Showing posts with label епилепсија. Show all posts
Showing posts with label епилепсија. Show all posts

Wednesday, May 6, 2020

ЛИНАЛОЛ - Како делува овој цветен канабис терпен и кои се неговите придобивки?

Ароматичните соединенија кои се наоѓаат во канабисот, наречени терпени, имаат сè повеќе ценета улога како дел од лековитите придобивки на растението. Овие состојки спаѓаат во различна класа од канабиноидите и флавоноидите. Можеби од таа причина добиле значително помалку истражувачко внимание. Канабисот произведува широк спектар на терпени, но во оваа статија ние се фокусираме на ЛИНАЛОЛ (linalool) заради неговите нови терапевтски придобивки


Линалол дава арома на лаванда
Терпените традиционално се сметаа дека само придонесуваат за субјективното искуство со канабис, збогатувајќи ја неговата арома и вкус. Во поново време, терпените добија внимание од појавата на теоријата за синергискиот „ефект на придружба“, кој предлага терапевтските придобивки од канабисот да се подобрат со додавање на повеќе канабиноиди и терпени во споредба со изолирани канабиноиди. Ова укажува на тоа дека терпените можат да ја модулираат јачината на индивидуалните канабиноиди врз дејството во мозокот и телото. Но, ефектот на придружба не исклучува директни дејства на самите терпени за различни цели во телото. Сега се верува дека терпените директно влијаат на обработката на мозокот со модулирање на однесувањето на мозочните клетки. Терпените и терпеноидите се органски соединенија што постојат во растенијата и им даваат мирис и вкус. Терпените се состојките што ја прават секоја врста на канабис посебна, даваат специфични нијанси на мирисот и вкусот на димот кога тревата се пуши и затоа секоја врста е извонредна.



Терпените сами по себе не даваат ХАЈ. Но, во комбинација со THC (и другите психоактивни канабиноиди) и хемиските процеси во телото, тие се она што го прави секој ХАЈ посебен! Тие го модулираат начинот на кој THC влијае врз нас. Концептот дека терпените директно влијаат врз функцијата на мозокот за некои може да изгледа очигледно, но многу години тешко беше да се разликува директниот ефект на терпените врз функцијата на мозокот, наспроти неговиот индиректен ефект врз расположението и субјективната состојба преку модулација на мирисната обработка (т.е. чувството за мирис). Нашето чувство за мирис е сложено поврзано со центрите за емоции и меморија во мозокот, воспоставувајќи потенцијална причина и последица помеѓу пријатниот флорален мирис на лаванда (причината) кај терпенот линалол, со опуштено и подобрено расположение (ефект). Додека миризливата сензација сè уште може да придонесе за ефектот на терпенот, сега се верува дека терпените директно влијаат на обработката во мозокот со модулирање на однесувањето на мозочните клетки.


Аромата на линалол

Linalool не е специфичен за канабисот. Неговиот карактеристичен мирис на лаванда е вообичаен за над 200 видови на растенија. Всушност, толку е вообичаен што дури и оние кои не користат канабис, завршуваат да консумираат над два грама линалол секоја година преку нивната храна. Можеби тоа изгледа дека е многу, но постои многу мал ризик од неповолните ефекти на овој терпен. Линалолот не се задржува во вашето тело и не се акумулира како канабиноидите што се чуваат во масните ткива на телото и мозокот.



Врсти на канабис што содржат линалол

Неколку видови канабис содржат високи нивоа на линалол, иако тој ретко се вбројува во првите три најзастапени терпени. Но подолу, ќе најдете неколку врсти кои го содржат, како нивни трет најзастапен терпен:

1. Do-Si-Dos
2. Scooby Snacks
3. Zkittlez

Врстата До-Си-Дос содржи повисока од просечната количина на линалол, но во просек сè уште е третиот најзастапен терпен во неговиот профил. Се појавува со виолетова нијанса во туфките.



Потенцијални придобивки на Линалол

Зошто толку многу различни растенија произведуваат линалол? Неговите антимикробни својства се заштитни за растението и претставуваат потенцијална терапевтска употреба кај луѓето. Дали се користеше како ран антибиотик, не е познато, но линалолот (често во форма на лаванда или стебла од кикиритки и лисја) се користи во традиционалните медицински практики и во ароматерапијата, поради неговите седативни и антиепилептички својства. Глувците изложени на пареа од линалол покажуваат намалено ниво на вознемиреност и поналку однесувања слични на депресија. На овие тестови, глувците изложени на пареа од линалол поминуваат повеќе време во околини кои предизвикуваат страв и ќе продолжат да работат за да избегаат од навидум безнадежна ситуација. Ова не е исто како тестирање на вознемиреност и депресија во клиника, но според овие добро проверени мерки, линалолот се чини дека помага.


Линалолот исто така го прави имунолошкиот систем поотпорен на деструктивните ефекти од стресот. Стресот предизвикува промена во распределбата на белите крвни клетки во организмот (т.е. клетките на имунолошкиот систем); процентот на лимфоцити се намалува, а се зголемуваат неутрофилите. Кај стаорци, линалолот ја спречува оваа промена и притоа ги спречува стресните промени во начинот на кој ДНК-то на стаорците беше изразено. Интересно е што авторите на студијава оправдаа дека оваа заштита е посредувана од можноста на линалолот да го активира парасимпатичкиот одговор на телото, кој се активира кога телото мирува и вари храна, а со тоа се вклопува во анти-анксиозните ефекти на линалолот.



Како линалолот влијае врз мозокот?

Студиите индицираат дека ефектите во однесувањето на линалолот може во голема мерка да бидат посредувани од неговите ефекти во мозокот. Еден начин е преку блокирање на рецепторите за примарната ексцитаторна мозочна хемикалија, глутамат, што може да претставува потенцијално антиепилептично својство на овој терпен кај некои форми на епилепсија. Овој терпен, исто така, има можност да го подобри ефектот на другите седативи, како што е пентобарбитал.


Дополнително, линалолот може да делува релаксирачки во мускулите и да има ефекти за ослободување од болка преку дополнителни карактеристични механизми. На пример, линалолот ја намалува сигналната сила на ацетилхолинот, мозочна хемикалија која е потребна за мускулна контракција и движење. Линалолот може да има ефекти слични на анестетици со намалување на ексцитабилноста на клетките во 'рбетниот мозок кои пренесуваат сигнали за болка во мозокот. Некои од способностите за ублажување на болката на линалолот може да се припишат на неговото покачување на нивоата на аденозинот, инхибиторна хемикалија на мозокот, која е особено блокирана од кофеинот. Заедно, ова мноштво цели на нервниот систем придонесуваат за неговите седативни својства, намалување вознемиреност и има придобивки за намалување на болката.


Овие ефекти обезбедуваат основна поддршка за придобивките на линалолот во терапијата со болка. Во една студија, пациенти со прекумерна телесна тежина кои биле подложени на операција за смалување на желудникот, биле изложени на пареа од масло од лаванда богата со линалол. Само 46% од пациентите кои вдишувале масло од лаванда барале пост-оперативен опиоиден лек, споредено со 82% од контролната група. Понатаму, морфиумските потреби на оние кои се во групата со лаванда, биле скоро колку половина од потребата од контролната група, заедно сугерирајќи дека линалолот може да ја намали потребата за пост-оперативен третман за болка базиран на опијати.


Потенцијални придобивки на линалол кај Алцхајмеровата болест

Можеби највозбудливата терапевтска употреба на линалолот е неговиот потенцијал како нов третман кај заболени од Алцхајмерова болест. Алцхајмеровата болест е прогресивно и во моментов неповратно заболување предизвикано од дегенерација на мозокот. Оваа дегенерација предизвикува сериозни проблеми во сеќавањето и когнитивно оштетување. Во моментов нема лекови за Алцхајмерова болест и тековните стратегии за лекување се во голема мерка неефикасни за закрепнување на мозочната функција. Ова ги натера научниците да бараат идентификација на техники во обид да го вратат курсот на болеста и да ја вратат нормалната функција на мозокот.


Ветувачка студија објавена во 2016 година укажува на линалолот како потенцијален третман за Алцхајмерова болест. Во генетскиот модел на глушец болен од Алцхајмерова болест, линалолот поврати многу од нарушувањата во однесувањето и когнитивните состојби поврзани со оваа болест. Понатаму, тој го намали бројот на плаки во мозокот и клеточните мембрани што ја дефинираат болеста и придонесуваат за дегенерација на мозокот. Линалолот сè уште има многу пречки пред да се започне со негова општа употреба. Но, овие студии кај Алцхајмер, заедно со претходните студии, кои демонстрираат придобивки при болка, вознемиреност и депресија, укажуваат на важноста на континуираното истражување за терапевтските придобивки на терпенот линалол, но и другите терпени што природно се јавуваат во растението канабис.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Saturday, May 4, 2019

Аргентина го доби најмладиот канабис доктор, а Македонија сè уште апси активисти и пациенти!

Фресија Силва Софрас (Fresia Melina Silva Sofrás) е биолог, магистер по фармација и во тек на докторски студии за канабис на Универзитетот во Буенос Аирес, стипендирана од страна на државниот совет за научни и технички истражувања во Аргентина. Македонија и понатаму апси и става во затвор активисти и пациенти!


М-р Фресија Силва Софрас од Аргентина
Фресија родена е во Ескел има 26 години и ќе стане првата докторка во државата за медицинска употреба на ова растение. При Една емисија на радио каналот АМ 550 таа го нагласила лековитиот потенцијал за третман на некои патологии со доволна научна евиденција која ја поткрепува примената, не само од маслото, туку од целото растение! Помеѓу патологиите во кои се потврди придобивката од канабисот е мултиплекс склерозата, намалување на епилептични напади, зголемување на апетитот кај луѓе со оштетен имунитет, намалување на гадење и повракање при хемотерапија. Покрај контактот со аргентинските организации кои се одговорни за распространувањето и применувањето на канабисот, Фресија има блиско искуство со користењето на маслото од канабисот, кај нејзината сестра која страда од фибромијалгија. Соборците коишто разбираат шпански, можат да го слушнат разговорот при нејзиното гостување во радио емисијата „Пат кон ноќно пристаниште“, на овој линк.


Поддржувачите на канабис знаат да уживаат во секојдневието!
АПЕЛ до Министерствата за образование, здравство и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република (Северна) Македонија: Кога ќе ја стипендирате Моника Ристеска која речиси 10 години е неуморен активист за легализација на канабисот во сите области од животот и која е Претседател на регистрираното здружение за демистификација на канабисот во Македонија „420 Македонија - Скопје“ - секојдневно објавува: видеа, статии, вести и научни студии за употребата на канабисот на македонски јазик на овој блог, им објаснува на пациентите како да користат канабис и екстракти кај различни дијагнози и им објаснува како самите да си го подготват лекот во домашни услови (затоа што екстрактите од аптека се преслаби за да излечат дури и настинка!), снима интервјуа со македонски пациенти кои користат канабис и македонски познати личности и самата е медицински корисник на канабисот за контрола на нејзините трауми, поради апсењата и го користи канабисот во форма на маст за нејзините (сега веќе болни и проширени) вени на нозете. Моника не е криминалец, туку интелектуалец и корисник на медицински канабис.


М-р Моника му направи интервју за канабисот на Кили!
Моника родена е во Полска има 30 години и цело свое образование го заврши тука, моментално е запишана на нејзиниот втор факултет - запишана е на Факултетот за земјоделски науки и храна и оваа академска година за неа е пропадната, бидејќи ја ставивте 2 месеци во притвор и не можеше да се вклопи после таа ТРАУМА која засекогаш ќе остави белег во нејзината психа, плус сега е осудена на 5 години условна казна! Таа веќе има завршено едни додипломски студии по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ (просек 9.08) и е магистер на ЕСРА Приз-Скопје-Њујорк по продукција на филм, радио, телевизија и театар (просек 10.00). Таа е лидер, мотивациски говорник, хуманист, крводарител, екологист, учесник во школата за млади лидери на Претседателот Ѓорѓе Иванов, работи како судски преведувач од полски на македински јазик и обратно и многу сака да учи, а е НЕВРАБОТЕНА и живее сама од благодарноста на пациентите! Кога за неа ќе обезбедите соодветно работно место и стипендија за да го заврши факултетот што го започнала, па поедуцирана на темата да може да ви помогне на Вашите легални плантажи за канабис?!?!? Никој повеќе од неа не заслужува да ја добие наградата за своето дело и упорност. Да не беше Моника и неколкумина други, никој немаше да може да произведува канабис во МК - затоа што и понатаму ќе беше ТАМУ ТЕМА!!!


Уредник: MoniQue Konopova
Извори: Ar.radiocut.fmMejorinformado


Моника знае и да одгледува канабис!
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 













Wednesday, April 17, 2019

НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Канабиноидите во третманот на неизлечива епилепсија (8 дел)

Извештаите за употребата на канабис во третманот на епилепсија се јавуваат уште во 1800 година п.н.е. Научни извештаи се појавуваат во 1881 година од невролози кои користеле индиски коноп за лекување на епилепсија со драматичен успех


Неизлечива епилепсија - Канабидиол (Cannabidiol)

Извештаите за употребата на канабис во третманот на епилепсија се јавуваат уште во 1800 година п.н.е. Научни извештаи се појавуваат во 1881 година од невролози кои користеле индиски коноп за лекување на епилепсија со драматичен успех. Употребата на терапија со канабис за третман на епилепсија се намалила со воведувањето на фармацевтските лекови: фенобарбитал и фенитоин и донесувањето закони со кои се забранува употреба на марихуана во САД. Експериментите со Δ9-THC покажаа хиперексцитабилност во ЦНС кај глувци, со зголемена невронска ексцитабилност и зголемена чувствителност кон конвулзии и не била употребена кај повеќето испитувања на неизлечива епилепсија. CBD, сепак, произведува антиепилептиформни и антиконвулзивни ефекти кај моделите in vitro и in vivo.


Како и со повеќето канабиноидни истражувања досега, спроведувањето на студиите може да биде тешко поради ограничениот легален пристап до медицинска класа на марихуана и фитоканабиноидни екстракти. Меѓутоа, ЦБД, добиен од коноп, неодамна доживеа помалку регулации и како резултат на тоа, истражувањата со употреба на ЦБД за рефрактерна епилепсија доживеаја повторно оживување. Неодамна, во 1980 година, Cunha et al., објави double-blind студија која го проценува ЦБД за неизлечива епилепсија кај 16 пациенти со големи напади. Секој пациент добивал 200-300 mg на ден од CBD или плацебо, заедно со антиепилептични лекови до 4 месеци. Тие откриле дека во групата со третман, 7 од 8 одговориле со помалку напади. Во плацебо групата 1 од 8 одговориле со помалку напади. Бидејќи овој извештај беше објавен, има обновен интерес за медицинска марихуана за клиничка употреба, но повеќето студии се изолирани извештаи за случаи и мали клинички испитувања. Сите овие укажуваат на тоа дека ЦБД, непсихоактивното соединение во канабисот, потенцијално може да биде корисно за контролирање на епи-нападите отпорни на лекови.


CBD ја намалува невронската хиперактивност кај епилепсијата

Севкупниот ефект на ЦБД се чини дека резултира со намалување на невронската хиперактивност кај епилепсијата. Како што беше дискутирано претходно, CB1 рецепторот е пресинаптички рецептор поврзан со G-протеин кој ги активира калциумовите канали со засилен напон и ја подобрува спроводливоста на калиум-каналот во пресинаптичките терминали. Додека Δ9-THC се врзува директно за CB1 рецепторите, CBD има индиректни ефекти со зголемување на ендогениот израз на анандамид. Анандамидот влијае на ексцитабилноста во невронските мрежи со активирање на транзиентниот рецепторен потенцијал (TRP). CBD регулацијата на Ca2 + хомеостазата преку неколку механизми може да придонесе за овие дејства, особено за делумни или генерализирани напади.



Ендогени канабиноиди

Ендогените канабиноиди влијаат врз иницијацијата, пропагацијата и ширењето на нападите. Студиите ги идентификуваа дефектите во ECS кај некои пациенти со нарушувања како рефракторни напади, особено со ниски нивоа на анандамид и намален број на CB1 рецептори во церебро-спиналната течност и ткивна биопсија. Дополнително, ЕКС е силно активиран од напади, а зголемената активност на CB1 рецепторната активност има антиконвулзивни ефекти. Фармацевтската компанија, GW Pharmaceuticals, во моментов го развива ЦБД лекот, Epidiolex®, кој е пречистен, 99% маслен ЦБД екстракт од билката канабис. Резултатите од неодамнешната отворена студија од 2015 година (без плацебо контрола) кај 137 лица со епилепсија отпорна на третман покажаа дека 12 недели со Epidiolex® го намалија средниот број на напади за 54%.


Имено, субјектите во оваа студија се движеле од 2 до 26 годишна возраст со просечна возраст од 11 години. Дозирањето за ЦБД (Epidiolex®) било 2-5 mg / kg дневно, постепено зголемувано до нетолеранција или до максимална доза од 25 mg / кг или 50 мг / кг дневно (зависно од локацијата на студијата). Иако оваа студија исклучиво бараше ефекти врз инциденцата на напади, не постојат докази дека антиепилептичните ефекти на ЦБД се ограничени на третманот на оваа состојба. Други отворени студии за Epidiolex® се во тек во САД. Во моментов, ФДА од САД даде дозвола да го користи овој лек за „сочувствителна употреба“ за ограничен број на субјекти со синдроми на епилепсија отпорна на третман, како што е Lennox-Gastaut синдром (детска епилепсија отпорна на третман, која се карактеризира со повеќекратни типови на напади и задоцнувања во развојот) кај деца и возрасни и кај Драветовиот синдром (тешка миоклонична епилепсија кај новороденчиња) кај деца.


Безбедност

Сеопфатен преглед на безбедноста и несаканите ефекти на CBD во 2016 година, како на студии врз животни и луѓе, опиша одличен безбедносен профил на ЦБД кај луѓето во широк спектар на дози. Најчесто пријавени несакани ефекти се замор, зголемен апетит. Во студиите споредувајќи други медицински лекови кои се користат за третман на овие медицински состојби, ЦБД, исто така, имаше многу поволен профил на несаканите ефекти. ЦБД има интеракции со честите хепатални (лекови) -метаболизирачки ензими, кои припаѓаат на семејството на цитохром Р450.


Дозирање

Не е во опсегот на овој преглед обезбедувањето какви било значајни препораки за дозирање на ЦБД или Δ9-THC. Како и другите канабиноиди, ЦБД може да дејствува со различни механизми според неговата концентрација или истовремено присуство на други канабиноидни лиганди. Генерално, поради значителни психоактивни својства на Δ9-THC, опсегот на терапевтските дози е ограничен. Со моментално проценети 850 брендови на производи од CBD од марихуана и 150 производи од коноп добиени на пазарот и уште поголем број на различни екстракти од Δ9-THC и марихуана растенија кои се одгледуваат за да произведат максимум Δ9-THC концентрација, препораките за универзална дозирање се скоро невозможни. Дозирањето треба индивидуално да се прилагоди (нула смртни случаи). За епилепсија сами направете си екстракт од сатива врсти на канабис и/или див коноп.



ЗАКЛУЧОК

Иако сојузните и државните американски закони се недоследни во врска со законитоста на производство на канабис, неговите сè повеќе документирани здравствени придобивки го прават уште еднаш релевантен во медицината. Тековните истражувања укажуваат на тоа дека фитоканабиноидите имаат моќен терапевтски потенцијал кај различни заболувања првенствено преку нивната интеракција со ендоканабиноидниот систем. CBD е од особен интерес поради своите широки способности и недостаток на несакани ефекти кај различни невролошки состојби и болести.



Потреба од едукација

Поради брзата легализација на медицинската марихуана од страна на мнозинството државни законодавства во САД, лекарите се соочуваат со недостаток на формално образование и основни познавања за можните индикации, несакани ефекти, интеракции и дозирање кога се препишува медицинска марихуана. Поради федералните ограничувања за човечки истражувања во САД, ни недостасува бројот и квалитетот на човечките испитувања кои обично се користат при пропишување лекови. Овој преглед на невролошките придобивки на фитоканабиноидите покажа значителни придобивки за невропротекција и редуцирање на широк спектар на невролошки болести и состојби кај луѓето.



Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: NCBI, Surgicalneurologyint

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ОВАА СТУДИЈА:

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ОПШТО (1 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ВОВЕД (2 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Подетално за ЦБД и ЕКС (3 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Канабиноидни рецепторни интеракции и невропротективни ефекти на канабиноидите (4 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Употреба на лекови базирани на канабис за невродегенеративни состојби (5 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Невропсихијатриска и мозочна траума третирани со канабис (6 дел)

НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Намалување на канцери (7 дел)

Saturday, January 19, 2019

CannaPaed Symposium 2019 - следната недела во Словенија!

Симпозиумот CannaPaed 2019 ќе се одржи во Љубљана - Словенија поточно во петок, 25 јануари 2019 година во Хотел Union, со почеток во 9:00 часот, кадешто ќе се зборува за лекување на специфични детски болести со помош на канабис


Ова научно советување е наменето за сите кои се грижат за деца со фармакорезистентна епилепсија, како и за деца со други медицински состојби, како што се дистонија, аутизам или рак, кои би можеле да имаат корист од третманот со лекови добиени од канабис. 

Поканетите говорници и експерти во областа ќе ви ги претстават основите на ендоканабиноидниот систем, начинот на дејствување и важноста на различните видови канабис за различни болести во педијатријата.

Симпозиумот е наменет за оние кои се грижат за децата, започнувајќи од оние кои допрва се обучуваат, па сè до оние оние со долгогодишно искуство. Деталите за овој настан, листата на говорници, како и информации за контакт со организаторите, можете да ги дознаете на официјалната веб страна.


Регистрација:


Програма:


Уредник и новинар: MoniQue Konopova

Sunday, September 23, 2018

Дете од Санта Роса може да користи лек од канабис на училиште

Во Северна Калифорнија, Санта Роса едно малечко девојченце од предучилишна возраст може да продолжи да го носи својот лек на база од канабис за време на наставата во детската градинка од нејзиното јавно училиште

Малата Брук го користи својот конопен лек!
Во саботата беше објавено дека судијата одлучил во корист на 5-годишната Брук Адамс (Brooke Adams), за која веќе опширно пишувавме на нашиов блог. Таа го користи лекот од канабис како итен третман за смирување на нејзините конвулзивни епи-напади поради ретка форма на епилепсија. Униското училиште од Долината Ринкон во Санта Роса (The Rincon Valley Union School District in Santa Rosa) се обиде да го забрани лекот на територија на училиштето. Тоа тврдеше дека лекот го крши федералниот закон. 


Детската употреба на медицинска марихуана со препорака од лекар е легална во Калифорнија. Но, сите форми на употреба на марихуана остануваат нелегални според федералниот закон. Од секое правило постојат исклучоци! Привремената наредба на судијата ѝ дозволува на Брук да започне со школување во август, додека биле разгледувани приговорите на округот. Медицинска сестра ја придружува Брук на училиште и мора да го примени маслото од канабис три пати за да ги лекува нападите.

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Kron4

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Tuesday, September 4, 2018

Очајна мајка во потрага по лек за својот син го довела на пазарот првиот легален лек со канабис

Првиот лек со екстракт од канабис ќе се појави во аптектите оваа есен. Лекот Epidiolex, направен од чист Канабидиол или CBD, активна состојка пронајдена во канабисот, е одобрен за два ретки вида на епилепсија. Сем сега има 17 години, а веќе 2 години е сосема ослободен од болеста и живее без напади благодарение на лекот


За пристигнувањето на лекот во аптеките е заслужно едно семејство кое барало лек за својот син кој страдал од епилепсија. Администрацијата за храна и лекови во јуни конечно го одобри овој лек за лекување на две ретки и сериозни форми на епилепсија, синдромот на Ленокс-Гастау и Драветовиот синдром, кои започнуваат во детството, но можат да продолжат и во зрелоста. Но, испитувањето на CBD, кое не ги предизвикува истите ефекти врз мозокот како THC-то, примарната психоактивна состојка на марихуаната поради која најчесто е консумирана рекреативно, е многу тешко поради ограничувањата за употреба на канабисот во истражувањата. Сепак, семејството на Сем Вогелштајн (Sam Vogelstein) и неговите лекари пронашле начини да се справат со ваквите ограничувања, поради борбата за спречување на неговите напади.


Нападите на Сем започнале во 2005 година, на негова 4-годишна возраст. Тоа е момент кој неговата мајка Евелин Нусенбаум (Evelyn Nussenbaum), никогаш нема да го заборави. Семејството се збогуваше со нивниот пријател, кога Сем одеднаш паднал. По два месеци, Сем повторно имал напад и од тогаш, нападите продолжиле да се појавуваат секоја седмица. На крајот, тој се справувал со 100 напади дневно. „Во најлош случај, нападите се јавуваа на секои 3 минути“ - изјавува мајката на Сем. Тој беше дијагностициран со миоклонична епилепсија, која се карактеризира со губење на способноста за реагирање, а потоа и со тешки грчеви. Нападите биле кратки, но и опасни. Во мозокот на Сем се случува замаглување кое трае од 5 до 20 секунди, доволно за тој да падне по скалите, на лицето или пак, да си ја удри главата во прозорецот. „На голем дел од тоа не се сеќавам“ - изјавува Сем. Тој се сеќава на сите лекови кои докторите му ги препорачале. Некои од нив накратко помагаат. Други пак, предизвикуваат халуцинации, црвенило на кожата и неконтролиран бес. „Сем е нежна личност“ - вели мајка му. „Му дававме лекови и тој стана агресивен, а потоа започна да удира и други деца. Си мислев, ох, ова не е моето дете“ - изјавува таа.


Повеќе од 3,4 милиони Американци имаат епилепсија, според Центарот за контрола на болести и превенција. Но, докторите сè потешко се справуваат со оваа болест. Сем се мачеше да чита, да пишува, да решава математички задачи, додека пак, мајка му забележуваше како тој сè повеќе и повеќе заостанува во училиште. Животот на Сем навистина станал тежок. „Беше страшно. Често плачев во купатилото или пак, седев во својата кола и викав“ - вели мајката на Сем. Во 2011 година Евелин прочитала за истражување за нападите извршено врз стаорци. Истражувачите успешно се справиле со нападите со помош на CBD. „Си помислив, тоа му е навистина потребно на мојот син“ - истакнува таа. Но, пред 7 години, чисто CBD беше многу тешко да се пронајде. Од тогаш, многу држави ја легализираа медицинската марихуана и CBD е достапно во аптеките и на Интернет, но сè уште е класифицирано како дрога и е нелегално според законот.


Таа се приклучила на едно друштво за епилептичари. Групата се обидувала да направи свое CBD масло. Сем реагирал одлично на маслото, но потоа неговите напади повторно се појавиле. „Кога го тестиравме маслото, во него немаше CBD“ - изјавува Евелин. Потоа семејството на Сем се обиде да направи свое масло со ЦБД. Овој процес предизвикал да се рашири миризбата во нивната околина. „Зборувавме за тоа што би се случило доколку не уапсат и си помислив, добро, уапсете ме!“ - додава таа. Конечно, мајката на Сем открива една британска фармацевтска компанија која произведува масло со висока концентрација на ЦБД. По барање на семејството на Сем, компанијата се согласила да му дозволи на Сем да го испроба лекот, под лекарски надзор кој траел две недели. Кратко потоа, семејството заминало во Лондон. „По само еден ден, неговите напади се намалија од 100 на 30, а по вториот ден, тој страдаше од само 10 напади дневно. По третиот, тој имаше само еден напад“ - раскажува мајката на Сем. Момчето не претрпи никакви несакани последици. 


Но, во САД, родителите на Сем мораа да пронајдат начин за да продолжат да го добиваат лекот. Тие стапија во контакт со одговорните институции со барање Сем да го користи лекот. По четири месеци и еден куп документации, на Сем му беше дозволено лекувањето. Тој беше првиот пациент во светот кој добил Епидиолекс, лек направен од чисто ЦБД. Инспирирани од Сем, подоцна и други пациенти почнаа да го испробуваат овој лек. Во 2015, било објавено истражување кое вклучувало 214 пациенти со епилепсија, меѓу кои сите биле деца и тинејџери. За повеќето од нив, резултатите не биле толку драстични како оние на Сем. Нападите се намалиле за 36.5%, што е слично како и со останатите лекови.  


Одредени пациенти искусиле моментални несакани ефекти како диареја или умор. Непознато им било зошто ЦБД кај одредени пациенти реагирало и довело до огромно подобрување, додека пак кај други не. Тоа е поради фактот што канабисот делува индивидуално и одредени концентрации и спој од активни состојки од канабисот одговараат повеќе од други кај конкретни индивидуи. ЦБД исто така стана популарно поради неговата лековитост и за други медицински проблеми. Но, лековите од канабис не се регулирани како обичните лекови, па нивната постојаност на пазарот и дозата можат да варираат.


Со легализирањето на Епидиолекс, пациентите кои страдаат од епилепсија добиваат висококвалитетна, висококонцентрирана доза на ЦБД, вели д-р Роберт Карсон (Robert Carson), невролог кој се справува со пациенти со епилепсија на Вандербилт Универзитетот (Vanderbilt University). Пациентите ќе мора да имаат рецепта за да го добијат лекот. GW Pharmaceuticals сè уште не ја одредиле цената за овој лек, а мајката на Сем се плаши дека здравственото осигурување нема да го покрива трошокот за овој лек. Во меѓувреме, Сем сеуште го добива лекот. Еден ден, се надева дека тој ќе биде оној што ќе ги дава лековите на пациенти како него. „Сакам да бидам доктор за епилепсија“ - изјавува Сем. Моментално тој се обидува да ја добие својата возачка дозвола. Тој сега има 17 години, а веќе 2 години е сосема ослободен и живее без напади. 


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Новинар: Ангела Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Kqed

Saturday, August 25, 2018

Девојче кое користи медицински канабис за лекување на епи-напади бара прием во училиште

Санта Роса, девојче која користи медицински канабис за лекување на напади бара прием во училиштето во долината на Ринкон. Како и другите деца на нејзина возраст, 5 годишното девојченце со плетенки знае да изброи до 20. Исто така ги знае повеќето букви. „ЦБД е повеќе за одржување на состојбата. Тоа што делува како спас од нападите е всушност THC-то. Ги прекинува нападите во рок од три минути и тоа е многу големо олеснување за нас“ - вели нејзината мајка

Брук со нејзината мајка Џана
Но, Брук (Brooke Adams) беше дијагностицирана пред нејзиниот прв роденден со Драветов синдром, редок вид на епилепсија која предизвикува чести и долги напади. „Првиот напад се случил во првите неколку месеци од нејзиниот живот“ - вели мајка ѝ Џана Адамс (Jana Adams). „Често го посетуваше ургентниот центар во првите неколку години од нејзиниот живот. Тоа ѝ е во гените, никогаш нема да престане“ - додаде таа. Откако се обиделе со неколку фармацевтски лекови кои не ги спречиле нападите, Адамс рече дека се префрлиле на дневни дози од канабидиол, активна состојка од марихуаната позната како ЦБД и масло од канабис за да ги смират нападите на Брук. Поголеми дози од (психо)активната состојка THC лековите се применуваат на нејзините непца кога има напад. „ЦБД е повеќе за одржување на состојбата. Тоа што делува како спас од нападите е всушност THC-то. Ги прекинува нападите во рок од три минути и тоа е многу големо олеснување за нас“ - рече Џана Адамс.


Но, критичното лекување, кое ни помогна да ги намалиме нападите дури до еднаш во неделата, сега ѝ претставува препрека на Брук да се запише во градинка, вели мајката. Универзитетската школа во округот Ринкон, забранува учениците да користат масло од канабис на кампусот, дури и за медицински цели. Окружните функционери нагласуваат неколку државни и федерални правила кои ги забрануваат таквите лекови во рамките на училиштата. Адвокатот на Брук, Џо Роговеј (Joe Rogoway), рече дека правилата се во конфликт со актот на Американците со попреченост и актот на индивидуите со едукациони попречености, кои бараат од јавните училишта да обезбедат услуга и сместување на децата со попречености. Државниот судија има аргументи за одлуката на окружните училишта да му забранат на девојчето да го користи лекот на кампусот, случај кој ги нагласува правните бариери за забрана за користење на медицинска марихуана во училиштата.


Фундаментално, се работи за дозволување на 5 годишното девојче да оди во градинка и да има пристап до лекот од канабис за кој гласачите во Калифорнија рекоа неколку пати дека е соодветен. Федералниот закон вели дека училиштето треба да се прилагоди на нејзините медицински потреби“ - истакна Роговеј. Моментално, државите како Мејн, Њу Џерси и Колорадо направија исклучоци за ученици и студенти чии доктори го одобруваат користењето на медицинската марихуана, дозовлувајки им на родителите или овластени старатели да го администрираат лекот. Сенаторите од Калифорнија, Џери Хил (Jerry Hill), Д-сан Матео (D-San Mateo), промовираа слично законодавство во февруари, претставувајќи право кое би им ја дала опцијата на училиштата да им дозволи на родителите или старателите да применуваат медицинска марихуана на нивните деца. Но, ова право, моментално во Калифорниското собрание би забранило лекот да биде чуван во училиштата. Очајната мајка Џана Адамс рече дека нејзината ќерка нема да биде во полза од предложеното законодавство бидејќи нападите се случуваат периодично и мора веднаш да биде згрижена со маслото од канабис, отколку да чека некоклу минути за да стигне од училиштето во итен случај.


Лекот на Брук - THC тинктура
На Брук ѝ треба некој во училиштето што ќе може да ѝ го применува лекот“ - рече Роговеј.
Универзитетската школа во округот Ринкон ја смести нејзината ќерка пред две години кога таа почна да посетува предучилишна установа. Округот ѝ плати на Брук да оди во предучилишната заедница Хумболт, приватно училиште во Санта Роса кое се согласило да носи со себе лекови од канабис за итни случаи, рече Адамс. Училиштето исто така ѝ обезбеди медицинска сестра која оди на училиште со неа. Но, округот не го направи истото кога Брук се спремаше да се запише во основно училиште порано оваа година, рече Адамс. Напротив, предложија Брук да се школува дома, опција која Адамс верува дека не ги исполнува стандардите во актот за индивидуалците со едукативна попреченост. „Одејќи во училиште, ѝ се овозможува да се социјализира. Неодејќи на училиште, таа не може да си игра со другите и да биде во таа средина која сите деца треба да имаат можност да ја искусат“ - изјавува таа. Кети Мајерс (Cathy Myhers), помошник-надзорник во округот, цитираше неколку прописи кои забранувале на претставниците на училиштата да им дозволат на студентите да користат медицински канабис на кампусот. На пример, според кодексот за здравство и безбедност на Калифорнија, никој не смее да конзумира канабис на 300 метри од училиште, центар за дневна нега или младински центар.


Сојузниот Закон за успех на учениците, бара училиштата да бидат средини во кои нема дрога, рече Мајерс. „Нашата цел е да ги задоволиме потребите на нашите ученици. Се надевам дека ќе добиеме совет за тоа како да ги задоволиме потребите на студентите кои имаат потреба од медицински канабис во кампусот на јавните училишта, без кршење на законите и загрозување на нашата држава и федералното финансирање. Единствената алтернатива за која знам е да им се помогне на студентите со така наречена домашно базирана програма“ - додаде Мајерс. Случајот на Брук е поднесен во Одделот за дефектологија во Калифорнија, Канцеларијата на административни сослушувања на 14-ти Мај. Одделот е одговорен за разрешувања на несогласности помеѓу училишни окрузи и родители со деца со попреченост, според неговата Веб страна. Роговеј рече дека, дводневната јавна расправа ќе им дозволи нему и на адвокатите кои ја претставуваат училишната област да го кажат својот случај за тоа како долината Ринкон треба да продолжи со образованието на Брук.






Новинар: Ангела Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Pressdemocrat
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




















Friday, August 10, 2018

ТХЦ! Не само ЦБД, може успешно да третира педијатриска епилепсија

Екстрактите, тинктурите и останатите деривати од целата билка канабис се покажаа како клучни во лекувањето на детската епилепсија. Канабидиолот (Cannabidiol - CBD), е најпознатото непсихоактивно соединение во канабисот кога се работи за третман на епилепсија и напади, дури и кај деца. Но, новите студии ја осветлија улогата на Тетрахидроканабинолот (Tetrahydrocannabinol - THC) во лекувањето на педијатриската епилепсија


Канадска студија

Психоактивното соединение ТХЦ кое дава хај не е клучно само за лекување на канцерите! Една студија спроведена од истражувачите од болницата за болни деца во Торонто, оценува дека 20 деца кои имаат синдром на Дравет, форма на епилепсија отпорна на лекови (drug-resistant epilepsy - DRE) може да предизвика околу илјада напади месечно. Секое од децата е третирано со експериментален третман со масло од канабис во сооднос од 50:1 на ЦБД према ТХЦ. Лекот, кој беше донација од канадскиот производител на канабис Tilray, беше даван со постепено зголемување на дозите во текот на неколку недели. Според еден од водечките истражувачи неврологот д-р Блатнајд МекКој (Blathnaid McCoy), наодите биле ветувачки.


Ние забележавме ветувачки клинички корисни ефекти, вклучувајќи намалување на фреквенцијата на напади и подобрувања во одредени аспекти на адаптивното функционирање и квалитетот на животните мерки“ - рече МекКој во соопштението. Тие откриле дека колку е поголема дозата, толку е поефикасна. „Кај учесниците кои ја достигнале целната тераписка доза видовме статистички значајно намалување на моторните напади и зголемување на деновите без напади во споредба со оние кои не ја достигнале целната доза“ - додава тој. Вработените, исто така, објавија подобрувања во квалитетот на животот на децата, особено кога станува збор за губење апетит, поспаност и дијареа.


Веќе се знае дека маслата со изолирани канабиноиди се многу помалку ефикасни од маслата FECO (Full Extract Cannabis Oil), благодарение на придружниот ефект - (entourage effect). Сите состојки во канабисот онака како што природно се јавуваат во растението меѓусебно си помагаат. Иако одредена количина на ТХЦ во маслото од канабис може дури и да функционира подобро од лекови само со ЦБД, како што се открива во некои студии, постои одредена доза на загриженост за тоа како децата ќе реагираат на психоактивните ефекти на ТХЦ. МекКој додава дека студијата придонесува „кон растечки докази дека канабиноидите можат да вршат анти-епилептички ефекти и се безбедни и толерирачки во лекувањето на DRE“. Организмот се навикнува на ефектот на ТХЦ и секако дека е најважно децата да немаат напади и да може да уживаат во своето детство!

ПОГЛЕДНЕТЕ како маслото делува веднаш!!!

Австралиска студија

Друга студија, овој пат од Австралија, претставува одговор на наодите од канадската студија. Истражувачите од Иницијативата за канабиноидна терапија Ламберт од Универзитетот во Сиднеј (University of Sydney’s Lambert Initiative for Cannabinoid Therapeutics) откриле дека 75% од родителите кои имаат епилептични деца и користеле лекови базирани на канабис, иако неодобрени, забележале намалување на нападите кај нивните деца. Тие, исто така, забележаа и дополнителни придобивки, вклучувајќи подобрени јазични и когнитивни способности. Интересно е што препаратите што ги користеле овие родители имаа само малку ЦБД, вели Иан Мекгрегор (Iain McGregor), академски директор на Ламберт Иницијативата и автор на студијата.


Иако нелегалните екстракти што ги анализиравме содржеле ниски дози на ЦБД, три од четири биле пријавени како ‚ефективни‘, што укажува на важноста за истражување на билката канабис во целост за третман на епилепсија“ - истакна Мекгрегор. „И покрај огромното присуство на генерално ниски нивоа на ТХЦ, концентрациите не се разликуваат помеѓу примероците кои се сметаат за ‚ефективни‘ и ‚неефикасни‘“ - додава тој. Мекгрегор вели дека најефикасните лекови за епилепсија, всушност, може да имаат потреба само од повеќе ЦБД, некои само повеќе ТХЦ или дури и двете. „Нашето истражување покажува дека постои потенцијална улога за други канабиноиди, самостојно или во комбинација со конвенционалните лекови, кај епилепсиите отпорни на третман - и ова бара понатамошно истражување за да можеме да се надеваме дека ќе развиеме побезбедни и поефективни лекови“ - заклучува тој.


На ТХЦ вреди да се гледа како на третман против напади

ТХЦ отсекогаш била исклучена од вклучување во епилептични третмани поради неговите психоактивни особини, а неговите ефекти врз децата воопшто не се разбрани. Се разбира, луѓето сè уште се плашат дека ова може да им наштети на децата. Но, ТХЦ се покажа дека е антиконвулзивна состојка и всушност може да биде надополнување на други лекови против оваа болест. Но, зошто да ги труете децата со синтетички лекови кои не помагаат, а само имаат низа штетни ефекти, кога може да ги третирате природно со билен екстракт од целото растение канабис? Затоа некои научници препорачуваат додавање на мала количина на ТХЦ (микро доза) за да се постигне максимално намалување на нападите. Во една студија, наодите откриле дека употребата на препарат кој содржи 20:1 на CBD:THC резултирал со значително намалување на нападите. Поради ова, некои родители веќе се залагаат за прописи кои ќе дозволат не само ЦБД, туку и ТХЦ за лекување на епилепсија.


Џејсон Дејвид (Jason David) и Брајан Вилсон (Brian Wilson) се родители на деца кои страдаат од тешки форми на епилепсија. Во интервју од 2014 година, тие изјавуваат дека откриле: исклучувањето на ТХЦ од третманот против епилепсија може да ги попречи придобивките од растението. Вилсон рече: „ЦБД е многу важен дел од миксот, но само дел. Видовме мала контрола на нападите и напредок во развојот само со ЦБД, но ние не видовме вистинска контрола на нападот додека не додадеме мерливи нивоа на ТХЦ во мешавината. Ниското ТХЦ​/високото ЦБД не функционира за секого, исто како и фармацевтските лекови, тоа не е ‚една големина одговара за сите‘“ - додава Дејвид. Па, токму поради тоа вреди да се пробува со различни концентрации на масла, за вашите епилептични деца конечно да се ослободат од конвулзиите и за да ги заштитите од штетното дејство на фармацевтските неефикасни лекови за епилепсија кои можат да предизвикаат кома, па дури и смрт!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Cannabis.net