Научното истражување од Sydney University покажа дека 14% од лицата со епилепсија користеле производи од канабис за да ја контролираат својата состојба и кај мнозинството се покажале големи подобрувања
Лекот за сите болести е природен! |
90% од возрасните епилептичари во студијата и 71% од децата испитаници изјавиле дека марихуаната им помага да се справат со нивните епилептични напади. Многу од пациентите со епилепсија во Австралија започнуваат да се лекуваат со канабис терапија, покажува најновата анкета на национално ниво. Родителите на децата со епилепсија коишто се третирани со канабис ги потврдуваат подобрувањата во нивната состојба во менаџирањето и редуцирањето на епилептичните напади.
Канабисот е побезбеден од епи-нападите! |
Објавена во зборникот Epilepsy & Behaviour (Епилепсија и однесување), научната студија „the Epilepsy Action Australia study“, во партнерство со the Lambert Initiative при Универзитетот во Сиднеј, анкетираше 976 испитаници со цел да ја проучи употребата на канабис кај лицата со епилепсија, причините за употреба и сите забележани придобивки пријавени од страна на консументите на канабис со епилепсија. Главната причина за обидот со канабис терапија беше да се изнајде побезбеден третман со „поповолни“ несакани ефекти во споредба со стандардните антиепилептични лекови. Главниот автор на студијата Anastasia Suraev од the Lambert Initiative изјави дека истражувачите добиле дополнителен увид за причините кои влијаат на употребата на канабис кај пациентите.
Легално мртов или нелегално излечен? |
„И покрај ограничувањата на ретроспективната онлајн анкета, не можеме да го игнорираме тоа што значителен дел од возрасните и децата со епилепсија користат канабис-базирани производи во Австралија, а многу од нив пријавуваат значителна корист за нивната состојба. Посистематски клинички студии се итно потребни за да ни помогнат подобро да се разбере улогата на канабиноидите кај епилепсијата“ - рече таа. Во 2015 година бабата и дедото на три годишно девојче со ретка форма на епилепсија, донираа голема сума на пари за Ламберт инцијативата за да ги поттикнат истражувањата на медицинскиот канабис. Помогни и ти - сподели ја оваа статија!
Извор: The Guardian
No comments:
Post a Comment