Showing posts with label здравје. Show all posts
Showing posts with label здравје. Show all posts

Friday, May 10, 2019

95-годишна жена вели дека пушењето канабис е клуч за долг и среќен живот

Висока речиси метар и половина, таа имаше 95 години кога за неа е напишана оваа кратка статија, Мелита Гордон (Melita Gordon) од Јамајка веројатно е рекордер во пушење канабис! И покрај несогласувањата од нејзиното семејство, таа пуши трева цели 85 години, поточно од 10 годишна возраст


95 годишна баба тврди дека канабисот е лек за долговечност!
И таа нема да престане да пуши ганџа додека не умре, изјави Гордон за Green Rush Daily. Доживотната здрава навика на Гордон е среќно одобрена од нејзиниот примарен лекар, чие гледиште е дека доколку таа престане да консумира канабис, таа може сериозно да го наруши своето здравје и живот. Госпоѓа Гордон, заедно со нејзиниот лекар сметаат дека нејзината навика да пуши канабис, може да биде делумно одговорна за нејзината долговечност и одличното здравје. Мелита вели дека започнала со канабисот, бидејќи растела во растафаријанска куќа и ги палела лулињата на постарите.


Таа вели дека се навикнала да пуши марихуана кога била „крстена“ во праксата на нејзината култура и религија од страна на нејзините родители, Мишел Џонс (Michelle Jones) и Ричард Гордон (Richard Gordon), кои исто така пушеле трева. Сепак, не сите во семејството на Мелита денес се задоволни со навиките за пушење толку многу канабис. Ќерката на Мелита Гордон, со која заедно живеат, ја молеше својата мајка таа да престане. Нејзината ќерка дури ѝ предложила компромис и побарала од нејзината мајка да го намали пушењето на еднаш дневно. Но, Мелита е навикната да пуши трева по цел ден, секој ден. Дури и додека работела во сега затворена фабрика во Марун Таун, таа станала позната како „Дамата со луле“ (Pipe Lady). Сопругот на Мелита не ја осудува нејзината навика таа постојано да пуши трева, но тој самиот не ја практикува оваа навика.

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Greenrushdaily

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

* Марихуана или тутун: кој чад претставува поголем ризик за вашето здравје?

* Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза

* Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

* Студија: „Пушењето канабис не претставува канцероген“

* Како да се откажеш од пушење цигари со помош на ЦБД?

* Зошто избелените ризли не се најмедицинскиот избор?

* Ефектите на канабисот врз бременоста - консумирањето е корисно како за мајката, така и за идното бебе (научна студија спроведена во Јамајка)

* Во Кингстон се отвори продавница за канабис и кафетерија

Thursday, February 14, 2019

Дац најпрво го отстрани меланомот мачкајќи го со канабисово масло, а сега ја нема повеќе и лузната!

Дац од Скопје со нас го сподели неговото искуство пред извесно време на нашиов блог. Тој иако не веруваше, сепак се обиде и успеа да го отстрани меланомот од челото со помош на домашно масло од канабис со упорно мачкање, а сега успеа да ја тргне дури и лузната од канцерот на ист начин! Пресреќни сме што тој самиот на своја кожа се увери во лековитоста на канабисот, а сега сака сите да дознаеме за тоа


Уверете се самите!
„Немој само паника да те фати кога ќе се отвори за две недели“ - предупредува Дац. Доколку решиме да отстраниме меланом или некоја бемка, тој во разговорот со нас објасни дека местото најпрво ќе започне да се одделува од останатото ткиво. Тој вели дека можно е да се појави и крв и местото да се разрани, но тоа да не нè спречи да продолжиме барем 2-3 пати во денот да нанесуваме од маслото врз разранетото место и истото да го покриваме со стерилна газичка или памукче, а потоа и со фластер одозгора. „Кога ќе се отвори, ставај вирови да има (од маслото) и дебел фластер. После ќе се нормализира и ќе се затвори, па ќе исчезне. Но, на таа отворена рана не ѝ давај кислород. Мачкај, мачкај, мачкај!“ - истакнува Дац.


Дац напоменува дека на местото каде што бил канцерот/бемката, ќе се појави нова црвенкаста кожа и тоа не треба да нè вознемири, туку да се продолжи и понатаму со мачкање за да се помогне во процесот на регенерација на ткивото и кожата, па со текот на времето целосно ќе исчезне дури и лузната. Тој вели дека од неговото искуство со топично нанесување на квалитетно масло од канабис подготвено во домашни услови, може да се успее и за 2 до 3 месеци. Дац вели дека покрај локалното аплицирање, оние кои можат да си дозволат финансиски, пожелно е да внесуваат канабисово масло и внатрешно, а исто така да внимаваат и на соодветната исхрана и да елиминираат сè што е канцерогено од своето секојдневие. 

Овој скопјанец напоменува дека цигарите треба да се заменат со џоинт за време на лекувањето и во разговорот со нас сподели уште едно искуство. Тој примени еден од нашите совети, т.е. совет од искуството на друг пациент за припрема на поздрава варијанта на џоинт, сролан со лаванда наместо со тутун и вели дека е презадоволен од ефектот. Објаснува како белите дробови му се исчистиле од шлајмови со катран од никотинот: „Абе шлајмови пола литро од плуќа излезе вчера. Еве 24 саати од лавандата. Очекувам уште. Ова добро е. Не мешаме веќе со тутун жими се“ - заклучува Дац.

Дац напоменува да не се прекинува лекувањето и да не се остави разрането местото и дека обликот на меланомот ќе се менува и тоа да не го исплаши пациентот. Тој е жив сведок на безоперативно отстранување меланом, само со масло од канабис, верба и упорност!Споделете го овој текст и вашето канабис искуство со нас за да го забрзаме процесот на освестување, дека канабисот и екстрактите од ова растение не се штетни, туку се незаменлив и универзален лек!




ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

* Студија: Канабиноидите пронајдени во канабисот може да ја намалат одржливоста на клетките на меланомот

* Инструкции од Рик Симпсон за лекување рак на кожа - меланом и изгореници со канабисово масло!

* Како да се третира егземата и други кожни заболувања со помош на канабис?

* За оваа мајка со тежок облик на егзема канабисовото масло е незаменливо ЧУДО!

* Како да си направите сапун од коноп во домашни услови?

* Производи со екстракт од канабис за нега на новите тетоважи

Уредник и новинар: MoniQue Konopova



Thursday, January 24, 2019

Велосипедист извозе 19.000 милји вапоризирајќи канабис!

Роџер Бојд (Roger Boyd) од Велика Британија возел велосипед низ Европа, Нов Зеланд, Непал, Индија и Австралија, запирајќи на секои 20 минути за да вапоризира, за да го разбие митот дека корисниците се мрзливи! „Нема граници за моите дневни количества - на трева или на далечина“ - истакна тој


Бојд за време на пауза :)
Роџер Бојд кој ја води страницата на фејсбук за поддршка на легализацијата на канабисот наречена Healthy Stoner, сака да се надува и да го вози својот велосипед. Толку многу што овој Англичанец ги помина последните три години возејќи над 19.000 милји преку гранични линии и континентални поделби, воедно конзумирајќи канабис на секое запирање. Според Bristol Post, Бојд ја започнал својата Tour De Dank во 2015 година, откако се префрлил од пушењето трева на користење пренослив вапоризатор (испарувач). Со новооткриената моќ на белите дробови, Бојд тргна да го побие митот дека корисниците на канабис се мрзливи, документирајќи ги неговите авантури во велосипедот и канабисот на својот блог Healthy-Stoner.com. Досега, Бојд возел низ Европа, Австралија, Нов Зеланд и Индија, за време на дожд, лапавица и снег, низ автопати и над планините.


Велосипедот на Бојд
Возејќи повеќе од 100 милји секој ден, Ленс Армстронг (Lance Armstrong) рече дека Бојд застанувал на секои 20 милји за да вапоризира, овозможувајќи му да остане надуван за време на целото патување. „Отсекогаш сум сакал да излезам со мојот велосипед и да вежбам додека сум надуван“ - изјави Бојд за Бристол Пост. „Идејата за мојот велосипедски маратон низ светот се појави една ноќ, но немаше многу на интернет за вежбање и вапоризирање. Постои негативна перцепција за луѓето кои користат канабис, во споредба со оние кои користат алкохол. Но, алкохолот е многу поштетен - таму има нерамнотежа. Совршено сум луциден и безбеден кога се возам, а [марихуаната] ми помага да ги јадам милјите“.


По патот, Бојд рече дека наишол на безброј други стонери - на различни места како Сибир и Непал - кои му се придружиле на импровизираните пушачки сесии. И со својот сакан велосипед („Тој е толку силен и има рогови, па го нареков Rhino [носорог]“ - вели Бојд) покрај себе, Boyd нема планови за забавување на темпото во скоро време. Отфрлен од турнеја на Блискиот Исток поради нивните сурови закони за канабис, Бојд веќе го планира својот следен индика ајронмен. Меѓутоа, овој пат, сепак, сака да ги искористи зелените брзини на Северна Америка и планира да се повлече на панамерикански патеки низ САД и Канада, па вели дека тоа ќе потрае некаде од 18-20 месеци. За претстојната авантура, британскиот опсесивен велосипедист и канабис ентузијаст ќе побара спонзори за поголема промоција на неговата иницијатива. Сепак, со или без финансирање, Бојд ќе продолжи да вози и ќе продолжи да пафка!


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Marryjane

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Monday, December 31, 2018

Марихуаната може да ја подобри срцевата слабост - открива студија од Универзитетот во Хаваи

Една неодамнешна студија покажува дека канабисот може да го заштити срцето и да го редуцира оштетувањето на срцето од стресот од кој што срцевите болести напредуваат


Срцевата слабост може да биде предизвикана од срцев удар, хипертензија и други нарушувања. Истражувачите од Универзитетот на Хаваи откриле дека употребата на марихуана може да ја подобри срцевата слабост. Д-р Александар Стоукс (Alexander Stokes), доцент по клеточна и молекуларна биологија на медицинскиот факултет Џон А. Барнс (John A. Burns School of Medicine), изјави дека потенцијалните медицински придобивки од канабисот за лекување на срцеви заболувања се ветувачки. „Анегдотски, луѓето кои имаат срцев удар се опоравуваат побрзо ако се корисници на марихуана“ - истакна тој. Студијата се фокусира на вклучување на TRPV1 „канабиноиден рецептор“ кој ги комбинира и реагира на компонентите од лековите.


Затоа истражувањето е насловено: „TRPV1 е компонента на атријалниот натриуретичен сигнален комплекс и со употреба на орално испорачани антагонисти, претставува валидна терапевтска цел во надолжниот пресврт и третман на срцева хипертрофија и срцева слабост“. Д-р Стоукс, основачот на Макаи Биотехнологија (Makai Biotechnology), компанија за кардиоваскуларна медицина со седиште на Хаваи, фокусирана на привлекување нови лекови на пазарот со GB Sciences Inc., фармацевтска компанија која работи со диспанзери во Невада. „Срцевите заболувања и дијабетесот се многу распространети на островите и има поголема преваленца кај популацијата на Хавајските и Пацифички острови“ - додаде тој. „Важно е да се откријат нови терапии кои влијаат на оваа ужасна болест“ - заклучува д-р Стоукс.


Уредник и Новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:



Sunday, September 23, 2018

За активизмот на Моника Ристеска позната во јавноста како MoniQue Konopova!

Ова е само дел од материјалите објавени во јавноста (мал прес-клипинг) коишто можат да се најдат за оваа извонредна активистка Моника Ристеска, позната како MoniQue Konopova, Основач и Претседател на здружението за демистификација на канабисот во Македонија наречено 420 Македонија - Скопје. Таа постојано, секојдневно освестува, пишувајќи и уредувајќи статии за канабисот од нејзините колеги новинари од тимот 420 Македонија


Позитивната Моника продолжува да ја шокира јавноста!
Објавите се разновидни, но најчесто преовладуваат стручни и научни информативно-едукативни статии, понекогаш забавни едукативни содржини, интервјуа, вести, стручни анализи, најнови медицински достигнувања и откритија, препораки и совети за употребата на канабисот и дериватите од ова растеение, начините на дозирање, видеа и фотографии од соборците од цела Македонија и светот... Таа лично им помага на пациентите кои имаат потреба од масло од канабис, а исто така снима видеа во живо на YouTube каналот на здружението и на нејзиниот Фејсбук профил, а понекогаш и на Фан страницата на здружението 420 Македонија на Фјесбук и Инстаграм, во кои ги чита и толкува објавите од блогот на здружението. Од неодамна таа прави интересни видео прилози во форма на интервјуа за канабисот со познати македонски личности заедно со нејзините колеги основачи на здружението, сниматели и монтажери од тимот 420. Во продолжение дел од нејзините поучни видеа, дел од објавите во медиумите за нејзиниот активизам, како и дел од нејзините интервјуа.



ТХЦ ги отстранува отровните Алцхајмерови протеини од мозокот



Откритието на CB3 ререпторот може да биде медицинска пресвртница во човечката историја



Како и зошто настанува ракот според Ото Варбург и како може да се спречи и излечи?



Синтетичките канабиноиди претставуваат сериозна опасност по здравјето



ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА - Канабисот го чисти нуклеарното зрачење и токсичниот хемиски отпад



Најдобри методи за екстракција на концентрати од канабис



Дознајте дали треба да отворите сопствен канабис бизнис?



Владата на САД, конечно, признава дека канабисот ги уништува клетките на ракот



ВИДЕО! Не само за луѓе! Погледнете како CBD маслото инстантно ги стопира епи-нападите на ова куче!



Канабисот успешно ја лекува епилепсијата уште од 1840 година!



„Лица“ 7.05.2018 - За активизмот на Моника Ристеска



Девојката со џоинтот гостинка во „Лица“



Активистката Ристеска: Ме избркаа од дома поради марихуаната, тоа за мене не се родители


ПОВЕЌЕ ИНТЕРВЈУА: 





ПОВЕЌЕ ЗА НЕА:

















Wednesday, September 12, 2018

Дац од Скопје целосно го отстрани меланомот од своето лице мачкајќи го со домашен екстракт од канабис!

„Израстокот отпадна на фластер“ - изјавува овој соборец кој користи масло од канабис, но не тоа од аптека. За Дац веќе зборувавме неколку пати на нашиот блог и константно го следевме подобрувањето на неговата состојба. Сега благодарение на канабисовото масло и неговата упорност, тој е целосно излечен од ракот на кожа и препорачува агресивни дози и истрајност во лекувањето на сериозни состојби и користење на потентно масло од канабис со многу ТХЦ подготвено во домашни услови


КАНЦЕРОТ НА ДАЦ ОТПАДНАЛ ОД ТРЕВА НА ФЛАСТЕР!!!
Ние нему и на сите во слична состојба на кожата им препорачуваме да продолжат да се мачкаат топично (надворешно) на розевата кожа, откако меланомот ќе падне и откако раната ќе се затвори, ткивото ќе се пополни и лузната ќе исчезне, уште некој извесен период за целосно да се регенерира ткивото. Исто така, покрај со мачкање препорачуваме да го нормализираат својот организам и внатрешно барем со една цела 60 мл (90 дена) Рик Симпсон терапија, орално или ректално превентивно, а потоа да си продолжат уште некој период со превентивна доза за одржување и секако да внимаваат на животниот стил и исхраната, бидејќи нешто довело до таа состојба и ако се вратат на старите животни навики, повторно го изложуваат своето здравје на опасност. Еве ја првата објава за него:


Секој кој што сака да стапи во контакт со Дац, слободно нека ни пише на страната на ФБ на нашето здружение, на Инстаграм на нашето здружение, на маил: 420macedonia@gmail.com или нека ни се јави: 075 622 325 за да ни остави број за контакт, за да му го проследиме на Дац со цел да може да ве исконтактира. Тој е многу хуман човек и благодарен на Бога за природниот лек канабис и исто така им помага на луѓето во ситуација како неговата како и ние и сака да им помага и во иднина. Дац ни вети дека ќе направиме со него видео репортажа во блиска иднина, за сите да ги увери дека канабисот е најбезбедниот семоќен лек, но откако целосно ќе исчезне црвенилото на кожата, т.е. кога неговата кожа комплетно ќе се нормализира. Eве ја втората претходна објава за него и подолу слушнете што има да ни каже:



„Проблемот е настанат како последица од рентгенско снимање на лекар во приватна заботехничка клиника во Скопје - гратис беплатно снимање на заби кое мене ми донесе само проблеми. Имаше многу предупредувачки налепници дека е радиоактивно и дека е опасно...Уште тогаш на апаратот видов многу залепени предупредувања дека постои опасност по здравјето од радијација и ми беше многу сомнително зошто се овие бесплатни испитувања за кои некако имав отпор, но се решив. Добив поткожни бубуливци и потоа се појави и туморот во март 2015 година. Прво бев исцрпен и забележав промени на кожата. Едната од бубуличките се претвори во поткожен тумор меланом 8 мм. Тртката беше со големина од 8 мм. Има метод кога се појавува бемка и се споредува со оние стари моливи со гумичка. Ако големината на бемката е поголема од гумата на моливот, тоа е знак на алармантна состојба - ако е повеќе од 7 мм - секој треба да се провери и испита и започне со масло од канабис. На почетокот тоа не го сфатив сериозно, си продолжив со животот, работев во ресторан, бидејќи сум угостител и бидејќи изгледав грозно поради настанатата состојба, ја напуштив работата. Мозолките отидоа, а таа големата бемка остана и почна да се зголемува и се претвори во жива рана. Кон крајот на август се вратив од работа во странство дома и реков дека сериозно морам нешто да превземам со моето здравје, не смејам веќе да игнорирам!

Случајно се сретнав со доктор пријател онколог кој случајно се најде кај мене дома и ми кажа дека мојата состојба е алармантна, ми кажа дека треба да одам на лекар да се испитам затоа што имам меланом. Јас не го послушав, не отидов на лекар и паднав во тешка депресија, се разочарав од животот и знаејќи дека е рак, се откажав од животот... Знаев дека канцерот е опасен. Не отидов на лекрар, затоа што имам одбивност од здравствениот систем и хемотерапии и страшно се исплашив и реков морам сега мојот живот да го зграпчам во своите раце и почнав да истражувам на Интернет, за Рик Симпсон и ми се појавивте Вие 420Macedonia и ти MoniQue и целиот Ваш труд и решив да стапам во контакт со Вас за консултација. 

Почнав да читам за здравството дека е против пациентите, почнав да дознавам многу работи, да се информирам. Се мачкав една година со лоши треви од улица, со масло од такви треви кое сам си го правев бидејќи не можев да најдам подобри треви, а и на почетокот не бев искусен во подготовката. Набавив 25 гр лоша марихуана од улица набавена од непознати извори и за прв пат следејќи ги видеата направив канабисово масло и ми излегоа околу 8 мл масло, фактички се учев да го правам одејќи по упатствата од Вашето здружение и веднаш почнав да се мачкам со по капка од маслото на засегнатото место, земав фластер (го вадев перничето) и го лепев одозгора. Една година се мачкав најпрво 1 на 2-3 дена и имаше ефект, потоа по 4 пати на ден од 6:00 до 23:00. Маслото најпрво ме извади од депресија. Целосно го отстранив туморот, тој отпадна и се залепи на фластерот! Сега ткивото е зараснато и регенерирано и имам розова кожа на местото. Моето лекување беше подолго затоа што моето масло не беше квалитетно, беше слабо, не бев искусен во подготовката, а исто така и материјалот не беше најквалитетен, но и таквото домашно подготвено масло мене ми помогна! 

Верувам дека со подобро масло многу побрзо ќе го решев проблемот. Сега продолжувам да се мачкам на розевото место за целосно да ја нормализирам кожата. Жив сведок сум дека маслото помага за сите дијагнози. Имав дупка во кожата скоро до месото, изгледаше ужасно и грозно и сето тоа се покри, ткивото се пополни, немам ни лузна, но само едно благо црвенило... Препорачувам да не се става памук одозгора, туку да има дебел слој од јако масло од канабис со многу ТХЦ постојано покриено врз меланомот и дури и за 6 недели можат да го решат проблемот, но сметам дека 3 месеци се сосема доволни со упосрност, посветеност, постојано мачкање и верба“ -

- вели Дац од Скопје кој смета дека природата не е алтернатива, туку вистинско решение и препорачува исто така и дополнителни природни третмани, соодветна диета, средување на pH вредноста на организмот и да не се плашат пациентите кога се работи за нивното здравје и живот, затоа што подобро е да се биде нелегално жив, отколку легално мртов!
ВЕ МОЛИМЕ СПОДЕЛЕТЕ!!!



ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






* * *







Новинар, Репортер и Уредник: MoniQue Konopova 
(Претседател на здружението 420 Macedonia)

Wednesday, August 1, 2018

7 здравствени придобивки кои ги добиваат рекреативните корисници од пушењето марихуана

Иако сè уште треба да се направат многу истражувања за вистинските придобивки од консумирањето марихуана по пат на пушење, несомнено е дека рекреативните уживатели добиваат некои изненадувачки предности. Еве само 5 придобивки од секојдневното консумирање канабис, а подолу дури 7!


Канабисот всушност нуди некои многу изненадувачки и значајни здравствени придобивки без разлика како е консумиран и без оглед на причината. За одмор на душата и/или телото, дали за подобрување на расположението или пак, заради третирање на некоја сериозна дијагноза... Подолу прикажуваме само седум од придобивките од пушењето трева, тоа се навистина изненадувачки здравствени придобивки и тоа без разлика дали од рекреативни или медицински причини или пак, комбинација од двете:


1. Пушењето марихуана ве прави послаби - или ја намалува веројатноста дека ќе бидете дебели

Кај пушачите на марухуана помала е веројатноста да бидат дебели. Една студија покажа дека кај редовните пушачи на марихуана помала е веројатноста да бидат дебели во споредба со непушачите. Истражувачите од Универзитетските здравствени центри на Конференцијата од Квебек испитале 700 возрасни лица на возраст од 18 до 74 години и откриле дека корисниците на канабис имаат ниски резултати за индексот на телесна маса (често земени како знак за добро здравје). Луѓето со ниски БМИ вредности имаат тенденција да имаат помалку телесни масти и имаат тенденција да бидат со помал ризик од појава на дијабетес.


2. Марихуаната може да ја подобри функцијата на белите дробови

Пушењето марихуана благопријатно делува на вашите бели дробови, а пушачите на канабис всушност имаат подобрена функција на белите дробови кога се споредуваат со пушачите на цигари и луѓето кои никогаш не пушеле. Истражувачите во Весникот на Американското лекарско здружение (Journal of the American Medical Association), велат дека внесувањето на димот од марихуана во организмот, всушност може да ги „обучи“ белите дробови да бидат поефикасни.


3. Ја зголемува креативноста

Студијата за свеста и спознанието (Consciousness and Cognition) во 2012 година покажа дека марихуаната ги направила луѓето покреативни - барем во однос на подобрувањето на комуникацијата. „Сто и шеесет корисници на канабис беа тестирани 1 ден кога не пушеле марихуана и уште еден ден кога пушеле канабис. Канабисот ја зголеми вербалната флуентност од ниска креативност на ниво на високи креативни дела“ - се вели во студијата.


4. Марихуаната им помага на спортистите при закрепнување после напорен тренинг

Горди Мегроз (Gordy Megroz) од Outside направи сопствен експеримент, откако забележа дека спортистите кои користат марихуана имаат подобри резултати и побрзо закрепнувааат после напорното вежбање. Тој и кај себе забележа резултати откако многу брзо закрепнал после напорната недела вежбање. „Јас правам тешка серија на вежби кои ме оставаат во болки и до 2 дена, но сега закрепнав за 24 часа. Истражувањата покажаа дека лекот има антиинфламаторно дејство, што е една од причините зошто медицинската марихуана е толку распространета“ - вели тој. Поради незаконитоста на марихуаната во повеќето места, тешко е да се дојде до легално истражување.


5. Канабисот може да ги убие клетките на ракот

Во клучен момент за застапниците на легалниот канабис, Владата на САД призна дека лекот може да ги намали клетките на ракот. Владата на САД сега вели на својата официјална ВЕБ страница: „докажано е во лабараторија дека канабисот ги убива клетките на ракот“. Веб-страницата вели дека ефектот досега е забележан кај студии на глодари и предупредува: „Во моментов нема доволно докази за да се препорача пациентите да го вдишуваат или да го внесат канабисот како третман за симптоми поврзани со рак или несакани ефекти од терапијата за рак“. Истражувањето за рак во Велика Британија (Cancer Research UK) им кажува на пациентите кои досега не користеле канабис дека екстрактите од канабис може да се користат како третман.


6. Марихуаната е далеку побезбедна алтернатива од алкохол - всушност, таа е за 114 пати побезбедна

Канабисот, всушност, може да биде најбезбедниот лек, откако една научна студија покажа дека всушност за 114 пати е зголемена смртноста од конзумирање алкохол, според списанието Scientific Reports. Авторите на извештаите ги проучувале ефектите на алкохолот, хероинот, кокаинот, тутунот, екстазите, кристал-мет и канабис.


7. Пушењето марихуана може да помогне да се откажете од хероин и други тешки зависности

Пушењето марихуана им помага на пациентите да се откажат од опијати како хероин, откри нова студија. Истражувачите на Универзитетот Колумбија ги следеа пациентите кои биле подложени на терапија за зависност од опијати - и утврдиле дека пациентите кои пушеле марихуана биле повеќе способни да спијат, помалку вознемирени. Истражувачите исто така откриле дека дозирањето на пациентите со Дронабинол - лек што се состои од „активна“ состојка во канабисот, ТХЦ - помогнало симптомите да се повлечат. High Times исто така, посочува дека смртните случаи поврзани со опијати опаднале во американските држави, кои ја легализирале рекреативната употреба на марихуаната.



ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 

* Само 5 придобивки од секојдневното консумирање канабис

* Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза

Автор: Кристина Т.
Извор: Thecannabisadvisory

Sunday, June 17, 2018

Полицијата се согласи да го ослободи медицинскиот канабис конфискуван од епилептично момче

Властите попуштаат! Нова надеж за 12 годишно епилептично момче, кое се бори за живот, бидејќи Министерството за внатрешни работи на Велика Британија се согласи да го испрати маслото од канабис во неговата болница, запленето од неговата мајка во Хитроу


Среќникот Били и неговата храбра мајка!
Шарлот Калдвел (Charlotte Caldwell) се обиде да го пренесе лекот на аеродромот Хитроу од САД во последен обид за лекување на нејзиниот 12- годишен син Били (Billy), но истиот беше отстранет од страна на граничните службеници. Според Би-Би-Си, лекот бил пренесен во болницата во Челзи и Вестмингстер во саботата, кога Били бил примен откако неговиот лек бил конфискуван. Тоа беше спроведено под посебна 20-дневна лиценца и не беше дозволено да се однесе дома. Секретарот Сајдид Џавид (Sajid Javid) рече дека користи „исклучителна моќ“ за да му дозволи на Били да биде лекуван, наместо да го менува законот за отстранување на нелегалниот статус на дрогата, според Independent. „Ова е многу сложена ситуација, но нашиот непосреден приоритет е да се осигураме дека Били ќе добие најефективен третман на сигурен начин“ - рече Џавид. „Ние сме биле во близок контакт со медицинскиот тим на Били во текот на ноќта и мојата одлука е заснована на совети од постарите лекари кои јасно ставиле до знаење дека ова е итна медицинска помош“ - додава.


Били сега може да ужива во детството!
Последната залиха на Били - која г-ѓа Калдвел се обиде да ја донесе во Велика Британија од Канада - беше конфискувана на аеродромот Хитроу во понеделникот. Таа пристигна во Челзи и Вестминстер болницата, каде што Били се лекува, во саботата попладне. Маслото беше спроведено под посебна 20-дневна лиценца и не е дозволено да се однесе дома. Портпаролот на семејството во саботата изјави: „Лекот што го донесе во земјата и беше конфискуван, овој лек е на пат кон болницата“. Били бил пренесен во болницата во Челзи и во Вестминстер во Лондон, откако неговите епилептични напади „интензивирале“ оваа недела. Неговата мајка од округот Тајрон, Северна Ирска, смета дека влошувањето во неговата состојба е предизвикано од недостаток на масло од канабис, кое го препишал лекар од Велика Британија пред тој да му рече на Министерството за внатрешни работи. Таа ги опиша владините акции како „надвор од суровоста“ во изјавата оваа недела.


Нејзиниот син страда од неподнослива ретка форма на епилепсија, што значи дека неговите ужасни напади може да траат со часови, а до сега не постои соодветен фармацевтски лек што успешно би ги спречил, без несакани последици по целокупното здравје. Момчето стана првиот пациент кој добил NHS рецепт за масло од канабис кое го содржи тетрахидроканабинолот (ТХЦ) во 2017 година, откако се докажа дека драматично му ги намалува речиси 100-те напади што ги имал дневно. Прво му беше дадена медицинска марихуана во Лос Анџелес, каде што неговата мајка Шарлот Калдвел го зеде за лекување пред една година.


Кога се вратија во Велика Британија, докторот на Били Калдвел, д-р Брендан О'Хејр (Brendan O'Hare) продолжи со рецептите. Но, кога пред една година го информирал Министерството за внатрешни работи, му наредиле да запре. Г-ѓа Калдвел претходно изјави за MailOnline: „Нападите на Били молчат. Ги нарекувам тивки убијци“. Тој има статус на епилептичар, што значи дека тој не може да се врати од нападот сам по себе, му треба лек и кислород, бидејќи тој почнува да станува модар. Еден напад може да го убие, објаснува мајката: „Нашата куќа е 50 минути од болницата и тие почнаа да го реанимираат во задниот дел на амбулантното возило. Медицинските сестри се толку љубезни, доаѓаат за да ме информираат и ми кажуваат: 'не знаеме дали ќе го вратиме овој пат'. Еден напад траеше седум и пол часа пред неколку години“ - заклучува мајката на Били.


Читај повеќе: 





Автор: MoniQue Konopova
Извор: Daily Mail

Tuesday, June 12, 2018

„Јас ќе продолжам да одгледувам канабис“ - изјавува уапсената фризерка од Шефилд

Фризерка од Шефилд во Велика Британија, која беше уапсена под сомневање дека се занимава со производство на канабис, вети дека ќе продолжи да го расте лекот за кој вели дека ѝ помага да ѝ ги олесни долгорочните здравствени проблеми


Лиза се гордее со тоа што е корисник на канабис
Лиза Ендрјус (Lisa Andrews) која има 41 година од Китс Роуд во Фокс Хил, беше уапсена на 25 април, како дел од полициската операција што резултираше со 40.000 фунти за нелегални дроги во областа. Полицајците велат дека пронајдоа 50 растенија од билката канабис во нејзината куќа, но Лиза вели дека тие ѝ требаат за да го направи маслото за кое се надева дека ќе ѝ го олесни нејзиното страдање. Таа сега вети дека ќе им се спротивстави на властите и ќе продолжи да го користи и расте канабисот, класифициран таму како дрога од класа Б - тврдејќи дека нема друг избор освен да го прекрши законот. Таа рече: „Јас сум граѓанин кој ги почитува законите - никогаш не сум добила ниту еден билет за пребрзо возење или парична казна“. 


Лиза вели дека почнала да ја расте тревата, откако го загубила фризерскиот бизнис, што за неа претставувал примарен извор на примања. Таа вели дека тревата ѝ помага кај голем број сериозни состојби од кои страда - вклучувајќи проблеми со срцето, висок крвен притисок, анксиозност, депресија, лоша циркулација и гадење. „Не можам да си дозволам да продолжам да го купувам, но знам за фактот дека ми помага за мојата состојба“ - додава таа. „Ако не можат да ме излечат, јас ќе го направам самостојно - јас сум интелигентна дама и знам што е добро за моето тело“ - дообјаснува Лиза. 


Таа вели дека ситуацијата е дури и повеќе од нелогична и неправедна со оглед на износот на канабис што Велика Британија го произведува секоја година за медицински и научни цели. „Во 2016 година Велика Британија произведе 95 тони канабис - тие се најголемиот дилер во светот“ - вели таа. „Сепак, тие велат дека воопшто нема медицинска или терапевтска вредност. Зошто тогаш произведуваат толку многу од тоа? Тоа е незамисливо за Владата да каже дека не сака да го одобри, но сепак да ја извезува во остатокот од светот“ - додава таа. Полицијата ја уапси Лиза за поседување канабис и за одгледување и таа и понатаму е под истрага. Таа вели дека ќе продолжи да го расте лекот и дури стапи во контакт со полицијата од Јужен Јоркшир за да побара појаснување на законот, но досега нема одговор.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Thestar

Monday, June 11, 2018

Активната состојка ТХЦ има моќ да го победи ракот на дојка

Најзначајната состојка од канабисот - ТЕТРАХИДРОКАНАБИНОЛ - (C21H30O2) нема за цел само да ве надува и да ви пружи неодоливо здраво уживање. Пациентите со рак на дојка се јавуваат во сите облици, големини, возрасти и етничка припадност, па дури и пол. Додека случајот и конкретната дијагноза на секој од тие пациенти се разликуваат од следниот, истражувачите доаѓаат до заедничко решение за сите нив со моќниот лек канабис


Хемотрапијата го убива пациентот! Канабисот го убива ракот!
Истражувањата од целиот свет успеале да ги проучат моќните ефекти на канабидиолот (Cannabidiol) или CBD, главно повикувајќи се на неговата способност да го спречат ширењето на тумори кај пациенти со рак на дојка, додека резултира со многу ниски нивоа на токсичност. Значи, додека ЦБД е не-психоактивен канабиноид, неговиот психоактивен сојузник THC, претставува навистина потентен удар, не само за предизвикување на хајот, туку и во поглед на убивањето на канцерите, вклучително и на канцерите на дојка. Овој удар се покажа како револуционерен лек за пациентите со рак на дојка и постојат научни истражувања за да се докаже тоа.


Во една студија објавена во Journal of Biological Chemistry, истражувањата покажале дека ТХЦ може да ги намали канцерогените тумори. Во една студија спроведена со глувци со индуцирани тумори и со употреба на човечки клетки од рак на дојка, анти-туморските ефекти кои биле присутни, биле припишани на клеточните канабиноидни рецептори во телото: CB2 и GPR55. Некои истражувања забележаа дека анти-туморозните придобивките од ТХЦ се „посредувани преку заедничката интеракција“ на овие рецептори.


Иако ко-авторот на студијата д-р Питер МакКормик (Peter McCormick), кој истражувал како ТХЦ делува врз ракот на дојка на Универзитетот на Источна Англија отворено рече: „ТХЦ, главната активна компонента на марихуаната, има анти-канцерски својства“ - вели тој. Тој исто така ги советува пациентите да го дозираат маслото од канабис со висок процент на ТХЦ правилно, според пропишаните унифицирани табели, поради тоа што почетните ударни дози влијаат на моменталната перцепција (да се избегне премногу надуваност), особено важно кога некој мора да оди на работа која бара исклучителен фокус, додека се лекува со канабис, особено на почетокот од канабис-терапијата, кога телото сè уште се навикнува на канабисот. 


Според него регулираната доза може да ги спречи овие седативни ефекти, додека сè уште го обезбедува потребното количество на ТХЦ и останати канабиноиди за да резултира со намалување на растот на туморот. Морам да нагласам дека и во екстремно големи количини, канабисот и екстрактите од него не се токсични и во никој случај не може да предизвикаат смрт, ниту пак оштетување на некој орган и било какви долгорочни последици, што не е случај со хемотерапијата и останатите конвенционални синтетички дроги спакувани во форма на лек на рецепт, наменети за „лекување“ на ракот и други болести.


Повеќе околу дозирањето на маслото кај пациенти со канцери:





Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Thefreshtoast