Showing posts with label имун. Show all posts
Showing posts with label имун. Show all posts

Tuesday, October 3, 2017

Ајде, малце за CB2 рецепторот...

Ништо не се случува без причина и секое делче во нашето тело си има своја функција. Канабиноидните рецептори тип 2 посредуваат клеточна специфична пластичност во Хипокампусот


CB2 рецепторот (сликава е само за илустративни цели)
Претходно непознатите функции на ЦБ2 рецепторот се откриени благодарение на нова научна студија објавена во онлајн зборникот Neuron. Студијата може да ги подобри нашите сознанија за мозочните заболувања. Канабиноидниот рецептор од тип 2, скратено наречен ЦБ2 -  е специјален мембрански протеин. Неговата функција е да прима хемиски сигнали што ја контролираат клеточната активност. „До сега, овој рецептор беше сметан за дел од имуниот систем без да има функција  во нервните клетки. Како и да е, нашата студија покажува дека тој исто така игра важна улога во процесирањето на сигналите од мозокот“ - објаснува проф. Диетмар Шмиц (Dietmar Schmitz), спикер за DZNE-Site Berlin и Директор на Истражувачкиот центар за неврологија (Neuroscience Research Center) од Charité (NWFZ/NeuroCure). Шмиц ја координираше оваа студија во којашто беа вклучени колеги од Берлин и исто така научници од Универзитетот во Бон и од Националниот институт за злоупотреба на дрога од САД (National Institute on Drug Abuse of the US).


Како што покажаа истражувачите на животински модел, CB2 рецепторот го зголемува прагот на побудување на нервните клетки во хипокампусот. „Операцијата на мозокот критично зависи од фактот дека нервните импулси понекогаш имаат возбудливо влијание врз низводните клетки, а во други случаи имаат ефект на потиснување. CB2 рецепторот работи како завртувач со кој таквите комуникациски процеси може да се прилагодат“ - вели д-р Ванеса Стемпел (Vanessa Stempel), водечки автор на актуелната публикација, која сега спроведува истражувања на Кембриџ, Велика Британија. 


ЦБ 2 е компонента на ендоканабиноидниот систем

CB2 рецепторот е дел од ендоканабиноидниот систем (ECS). Ова семејство на рецептори и сигнални супстанции постои кај многу организми, вклучувајќи ги и луѓето. Тоа е биохемиски систем за контрола кој е вклучен во регулирањето на бројните физиолошки процеси. Неговото име се однесува на фактот дека хемиските состави добиени од растението канабис се врзуваат за рецепторите на ECS. Досега, постојат два познати типови на овие рецептори: CB2 рецепторот нема психоактивен ефект. Оттука, ефектите врз менување на свеста предизвикани од употребата на канабис се припишуваат на „канабиноидниот рецептор тип 1“.


Потенцијални терапевтски апликации

Резултатите од тековната студија би можеле да придонесат за подобро разбирање на механизмите кај болестите и да обезбедат појдовна точка за нови третмани. „Активноста на мозокот е нарушена кај шизофренија, депресија, Алцхајмерова болест и други невропсихијатриски нарушувања. Фармацевтските лекови кои се врзуваат за CB2 рецепторот може да влијаат врз активноста на мозочните клетки и на тој начин да станат дел од терапијата“ - заклучува професорот Шмиц. Докажано е дека многу од старските болести се предизвикани токму поради ендоканабиноиден дефицит или некакво нарушување во ендоканабиноидниот систем и рецепторите.


Заклучоци:

• CB2 рецепторите се изразени во хипокампалните главни неврони;
• CB2 рецепторите ја посредуваат клеточната специфична самоингибиторна пластичност;
• CB2 рецепторите ги менуваат гама осцилациите in vivo;
• CB2 рецепторите делуваат комплементарно на пресинаптичките CB1 рецептори.



Автор: Monique Konopova
Извор: Neuro Science News

Thursday, September 28, 2017

Замени ги токсичните вакцини против грип со лековитата билка канабис

Спречи и излечи ги побрзо настинките и грипот со помош на канабис. Настинките и грипот се заразни состојби предизвикани од вируси. Грипот и настинките се јавуваат во текот на целата година, но најмногу за време на пролет и есен. Настинките најчесто го напаѓаат респираторниот систем. Овие вируси го напаѓаат телото со тоа што се шират најпрво низ дишните патишта. Како марихуаната може да помогне? Канабисот го балансира имуниот систем. Пред сè помага во спречувањето на настинките. Редовно консумирање канабиноиди и останати природни лековити состојки од канабисот кои се совпаѓаат со ЦБ рецепторите од ендоканабиноидниот систем, го доведува целиот организам во еквилибриум


Канабисот е новата „природна зелена вакцина“
Вакцините против грип предизвикуваат антитела кои се развиваат во телото околу две недели по вакцинацијата. Се вели дека овие антитела го штитат организмот од инфекции од вирусите кои се содржани во инјекцијата! Но, дали вакцината за грип може да направи повеќе штета отколку добро? Истражувањата покажуваат дека многу луѓе се разболуваат од грипот откако биле вакцинирани. Вакцините, исто така, се произведуваат една година однапред, што значи дека производителите на вакцината треба да претпостават една година однапред кој вирус ќе го погоди населенито следната сезона!? За вакцините против грип, исто така, се знае дека содржат токсични и потенцијално опасни хемикалии, какои штетни метали и многумина добиле нервни оштетувања, аутизам и во најтешките случаи парализа, па дури и смрт. Од канабис, сè уште нема ниту еден пријавен смртен случај, ниту пак некакво трајно психофизичко оштетување.


Ова е нормално и природно??? Канабисот лекува безболно!
На кој начин конкретно марихуаната може да помогне кај настинки и грип? Супстанциите што се борат против грип и го зајакнуваат имунолошкиот систем се познати како флавоноиди. Тие се наоѓаат во сите растенија. Билката канабис содржи флавоноиди кои не се наоѓаат во другите растенија. Тоа е она што делува како дел од антиинфламаторните ефекти на марихуаната. Ако многу често се разболувате, тоа значи дека на вашето тело му недостасува важен дел од флавоноидите. Корисниците на канабис многу поретко настинуваат, а дури и кога ќе настинат настинката им поминува многу побрзо без употреба на опасни антибиотици и останати фармацевтски лекови против настинка. 


Поздрав од фан од Прилеп
Кога сте настинати, марихуаната може да ви го поправи расположението, да ја прекине мигрената поради затнатиот нос и болните синуси, помага да се наспиете. Марихуаната не само што ги олеснува тегобите за време на настинка и грип, туку го лекува коренот на проблемот и го стимулира и забрзува одбранбениот механизам на нашето тело. Марихуаната може да помогне да се поправи таа нерамнотежа. Тревата помага да се заштитат крвните клетки од пукање, но помага и во зголемувањето на апсорпцијата на витамин Ц. Познато е дека канабисот има анти-воспалителни својства и исто така дејствува како антиоксиданс. За време на настинка се препорачува чај од марихуана или топло млеко со/од марихуана, консумирање на екстракти - за подобар сон и опуштање на телото. Исто така, лицата кои страдаат поради вакцини, своето здравје можат да си го подобрат и/или целосно вратат со помош на висококонцентрирано масло (екстракт) од канабис.


Автор: Monique Konopova