Showing posts with label доказ. Show all posts
Showing posts with label доказ. Show all posts

Monday, May 18, 2020

Лекарите рекоа дека нема да го дочека својот 30-ти роденден! Сет Грин е жив и здрав благодарение на канабисот!

Пациент на медицински канабис и Активист од Тенеси Сет Грин
Сет Грин е корисник на медицинска марихуана и активист од Тенеси. Тој е дијагностициран со цeребрална парализа. За него веќе зборувавме на нашиот блог во неколку наврати. Тој имаше проблеми со одењето, но успеа да ги надмине и оздраве благодарение на најлековитата и најбезбедната (забранета) билка на планетава! Ова е наше второ интервју со него


Причината за ова ексклузивно интервју е тоа што во јули оваа година ќе наполнам 30 години, а лекарите рекоа дека најверојатно нема да го диживеам и дочекам мојот 30-ти роденден. Значи, овој роденден ќе биде многу посебен за мене! Ова интервју е МНОГУ ЛИЧНО за мене, затоа што на многумина ќе им докажам дека не се во право... “ - истакнува Сет.

1. Какво е чувството кога на истите лекари кои ти го предвидеа денот на твојата смрт, кои одредија уште колку ќе живееш, пред лице им се појавуваш велејќи им дека не биле во право за канабисот и дека токму ова растение те спасило, те излечило и те одржува во здрав живот? Што велат тие?

- Јас немам никаков анимозитет кон нив или лекарите, тие само треба да ги отворат очите. Јас немам лоши чувства кон тие лекари затоа што се научени да работат на начин што ги збогатува фармацевтските компании. Како што сè повеќе лекари ќе стапуваат во контакт со пациенти како што сум јас, се надевам дека ќе започнат да се едуцираат за придобивките од канабисот и ќе започнат да се залагаат за неговата употреба за да им помогнат на нивните пациенти. Повеќето од нив не сакаат да ја слушнат вистината за ова растение и тие не се тие што треба да судат, затоа што единствениот што треба да нè суди нас е Бог! Плус тоа беше во минатото и нема да останам лут на тие доктори, затоа што треба да простуваме, да отпуштаме...

2. Дали на сите им препорачуваш канабис како лек за третирање и олеснување на сите медицински состојби и болести? Што ги советуваш пациентите?

- Да, верувам дека сите во светот треба да имаат пристап до ова растение затоа што ова растение има толку многу придобивки за луѓето во борбата со заболувањата од кои може да страдаат. Плус САД направија сојузна студија за канабис во 80-тите години и Тенеси беше една од избраните држави. Кога станува збор за родителите кои им го даваат на своите деца, верувам дека треба да им биде тоа дозволено сами да одлучат. Но, не ми се допаѓа кога родителите им даваат на своите деца само ако имаат медицинска состојба.

3. Дали си размислувал да станеш заштитно лице на некој познат канабис бренд или пак, би сакал да основаш свој сопствен бренд? Со што конкретно би сакал да се занимаваш во канабис индустријата?

- Јас не сум херој, јас само се обидувам да продолжам по вистинскиот пат за да зборувам и да направам добро за мене, но ги познавате луѓето генерално. Размислував за тоа откако завршив со моите гостувања и ќе одам на големи настани низ северно-источните држави (Охајо, Мичиген, Њујорк, Масачусетс, Пенсилванија, Конектикат), како и на запад во Колорадо и Оклахома кои штотуку ја легализираа. Јас ја започнав мојата сопствена компанија во мојата матична држава Тенеси и покрај тоа што во Тенеси не е легално сè уште, сепак започнав со CBD компанија. Значи, јас имам своја CBD компанија и не е легално во нашата држава, но ние одгледуваме.

4. Какво е твоето мислење за рекреативната употреба на канабис? Дали сметаш како нас, дека тоа е всушност превентивна употреба?

Со мајка му, Потпретседател на неговата компанија
Нејзината страница е „Jonesin For The Cure
- Да, навистина верувам дека канабисот им помага на луѓето да се извлечат од најопасните дроги како: морфиум, фентанил, метадон, кристалмет, крек, кокаин итн., затоа што разговарав со многумина низ патувањата што сум ги направил и тие ми ги кажаа нивните лични приказни, а некои рекоа дека единствениот начин на кој тие сега живеат е затоа што тие го пронајдоа канабисот и тоа им го спаси животот. Од таму од каде што тие почнуваат да тераат многу подобро во животот и да немаат рецидив и да се вратат на овие дроги, што ќе ве натераат да излезете и да правите луди работи како убиство и слично, затоа што не сте во вашата вистинска свест.


5. Дали откако ти започна со својата канабис терапија и излезе јавно со твојот проблем, се случи некаква драстична промена (кон подобро) во законската регулатива во твојата држава и во свеста кај населението за овој природен растителен лек?

- Ниту моето име не смени никакво законодавство во државата Тенеси во која живеам или воопшто Федералната Влада, но она што верувам дека го направив е дека им помогнав на луѓето да ги разберат придобивките од ова растение од спроведувањето на моите гостувања на Запад и до Север и одржувајќи ги митинзите во мојата област каде што живеам, но постарата генерација која порасна околу мојата област, како и Миленијалците (познати како Генерацијата Y), почнаа да излегуваат и поддржуваат некаква форма или мода со канабис во нашата држава Тенеси, но верувам и дека претстојнава година ќе имаме поголема поддршка за канабисот во Тенеси за да донесеме предлог-закон. Ова е една од моите главни цели, само да го сменам погледот на луѓето на оваа планета и да се обидам да ги натерам да разберат да не ни судат заради ова растение коешто ги спасило животите на толку многу луѓе и им даде причина за да живеат.

6. Како го користеше канабисот за време на твоето лекување и дали и како го користиш сега? Каква беше потентноста и канабиноидниот профил на екстрактите и тинктурите што најмногу ти помагаа и како ги користеше кога не беше целосно здрав? Дали пушиш канабис и кои врсти ти се омилени?

- За време на третманот ги користев сите форми на канабис коишто можеа да стигнат до моите раце, но главно користев масло од канабис и прехранбени продукти со канабис (edibles), како и во форма за пушење. Кога го земав, ги земав само кога моето тело имаше потреба или кога имав чувства што би ги добил од нападите на вознемиреност/анксиозност (што би довело до напади) или од церебралната парализа. Сега, да, јас пушам, но многу ретко тоа се случува затоа што сум во Тенеси, искрено не им верувам на луѓето тука кои продаваат и затоа што имам слушнато за премногу приказни не само локални, туку и низ целата земја, како зборуваат за тоа дека дилерите го ставаат канабисот со фентанил и морфиум.

7. Кажи нешто повеќе за твојот приватен живот? Дали студираш или работиш и какви планови имаш за во иднина?

Неговиот коноп во процес на претворање во лек
- Искрено сега во мојот приватен живот минувам низ една трансформација во мојот живот, така да речам, се фокусирав на повеќе други работи покрај канабисот од кога се појави оваа пандемија се обидувам да видам што друго има таму за мене и се приближив до Бога и се обидувам да му се приближам затоа што откако ќе заврши оваа пандемија и земјите ќе започнат да се враќаат на работа во нормала, верувам дека ќе живееме во различно време и морам да бидам подготвен за тоа. Моите планови за иднината се на крај да добијам Закон за медицински канабис донесен во Тенеси, како и да започнам моја сопствена компанија за канабис кога ќе стане легален затоа што веќе имам компанија за коноп во функција и верувам штом еднаш ќе добиеме медицински закон тука донесен во Тенеси дека ќе бидам чекор напред во натпреварот за да зборувам таму каде што имам толку многу конекции ширум светот и кои се во канабис индустријата, што може да ми понуди мене и на мајка ми повеќе информации за тоа како да направам подобар производ и како да го започнам нашиот бизнис.

8. Дали веруваш дека канабисот наскоро целосно ќе се ослободи на светско ниво? Што конкретно ти правиш преку твојата организација Greener Pastures Tennessee?

- И она што го правам преку мојата организација „Greener pastures Tennessee“ („Позелени пасишта Тенеси“) е само да ја подигнам свеста и да помогнам во областа за да привлечам повеќе луѓе и да им помогнам на луѓето во земјата да го добијат тоа легално. Да, верувам дека канабисот ќе стане целосно легализиран низ целиот свет до одредена мера. Но, сега и моето искрено мислење e: Светската здравствена организација заедно со FDA (Агенцијата за храна и лекови) и потоа се обидуваат да го задржат канабисот нелегален за да можат да ги задржат луѓето на лекови на рецепт, со цел да можат да ја стават својата алчна рака врз парите што ги прават од луѓето додека ги прават болни и не мора да се земе пилула за болка или слично, тоа би можело да биде редовен растителен лек за вознемиреност што не е апче за нерви, што може да им помогне на овие луѓе ако апчето ги прави да се чувствуваат чудно во нивната глава и не можат да го направат тоа што го сакаат.

9. Во нашата држава, сега Република Северна Македонија канабисот сè уште не е вистински легален, како што сите корисници би го сакале тоа, но дали тоа би те спречило да ја посетиш нашава земја и можеби да одржиш семинар преку нашето здружение на граѓани „420 Македонија“?

- Не би имал проблем да ја посетам вашата земја и да разговарам со луѓето што прочитале за мене на Интернет преку списанијата во кои сум гостувал и во многу земји и ќе помогнам да ги едуцирам и се надевам дека ќе им ги отворам на некои умовите, на оние што не сакаат да ја видат вистината за ова растение.

10. Што би сакал да додадеш (или да одземеш) за крај? :)

- И една работа што сакам да ја споменам за Трамп е дека кога тој водеше кампања да стане Претседател и штом тој беше избран тој рече дека сака да го „исуши мочуриштето“ во Вашингтон ДК и верувам во тоа и дека и Конгресмените и Конгресменките имаат свои раце врз фармацевтската трева каде што прават толку многу билиони долари секоја година од зависноста од опијати и верувам дека Трамп сака да им помогне на луѓето кои што физички и психички се претвориле во различна личност и плус тоа е растение подарено од Бога и верувам дека сите имаат право да го испробаат и верувам дека ќе нè извлече од долгови затоа што половина од државите го легализираат во некаква форма или мода и правиме трилиони долари од ова растение... И Трамп ако Вие слушате, Владата ги одзема моите верски права/верувања да го користам ова растение!


Канабисот прави чуда!

Тој тука има напад и неговата мајка му става тинктура во устата и може да се види дека тој се смирува

Од добивање насилни напади (тресење и борба за здив, до џвакање на неговиот јазик, слушање на неговите коски како пукаат/крцкаат) до овие типови, каде изгледа дека тој е само во неговиот мал свет

Еве еден од неговите насилни напади

Видео од него кога бил во Колорадо да се лекува


Новинар и Активист: MoniQue Konopova
* Посетете ја мојата страница: Monique Konopova
Соговорник, Пациент и Активист: Seth Green



Не ни верувајте! Изгуглајте го ова! Патент #6630507


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Сет Грин од Greener Pastures Tennessee вели дека ова растение ќе извади многу земји од долгови!

Seth Green from Greener Pastures Tennessee says that this plant will bring a lot of Countries out of Debt!

Сет Грин успешно се бори со церебрална парализа со помош на екстракт од канабис!

Мајка користи домашен екстракт од марихуана за лекување на 19 хронични болести кај ќерката




Tuesday, September 18, 2018

Повеќе докази: Ракот „се самоубива самиот себе си“ по изложување на канабис

Кристина Санчез (Christina Sanchez), молекуларен биолог од универзитетот Compultense во Мадрид, првпат објави во 1998 година дека TetraHydroCannabinol - THC, примарната психоактивна компонента од канабисот, предизвикува самоубиство на туморските клетки, оставајќи ги само здравите не-туморни клетки нечепнати


Клетките на ракот се уништуваат поради THC!
Студијата на Харвард од 2007 година која останува најсеопфатна досега објавена за потенцијалот на ТХЦ за борбата против тумори, исто така покажа дека за само три недели, дозите на ТХЦ биле во можност да го намалат растот на ракот на белите дробови за половина кај глувци и биле во состојба да ги намалат лезиите на ракот уште повеќе. Хемиските компоненти на канабисот, наречени канабиноиди, ги активираат специфичните рецептори пронајдени низ телото за да произведат фармаколошки ефекти, особено во централниот нервен систем и имунолошкиот систем. Комерцијално достапните синтетички канабиноиди, dronabinol и nabilone, се лекови одобрени од ФДА за лекување на несакани ефекти поврзани со ракот. Кога се вдишуваат или се консумираат, канабиноидите од канабисот се инкорпорирани во природниот ендоканабиноиден систем на телото, кој регулира многу биолошки функции, како што се: апетитот, внесот на храна, моторното однесување, репродукцијата и др. Поради ова, туморски клетки се втурнати во состојба на апоптоза, што значи дека тие се самоуништуваат.


Д-р Кристина Санчез
Таа открила дека кога се изложени на ТХЦ, клетките на туморот не само што престанале да се размножуваат, туку исто така се уништувале самите себе си, истовремено како во лабораториските тестови, така и во испитувањата врз животни. Д-р Санчез објаснува: „Клетките можат да умираат на разни начини и по канабиноидна терапија, тие умираа на чистиот пат - тие извршуваат самоубиство. Една од предностите на канабиноидите е тоа што тие ги таргетираат туморните клетки. Тие немаат никаков токсичен ефект врз нормалните, не-туморни клетки. И ова е предност во однос на стандардната хемотерапија, која во основа таргетира сè. Не можам да разберам зошто во САД Канабисот е под распоред I, затоа што тоа е прилично очигледно, не само од нашата работа, туку од работата на многу други истражувачи, дека растението има многу широк терапевтски потенцијал“.


Федералната влада неодамна призна дека канабисот е ефикасен во намалувањето на одредени типови на клетки на ракот. Оваа неочекувана изјава беше направена во неодамнешното ажурирање на информативниот лист за медицинска марихуана на Националниот институт за злоупотреба на дрога. Изјавата на NIDA гласи: „Неодамнешните испитувања на животни покажале дека марихуаната може да убие одредени клетки на ракот и да ја намали големината на другите. Доказите од една студија на животни сугерираат дека екстрактите од целото растение марихуана може да намалат еден од најсериозните видови тумори на мозокот. Истражувањата кај глувците покажаа дека овие екстракти, кога се користат заедно со зрачење, ги зголемиле ефектите на радијацијата врз ракот“.

Ако научивте нешто ново, не заборавајте да го споделите овој текст со вашите пријатели. Ние веруваме дека сите информации за здравјето треба да бидат бесплатни и достапни за секого. Помогни ни во нашата мисија!

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Ehealthcare

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:



Friday, May 4, 2018

ВИДЕО! Не само за луѓе! Погледнете како CBD маслото инстантно ги стопира епи-нападите на ова куче!

Неодамнешното видео објавено на Фејсбук докажува дека CBD маслото ги стопира епилептичните напади на куче за помалку од една минута. Кевин Спитлер (Kevin Spitler) од Toledo Hemp Center во Толедо, Охајо, кое се здоби со рекордна гледаност ширум светот е сопственикот спасител. Уверете се самите со свои очи како канабисовото масло делува веднаш!


На почетокот од снимката (која е малку подолу во текстов) се гледа како кучето е во средината на својот епилептичен напад. Главата му се тресе неконтролирано. Сопственикот го покажува шишето со CBD екстракт на камерата пред да му администрира доза на неговото куче. Во текот на изминатите неколку години видовме на интернет еден куп видеа за тоа како маслото од канабис делува веднаш на рани, изгореници, напади и сл.


Бројот на ваквите живи докази сè повеќе и повеќе расте и тие само ја документираат чудесната способност на канабисот да ги спречи нападите пред да започнат, но и да излечи дијагнози од кои модерната медицина кренала раце. Од ТХЦ маслени екстракти до ЦБД назални спрејови, ваквите докази сега се непобитни дека канабисот е вистински природен и безбеден лек и нуди вистинско решение за оние кои страдаат од канцери, МС или изнемоштувачки напади. Канабисот не е само за луѓето! Најдобрите пријатели на човекот, мачињата и кучињата, исто така може да имаат напади и исто така, тие може да бидат спречени со екстракти од канабис, затоа што и милениците поседуваат ендоканабиноиден систем како и ние.




Јас само му дадов две капки од тоа, во устата“ - вели сопственикот. Кучето се оближува и за помалку од 30 секунди ефектите се јасни. Неговата глава запира со тресење и делува целосно смирено. „Да, сега си добар, нели?“ - го прашува сопственикот среќно своето милениче и потоа е време за награда во која кучето може да го ужива благодарение на канабисот. На милиони луѓе ширум светот, миленичињата им се дел од семејството, сакани како нивни синови и ќерки. Да се биде сведок како тоа што ни е најмило страда од нарушувања како епилепсија е болно и го нарушува вообичаеното секојдневие. За кучето во ова видео, екстрактот од канабис со канабидиол (CBD) претставува примарен (забранет) лек. Всушност единствената негативна страна на ова растение (и препаратите од него) е тоа што е нелегално.


ЦБД маслото во видеото е набавено од Toledo Hemp Center, кој е специјализиран за производи базирани на коноп и промовира подобар квалитет на животот. CBD масло наједноставно може да се екстрахира од коноп или посебни врсти на канабис, во кои канабиноидот тетрахидроканабинол (THC) го има само во трагови. Индустриското производство на коноп и производи базирани на коноп сега се легални во Охајо, заедно со медицинскиот канабис. И CBD и THC имаат многу медицински апликации и двете активни состојки можат да ги третираат нападите, затоа што делуваат синергично (меѓусебно си помагаат) заедно со другите канабиноиди. За некои луѓе, CBD екстрактите функционираат беспрекорно, додека други имаат потреба CBD-THC мешавини или дури и екстракти во кои доминира ТХЦ (какви што сè уште нема во нашите аптеки).


Истражувањата за користење на канабис за ветеринарни заболувања се зголемуваат, со ветеринари од Државниот универзитет во Колорадо, кои ги предводат клиничките студии за ефикасноста на ЦБД. Како што забележува извештајот за канабис, најголемата пречка за напредок на истражувањата е федералната забрана на канабисот како Schedule 1 drug со класификација дека „нема прифатена медицинска употреба“. За среќа, државите како Охајо ја игнорираат лудата федерална забрана и ја признаваат чудесната исцелителна моќ на канабисот. Ги очекуваме вашите видеа! 

Новинар и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova

Monday, February 19, 2018

Д.П. е скопјанец кој целосно го уби меланомот во рекордно време со секојдневно мачкање со домашно масло!

Овој скопјанец целосно го уби ракот на кожа со канабисово масло! КАНАБИСОТ Е ЛЕК!!! Секојдневното мачкање на кожата со вистински домашен екстракт ги убива: меланомите, тртките, бемките, изгорениците, лузните...

Македонски доказ дека канабисот е ЛЕК!
40 годишниот жител на Скопје до сега над 23 години превентивно се дружи со билката канабис, којашто успешно се грижи за неговото најоптимално здравје. Благодарение на превентивната употреба на канабисот, ракот на кожа (меланомот) настанат од зрачење, воопшто не сакал ни да се развие цели три години. Но, тој реши да му стави крај на туморозниот израсток на неговото чело!


420 Macedonia: Знаевме дека многу брзо ќе се вратиш со оваа вест на нашиов портал, но искрено не учекувавме дека толку брзо! :)
Д.П.: „Јас сум човек од збор. Со тебе ќе бидам каде треба чоек! Искористи го ова те молам некако

420 Macedonia: Овој експеримент ти одлучи да го направиш на себе за самиот да се увериш дека овој семоќен лек навистина помага! Твојата порака до сите противници на канабисот?


Д.П.: „Да се е*ат у гз тие што се против! Треба сега да им помагаме на другите! Значи сега сакам и јас да бидам активист. Ќе ризикувам сè, на кого му треба помош. Сакам да ти бидам десна рака ако е можно“ - истакнува нашиот револтиран активист од Скопје, кој сака сите да дознаат и да го пробаат овој семоќенм лек!!! :)

Повеќе за битката на овој дечко, кликнете тука

Автор: MoniQue Konopova

Saturday, February 3, 2018

Даниел Луков од Радовиш го победи улцерозниот колит со помош на домашно масло од канабис во форма на чепче

Триесет и две годишниот Даниел од Радовиш е поранешен фудбалер на кој во 2011 година му беше дијагностициран улцерозен колитис, болест на дебелото црево. Сулфасалазинот и другите слични синтетички фармацевтски „лекови“ коишто му беа препишувани не помагаа, сè додека тој самиот на Интернет не прочитал дека вреди да проба да се лекува со домашно подготвен екстракт од канабис и дека други пациенти се имаат излечено, заедно со соодветна исхрана, масажи, бањи и други природни методи. Даниел уште не е целосно закрепнат, но резултатите потврдуваат дека повеќе нема ни трага од болеста! Тој ќе продолжи уште некое извесно време да зајакнува алтернативно, додека повторно не се врати растрчан на фудбалските терени!
Даниел Луков се излечи со канабис
1. Искуствата на пациентите ширум светот потврдуваат дека фармацевтските лекови се токсични и во најголем дел од случаите, како твојот не помагаат! Кога и како дозна за лековитите својства на канабисот и дека со помош на оваа лековита билка можеш безопасно да ја убиеш твојата дијагноза? 

- Во потрагата по природен и нетоксичен алтернативен начин на лекување, бидејќи по консултацијата со конвенционалната медицина, ни беше кажано дека за овие заболувања нема лек. Ние не сакавме тоа да го прифатиме како факт и на Интернет дознавме дека канабисот може да ми помогне, поради тоа што читавме сведоштва од странски пациенти кои боледуваат од овие болести, а се лекуваат успешно со канабис.


2. Дали знаеш која врста на канабис најмногу одговара за твојата здравствена состојба, а која врста е твоја лична омилена врста на канабис? Како го консумираше канабисот на почетокот од лекувањето (на кои начини и колку често)?

- Било која врста на канабис со поголема концентрација на THC мене ми помага, а сите ми се омилеми :) Прво по пат на пушење, за намалување на болките, а потоа почнав да користам домашно изработено масло од канабис. 


3. Дали си слушнал за анална канабис терапија (ректално) по пат на супозитории (чепчиња), што се покажа како поефикасен начин во третирањето на секакви најчесто посериозни форми на канцери и секакви здравствени проблеми со дебелото црево, отколку оралното консумирање преку уста? Многу од пациентите велат дека на овој начин се намалува ефектот од преголемиот „хај“ што знае да биде непријатен кај оние кои мораат да земаат мега ударни дози. Дали имаш пробано канабис супозитории и како ги подготвуваш?

- Да, меѓутоа за оваа метода на лекување со канабис масло дознав малку подоцна и можам да потврдам дека токму на овој начин јас доживеав значителни подобрувања. Ги подотвував сам во својот дом со домашно канабисово масло и кокосово масло. Најпрво ги правев во алуминиумска фолија и ги ставав во замрзнувач, ги сечев со нож, немаа идеална форма, но ја завршуваа работата. Тогаш сè уште немаше празни калапи за чепчиња во аптеките. 


4. Дали ти беше тешко да дојдеш до квалитетна марихуана? Како изгледаше твојата потрага по квалитетно канабисово масло? Дали тешко се доаѓа до вистинскиот лек? Дали на почетокот го набавуваше готово или го подготвувавте сами во својот дом? 

- Не е лесно да се дојде до квалитетна марихуана. Мојата мајка на почетокот беше против, но потоа си легна на брашното, откако виде дека кај мене канабисот има позитивни ефекти. Првото масло ми го направи еден другар. Поради тоа што не можев да најдам квалитетна марихуана и да правиме сами, следните залихи ги набавував на црниот пазар преку наши контакти од Албанија.


5. Дали твоето семејство или некои членови имаат некакви реперкусии поради незаконитоста на твоето лекување?

- Да, мојот брат сакајќи да ми помогне поради тоа што финансиски не бевме во можност да го купуваме маслото, се реши да посади неколку стебла што резултираше со една година затворска казна. 


6. Како ти го дозираше маслото на почетокот, а како го дозираш сега? Како изгледаше твоето навикнување на ефектот од маслото?

- Јас немав никакви проблеми со прилагодувањето на мојот организам на дозата, поради тоа што не бев почетник, затоа што уште пред болеста порано имам консумирано канабис по пат на пушење. Ефектот од маслото беше најголем кај болките, тие престануваа веднаш. Поради тоа што кога јас почнав со мојата канабис терапија, маслото и тревата беа премногу скапи, не можев многу да ги зголемувам дозите. На почетокот го дозирав орално по едно зрно ориз наутро и навечер и по потреба кога имав болки, а потоа преку супозитории.


7. Кога кај тебе се појавија првите подобрувања откако започна да го користиш маслото/канабисот и какви подобрувања?

- ВЕДНАШ!


8. Спореди го ефектот од маслото со ефектот од фармацевтските лекови коишто ти ги препишале твоите лекари?

- Неспоредливо! Откако навистина се уверив дека маслото ми помага, тотално ги баталив апчињата. Некои од нив ми беа препишани за цел живот, а некои од нив, на пример кортикостероидите се штетни за бубрезите, може да предизвикаат оштетувања на коските и ред други фатални нус појави. Додека маслото го прочистува црниот дроб од токсини, покрај тоа што може да помогне кај секоја болест, буквално го регенерира целиот организам.


9. Дали знаеш каков е составот на маслото коешто најдобро ти помага? Дали знаеш колку ТХЦ, а колку ЦБД треба да има? 

- Мојата мајка Зуица беше на еден од првите семинарите за канабис во Скопје на кој гостуваа многу страснки професори праша кој е најдобриот сооднос на канабиноиди за моите дијагнози. Тие одговорија дека со поголема концентрација на THC, а помала на CBD.


10. Дали успеа да се ослободиш и од некои друи здравствени, психички или физички состојби (стравови, комплекси...) состојби коишто те мачеле од минатото? За што друго ти помогна/помага канабисот освен за дијагнозите поради кои започна да го користиш? Дали ти го промени начинот на размислување?

- Конечно си го најдов мирот и почнав повеќе и поквалитетно да спијам, што претходно беше невозможно поради болките. 


11. Што за тебе претставува канабисот сега, а како на него гледаше пред болеста? Кога прв пат во својот живот си пробал канабис? 

- Претходно немав оформено мислење за канабисот, а сега тоа за мене е најдобриот природен лек, што прв пат го пробав како тинејџер со пријателите. 


12. Дали откако целосно ќе се излечиш, ќе продолжиш канабисот да го користиш превентивно/рекреативно? 

- Би го користел по потреба, затоа што не создава зависност и јас повеќе не чувствувам постојана потреба од овој лек. 


13. Како според тебе треба да биде регулиран канабисот во Македонија?

- Заедно со моето семејство сметаме дека треба да биде целосно декриминализиран. 


14. Какво е твоето мислење за граѓанското движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабисот во Република Македонија што ја водиме? Ова интервју е дел од истоимената кампања. Од срце ти се заблагодаруваме за соработката!

- Пресреќен сум што постои вакво здружение како вашето коешто се залага за ослободување на овој лек, бидејќи сметам дека на пациентите им е потребна поголема поддршка и охрабрување, а тоа вие го правите неуморно. Јас ви благодарам Вам. Прекрасни сте! Продолжете со работата! Сметам дека за симболична сума секој треба да може да си го анализира сопственото масло во било која лабораторија, а да постои и можност кој сака да си го купи во аптека, но зборувам за full extract cannabis oil.


15. Твоја порака/совет до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот во Македонија, па и надвор од неа гласи...

- Канабисот е Божји дар, еден од многуте што Бог ни ги дал за да живееме здрав живот и среќни да можеме да го славиме Бога.


16. Твоја порака до сите противници на ослободувањето на канабисот?

- Прво едуцирајте се, а потоа судете! За нив имам разбирање, поради тоа што не дошле на мое дереџе и не знаат како е да имаш очајна потреба од овој лек и мојата мајка прво беше против. 


17. Што друго алтернативно имаш користено покрај маслото и како изгледаше твоето лекување?

- Целосно ја променив исхраната и начинот на живот. Преминав на сирова исхрана, се посветив на природата и Бог. Консумирав и други тинктури од билки, често одев на бања, а од пред извесно време почнав да медитирам, да се молам и да правам терапии со reiki healing и сфатив дека коренот на болестите често пати се темели во тоа што духот и телото не ни се ускладени.


18. Што според тебе треба секој индивидуално да направи  или можеби групно, со цел побрзо ослободување на овој сенароден и семоќен Божји лек?

- Јавно и без страв постојано да се зборува, бидејќи сме премногу на број. Да не се плашат дека ќе бидат етикетирани или казнети. Се работи за живот и здравје! Темава треба постојано да биде во центарот на вниманието и секој од нас може да се разболи од некоја болест, како канцер или моите за кои е потребен овој лек.

Докази дека Даниел оздравува! 

Новинар и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova

Sunday, December 17, 2017

Роза од Гевгелија лично си ја одгледува билката за самолекување

Неизмерно ѝ благодариме на Госпоѓа Роза за испратената фотографија и убавите зборови. Благодариме за поддршката и за тоа што таа се охрабри јавно да зборува со цел да нè освести за да го промениме мислењето за овој семоќен природен и најбезбеден лек канабис. Таа има 53 години и тврди дека маслото од канабис е универзален лек и дека кај нас во Македонија мора да се променат работите


Роза сите ги охрабрува да се лекуваат со канабис
Ова е во Холандија. Да е во Македонија ќе биде како дрво калинка. Македонската земја е рај за ова растение од кое можат да се исцелат многу луѓе, а јас сум една од нив што го правам сама и користам. Ја давам мојата поддршка во Македонија да се легализира конопот и да се отворат шопови како во Холандија Утрехт (Utrecht), а јас сум од Гевгелија. Овде не те брка никој за ништо ако не сториш ништо лошо“ - истакнува Роза.

Таа вели дека канабисот не е дрога, туку лек и нејзината здравствена состојба ја натера таа сама да почне да си го одгледува и подготвува лекот. Со неа ја подготвивме оваа кратка листа на болести кај кои канабисот дефинитивно може да помогне, како потсетник за да не се плашите да пробате да ја третирате и искорените секоја дијагноза, па да ја прошируваме заедно оваа листа. Запомнете дека никој до сега не починал од канабис и на никој начин не бил оштетен од ова растение. Маслото од канабис помага кај:

* Рак
* Епилепсија
* ПТСД
* Дијабетес
* Кронова болест
* Гихт
* Олеснување на болка
* Глауком
* Опиумска зависност и други зависности
* Зависност од алкохол
* Несоница
* Псоријаза
* Херпес зостер
* Анорексија
* Астма
* Фибромијалгија
* Ревматоиден артритис
* Мигрена
* Драветов синдром (епилепсија)
* Мултиплекс склероза
* Анксиозност
* Депресија
* Хепатитис (воспаление на црниот дроб)
* Хиперхолестеролемија (нарушување на метаболизмот на мастите)
* Дијабетес
* Неоплазми (формирање на тумори)
* Имунолошки дефицит
* Леукопенија (недостаток на бели крвни клетки)
* Артериосклероза
* Хемороиди
* Хроничен замор
* Вртоглавица предизвикана од неврастенија (нервна слабост)
* Хипертензија (висок крвен притисок)

Monday, July 17, 2017

Редовните мали дози THC може да ја вратат меморијата!

Неодамнешна научна студија откри дека активната состојка во канабисот, т.е. психоактивниот канабиноид Тетрахидроканабинол THC ја враќа меморијата кај постарите глувци. Ова е добро познат факт кај сите долгогодишни корисници на марихуана. Оставете ги глувците на раат! Доста ги малтретирате невините животинки со цел да ни докажете нешто кое сите веќе одамна го знаеме! Одамна е време канабисот да се тестира на луѓе, затоа што сите имаме ендоканабиноиден систем и лековите наменети за луѓе, треба да бидат тестирани на луѓе, а не на животни

Марихуаната го заштитува мозокот!
Студијата објавена во зборникот Nature Medicine беше спроведена од страна на германски научници. Во период од еден месец, на една мониторирана група на глувци на различна возраст, континуирано им беа давани ниски дози на тетрахидроканабинол (THC). Контролната група глувци била лекувана со плацебо. Научниците ги тестирале когнитивните способности како помнењето и способностите за учење кај глувците. 

Нормално со текот на возраста се очекува меморијата и способноста за учење да опаѓаат, но оваа студија покажува дека употребата на мали дози ТХЦ има обратно дејство кај овој природен процес. По 28 дена од третманот со THC, кај постарите глувци е регистирирано подобрување на меморијата и способноста за учење како кај младите здрави глувци. Тие просто станале попаметни и нивните когнитивни способности можеле да се споредат со оние кај помладите здрави глувци од контролната група. 

Научниците исто така ги испитале мозоците на сите тестирани глувци на крајот од студијата. Тие биле најмногу заинтересирани за нивните хипокампуси - делот од мозокот одговорен за помнењето. Кога тие ги споредиле синапсите и нервните конекции, како и нивоата на генетска експресија во хипокампусот, тие откриле дека мозоците на постарите глувци на кои им било администрирано ТХЦ физички исто така се промениле. Тие изгледале како мозоците на помладите здрави глувци кои не земале ТХЦ. 

Балансот помеѓу одредените стохастички процеси на стареењето и спротивставените хомеостатски механизми во голема мера ја одредуваат прогресијата на стареењето. Постојат значителни докази што укажуваат дека ендоканабиноидниот систем (ECS) е дел од вториот систем, бидејќи тој ги модулира физиолошките процеси коишто лежат во основата на стареењето. Активноста на ендоканабиноидниот систем исто така се намалува со текот на времето, затоа што експресијата на CB1 рецепторот и спојувањето со G-протеините се намалени во ткивата од мозокот кај постарите животни и нивоата на главните ендоканабиноиди 2-arachidonoylglycerol (2-AG) се помали. Заклучок = со редовна употреба на канабис го спречуваме процесот на стареење не само на мозокот, туку на сите ткива и органи!

Sunday, June 25, 2017

Наташа од Скопје ја победи леукемијата со концентриран екстракт од канабис!

Здраво денеска проверував крвна слика резултатите добри: хемоглобин 119; леукоцити 3,2; железо 26,7; тромбоцити 108, благодарение на маслото и на Бога“ – изјави на Фејсбук скопјанката Наташа Додевска на 29 мај. Таа е нашата втора нелегално излечена 36 годишна храбра канабис-револуционерка, која одлучи својата приказна да ја сподели со македонската јавност за да им докаже на сите дека канабисот лекува, а хемотерапијата го убива ракот заедно со пациентот и за да ги охрабри сите кои се заболени од некаков вид на рак да не се плашат да зборуваат и за жал лекот за сега сè уште можат да го најдат само на црниот пазар, или нелегално да си го прават сами. Таа исто така сака да им помогне на сите во иста или слична ситуација како нејзината и да ги охрабри да започнат јавно да зборуваат и да бараат промена од властите преку масовни протести, затоа што само така сплотени заедно ќе можеме побрзо да го ослободиме овој природен лек и да го направиме лесно достапен за секого. Наташа несвесно се согласи на две хемотерапии и свесно ја одби третата (превентивна) хемотерапија и својата дијагноза успешно самостојно ја третираше со екстракт од канабис. Нејзините најнови резултати потврдуваат дека канабисот навистина го убива ракот и го уби нејзиниот рак на крв. Веќе два месеца Наташа не зема масло поради тоа што состојбата и е стабилизирана, резултатите сега ѝ се добри и таа сега се чувствува добро и без маслото.


420 Macedonia: Како дозна дека си болна и кога ја доби својата дијагноза? Што ти рекоа докторите и како тие сакаа да те лекуваат?

Наташа: Јас пред да дознаам дека сум болна, се чувавстував омалаксана, поспана, уморна, бледа, изнемоштена. Затоа отидов на рутинска контрола во лабораторија за да ја испитам крвта и кога ги добив резултатите сите вредности на лабораторискиот извештај беа на најниско ниво. Со тој резултат отидов на хематологија, бидејќи немав друг избор и кога и таму ми ја проверија крвната слика и вторите резултати само ги потврдија првичните наоди. Веднаш ме задржаа на одделение, каде што најпрво ми дадоа две ќеси крв за да застанам на нозе. Другиот ден ми направија стерилна пункција на коскената срж и по еден ден од испитувањето на коскената срцевина, дијагнозата беше акутна миелоцитна леукемија (Acute myeloid leukemia). Кога бев известена за тоа јас не знаев што да правам, бев во транс, тотално избезумена и морав да се согласам да ја примам хемотерапијата бидејќи не знаев што друго да направам. Ми падна целата коса, тоа беше страшно... Не можев да се препознаам, не можев да станам од кревет. 


Наташа за време на хемотерапија
420 Macedonia: Како и кога дозна за канабисот и дека маслото лекува рак? Какво беше твоето првично мислење за канабисот и кога прв пат во својот живот си имала контакт со оваа билка? 

Наташа: Порано бев скептик и не верував дека канабисот има таква моќ, па дури и бев против, не ги оправдував корисниците на канабис, ги осудував младите што користат канабис. Не бев соодветно информирана и никогаш не мислев дека навистина може да помогне и да спаси човечки животи и никогаш не помислував дека мене ќе ми биде потребен и дека ќе ми помогне. Но, сега повеќе не мислам како порано. Во текот на самата хемотерапија, додека ја примав – пребарував на интернет за алтернативни решенија против ракот и така дознав за канабисот. 


420 Macedonia: Како изгледаше твоето патешествие во потрагата по квалитетно масло од канабис со висок процент на THC, какво што е потребно за лекување на рак?

Наташа: Се зачленив во групата Зелена Алтернатива и самите активисти од тоа здружение ми понудија да користам домашно изработено масло од канабис преку црниот пазар, понатаму сама се снаоѓав како знаев и умеев, многу беше стресно и напорно. Сметам дека да знаев порано за овој лек, би можела да ѝ помогнам и на мојата мајка, која почина во 2010 година од два разчлични вида на карцином и тоа на плуќа и карцином на бубрег.


420 Macedonia: Како понатаму изгледаше твоето лекување? Кога започна да користиш екстракт од канабис? Дали го користеше разреденото масло од аптека или користеше концентриран екстракт од црниот пазар? 

Наташа: Откако ја примив првата хемотерапија којашто траеше 23 дена во болница, потоа ми дадоа 10 дена пауза и јас само што стигнав дома, веднаш го порачав маслото од црниот пазар и го консумирав 3 пати на ден со доза од половина зрно ориз во текот на наредните пет дена, а потоа ја зголемив дозата на цело зрно ориз канабисово масло. По само 10 дена користење на маслото – (околу 3 кубика), кога се појавив во болница за втората хемотерапија, повторно ми беше направена стерилна пункција на коскената срж, од којашто резултатите само потврдија дека болеста е повлечена. 



420 Macedonia: Што ти понудија докторите превентивно, откако твојата состојба се подобри со канабисовото масло? Дали тие поверуваа во моќта на маслото?  

Наташа: Докторите од опасност повторно да не ми се врати заболувањето и за да нема остатоци од малигни клетки во организмот, ми понудија уште една превентивна хемотерапија, којашто ужансо ја поминав и имав страшни негативни последици врз целокупната благосостојба. Тие не веруваа дека маслото ме излечи, тие сугерираа дека сум подобра благодарение на примените хемотерапии. Со крајни сили и со помош на Бог ја издржав и преживеав втората хемотерапија и кога си дојдов дома со моето семејство одлучивме повеќе да не се враќам на хемотерапија и да си продолжам да се лекувам со маслото од канабис од црниот пазар. 


420 Macedonia: Дали ти беше вршен притисок да прифатиш хемотерапија/радијација и дали ти беше вршен некаков притисок да не започнеш со канабис терапија? 

Наташа: Не бев принудена за да прифатрам хемо, меѓутоа немав понудено никакви други опции. Јас дознав за канабисот после првата хемотерапија. Не ми беше вршен притисок, туку хемото ми беше претставено како единствено исправно и најдобро за мене решение и пресреќна сум што се освестив на време, благодарение на Бога и канабисот.


420 Macedonia: По двете примени хемотерапии дали продолжи со овие хипер токсични третмани кои го доведуваат телото на пациентот до раб на смрт, во надеж дека ракот ќе умре пред пациентот и кои најчесто завршуваат фатално. Нажалост тоа им се нуди како единствено и неизбежно решение?

Наташа: Откако јас завршив со втората хемотерапија, ме пуштија од болница со многу ниски вредности на крвната слика, премногу изнемоштена, се чувствував како да го губам животот. По втората ми дадоа наредна пауза од 2 недели и потоа јас на третата повеќе не се појавив. Месецот јануари го поминав многу тешко, бидејќи навистина не можев брзо да дојдам на себе од хемотерапијата којашто само ги поништи до тогаш постигнатите позитивни резултати од употребата на маслото. Кога некој зема хемотерапија, потребно е да се земе двојно, па дури и тројно повеќе масло, затоа што маслото не само што треба да се бори со болеста, туку и со токсичноста на хемотерапијата. Кога на 8 февруари се појавив на хематологија јас повторно, по мое барање сакав да ми администрираат крв. Бев одбиена бидејќи јас ја одбив свесно третатата хемотерапија и докторот беше лут. Ми нудеше повторно да легнам во болнички кревет, па тие ќе се погрижеле за мене, тогаш ќе ми дале и хемо и крв и сè што ми е потребно... Јас не се согласив, поради тоа што ми беа фрлени во лице моите болнички документи и морав да ја напуштам болницата разочарана. 


420 Macedonia: Екстрактите од канабис кои лекуваат канцер за жал сè уште ги нема по аптеките...  Дали лесно се стигнува до квалитетен лек? Или можеби си го подготвуваше сама?

Наташа: Од моето искуство и од искуствата на другите македонски пациенти што се лекуваат со масло, кои ги запознав за време на ова мое патешествие, можам да потврдам дека тешко се доаѓа до квалитетно и соодветно потентно канабисово масло, поради тоа што луѓето не се доволно информирани. Покрај тоа што јавното мислење за важноста на оваа билка е многу подобрено од пред неколку години, сепак уште владее стигмата и сите сè уште се плашат. Луѓето се информирани за маслата што ги има по аптеките, а кои не можат многу да им помогнат на пациентите со канцер и сметам дека сè уште се зборува премалку јавно и отворено за виситната за канабисот и за концентрираните екстракти какви што јас користев. Дилерите заработуваат на маката од полуживите пациенти. Тоа мора да се промени!


420 Macedonia: Како го користеше екстрактот од канабис и како го дозираше? Орално или преку супозитории? Како се чувствуваше на почетокот додека твоето тело се навикнуваше на маслото? Дали сè уште примаш доза за одржување? Дали стана зависна од канабисот?

Наташа: Маслото го земав најпрво преку уста и тоа првите 3 кубика, а потоа продолжив со супозитории кои сама си ги подготвував. Постепено соодветно ја зголемував дозата според препораките на Рик Симпсон. Додека се навикнав на маслото првите 3-4 дена имав сонливост и зголемен апетит за јадење и малку повеќе од вообичаено бев расположена, насмеана и имав душевен мир. Се чувствував нормално, многу природно и убаво и не почувствував никакви несакани споредни ефекти од земањето на овој природен лек. Јас маслото не го користам веќе два месеци и живеам најнормално, па дури и се чувствувам подобро и поздрава од пред болеста. Најважно да напоменам е тоа дека не сум зависна од маслото, не чувствувам потреба дека морам да го земам – тоа е потврда дека е целосно безопасен лек од кој не може човек опасно да се предозира и да си наштети и секој може да се излечи или барем да ја подобри својата состојба или контролира со правилна употреба на екстрактите. Ако ми е потребно планирам и понатаму во животот со задоволство да го користам овој природен лек. 


420 Macedonia: Дали ти беше пријатно лекувањето со смолата од канабис?

Наташа: Лекувањето со канабис ми беше многу лесно, едноставно и забавно, јас не ни чувствував воопшто дека сум на некаква терапија, само морав да внимавам да не ги прескокнам дозите. Во живот ме држеше мислата дека не сакам моите деца да останат без мајка. Маслото од канабис ми даде втор живот.


420 Macedonia: Каква беше реакцијата на твојот онколог и на другите доктори откако одлучи да одбиеш хемотерапија и дека ќе почнеш со масло и какви беа нивните реакции откако му ги покажа најновите резултати, по започнувањето со масло од канабис?

Наташа: Мојот доктор ми рече дека тоа е џабе фрлање на пари и дека не постои откриен подобар лек од хемо за канцер и дека никој не успеал да се излечи од рак. Кога пред два-три дена се сретнав со медицинско лице вработено на хематологија, не можеше да поверува дека сè уште сум жива без хемотерапија!


420 Macedonia: Какви други алтернативни терапии користеше за време на лекувањето? Како се хранеше? Дали напоредно со терапијата со масло можеби користеше канабис и на други начини? Какви и како, колку често? 

Наташа: Внимавав повеќе на исхраната. Не јадев благо, не пиев газирано, пиев многу домашен сок од аронија, цвекло, јаболко, морков, мед и ѓумбир. Специјални мешавини од чаеви конкретно за мојата дијагноза. Не јадев пржено, повеќе бев на салати. Консумирав сода бикарбона со лимон за чистење (детоксикација) на токсините од хемотерапијата. 


420 Macedonia: Дали мислиш дека сè уште би била тука со нас да прифатеше хемотерапија и како сега ти гледаш на оваа Света Божја лековита билка? Дали имаше поддршка од семејството и пријателите?

Наташа: Поддршка имав најмногу од моето семејство, а најмногу мојот сопруг. Тој исто така поради јаки болки во грбот примаше масло со голем успех. Блиските ми забрануваа да продолжам со хемото. Мислам дека ако ја земев третата хемотерапија, јас чувствувам дека ќе бев почината и немаше сега да можам да одговорам на вашиве прашања. Сега на канабисот гледам дека тој е БЛАГОСОСТОЈБА. Фала му на Господ што моите пријатели што се на висока функција ми помогнаа да разговараат со докторот, па така докторот омекна и дозволи да ми биде дадена крв, по два дена молење. Од 10 февруари, па сè до средината на април го примав маслото и кога направив крвна слика на 29 мај резултатите беа хемоглобин 123; тромбоцити 108; електроцити 3,7; леукоцити 3,2; железо 26,5 – тоа се фантастични резултати кои потврдуваат дека канабисот ме излечи, а не хемотерапијата на докторот. 


Здрава и права со канабис!
420 Macedonia: Дали сметаш дека и здравите луѓе пожелно е да користат канабис превентивно?

Наташа: Да! На сите им го препорачувам канабисот. За спречување на настинки, вируси, болки, го сметам како превентивен лек за секакви шок состојби во телото, може да се користи како лек за главоболки, депресија, анксиозност, нервни растросјтва и тие дози за поревенција може да бидат и многу мали и воопшто да не се чувствуваат. Како што веќе споменав погоре, на канабисот гледам како на благосостојба за секој човек што страда од било која дијагноза. Канабисот не лекува само рак, туку и многу други болести и состојби како: рани, аутизам, епилепсија, болки, дијабет, глауком... и многу други. Секогаш прво вреди да се проба на природен начин. Секогаш прво вреди да се проба со канабис, бидејќи е безопасен.


420 Macedonia: Како според тебе треба канабисот да биде регулиран или можеби воопшто не треба да биде регулиран? 

Наташа: Ја замолувам јавноста и власта, за малигни заболувања за деца и возрасни целосниот екстракт од широкиот спектар на канабиноиди, терпини и флавоноиди, со висок процент како на ТХЦ, така и на ЦБД, да е целосно бесплатен. За сите останати помалку сериозни состојби и за превенција, цената сметам дека треба да биде симболична за секој да може да си го дозволи и да има лесен пристап до овој лек. Па, нели секој човек заслужува да биде здрав, особено кога станува збор за лекување на природен начин, кое никому не може да му наштети, ниту пак некого на било каков начин да го загрози.


420 Macedonia: Какво е твоето мислење за нашето движење 420 Macedonia, за нашата страница, за целокупната наша дејност и сите активности што до сега сме ги реализирале и дали тебе ти бевме од помош? 

Наташа: Страницата е супер, одлична, пресреќна сум што на светов уште постојат млади луѓе како вас, кои ова го прават со најискрено срце, волонтерски без никаков надомест, само за подобро утре на сите нас. Пресреќна сум што ми дадовте можност да ја споделам со сите мојава животна приказна за канабисот и ракот и благодарна сум им на сите луѓе кои работат на оваа страница и им порачувам да продолжат да информираат и да го прават тоа што го прават. Господ нека ви дава здравје, мотивација и сила и нека ве чува.

Наташа со сопругот <3

420 Macedonia: Што ќе ги советуваш нашите читатели? Како побрзо да го ослободиме овој лек? Што според тебе секој индивидуално треба да (на)прави? Збор-два за крај...


Наташа: Ги повикувам сите да излезат јавно да протестираат на улица за да се избориме за нашите права! Оваа проблематика ги засега сите, затоа што сите имаме ендоканабиноиден систем и на сите ни е потребен овој лек, без разлика дали сме здрави или болни и всушност секој од нас е потенцијален болен. Станува збор за сите нас, за нашата иднина и за иднината на нашите деца, на целото човештво! Се пријавувам да бидам во првите редови на четата за ослободување на конопот :) Ги охрабрувам сите да ја раскажат својата приказна на вашата страница, да ги споделуваат корисните информации што секојдневно и неуморно ги пласирате и да прават сè што сметаат дека знаат и умеат и можат за да допринесат кон побрза декриминализација на овој лек. Јас сум жив пример дека канабисот е лек за ракот, уште колку луѓе треба да страдаат додека не се ослободи овој лек?

Маката ги спојува луѓето! Нелегално излечените Катерина Алексиеска и Наташа Додевска на јавната дебата за канабис на 24 јуни во градскиот парк под името „1.000 зошто 1.001 затоа“