Showing posts with label ендоканабиноиден. Show all posts
Showing posts with label ендоканабиноиден. Show all posts

Thursday, March 21, 2019

Ендоканабиноидниот дефицит води кон фибромијалгија и други дијагнози - вели науката

Повеќебројните симптоми на фибромијалгија може да бидат предизвикани од дефицит во ендоканабиноидниот систем. Додавањето канабиноиди во телото преку употреба на канабис може да помогне да се врати овој систем во баланс. Способноста да се тестираат ендоканабиноидните нивоа кај пациентите со фибромијалгија и да се споредат со оние на здравите контролни групи, би помогнала да се потврди теоријата за клинички ендоканабиноиден дефицит


Фибро вклучува различни симптоми
Фибромијалгија претставува појава на хронична, широкораспространета болка и алодинија (зголемен и болен одговор на притисок). Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки фактори и фактори од околината. Симптомите на фибромијалгија не се ограничени само на болка, туку вклучуваат и сериозен замор, нарушување на сонот и намалена зглобна подвижност. Заради овие особености во употреба е и називот синдром на фибромијалгија. Лошиот стил на живеење во кој спаѓа пушење тутун, прекумерна тежина и недостиг на физичка активност, може да го зголеми ризикот за појава и равој на фибромијалгија.


Функцијата на ендогените канабиноиди

Во 2014 година анкета спроведена врз повеќе од 1.300 пациенти со фибромијалгија од страна на американската National Pain Foundation и Националниот извештај за болка (National Pain Report) покажа дека медицинската марихуана е поефикасна од: Lyrica, Cymbalta или Savella, трите лекови одобрени од страна на Управата за храна и лекови (FDA) за лекување на нарушувањето. Ефикасноста на тие три фармацевтски лекови е дискутабилна, бидејќи пациентите ја потврдуваат нивната неефикасност. Постојат растечки (не само анегдотски) докази дека марихуаната ја ублажува болката од фибромијалгија, но потребни се повеќе истражувања на оваа тема. Нелегалноста на канабисот им отежнува на истражувачите да ги проучуваат својствата на растението за олеснување на болките. Досегашните студии покажуваат дека канабисот и неговите деривати се корисни, особено за олеснување на акутните и хронични болки.


Д-р Итан Русо го поддржува медицинскиот канабис!
Но, зошто се чини дека канабисот функционира толку добро? Д-р Итан Русо (Ethan Russo), медицински директор на PHYTECS, смета дека повеќебројните симптоми на фибромијалгија може да бидат предизвикани од дефицит во ендоканабиноидниот систем на организмот (ECS), состојба што ја нарекува клинички ендоканабиноиден дефицит (Clinical Endocannabinoid Deficiency - CED). Причината зошто канабисот е толку ефикасен е затоа што тој едноставно го надоместува она што му е потребно на телото. Кога имаме недостаток од нашите сопствени ендоканабиноиди, треба да внесуваме канабиноиди. Ова може да се спореди со недостатокот на витамини и минерали во нашето тело, па луѓето земаат додатоци во исхраната за надоместување на тој дефицит, на пример на витамин Д или Б12.


Д-р Русо ги истражува доказите за поткрепа на неговата хипотеза, објавени во преглед насловен: „Клинички ендоканабиноиден дефицит кој се преиспитува: тековните истражувања ја поддржуваат теоријата кај мигрена, фибромијалгија, синдром на иритабилни црева и други синдроми отпорни на третман“ (Clinical Endocannabinoid Deficiency Reconsidered: Current Research Supports the Theory in Migraine, Fibromyalgia, Irritable Bowel and other Treatment-Resistant Syndromes). Додека неговата идеја сè уште е теоретска, има некои рани истражувања кои покажуваат дека овој научник е во право. Ендоканабиноидниот систем е составен од канабиноидни рецептори во мозокот, 'рбетниот мозок, нервите, цревата, органите и другите ткива во телото. Погледнете ги видеата на крајот од оваа статија, коишто претставуваат снимки од неговите предавања и семинари, кадешто многу убаво ги објаснува механизмите на дејствување на канабисот во нашите тела.


Дефицитот во ЕКС е причина за фибромијалгија
ЕКС му помага на телото да одржува хомеостаза и е вклучен во голем број физиолошки процеси, меѓу кои и сензација на болка, расположение, метаболизам, меморија и апетит, меѓу другите. Телото природно ги создава ендоканабиноидите - ист вид на активни соединенија пронајдени во канабисот - кои го хранат ендоканабиноидниот систем и го одржуваат неговото најоптимално функционирање. Фибромиалгијата предизвикува разни видови на симптоми низ телото, при што основните се: болки, замор, когнитивни проблеми и тешкотии во спиењето. Одредени други пропратни состојби, како синдром на иритабилни црева (IBS) и мигрена, се многу чести кај лицата со фибромијалгија - толку многу што д-р Русо верува дека сите може да бидат поврзани со недостаток во ендоканабиноидниот систем.


Неговата теорија има смисла. ЕКС игра клучна улога во толку многу од главните системи на телото, па ако навистина е дефектен, тоа би било одговор зошто пациентите со фибро имаат такви различни симптоми. Дополнувањето на ECS со канабиноидите од растението канабис, во теорија, ќе ги ублажи симптомите, бидејќи недостатокот се надоместува. Д-р Русо претпоставуваше дека фибромијалгијата, ИБС и мигрената може да бидат предизвикани од недостаток во ЕКС уште во 2001 година. Неговиот последен преглед дава ажурирање за новото истражување кое го поддржува недостатокот на ЕКС како можен виновник за фибромијалгија, IBS и мигрена. „Дополнителни студии обезбедија поцврста основа за теоријата“ - пишува тој во прегледот - „додека клиничките податоци, исто така, произведоа докази за намалена болка, подобрено спиење и други бенефиции за третман со канабиноиди и придружни пристапи кај животниот стил кои влијаат на ендоканабиноидниот систем“ - додава д-р Русо. Клиничкиот ендоканабиноиден дефицит се базира на претпоставката дека многу нарушувања во мозокот се поврзани со недостатоците кај невротрансмитерите. На пример, допаминот е вмешан кај Паркинсоновата болест, а серотонинот и норепинефринот се поврзани со депресијата.


Ослободи се од болките
Ако е намалена ендоканабиноидната функција, следи дека намален праг на болка ќе биде оперативен, заедно со нарушувања на варењето, расположението и спиењето, помеѓу речиси универзалните физиолошки системи кои ги опслужува ЕКС“ - пишува Русо. Во суштина тоа значи дека ако ECS не работи правилно, тогаш тоа може да биде одговорно за болката, спиењето, дигестивните и други проблеми, толку чести кај пациентите со фибромијалгија. Додавањето фитоканабиноиди во телото преку употреба на канабис може да помогне да се врати ECS во баланс. „Тоа е клуч и брава во вашето тело кои постојат со причина“ - објаснува д-р Јахан Марку (Jahan Marcu), главен научник од Americans for Safe Access. „Ние испраќаме канабиноиди за активирање на овој систем кој би требало да работи. Тоа е вид на грижа за и хранење на ECS за да може да ја заврши својата работа“ - додава тој. 


Најдобар доказ за CED доаѓа од италијанската студија за мигрена, која покажала намалени нивоа на ендоканабиноид познат како анандамид, кај пациенти со хронични мигрени, наспроти здравите контролни (испитаници). „Редуцираните нивоа на анандамид во цереброспиналната течност кај хроничните пациенти со мигрена ја поддржуваат хипотезата за неуспехот на овој ендоген канабиоиден систем кај хроничната мигрена“ - се вели во студијата. За жал, италијанската студија веројатно никогаш нема да се повтори во САД, бидејќи бараше ризични и инвазивни лумбарни пункции. Во цревата, ECS го модулира движењето на храната долж дигестивниот тракт, го регулира ослободувањето на дигестивните сокови за да се разложи храната и ги третира воспаленијата.


Наместо неефикасните лекови...
Канабисот долго време се користи за лекување на проблеми со дигестијата и беше еден од првите ефективни третмани за дијареа предизвикани од колера во 19-тиот век. „За жал, додека многу анкети од пациентите ја потврдуваат користа од канабиноидниот третман за симптомите на ИБС, а изобилната анегдотска поддршка е евидентна на Интернет, малку вистинска клиничка работа е постигната“ - пишува д-р Русо. Неколку студии со употреба на марихуана за фибромијалгија имале позитивни резултати. Генерално, марихуаната се покажа добра за намалување на болката и анксиозноста и подобрување на спиењето и општата благосостојба. „Всушност постојат докази дека нивоата на барем еден ендоканабиноид (анандамид) се зголемува во циркулацијата кај пациентите со фибромијалгија“ - вели проф. Роџер Џи Пертви (Roger G. Pertwee) од Универзитетот Абердин во Шкотска.


Исто така, постојат значителни докази дека анандамидот често се ослободува на начин кој ги намалува несаканите симптоми како што се болката и спастичноста кај одредени нарушувања. ... Општо е прифатено дека ТХЦ, главната психоактивна состојка во канабисот, може да ја ублажи болката, вклучително и невропатската болка, на пример, преку директно активирање на канабиноидните рецептори. ... Некои не-психоактивни состојки од канабисот, исто така, откриено е дека ги ублажуваат знаците на болка, барем кај животинските модели“ - додава тој. Д-р Русо ја цитира Националната фондација за болка / Националниот извештај од анкета за болка, во својот преглед, велејќи: „Резултатите од истражувањето силно го фаворизираат канабисот наспроти слабо ефикасните лекови на рецепт. Овие резултати, секако, ја поддржуваат итната потреба за поконтинуирани рандомизирани контролирани испитувања на добро формулирани и стандардизирани лекови базирани на канабис кај фибромијалгијата, бидејќи постоечките лекови со регулаторно одобрување се чини дека паѓаат доста под трговската марка“ - додава тој. Повеќе истражувања треба да се направат за да се докаже постоењето на CED.


Она што навистина ни е потребно се рандомизирани контролирани испитувања за внимателно да го разгледаме ова и тоа се единствениот вид докази што [FDA] и повеќето лекари ќе ги сфатат како прифатливи на крајот“ - вели Русо. МРИ и ПЕТ скенирањата сè уште не се во можност да ги детектираат ендоканабиноидните нивоа кај живите пациенти, но како што напредува технологијата, тоа може да стане возможно. Способноста да се тестираат ендоканабиноидните нивоа кај пациентите со фибромијалгија и да се споредат со оние на здравите контролни групи, би помогнала да се потврди теоријата на д-р Русо. „Ние сме на работ да ја имаме таа способност“ - вели Русо. „Во моите планови е да се гледа во овој вид на нешта во иднина“ - заклучува тој.




Уредник и новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Зошто треба да се јаде суров канабис? + сладок рецепт

Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис

Терапевтско-медицинскиот потенцијал на 6 најпопуларни канабиноиди

Зошто корисниците на канабис не можат да се предозираат?

Роза од Гевгелија лично си ја одгледува билката за самолекување

Наука наспроти искуство: Колку се ефективни супозиториите од канабис?

Tuesday, May 29, 2018

Откритието на CB3 ререпторот може да биде медицинска пресвртница во човечката историја

Научниците сметаат дека откриле нов канабиноиден рецептор чие понатамошно проучување може да отвори нови можности за лекување. Ова ново истражување покажува дека канабисот може да влијае на човечкото тело на нови и невидени позитивни начини


Откако владата на САД конечно им дозволи на научниците да ги истражуваат можните медицински придобивки од канабисот, целата димензија на човечката биохемија која претходно постоеше во сенките одеднаш се префрли во фокус. Деведесеттите години доведоа до откривање на ендоканабиноидниот систем - витална и важна компонента на централниот нервен систем кој игра улога во сè - од когнитивните процеси и сензорите за болка, до регулирање на апетитот и физичката активност, регулирање на сонот и будноста.


Тоа беше откритие на деценијата! Науката има стекнато подлабоко разбирање за тоа како телото управува и се регулира под дејство на ова најбезбедно и најлековито растение. Во годините откако кутијата на Пандора е отворена, подароците не запираат да излегуваат од неа. Бидејќи ендоканабиноидниот систем достигнува толку многу домени на човечкото искуство, тоа е неверојатно плодна почва за истражување. Тоа е како кога Европејците „ја откриле“ Америка. Одеднаш, има нов, богат свет за да се истражи со чудни нови фасцинации од суштинска важност за среќна иднина на целиот свет и општата благосостојба на секое човечко битие.


Анимација на канцерогена клетка
Делувањето врз ендоканабиноидниот систем со помош на канабиноиди од канабисовото растение ветува превенција и лекување на рак, автоимуни нарушувања, депресија и останати психо-физички состојби, болести и нарушувања. Најголеми и најпознати играчи во ендоканабиноидниот систем се два канабиноидни рецептори најчесто наведени како: CB1 и CB2. Овие молекули се центрите кадешто се случува магијата. Како и сите биохемиски рецептори, CB1 и CB2 се протеински молекули кои примаат хемиски сигнали надвор од клетката. Помислете на нив како на малиот црн дел на вашиот телевизор на кој го насочувате далечинскиот управувач. Тие седат заспани додека не добијат сигнал, а потоа се активираат.


Нашето тело има потреба од канабис
Иако овие два рецептори долги години беа познати како единствени, тие не се единствените рецептори во ендоканабиноидниот систем, бидејќи постојат и други атипични рецептори кои се одговорни за други функции во телото и се активирани од страна на други канабиноиди. Сега научниците мислат дека назначиле нов канабиноиден рецептор, кој може да отвори нови можности за лекување. Молекулата за која станува збор оди со името GPR55, но наскоро може да се нарече CB3. Самата молекула за прв пат била откриена во 1999 година во различни делови на мозокот - хипокампусот, малиот мозок, таламусот итн. Новите истражувања откриле дека се крие и во пооддалечените делови од телото, како што се слезината, гастроинтестиналниот тракт и надбубрежните жлезди.


Доколку оваа молекула е навистина канабиноиден рецептор, тоа значи дека тековното разбирање на ендоканабиноидниот систем е многу нецелосно. Оваа молекула е различна од CB1 и CB2, кои делат многу слични карактеристики. За разлика од тоа, GPR55 има помалку од 15 проценти од својот аминокиселински идентитет. Тоа значи дека е можно оваа молекула, која е насекаде низ нашиот мозок и низ неколку други витални делови од нашето тело, да функционира на нов и поинаков начин отколку што мислевме дека е можно. Би било како да откриете дека нервите во прстите не одговараат на допир на истиот начин како што реагираат нашите прсти; наместо насетување на физички објекти, тие можат да ги насетат магнетните полиња.


Колоректален канцер
Потенцијалот тука е гигантен. Тоа би можело да објасни зошто маслата со целосен спектар на канабиноиди (домашно изработените, не тие од аптека) имаат толку разновиден спектар на здравствени придобивки, од кои многу од нив се докажани преку испитувања, а потврдени и преку искуствата на пациентите, но лошо разбрани од научна перспектива. Ако истражувачите можат да го откријат механизмот со кој функционира медицинскиот канабис, тоа може да нè доведе кон развивање на нови и поефективни терапии за сите видови болести. Но, не само тоа. Откривањето на новите слоеви од ендоканабиноидниот систем и разбирањето како истите делуваат под дејство на канабис, има огромен потенцијал да нè научи за начинот на кој нашите тела функционираат и механизмот со кој се борат против болестите.


Сами одгледајте си го лекот!
Присуството на GPR55 во клетките на ракот звучи опасно, но всушност вреди да се размисли подлабоко на оваа тема. Додека точните функции и фармакологијата на GPR55 се далеку од разбирање, ако можеме да дознаеме што работи во клетките на ракот, ќе знаеме повеќе за самиот рак: како и зошто се јавува, како се шири и како да се стопира и уништува, но и како да се спречи пред да се појави. Ако излезе дека можеме да влијаеме на ракот, манипулирајќи со овој нов канабиноиден рецептор или општо целиот ендоканабиноидниот систем на телото, ќе имаме повеќе оружје во нашиот арсенал на анти-туморските природни лекови. Ова е од суштинско значење за здравата иднина на нашите деца.


Меѓу многуте циркулирачки теории за својствата на CB3 е дека телото може да има способност да трансформира еден вид на канабиноид во друг. Ако тоа е вистина и клетките на ракот можно е да го користат CB3 за некоја лоша намена, па може да биде возможно да се открие соодветен канабиноид од канабисот отпорен на промени што ја забавува прогресијата на туморите и воедно ги уништува. Иако на оваа теорија потребен ѝ е долг пат, сепак заради потенцијалните можности и медицински придобивки вреди ова побрзо да биде истражено многу подетално. CB3 би можел да го претстави следниот чекор напред во лекувањето на човечкото страдање.


Едуцирај се повеќе:

Како и зошто вашиот мозок произведува сопствени канабиноиди?

Човечкото мајчино млеко природно во себе содржи свои сопствени канабиноиди!

Како да се стимулира ендоканабиноидниот систем без употреба на канабис?

Други растенија кои содржат состојки слични на канабиноидите, но не се канабис


Автор, главен и одговорен Уредник, Основач и Претседател на здружението 420Macedonia: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf

Saturday, April 7, 2018

Атипични ендоканабиноидни рецептори (2 дел) - Ванилоидни, Серотонински, Глицински и Пероксизомски

Други потенцијални цели на ендоканабиноидите се веќе научно идентификувани. Но, кои се другите можни ендоканабиноидни цели во човечкиот организам? До сега веќе споменавме дека мрежата од рецептори што го сочинуваат ендоканабиноидниот систем не се состои само од ЦБ1 и ЦБ2 рецепторите, туку дека постојат и други атипични ендоканабиноидни рецептори. Сепак, не е јасно дали тие играат значајна улога во ефектите на ендоканабиноидите. Тие вклучуваат напонските јонски канали, NMDA рецептори, ацетилхолински рецептори и транспортерите на глицин


Ванилоидни рецептори

Транзиентен рецепторски потенцијал vanilloid 1 (TRPV1) е јонски канал изразен истовремено на сензорните неврони и во мозокот. Во сензорните нерви, TRPV1 делува како сензор за нешта што би можеле да предизвикаат оштетување на ткивото. Се активира како одговор на топлина и проинфламаторни супстанции, испраќајќи сигнал за болка до мозокот. Најпознатиот активатор на TRPV1 е капсаицин (capsaicin), состојка пронајдена во чили пиперките, што предизвикува болка што гори. Дисрегулацијата на TRPV1 исто така е вклучена кај хроничните болки. Интересно, анандамид е активатор на каналот TRPV1. Сензорните неврони често ги ко-експресираат CB1 и TRPV1 рецепторите, што ја прави нејасна улогата на анандамид во генерирачките сигнали за болка. TRPV1 игра многу поинаква улога во мозокот, каде што неговото активирање со анандамид се чини дека ја намалува болката.


Серотонински рецептори

Постојат многу различни поттипови на серотонин (5-HT) рецептори кои посредуваат во различните ефекти на серотонин. Поттипот 5-HT3 е единствен меѓу рецепторите на 5-HT, бидејќи е лигандно затворен јонски канал наместо GPCR. 5-HT3 рецепторот е најпознат како медијатор на гадење и повраќање, особено по хемотерапија. Неколку лекови против гадење работат со инхибиција на овој јонски канал. Исто така, има улога кај невропатската болка. Анандамидот може директно да се поврзе со 5-HT3 рецепторот и да го инхибира неговото активирање. Сепак, тој не функционира со блокирање на главното место за врзување на серотонин на рецепторот. Наместо тоа, се врзува на друго место и делува како негативен алостеричен модулатор. Со други зборови, тој ја менува конформацијата на рецепторот за да го минимизира активирањето со 5-HТ. Оваа инхибиција на 5-HT3 е барем делумно одговорна за аналгетските ефекти на канабиноидите кои не се посредувани преку традиционалните CB1 или CB2 рецептори.


Глицински рецептори

Глицинските рецептори (GlyRs) се линиски затворени јонски канали кои ја инхибираат нервната активација. GlyRs се изразени кај спиналните интерневрони, каде што тие го регулираат преносот на болка во мозокот. Анандамидот е способен за директно врзување за GlyRs и зголемување на активирањето на каналите. Анандамидот не се врзува за главната агонистичка локација, ниту пак може да ги активира GlyRs самите по себе. Како кај 5-НТ3 рецепторите, анандамидот дејствува како алостеричен модулатор. Се врзува за друга страна на GlyR и го подобрува активирањето со глицин. Ова е уште еден механизам, независно од CB1 и CB2 рецепторите, дека ендоканабиноидите може да ја намалат болката со дејствување на 'рбетно ниво.


Пероксизомски пролифератор-активирани рецептори

Рецепторите со активиран пролифератор со пероксизом (PPARs) се фундаментално различни од рецепторите опишани погоре. Наместо да седат во клеточната мембрана, PPARs живеат во рамките на клетката и можат директно да се поврзат со ДНК секвенците и да ја променат транскрипцијата на целниот ген. Постојат три изоформи на PPAR: α, β и γ. Анандамид и 2-АG се потенцијално способни да го активираат PPARα, но активирањето е многу посилно од страна на ендоканабиноидите OEA и PEA. Анандамидот и 2-АG, исто така, можат да го активираат PPARγ. PPARs ги регулираат клеточните функции во речиси секое ткиво. Некои од ефектите на ендоканабиноидите кои можат да бидат барем делумно припишувани на PPARα или PPARγ активацијата, вклучуваат невропротекција против исхемија и невродегенерација, намалена зависност од никотин, аналгезија, анти-туморско дејство, васорелаксација, намалување на телесната тежина и намалено воспаление. Интересно, веќе има одобрени лекови кои дејствуваат преку PPARα активација (за третман на нарушувања на холестеролот и метаболизам на триглицеридите) и преку активирање на PPARγ (за третирање на отпорноста на инсулин и намалување на нивото на гликоза во крвта).


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Откритието на CB3 ререпторот може да биде медицинска пресвртница во човечката историја

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Profofpot

Monday, March 12, 2018

Атипични ендоканабиноидни рецептори (1 дел) - GPR18, GPR55, GPR119. Не се само ЦБ1 и ЦБ2!

По извесно време знаеме дека CB1 и CB2 рецепторите не посредуваат во сите активности на канабиноидите. Како можеме да го знаеме ова? Во повеќето статии на ендоканабиноидниот систем, приказната запира таму. Сепак, ајде да ги разоткриеме новите возбудливи истражувања од последните две децении за кои ретко се зборува!
* Канабисот е во твојата ДНК! - Фармафијата се надеваше дека ова никогаш нема да го дознаеш
Глувците со генетски избришани CB1 и CB2 рецептори беа вкрстени за да создадат глувци кои немаа ниту еден од тие рецептори. Доколку никој друг рецептор не бил активиран од канабиноидите, тогаш не треба да има ефект на THC или анандамид кај овие глувци. Сепак, почнувајќи со првиот извештај во 1999 година, забележани се многу различни ефекти на канабиноидите кај овие двојно модифицирани глувци. На пример, канабиноидите сѐ уште можеле да влијаат на крвниот притисок, болката, воспалението и проблеми со желудникот и тоа во отсуство на CB1 и CB2 рецептори. Потрагата била да се најдат нови канабиноидни рецептори! Оттогаш откриено е дека ендоканабиноидите се врзуваат за многу рецептори кои не се сметаат за дел од ендоканабиноидниот систем.


GPR18

Овој рецептор бил откриен во 1997 година, но веќе неколку години бил „сираче“, што значи дека научниците не знаеја што е неговиот лиганд. Во 2006 година изненадувачко откритие - овој рецептор може да се активира со ендоканабиноиди! GPR18 може да се активира со анандамид, но тоа е главниот ендоканабиноиден лиганд кој се чини дека е N-арахидонил глицин (NAGly), кој е метаболит на анандамид. GPR18 рецепторот е изразен високо во 'рбетниот мозок, тенкото црево, имуните клетки, слезината, коскената срцевина, тимусот, белите дробови, тестисите и малиот мозок. Активирањето на GPR18 може да го намали крвниот притисок. Исто така, има значајни функции во имуните клетки. Тоа дејствува како моќен хемоатрактант - што значи дека предизвикува миграција на имуните клетки.


GPR55

Овој рецептор има слична приказна како GPR18. Тоа беше занемарен рецептор многу години, сè додека неговите лиганди не беа откриени. GPR55 е активиран од ендоканабиноидите 2-АГ и анандамид, но неговиот главен лиганд се чини дека е уште еден намерен ендоканабиноид наречен лизофосфатидилинозитол (LPI). Овој рецептор се изразува со високи нивоа во централниот нервен систем, како и надбубрежните жлезди, гастроинтестиналниот тракт, белите дробови, црниот дроб, матката, мочниот меур и бубрезите. Тоа е широка дистрибуција на ткива што ги дава улогите во различни системи на телото. Активирањето на GPR55 предизвикува хипотензија (го намалува крвниот притисок), е антиинфламаторно и во некои случаи е анти-ноцицептивно (блокирање на болка). GPR55 го регулира внесот на енергија и распределбата, што може да влијае на болестите како што се дебелина и дијабетес. Исто така, се изразува во коскените клетки со можна улога кај остеопорозата. GPR55 е невропротективен и дава намалена невродегенерација кај моделите со мултиплекс склероза.


GPR119

Експресијата на рецепторот GPR119 е ограничена на одреден број ткива. Првенствено се наоѓа во панкреасот и гастроинтестиналниот тракт - навестувајќи дека неговата улога е регулирање на енергијата и метаболизмот. GPR119 се активира првенствено од ендоканабиноид ОЕА, со минимална активација од други ендоканабиноиди како што се анандамид и 2-АГ. Активацијата го намалува внесот на храна, го подобрува ракувањето со шеќерот во крвта и ја намалува телесната тежина. Овие ефекти се чини дека се посредувани преку регулирање на хормоните како што се инсулинот и GLP-1.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Profofpot

Friday, March 9, 2018

Канабисот е во твојата ДНК! - Фармафијата се надеваше дека ова никогаш нема да го дознаеш

Хранливата вредност и исцелителната моќ на свежиот суров канабис е една од најдобро сочуваните тајни на минатиот век. Наодите покажуваат дека потребата за канабис ни е  запишана во гените, со што може да се објасни зашто некои луѓе толку многу сакаат канабис, додека други немаат некоја посебна потреба од билката


Канабисот е дел од нас!
Состојките во билката се соединуваат со една од најважните мрежи на невротрансмитери кај луѓето и другите животни (цицачи). Оваа мрежа се нарекува ендоканабиноиден систем (ЕКС). ЕКС е она што го премостува мозокот со телото. Овој систем е одговорен за исклучително широк спектар на телесни функции, вклучувајќи висцерална сензација. Едноставно кажано, висцерална сензација е твоето чудно „чувство во стомакот“. Тоа е она што ви овозможува да почувствувате пеперутки во стомакот или болка по прејадување. Бидејќи канабисот во суштина е мистериозна и чудотворна билка, тоа беше само прашање на време кога пропагандата против канабисот засновата на лаги - ќе згасне. Тоа е она што се случува денес. Ова видео ги прозива „владите“ кои не прават ништо, туку им штетат на населението со цел личен профит и корупција на државата.


ECS, исто така, ви помага да учите од вашата околина, помагајќи ви да одредите што да запомните и што да заборавите. ECS е составен од мали комуникациски молекули кои слетуваат на специфични рецепторни локации на површината на вашите клетки. Овие комуникациски молекули се нарекуваат ендоканабиноиди и тие ни помагаат да обработиме и да одговориме на нашата околина за да ја одржиме оптималната рамнотежа во телото. Канабисот е толку уникатно и вредно лековито растение, бидејќи соединенијата во тревата, како познатиот психоактивен тетрахидроканабинол (THC), директно го ангажираат ендоканабиноидниот систем.


Забелешка од уредникот на Consciouslifenews, Роберт О'Лери (Robert O’Leary) кој имал постојан интерес за алтернативни здравствени производи и модалитети уште од почетокот на 1970-тите и тој видел како тие буквално ги трансформираат луѓето од недостаток на здравје до живописно здравје: Посебна благодарност до д-р Рима Лајбо (Rima Laibow) што ме упати на ова важно видео во неодамнешниот е-маил од нејзина страна. Импликациите од оваа вест се толку монументални и далекусежни, јас би сугерирал дека тоа е една од најважните вести досега. Уште еднаш, лагите од некои од нашите најголеми бизниси и организации, па дури и нашата Влада, доаѓаат на виделина. Ве молиме погледнете го ова видео за да разберете повеќе, а потоа ве молиме преземете акција за да го раширите вирално и да започнете дискусија во вашите локални заедници за оваа важна тема.


Кажано со други зборови, канабисот се поврзува со голем систем во телото што ја регулира хармоничната интеракција на нашите органски системи и нашиот мозок. За некои, тоа може да изгледа како ужасно голема случајност дека една трева сама по себе го држи клучот за отклучување на таквата огромна мрежа на невротрансмитери. Градежните блокови на оваа мрежа се кодирани од страна на нашата ДНК. Генетиката и Дезоксирибонуклеинската киселина не мора да ве направат љубител на канабис. Наместо тоа, овие фактори го одредуваат изгледот на ECS во вашето тело и колку добро вашето тело може да произведе сопствени ендоканабиноиди.


Постои зголемен број на докази кои сугерираат дека некои луѓе може да бидат генетски посклони да посегнат по канабис од другите. Во оваа смисла, да, употребата на канабис е запишана во нашата ДНК. Како што пишува уредникот на New York Times, околу 20 проценти од светското население на тест испаднало позитивно за присуството на овој „ген на доброто чувство“. Овој ген спречува распаѓање на ендоканабиноидот наречен анандамид, кој е природен ТХЦ произведен од нашето тело. Всушност, зборот ananda доаѓа од санскритскиот збор за „блаженство“.


Среќниците што го добиле овој генетски благослов со своето раѓање може да имаат помала веројатност да бидат вознемирени, депресивни и анксиозни и поголема веројатност да бидат посмирени. Сепак, теоријата вели дека кај овие луѓе, исто така, може да биде помалку веројатно да станат хронични потрошувачи на канабис.  Ете го одговорот зошто некои луѓе имаат поголема потреба од канабис или се страствени љубители, а зошто некои не и ова е само уште една потврда дека канабисот е лек за болни и здрави, кај кои оваа билка им е од круцијално значење за остварување на најоптимална благосостојба. Дополнителние истражувања од 2016 година откриле дека постојат специфични гени кои би можеле да го направат лицето поверојатно да стане обожувател на билката. 

* * *

Избор на уредникот (поврзани статии): 






Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извори: Medicinalcannabisnews, Herb

Friday, February 16, 2018

Како да се стимулира ендоканабиноидниот систем без употреба на канабис?

Кога луѓето ќе слушнат за сите здравствени состојби кај кои може да помогне канабисот, некои можеби се прашуваат како една билка може да има толку многу моќни медицински својства без сериозни несакани ефекти. ЕКС може да се стимулира и на други начини, не само со мајчиното млеко и канабисот! Д-р Дастин Сулак (Dustin Sulak) кој е канабис екстерт и основач на сраницата Healer.com, медицински ресурс за едукација на пациентите во врска со канабисотна порталот Leafly даде детално објаснување за тоа како да го стимулираме ЕКС без канабис

Д-р Дастин Сулак е основач на овој портал за канабис едукација
Чудесното функционирање на канабисот во нашите тела ги натера истражувачите да откријат систем на физиологијата кој работи во сите нас за постојано одржување на хомеостазата (или рамнотежа) на клеточно ниво. Тоа беше именуванo како ендоген систем за канабиноиди (ендоканабиноиди) по растението што доведе до идентификација на овој наш вроден телесен систем. Тој е еден од најважните физиолошки системи кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на здравјето на луѓето.


Ендоканабиноидите и нивните ЦБ2 и ЦБ1 рецептори се наоѓаат низ телото: во мозокот, органите, сврзните ткива, жлездите и имуните клетки. Во секое ткиво, канабиноидниот систем врши различни задачи, но целта е секогаш иста: хомеостаза, одржување на стабилно внатрешно опкружување и покрај флуктуациите во надворешното опкружување. Телото  природно произведува сопствени канабиноиди. Соодветните дози на канабис, исто така може да го регулираат и тонизираат вашиот ECS. Растението, сепак не е единствениот начин да го поддржите вашиот ECS. Вие можете да го стимулирате вашиот ECS природно со вкусна храна за подобрување на ендоканабиноидите, нивно поттикнување и пријатни активности кои можат да доведат до широко распространети здравствени придобивки.


Повеќето од нас не сфаќаат дека нашите тела постојано создаваат канабиноиди. Овие молекули функционираат како ТХЦ и другите канабиноиди кои ги има во растението и бидејќи се од човечка природа тие се наречени ендоканабиноиди. Нашите клетки произведуваат и користат канабиноиди на прецизни начини и одговораат на стрес, болест и повреда, а тоа луѓето ги прави здрави и отпорни на надворешните и внатрешните влијанија. Постојат докази дека ендоканабиноидниот систем на некои луѓе ЕКС (ECS) можеби не функционира најоптимално, а ЕКС е одговорен за контролата на сите други системи во нашиот организам. Ова може да се реши со додавање на правилна доза на дополнителни канабиноиди од растението канабис во секојдневната исхрана. Покрај канабисот, одредени храни и активности, исто така можат оптимално да ја помогнат функцијата на ЕКС, да го подобрат здравјето и да ја подобрат ефикасноста на медицинскиот канабис.




Храна за поттикнување на ендоканабиноидите

Есенцијалните масни киселини, чоколадата, билките, зачините и чаевите природно го стимулираат ЕКС!


* Есенцијални масни киселини

Здравиот сооднос на омега-3 и омега-6 масни киселини може да ја зголеми активноста на ECS. Ендоканабиноидите се произведуваат од арахидонска киселина (омега-6 масна киселина). Семето од коноп е пребогато со ваквите масни киселини (омега 3, 6 и 9). Имајќи доволно арахидонска киселина е од суштинско значење за производство на ендоканабиноид, но доколку ja има премногу, тоа може да доведе до намалување на регулацијата на канабиноидните рецептори. Повеќето западни диети веќе содржат вишок омега-6 масти, кои  најчесто се наоѓаат во масла за готвење како што се сончоглед, пченка и соја, а во производите од животинско потекло, како што се месото, живината и јајцата.


Омега-3 масните киселини се потребни за да се балансираат омега-6 мастите, така што ECS може правилно да функционира. Овие масни киселини се многу потешки за да се примаат преку исхраната, а исто така е докажано дека имаат кардиоваскуларни и невролошки здравствени придобивки. Идеален сооднос на омега-3 со омега-6 во исхраната е 1:1, а типичната западна исхрана често има сооднос 1:10. Животнинските извори на омега-3 се најмоќни, но вегетаријанските извори имаат тенденција да обезбедат и други одлични здравствени придобивки на овие состојки ите како потребни за здрав ендоканабиноиден систем!


Извори на ендоканабиноидни масни киселини:

Семиња од коноп и масло од коноп;
Семе од лен и ленено масло;
Чиа семе;
Ореви;
Сардини и аншоа;
Јајца (омега-3 збогатени).


* Чоколадо

Какаото во прав содржи три соединенија кои се структурно многу слични на ендоканабиноидите. Овие соединенија можат да го инхибираат распаѓањето на сопствените ендоканабиноиди во телото, што резултира со повисоки нивоа на ендоканабиноиди и може да имаат некои активности за самата канабиноидна активност.  Содржината на соединенијата слични на канабиноидите во чоколадото варира и е највисока во темното чоколадо и суровото какао. Другите состојки во чоколадото можат да помогнат во спречувањето на срцеви заболувања, мозочен удар и деменција. Побарајте најмалку 70% темно чоколадо или обидете се да додадете сурово какао, најдобар избор се чоколадите кои веќе се продаваат во некои земји со додаток на семки од коноп за зголемен внес на здравите масни киселини.  


* Билки, чаеви и зачини

Бројни билки и чаеви содржат соединенија кои можат да го подобрат ECS. Бета-кариофиленот е терпен во: црниот пипер, мелем од лимон, хмељ, каранфилче, канабис, оригано, цимет и неколку други билки. Тие селективно го стимулираат CB2 рецепторот, кој е истражуван за развојот на третмани за воспалителни нарушувања. 


Ехинацеа - често користена од билкарите во период до две недели за да го стимулира имунолошкиот систем за време на инфекциите, исто така содржи и агонисти на CB2;

Camelia sinensis - попозната како „чај“, содржи соединение кое го спречува распаѓањето на ендоканабиноидите, и друго соединение кое може да ги стимулира канабиноидните рецептори;

Курмерен - жолт зачин во кари прав, содржи куркумин, кој исто така ги зголемува ендоканабиноидните нивоа меѓу другите здравствени придобивки.


Јадете органска храна и избегнувајте пластика 

Поради некои пестициди (на пример, хлорпирифос и пиперонил бутоксид) се јавува нарушување на ECS. Особено е важно да се избере органска храна кога се купува месо, млечни производи и квалитетни производи кои не содржат пестициди. Фталатите (Phthalates) се состојки во пластиката, често додавани во контејнерите за пластични шишиња со вода, се познати како блокатори на канабиоидните рецептори кои го нарушуваат хормоналниот систем на телото. Изберете стакла или амбалажа за храна од стакло, хартија или од не'рѓосувачки челик, секогаш кога е можно и никогаш не јадете храна која е загреана во пластика!


* Алкохол

Редовното користење на умерени до големи количества алкохол исто така може да го оштети ECS, така што за оптимална здравствена и ендоканабиноидна функција, ве молиме фокусирајте се на умереност кога ќе решите да пиете. Препорачуваме избегнување на алкохолот во целост и размислете 420 пати пред да решите следен пат да се начукате!



Активности за подобрување на ендоканабиноидите

Одредени активности можат природно да ја подобрат функцијата на ECS, да го подобрат вашето здравје, да ја зголемат ефективноста на медицинскиот канабис и да ви помогнат да се чувствувате одлично.


Активности за намалување на стресот

Додека хроничниот стрес може да го онеспособи вашиот ECS, високо-подесениот ECS може да ве заштити од штетните ефекти на стресот. Инкорпорирањето на вежбањето во вашата секојдневна рутина ќе го одржи вашиот ECS, но само ако уживате во овие активности! Студиите за животни нè научија дека ако вежбате, вашиот ECS ќе ја толкува активноста како стрес, но слободното избирање и уживање во истата активност може да има спротивен ефект на стресот, т.е. да има релаксирачки ефект и всушност да ги зголеми нивоата на ендоканабиноиди во организмот. 


Дружењето и водењето љубов, исто така може да биде одлично за намалување на стресот и подобрувањето на функцијата на ECS. Стаорците во социјална изолација произведуваат помалку канабиноидни рецептори, додека социјалната игра и однесувањето ја зголемуваат функцијата на ECS. Делот со велнесот на Healer.com содржи едноставни вежби кои се лесни за секого и се дизајнирани да го стимулираат ECS и да ги зголемат ефектите на канабисот.


Еве неколку предложени ендоканабиноидни активности за подобрување на здравјето:

Социјална интеракција;
Неструктурирано време за играње (ова е важно и за возрасните!);
Јога;
Масажа;
Вежби за дишење;
Секое доброволно и пријатно вежбање.

Автор: Кате К.
Извор: Leafly

Friday, January 5, 2018

Човечкото мајчино млеко природно во себе содржи свои сопствени канабиноиди!

Вткаен длабоко во структурата на човечкото тело се наоѓа сложениот систем на протеини познат како канабиноидни рецептори кои се специјално дизајнирани за обработка на канабиноиди, како тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD), едни од основните активни компоненти на марихуаната. Излегува, врз основа на наодите од неколку големи научни студии, дека човечкото мајчино млеко природно содржи многу од истите канабиноиди пронајдени во марихуаната, кои се всушност исклучително витални за правилен развој на човекот и се нарекуваат ендоканабиноиди


Клеточната мембрана во телото е природно опремена со овие канабиноидни рецептори, кои, кога се активираат со екстерно внесени канабиноиди и разни други хранливи материи, ги штитат клетките од вируси, штетни бактерии, рак и други малигноми. И човечкото мајчино млеко е богат извор на ендоканабиноиди, специфичен тип на невромодулаторни липиди кои во основа го учат новороденото дете како да јаде со стимулирање на процесот на цицање.

Ако не биле во овие канабиноиди во мајчиното млеко, новородените деца не би знаеле како да јадат, ниту, пак, тие би имале желба да јадат, што би можело да резултира со тежок облик на негрижа, па дури и смрт. Верувале или не, процесот во телото е сличен на оној како кога одговорните возрасни поединци кои пушат трева и потоа го добиваат она инстантното чувство на глад т. е. „манчиз“ (munchies), исто како новороденчињата кои дојат природно и со самото тоа добиваат мали дози на канабиноиди кои кај нив предизвикуваат глад и го поттикнуваат растот и развојот.


Ендоканабиноидите биле откриени во мајчиното млеко и активирањето на CB1 (рецепторите на канабиноидните рецептори тип 1) се чини дека се клучни за цицање на млеко ... очигледно активирањето на орално-моторната мускулатура“ - се вели во апстрактот од студијата од 2004 година за ендоканабиноидот рецепторски систем кој беше објавен во Европскиот журнал за фармакологија (European Journal of Pharmacology). „Медицинските импликации од овие нови случувања се далекусежни и сугерираат ветувачка иднина за канабиноидите во педијатриската медицина за услови кои вклучуваат цистична фиброза“.

Студиите за канабиноиди во мајчиното млеко дополнително ја демистифицираат вистината за марихуаната. Постојат два вида на канабиноидни рецептори во телото - видот рецептори CB1 кои постојат во мозокот и видот на CB2 рецептори кои постојат во имуниот систем и низ останатиот дел од телото. Секој од овие рецептори реагира на канабиноидите, било да е од човечкото мајчино млеко кај децата или од сочна марихуана, на пример, кај возрасните! 


Ова во суштина значи дека човечкото тело е изградено за канабиноиди, бидејќи овие хранливи материи играат важна улога во заштитата на клетките од болести, ја зголемуваат функцијата на имунолошкиот систем, го штитат мозокот и нервниот систем и ја ублажуваат болката и воспаленијата предизвикани од болести. И бидејќи науката конечно дознава како функционира овој неверојатен канабиноид систем, стигмата поврзана со користењето на марихуаната е, за среќа, во процес на целосно елиминирање.


Во една друга студија за ендоканабиноидите објавена во списанието Pharmacological Reviews уште во 2006 година, истражувачите од Лабораторијата за физиолошки студии при Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам (Laboratory of Physiologic Studies at the National Institute on Alcohol Abuse and Alcoholism), откриле уште повеќе за придобивките од канабиноидите. Тие ја вклучуваат нивната способност да промовираат соодветен енергетски метаболизам и апетитна регулација, способност да третираат метаболички нарушувања, да третираат мултиплекс склероза и да ја спречуваат невродегенерацијата и да регулира и лекува уште низа други здравствени психо-физички состојби. Со буквално илјадници објавени студии кои сега ја покажуваат својата безбедност и корисност, канабиноидите, а особено марихуаната од која во голема мера произлегуваат, навистина се „супер“ хранлива органска материја која промовира здравје, со практично неограничен потенцијал во промоцијата на здравјето и спречувањето на болестите.


Со легализацијата на медицинска и рекреативна марихуана ширум светот, користењето на билкава, се зголемува меѓу бремените жени. Постои причина дека многу од овие жени ќе продолжат да користат марихуана откако ќе се породат. Сега истражувачите развија нов метод за да помогнат да се утврди што значи ова за потенцијалното пренатално изложување на новороденчињата на активните соединенија во марихуаната, коишто гиимаи во мајчиното млеко. Нивниот извештај се појавува во зборникот ACS Omega.

Канабиноидите, активните соединенија од марихуаната, како што се тетрахидроканабинолот (ТХЦ) и канабидиолот, се соединуваат со маснотии, што е во изобилие во мајчиното млеко. Оваа лепливост сугерира дека кај жените кои користат марихуана, овие соединенија може да завршат во мајчиното млеко. Здравствените ризици за овие доенчиња во голема мера остануваат неопределени. Ова делумно се должи на ограничената способност на истражувачите за прецизно мерење на активните соединенија од марихуаната во млекото. Тековните аналитички методи можат да го детектираат ТХЦ ​​на ниво од 1,5 нанограми на милилитар или повисоко, но ниеден тековен метод не може да го мери канабинолот или канабидиолот во млекото.


Истражувачите во Центрите за контрола на болести и превенција развија метод кој започнува со сапонификација - процес кој често се поврзува со создавање на сапун - да се одвојат канабиноидите од маснотиите во млекото. Со овој пристап, тимот може да открие нивоа на траги (пикограми по милилитар) на активни марихуана соединенија, вклучително и канабинол и канабидиол, за кои велат дека би можеле да бидат присутни во млеко поради експозицијата од втора рака. Истражувачите велат дека нивниот пристап би можел да придонесе за идните студии дизајнирани да ги одредат потенцијалните придобивки по здравјето од изложеноста на бебето на дејството од канабисот.

Автор: MoniQue Konopova

Wednesday, November 22, 2017

5 помалку познати факти за тетрахидроканабинолот - THC!

Постојат голем број фасцинирачки работи за тетрахидроканабинолот (THC), примарната психоактивна состојка во канабисот. Многумина сè уште се фокусираат на прашањето дали оваа состојка е безбедна за конзумирање, заборавајќи ги неверојатните и уникатни карактеристики на ова растение и целосно заборавајќи го фактот дека до сега нема ниту еден регистриран случај на смрт поради канабис и дека предозирањето е невозможно. Ова се 5 помалку познати факти за THC кои сите негови љубители мора да ги знаат, а сите противници треба да ги знаат за да разберат зошто се против: 


1. THC е маснотија

Дали знаевте дека THC е липид? Липидите се масни молекули, а канабисот содржи голем број од нив. Бидејќи примарните активни состојки на канабисот се масти, тие се сврзуваат со мастите во вашето тело. По конзумирањето канабис, THC се апсорбира преку белите дробови во крвта. Потоа се пробива низ масните ткива кои ги гледа како свое живеалиште, а меѓу тие ткива и органи спаѓа и мозокот. Токму ова го спречува THC брзо да излезе од телото по конзумирањето и може да се пронајде во вашето тело во просек околу 30 дена по конзумирањето (големината на овој период зависи од личност до личност).


2. При согорувањето на маснотиите од телото се ослободува THC

Ова откритие за THC е по малку изненадувачко особено за неупатените, што не ја познаваат проблематикава. Постојат докази дека по интензивното горење на маснотии како при физички напор на телото, вежбањето или пак, брзото губење на тежината, нивото на THC може да биде повторно ослободено назад во крвта. Исто така, постојат извештаи за поранешни корисници на канабисот, кои при тестирање за THC биле позитивни, само поради тоа што изгубиле многу тежина пред тестирањето. Во 1997 година, еден извештај од аутопсија покажал огромни количини на  THC во крвта на жртви од задавување, кои морале да ги согорат значителните количества на маснотии пред да починат. 


3. Најголем дел од THC се исфрла преку изметот

THC оди во крвотокот, потоа се складира во масните клетки, каде со текот на времето повторно се ослободува во крвотокот. Но, каде оди потоа? Додека редовните корисници на канабис може да бидат позитивни на уринарен тест дури и до 77 дена по апстинирање од билката, поголемиот дел од THC се излачува преку дебелото црево. Се смета дека повеќе од 65% од THC се исфрла преку изметот, додека само 20%  преку урината.


4. Пронајдени се растенија и габи со сличен состав на канабисот 

Интересно е што се покажало дека други растенија и некои видови габи содржат соединенија слични на THC. Црните тартуфи, деликатеси кои можат да се купат за 800 долари или повеќе, имаат ензими потребни за создавање на анандамид, соединение слично на THC, кое кај луѓето се произведува природно. Во Нов Зеланд и Јапонија се наоѓа liverwort, растение без цветови кое исто така содржи соединенија слични на THC. Овие соединенија се перотетинен и перотетиненска киселина. Додека психоактивноста на овие растенија е дискутабилна, перотетиненот се чини дека ги активира истите клеточни патишта како THC.


5. THC влијае врз нашето чувства на природно блаженство

Дали некогаш сте се запрашале зошто конзумирањето на канабисот дава толку убаво чувство? THC влијае врз нашите чувства за внатрешна и целокупна благосостојба. THC го заменува соединението познато како анандамид во телото. И THC и анандамидот влијаат на ист начин врз клетките. THC се задржува на клетките малку подолго отколку анандамидот, па затоа и овозможува посилен ефект врз умот и телото. Анандамидот е откриен не многу одамна и сè уште има многу работи кои допрва треба да се откријат за него и за неговата улога во нашето тело. Сепак, се знае дека тој е одговорен за важни функции во организмот, како одржување на расположението, чувството за глад, благосостојбата по физичката активност и други витални функции во телото.

Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

Канабисот од блиску!