Tuesday, August 18, 2020

„Ана“ - вендинг машина за продажба на канабис дебитира во Колорадо!

Првите примероци на „Ана“ (Anna) се појавија во диспанзерот „Strawberry Fields“ во Пуебло. Компанијата што го создаде овој „тревомат“ се надева дека ќе се прошири и на други локации во Колорадо до крајот на оваа година. Една компанија која произведува вендинг машини се грижи жителите на Колорадо да можат да го купат својот канабис без да имаат контакт со продавач


Денес е нормално потрошувачите да можат да купат намирници како: кафе, храна, играчки, додатоци за домашни миленици и сл. без директно да имаат контакт со вработено лице. Мет Фрост (Matt Frost) е основач и извршен директор на „Anna“ - дизајнирана да извршува нарачки за производи од марихуана. Првите вакви „тревомати“ се поставени во диспанзерот „Strawberry Fields“ во централно Пуебло, каде што клиентите сега можат да купат цвет од канабис, прехранбени продукти со канабис и масла за вапоризирање, без да мора да комуницираат со човечко битие. Овие вендинг автомати за марихуана исто така ќе дебитираат и во други диспанзери, како „Starbuds“ во Аурора до крајот на оваа година.

Фрост првично го разви концептот за прилагодување на перформансите на малопродажниот систем за самопослужување во индустријата за марихуана. Во неговата матична држава Масачусетс, чекањето на клиентите во диспанзерите може да трае и со часови, а некои продавници имаат потреба од клиентите, да го резервираат времето за подигање на нарачаните канабис производи. Но, бидејќи пандемијата со COVID-19 ги ​​принуди продавниците за трева да се прилагодат на зголемената побарувачка на канабис/производи од канабис преку Интернет, Фрост виде можност да им помогне да се модернизираат и да започнат со „бесконтакнтниот“ бизнис.

„Постојат искусни потрошувачи на канабис на кои не им е потребна таква интеракција лице-в-лице со продавачот на трева. Тие знаат што сакаат пред да влезат, подготвени се само да влезат и да излезат. Со тоа, ние им даваме повеќе време на луѓето на кои им е потребно „држење за рака“ и го сакаат тоа едуцирање од страна на жива личност“ - истакна Фрост. „Со Ковид19 и социјалното растојание и бесконтакноста, дефинитивно и ние исто така имаме нешто да понудиме“ - додава тој.

Поставени се четири вендинг апарати во Strawberry Fields, така што клиентите сè уште треба да покажат идентификација и да се пријават за да ги користат. Секој од нив прикажува дигитална верзија на менито, на екран на допир голем 27 инчи, каде што клиентите можат да ја пополнат својата виртуелна корпа и да плаќаат со готовина или дебитна картичка. Потоа, Ана ги дистрибуира нарачките. Клиентите исто така можат да нарачаат канабис користејќи ја апликацијата Anna app и потоа да го подигнат нарачаното со помош на машината.

Веројатно нема да најдете закуски во овие вендинг машини - само трева, рече Фрост, барем засега. Покрај експанзијата во Колорадо и дебито на пазарот во Масачусетс, тој исто така го следи пазарот на CBD и се надева дека во блиска иднина ќе стави Ана машини кои продаваат не-психоактивни производи од канабис на бензински пумпи и продавници за малопродажба. „Партнерството кон кое треба да се упатиме треба да го чувам во тајна засега, но [тоа е] многу значајна можност за дистрибуција на ЦБД за која сме возбудени“ - рече Фрост. „Мислам дека ќе ја видите оваа форма апсолутно во есен“ - додаде тој.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: TheKnow

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


1 comment:

  1. Здраво на сите, јас сум г-ѓа Аиша Мохамед и моментално живеам во Њу Џерси, САД. Јас сум вдовица со три деца; во април 2026 година се најдов во тешка финансиска ситуација и имав потреба од рефинансирање и плаќање на сметките. Се обидов да добијам заем од разни фирми, како приватни така и корпоративни, но без успех, а повеќето банки го одбија моето барање. Не наседнувајте на измамниците што се претставуваат како даватели на заеми – сите тие се измамници; сакаат само да ви ги земат парите, а потоа повеќе нема да слушнете ништо од нив (мене ми се случи тоа двапати пред да го запознаам г-дин Марк). Најдобриот дел е што заемот од 40.000 долари ми беше префрлен во рок од 74 часа. Затоа, ви препорачувам да го контактирате г-дин Марк доколку сте заинтересирани за заем и сте сигурни дека можете навреме да го вратите. Можете да го контактирате преку е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com). Нема проверка на кредитна историја, не е потребен жирант, а каматната стапка е само 3% со поволни планови и распоред за отплата. Ако треба да контактирате фирма за добивање заем без обезбедување (колатерал), контактирајте го г-дин Марк уште денес.
    Тие нудат различни видови заеми:
    Краткорочни заеми (1–5 години)
    Долгорочни заеми (5–9 години)
    Нудат заеми како:
    Стамбени кредити, деловни кредити, кредити за отплата на долгови,
    Студентски кредити, кредити за започнување бизнис,
    Деловни кредити, корпоративни кредити итн.
    Е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com)
    WhatsApp: +2349124847559
    Кога станува збор за финансиска криза и потреба од заем, „Trust Bridge Financial Service“ е вистинското место. Ве молам, кажете му дека јас, г-ѓа Аиша Мохамед, ве упатив кај него. Со среќа!

    ReplyDelete