Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Овој скопјанец целосно го уби ракот на кожа со канабисово масло! КАНАБИСОТ Е ЛЕК!!! Секојдневното мачкање на кожата со вистински домашен екстракт ги убива: меланомите, тртките, бемките, изгорениците, лузните...
40 годишниот жител на Скопје до сега над 23 години превентивно се дружи со билката канабис, којашто успешно се грижи за неговото најоптимално здравје. Благодарение на превентивната употреба на канабисот, ракот на кожа (меланомот) настанат од зрачење, воопшто не сакал ни да се развие цели три години. Но, тој реши да му стави крај на туморозниот израсток на неговото чело!
420 Macedonia: Знаевме дека многу брзо ќе се вратиш со оваа вест на нашиов портал, но искрено не учекувавме дека толку брзо! :)
Д.П.: „Јас сум човек од збор. Со тебе ќе бидам каде треба чоек! Искористи го ова те молам некако“
420 Macedonia: Овој експеримент ти одлучи да го направиш на себе за самиот да се увериш дека овој семоќен лек навистина помага! Твојата порака до сите противници на канабисот?
Д.П.: „Да се е*ат у гз тие што се против! Треба сега да им помагаме на другите! Значи сега сакам и јас да бидам активист. Ќе ризикувам сè, на кого му треба помош. Сакам да ти бидам десна рака ако е можно“ - истакнува нашиот револтиран активист од Скопје, кој сака сите да дознаат и да го пробаат овој семоќенм лек!!! :)
Триесет и две годишниот Даниел од Радовиш е поранешен фудбалер на кој во 2011 година му беше дијагностициран улцерозен колитис, болест на дебелото црево. Сулфасалазинот и другите слични синтетички фармацевтски „лекови“ коишто му беа препишувани не помагаа, сè додека тој самиот на Интернет не прочитал дека вреди да проба да се лекува со домашно подготвен екстракт од канабис и дека други пациенти се имаат излечено, заедно со соодветна исхрана, масажи, бањи и други природни методи. Даниел уште не е целосно закрепнат, но резултатите потврдуваат дека повеќе нема ни трага од болеста! Тој ќе продолжи уште некое извесно време да зајакнува алтернативно, додека повторно не се врати растрчан на фудбалските терени!
1. Искуствата на пациентите ширум светот потврдуваат дека фармацевтските лекови се токсични и во најголем дел од случаите, како твојот не помагаат! Кога и како дозна за лековитите својства на канабисот и дека со помош на оваа лековита билка можеш безопасно да ја убиеш твојата дијагноза?
-Во потрагата по природен и нетоксичен алтернативен начин на лекување, бидејќи по консултацијата со конвенционалната медицина, ни беше кажано дека за овие заболувања нема лек. Ние не сакавме тоа да го прифатиме како факт и на Интернет дознавме дека канабисот може да ми помогне, поради тоа што читавме сведоштва од странски пациенти кои боледуваат од овие болести, а се лекуваат успешно со канабис.
2. Дали знаеш која врста на канабис најмногу одговара за твојата здравствена состојба, а која врста е твоја лична омилена врста на канабис? Како го консумираше канабисот на почетокот од лекувањето (на кои начини и колку често)?
-Било која врста на канабис со поголема концентрација на THC мене ми помага, а сите ми се омилеми :) Прво по пат на пушење, за намалување на болките, а потоа почнав да користам домашно изработено масло од канабис.
3. Дали си слушнал за анална канабис терапија (ректално) по пат на супозитории (чепчиња), што се покажа како поефикасен начин во третирањето на секакви најчесто посериозни форми на канцери и секакви здравствени проблеми со дебелото црево, отколку оралното консумирање преку уста? Многу од пациентите велат дека на овој начин се намалува ефектот од преголемиот „хај“ што знае да биде непријатен кај оние кои мораат да земаат мега ударни дози. Дали имаш пробано канабис супозитории и како ги подготвуваш?
-Да, меѓутоа за оваа метода на лекување со канабис масло дознав малку подоцна и можам да потврдам дека токму на овој начин јас доживеав значителни подобрувања. Ги подотвував сам во својот дом со домашно канабисово масло и кокосово масло. Најпрво ги правев во алуминиумска фолија и ги ставав во замрзнувач, ги сечев со нож, немаа идеална форма, но ја завршуваа работата. Тогаш сè уште немаше празни калапи за чепчиња во аптеките.
4. Дали ти беше тешко да дојдеш до квалитетна марихуана? Како изгледаше твојата потрага по квалитетно канабисово масло? Дали тешко се доаѓа до вистинскиот лек? Дали на почетокот го набавуваше готово или го подготвувавте сами во својот дом?
-Не е лесно да се дојде до квалитетна марихуана. Мојата мајка на почетокот беше против, но потоа си легна на брашното, откако виде дека кај мене канабисот има позитивни ефекти. Првото масло ми го направи еден другар. Поради тоа што не можев да најдам квалитетна марихуана и да правиме сами, следните залихи ги набавував на црниот пазар преку наши контакти од Албанија.
5. Дали твоето семејство или некои членови имаат некакви реперкусии поради незаконитоста на твоето лекување?
-Да, мојот брат сакајќи да ми помогне поради тоа што финансиски не бевме во можност да го купуваме маслото, се реши да посади неколку стебла што резултираше со една година затворска казна.
6. Како ти го дозираше маслото на почетокот, а како го дозираш сега? Како изгледаше твоето навикнување на ефектот од маслото?
-Јас немав никакви проблеми со прилагодувањето на мојот организам на дозата, поради тоа што не бев почетник, затоа што уште пред болеста порано имам консумирано канабис по пат на пушење. Ефектот од маслото беше најголем кај болките, тие престануваа веднаш. Поради тоа што кога јас почнав со мојата канабис терапија, маслото и тревата беа премногу скапи, не можев многу да ги зголемувам дозите. На почетокот го дозирав орално по едно зрно ориз наутро и навечер и по потреба кога имав болки, а потоа преку супозитории.
7. Кога кај тебе се појавија првите подобрувања откако започна да го користиш маслото/канабисот и какви подобрувања?
- ВЕДНАШ!
8. Спореди го ефектот од маслото со ефектот од фармацевтските лекови коишто ти ги препишале твоите лекари?
-Неспоредливо! Откако навистина се уверив дека маслото ми помага, тотално ги баталив апчињата. Некои од нив ми беа препишани за цел живот, а некои од нив, на пример кортикостероидите се штетни за бубрезите, може да предизвикаат оштетувања на коските и ред други фатални нус појави. Додека маслото го прочистува црниот дроб од токсини, покрај тоа што може да помогне кај секоја болест, буквално го регенерира целиот организам.
9. Дали знаеш каков е составот на маслото коешто најдобро ти помага? Дали знаеш колку ТХЦ, а колку ЦБД треба да има?
-Мојата мајка Зуица беше на еден од првите семинарите за канабис во Скопје на кој гостуваа многу страснки професори праша кој е најдобриот сооднос на канабиноиди за моите дијагнози. Тие одговорија дека со поголема концентрација на THC, а помала на CBD.
10. Дали успеа да се ослободиш и од некои друи здравствени, психички или физички состојби (стравови, комплекси...) состојби коишто те мачеле од минатото? За што друго ти помогна/помага канабисот освен за дијагнозите поради кои започна да го користиш? Дали ти го промени начинот на размислување?
-Конечно си го најдов мирот и почнав повеќе и поквалитетно да спијам, што претходно беше невозможно поради болките.
11. Што за тебе претставува канабисот сега, а како на него гледаше пред болеста? Кога прв пат во својот живот си пробал канабис?
-Претходно немав оформено мислење за канабисот, а сега тоа за мене е најдобриот природен лек, што прв пат го пробав како тинејџер со пријателите.
12. Дали откако целосно ќе се излечиш, ќе продолжиш канабисот да го користиш превентивно/рекреативно?
-Би го користел по потреба, затоа што не создава зависност и јас повеќе не чувствувам постојана потреба од овој лек.
13. Како според тебе треба да биде регулиран канабисот во Македонија?
-Заедно со моето семејство сметаме дека треба да биде целосно декриминализиран.
14. Какво е твоето мислење за граѓанското движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабисот во Република Македонија што ја водиме? Ова интервју е дел од истоимената кампања. Од срце ти се заблагодаруваме за соработката!
-Пресреќен сум што постои вакво здружение како вашето коешто се залага за ослободување на овој лек, бидејќи сметам дека на пациентите им е потребна поголема поддршка и охрабрување, а тоа вие го правите неуморно. Јас ви благодарам Вам. Прекрасни сте! Продолжете со работата! Сметам дека за симболична сума секој треба да може да си го анализира сопственото масло во било која лабораторија, а да постои и можност кој сака да си го купи во аптека, но зборувам за full extract cannabis oil.
15. Твоја порака/совет до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот во Македонија, па и надвор од неа гласи...
-Канабисот е Божји дар, еден од многуте што Бог ни ги дал за да живееме здрав живот и среќни да можеме да го славиме Бога.
16. Твоја порака до сите противници на ослободувањето на канабисот?
-Прво едуцирајте се, а потоа судете! За нив имам разбирање, поради тоа што не дошле на мое дереџе и не знаат како е да имаш очајна потреба од овој лек и мојата мајка прво беше против.
17. Што друго алтернативно имаш користено покрај маслото и како изгледаше твоето лекување?
- Целосно ја променив исхраната и начинот на живот. Преминав на сирова исхрана, се посветив на природата и Бог. Консумирав и други тинктури од билки, често одев на бања, а од пред извесно време почнав да медитирам, да се молам и да правам терапии со reiki healing и сфатив дека коренот на болестите често пати се темели во тоа што духот и телото не ни се ускладени.
18. Што според тебе треба секој индивидуално да направи или можеби групно, со цел побрзо ослободување на овој сенароден и семоќен Божји лек?
-Јавно и без страв постојано да се зборува, бидејќи сме премногу на број. Да не се плашат дека ќе бидат етикетирани или казнети. Се работи за живот и здравје! Темава треба постојано да биде во центарот на вниманието и секој од нас може да се разболи од некоја болест, како канцер или моите за кои е потребен овој лек.
Во Хрватска лекувањето со канабис исто како и во Македонија е возможно, но скапо. Анѓа Мариќ кажува како се излечила со канабис од МС, исто така, потсетува и на многу сериозните несакани ефекти од „обичните“ аналгетици
Anđa Marić се лекува со канабис од МС
Пред две години Хрватска ја воведе употребата на медицински индиски коноп (марихуана) во здравствениот систем, за да помогне во олеснувањето на симптомите на болеста. Меѓутоа, нема официјални бројки за бројот на корисници, бидејќи Хрватскиот институт за здравствено осигурување (ХЗЗО) не ги собира овие податоци, затоа што овие лекови се издаваат на рецепт кој се нарекува „приватен рецепт“ потпишан од лекар, но здравственото осигурување не ја покрива цената на лековите.
Подготовките засновани на т.н. медицинска марихуана се препишани на пациенти од онкологија за лекување на хемотерапија и радиотерапија, пациенти со мултиплекс склероза, пациенти со СИДА, пациенти со синдромот на Дравет и ретки детски болести кај коишто марихуаната може да ја намали појавата на епилептични напади. Штета што канабисот сè уште не се препишува за лекување на канцер, во што е најуспешен. Вообичаената работа на макрофагите е уништување на страните честички, но при мултиплекс склероза тие поради некоја причина ги напаѓаат нервните влакна - и според прогнозата на лекарите оваа болест предизвикува неповратно оштетување, сè до парализа и предвремена смрт.
„Размислете за купување гроб“
Ова не го велиме затоа што во проесек цената да излечиш пациент кој боледува од канцер со масло од канабис, чини помалку од хемотерапијата со која ќе го доотруете, а што е најтрагикомично канабис терапијата со масло (екстракт) е поевтина и од погребот... Според податоците од Институтот за имунизација, вели сајтот Zeleno Zlato, во хрватските аптеки, на пациентите им е достапно маслото од канабис увезено од Канада, спакувано во шишенца од 25ml. Достапни се две концентрации на THC и CBD активни агенси: 2,5 mg / ml и 5 mg / ml. Најмалата цена за пакување чини 1.000 куни и ХЗЗО не ги покрива трошоците, па сметката е прескапа за повеќето хрватски пациенти и тие сè уште се потпираат на нелегалниот пазар. Затоа уште не е лесно да се привлечат пациенти кои јавно ќе зборуваат за проблемите со кои се соочуваат.
Нашиот соговорник, разноврсна музичарка Анѓа Мариќ (Anđa Marić) одлучи да зборува отворено и вели дека нејзиниот синтетички состав е достапен во аптеките, но е премногу скап и недоволно квалитетен, така што таа, за ублажување на симптомите на мултиплекс склероза, сè уште се потпира на марихуаната која ја набавува на меѓународниот нелегален пазар. Исто така поради тоа што ниту една синтетичка имитација на канабисот не може да го има ефектот како FULL EXTRACT масло од природен органски канабис. Исто така, синтетичките комерцијални фармацевтски имитации на канабис препратите се многу поскапи, отколку самите да си го направите вистинскиот лек во својот дом. Мултиплекс склерозата на Анѓа Мариќ беше дијагностицирана пред пет години, со многу лоша прогноза за развојот на болеста - за две години требаше да заврши во инвалидска количка, и ѝ беше советувано да размисли за купување на гробно место додека било време.
„Од моите 30-ти, користам марихуана, бидејќи тоа беше средство што не ги уништи моите бубрези, црниот дроб и дигестивниот систем и немаше несакан ефект. Тоа ми помогна да се смирам и добро да спијам, да се носам полесно со секојдневните стресови на работа и стресот со кој се соочуваат младите мајки. Многу луѓе ми рекоа да земам лекови за смирување, но кога сфатив кои несакани ефекти ги имаат тие лекови, почнав да се едуцирам себеси за природните препарати кои можат да ми помогнат. Па, така го открив индискиот коноп. Од пријателите во Словенија купив индиско конопово масло и морам да кажам дека марихуаната и сите нејзини препарати се многу подобри во Словенија, отколку во Хрватска“ – вели Мариќ. Препаратите базирани на канабис различно се третираат во ЕУ. Нивното испраќање и купување во странство е всушност „сива зона“ помеѓу забраната на наркотици и дозволената трговија со лекови.
Некои од синтетичките имитации
„Претходно се немав напиено ни аспирин“
„Кога првпат дојдов во бањата, ми дадоа неколку таблети што секој ден морав да ги пијам. Мултиплекс склерозата се карактеризира со хроничен страв, несигурност, сомневање и за ублажување на овие состојби на анксиозност се препишуваат многу лекови за смирување. Но, овие средства на крајот само ја влошуваат состојбата и моториката. Тоа беше неприфатливо за мене. Пред да се разболам, не пиев ни обични лекови за главоболка. Бидејќи болеста ме тераше да размислувам зошто се појавила, почесто ќе се појавеше дехидратација или глад, па ќе исчезнеше веднаш штом ќе испијам доволно вода или ќе јадам. Благодарение на употребата на индискиот коноп и неговите препарати, немам тремор кој се карактеризира со мултиплекс склероза, имам совршено мирни раце. Не страдам од несоница, која е исто така класична со симптоми на невролошки проблеми, немам грчеви, добро спијам и се чувствувам одлично. Јас навистина не ги разбирам луѓето кои сè уште не го користат овој лек“ - истакнува Анѓа Мариќ.
Таа денес ги користи сите препарати од индиски коноп, дури и масло за јадење, ЦБД масло. Мариќ открива колку луѓе молат за помош во изнаоѓање квалитетна марихуана и нејзините подготовки – на заболените не им е важно дали доаѓа по легален или нелегален пат, бидејќи најважно е да си помогнат и тоа дека постои алтернатива, добро развиена европска мрежа на продавници за марихуана кои служат за лечење од најтешките болести, објаснува таа. И покрај дијагнозата мултиплекс склероза и лошата прогноза од страна на лекарите, тие (лекарите) се чудат како и оди така добро на Анѓа Мариќ.
Овој цвет е незаменлив!
„Како сè уште не сте во инвалидска количка?“
„Меѓу оние кои бараат помош се и многу од врсниците на мојот татко, а бараат помош за себе или за своите заболени сопружници. Постои цела мрежа луѓе во регијата која е поврзана со мрежите по цела Европа. Доаѓа до Балтикот, каде што можете да го најдете и купите најдоброто решение за вашиот тип на здравствен проблем, а за тоа да не мора да издвоите богатство кога би требале да се ослоните на купување синтетички препарати од марихуана во аптеките“ – рече Анѓа Мариќ. Сепак, таа исто така предупредува дека покрај марихуаната потребна е целосна посветеност и постојано слушање на сопственото тело кога се лекува сериозна болест и целосна посветеност и внимание на она што се внесува во организмот.
„Постојано ме изненадува фактот што луѓето во здравствениот систем се изненадени кога ќе видат стари откритија, бидејќи по двегодишна дијагноза морав да бидам параплегичар во инвалидска количка. Најдобро можеме сами да си помогнеме. Ова не значи дека не треба да ги слушаме докторите, но прво мораме да се слушаме самите себе и нашето тело. На секој лек што ми го имаат препишано сум му дала шанса, исто на секој тип на лекување сум давала шанса барем три месеци, за да можам да кажам што од тоа функционира кај мене, а што не“ – објаснува таа.
Да го ослободиме овој лек!
„Како на мене може да ми помогне лек за воспаление на коњски тестиси?“
Во моментов, таа не користи конвенционална медицина, туку природни препарати. Марихуаната е исто така прва помош кој несоницата, нема тремор и грчеви и придонесува за здрав апетит и јасна визија. За некои други пациенти со истата дијагноза кои знаат и се ослонуваат исклучиво на традиционални лекови од доктор, велат дека се во многу полоша состојба од неа.
„Два пати сум земала кортикостероиди и можам само да кажам дека тоа е едно од најлошите искуства за мене. Не разбирам како мислат дека можат да лекуваат воспаление на коњски тестиси со истиот лек како и моите промени во мозокот. Кортикостероидите требаше да ми помогнат повторно да го вратам мојот вид, но тоа не се случи. Откако престанав да земам храна со глутен, престанав да пијам млеко, а земав огромни количини витамини B, D и почнав да медитирам, говорот и видот ми се вратија. Нашето тело е машина во која не можеме да внесуваме сè што ќе посакаме, мораме да слушаме како и на што реагира. Марихуаната и нејзините препарати се едни од работите кои ми помагаат, но прашањето е во вкупните промени во односот спрема мојот дух и тело. Треба да научиме како да се смириме, како да го смениме начинот на размислување и да водиме сметка за она што го внесуваме во нашето тело“ - заклучува Мариќ.
Неизмерно ѝ благодариме на Госпоѓа Роза за испратената фотографија и убавите зборови. Благодариме за поддршката и за тоа што таа се охрабри јавно да зборува со цел да нè освести за да го промениме мислењето за овој семоќен природен и најбезбеден лек канабис. Таа има 53 години и тврди дека маслото од канабис е универзален лек и дека кај нас во Македонија мора да се променат работите
Роза сите ги охрабрува да се лекуваат со канабис
„Ова е во Холандија. Да е во Македонија ќе биде како дрво калинка. Македонската земја е рај за ова растение од кое можат да се исцелат многу луѓе, а јас сум една од нив што го правам сама и користам. Ја давам мојата поддршка во Македонија да се легализира конопот и да се отворат шопови како во Холандија Утрехт (Utrecht), а јас сум од Гевгелија. Овде не те брка никој за ништо ако не сториш ништо лошо“ - истакнува Роза.
Таа вели дека канабисот не е дрога, туку лек и нејзината здравствена состојба ја натера таа сама да почне да си го одгледува и подготвува лекот. Со неа ја подготвивме оваа кратка листа на болести кај кои канабисот дефинитивно може да помогне, како потсетник за да не се плашите да пробате да ја третирате и искорените секоја дијагноза, па да ја прошируваме заедно оваа листа. Запомнете дека никој до сега не починал од канабис и на никој начин не бил оштетен од ова растение. Маслото од канабис помага кај:
* Рак
* Епилепсија
* ПТСД
* Дијабетес
* Кронова болест
* Гихт
* Олеснување на болка
* Глауком
* Опиумска зависност и други зависности
* Зависност од алкохол
* Несоница
* Псоријаза
* Херпес зостер
* Анорексија
* Астма
* Фибромијалгија
* Ревматоиден артритис
* Мигрена
* Драветов синдром (епилепсија)
* Мултиплекс склероза
* Анксиозност
* Депресија
* Хепатитис (воспаление на црниот дроб)
* Хиперхолестеролемија (нарушување на метаболизмот на мастите)
* Дијабетес
* Неоплазми (формирање на тумори)
* Имунолошки дефицит
* Леукопенија (недостаток на бели крвни клетки)
* Артериосклероза
* Хемороиди
* Хроничен замор
* Вртоглавица предизвикана од неврастенија (нервна слабост)
* Хипертензија (висок крвен притисок)
Зоран Велковски од Волково е гитарист во македонскиот реге бенд „КОНОП“, свири бас во реге бендот Brooka и соработува и со Fin Project. Фејсбук страницата на бендот Коноп ја преставува работата на бендот и ќе се труди во иднина да ги пренесува и објаснува сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните кои сакаат да се изборат за легализација на Божјата билка. Зоран над десет години е активист кој упорно и храбро на секој можен начин како знае и умее се бори за ослободување на билката што животи спасува. Пред 2 години во 2015-та година протестираше пред Собранието на Република Македонија за легализација на канабисот со глад. Еве што тој има да каже за моменталната ситуација во која што конопот се наоѓа во Македонија и воопшто
Зоран Велковски од Волково сред конопно поле!
1.Што за тебе претставува канабисот? Дали треба да биде целосно слободен?
- Со канабисот се запознав за прв пат далечната 94-та година на свои 16 години. Тогаш Мац Пештерски (скопска урбана легенда) ни донесе една метла во гаража (машко растение) и полневме цигари, но безуспешно, зошто нели нема THC во таквото растение. Веќе следната година при дружба со локални скопски хипици се случи да го пробам вистинското нешто. Оттогаш наваму трае другарството со канабисот, а како поминуваше време ми помогна да се тргнам од многу опасни работи со кои, исто така другарував до својата 26-27 година. За мене канабисот е другарче исто како што е и цигарата (тутунот), но без отровите што ги има, а канабисот Е слободен, само што свеста на општеството сè уште не е ослободена по ова прашање.
2.Искуствата на пациентите ширум светот потврдуваат дека хемотерапијата е 70% неуспешна - го убива ракот заедно со пациентот, додека канабисот никого до сега не убил - НУЛА смртни случаи во историјата, а во третирањето канцер марихуаната е над 70% успешна! Кога и како дозна за лековитите својства на канабисот и дека со помош на оваа лековита билка можеш безопасно да се убие оваа дијагноза. Дали лично познаваш некој што се има излечено со масло или се лекува?
- За лековитите својста директно дознав преку лично искуство, бурната младост направи да страдам од посттрауматски стрес, а за лечењето на сериозни болести и состојби дознав од интернет.
Коноп бенд
3.За која здарвствена намена го користиш канабисот? Која врста на канабис најмногу одговара за твојата здравствена состојба, а која врста е твоја лична омилена врста на канабис? На кој начин преферираш да ја консумираш оваа билка?
- Најомилен ми е сканкот. Тоа е хибрид (индика-сатива), посебно ги сакам хејзовите со овошна арома. Сатива за преку ден, индика за спиење, тоа би била идеалната комбинација. Џоинтот е начинот на кој преферирам да ја користам оваа билка. Со канабис лечам тинитус, тоа на средно уво што е, од многу свирење гласно во гаражи. Само со канабис, друг безопасен лек нема, оти пишти, секоја вечер, само џоинт помага да се смири фонијата што ме мачи.
4.Дали си слушнал за анална канабис терапија (ректално) по пат на супозитории (чепчиња), што се покажа како поефикасен начин во третирањето на секакви најчесто посериозни форми на канцери, отколку оралното консумирање преку уста, особено кога пациентот треба да зема големи дози масло? Многу од пациентите велат дека на овој начин се намалува ефектот од преголемиот „хај“ што знае да биде непријатен кај оние кои мораат да земаат мега ударни дози. Дали си пробал да консумираш канабис на овој начин преку супозитории и дали би го применвувал овој начин?
- Масло имам пробано само орално, иако сите потврдуваат дека најкорисно е да се зема преку чепчиња, но јас за среќа не сум болен благодарение на рекреативното користење на канабисот, па не морам да користам масло, иако нема никако да ми штети :)
5.Дали имаш користено масло до канабис? Какво беше чувството и за што ти помогна?
- Масло имам пробано неколку пати, колку да знам за што станува збор. Чувството е фантастично, но ако користиш масло, а посебно некое квалитетно направено ќе немаш потреба од дување џоинт, а џоинтот значи ритуал на негово спремање и орална сатисфакција, која значи земање на духот на растениото преку дим.
6.Дали самиот знаеш да подготвиш нмасло од канабис и дали сметаш дека информациите за самолекување со канабис се веќе јавно достапни секому? Како изгледаше твојата потрага по квалитетно канабисово масло? Дали тешко се доаѓа до вистинскиот лек?
- Сè уште немам правено масло и таа работа ја оставам на луѓе кои го прават тоа постојано и со љубов. Процедурата е (боза), но и многу други процедури и процеси се „боза“, па одлучуваме да ги правиме или не. Јас сметам дека за секоја работа треба да се ангажира професионалец, а посебно за спремање на лек или храна со лековити својства.
7.Како ти го дозираше маслото на почетокот, а како го дозираш сега? Како изгледаше твоето навикнување на ефектот од маслото? Колку траеше твојата лична терапија?
- Немам поминато терапија со масло од канабис.
8.Кога кај тебе се појавија првите подобрувања откако започна да го користиш маслото и какви?
- Од моите десетина пати како имам пробано масло, подобрувањето е моментално.
9.Спореди го ефектот од маслото со ефектот од фармацевтските лекови коишто ти ги препишале твоите лекари за истите здравствени состојби?
- Не сум здраствено осигуран, немам ни свој матичен лекар. Фармацевтски производи (дроги) имам земано на своја рака во своите 20-ти години и споредбата е несоодветна. Трамадолот како една од појаките дроги што ги продаваа аптеките порано без рецепт, а сега го има само на црниот пазар има еден куп негативни нус појави, да го отворите упатсвото за употреба ќе прочитате за сериозни импликации по вашето здравје, нешто што го нема кај маслото од канабис, дури за разлика од трамадолот, маслото сите негативни нус појави ги претвора во позитивни. Чудо е ова растение...
10.Дали знаеш каков е составот на маслото кое што ти помага? Какво психофизичко чувство ти дава канабисот?
- Се знае кој е составот на маслото што помага, а се прави од квалитетно здраво растение богато со THC.
11.Дали успеа да се ослободиш и од некои друи здравствени состојби коишто те мачеле од минатото? За што друго ти помогна/помага канабисот освен за дијагнозата поради која започна да го користиш?
- Во основа човек сам си помага за сè што го мачи. Канабисот е само вистинското орудие за самопомошта. Највеќе мене лично ми има помогнато за смирување на последици од стрес и за моменти на депресија.
12.Дали користиш канабис и на други начини? Дали го користиш во исхраната? Омилен рецепт?
- Исклучиво го користам виткајќи џоинти и дувајќи го. Тоа е заради културата на која имам тенденција да ѝ припаѓам.
13.Дали ќе продолжиш канабисот да го користиш превентивно/рекреативно до крајот на животот?
- Доживотно, канабисот е доживотната робија која ја прифаќам со отворено срце, тоа е храна што треба да се консумира постојано за најоптимално здравје.
14.Како според тебе треба да биде регулиран канабисот во Македонија?
- Исто како што е регулиран и штавељот, спанаќот, брокулата. Јас сметам дека канабисот им припаѓа на зелените пазари и треба да биде сместен во групата на храна!
15.Какво е твоето мислење за граѓанското движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабисот во Република Македонија којашто ја покренавме? Ова интервју е дел од истоимената кампања. Од срце ти се заблагодаруваме за соработката!
- Мислам дека треба да продолжи да се развива идејата и имате комплетна поддршка од мене лично за било кој евент или протест во иднина.
16.Што според тебе секој индивидуално треба да превзеде за да се забрза процесот на ослободување на конопот, конкретно декриминализација? За колу време мислиш дека тоа најбрзо може да се случи доколку секој граѓанин активно се вклучи?
- Најголемите победи се оние на индивидуите кои победуваат терминални болести со ова Божјо растение. Тие се најголемите амбасадори за легализацијата и декриминализацијата. Сите граѓани тешко да се активираат, многу се зависни од фармација, алкохолна индустрија итн. Наше е да информираме, вие преку портали/медиуми, јас преку музика/песни.
Зоран е активен член на Левица, која се залага за легализација!
17.Што требаат според тебе да превземат Властите, спроведувачите на законот, јавните функционери, докторите, политичарите, пратениците, артистите итн. за побрзо да се декриминаклизира канабисот во РМ?
- Сите со барем малку тронка свест веќе јавно пишуваат, промовираат, поддржуваат. Сите останати политичари, артисти итн., што се кријат ќе продолжат да гоправат истото. Знам доста и политичари и уметници со кои сум дувал џоинт, а се кријат, најчесто да си го задржат работното место или функцијата што ја држат. Полека ќе се менуваат состојбите, но ќе видиме дали повторно во интерес на фармацијата и тесни бизнис кругови или во интерес на народот.
18.Твоја порака/совет до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот во Македонија, па и надвор од неа гласи...?
- Намалете со егото. Исто како што секое растение е хрането од сонцето, исто така сме и ние хранети од истото сонце и за сите нас има светлина. Да не дозволите вашето его да ја помрачи светлината со која ве храни сонцето.
19.Нешто да додадеш или да одземеш?
- Најмногу ми смета што заради лични каприци не се остава можност сите индивидуи, групи и организации што се борат за канабисот, да се соберат на едно место. Такво сплотување нема да доживееме ни денес ни во иднина.
20.На толку болни им е потребен лекот, луѓето се будат и освестуваат. Ние сметаме дека свеста е драстично променета од пред неколку години благодарение на нашиот заеднички труд. Дали мислиш дека е време за протести и маршеви?
- Секако, сметајте на КОНОП кога ќе има такво нешто.
40 годишниот жител на Скопје до сега над 23 години превентивно се дружи со билката канабис, којашто успешно се грижи за неговото најоптимално здравје. Благодарение на превентивната употреба на канабисот, ракот на кожа настанат од зрачење, воопшто не сакал ни да се развие цели три години. Но, тој реши да му стави крај на туморозниот израсток на неговото чело!
Средината на септември...
Оваа билка нашиот соговорник ја користи за поздраво и поубаво секојдневие, за разубавување на досадните моменти, за спречување несоница, за подобрување на расположението, за поубави дружења со пријателите, за третирање главоболки и секакви болки воопшто... Буквално за сè! Во разговорот со нас тој потврди дека никогаш премногу не се грижел за сопственото здравје и токму канабисот е заслужен за неговото добро здравје.
Кога на неговата слепоочница се појавил меланом поради рентгенско зрачење од преглед, овој маж го направил вистинскиот избор - посегнал по домашно изработено масло од канабис и упорно започнал секојдневно да ја мачка невообичаената творба на кожата и резултатите се очигледни! Не верувајте на своите очи! Уверете се на сопствена кожа! Маслото од канабис ја подмладува кожата многу подобро од комерцијалните (и штетни) кремови!!!
Овој Скопјанец е свесен дека за третирање на секакви канцери потребно е масло со висок процент на ТХЦ (над 85%), значи од индика врсти (сативите се наменети за епилепсија), сепак тој е многу загрижен за македонскиот див автохтон коноп, којшто вирее слободно насекаде низ нашава земја, а од којшто може да се подготви екстракт идеален за третирање на епилептични деца. Нашиот соговорник инсистира да се превземе нешто повеќе околу тоа.
Пред месец и пол. Жива рана...
Според докторот Пол Хорнби, патолог од Канада, кој до сега во Македонија веќе неколку пати држеше предавања на семинарите за медицинска употреба на канабисот, потврди дека во Македонија постои автохтона сорта на канабис, кој веќе е проверен во врвни лабаратории конкретно за третирање на деца болни од епилепсија. Резултатите биле одлични, а докторот се чуди зошто државата сè уште го стигматизира ова растение и сè уште не сака да превземе ништо во врска со таа конкретна врста на канабис идеална за третирање епилептични напади, затоа што таков сооднос на канабиноиди не може да се добие по вештачки пат, па дури ни со врстување на врстите...
„Ја шириме вистината за канабисот отворено. Над 20 години ја дружиме билкава, реалност е... Инаку со маслово млатам еден меланом веќе месец и пол. Остана розева дамка! Како 85 % да исчезна!!! Рик Симпсон ќе го тетовирам жими се ако ова ми го спаси животот!“ - истакнува тој! Тој пробал со маслото да го отстрани меланомот речиси на шега и резултатите се вчудоневидувачки. Тој за среќа исто така се сетил својот случај да го документира во етапи со фотографии како го уништува ракот на кожа.
Жално е тоа што кога некој ќе се одлучи да се лекува на природен начин со алтернативна медицина, којашто треба да биде примарна, најчесто нема поддршка од блиските и околината. На овој човек не му било лесно како прво да стигне до вистинскиот лек, а како второ отежнување било тоа што немал поддршка практично од никого, осуден бил на потсмев и неверување. Сепак, паметно постапил што не кажал никому дури до сега, затоа што не дозволил никој да му ја сруши вербата во исцелението што само може да ја зголеми и забрза моќта на канабисот. „Сам, без поддршка од никого... Не сакав никого да визнемирувам... Сега се фокусирам на следните пречки во животот“ - дополнува среќниот скопјанец.
„Инаку ова беше рана во развој. Три години. После едно рентген зрачење. И се појави. Но, пошто многу дувам... 🙂 изгледа немал плодна почва меланомот да се развива 🙂 Ама летово беше критично. Почнав со третманот на Рик Симпсон. И стигнав до тука“ - истакнува тој. „Додека не се средам анонимно затоа што канцерот уште е тука, но кога целосно ќе се спасам и јавно со име и презиме тоа ќе го кажам! До Нова Година треба да биде крај на мачкањето. Кога веќе ќе го немам меланомот, ќе документирам со чисто чело. Еве како изгледаше проблемот пред месец и пол - жива рана. Ве молам анонимно, за да имам слобода и мир во лекувањето. Ви благодарам и со почит...“ - заклучува тој.
„Македонија воведе нови поштенски марки. Пред да седнат на столчињата новава „Влада“ - Фрчко им препорача да ја легализираат „дрогата“. Па, изгледа ќе успееме со Марихуаната...“ - за крај додава тој :) Па, во продолжение може да ги погледнете новите македонски поштенски марки! УСПЕАВМЕ! Го ослободивме конопот во Република Македонија! :D
Мики од Скопје е дваесет и пет годишно момче кое со редовна употреба на канабис успешно се избори против неколку здравствени состојби коишто го мачеа уште од раното детство, а за кои конвенционалната медицина сè уште нема решение. Мики најпрво канабис започна да користи по пат на пушење и забележал дека има подобрувања во неговата целокупна здравствена состојба, за што лекарите не веруваа. Со употреба на масло од канабис кое самиот си го подготвувал, успеал да ги надмине засекогаш хроничните болки во неговиот лев колк, којшто му бил опериран во раното детство, поради тоа што ногата му била искривена и не можел да гази правилно. Сега Мики гази правилно и нема повеќе болки, а маслото му помогна исто така да ја победи хроничната мигрена којашто му се има појавено од голема повреда на главата, но и како последица од претрпената операција на колкот. Лековите коишто лекарите му ги препишуваа за главоболките му причинуваа само потешкотии во дишењето и несоница, а не му помагаа воопшто. Сега тој потполно ослободен од болките, тврди дека кај матичниот лекар оди еднаш на две години само за да си поразговараат за канабисот. Мики тврди дека неговиот имунитет е значително зајакнат, откако редовно консумира канабис и екстракти од оваа најлековита билка
Мики од Скопје
420 Macedonia: Кога прв пат започна да консумираш канабис. Раскажи ни повеќе за тоа твое искуство.
Мики: Првиот пат ми беше во осмо одделение. Бев со еден другар на фестивал во странство и таму имаше многу гужва. Повлеков два пати од бонг и оденаш почувствував дека се активира некоја друга страна во мене. Беше прекрасно, но морам да признаам дека ми беше и малку параноично. Мислев дека службените лица ќе ме забележат дека ми се црвени очите и дека ќе ме уапсат поради тоа. Па, се криев во гужвата кога ќе ги видев, како на филм. Ми стана интересно и сакав да пробам пак. После некое време паранојата од консумирањето канабис тотално исчезна и остана само убавиот ефект.
420 Macedonia: Кога и како забележа дека тебе канабисот ти помага?
Мики: Во прва година средно почнав да имам епилептични напади еднаш на два месеци. Тогаш сè уште не бев редовен консумент на канабис, а бев консумент на одредени фармацевтски лекови за депресија. Сфатив дека тие лекови не ми помагаат и не бев сигурен дали нападите ми се предизвикани од тие лекови, но сигурен бев дека треба да се обидам со канабис, бидејќи во тоа време случајно прочитав за лековитите својства на канабисот. Откако редовно почнав да консумирам канабис, епилептичните напади повеќе не ми се појавуваат, особено откако започнав да си земам по малку масло кое самиот научив да си го подготвувам од видеата на Рик Симпсон на Youtube. Нападите знаеја да ми се појавуваат наутро кога чекав автобус за на работа и знаеја да ми се појават кога ќе испиев две чашки пиво, но сега тоа е веќе минато.
420 Macedonia: Објасни како ја победи својата хронична мигрена со помош на канабис?
Мики: Како мал бев опериран на левата нога и на колкот. Требаше да ги извадам плочките и штрафовите уште на мои 14 - 15 години, но јас не го направив тоа. После на моите 20-ти години почнав да имам силни болки во главата и во левата нога и тоа не само на промена на времето. На 23 годишна возраст имав лошо искуство со полициски службеници Алфи и добив неколку јаки трауматски удари во главата. Ми беше извршен случаен претрес на јавно место и покрај тоа што претресот заврши службените лица и понатаму беа уверени дека јас поседувам марихуана во мене. Не ми беше најдено нишно и за да им докажам дека не се во право им се соблеков гол на улица и започнаа физички да ме напаѓаат само во главата. Таа случка ми предизвика несоници поради незапирливите внатрешни болки во главата и тоа траеше можеби и повеќе од година, додека не започнав редовно да го консумирам маслото. Значи јас со маслото конечно се ослободив од епи-нападите и болките во главата со еден замав.
420 Macedonia: Покрај маслото дали и колку често пушиш канабис? Како го дозираше маслото? Дали сè уште земаш доза од маслото за одржување?
Мики: Од маслото на почетокот консумирав многу малку, по две зрна на два дена. Тогаш уште не ми беа познати шемите за дозирање, кои сега се лесно достапни на Интернет. Додека го земав маслото, јас исто така си консумирав канабис во форма на џоинт, затоа што бев во такво друштво од мојот првичен контакт со марихуаната и имав лесен пристап до оваа билка. До ден денес си консумирам да се каже редовно канабис по пат на пушење и тоа по 1-2 џоинти во денот, а некогаш и повеќе, а канабисово масло си земам по три зрна масло на два дена, затоа што повеќе немам толкава потреба од истото и тоа го правам превентивно.
420 Macedonia: Како лекарите реагираа на твојата своеволна канабис терапија?
Мики: Мојот матичен лекар доволно ме знае, па затоа и не се обидува да ми препише некаков фармацевтски лек. Но, кога му отидов за мојата реума и болките во главата и нозете, тој ме препрати да се видам со специјалист невролог. Неврологот беше тотално неупатен за канабис. Многу беше и млад и непрофесионален. Кога ме праша дали консумирам канабис ми кажа дека тоа прашање е на пријателска база, а јас му поверував и му потврдив. Потоа мојата изјава тој ја запишал во лекарскиот извештај, дека мојата состојба е предизвикана од канабис, сè со цел за да го оцрни канабисот и мене лично и за да ја збогати фармецевтската мафија. Ми беа препиршани лекови коишто можат да предизвикаат кома и ми рече да ги пијам редовно. Фактички лекарот сакаше да ме убие со редовна доза од цела шака апчиња секој ден... Бев оставен со една опција, а таа ми беше канабисот. Оттогаш ги презирам лекарите и службените лица.
Лекарски извештај заснован на лаги! КЛИКНИ НА СЛИКАТА!
420 Macedonia: Која е твојата омилена врста на канабис?
Мики: АК - 47 којашто прв пат ја пробав во Детроит и оттогаш не сум ја пробал повторно. А најомилена врста за правење масло ми е хибрид, индика. Од моето искуство сум заклучил дека сите масла подготвени по методата на Рим Симпсон се добри, а најдобри се оние од повеќе измешани врсти, особено индики.
420 Macedonia: Како побрзо и целосно да го ослободиме овој лек во буквална смисла на зборот? Како да биде лесно достапен и евтин, особено за болните деца?
Мики: Со масовен притисок од јавноста кон институциите што се залагаат за „доброто“ на граѓаните. Луѓето да не се плашат јавно да зборуваат, бидејќи зборот железни врати отвара и станува збор за нивното здравје и животи и иднината на следните генерации. Во странските земји канабисот успеа да се легализира - декриминализира од притисокот на јавноста. Затоа ги повикувам сите што побрзо да се приклучат во секое масовно сенародно движење за ослобдување на канабисот!
420 Macedonia: Твој совет до јавноста...
Мики: Колку и да звучи смешно или нереално, канабисот ја лекува секоја болест во ордедени колиличини, индивидуално. Затоа на сите топло им препорачувам кога ќе заболат од некоја болест, најпрво да пробаат да се лекуваат со канабис, наместо со фармацевтски лекови, а за да не заболат вреди да пробаат да консумираат канабис превентивно ;)
Раскажи ја и ти својата канабис приказна за побрзо да го ослободиме овој природен и безопазен лек кој животи спасува!!!
55 годишниот П. С. од Скопје успешно го убива својот аденоцарцином на дебелото црево со метастази на црниот дроб со помош на екстракт од канабис од црниот пазар. „Со мојот сопруг одиме напред тумор маркерите се стабилизираат. Денес направивме испитувања и тумор маркерите се нормализираат!“ - истакнува Л. С. од Скопје.
П. С. оздравува благодарение на маслото од канабис!
420 Macedonia:Од што боледувал вашиот сопруг? Каков вид на тумор и кога му е дијагностициран?
Л. С. Мажот ми се оперираше од рак на дебело црево со метастази на црниот дроб пред девет месеци. После операцијата 4 месеци воопшто не примаше хемотерапија. Бевме на природна исхрана и на алтернативна медицина. Но, заради добивање на инвалидска пензија бевме принудени на хемотерапија и тоа после 4 месеци. За среќа после успеав да го набавам маслото и го применувавме заедно со хемото, со што полесно ја поднесуваше таа токсична хемотерапија и почнаа да се намалуваат тумор маркерите. Докторите се чудеа на тоа, оздравувањето им беше сомнително и секогаш ни велеа дека станува збор за тешка болест од која никој не се излекувал до сега. Но, ете благодарение на маслото, а не на хемото мојот сопруг е жив! Тоа е чудо затоа што докторите го сметаа за безнадежен случај. Сега тумор маркерите се од 606 на 22 нормален, CA 19.9 а севкупниот од 296 сега е 9.44, на што докторот вели дека сега постои шанса.
420 Macedonia:Каков начин на живот водеше вашиот сопруг пред дијагнозата? Дали бил изложен на голем стрес?
Л. С. Живееше нормално, како и секој човек. Беше возач, така што не внимаваше многу на исхраната, нешто на брзина сè внесуваше и месо, а знаеше и да се напие не да речам многу, ама ете имавме доста стресни случки. Го носев во болница пред да се случи ова и докторот му велеше: „...ништо не ти е, здрав си“.
420 Macedonia:Како дозна дека е болен?
Л. С. Вака се жалеше на стомачни болки цела година. Го прегледаа на ехо и ни рекоа дека е супер и така започна, но после болките во стомакот се зголемуваа и така тераше можеби 3-5 месеци. После тоа не можеше да отиде по голема нужда. Пробаа со клизма и неможеше така да се направи. Битно потоа со компјутерско снимање и тогаш се виде дека има илеус и почна да повраќа, па итно го однесовме во Скопје и таму го оперираа на дебелото црево и после откако го отворија видоа дека се работи за рак на дебело црево со метастази на црн дроб и така започнаa нашите маки... Покрај илеус се виде дека се работи и за рак на дебело црево и тоа во 4 стадиум. Изваден е поголем дел од дебелото црево и има ќеса наречена анус претер. Илеус е состојба кога не може да оди по голема нужда и имаше застој во цревата и нагони за повраќање.
420 Macedonia: Какво беше неговото првично мислење за канабисот и како дознавте за лековитата моќ на канабисот? Како го дозиравте маслото?
Л. С. Сопругот канабисот го прифатикако надеж за живот, откако јас му објаснив за лековитата моќ на канабисот. За канабисот дознав од интернет и од телевизија од емисиите за канабис кои започнаа да се емитуваат по нашите телевизии, а доста научив од вашата страница. Шемата за дозирање еднаш вие ми ја испративте.
420 Macedonia: Кога се случија првите подобрувања и дали сопругот лесно се навикна на маслото?
Л. С. Го примаме орално заради тоа што е изваден поголем дел од дебелото црево и како што кажав има ќеса поради која не може да зема супозитории. Многу брзо и лесно се навикна на терапијата. Секоja доза многу му ги олеснуваше болките, немаше болки. Имаше само еден ден проливи, а повраќање немаше никогаш и со маслото се чуствуваше одлично.
Резултатите се подобруваат! Хемото е отров! Канабисот е лек!
420 Macedonia: Колку хемотерапии примил сопругот до сега?
Л. С. Инаку јас сум медицинско лице и никогаш не бев поборник на хемотерапијата и сакам да бидам анонимна, поради тоа што од некои луѓе бев тотално разочарана и ме обвинуваат дека наеднаш престанав да го носам на хемотерапија, туку после 4 месеци, како наводно сум сакала да го убијам мојот сопруг, иако докторите ми рекоа за 6 месеци повеќе нема да има, ама тој е сè уште жив!
420 Macedonia: Колку масло има земено и дали ви беше познат квалитетот на маслото?
Л. С. Во грамови незнам точно да кажам колку има внесено, затоа што дозата постепено ја зголемувавме, поради хемото. Масло земаше три пати на ден. Тумор маркерите беа доста високи, па после земање на канабисот почнаа да се намалуваат и сега да се нормализираат. Во понеделник одиме на контрола, бидејќи минатиот пат нè вратија. Сега резултатите се добри, а и крвната слика е добра и црвените и белите крвни зрнца и хемоглобинот се добри. Што се однесува на квалитетот на маслото, тој што ми го правеше велеше дека е доста добро, па јас му верував нему, бидејќи ми е близок човек.
420 Macedonia: Како П. С. се чувствува сега?
Л. С. Добро. Може да вози, оди дури сам до продавница со велосипед. Дури сам возеше до Битола и назад, иако прими хемотерапија, благодарение на маслото има волја за живот и ете сега се спремаме за свадба за нашата ќеркичка.
420 Macedonia: Какво е вашето мислење за нашето движење 420 Macedonia и за нашата Нацинална кампања за декриминализација на канабисот во РМ преку интервјуа со јавноста и што ќе им порачаш на читателите?
Л. С. Да, вашата страница е супер и доста ми беше од помош и треба така да се продолжи. Да не се плашиме сите ние луѓето кои се бориме со оваа болест да се сплотиме и јавно да зборуваме за лековитата моќ на канабисот и за нејзино легализирање, а не да се разединуваме. Оти јас знам и доктори што го употребувале за нивно лекување и кои се излекувани ама молчат, а онколозите да се изборат за поинаков пристап кон болните од рак, а не на нив да гледаат само како на бројка. Моментално нив не им е важно дали пациентите ќе бидат живи или ќе се случи најстрашното.