Tuesday, October 3, 2017

Ајде, малце за CB2 рецепторот...

Ништо не се случува без причина и секое делче во нашето тело си има своја функција. Канабиноидните рецептори тип 2 посредуваат клеточна специфична пластичност во Хипокампусот


CB2 рецепторот (сликава е само за илустративни цели)
Претходно непознатите функции на ЦБ2 рецепторот се откриени благодарение на нова научна студија објавена во онлајн зборникот Neuron. Студијата може да ги подобри нашите сознанија за мозочните заболувања. Канабиноидниот рецептор од тип 2, скратено наречен ЦБ2 -  е специјален мембрански протеин. Неговата функција е да прима хемиски сигнали што ја контролираат клеточната активност. „До сега, овој рецептор беше сметан за дел од имуниот систем без да има функција  во нервните клетки. Како и да е, нашата студија покажува дека тој исто така игра важна улога во процесирањето на сигналите од мозокот“ - објаснува проф. Диетмар Шмиц (Dietmar Schmitz), спикер за DZNE-Site Berlin и Директор на Истражувачкиот центар за неврологија (Neuroscience Research Center) од Charité (NWFZ/NeuroCure). Шмиц ја координираше оваа студија во којашто беа вклучени колеги од Берлин и исто така научници од Универзитетот во Бон и од Националниот институт за злоупотреба на дрога од САД (National Institute on Drug Abuse of the US).


Како што покажаа истражувачите на животински модел, CB2 рецепторот го зголемува прагот на побудување на нервните клетки во хипокампусот. „Операцијата на мозокот критично зависи од фактот дека нервните импулси понекогаш имаат возбудливо влијание врз низводните клетки, а во други случаи имаат ефект на потиснување. CB2 рецепторот работи како завртувач со кој таквите комуникациски процеси може да се прилагодат“ - вели д-р Ванеса Стемпел (Vanessa Stempel), водечки автор на актуелната публикација, која сега спроведува истражувања на Кембриџ, Велика Британија. 


ЦБ 2 е компонента на ендоканабиноидниот систем

CB2 рецепторот е дел од ендоканабиноидниот систем (ECS). Ова семејство на рецептори и сигнални супстанции постои кај многу организми, вклучувајќи ги и луѓето. Тоа е биохемиски систем за контрола кој е вклучен во регулирањето на бројните физиолошки процеси. Неговото име се однесува на фактот дека хемиските состави добиени од растението канабис се врзуваат за рецепторите на ECS. Досега, постојат два познати типови на овие рецептори: CB2 рецепторот нема психоактивен ефект. Оттука, ефектите врз менување на свеста предизвикани од употребата на канабис се припишуваат на „канабиноидниот рецептор тип 1“.


Потенцијални терапевтски апликации

Резултатите од тековната студија би можеле да придонесат за подобро разбирање на механизмите кај болестите и да обезбедат појдовна точка за нови третмани. „Активноста на мозокот е нарушена кај шизофренија, депресија, Алцхајмерова болест и други невропсихијатриски нарушувања. Фармацевтските лекови кои се врзуваат за CB2 рецепторот може да влијаат врз активноста на мозочните клетки и на тој начин да станат дел од терапијата“ - заклучува професорот Шмиц. Докажано е дека многу од старските болести се предизвикани токму поради ендоканабиноиден дефицит или некакво нарушување во ендоканабиноидниот систем и рецепторите.


Заклучоци:

• CB2 рецепторите се изразени во хипокампалните главни неврони;
• CB2 рецепторите ја посредуваат клеточната специфична самоингибиторна пластичност;
• CB2 рецепторите ги менуваат гама осцилациите in vivo;
• CB2 рецепторите делуваат комплементарно на пресинаптичките CB1 рецептори.



Автор: Monique Konopova
Извор: Neuro Science News

No comments:

Post a Comment