниците изјавуваат дека во ниеден момент не се чувствуваат претерано хај.



Супозитории

Супозиториите се исклучително добри за пациенти на кои им треба ефективно и итно подобрување. Им треба од 10 до 15 минути да дејствуваат и телото абсорбира околу 80% од канабисот, споредено со 15% при пушење. Foria нуди и вагинални супозитории, познати како канатампони за силни менструални грчеви... Постојат многу начини за хај, наместо ставање на пилула во задникот!


Паста за заби

Антивоспалителните својства на канабисот ја прават пастата потенцијално возбудлив нов производ за милиони низ светот кои имаат проблеми со непцата. Овој производ е уште еден во низата на примери како канабисот може да го подобри нашиот секојдневен живот. 

Извор: HERB

Wednesday, July 12, 2017

Збор-два од д-р Џефри за ректалната апсорпција на канабиноиди

Клучната поента за ректална администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат


Д-р Raphael Mechoulam и д-р Jeffrey Hergenrather
Доктор Џефри Хержонрејдер (Jeffrey Hergenrather), лекар и истакнат канабис консултант, а воедно и Претседател на Медицинската група за канабис во Калифорнија (California Cannabis Research Medical Group), истакна дека причината зошто канабисот е ефективен во третирањето на многуте болести е поради тоа што сите животни, со исклучок на инсектите, произведуваат нивни сопствени канабиноиди наречени ендоканабиноиди чијашто основна функција е заштита на телото од канцери и други повреди. 

Животните поседуваат ендоканабиноиден систем составен од канабиноидни рецептори во нивните мозоци, срца, црни дробови и во гастроинтестиналните системи кои можат да одговорат на надворешно аднинистрирани производи од канабис, пренесува пациентот кој се лекува со канабис и е еден од најистакнатите активисти за ослободување на канабисот во светот Сет Грин од Тенеси, во објава од The Freedom to Heal Foundation, којашто е основана за да овозможи обезбедување на слободен пристап до алтернативните медицински третмани за пациенти со ниски примања.

Доктор Џефри ја започна својата медицинска кариера како општ лекар во 1976 година. Неговата пракса опфати општа медицина, OB-GYN, педијатрија, неонатална нега и итна медицина. По повеќе од 25 години во вонредната медицина, тој ја започна својата медицинска пракса како консултант обезбедувајќи консултации за канабис и консултации за општа медицина во 1999 година. Докторот Хержонрејдер обезбедува препораки за канабис за жителите на Калифорнија со сериозни здравствени состојби и спроведува консултации низ целиот свет по телефон, како и онлајн состаноци. Можете да го контактирате на неговата е-маил адреса: jhergmd@gmail.com


Заедницата на канабис доктори (The Society of Cannabis Clinicians) е образовна и научна заедница од квалификувани лекари и други професионалци посветени на промоцијата и поддршката на канабисот за медицинска употреба и д-р Џеф е дел од таа заедница. Во една објава за страницата www.beyondthc.com, д-р Џефри објаснува колку се ефикасни канабис супозиториите. „Јас ја проверив литературата за да видам дали има некакви фармакодинамични/фармакокинетички студии за апсорпцијата на канабиноиди низ ректумот. Нема според моето спознание. До сега јас само имам анегдоти како што веќе споменавте. Јас сум посигурен за оралниот пат само поради тоа што имам многу искуство со тоа, но не би ги отфрлил приказните за ефикасноста по ректален пат.


Заедницата на канабис доктори е образовна и научна заедница

Постои „вкрстување“ на вени во ректумот. Колективно тие се нарекуваат ректален или хемороидален плексус. Поголемиот дел од венскиот проток (после апсорпцијата на канабиноиди) оди преку супериорната ректална вена во порталната вена, додека инфериорните вени течат во венечната вена (vena cava). Порталната вена го собира најголемиот дел од венското враќање од панкреасот во ректумот со сите хранливи материи и ензими за варење, кадешто крвта оди до црниот дроб за она што е наречено „метаболизам на првиот премин“ (first-pass metabolism). Поголемиот дел од THC е конвертирано во 11-OH-THC, слична психоактивна молекула. Венечната вена од друга страна оди назад кон срцето и во општата циркулација пред таа полека да стигне до црниот дроб за метаболизизам.


Се согласувам дека патот преку вдишување е само околу 10-20% апсорбиран. Оралниот пат варира широко во зависност од оброците и видот на препаратите. Листот од канабис не е добро апсорбиран додека маслата се апсорбираат доста добро. Јас би очекувал дека обилните оброци би ја забавиле апсорпцијата во споредба со мали мрсни оброци. Клучната поента за ректална администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат.

Секој вид на рак се лекува со канабисово масло!
Се сомневам дека канабис лекарите имаат тенденција да препорачаат повеќе канабис/канабиноиди поголемиот дел од времето, според ургентноста што ја бара клиничкиот третман. Кога има повеќе време јас претпоставувам дека малите стабилни дози се соодветни за чувствителните канцери, додека помалку чувствителните канцери може да бараат мегадози на маслото, „60 грама за 90 дена“ или 20-25 мг/кг/ден на канабиноиди, без оглед на итноста. На крајот, клиничките студии ќе ги водат нашите препораки. До тогаш обидете се да внесете што повеќе канабиноиди во телото по било кој пат, со фреквенција на администрацијата најмалку дневно и по можност неколку пати на ден - заклучува д-р Џеф.

Saturday, June 3, 2017

Супозитории!!! Операција или масло? (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 99 - 101)

„Супозиториите со Маслото на Рик Симпсон (Rick Simpson Oil - РСО) се благослов за сите жени со ПМС поврзани проблеми како и за секој со хемороиди, Кронова болест, проблеми со тенкото и дебелото црево итн. Тие исто така се одлични за состојбите со дишењето и белите дробови, а да не се спомене и контролата на грипот. Тие произведуваат многу пријатно долготрајно чувство во телото. Јас не сум видел никој до сега кој не сакал да ги зема откако тие ги надминале нивните почетни двоумења.“ ЈБ



Tommy Chong вели дека се одлични за лекување рак на простата!
Стопете какао путер, додадете масло, приближно 1-2 г од маслото на 100 г стопен какао путер за да започнете. Потоа зголемете ја дозата на секои четири дена додека пациентот користи околу 0,33 г од маслото во секоја супозиторија.
1 г (целосна тежина) супозитории за деца, 2 г за возрасни, 3 г (топки) за вагинална употреба.
0,01-0,02 г од маслото на супозиторија ќе функционира добро за почетници. Ако започнете некој со 0,05 г во чепче, тие најверојатно нема да го почувствуваат како и да е, но подобро е да се започне со мала доза (за оние кои никогаш не пробале коноп во минатото итн.). Дозите од по до 0,005 г на ТХЦ се обично толерирани со никакви или тешко некакви симптоми воопшто.

Вистинското РСО е многу потентно и ти никогаш не знаеш како точно пациентот ќе одговори (Крвен притисок итн.), но супозиториите би биле добар начин за луѓето да се навикнат на маслото. 
Интересната работа за супозиториите е како тие се чини дека ги отвараат белите дробови и го прават дишењето многу полесно за да речеме 20 минути - остварување на сонот за многумина со COPD или астма итн. Пациентите исто така ги имаат гористено за да третираат псоријаза, висок крвен притисок, Кронова, ПМС тегоби итн.
Вие исто така можете да додадете други природни масла во супозиториите, тоа зависи од тоа за што вие ги сакате и каква им е намената. Едноставно на некои страници за природна медицина и прочитајте што различните есенцијални масла прават и вие можете да експериментирате колку што сметате дека е потребно.

Исто така, супозиториите се одличен начин за да се третираат пациентите коишто не можат да го јадат маслото или не можат да го задржат во својот стомак поради некоја причина.
Колку што јас сум загрижен, судејќи од ефектите, земањето на маслото во супозитории е најдобриот и најпријатниот начин на користење коноп. Тоа звучи и изгледа смешно отпрвин, јас го признавам тоа, но оние кои пробале се согласуваат. Можеби тоа ги отвара чакрите од дното нагоре, кој знае, но тоа сигурно дава преубаво чувство. :)

Направете си ги сами!
Жените би љубеле да ги земаат супозиториите - тие исто така помагаат за сите видови на бактериски и вирални инфекции, „партнерска размена на микробиолошки информации“, алергии на кондоми и на лубрикантите користени на нив, итн. Дали јас споменав колку одлично маслото се грижи за (нивоата) на хормоналните нерамномерности? Најдобри желби, Јиндрих Бајер

„Супозиториите со РСО можат исто така да бидат користени за сите врсти на вагинални проблеми, влучувајќи но не ограничувајќи се на габични инфекции, HPV, condylomata, херпес и многу други болести или инфекции од кои никој нужно не треба да страда. Особено кога тие може да бидат толку лесно излечени со употребата на маслото.“ ЈБ

„Можете ли да ми дадете совет за тоа какво конопово масло е безбедно да се користи за време на бременоста ве молам? Нема многу информации таму што јас можам да ги пронајдам. На моја пријателка самошто ѝ беше кажано дека таа има циста на папочната врвца што може да предизвика згрутчувања на крвта што може да доведе нејзиното бебе да умре. Ги имам видено ефектите на коноповото масло и доброто што тоа може да го направи, јас сум само несигурна дали тоа е безбедно за време на бременоста.“ - Кристин (Christine)
-- Драга Кристин, секако дека тоа е безбедно за користење, конопот бил користен за време на бременоста и за породилни болки, исто така, низ столетија. Јас препорачувам таа да си направи супозитории со 0,01-0,06 г од маслото во секоја (започнете со 1-2 г од маслото на 100 г какао путер). Цистата ќе исчезне за неколку недели, или тоа вообичаено е така. Три пати на ден, и без грижи, маслото нема да го оштети бебето. Најдобри желби, ЈБ

„ЈБ, се согласувам со супозиториите како и да е каков тип на какао путер ти користиш? Треба ли јас да земам нерафиниран чист неизбелен какао путер? Исто така дали кокосовото масло ќе функционира како супозиторна база?“ - Сара (Sara)
-- Па, тоа е до тебе кој бренд или тип на какао путер ќе земеш. Кокосовото масло може да биде премногу течно. Какао путерот функционира подобро како супозиторна база. ЈБ

„Дали некој би имал некакви идеи за тоа како да се даде конопово масло на некој преку цевка за хранење? Јас го помешав со маслиново масло за да го направам не толку густо, но јас сè уште се плашам дека тоа ќе ја затне тубата. Некакви идеи?“ - Стивен Харв (Steven Harve)
-- Стивен, секогаш е најдобро да се најде начин како да се администрира неразредено масло, тоа е најдобриот начин. Кога ти не можеш да најдеш начин, ти можеш да го измешаш со храната на пациентот за да го изеде на тој начин. Да, тоа може да ја затне тубата, имено ако маслото е со густа конзистенција. Некои масла се густи, некои се потечни. Но кога ти ќе ги загрееш до телесна температура, тие треба да бидат доволно течни за да не ја затнат тубата.
Друг начин е тоа да се дава на пациентите во супозитории со какао путер. Сè уште, јадењето на маслото е префериран начин на земањето на овој лек, кога и да е можно. Има многу начини на внесување на маслото и тоа е често многу индивидуално, па обидете се да најдете начин којшто ќе му одговара на пациентот најмногу. Најдобри желби, ЈБ

„Точно! Јас ја лекувам мојата Мајка таа има рак на грлото и сукцесивно го има внесувано преку нејзината туба за хранење, го загревам малку и го мешам со кокосово масло! Никогаш не ја затнало тубата!“ - Стив (Steve)

„Јас му го давам на мојот син преку неговата цевка за хранење кога тој нема да го голтне - јас истурам многу жешка вода на маслото во филџан, потоа тоа исчезнува, тогаш јас додавам малку поладна вода (не премногу) за водата да не е премногу жешка, потоа го истурам во тубата. Тоа функционираше доста добро иако понекогаш маслото остава линија на тубата малку но тоа никогаш не ја блокирало. Тајната е да се истури надолу додека тоа сè уште е многу топло.“ - Анџела (Angela)

„Јас знам дека звучи страшно, но малку кока-кола преку тубата за да се измие по давањето на лепливите работи, или само за да се исчистат згрутчувањата генерално функционира добро. Една стара RN подготовка.“ - Елен (Ellen)


Операција или масло?

„Вие никогаш нема да ми ги одземете моите цицки, кога јас можам да внесувам РСО!!“ - Клои (Chloe)

„Конкретната идеја дека ракот на дојка е „процентуален ризик“ е комплетна лага. Во реалноста, секој има канцерогени микро-тумори во нивните тела, вклучувајќи ме и мене. Канцерот не е болест којашто само ја „добиваш“ како да се биде случајно погоден од гром. Тоа е нешто коешто ти мора да „успееш“ да го „превенираш“ ден по ден, оброк по оброк, преку изборот на животен стил којшто вклучува витамин Д суплементација, нутриција, супер храни, зеленчукови сокови и избегнување на хемикалии кои предизвикуваат рак и радијација. Па кога докторот ти вели дека ти имаш „шанса“ да добиеш рак, што тој сугерира е дека ти немаш никаква контрола врз ракот, и тоа е апсолутна лага. Канцерно шарлатанство, со други зборови.“
-- Кога вие имате „шанса“ да добиете рак, едноставно ставете се на маслото. Тоа е многу поздрава и побезбедна опција.“ ЈБ

„Погледнете на ракот или на некоја друга сериозна болест како тоа да е пожар. Колку е поголем пожарот, толку повеќе моќ ти треба за да го изгаснеш.
Па, дали ти порадо би употребил стотици кофи вода (РСО) или чаша вода (други типови на масло) доколку твојата сопствена куќа гори? Или би сакал ли професионални пожарникари да дојдат и да ти помогнат со тоа? Тоа е она што јас би преферирал, но на сегашните пожарникари, односно лекарите, не им е ни дозволено да користат вода за да ги изгаснат сите тие пожари и тие дури и не знаат како да ја користат воопшто по сите тие децении на индоктринација, перење на паметот и некористење канабис во медицината. 

Дали има смисла за вас дека некој би испратил пожарникари експерти на голем пожар во градот и да не им дозволи да користат вода, т.е. најосновниот и традиционален начин на борба против пожар? Не за мене. Но сепак, тоа е токму она што тие на власт направиле со медицинскиот систем што го имаме денес.
Многу пожари, нема вода, т.е. многу дополнителна работа за поражникарите/докторите кои не можат да ја работат нивната работа најдобро што можат. Тоа не е како што тоа треба да биде, јас мислам. Тие треба да имаат најдобра опрема и најдобри алатки за нивната работа, зарем не треба? Тоа е тоа што јас би направил ако јас би бил нивен менаџер/влада. Дали има нешто не во ред со гледањето на тоа на овој начин? Јас мислам дека не.“ ЈБ



* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/

Monday, March 13, 2017

Канцер на плунковата жлезда излечен со канабис!

Ова е случај на канцер на плунковата жлезда, кој се гледа надворешно, па може директно со доказ да ви се прикажат резултати на канабисот против канцер

Инаку случајов е многу интересен од две причини. Првата е тоа што пациентот користи исклучиво САМО канабис. Значи нема хемотерапија, нема зрачење, нема Б17, варова вода или било каков друг лек или суплемент. САМО канабис. Втората причина е што пациентот на почетокот користеше само орално, три пати на ден, по едно зрно ориз. За два месеци користење имаше многу мали видливи бенефити. Околу нова година почнато е со користење чепчиња по шема, оралното продолжува, плус надворешно, топично. Два месеци после тоа, имаме намалување од околу 65-70%“ - изјавува Давор Ангеловски од Зелена Алтернатива.

Вредно да се спомене е и дека на првата слика туморот буквално е целиот тврд како камен, додека на последната слика, која е од пред три недели, тврдото е со големина на нокт, за денес да биде само колку врвот на ноктот. Им благодарам од срце на луѓето за сликите и им порачувам на сите да се охрабрат и што повеќе да ги споделуваме убавите вести со јавноста! И луѓе, правилно следете ги начинот на употреба и дозирањето, еве практичен доказ колку е важно правилно да се употребува, особено кога се работи за тешки болести како канцер“ - додава Давор.

Вестите за канабисот се само успешни...

Масло од канабис за мускулна атрофија

Чепче од канабис
Мило ми е што се излекувал човекот без хемо, по природен пат. Браво и за упорноста што не се откажал на почетокот. Затоа е важно да се знае дозата и начинот за секоја болест. Луѓето уште многу малку знаат за лековитоста, зошто јавно не се зборува. Давор јас пред некое време те прашав, ама изгледа не си прочитал, знам дека и вие сте претрупани со прашања. Дали маслото може да помогне при мускулна атрофија и дали е доволно само навечер со масло од 3 до 4 зрна ориз? Дали сте сретнале таков случај? Пациентот е се` уште на нозе, но со тек на време ја губи силата на мускулите“ - јавно во групата прашува еден пациент. 

За дистрофија знаеме дека помага, а бидејќи атрофијата е до некаде слична, а и е невродегенеративна болест, тип на болест за која веќе знаеме дека канабисот делува, очекувам да помогне во запирањето на напредокот на болеста, како кај МС, паркинсон и други невродегенеративни болести, а и олеснување на симптомите кои веќе ги има. Само јас би ги распоредил дозите во барем два пати или три пати дневно, место само навечер“ - заклучува Давор Ангеловски. 

* чепчињата при пати на ден, барем 0,2 чепче - додава Филип Достовски

Sunday, February 26, 2017

Рецепт за подготовка на кана-кокосово масло!

Рецепт за подготовка на лек од канабисово и кокосово масло. Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести

Против болки, гадење, епи-напади и повеќе!
Поради законските регулативи во многу држави, т.е. поради рестрикцијата за употреба на канабис, науката превзема ситни бебешки чекорчиња во истражувањето на медицинските својства на канабисот. Традиционалната медицина од секогаш ја користела оваа природна билка, прашајте ги вашите (пра)баби и (пра)дедовци за „чуварката“ доколку не верувате...


Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести. Со смолата од канабис подготвена по рецептот на Рик Симпсон по пат на декарбоксилација, во комбинација со ладно цеденото virgin масло од кокос како основна база за подготовка на лекот - може да направите буквално најразновидни лековити производи (+ пожелно е да додадете и темјан за да го поткрепите антиканцерогениот ефект на канабисот ако сакате да направите супозитории). Кокосовото масло е многу хранливо и со него едноставно се подготвуваат супозитории со канабисово масло.


Кана-кокосово масло
Подготовката на кокосово масло со канабисово масло - КАНА-КОКОСОВО МАСЛО е едноставна. Одберете ја врстата (врстите) канабис што најмногу им одговара на вашите потреби, затоа што секоја индивидуа е уникатна и сечие тело функционира на поинаков начин. Без разлика која врста на канабис ќе ја одберете за подготовка на овој лек, правите неверојатен благодет за целокупната ваша здравствена благосостојба, дури и да сте потполно здрави. Настојувајте само врстата (или врстите, затоа што може да се мешаат) да е одгледана на што е можно поприроден начин. Најпрвиот чекор е активацијата на марихуаната по пат на декарбоксилација (хемиски процес на активација на канабиноидите од растението).

 

Сами направете си го лекот!
Потребни состојки: 1 грам декарбоксилирана марихуана или подготвено масло + 28 грама (1 ounce) ладно цедено virgin кокосово масло. Количествата може да бидат прилагодени според овој сооднос. Финалниот производ можете да го употребување во кујната за готвење, меѓутоа на средна температура, затоа што доколку се загрее премногу, активните состојки од марихуаната ќе исчезнат. Комбинацијата од двете масла успешно лекува рак, болки, гадење, епилептични напади и многу повеќе! Не постои заболување што не може да се излечи со канабис!


Инструкции: Постојат повеќе начини, еве еден од нив...
  1. Ставете ја измерената мелена активирана марихуана во стаклена тегла и додадете кокосово масло. Цврсто затворете го капакот од теглата и ставете ја во сад полн со вода.
  2. Полека загревајте ја водата на ниска температура, под температурата на вриење во времетраење од 60 минути. (Ова спречува маслото да се прегрее и да го изгуби лековитиот ефект.)
  3. Исцедете ја течноста од канабисот во маслото. Користете мрежеста цедилка или пелена/платно како за цедење урда и отстранете ги цврстите остатоци од тревата од маслото во друга стаклена тегла.
  4. Маслото од канабис и кокос сега е подготвено да се јаде или да се користи како лосион за надворешна употреба. Отстранетите цврсти остатоци од подготовката не се фрлаат! Тие исто така се лековити и може да се јадат, како и печат или варат и додаваат во секој кулинарен рецепт, како и секоја друга билка.

Цедење на маслото
Зошто кокосовото масло е подобро од путерот? Кокосовото масло е најдоброто масло за произведување на потентни мешавини со канабис, како за надворешна употреба, така и за подготовка на колачи и други прехранбени лековити производи со канабис, затоа што содржи високо заситена содржина на масти. Тоа го прави кокосовото масло поспособно да ги апсорбира лековитите состојки од марихуаната, како што се канабиноидите, терпините, флавоноидите и др. во споредба со путерот или пак, другите видови на масла како основа. Додека путерот содржи заситени масти од околу 60%, содржината на кокосовото масло изнесува 90% заситени масти. 


Наместо да подготвувате разновидни видови на канапутери или тинктури, доволно е само да го имате кана-кокосовото масло во вашата кујна и да го додавате во секојдневната исхрана. Овој производ е идеален за лицата кои мора да се хранат со мрсна диета за справување со епилепсијата, Алцхајмерот или ракот (како кетогенската диета). Исто така, идеално е за вегетаријанците, веганите, лицата кои се на палео исхрана, за изнемоштени лица, за зајакнување на имунитетот и за сите кои не се алергични на кокосово масло, а сакаат да го консумираат канабисот без да го пушат или вапоризираат!

Извори: Daily Health Post
 

Кана-кокосово масло :P

Sunday, August 7, 2016

Орално или ректално внесување на дозата канабисово масло?

Кога маслото се користи во форма на супозитории, медицинските канабиноиди што маслото ги содржи одат веднаш во крвниот систем и го изминуваат црниот дроб


Се смета дека канабиноидите треба да се аплицираат поблиску до заболеното место, па според тоа дијагнозите до половината подобро е да се третираат орално (воедно болести на усната шуплина, рак на грло итн.), а дијагнозите од половината надолу - ректално со чепчиња (плус рак на дебело и тенко црево, цревни воспаленија и сл.), болестите на матката најдобро е да се третираат со чепчињата кои ќе се користат како вагиналети; болестите на кожата се третираат топично (со мачкање). Многумина денес сметаат дека пациентите треба да ја ставаат дозата што ја консумираат под јазикот, или дека треба да ја ставаат дозата на непцата (дозата треба да се проголта, а во устата се чува извесно време само доколку заболувањето е во усната шуплина/грлото). „Иако методите како овој може да ги внесат медицинските канабиноиди во телото на пациентот, јас навистина не се согласувам со овие методи, затоа што маслата често може да имаат лош вкус кој во устата може да трае подолго време. Јас чувствувам дека едноставното ставање на дозата во устата на пациентот, од корист ќе бидат оние кои имаат инфекции на непцата и проблеми од оваа природа, но во повеќето случаи верувам дека нивната доза треба едноставно да се проголта“ - истакнува Рик Симпсон на неговата официјалната страница PhoenixTears.ca.


Домашно изработена канабис-супозиторија
Правилното масло е густа мрсна супстанца, па кога ја консумирам мојата доза, јас едноставно ја ставам на мојот прст, а потоа ја ставам на моите заби, по што пијам студена вода, а потоа го користам мојот јазик за да го отстранам маслото од од моите заби, а потоа го проголтувам. Употребувајќи го овој метод, јас обично можам да ги земам моите дози без непријатниот вкус на маслото и мислам дека повеќето пациенти би сакале да го прават истото, но постојат исто така други едноставни методи кои можат да бидат употребени за да се избегне лошиот вкус“ - објаснува Рик.


Неколку совети за подготовка на дозата

Доста лесни за подготовка - потребен е калап
Дозата што пациентот треба да ја прими може да биде ставена на мало парченце леб и лебчето потоа може да се поклопи за да се покрие дозата. Потоа се става во устата на пациентот и може едноставно да се проголта со вода како пилула. Друг добар метод за да се избегне вкусот е ставањето на дозата помеѓу две тенки резанки овошје, како банани, а потоа ставете ја така подготвената доза во устата на пациентот за да може целосно да се проголта. Некои аптеки имаат празни гел капсули и дозата на пациентот може да се стави во нив и потоа да се користат како супозитории или може да се земаат преку устата како капсули. Вака состојките од маслото започнуваат да се апсорбираат од телото веднаш во желудникот, а вкусот на маслото практично тотално не се забележува.


Рик нагласува дека доколку екстрактот е подготвуван на правилен начин, често тој нема непријатен вкус што ќе трае долго, „но, едноставните методи што јас ги објаснив треба да им помогнат на пациентите да ги консумираат своите дози полесно“. Пеонтата на целата процедура е да се внесе маслото во телото на пациентот на најлесен и најпријатен можен начин „па, сметам дека следејќи ги методите што ги опишав, треба да им се посвети сериозно внимание“ - доава тој.


Кој начин е подобар и за кои случаи?

Одбери го својот метод!
Доста извесно време, многумина покажаа интерес за користење на овој природен лек во супозиторна форма, затоа што мислат дека на овој начин тие можат да го избегнат хајот и за некои ова е вистина. „Јас исто така го користев ова масло во супозиторна форма, но кога земав доста голема доза на овој начин, јас не можам да речам дека не ги почувствував ефектите. Јас всушност сметам дека во некои случаи користењето на канабис-супозитории е многу добра идеја, затоа што верувам дека маслото треба да биде ставено што е можно поблиску до здравствениот проблем што се третира“ - вели Рик Симпсон.

Канабисовото масло исто така може да се
консумира и во вид на домашно подготвени капсули
Затоа некој што боледува од нешто како рак на простата или дебело црево, јас верувам дека може да биде покорисно за нивните здравствени проблеми, користењето на маслото на овој начин. Но, за оние кои боледуваат од болести како рак на желудникот или црниот дроб и сл. јас верувам дека покорисно ќе биде маслото да се консумира преку уста. Но, сепак, сум видел многу пациенти со истиве медицински проблеми кои се излечиле со орално консумирање (преку уста), па го оставам методот што сакате да го користите сами да си го одберете“ - вели тој.

Кога маслото се користи во форма на супозитории, медицинските канабиноиди што маслото ги содржи одат веднаш во крвниот систем и го изминуваат црниот дроб. Ако имате намера да користите супозитории за лекување на вашите медицински проблеми, тогаш супозиториите треба да содржат иста количина на масло што нормално би се внесло преку уста и дозата треба да се зголемува на ист начин.

Како се подготвуваат чепчињата?


Супозиториите се доста едноставни за подготовка, на сè што треба да внимавате е количеството на канабисово масло во нив. Па, на почетокот можеби ќе треба да вложите малку повеќе напор за да ја погодите точната доза. Вообичаено аптеките треба да поседуваат капали за супозитории (можете да ги нарачате на Интернет) и се` што треба да направите е да земете супстанца како цврсто растително масло од дрвото Шеј (Shea butter), органско кокосово масло или органски путер од какао и да го загревате додека не стане течно, до степен кога можете да го додадете канабисовото масло и да ги наполните калапите. Добра идеја е да се наполнат калапите, откако биле чувани во фрижидер. Тоа побрзо ќе `и овозможи на супстанцата што сега ја содржат да се стврдне и откако тоа ќе се случи, тие се готови за употреба. 

Лесни за подготовка и консумирање
Како што истакнав сметам дека супозиториите имаат своја примена, но јас мислам дека овој метод одзема доста време и мора да се биде внимателен околу количината на маслото што се става во нив, па затоа се` уште пеферирам дозата да ја примам преку уста“ - додава Рик. Треба исто така да се спомене дека канабисовото масло има многу својства против стареење, а исто така може да ги регенерира и подмлади виталните органи, но и да го зајакне имуниот систем. Па, не бидете зачудени доколку пациентот што го користи започне да изгледа помладо и сите други проблеми што ги имале со своите бубрези или други витални органи, исто така едноставно исчезнат.

Кога луѓето го консумираат маслото, ми се допаѓа кога ги гледам во нивната комфор зона, но вистината е - колку побрзо го земеш маслото, толку ти се поголеми шансите за да преживееш, доколку боледуваш од сериозна здравствена состојба како што е ракот - заклучува Рик Симпсон.