Showing posts with label болка. Show all posts
Showing posts with label болка. Show all posts

Saturday, August 8, 2020

Студија: Употребата на канабис има опиоидни ефекти кај пациентите со болки

Дополнителната употреба на канабис е поврзана со намалување на употребата на опијати и помалку итни интервенции од страна на брза помош, кај пациенти со болка што не е поврзана со карцином - тврдат наодите од прегледот на литературата објавена во списанието „Системски прегледи“ (Systemic Reviews)


Тим истражувачи поврзани со Универзитетот во Аризона, Мел и Енид Цукерман Школата за јавно здравје (Mel and Enid Zuckerman School of Public Health), анализирал податоци од девет студии во кои учествувале 7.222 учесници со хронична болка што не била предизвикана поради карцином. Авторите идентификуваа „многу зголемено намалување на дозирањето со опиоиди, намалена посета во собите за брза помош и приеми во болници поради хронична болка од страна на корисниците на медицински канабис, споредено со луѓе без дополнителна употреба на медицински канабис. Имаше 64 до 75 проценти намалување на дозата на опиоиди за корисници на медицински канабис и целосно прекинување на употребата на опиоиди за хронична (некарциномска) болка за 32 до 59 проценти кај корисниците на медицински канабис, во споредба со пациенти без дополнителна употреба на медицински канабис“.

Наодите се во согласност со оние од неколку претходни студии кои заклучуваат дека пациентите со болка, запишани во државните спонзорирани програми за пристап до канабис, обично ја намалуваат или елиминираат нивната употреба на опиоиди со текот на времето. Авторите заклучиле: „Со оглед на тековната епидемија од опијати во САД и препознаените аналгетски својства на медицинскиот канабис, тој може да послужи како одржлива опција за да се постигне намалување на дозата на опиоиди во управувањето со хронична болка непредизвикана од карцином“. Дополнителни информации се достапни од NORML Fact Sheet: „Односот помеѓу марихуаната и опиоидите“.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Yesweekly

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Thursday, March 21, 2019

Ендоканабиноидниот дефицит води кон фибромијалгија и други дијагнози - вели науката

Повеќебројните симптоми на фибромијалгија може да бидат предизвикани од дефицит во ендоканабиноидниот систем. Додавањето канабиноиди во телото преку употреба на канабис може да помогне да се врати овој систем во баланс. Способноста да се тестираат ендоканабиноидните нивоа кај пациентите со фибромијалгија и да се споредат со оние на здравите контролни групи, би помогнала да се потврди теоријата за клинички ендоканабиноиден дефицит


Фибро вклучува различни симптоми
Фибромијалгија претставува појава на хронична, широкораспространета болка и алодинија (зголемен и болен одговор на притисок). Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки фактори и фактори од околината. Симптомите на фибромијалгија не се ограничени само на болка, туку вклучуваат и сериозен замор, нарушување на сонот и намалена зглобна подвижност. Заради овие особености во употреба е и називот синдром на фибромијалгија. Лошиот стил на живеење во кој спаѓа пушење тутун, прекумерна тежина и недостиг на физичка активност, може да го зголеми ризикот за појава и равој на фибромијалгија.


Функцијата на ендогените канабиноиди

Во 2014 година анкета спроведена врз повеќе од 1.300 пациенти со фибромијалгија од страна на американската National Pain Foundation и Националниот извештај за болка (National Pain Report) покажа дека медицинската марихуана е поефикасна од: Lyrica, Cymbalta или Savella, трите лекови одобрени од страна на Управата за храна и лекови (FDA) за лекување на нарушувањето. Ефикасноста на тие три фармацевтски лекови е дискутабилна, бидејќи пациентите ја потврдуваат нивната неефикасност. Постојат растечки (не само анегдотски) докази дека марихуаната ја ублажува болката од фибромијалгија, но потребни се повеќе истражувања на оваа тема. Нелегалноста на канабисот им отежнува на истражувачите да ги проучуваат својствата на растението за олеснување на болките. Досегашните студии покажуваат дека канабисот и неговите деривати се корисни, особено за олеснување на акутните и хронични болки.


Д-р Итан Русо го поддржува медицинскиот канабис!
Но, зошто се чини дека канабисот функционира толку добро? Д-р Итан Русо (Ethan Russo), медицински директор на PHYTECS, смета дека повеќебројните симптоми на фибромијалгија може да бидат предизвикани од дефицит во ендоканабиноидниот систем на организмот (ECS), состојба што ја нарекува клинички ендоканабиноиден дефицит (Clinical Endocannabinoid Deficiency - CED). Причината зошто канабисот е толку ефикасен е затоа што тој едноставно го надоместува она што му е потребно на телото. Кога имаме недостаток од нашите сопствени ендоканабиноиди, треба да внесуваме канабиноиди. Ова може да се спореди со недостатокот на витамини и минерали во нашето тело, па луѓето земаат додатоци во исхраната за надоместување на тој дефицит, на пример на витамин Д или Б12.


Д-р Русо ги истражува доказите за поткрепа на неговата хипотеза, објавени во преглед насловен: „Клинички ендоканабиноиден дефицит кој се преиспитува: тековните истражувања ја поддржуваат теоријата кај мигрена, фибромијалгија, синдром на иритабилни црева и други синдроми отпорни на третман“ (Clinical Endocannabinoid Deficiency Reconsidered: Current Research Supports the Theory in Migraine, Fibromyalgia, Irritable Bowel and other Treatment-Resistant Syndromes). Додека неговата идеја сè уште е теоретска, има некои рани истражувања кои покажуваат дека овој научник е во право. Ендоканабиноидниот систем е составен од канабиноидни рецептори во мозокот, 'рбетниот мозок, нервите, цревата, органите и другите ткива во телото. Погледнете ги видеата на крајот од оваа статија, коишто претставуваат снимки од неговите предавања и семинари, кадешто многу убаво ги објаснува механизмите на дејствување на канабисот во нашите тела.


Дефицитот во ЕКС е причина за фибромијалгија
ЕКС му помага на телото да одржува хомеостаза и е вклучен во голем број физиолошки процеси, меѓу кои и сензација на болка, расположение, метаболизам, меморија и апетит, меѓу другите. Телото природно ги создава ендоканабиноидите - ист вид на активни соединенија пронајдени во канабисот - кои го хранат ендоканабиноидниот систем и го одржуваат неговото најоптимално функционирање. Фибромиалгијата предизвикува разни видови на симптоми низ телото, при што основните се: болки, замор, когнитивни проблеми и тешкотии во спиењето. Одредени други пропратни состојби, како синдром на иритабилни црева (IBS) и мигрена, се многу чести кај лицата со фибромијалгија - толку многу што д-р Русо верува дека сите може да бидат поврзани со недостаток во ендоканабиноидниот систем.


Неговата теорија има смисла. ЕКС игра клучна улога во толку многу од главните системи на телото, па ако навистина е дефектен, тоа би било одговор зошто пациентите со фибро имаат такви различни симптоми. Дополнувањето на ECS со канабиноидите од растението канабис, во теорија, ќе ги ублажи симптомите, бидејќи недостатокот се надоместува. Д-р Русо претпоставуваше дека фибромијалгијата, ИБС и мигрената може да бидат предизвикани од недостаток во ЕКС уште во 2001 година. Неговиот последен преглед дава ажурирање за новото истражување кое го поддржува недостатокот на ЕКС како можен виновник за фибромијалгија, IBS и мигрена. „Дополнителни студии обезбедија поцврста основа за теоријата“ - пишува тој во прегледот - „додека клиничките податоци, исто така, произведоа докази за намалена болка, подобрено спиење и други бенефиции за третман со канабиноиди и придружни пристапи кај животниот стил кои влијаат на ендоканабиноидниот систем“ - додава д-р Русо. Клиничкиот ендоканабиноиден дефицит се базира на претпоставката дека многу нарушувања во мозокот се поврзани со недостатоците кај невротрансмитерите. На пример, допаминот е вмешан кај Паркинсоновата болест, а серотонинот и норепинефринот се поврзани со депресијата.


Ослободи се од болките
Ако е намалена ендоканабиноидната функција, следи дека намален праг на болка ќе биде оперативен, заедно со нарушувања на варењето, расположението и спиењето, помеѓу речиси универзалните физиолошки системи кои ги опслужува ЕКС“ - пишува Русо. Во суштина тоа значи дека ако ECS не работи правилно, тогаш тоа може да биде одговорно за болката, спиењето, дигестивните и други проблеми, толку чести кај пациентите со фибромијалгија. Додавањето фитоканабиноиди во телото преку употреба на канабис може да помогне да се врати ECS во баланс. „Тоа е клуч и брава во вашето тело кои постојат со причина“ - објаснува д-р Јахан Марку (Jahan Marcu), главен научник од Americans for Safe Access. „Ние испраќаме канабиноиди за активирање на овој систем кој би требало да работи. Тоа е вид на грижа за и хранење на ECS за да може да ја заврши својата работа“ - додава тој. 


Најдобар доказ за CED доаѓа од италијанската студија за мигрена, која покажала намалени нивоа на ендоканабиноид познат како анандамид, кај пациенти со хронични мигрени, наспроти здравите контролни (испитаници). „Редуцираните нивоа на анандамид во цереброспиналната течност кај хроничните пациенти со мигрена ја поддржуваат хипотезата за неуспехот на овој ендоген канабиоиден систем кај хроничната мигрена“ - се вели во студијата. За жал, италијанската студија веројатно никогаш нема да се повтори во САД, бидејќи бараше ризични и инвазивни лумбарни пункции. Во цревата, ECS го модулира движењето на храната долж дигестивниот тракт, го регулира ослободувањето на дигестивните сокови за да се разложи храната и ги третира воспаленијата.


Наместо неефикасните лекови...
Канабисот долго време се користи за лекување на проблеми со дигестијата и беше еден од првите ефективни третмани за дијареа предизвикани од колера во 19-тиот век. „За жал, додека многу анкети од пациентите ја потврдуваат користа од канабиноидниот третман за симптомите на ИБС, а изобилната анегдотска поддршка е евидентна на Интернет, малку вистинска клиничка работа е постигната“ - пишува д-р Русо. Неколку студии со употреба на марихуана за фибромијалгија имале позитивни резултати. Генерално, марихуаната се покажа добра за намалување на болката и анксиозноста и подобрување на спиењето и општата благосостојба. „Всушност постојат докази дека нивоата на барем еден ендоканабиноид (анандамид) се зголемува во циркулацијата кај пациентите со фибромијалгија“ - вели проф. Роџер Џи Пертви (Roger G. Pertwee) од Универзитетот Абердин во Шкотска.


Исто така, постојат значителни докази дека анандамидот често се ослободува на начин кој ги намалува несаканите симптоми како што се болката и спастичноста кај одредени нарушувања. ... Општо е прифатено дека ТХЦ, главната психоактивна состојка во канабисот, може да ја ублажи болката, вклучително и невропатската болка, на пример, преку директно активирање на канабиноидните рецептори. ... Некои не-психоактивни состојки од канабисот, исто така, откриено е дека ги ублажуваат знаците на болка, барем кај животинските модели“ - додава тој. Д-р Русо ја цитира Националната фондација за болка / Националниот извештај од анкета за болка, во својот преглед, велејќи: „Резултатите од истражувањето силно го фаворизираат канабисот наспроти слабо ефикасните лекови на рецепт. Овие резултати, секако, ја поддржуваат итната потреба за поконтинуирани рандомизирани контролирани испитувања на добро формулирани и стандардизирани лекови базирани на канабис кај фибромијалгијата, бидејќи постоечките лекови со регулаторно одобрување се чини дека паѓаат доста под трговската марка“ - додава тој. Повеќе истражувања треба да се направат за да се докаже постоењето на CED.


Она што навистина ни е потребно се рандомизирани контролирани испитувања за внимателно да го разгледаме ова и тоа се единствениот вид докази што [FDA] и повеќето лекари ќе ги сфатат како прифатливи на крајот“ - вели Русо. МРИ и ПЕТ скенирањата сè уште не се во можност да ги детектираат ендоканабиноидните нивоа кај живите пациенти, но како што напредува технологијата, тоа може да стане возможно. Способноста да се тестираат ендоканабиноидните нивоа кај пациентите со фибромијалгија и да се споредат со оние на здравите контролни групи, би помогнала да се потврди теоријата на д-р Русо. „Ние сме на работ да ја имаме таа способност“ - вели Русо. „Во моите планови е да се гледа во овој вид на нешта во иднина“ - заклучува тој.




Уредник и новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Зошто треба да се јаде суров канабис? + сладок рецепт

Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис

Терапевтско-медицинскиот потенцијал на 6 најпопуларни канабиноиди

Зошто корисниците на канабис не можат да се предозираат?

Роза од Гевгелија лично си ја одгледува билката за самолекување

Наука наспроти искуство: Колку се ефективни супозиториите од канабис?

Wednesday, October 3, 2018

Сенаторот Бил Нелсон ќе ја легализира медицинската марихуана за воени ветерани

Двајца демократски сенатори од САД во средата поднесоа закон со кој ќе се легализира медицинската марихуана за воените ветерани и ќе им овозможи на лекарите да имаат полесен пристап до неа. Според актот „Safe Harbor Harvest Act“, докторите во Одделот за ветерани (VA) ќе бидат овластени да издаваат препораки за медицински канабис во согласност со законите во сè поголем број држави


Ја спасуваат татковината, а ги спасува само канабисот!
Легислативата, спонзорирана од сенаторите Бил Нелсон (Bill Nelson) и Брајан Шац (Brian Schatz), исто така, го прави легално, според федералниот закон воените ветерани да „користат, поседуваат или пренесуваат медицинска марихуана во согласност со законите на државата во која се случува употребата, поседувањето или транспортот“. И, тоа бара од VA да спроведе студии за „ефектите од медицинската марихуана врз ветераните кои се во болка“ и „односот меѓу програмите за третман кои вклучуваат медицинска марихуана што се одобрени од страна на државите, пристапот на ветераните кон таквите програми и намалувањето на злоупотребата на опиоидите помеѓу ветераните“. Предлог-законот доделува 15 милиони долари за истражувањето.

Марихуаната и нејзините соединенија покажуваат ветување за лекување на широк спектар на болести и нарушувања, вклучувајќи и управување со болката“ - се вели во делот за наодите од легислативата. „Медицинската марихуана во држави каде што е легална може да послужи како помалку штетна алтернатива на опиоидите во лекувањето на ветераните“. Заштитата за лекарите и ветераните ќе има место по период од пет години. Застапниците за легализација го пофалија новиот предлог. „The Veterans Medical Marijuana Safe Harbor Act ќе обезбеди клучна медицинска и граѓанска заштита за мажите и жените кои ќе ги стават своите животи на линија за да ѝ служат на оваа земја“ - рече Џастин Стрекал (Justin Strekal), политички директор на NORML. „Несвесно е што овие храбри поединци кои ги штитат слободите на нашата нација ќе бидат третирани како криминалци кога ќе се вратат дома само за лекување на нивните медицински заболувања со безбедна и ефикасна опција“.

Зголемен број воени ветерани користат медицински канабис за лекување на ПТСН, хронична болка и други ментални и физички воени рани. Шац е постојано отворен за поддршка на реформата на законот за марихуана. Тој, исто така, потпиша неколку закони за канабис и ги притисна федералните власти кон ова прашање за време на сослушувањата во Сенатот. Но, Нелсон, кој се соочува со тешка борба за реизбор оваа година, никогаш досега не ги одредил правилата кои се однесуваат на реформи за марихуаната. Гласачите во неговата матична држава Флорида со големо мнозинство одобрија изборна мерка за гласање за медицински канабис во 2016 година, но неговата имплементација беше бавна и рестриктивна под управата на гувернерот Рик Скот (Rick Scott), кој сега го предизвикува Нелсон за фотелјата во Сенатот.

Сојузниот закон им забранува на лекарите од Одделот за ветерани да препишуваат или да препорачаат медицинска марихуана на ветераните“ - рече Нелсон во соопштението за печатот. „Ова законодавство ќе им овозможи на ветераните во Флорида и на други места да имаат ист пристап до легално пропишаните лекови, исто како што било кој друг пациент во тие 31 држави“. „Тешко е да се претера колку е голема работата што Нелсон се засилува и всушност воведува закон за медицинска марихуана“. Бен Полара (Ben Pollara), демократски стратег кој работеше на минатите кампањи на Нелсон и кој ги водеше кампањите за иницијативата за гласање за канабис во Флорида во 2014 и 2016 година, кажа во едно интервју: „Комбинацијата од огромната популарна поддршка и ужасниот запис на Рик Скот за медицинска марихуана како гувернер го направија ова исклучително моќно прашање во трката на американскиот Сенат“.

Кабинетот и Сенатот во неколку наврати ги одобрија амандманите за лекари од Одделот за ветерани да препорачуваат медицински канабис, но тие никогаш не биле претворени во закон. Претходно оваа година, поограничен закон за охрабрување на VA да ги истражи потенцијалните придобивки од медицинската марихуана за ветераните, стана првиот самостоен закон за канабис што требаше да биде одобрен од страна на комитетот на Конгресот. „Историски гледано, ветеранските и воените заедници долго време беа во првите редови на американската општествена промена, катализирајќи го широкото прифаќање на развојот на културните норми и перцепции околу расата, полот и сексуалната еднаквост“ - рече Стрекал од НОРМЛ. „Терапевтската употреба на Канабисот од страна на ветераните го следи овој тренд, а членовите на Конгресот треба да го следат нивното водство и да го одобрат Veterans Medical Marijuana Safe Harbor Act“.

Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Forbes

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Wednesday, August 15, 2018

Канабисот го спречува воспалението и болката кај ревматоидниот и остеоартритисот

Канабиноидите ги активираат ЦБ2 рецепторите што резултира со мутирање на воспалителниот одговор кај ревматоидниот и остеоартритисот. Канабисот ја ублажува болката од ревматоидниот артритис и остеоартритисот. Канабиноиди, како ТХЦ и ЦБД делуваат како антивоспалителни агенти за намалување на потеченоста и болката на зглобовите кај пациенти со артритис


Зголемен е бројот на лабораториски истражувања на клетки ин витро и на животни ин виво кои докажуваат дека канабиноидите имаат терапевтски ефект кај ревматоиден артритис и остеоартритис. Овие два типа на артритис се одликуваат со исто оштетување и воспаление на синовиумот од зглобовите. Ревматоидниот артритис се карактеризира со автоимун одговор кој го влошува воспалението и оштетувањето на зглобот. Кај ремватодиниот артритис, воспалувањето на ткивото предизвикува абнормален раст на клетките синовиоцити слични на фибробласт Fibroblastlike Synoviocytes (FLSs). Овие клетки продуцираат голем број на провоспалителни протеини, односно цитокини и матрикс металопротеази. Цитокините кои се појавуваат при прогресија на ревматоидниот артритис се интерлеукините и туморо-некрозниот фактор.


Зголемениот број на овие провоспалителни сигнали поттикнуваат автоимун одговор во кој имуните т-клетки влегуваат во зглобот. Овие имуни клетки продуцираат уште повеќе провоспалителни цитокини што само придонесува до поголемо воспаление и зглобот почнува да се рони, поради формирањето на остеокласти (повеќе јадрени коскени клетки кои го апсорбираат коскеното ткиво при растење и закрепнување), а со тоа се уништува и `рскавицата. ЦБ2 рецепторите, анандамидот и 2-арахидоноилглицерол (2-АГ) се среќаваат во коскените ткива кај пациенти со артритис, но не од здрав аспект. Анандамидот и 2-АГ се произведуваат природно во телото, а овие податоци сугерираат дека ЕКС (ендоканабиноидниот систем) е најверојатно дел од антивоспалителната фидбек врска. Дејствувањето врз рецепторите на ЕКС може да се засили антивоспалителниот ефект и да се третираат двата вида на артритис.


Еве неколку примери на кој начин канабиноидите се докажале како ефективен третман за артритис:

* Го подобруваат антивоспалителниот одговор на нашиот ЕКС;
* Антивоспалителниот одговор е поттикнат со активација на ЦБ2 рецепторите. Ова помага при за време на лекувањето бидејќи овие рецептори не се асоцирани со психотропниот ефект на канабисот;
* Го намалува одговорот на имуните клетки;
* Спречување на нервно оштетување;


* Сигнализирачката патека на ЦБ2 игра улога во имуниот одговор на ремватоидниот артритис влијаејќи врз Т-клетките на повеќе начини. На пример, канабиноидите кои се врзуваат за ЦБ2 рецепторите на Т-клетките ја намалуваат продукцијата на цитокини. Плус, канабиноидите го унапредуваат здравиот баланс на добрите (регулаторни Т-клетки кои го спречуваат воспалението) и лошите  (Т-помошни клетки кои го унапредуваат воспалението) имуни клетки. ЦБ2 патеката ја потиштува стимулацијата и миграцијата на макрофагите - друг тип на имуни клетки кои исто така играат деструктивна улога кај ревматодиниот артритис.


Истражувања на стаорци без ЦБ2 рецептори покажале зголемена продукција на остеокласти. Активирањето на сигнализирачки патеки преку ЦБ2 рецепторите исто така го намалило создавањето на остеокласти. Ова е поврзано со антивоспалителниот ефект бидејќи остеокластите се добиваат од макрофагите. Цитокините и другите сигнали добиени при имуниот одговор го помагаат преминот на макрофаги во остеокласти. Затоа, третманот на артритис со канабис може да го смири автоимуниот одговор, да го намали воспалението на зглобот и да го забави темпото на губење на коските и оштетување на зглобот кај ревматоидниот и остеоартритисот. Покрај тоа што кај артритис се препорачува секојдневно мачкање со маст во која има изобилство од активните состојки, пожелно е организмот да се среди и внатрешно со консумирање на домашно подготвено масло додека не се доведе дијагнозата под контрола.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 

* Медицинска марихуана против акутни болки - студија

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf

Monday, July 9, 2018

Канабисот може да стави крај на злоупотребата на опијатите!

Канабисот и опиоидите се познати по своите аналгетски ефекти. Сепак, опиоидите создаваат голема зависност, која што најчесто е летална поради тоа што пациентите лесно може да се предозираат, што не е случај со канабисот!


Како канабисот ја стопира болката? ПРИРОДНО! ;)
Помеѓу 1999 и 2014 година, продажбата на опиоиди на рецепт во САД се зголемила четири пати, со неверојатни зголемувања на бројот на предозирањата. Во здравствениот систем, 49% од пациентите кои бараат третман за болка заминуваат со рецепт за опасни опијати кои предизвикуваат сериозна зависност. Бидејќи ризикот од зависност и предозирање поврзан со опиоиди е толку голем, наоѓањето на заменска безбедна супстанца со помал потенцијал за злоупотреба е од круцијално значење и за нашата земја. Канабисот преку ендоканабиноидните рецептори од ендоканабиноидниот систем делува на сензорите за болка во телото, без да постои опасност од смртно предозирање. Фактички канабисот е најбезбедната билка и воопшто предозирањето е невозможно - нула документирани смртни случаи поради канабис до сега.


Аманда Реиман (Amanda Reiman) менаџер на Законот за марихуана во Алијансата за политика на лекови (Marijuana Law and Policy at the Drug Policy Alliance), ја дефинира супституцијата како „свесен избор за користење на еден лек (легален или недозволен) наместо или во поврзаност со друг поради проблеми како: перцепирана безбедност; ниво на потенцијал на зависност; ефикасност во ослободувањето на симптомите; пристап и ниво на прифаќање“. Важно е да се земат предвид овие фактори при одредување на заменскиот потенцијал на канабисот. Идеалната природна и органска растителна замена ќе даде подобри резултати од претходно употребуваните фармацевтски лекови за болки со тоа што треба да биде подостапна и легална за широка употреба кај повеќе здравствени состојби.





ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 











Автор: MoniQue Konopova (Моника Ристеска)
Референци: Leafly, Cannabis Nurse Navigator

Monday, June 4, 2018

Панел-дискусија во Масачусетс: „Канабисот и опијатите: превенција или третман“

Канабисот полека, но сигурно игра улога во третманот на болка“ - вели панелист во форумот кој се одржа во Холиок (Holyoke), Масачусетс на 29 мај оваа година, за време на настанот насловен „Канабисот и опијатите: превенција или третман“ (Cannabis and Opioids: Prevention or Treatment) 


За време на дискусијата панелистите се задржаа многу подетално на улогата што ја има растението марихуана како алтернатива на опиоидите за лекување на болките, но и за останатите прашања поврзани со канабисот, како на пример дека е засилувач на економијата. Точките за кои се дискутираше за време на настанот, ги вклучуваа: степенот на смртност и зависности предизвикани од употребата на опиоиди; потребата за повеќе истражувања за тоа како марихуаната може да помогне медицински; дека потенцијалот за појава на зависност од марихуана е низок; потребата за објаснување на луѓето за тоа како да се користи марихуаната и за тоа како користењето ги менува перцепциите и чувствата; правните прашања: незаконитоста на канабисот на федерално ниво.


Марихуаната не ни блиску до проблемот со зависноста од никотин или алкохол, изјави еден од лекарите на панел-дискусијата во вторникот. Единствениот начин на кој марихуаната дејствува како „gateway drug“ е само како излез од опијатите и останати тешки дроги. Д-р Питер Гринспун (Peter Grinspoon) од Општата болница во Масачусетс изјави за време на дискусијата дека хроничната болка ќе ги погоди повеќето лица во одреден момент во време кога луѓето живеат подолго и ужасите на опиоидните зависности се застрашувачки. „За мене, канабисот е очигледен начин за лекување на хроничната болка кај луѓето“ - рече Гринспун во панел дискусијата. „Јас само мислам дека е комплетна пропаганда дека тоа е влез. Таа е поврзано со друга употреба на дрога, но тоа не значи дека е каузално поврзана со друга употреба на дрога... Мислам дека канабисот, ако ништо друго, е излез“ - заклучува д-р Питер.



За мене, канабисот е очигледен начин за лекување на хронични болки кај луѓето“ - додава Гринспун. Познати се позитивните аспекти на марихуаната. Но, тоа доаѓа по децении на дезинформации како што е дезинформацијата дека марихуана предизвикува зависност како и другите синтетички супстанции, но и онаа лага дека студиите мора да започнат со претпоставка дека марихуаната е штетна. Други земји како Израел ја истражуваат марихуана пообјективно од САД, рече тој. Други точки кои беа продискутирани за време на форумот беа дека: потребни се повеќе истражувања за медицинските придобивки на марихуаната, како на пример да се утврди кои видови на растението се ефективни против кои болести, како и важноста на објаснување околу дозата, начинот на употреба и ефектите што ги има марихуаната кај моменталното менување на перцепцијата особено кај почетниците, но не и свеста.


На панелот беа вклучени државни претставници, Арон М. Вега (Aaron M. Vega), д-р Марион МекНаб (Marion McNabb) - извршен директор и ко-основач на Канабис заедница за грижа и истражувачка мрежа (Cannabis Community Care and Research Network - C3RN) од Сомервил, која го организираше форумот. Вега рече дека легализацијата во Масачусетс за медицинска и рекреативна марихуана со прописи, овозможила напредок и сознание дека се потребни повеќе истражувања. Учењето продолжува за тоа како марихуаната може да се бере и да се одгледува на одредени начини за да се постигнат одредени резултати. Марихуаната може да им помогне на некои пациенти, но можеби и на други, рече тој. „Тука има голем потенцијал“ - истакна Вега, нагласувајќи го економскиот развој.


Како што градот ја менува својата економија, иновациите стануваат клучни. Прифаќањето на канабис индустријата и работните места и приходите од даноци што ги носи се иновација во која градот се препушта“ - рече Маркос Марреро (Marcos A. Marrero), директор на Одделот за планирање и економски развој во Холиок (Holyoke Department of Planning and Economic Development), обраќајќи се пред публиката на панелот. „Вашето присуство тука е од витално значење во таа вертикална интеграција на вредностите. Каде ќе се одгледуваат и обработуваат најдобрите видови на канабис за каква било употреба, без оглед дали е медицинска или рекреативна? Не знаеме, но квалитетот е дефинитивно нешто за што ќе мораме да се натпреваруваме во иднина“ - објаснува Марреро.


Настанот беше спонзориран од Cannabis Community Care и Research Network, на скратено „C3RN“, консултант за канабис индустријата со седиште во Сомервил, а воедно и застапник. Организацијата се опишува себеси на својата веб-страница како „група на сличномисленици од канабис индустријата, за застапување, академски, јавно-здравствени, клинички, пациенти, политички и експерти од заедницата кои ги прифаќаат отворените принципи за водење на соработувачката наука во канабис индустријата“. Македонски лекари, како здружение на граѓани Ве молиме земете пример од вашите напредни колеги од напредните земји кои постојано сакаат да ги продлабочуваат своите знаења за да можат повеќе да допринесуваат кон својата заедница. Ве молиме едуцирајте се за безбедниот потенцијал на марихуана за олеснување на болките, наместо да препишувате тешки опијати и своите пациенти да ги претворате во зависници и наркомани!!!


Прошири ги своите хоризонти: 





Автор, Главен и одговорен уредник, Претседател на здружението: MoniQue Konopova
Извор: Masslive

Monday, April 16, 2018

Постарите луѓе сè почесто користат канабис за ослободување од болките

Кај неинформираната јавност преовладува мислењето дека корисниците на канабис, главно се припадници на помладите генерации. Но, всушност тоа најмногу се групите на возраст од 45 до 64 години, покажуваат анализите


Канабисот е лек за сите возрасти!
Неодамнешните изтражувања за употреба на канабис во Канада откриле дека скоро 5 милиони луѓе на возраст меѓу 15 и 64 години потрошиле околу 5,7 милијарди долари за канабис во текот на 2017 година. Тоа се еден од пет луѓе во оваа возрасна група. Поголемиот дел од парите се потрошени за канабис за рекреативни, отколку за медицински цели, што во моментов е нелегално во Канада. Не е изненадување што индустријата за канабис во Канада сега е поголема од индустријата за пиво и тутун.


Па, можеби мислите дека така е само во Канада, но грешите. Во Австралија,  канабисот повеќе од двојно се користи помеѓу 2004 и 2013 година кај над 50 годишните. Велика Британија има слични трендови, со  користењето на канабис во возрасната група од 65 до 74 години, која се зголеми повеќе од седумкратно помеѓу 2000 и 2014 година. Во САД, стапката на самопријавени корисници на канабис во текот на претходните 12 месеци кај луѓето на возраст од 65 години и погоре, исто така, скокна масовно помеѓу 2003 и 2014 година.


Потребата за канабис

Старосната група се поместила, исто така се зголемила популарноста на рекреативната употреба на канабис помеѓу постарите лица. Значи, тие се запознаени со лекот. Не може да биде сосема изненадувачки што неодамнешните истражувања укажаа на тоа како постарите луѓе користат канабис за олеснување од болката кога им се развиваат здравствени проблеми  во текот на стареењето, но и за грижата до крајот на животот, заминување од овој свет без агонија од болки. 


Каде е правото на избор дали да купиш или да си одгледаш?
Во Велика Британија, болките во долниот дел на грбот и вратот се најчеста причина за попреченост, особено кај Baby Boomers. Со растечкиот потенцијал за злоупотреба на лекови против болки, како што се опиоиди и габапентиноиди, сосема е можно употребата на канабис кај постарите луѓе да расте. Ова е затоа што олеснувањето на секојдневното абење на вратот, колковите и колената кај населението кое се очекува да се зголеми двојно во развиените земји, ќе биде предизвик.



Речиси секој месец некоја нова држава да објавува нови планови за промена на нивната политика во врска со канабисот. Околу 30 американски држави сега дозволуваат пристап до канабис на еден или друг начин. Но, низа регулаторни модели покажуваат дека не е само случај на „легализирање“ на канабисот - бидејќи некои Влади ќе дозволат пристап до канабисот најпрво само од медицински причини, без разлика што секоја употреба на канабис е лековита...


Исто така, постојат ограничувања за видовите на здравствени проблеми на кои што им е одобрено и  може да им се препише и  издаде медицински канабис. Во моментов, лековите што содржат канабис се лиценцирани само за ограничен број здравствени проблеми. Една од нив е  оштетување на нервите, но само кај повеќекратна склероза.


Иако потребни се веродостојни докази базирани на студии за придобивките, како и ризиците од употреба на канабис кај постарите лица, искуството на пациентите ширум светот потврдува дека не само што канабисот е добар за болките предизвикани од разните состојби кај нив од здравствени проблеми поврзани со стареењето. Канабисот исто така успешно ги елиминира и негативните последици од лековите на рецепт што „мораат“ да ги земаат. Во комбинација со голем број други долгорочни состојби кај постарите луѓе, ризиците од користење на канабис како лек против болки се чини занемарливи, со спореднба со бенефициите кои ги пружа овој природен лек. 


Автор: Кристина Т.
Главен и одговорен Уредник: MoniQue Konopova
Извор: The conversation

Monday, April 9, 2018

Истражување: канабисот е ефикасен при лекување на симптомите на фибромијалгија

Терапијата со канабис ги ублажува симптомите на фибромиалгија при хронична болка и е поврзана со намалување на употребата на други штетни лекови на рецепт, според клиничките податоци објавени на интернет во Journal of Clinical Rheumatology


Постојат лепенки со канабис против болки
Околу 3-6 милиони Американци страдаат од фибромијалгија и болки во нервите, која често е лошо контролирана со стандардни фармацевтски лекови за болка. Израелските истражувачи ја оценија безбедноста и ефикасноста на инхалираниот канабис во група од 26 пациенти со фибромијалгија. Тие објавија дека третманот на лекови од канабис „бил поврзан со значителни поволни резултати во секоја проценета ставка“ - како што се намалување на болката и зголемување на енергијата.


Повеќето пациенти, исто така, ја намалија нивната употреба на конвенционалните лекови на рецепт, како што се опијати и бензодиазепини, за време на пробниот период. Речиси половина од учесниците (46 проценти) го намалиле нивниот внес на лекови на рецепт за повеќе од 50 проценти за време на истражувањето. Неколку пациенти, исто така можеа да се вратат на работа по започнувањето на терапијата со канабис.


Истражувачите заклучиле: „Медицинскиот третман со канабис имаше значителен поволен ефект врз пациентите со фибромијалгија, со минорни негативни ефекти“. Претходни испитувања кои ја проценуваат употребата на целото растение канабис или синтетички канабиноиди, исто така покажале ефикасност кај пациентите со оваа болест. Прегледот на овие претходни студии е достапен ТУКА! Апстрактот на студијата „Медицински канабис за третман на фибромијалгија“ е достапен ТУКА!



* * *




Автор: Кристина Т.
Извор:  NORML

Saturday, February 10, 2018

5 придобивки од чајот од канабис за хронични болести

Медицинската марихуана се здобива со популарност како комплементарен лек за помош при многу симптоми поврзани со хронични болести. Иако многу луѓе се заинтересирани за тоа како марихуаната (или канабисот) може да помогне во подобрувањето на нивните симптоми, тие, исто така, не сакаат да ја пушат билката


Сепак, постојат начини на кои може да се администрира медицинската марихуана, вклучително и во форма на чај. Според thealternativedaily.com, еве пет начини како чајот од канабис може да помогне во ослободувањето на некои од симптомите со кои живеат луѓе со хронични заболувања

1. Ја олеснува болката

Марихуаната е поврзана со олеснување на болката со векови. Истражувачите откриле дека канабиноидите во марихуаната ги намалуваат сигналите за болка со врзување за рецепторите за болка во централниот нервен систем (ЦНС). За разлика од опијатите, како што се морфиум отили кодеинот, канабисот не е зависен и нема симптоми на повлекување кај пациентите. Канабис-инфузираниот чај, се апсорбира преку целото тело низ дигестивниот систем, така што ефектите се подолготрајни и поефикасни од пушењето. 


2. Го намалува воспалението

Откриено е дека медицинската марихуана го намалува воспалението поврзано со многу автоимуни болести како што се мултиплекс склероза, инфламаторно заболување на цревата и лупус. Исто така, помага да се смири имунолошкиот систем на телото, со што е помалку веројатно дека ќе се нападне самиот себе.


3. Го штити мозокот

Студиите за ефектот на канабисот врз мозокот откриле дека лекот има невропротективен ефект и се чини дека го успорува или ги блокира бета-амилоидните протеини кои се поврзани со деменција и Алцхајмерова болест.


4. Го промовира здравјето на дигестивниот систем

Многу хронични болести претставуваат симптоми кои влијаат на гастроинтестиналниот систем. Се покажа дека канабисот го подобрува варењето и ги ублажува симптомите како што се: грчеви, стомачни болки, дијареа, гадење, запек и рефлукс на киселина. 


5. Подобрување на расположението

Додека пушењето канабис може да предизвика позитивни ефекти на менување на перцепцијата, пиењето чаеви од канабис може да помогне при стабилизирањето на расположението и помага да се ублажат емоционалните симптоми поврзани со хронични болести како депресија и анксиозност.

Автор: Кате К.

Sunday, January 7, 2018

Само 5 придобивки од секојдневното консумирање канабис

Марихуаната иако сè уште не е легална, здравствените придобивки кои ова растение ги нуди не можат да останат незабележани. Голем број истражувања ја поврзуваат долгорочната употреба на марихуаната со позитивни ефекти врз здравјето. Еве дури 7 здравствени придобивки кои ги добиваат рекреативните корисници од пушењето марихуана, а подолу само 5!


Марихуаната е природен олеснувач на болката

Една од најголемите придобивки од марихуаната е нејзината способност да ја намалува болката, што е особено важно за третирање на хроничните болки. Од менструални болки до болки во грбот, еднократни или хронични болки, пушењето марихуана може да ви ја олесни болката многу подобро и побезбедно од апчињата против болки. „Марихуаната ја намалува болката со тоа што го променува начинот на кој фукционираат нервите“ - објаснува д-р Марк Вер (Mark Ware).


Марихуаната ја зголемува креативноста

Многу познати артисти од минатото и сегашноста со помош на марихуаната ја зголемувале својата креативност. Од Вилијам Шекспир, па сè до Ријана, нема сомнеж дека оваа чудесна билка помага за надоаѓање на креативни мисли и идеи, па дури можеби и за создавање на ново ремек дело. 



Пушењето марихуана ја регулира тежината

Едно истражување во Америка извршило испитувања врз двајца луѓе кои биле корисници на марихуана и откриле дека се помалку склони кон дебелеење за разлика од луѓето кои не се корисници. Додека пак, друго испитување во Америка покажало дека оние кои пушеле марихуана имале помал обем на половината од оние кои не пушеле марихуана.


Марихуаната го регулира шеќерот во крвта

Голем број истражувања во Америка покажале дека корисниците на марихуана имале пониско ниво на инсулин и подобар метаболизам од оние кои не се корисници. Двата фактори играат важна улога во намалувањето на ризикот од развој на дијабетес.




Марихуаната го намалува воспалението на зглобовите

Истражувањата покажале дека пациентите кои страдаат од артритис може да имаат корист од употребата на марихуана. Ова е поради тоа што природните состојки во канабисот ги активираат патиштата во телото кои помагаат во борбата против воспалението на зглобовите.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:



Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

Monday, December 11, 2017

Речиси 100% од корисниците на канабис се откажуваат од фармацевтски „лекови“ против болка

Неодамнешнава студија ѝ дава кредибилитет на идејата дека медицинскиот канабис може да се користи како природна алтернатива на препишаните болни лекови, при што речиси 100 проценти од испитаниците потврдуваат дека чувствуваат како канабисот им помага да ја намалат нивната употреба на зависни опиоиди на рецепт за блокирање на болките. Канабисот не ги лекува само болките, туку коренот на проблемот


Канабис - најбезбедна природна „ПРИМАРНА АЛТЕРНАТИВА“
Студијата, спроведена од HelloMD, една од најголемите заедници за канабис во САД и Универзитетот во Калифорнија Беркли, анкетирани биле речиси 3.000 пациенти кои користат и опиоидни и неопиоидни лекови за болка. Резултатите од студијата заклучија дека 97% од испитаниците „силно се согласија / се согласиле“ дека можат да ја намалат употребата на нивните опиоидни лекови при употреба на канабис. Додека 92 проценти од испитаниците изјавиле дека „силно се согласија / се согласиле“ дека преферираат марихуана за лекување на нивната здравствена состојба. Студијата, исто така, покажа дека 81 отсто од испитаниците изјавиле дека „силно се согласуваат / се согласиле“ дека употребата на канабис е поефикасна од земањето канабис заедно со опиоиди.



Канабисот не како замена, туку како примарен природен лек!

93 отсто од испитаниците рекоа дека „силно се согласуваат / се согласиле“ дека ќе го користат канабисот како замена за нивниот сегашен лек на рецепт, доколку тоа е на располагање. Д-р Пери Соломон (Perry Solomon), главен медицински директор на HelloMD, се осврна на неодамнешната публикација од Националната академија на науките, Инженеринг и медицина на тема „Здравствениот ефект на канабисот и канабиноидите“ и истакна дека оваа студија служи како начин да се поддржи теоријата дека канабисот е ТОТАЛНА СПРОТИВНОСТ НА КОНЦЕПТОТ „GATEWAY DRUG“, што означува почетничка (влезна) дрога кон тешките (синтетички) наркотици. Затоа крајно време е да почнеме на ова растение да гледаме како на примарен спас и превенција на секакви здравствени состојби.


Последната публикација од Националната академија на науките јасно ја отфрли теоријата „влезна дрога“ и дека употребата на марихуана може да доведе до зависност од опиоид, наместо да најде докази за канабис со повеќе лековити придобивки“ - рече д-р Соломон. „Нашата студија дополнително го потврдува ова. Се надевам дека ова ќе ја разбуди јавноста, здравствените работници и законодавните тела за фактот дека канабисот е безбеден, производ што не создава зависност, достапен за да помогне во борбата против опијатската епидемија“ - додава тој. Аманда Реиман (Amanda Reiman), професор на УК Беркли, која помогна во водењето на студијата, изјави дека третманот на болката стана „политизиран бизнис“ во САД, што резултираше со „брзо зголемување на стапката на предозирање и зависност поврзана со опиоидите“ - заклучува таа.


Канабисот се користи во целиот свет илјадници години за лекување на болки и други физички и ментални здравствени состојби“ - рече Рејман. „Пациентите со децении ни кажуваа дека оваа практика произведува подобри резултати, отколку употребата на лекови базирани на опијати. Тоа е минато време за медицинската професија да го надминат нивното лудило и да почнат да работат со движењето на медицинскиот канабис и индустријата за да се забави уништувањето што го предизвикува препишувањето и прекумерната употреба на опиоидите“ - дообјаснува тој.


Како што објави Проектот за слободна мисла (The Free Thought Project) и покрај фактот дека канабисот е докажано дека помага кај голем број нешта од убивање на клетките на ракот, па сè до лекување на ретки и фатални состојби, оваа билка и понатаму се класифицирани меѓу најсмртоносните лекови кои би требало да немаат никаква медицински вредност во Соединетите Американски Држави. Додека студиите како најновата од HelloMD и UC Berkley служат како потсетник дека за многу пациенти, канабисот е идеална „примарна алтернатива“ на опиоидните лекови, сè уште постои јасна причина зошто канабисот допрва треба да се легализира во САД. Доколку медицинскиот канабис беше легализиран во сите 50 држави, тоа би вратило најмалку 4,5 милијарди американски долари од дупката која е создадена од големата фармафија.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Zenpype