Showing posts with label исповед. Show all posts
Showing posts with label исповед. Show all posts

Saturday, June 24, 2017

Катерина од Охрид го победи ракот на дојка со масло од канабис!

Нелегално излечената 43 годишна охриѓанка Катерина Алексиеска е нашата прва храбра револуционерка, која одлучи својата животна приказна да ја сподели со нас за да им помогне на сите во иста или слична ситуација како нејзината. Катерина свесно одби хемотерапија и својата дијагноза успешно самостојно ја третира со екстракт од канабис. Таа сака да им објасни на сите заболени од канцер дека канабисот навистина го убива ракот, за што потврдуваат и нејзините резултати. Во разговорот со нас таа потврди дка нејзиниот имунолошки систем и е зајакнат од кога прима масло и година и пол се нема напиено ниту апче против болки и има многу повеќе апетит од претходно, а сепак нејзината линија изгледа совршено. Катерина зрачи од здравје и убавина, благодарение на канабисот и нејзината одлука да започне да го користи. Благодарение на канабисот драги читатели вие сега го читате овој текст!

Катерина Алексиеска
420 Macedonia: Како дозна дека си болна и кога ја доби својата дијагноза? Што ти рекоа докторите и како тие сакаа да те лекуваат?

Катерина: Tоа беше декември 2015 кога ми се појави грутче од еден и пол см. Отидов на биопсија ми кажаа дека е карцином, се оперирав и докторите ми препишаа хемотерапија и зрацење јас не сакав да примам ја одбив хемотерапијата и почнав одма со масло од канабис и до ден денес го примам и ќе го примам секогаш, зашто верувам во него. Ме натераа веднаш да се оперирам. Сметам дека ако не бев под таа пресија и ако имав шанса да размислам добро што ми се случува, ако почнев да го земам маслото на време - дека и операцијата немаше да биде потребна.


420 Macedonia: Какво беше твоето првично мислење за канабисот и кога прв пат во својот живот си имала контакт со оваа билка? 

Катерина: Бидејќи не сакав да примам хемо зашто знам кои се последиците јас цело време барав на интернет и читав за лековитоста на канабисот. Ова ми беше прв контакт со канабисот.               


420 Macedonia: Дали ти беше вршен притисок да прифатиш хемотерапија и дали ти беше вршен некаков притисок да не започнеш со канабис терапија? Дали твојата одлука се базираше на инстинкт или на твоите спознанија за лековитоста на марихуаната во борбата со канцерот и штетноста на хемото?

Катерина: Докторите ми викаа мораш да примаш хемо само така ќе се излечиш. А во канабис многу не веруваа. Јас одлучив да примам само канабис зашто верувам во канабисот, а не во хемотерапијата. 


420 Macedonia: Екстрактите од канабис кои лекуваат канцер за жал сè уште ги нема по аптеките... Како изгледаше твоето патешествие во потрагата по квалитетно масло од канабис со висок процент на THC, какво што е потребно за лекување на рак? Дали лесно се стигнува до квалитетен лек? Или можеби си го подготвуваше сама? 

Катерина: Многу тешко се доаѓа до маслото кое што има висок процент на ТХЦ какво што треба да примаат пациентите со цанцер. Јас се снабдувам со масло од луѓе кои со години прават масло од канабис за своите лични потреби. Тешко е да се дојде до квалитетно масло по пристапна цена. Покрај шокот од самата дијагноза и притисоците на лекарите, преголем дополнителен стрес за секој пациент е ситуацијата во која мора да се чувствуваат како криминалци само за да го спасат својот живот на нелегален начин.


420 Macedonia: Кога започна да користиш екстракт од канабис и како го дозираше? Како се чувствуваше на почетокот додека се навикнуваше на маслото и дали ти беше пријатно лекувањето со смола од канабис? Дали сè уште примаш доза за одржување?

Катерина: Маслото почнав да го земам одма после операција. Почнав со мала доза 0.01 за еден месец стигнав до 1 мл. Една година земав по 1 мл во денот, а сега само за одржување. Првата недела чувствував поспаност, но тоа не беше нешто страшно и не ме спречуваше нормално да си ги извршувам домашните обврски и после се навикнав и добив многу повеќе сила од предходно. Се чувствував многу подобро, отколку кога сум била на некакви фармацевтски лекарства.


420 Macedonia: Каква беше реакцијата на твојот онколог откако му ги покажа најновите резултати, откако започна да користиш масло од канабис?

Катерина: После 6 месеци од приемот на маслото резултатите беа добри, а на докторот не му се веруваше кога ме виде поздрава од претходно. Тие ми велеа дека ако не прифатиш хемотерапија, наскроо ќе заминеш од овој свет. Докторите не сакаат за ова да зборуваат.


420 Macedonia: Какви други алтернативни терапии користеше за време на лекувањето?

Катерина: Здрава храна и масло од канабис, друго немам ништо земано.


420 Macedonia: Дали мислиш дека сè уште би била тука со нас да прифатеше хемотерапија и како ти сега гледаш на канабисот?

Катерина: Ако примав хемо, немаше да бидам ова што сум сега, ќе бев без коса и целата изгубена – тоа го гледам од другите жени кои поминуваат низ хемотерапија, залудно според мене – ретко која од нив оздравува, најчесто умираат.  Му благодарам на Бога за маслото имав сила како никогаш досега, можам да потврдам дека се чувствувам поздрава од пред дијагнозата ;) 


420 Macedonia: Како според тебе треба канабисот да биде регулиран?

Катерина: Сакам да е легализиран, да може секој болен да си посади и самостојно да може да си направи масло, затоа што е многу скапо и секој неможе да си дозволи да го купи, да е целосно слободен, регулиран како секоја друга билка, како камилицата и нането, а за болните фондот треба да го покрива, а за децата треба да биде целосно бесплатен.


420 Macedonia: Што ќе ги советуваш нашите читатели? Како побрзо да го ослободиме овој лек? Збор-два за крај...

Катерина: јас верувам во канабисот и сакам ова да го споделам со други кои ја имаат истата мака да веруваат во канабисот дека е вистински лек! Ги охрабрувам сите да го сторат ова што сега го правам јас – да ја раскажат својата приказна за канабист. Жал ми е премногу за младите девојки на кои веднаш им ги острануваат дојките, откако ќе дознаат дека имаат туморче и за сите кои фрлаат пари за масло со непознат квалитет и по превисоки цени... Канабисот е лел!



Канабисот е здравје, љубов и среќа! ^_^

Tuesday, May 2, 2017

Канабисот ме направи подобар родител! - исповед на една мајка

Постпарталната депресија (Postpartum depression - PPD) или постпородилна депресија се јавува кај една од девет нови мајки

Celia Behar со нејзините две ќеркички!
Овој научен факт е добро познат од страна на Силија Бехар (Celia Behar) која е блогер и животен тренер од Лос Анџелес. Таа за време на своето искуство со клиенти на некој начин била подготвена за овој вид на потенцијална здравствена закана, кога таа самата останала бремена со нејзиното прво дете пред 10 години. 

Неколку часа по раѓањето, држејќи ја својата новородена ќеркичка во рацете, Бехар веруваше дека таа го избегна куршумот. Но, потоа, кратко време пред таа да биде отпуштена дома, Силија забележа брза и дефинитивна промена. „Чувствував нешто притаено до мене. Не сакав да ја напуштам болницата“ - изјави Силија за Yahoo вестите, сеќавајќи се како таа одеднаш почувствувала „ништо“ за нејзината ќерка, што претставуваше остар контраст во споредба со силната љубов што таа ја чувствувала веднаш по породувањето. Она што следеше беше она што Бехар го опишува како очај: неконтролирани напади на плачење, самоповредувачки мисли и на крајот вознемирувачко сознание дека самата се соочува со појава на постпартална депресија.


Канабисот ја направи подобра личност!
Се јавив кај мојот доктор веднаш и таа ми препиша Prozac“ - истакнува Силија и го опишува лекот како „спасение“ на многу начини, затоа што ѝ помогнал да престане да плаче. „Знаев дека тоа е ‚прва помош‘“ - додава Бехар која вели дека тој лек покрај моменталната привидна помош, со себе носел и несакани споредни ефекти како мигрена, тресење на рацете и тешка несоница. Таа престанала да го користи лекот, но имала непрестајна анксиозност, за којашто таа се обидувала да добие релевантен совет, а пробувала и многу други фармацевтски лекови: Valium, Xanax и Ativan, пред да се обиде да забремени по втор пат.

Исто така, таа престанала со синтетичката терапија затоа што сакала да го дои своето новороденче. Силија ја криела својата постпартална депресија, затоа што се срамела од реакцијата на општеството, особено се плашела дека ќе биде осудувана од другите жени... И додека Бехар не ја доживеа постпородилната депресија на толку брутален начин како за време на првата бременост, сепак и кога се роди нејзиното второ дете, анксиозноста постојано се зголемувала. Таа тврди дека иако цел живот се соочувала со ‚основна вознемиреност‘, нејзината постпартална депресија доведе до засилување на вознемиреноста.




Канабисот ја направи подобар родител!
Со моето прво дете, тоа беше тешка анксиозност и депресија“ - вели таа. Откако таа на крајот престана да зема Прозак, нејзината депресија престана, но анксиозноста остана. По раѓањето на нејзината втора ќерка, Силија објаснува дека таа не се чувствувала очајна или нервозна на почетокот, но откако престанала со доењето, старите вознемирувачки чувства забрзано се вратиле назад со двоен интензитет. „Тогаш несоницата започна исто така, што ме правеше исцрпена и тоа доведуваше само до уште повеќе вознемиреност, лутина и депресија. Јас никогаш не можев да ги усогласам моите емоции со моите мисли“ - додава таа.

Токму тогаш марихуаната повторно навлезе во животот на овој човек! Силија Бехар се запозна со најлековитата билка на планетата уште многу одамна и престанала да ја користи поради „што ќе речат другите луѓе“, како и поради тоа што сакала да биде примерна мајка, онака како што налагаат медиумите. Таа започнала да пуши трева кога имала 14 години и секогаш уживала во тоа, па продолжила да пуши и додека била во средно, па и кога продолжила на факултет. Бехар вели дека откако завршила факултет, таа пушела нередовно од време на време, но престанала да пуши целосно кога заедно со нејзиниот (сега веќе поранешен) сопруг, одлучиле да имаат дете. Се чини дека во периодите кога Бехар немала никаков контакт со фитоканабиноидите од канабисот, таа се соочувала со здравствени проблеми.


Па, Силија си купила малку трева, по седум годишна пауза од пушење и запалила не кажувајќи никому, па дури не му кажала ни на својот сопруг. Таа наскоро открила дека кога пуши навечер, нејзината несоница исчезнува и таа се буди одморена, сталожена и смирена. Месец дена откако марихуаната повторно започна да гостува во нејзиниот живот, таа му призна на својот тогашен сопруг дека повторно си пафка, но не му признала која е конкретната причина зошто Силија повторно се навратила на средношколската здрава навика (за којашто тогаш не била ни приближно свесна дека е здрава). Таа не му кажала дека со канабис ја лекува својата постпартална депресија и континуирана хронична анксиозност.


Канабисот ме балансира како ништо друго порано“ - истакнува оваа мајка. „Тој прави мојот мозок да се синхронизира со емоциите“ - додава таа. Таа продолжува да користи марихуана за справување на својата анксиозност, а покрај консумирањето канабис по пат на пушење и вапоризирање, таа користи и некои други производи од канабис, како масла, лосиони, па и прехранбени продукти (колачи) наречени edibles. На кратко кажано: „Канабисот ме направи подобар родител“ - заклучува Силија Бехар. 

Извор: Yahoo News