Showing posts with label мигрена. Show all posts
Showing posts with label мигрена. Show all posts

Friday, November 10, 2017

Жена излечена од ишијас за неколку часа користејќи масло од канабис!

Жена која поминала 13 години во страшни болки  вели дека е излечена благодарение на маслото од канабис коешто го нарачала преку интернет. Бренда Дејвидсон вели дека болката изчезнала од употреба на маслото од канабис што е законски достапно бидејќи не содржи THC. Еден ден откако ја пробала својата прва капка масло, таа рече: „не можам да верувам во ова, јас не чувствувам никаква болка

Brenda Davidson
Бренда Дејвидсон (Brenda Davidson) од Кирквал, Оркни која има 55 години, вели: „Мојата фризерка има направено многу истражувања за маслото од канабис и рече ми дека нејзината мајка почувствувала огромни резултати“. Таа ставаше три капки под јазикот на нејзината мајка и таа реагираше многу позитивно на тоа. Планира да престане да ги зема конвенционалните таблети, откако ќе биде уверена дека маслото од канабис ќе продолжи да делува.

Бренда сепак и покрај убедувањата од пријателката беше скептична, но мислеше дека нема што да изгуби ако го проба маслото од канабис. Маслото од канабис е една од најбезбедните супстанци за човекот и околината, воопшто не е токсичен. Таа првата нарачка на масло од канабис ја направила преку интернет. Првично, Бренда се одлучила за поевтин производ, кој не и делувал, па затоа ја пробала фирмата CBD Brothers, која ѝ била препорачана од нејзината фризерка.

Тоа го платив 54 фунти за шише од 10 мл, но ми траеше шест до осум недели. Се сеќавам дека беше сабота кога маслото пристигна дома, па јас го пробав, а потоа повторно во недела, но не бев до понеделник на работа. Не можам да верувам во ова, јас не чувствувам никаква болка!“. Како поранешен асистент за кафетерија, Бренда беше на нозе подолго време во текот на денот и честопати имаше страшни болки. Таа страдаше од несоница и се обидуваше да ја скрие агонизирачката болка најдобро што можеше од блиското семејство, но не можеше да се движи многу - сега веќе тоа не е проблем, откако го зема маслото.

54£ за 10мл кои ѝ траеле скоро 2 месеци!
Дали маслото од канабис што го користи Бренда е нелегално?
Веб-страницата на CBD Brothers објасни дека маслото од канабидиол е додаток во исхраната од канабис, кој поседува голем број лековити придобивки кои им помагаат најмногу на луѓето со следниве состојби: рак, епилепсија, ревматизам, мигрена, псоријаза, дијабетес, анксиозност, акни, депресија, гадење, невропатска болка и многу други, тврдат тие.

Од особена важност да се напомене е тоа дека ова масло воопшто не содржи THC, психоактивната компонента од канабисот. Со други зборови, CBD не ве возвишува. Од минатата година е легално да се купи во Велика Британија, откако владината Агенција за лекови и здравствени производи (MHPR) ја одобри употребата како лек под лиценца. Канабидиолот или ЦБД е еден од повеќе од над 100-те познати канабиноиди, природни состојки кои ги содржи растението марихуана. Извлечени од растението како масло богато со минерали, вообичаено се флашира со капење - но, исто така можете да се произведе во форма на гума за џвакање, сапун или како масло за е-цигари. Тоа нема никакви несакани ефекти, ниту, пак, создава зависност, тврдат од CBD Brothers. Сепак, исто така треба да се истакне дека екстрактите со изолирани канабионоиди ја немаат лековитата моќ како екстрактите од целото растение канабис, затоа што делуваат синергично.


Пред да проба да се лекува со канабис, лекарите Бренда сакаа да ја претворат во „легален нарко зависник со препишување на сè појаки синтетички апчиња, кои не ѝ помагаа на госпоѓава. „Само земав лекови против болки во тоа време и отидов на лекар кога се вратив дома. Повторно ми даде лекови против болки и отидоов на рентген, но ништо не се појави. Стигнав до точка кадешто повеќе не можев да шетам кучето. Јас бев во толку големи болки и само ќе си дојдев дома и ќе плачев. Бев на различни лекови против болки во текот на годините и ме ставија на физио (терапија), но тоа навистина не помогна“. Бренда и нејзиниот сопруг Рејмонд, неодамна се преселија во Најн - тоа им беше амбиција долго време -  таа беше во можност да ужива, повторно ослободена од болка. 

Маслото е најевтино и најдобро во секој поглед да се прави дома
Зошто да се труете со апчиња, кога болките може да ги решите со само една капка екстракт од билката канабис! „Ако почувствувам и најмала болка само земам уште една капка во чајот и повторно е сè во ред - навистина не верував дека ќе делува, но навистина делува. Националното здравство дефинитивно треба да поработи на обезбедување на рецепт на масло од канабис - сигурно тоа ќе биде поефтино и за нив, отколку давање на сите овие рецепти за лекови против болки“ - истакнува изреволтираната Бренда. „Заедно, тоа се најдобрите 54£ (3.750 ден) што некогаш сум ги потрошила!“  - додава таа.

Маслото од канабис не е одобрено од шкотскиот медицински конзорциум за употреба на здравствениот систем во Шкотска, па затоа не е генерално достапно. Сепак, пациентите можат да направат посебни барања за било кој лек кој не е одобрен од страна на Scottish Medicines Consortium. Ова мора да биде потпишано од страна на нивниот лекар или консултант, а потоа се разгледува од панел на релевантни експерти. Кристофер Николсон (Christopher Nicolson), директор на фармацијата во NHS Orkney, рече: „Маслото од канабис сè уште не се смета дека е за употреба во Шкотска од страна на шкотскиот медицински конзорциум, па затоа сè уште не е достапно на рецепт. Сепак, општо земено, постои опција лекарите да поднесат барање ако сакаат да го препишат производот. Ова подразбира поднесување барање до канцеларијата на Медицинскиот директор. NHS Orkney тогаш ќе го разгледа барањето и ќе земе стручен совет пред кој било договор за финансирање на третманот.

Автор: Кристина Т.
Извор: METRO 

Friday, August 25, 2017

Мики од Скопје самостојно ја подеби мигрената и епи-нападите со масло од канабис и на сите им го препорачува овој природен лек

Мики од Скопје е дваесет и пет годишно момче кое со редовна употреба на канабис успешно се избори против неколку здравствени состојби коишто го мачеа уште од раното детство, а за кои конвенционалната медицина сè уште нема решение. Мики најпрво канабис започна да користи по пат на пушење и забележал дека има подобрувања во неговата целокупна здравствена состојба, за што лекарите не веруваа. Со употреба на масло од канабис кое самиот си го подготвувал, успеал да ги надмине засекогаш хроничните болки во неговиот лев колк, којшто му бил опериран во раното детство, поради тоа што ногата му била искривена и не можел да гази правилно. Сега Мики гази правилно и нема повеќе болки, а маслото му помогна исто така да ја победи хроничната мигрена којашто му се има појавено од голема повреда на главата, но и како последица од претрпената операција на колкот. Лековите коишто лекарите му ги препишуваа за главоболките му причинуваа само потешкотии во дишењето и несоница, а не му помагаа воопшто. Сега тој потполно ослободен од болките, тврди дека кај матичниот лекар оди еднаш на две години само за да си поразговараат за канабисот. Мики тврди дека неговиот имунитет е значително зајакнат, откако редовно консумира канабис и екстракти од оваа најлековита билка


Мики од Скопје
420 Macedonia: Кога прв пат започна да консумираш канабис. Раскажи ни повеќе за тоа твое искуство.

Мики: Првиот пат ми беше во осмо одделение. Бев со еден другар на фестивал во странство и таму имаше многу гужва. Повлеков два пати од бонг и оденаш почувствував дека се активира некоја друга страна во мене. Беше прекрасно, но морам да признаам дека ми беше и малку параноично. Мислев дека службените лица ќе ме забележат дека ми се црвени очите и дека ќе ме уапсат поради тоа. Па, се криев во гужвата кога ќе ги видев, како на филм. Ми стана интересно и сакав да пробам пак. После некое време паранојата од консумирањето канабис тотално исчезна и остана само убавиот ефект.


420 Macedonia: Кога и како забележа дека тебе канабисот ти помага?

Мики: Во прва година средно почнав да имам епилептични напади еднаш на два месеци. Тогаш сè уште не бев редовен консумент на канабис, а бев консумент на одредени фармацевтски лекови за депресија. Сфатив дека тие лекови не ми помагаат и не бев сигурен дали нападите ми се предизвикани од тие лекови, но сигурен бев дека треба да се обидам со канабис, бидејќи во тоа време случајно прочитав за лековитите својства на канабисот. Откако редовно почнав да консумирам канабис, епилептичните напади повеќе не ми се појавуваат, особено откако започнав да си земам по малку масло кое самиот научив да си го подготвувам од видеата на Рик Симпсон на Youtube. Нападите знаеја да ми се појавуваат наутро кога чекав автобус за на работа и знаеја да ми се појават кога ќе испиев две чашки пиво, но сега тоа е веќе минато.


420 Macedonia: Објасни како ја победи својата хронична мигрена со помош на канабис?

Мики: Како мал бев опериран на левата нога и на колкот. Требаше да ги извадам плочките и штрафовите уште на мои 14 - 15 години, но јас не го направив тоа. После на моите 20-ти години почнав да имам силни болки во главата и во левата нога и тоа не само на промена на времето. На 23 годишна возраст имав лошо искуство со полициски службеници Алфи и добив неколку јаки трауматски удари во главата. Ми беше извршен случаен претрес на јавно место и покрај тоа што претресот заврши службените лица и понатаму беа уверени дека јас поседувам марихуана во мене. Не ми беше најдено нишно и за да им докажам дека не се во право им се соблеков гол на улица и започнаа физички да ме напаѓаат само во главата. Таа случка ми предизвика несоници поради незапирливите внатрешни болки во главата и тоа траеше можеби и повеќе од година, додека не започнав редовно да го консумирам маслото. Значи јас со маслото конечно се ослободив од епи-нападите и болките во главата со еден замав. 


420 Macedonia: Покрај маслото дали и колку често пушиш канабис? Како го дозираше маслото? Дали сè уште земаш доза од маслото за одржување?

Мики: Од маслото на почетокот консумирав многу малку, по две зрна на два дена. Тогаш уште не ми беа познати шемите за дозирање, кои сега се лесно достапни на Интернет. Додека го земав маслото, јас исто така си консумирав канабис во форма на џоинт, затоа што бев во такво друштво од мојот првичен контакт со марихуаната и имав лесен пристап до оваа билка. До ден денес си консумирам да се каже редовно канабис по пат на пушење и тоа по 1-2 џоинти во денот, а некогаш и повеќе, а канабисово масло си земам по три зрна масло на два дена, затоа што повеќе немам толкава потреба од истото и тоа го правам превентивно.


420 Macedonia: Како лекарите реагираа на твојата своеволна канабис терапија?

Мики: Мојот матичен лекар доволно ме знае, па затоа и не се обидува да ми препише некаков фармацевтски лек. Но, кога му отидов за мојата реума и болките во главата и нозете, тој ме препрати да се видам со специјалист невролог. Неврологот беше тотално неупатен за канабис. Многу беше и млад и непрофесионален. Кога ме праша дали консумирам канабис ми кажа дека тоа прашање е на пријателска база, а јас му поверував и му потврдив. Потоа мојата изјава тој ја запишал во лекарскиот извештај, дека мојата состојба е предизвикана од канабис, сè со цел за да го оцрни канабисот и мене лично и за да ја збогати фармецевтската мафија. Ми беа препиршани лекови коишто можат да предизвикаат кома и ми рече да ги пијам редовно. Фактички лекарот сакаше да ме убие со редовна доза од цела шака апчиња секој ден... Бев оставен со една опција, а таа ми беше канабисот. Оттогаш ги презирам лекарите и службените лица.


Лекарски извештај заснован на лаги! КЛИКНИ НА СЛИКАТА!
420 Macedonia: Која е твојата омилена врста на канабис?

Мики: АК - 47 којашто прв пат ја пробав во Детроит и оттогаш не сум ја пробал повторно. А најомилена врста за правење масло ми е хибрид, индика. Од моето искуство сум заклучил дека сите масла подготвени по методата на Рим Симпсон се добри, а најдобри се оние од повеќе измешани врсти, особено индики.


420 Macedonia: Како побрзо и целосно да го ослободиме овој лек во буквална смисла на зборот? Како да биде лесно достапен и евтин, особено за болните деца?

Мики: Со масовен притисок од јавноста кон институциите што се залагаат за „доброто“ на граѓаните. Луѓето да не се плашат јавно да зборуваат, бидејќи зборот железни врати отвара и станува збор за нивното здравје и животи и иднината на следните генерации. Во странските земји канабисот успеа да се легализира - декриминализира од притисокот на јавноста. Затоа ги повикувам сите што побрзо да се приклучат во секое масовно сенародно движење за ослобдување на канабисот!


420 Macedonia: Твој совет до јавноста...

Мики: Колку и да звучи смешно или нереално, канабисот ја лекува секоја болест во ордедени колиличини, индивидуално. Затоа на сите топло им препорачувам кога ќе заболат од некоја болест, најпрво да пробаат да се лекуваат со канабис, наместо со фармацевтски лекови, а за да не заболат вреди да пробаат да консумираат канабис превентивно ;)



Раскажи ја и ти својата канабис приказна за побрзо да го ослободиме овој природен и безопазен лек кој животи спасува!!!