Tuesday, May 2, 2017

Канабисот ме направи подобар родител! - исповед на една мајка

Постпарталната депресија (Postpartum depression - PPD) или постпородилна депресија се јавува кај една од девет нови мајки

Celia Behar со нејзините две ќеркички!
Овој научен факт е добро познат од страна на Силија Бехар (Celia Behar) која е блогер и животен тренер од Лос Анџелес. Таа за време на своето искуство со клиенти на некој начин била подготвена за овој вид на потенцијална здравствена закана, кога таа самата останала бремена со нејзиното прво дете пред 10 години. 

Неколку часа по раѓањето, држејќи ја својата новородена ќеркичка во рацете, Бехар веруваше дека таа го избегна куршумот. Но, потоа, кратко време пред таа да биде отпуштена дома, Силија забележа брза и дефинитивна промена. „Чувствував нешто притаено до мене. Не сакав да ја напуштам болницата“ - изјави Силија за Yahoo вестите, сеќавајќи се како таа одеднаш почувствувала „ништо“ за нејзината ќерка, што претставуваше остар контраст во споредба со силната љубов што таа ја чувствувала веднаш по породувањето. Она што следеше беше она што Бехар го опишува како очај: неконтролирани напади на плачење, самоповредувачки мисли и на крајот вознемирувачко сознание дека самата се соочува со појава на постпартална депресија.


Канабисот ја направи подобра личност!
Се јавив кај мојот доктор веднаш и таа ми препиша Prozac“ - истакнува Силија и го опишува лекот како „спасение“ на многу начини, затоа што ѝ помогнал да престане да плаче. „Знаев дека тоа е ‚прва помош‘“ - додава Бехар која вели дека тој лек покрај моменталната привидна помош, со себе носел и несакани споредни ефекти како мигрена, тресење на рацете и тешка несоница. Таа престанала да го користи лекот, но имала непрестајна анксиозност, за којашто таа се обидувала да добие релевантен совет, а пробувала и многу други фармацевтски лекови: Valium, Xanax и Ativan, пред да се обиде да забремени по втор пат.

Исто така, таа престанала со синтетичката терапија затоа што сакала да го дои своето новороденче. Силија ја криела својата постпартална депресија, затоа што се срамела од реакцијата на општеството, особено се плашела дека ќе биде осудувана од другите жени... И додека Бехар не ја доживеа постпородилната депресија на толку брутален начин како за време на првата бременост, сепак и кога се роди нејзиното второ дете, анксиозноста постојано се зголемувала. Таа тврди дека иако цел живот се соочувала со ‚основна вознемиреност‘, нејзината постпартална депресија доведе до засилување на вознемиреноста.




Канабисот ја направи подобар родител!
Со моето прво дете, тоа беше тешка анксиозност и депресија“ - вели таа. Откако таа на крајот престана да зема Прозак, нејзината депресија престана, но анксиозноста остана. По раѓањето на нејзината втора ќерка, Силија објаснува дека таа не се чувствувала очајна или нервозна на почетокот, но откако престанала со доењето, старите вознемирувачки чувства забрзано се вратиле назад со двоен интензитет. „Тогаш несоницата започна исто така, што ме правеше исцрпена и тоа доведуваше само до уште повеќе вознемиреност, лутина и депресија. Јас никогаш не можев да ги усогласам моите емоции со моите мисли“ - додава таа.

Токму тогаш марихуаната повторно навлезе во животот на овој човек! Силија Бехар се запозна со најлековитата билка на планетата уште многу одамна и престанала да ја користи поради „што ќе речат другите луѓе“, како и поради тоа што сакала да биде примерна мајка, онака како што налагаат медиумите. Таа започнала да пуши трева кога имала 14 години и секогаш уживала во тоа, па продолжила да пуши и додека била во средно, па и кога продолжила на факултет. Бехар вели дека откако завршила факултет, таа пушела нередовно од време на време, но престанала да пуши целосно кога заедно со нејзиниот (сега веќе поранешен) сопруг, одлучиле да имаат дете. Се чини дека во периодите кога Бехар немала никаков контакт со фитоканабиноидите од канабисот, таа се соочувала со здравствени проблеми.


Па, Силија си купила малку трева, по седум годишна пауза од пушење и запалила не кажувајќи никому, па дури не му кажала ни на својот сопруг. Таа наскоро открила дека кога пуши навечер, нејзината несоница исчезнува и таа се буди одморена, сталожена и смирена. Месец дена откако марихуаната повторно започна да гостува во нејзиниот живот, таа му призна на својот тогашен сопруг дека повторно си пафка, но не му признала која е конкретната причина зошто Силија повторно се навратила на средношколската здрава навика (за којашто тогаш не била ни приближно свесна дека е здрава). Таа не му кажала дека со канабис ја лекува својата постпартална депресија и континуирана хронична анксиозност.


Канабисот ме балансира како ништо друго порано“ - истакнува оваа мајка. „Тој прави мојот мозок да се синхронизира со емоциите“ - додава таа. Таа продолжува да користи марихуана за справување на својата анксиозност, а покрај консумирањето канабис по пат на пушење и вапоризирање, таа користи и некои други производи од канабис, како масла, лосиони, па и прехранбени продукти (колачи) наречени edibles. На кратко кажано: „Канабисот ме направи подобар родител“ - заклучува Силија Бехар. 

Извор: Yahoo News

No comments:

Post a Comment