Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Фризерка од Шефилд во Велика Британија, која беше уапсена под сомневање дека се занимава со производство на канабис, вети дека ќе продолжи да го расте лекот за кој вели дека ѝ помага да ѝ ги олесни долгорочните здравствени проблеми
Лиза се гордее со тоа што е корисник на канабис
Лиза Ендрјус (Lisa Andrews) која има 41 година од Китс Роуд во Фокс Хил, беше уапсена на 25 април, како дел од полициската операција што резултираше со 40.000 фунти за нелегални дроги во областа. Полицајците велат дека пронајдоа 50 растенија од билката канабис во нејзината куќа, но Лиза вели дека тие ѝ требаат за да го направи маслото за кое се надева дека ќе ѝ го олесни нејзиното страдање. Таа сега вети дека ќе им се спротивстави на властите и ќе продолжи да го користи и расте канабисот, класифициран таму како дрога од класа Б - тврдејќи дека нема друг избор освен да го прекрши законот. Таа рече: „Јас сум граѓанин кој ги почитува законите - никогаш не сум добила ниту еден билет за пребрзо возење или парична казна“.
Лиза вели дека почнала да ја расте тревата, откако го загубила фризерскиот бизнис, што за неа претставувал примарен извор на примања. Таа вели дека тревата ѝ помага кај голем број сериозни состојби од кои страда - вклучувајќи проблеми со срцето, висок крвен притисок, анксиозност, депресија, лоша циркулација и гадење. „Не можам да си дозволам да продолжам да го купувам, но знам за фактот дека ми помага за мојата состојба“ - додава таа. „Ако не можат да ме излечат, јас ќе го направам самостојно - јас сум интелигентна дама и знам што е добро за моето тело“ - дообјаснува Лиза.
Таа вели дека ситуацијата е дури и повеќе од нелогична и неправедна со оглед на износот на канабис што Велика Британија го произведува секоја година за медицински и научни цели. „Во 2016 година Велика Британија произведе 95 тони канабис - тие се најголемиот дилер во светот“ - вели таа. „Сепак, тие велат дека воопшто нема медицинска или терапевтска вредност. Зошто тогаш произведуваат толку многу од тоа? Тоа е незамисливо за Владата да каже дека не сака да го одобри, но сепак да ја извезува во остатокот од светот“ - додава таа. Полицијата ја уапси Лиза за поседување канабис и за одгледување и таа и понатаму е под истрага. Таа вели дека ќе продолжи да го расте лекот и дури стапи во контакт со полицијата од Јужен Јоркшир за да побара појаснување на законот, но досега нема одговор.
Катрина Спраггон (Katrina Spraggon) е 35 годишна мајка која го подготвува маслото од канабис во својата кујна за лекување на 19-те хронични болести на нејзината ќерка Кајтлин (Kaitlyn), кои вклучуваат церебрална парализа, рефрактерна епилепсија и тешка сколиоза
Kaitlyn Spraggon
Катрина е австралиска мајка на четири деца која ги замени сите конвенционални лекови кај нејзината ќерка со оштетување на мозокот, со нелегално масло од марихуана кое сама го прави во својот дом. Катрина е поранешен негувател на деца и таа изјавува дека хранењето на нејзината ќерка со канабис ја трансформирало и помогна да реагира, па дури и ѝ помогна да се смее за прв пат досега.
Катрина, од Нинги, Квинсленд, вели: „Прв пат кога го пробав маслото од канабис на мојата ќерка, бев сведок на извонредна разлика за само два дена. Кајтлин едноставно стана жива. Тоа беше апсолутно неверојатно. Таа реагираше и напредуваше. Нејзините напади драстично се намалија. Со текот на времето таа постојано напредуваше и повеќе не беше само билка постојано заглавена во инвалидска количка. Таа почна да комуницира со мене на начин како што никогаш порано не комуницираше и таа може да си игра со своите браќа и сестри“ - изјавува оваа храбра мајка.
„Пред маслото од каннабис, Кајтлин ќе зјапаше во празно и немаше да одговора на никого. Никогаш порано не ја имав слушнато да се смее, тоа за мене е најубавиот звук на светот - таа ми даде само малку насмевка. Нема буквално никакви несакани ефекти - таа е само малку повеќе гладна од вообичаено, има зголемена жед и може да почне да се смее. Неверојатно е. Не сум загрижена за правните последици. Јас би сакала да го прекршам законот за ќерка ми да има квалитетен живот наместо да му се потчинувам на законот и да ја закопам мојата ќерка. Ете зошто јас сум отворена за јавноста цели три години“ - вели мајката.
Катрина користи три различни видови масло од канабис за третманот на нејзината ќерка - две илегално и ги испраќаат пријателите што живеат во други држави. Третиот е екстракт масло од целото растение канабис што таа самостојно го подготвува во нејзиниот дом од марихуаната што ја добива од дилерите на црниот пазар - плаќа 230 австралиски долари (151 EUR) за унца (28,34 гр) која трае два до три месеци. Мајкава исто така, почна да одгледува сопствени марихуана растенија дома, така што таа има неограничено снабдување за третманот на нејзината ќерка. Катрина тврди дека само една капка од нејзиното домашно масло нанесено на непцата на Кајтлин, на почетокот на нападот, ја оживува брзо и ѝ го скратува периодот на опоравување.
Во Австралија, маслото од канабис може да се препише за секој случај поединечно освен во Северната територија за пациенти кои страдаат од хронични болести. Сепак, мора да се увезува надвор од земјата и не е легално за поединци да одгледуваат сопствена марихуана за медицински цели. Значи, медицинскиот канабис е технички правно легален во Квинсленд, Катрина рече дека увозот од Канада или Данска ја чини до 5.000 AUD (3,282 EUR).
Мајката тврди дека има легални писмени изјави од осум различни лекари што ја охрабруваат да продолжи со користење на маслото од марихуана за лекување на нејзината ќерка. Таа дури се сретна и со истакнати австралиски политичари, вклучувајќи го и премиерот Малком Турнбул (Malcolm Turnbull) за да се изјасни за нејзиниот случај. Катрина рече: „Пред да го започнеме третманот со масло од каннабис, кога Кајтлин ќе имаше напад, таа имаше срцев и респираторен дистрес. Тоа од мене бараше јас ѝ давам прва помош и да ѝ давам толку многу различни опијати и да ја дрогирам. Таа беше како зомби и целосно отсутна до пет дена.
Сега, откако ќе ѝ го дадам маслото од канабис за нејзините напади, таа ќе се врати за 20 минути играјќи, танцувајќи и сакајќи храна. Пред сè ми се гадеше од постојано давање на мојата ќерка прва помош и да ја гледам на работ на смртта. Не сакав моите други деца да бидат трауматизирани и изложени на таков вид на ужас. Ништо не делуваше, а Кајтлин стануваше поболна и поболна. Мислев дека ќе умре. Сега Kејтлин е во можност да комуницира со нејзините браќа и сестри и сите играат заедно. Можам да одам да се туширам или да ги извадам корпите и да не морам да се грижам дека таа ќе умре додека јас не сум тука. Тоа е прашање на живот и смрт и никогаш нема да престанам да му го давам овој лек на моето дете“ - заклучува таа.
84-годишната баба на Катрина, Мини Нилсон (Minnie Neilson), сега е една од нејзините најголеми поддржувачи за третманот со канабис, но признава дека порано била скептична околу терапијата со канабис. Мини рече: „Кога Катрина за првпат ја стави Кајтлин на канабис, јас бев целосно против тоа и не разговарав со неа скоро еден месец. Но, по неколку недели, почнав да гледам огромна разлика кај мојата пра-внука. Маслото од канабис делува чудотворно за епилепсијата на Кајтлин. Таа сега има квалитет живот и се дружи со нејзините браќа и сестри. Пред третманот, таа беше како зомби и не ве погледнуваше кога ќе ѝ го кажете нејзиното име. Сега таа доаѓа ме гушка и бакнува. Јас сум целосно за тоа“ - вели прабабата на малата Кајтлин.
КОИ СЕ ПРАВИЛАТА ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС ВО КВИНСЛЕНД?
- Медицинскиот канабис може да се одобри ако пациентите веќе се обиделе да добијат конвенционални третмани во разумен временски период и тие не успеале или ако ефектите од конвенционалните третмани се нетолерантни;
- Бидејќи во моментов нема лиценцирани фирми за производство на медицински канабис во Австралија, овие производи треба да се увезат. Луѓето не можат законски да произведуваат сопствен канабис за медицинска употреба;
- Некои семејства во Квинсленд им даваат на своите деца медицински канабис од недозволениот пазар, бидејќи нема правен извор;
- Многу од овие родители се во ситуација кога стандардниот третман за состојбата на детето не е успешен или може да предизвика значајни несакани ефекти;
- Здравствените шефови велат дека семејствата пристапуваат до информации од интернет, што укажува дека употребата на медицински канабис може да биде од корист за состојбата на нивното дете, но многу од овие информации можат да бидат „анегдотични и не потврдени научно“.
Зоран Велковски од Волково е гитарист во македонскиот реге бенд „КОНОП“, свири бас во реге бендот Brooka и соработува и со Fin Project. Фејсбук страницата на бендот Коноп ја преставува работата на бендот и ќе се труди во иднина да ги пренесува и објаснува сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните кои сакаат да се изборат за легализација на Божјата билка. Зоран над десет години е активист кој упорно и храбро на секој можен начин како знае и умее се бори за ослободување на билката што животи спасува. Пред 2 години во 2015-та година протестираше пред Собранието на Република Македонија за легализација на канабисот со глад. Еве што тој има да каже за моменталната ситуација во која што конопот се наоѓа во Македонија и воопшто
Зоран Велковски од Волково сред конопно поле!
1.Што за тебе претставува канабисот? Дали треба да биде целосно слободен?
- Со канабисот се запознав за прв пат далечната 94-та година на свои 16 години. Тогаш Мац Пештерски (скопска урбана легенда) ни донесе една метла во гаража (машко растение) и полневме цигари, но безуспешно, зошто нели нема THC во таквото растение. Веќе следната година при дружба со локални скопски хипици се случи да го пробам вистинското нешто. Оттогаш наваму трае другарството со канабисот, а како поминуваше време ми помогна да се тргнам од многу опасни работи со кои, исто така другарував до својата 26-27 година. За мене канабисот е другарче исто како што е и цигарата (тутунот), но без отровите што ги има, а канабисот Е слободен, само што свеста на општеството сè уште не е ослободена по ова прашање.
2.Искуствата на пациентите ширум светот потврдуваат дека хемотерапијата е 70% неуспешна - го убива ракот заедно со пациентот, додека канабисот никого до сега не убил - НУЛА смртни случаи во историјата, а во третирањето канцер марихуаната е над 70% успешна! Кога и како дозна за лековитите својства на канабисот и дека со помош на оваа лековита билка можеш безопасно да се убие оваа дијагноза. Дали лично познаваш некој што се има излечено со масло или се лекува?
- За лековитите својста директно дознав преку лично искуство, бурната младост направи да страдам од посттрауматски стрес, а за лечењето на сериозни болести и состојби дознав од интернет.
Коноп бенд
3.За која здарвствена намена го користиш канабисот? Која врста на канабис најмногу одговара за твојата здравствена состојба, а која врста е твоја лична омилена врста на канабис? На кој начин преферираш да ја консумираш оваа билка?
- Најомилен ми е сканкот. Тоа е хибрид (индика-сатива), посебно ги сакам хејзовите со овошна арома. Сатива за преку ден, индика за спиење, тоа би била идеалната комбинација. Џоинтот е начинот на кој преферирам да ја користам оваа билка. Со канабис лечам тинитус, тоа на средно уво што е, од многу свирење гласно во гаражи. Само со канабис, друг безопасен лек нема, оти пишти, секоја вечер, само џоинт помага да се смири фонијата што ме мачи.
4.Дали си слушнал за анална канабис терапија (ректално) по пат на супозитории (чепчиња), што се покажа како поефикасен начин во третирањето на секакви најчесто посериозни форми на канцери, отколку оралното консумирање преку уста, особено кога пациентот треба да зема големи дози масло? Многу од пациентите велат дека на овој начин се намалува ефектот од преголемиот „хај“ што знае да биде непријатен кај оние кои мораат да земаат мега ударни дози. Дали си пробал да консумираш канабис на овој начин преку супозитории и дали би го применвувал овој начин?
- Масло имам пробано само орално, иако сите потврдуваат дека најкорисно е да се зема преку чепчиња, но јас за среќа не сум болен благодарение на рекреативното користење на канабисот, па не морам да користам масло, иако нема никако да ми штети :)
5.Дали имаш користено масло до канабис? Какво беше чувството и за што ти помогна?
- Масло имам пробано неколку пати, колку да знам за што станува збор. Чувството е фантастично, но ако користиш масло, а посебно некое квалитетно направено ќе немаш потреба од дување џоинт, а џоинтот значи ритуал на негово спремање и орална сатисфакција, која значи земање на духот на растениото преку дим.
6.Дали самиот знаеш да подготвиш нмасло од канабис и дали сметаш дека информациите за самолекување со канабис се веќе јавно достапни секому? Како изгледаше твојата потрага по квалитетно канабисово масло? Дали тешко се доаѓа до вистинскиот лек?
- Сè уште немам правено масло и таа работа ја оставам на луѓе кои го прават тоа постојано и со љубов. Процедурата е (боза), но и многу други процедури и процеси се „боза“, па одлучуваме да ги правиме или не. Јас сметам дека за секоја работа треба да се ангажира професионалец, а посебно за спремање на лек или храна со лековити својства.
7.Како ти го дозираше маслото на почетокот, а како го дозираш сега? Како изгледаше твоето навикнување на ефектот од маслото? Колку траеше твојата лична терапија?
- Немам поминато терапија со масло од канабис.
8.Кога кај тебе се појавија првите подобрувања откако започна да го користиш маслото и какви?
- Од моите десетина пати како имам пробано масло, подобрувањето е моментално.
9.Спореди го ефектот од маслото со ефектот од фармацевтските лекови коишто ти ги препишале твоите лекари за истите здравствени состојби?
- Не сум здраствено осигуран, немам ни свој матичен лекар. Фармацевтски производи (дроги) имам земано на своја рака во своите 20-ти години и споредбата е несоодветна. Трамадолот како една од појаките дроги што ги продаваа аптеките порано без рецепт, а сега го има само на црниот пазар има еден куп негативни нус појави, да го отворите упатсвото за употреба ќе прочитате за сериозни импликации по вашето здравје, нешто што го нема кај маслото од канабис, дури за разлика од трамадолот, маслото сите негативни нус појави ги претвора во позитивни. Чудо е ова растение...
10.Дали знаеш каков е составот на маслото кое што ти помага? Какво психофизичко чувство ти дава канабисот?
- Се знае кој е составот на маслото што помага, а се прави од квалитетно здраво растение богато со THC.
11.Дали успеа да се ослободиш и од некои друи здравствени состојби коишто те мачеле од минатото? За што друго ти помогна/помага канабисот освен за дијагнозата поради која започна да го користиш?
- Во основа човек сам си помага за сè што го мачи. Канабисот е само вистинското орудие за самопомошта. Највеќе мене лично ми има помогнато за смирување на последици од стрес и за моменти на депресија.
12.Дали користиш канабис и на други начини? Дали го користиш во исхраната? Омилен рецепт?
- Исклучиво го користам виткајќи џоинти и дувајќи го. Тоа е заради културата на која имам тенденција да ѝ припаѓам.
13.Дали ќе продолжиш канабисот да го користиш превентивно/рекреативно до крајот на животот?
- Доживотно, канабисот е доживотната робија која ја прифаќам со отворено срце, тоа е храна што треба да се консумира постојано за најоптимално здравје.
14.Како според тебе треба да биде регулиран канабисот во Македонија?
- Исто како што е регулиран и штавељот, спанаќот, брокулата. Јас сметам дека канабисот им припаѓа на зелените пазари и треба да биде сместен во групата на храна!
15.Какво е твоето мислење за граѓанското движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабисот во Република Македонија којашто ја покренавме? Ова интервју е дел од истоимената кампања. Од срце ти се заблагодаруваме за соработката!
- Мислам дека треба да продолжи да се развива идејата и имате комплетна поддршка од мене лично за било кој евент или протест во иднина.
16.Што според тебе секој индивидуално треба да превзеде за да се забрза процесот на ослободување на конопот, конкретно декриминализација? За колу време мислиш дека тоа најбрзо може да се случи доколку секој граѓанин активно се вклучи?
- Најголемите победи се оние на индивидуите кои победуваат терминални болести со ова Божјо растение. Тие се најголемите амбасадори за легализацијата и декриминализацијата. Сите граѓани тешко да се активираат, многу се зависни од фармација, алкохолна индустрија итн. Наше е да информираме, вие преку портали/медиуми, јас преку музика/песни.
Зоран е активен член на Левица, која се залага за легализација!
17.Што требаат според тебе да превземат Властите, спроведувачите на законот, јавните функционери, докторите, политичарите, пратениците, артистите итн. за побрзо да се декриминаклизира канабисот во РМ?
- Сите со барем малку тронка свест веќе јавно пишуваат, промовираат, поддржуваат. Сите останати политичари, артисти итн., што се кријат ќе продолжат да гоправат истото. Знам доста и политичари и уметници со кои сум дувал џоинт, а се кријат, најчесто да си го задржат работното место или функцијата што ја држат. Полека ќе се менуваат состојбите, но ќе видиме дали повторно во интерес на фармацијата и тесни бизнис кругови или во интерес на народот.
18.Твоја порака/совет до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот во Македонија, па и надвор од неа гласи...?
- Намалете со егото. Исто како што секое растение е хрането од сонцето, исто така сме и ние хранети од истото сонце и за сите нас има светлина. Да не дозволите вашето его да ја помрачи светлината со која ве храни сонцето.
19.Нешто да додадеш или да одземеш?
- Најмногу ми смета што заради лични каприци не се остава можност сите индивидуи, групи и организации што се борат за канабисот, да се соберат на едно место. Такво сплотување нема да доживееме ни денес ни во иднина.
20.На толку болни им е потребен лекот, луѓето се будат и освестуваат. Ние сметаме дека свеста е драстично променета од пред неколку години благодарение на нашиот заеднички труд. Дали мислиш дека е време за протести и маршеви?
- Секако, сметајте на КОНОП кога ќе има такво нешто.
40 годишниот жител на Скопје до сега над 23 години превентивно се дружи со билката канабис, којашто успешно се грижи за неговото најоптимално здравје. Благодарение на превентивната употреба на канабисот, ракот на кожа настанат од зрачење, воопшто не сакал ни да се развие цели три години. Но, тој реши да му стави крај на туморозниот израсток на неговото чело!
Средината на септември...
Оваа билка нашиот соговорник ја користи за поздраво и поубаво секојдневие, за разубавување на досадните моменти, за спречување несоница, за подобрување на расположението, за поубави дружења со пријателите, за третирање главоболки и секакви болки воопшто... Буквално за сè! Во разговорот со нас тој потврди дека никогаш премногу не се грижел за сопственото здравје и токму канабисот е заслужен за неговото добро здравје.
Кога на неговата слепоочница се појавил меланом поради рентгенско зрачење од преглед, овој маж го направил вистинскиот избор - посегнал по домашно изработено масло од канабис и упорно започнал секојдневно да ја мачка невообичаената творба на кожата и резултатите се очигледни! Не верувајте на своите очи! Уверете се на сопствена кожа! Маслото од канабис ја подмладува кожата многу подобро од комерцијалните (и штетни) кремови!!!
Овој Скопјанец е свесен дека за третирање на секакви канцери потребно е масло со висок процент на ТХЦ (над 85%), значи од индика врсти (сативите се наменети за епилепсија), сепак тој е многу загрижен за македонскиот див автохтон коноп, којшто вирее слободно насекаде низ нашава земја, а од којшто може да се подготви екстракт идеален за третирање на епилептични деца. Нашиот соговорник инсистира да се превземе нешто повеќе околу тоа.
Пред месец и пол. Жива рана...
Според докторот Пол Хорнби, патолог од Канада, кој до сега во Македонија веќе неколку пати држеше предавања на семинарите за медицинска употреба на канабисот, потврди дека во Македонија постои автохтона сорта на канабис, кој веќе е проверен во врвни лабаратории конкретно за третирање на деца болни од епилепсија. Резултатите биле одлични, а докторот се чуди зошто државата сè уште го стигматизира ова растение и сè уште не сака да превземе ништо во врска со таа конкретна врста на канабис идеална за третирање епилептични напади, затоа што таков сооднос на канабиноиди не може да се добие по вештачки пат, па дури ни со врстување на врстите...
„Ја шириме вистината за канабисот отворено. Над 20 години ја дружиме билкава, реалност е... Инаку со маслово млатам еден меланом веќе месец и пол. Остана розева дамка! Како 85 % да исчезна!!! Рик Симпсон ќе го тетовирам жими се ако ова ми го спаси животот!“ - истакнува тој! Тој пробал со маслото да го отстрани меланомот речиси на шега и резултатите се вчудоневидувачки. Тој за среќа исто така се сетил својот случај да го документира во етапи со фотографии како го уништува ракот на кожа.
Жално е тоа што кога некој ќе се одлучи да се лекува на природен начин со алтернативна медицина, којашто треба да биде примарна, најчесто нема поддршка од блиските и околината. На овој човек не му било лесно како прво да стигне до вистинскиот лек, а како второ отежнување било тоа што немал поддршка практично од никого, осуден бил на потсмев и неверување. Сепак, паметно постапил што не кажал никому дури до сега, затоа што не дозволил никој да му ја сруши вербата во исцелението што само може да ја зголеми и забрза моќта на канабисот. „Сам, без поддршка од никого... Не сакав никого да визнемирувам... Сега се фокусирам на следните пречки во животот“ - дополнува среќниот скопјанец.
„Инаку ова беше рана во развој. Три години. После едно рентген зрачење. И се појави. Но, пошто многу дувам... 🙂 изгледа немал плодна почва меланомот да се развива 🙂 Ама летово беше критично. Почнав со третманот на Рик Симпсон. И стигнав до тука“ - истакнува тој. „Додека не се средам анонимно затоа што канцерот уште е тука, но кога целосно ќе се спасам и јавно со име и презиме тоа ќе го кажам! До Нова Година треба да биде крај на мачкањето. Кога веќе ќе го немам меланомот, ќе документирам со чисто чело. Еве како изгледаше проблемот пред месец и пол - жива рана. Ве молам анонимно, за да имам слобода и мир во лекувањето. Ви благодарам и со почит...“ - заклучува тој.
„Македонија воведе нови поштенски марки. Пред да седнат на столчињата новава „Влада“ - Фрчко им препорача да ја легализираат „дрогата“. Па, изгледа ќе успееме со Марихуаната...“ - за крај додава тој :) Па, во продолжение може да ги погледнете новите македонски поштенски марки! УСПЕАВМЕ! Го ослободивме конопот во Република Македонија! :D
Мики од Скопје е дваесет и пет годишно момче кое со редовна употреба на канабис успешно се избори против неколку здравствени состојби коишто го мачеа уште од раното детство, а за кои конвенционалната медицина сè уште нема решение. Мики најпрво канабис започна да користи по пат на пушење и забележал дека има подобрувања во неговата целокупна здравствена состојба, за што лекарите не веруваа. Со употреба на масло од канабис кое самиот си го подготвувал, успеал да ги надмине засекогаш хроничните болки во неговиот лев колк, којшто му бил опериран во раното детство, поради тоа што ногата му била искривена и не можел да гази правилно. Сега Мики гази правилно и нема повеќе болки, а маслото му помогна исто така да ја победи хроничната мигрена којашто му се има појавено од голема повреда на главата, но и како последица од претрпената операција на колкот. Лековите коишто лекарите му ги препишуваа за главоболките му причинуваа само потешкотии во дишењето и несоница, а не му помагаа воопшто. Сега тој потполно ослободен од болките, тврди дека кај матичниот лекар оди еднаш на две години само за да си поразговараат за канабисот. Мики тврди дека неговиот имунитет е значително зајакнат, откако редовно консумира канабис и екстракти од оваа најлековита билка
Мики од Скопје
420 Macedonia: Кога прв пат започна да консумираш канабис. Раскажи ни повеќе за тоа твое искуство.
Мики: Првиот пат ми беше во осмо одделение. Бев со еден другар на фестивал во странство и таму имаше многу гужва. Повлеков два пати од бонг и оденаш почувствував дека се активира некоја друга страна во мене. Беше прекрасно, но морам да признаам дека ми беше и малку параноично. Мислев дека службените лица ќе ме забележат дека ми се црвени очите и дека ќе ме уапсат поради тоа. Па, се криев во гужвата кога ќе ги видев, како на филм. Ми стана интересно и сакав да пробам пак. После некое време паранојата од консумирањето канабис тотално исчезна и остана само убавиот ефект.
420 Macedonia: Кога и како забележа дека тебе канабисот ти помага?
Мики: Во прва година средно почнав да имам епилептични напади еднаш на два месеци. Тогаш сè уште не бев редовен консумент на канабис, а бев консумент на одредени фармацевтски лекови за депресија. Сфатив дека тие лекови не ми помагаат и не бев сигурен дали нападите ми се предизвикани од тие лекови, но сигурен бев дека треба да се обидам со канабис, бидејќи во тоа време случајно прочитав за лековитите својства на канабисот. Откако редовно почнав да консумирам канабис, епилептичните напади повеќе не ми се појавуваат, особено откако започнав да си земам по малку масло кое самиот научив да си го подготвувам од видеата на Рик Симпсон на Youtube. Нападите знаеја да ми се појавуваат наутро кога чекав автобус за на работа и знаеја да ми се појават кога ќе испиев две чашки пиво, но сега тоа е веќе минато.
420 Macedonia: Објасни како ја победи својата хронична мигрена со помош на канабис?
Мики: Како мал бев опериран на левата нога и на колкот. Требаше да ги извадам плочките и штрафовите уште на мои 14 - 15 години, но јас не го направив тоа. После на моите 20-ти години почнав да имам силни болки во главата и во левата нога и тоа не само на промена на времето. На 23 годишна возраст имав лошо искуство со полициски службеници Алфи и добив неколку јаки трауматски удари во главата. Ми беше извршен случаен претрес на јавно место и покрај тоа што претресот заврши службените лица и понатаму беа уверени дека јас поседувам марихуана во мене. Не ми беше најдено нишно и за да им докажам дека не се во право им се соблеков гол на улица и започнаа физички да ме напаѓаат само во главата. Таа случка ми предизвика несоници поради незапирливите внатрешни болки во главата и тоа траеше можеби и повеќе од година, додека не започнав редовно да го консумирам маслото. Значи јас со маслото конечно се ослободив од епи-нападите и болките во главата со еден замав.
420 Macedonia: Покрај маслото дали и колку често пушиш канабис? Како го дозираше маслото? Дали сè уште земаш доза од маслото за одржување?
Мики: Од маслото на почетокот консумирав многу малку, по две зрна на два дена. Тогаш уште не ми беа познати шемите за дозирање, кои сега се лесно достапни на Интернет. Додека го земав маслото, јас исто така си консумирав канабис во форма на џоинт, затоа што бев во такво друштво од мојот првичен контакт со марихуаната и имав лесен пристап до оваа билка. До ден денес си консумирам да се каже редовно канабис по пат на пушење и тоа по 1-2 џоинти во денот, а некогаш и повеќе, а канабисово масло си земам по три зрна масло на два дена, затоа што повеќе немам толкава потреба од истото и тоа го правам превентивно.
420 Macedonia: Како лекарите реагираа на твојата своеволна канабис терапија?
Мики: Мојот матичен лекар доволно ме знае, па затоа и не се обидува да ми препише некаков фармацевтски лек. Но, кога му отидов за мојата реума и болките во главата и нозете, тој ме препрати да се видам со специјалист невролог. Неврологот беше тотално неупатен за канабис. Многу беше и млад и непрофесионален. Кога ме праша дали консумирам канабис ми кажа дека тоа прашање е на пријателска база, а јас му поверував и му потврдив. Потоа мојата изјава тој ја запишал во лекарскиот извештај, дека мојата состојба е предизвикана од канабис, сè со цел за да го оцрни канабисот и мене лично и за да ја збогати фармецевтската мафија. Ми беа препиршани лекови коишто можат да предизвикаат кома и ми рече да ги пијам редовно. Фактички лекарот сакаше да ме убие со редовна доза од цела шака апчиња секој ден... Бев оставен со една опција, а таа ми беше канабисот. Оттогаш ги презирам лекарите и службените лица.
Лекарски извештај заснован на лаги! КЛИКНИ НА СЛИКАТА!
420 Macedonia: Која е твојата омилена врста на канабис?
Мики: АК - 47 којашто прв пат ја пробав во Детроит и оттогаш не сум ја пробал повторно. А најомилена врста за правење масло ми е хибрид, индика. Од моето искуство сум заклучил дека сите масла подготвени по методата на Рим Симпсон се добри, а најдобри се оние од повеќе измешани врсти, особено индики.
420 Macedonia: Како побрзо и целосно да го ослободиме овој лек во буквална смисла на зборот? Како да биде лесно достапен и евтин, особено за болните деца?
Мики: Со масовен притисок од јавноста кон институциите што се залагаат за „доброто“ на граѓаните. Луѓето да не се плашат јавно да зборуваат, бидејќи зборот железни врати отвара и станува збор за нивното здравје и животи и иднината на следните генерации. Во странските земји канабисот успеа да се легализира - декриминализира од притисокот на јавноста. Затоа ги повикувам сите што побрзо да се приклучат во секое масовно сенародно движење за ослобдување на канабисот!
420 Macedonia: Твој совет до јавноста...
Мики: Колку и да звучи смешно или нереално, канабисот ја лекува секоја болест во ордедени колиличини, индивидуално. Затоа на сите топло им препорачувам кога ќе заболат од некоја болест, најпрво да пробаат да се лекуваат со канабис, наместо со фармацевтски лекови, а за да не заболат вреди да пробаат да консумираат канабис превентивно ;)
Раскажи ја и ти својата канабис приказна за побрзо да го ослободиме овој природен и безопазен лек кој животи спасува!!!
Драган од Велес е дипломиран информатичар. „Моментално работам како раководител, главен механичар и информатичар. Како раководител сум одговорен за поголема група работници со кои работно, продуктивно и позитивно го минеме поголемиот дел од денот. Во слободното време активно работам како интернет маркетер, аналитичар на социјалните мрежи и канабис ентузијаст. Одговорното користење на канабис никогаш не ми правело проблеми во извршувањето на работните задачи, напротив се трудам да бидам модел на добар работник и со позитивни говори за марихуаната субтилно ги едуцирам оние кои сè уште се скептици за слободна и одговорна употреба на канабисот“ - вели тој.
Работната маса на Драган
420 Macedonia:Канабисот за тебе е...
Д: Канабисот ми нуди сосема поинаква перспектива на работите, ми овозможува да размислувам поинаку за конкретни ситуации. Ме смирува кога се чувтсвувам нервозен, ме радува кога се чувтсвувам тажен и меѓу другото ми помага да заспијам побрзо. Исто така ми помага да уживам во повеќето активности, ми дозволува поинаку да го видам светот, пореално. Некој пат имам тенденција да претерам со анализирањата и негативно да размислувам за себе, канабисот ми дозволува да го надминам целиот тој стрес, да разберам зошто не треба да се чувствувам така и ми ја обновува енергијата.
420 Macedonia:Кога прв пат проба канабис? Опиши го твојот прв HIGH! :) Д: Прв пат пробав канабис во средно. Другарите мои ве'е сите имаа пробано и за мене тоа беше премногу кул. После наставата отидовме во паркот и покрај Вардар прв пат потегнав од таа чудна цигара. Си мислев кој знае што ќе ми се случи, дека ќе почнат да ми се матат боите, дека ќе почнам да слушам чудни звуци... но, ништо од тоа не бидна. Збунет, но задоволен од новото искуство отидов дома, се затворив во собата, пуштив музика и се препуштив на задоволството. Но, дефинитивно не бев напушен, можеби не сум повлекувал правилно, хехехехе.
Мој совет за оние кои што прв пат пробуваат марихуана, дали рекреативно или од медицински причини, е да се едуцираат пред време за тоа искуство. Да бидат во пријатна и опуштена атмосфера, лесна музика и без негативни мисли. Не е ништо страшно, но сепак имајте на ум дека марихуаната е девојка и лесно може да ви го сврти умот. :)
420 Macedonia:Која е твојата омилена врста/врсти?
Д: Мојата омилена врста, хммм. Може да кажам сите врсти? Хехехе. Порано (околу 1999/2000 година) не ни знаев дека постојат различни врсти на марихуана. Имаше трева со гранки и семки, добивавме повеќе гранчиња и семчиња отколку цвет. И бевме задоволни, презадоволни. Тревата беше најчесто со слаб квалитет, за разлика од сега.
Но, од кога почнав подетално да се едуцирам за канабисот и да имам пристап до квалитетни врсти, Amnezia Haze ми е фаворит. На второ место Lemon Haze, го обожавам радлер вкусот.
420 Macedonia:Индика, сатива или хибрид?
Д: Повеќето едуцирани љубители на канабисот ја знаат разликата помеѓу Индика, Сатива и Хибрид.
Цветовите на индиката се густи и збиени, стеблото е грмушкасто и листовите се дебели, ефектот е „телесен хај“ (couch lock effect), додека кај сативата, цветовите се поретки, стеблото е издолжено и листовите се тенки. Дејството е енергично и стимулативно.
Хибридот е микс помеѓу индика и сатива.
Лично јас користам индика и сатива за различни пригоди.
Индика за редуцирање на стресот, после долгиот напоред работен ден и инсомнија, а сативазапрошетка низ природа, за социјални евенти и слично.
420 Macedonia:Колку често консумираш канабис?
Од градината на Драган - Microgrow Lemon Haze
Д: Релативно е тоа колку често користам канабис. Имам пушено и по десетици џоинти дневно со друштво, а имам и на 2-3 месеци пробано и по еден дим. Со текот на годините се научив да ги ползувам максимално бенефициите на канабисот и го користам само кога мислам дека ми треба. Најчесто после работа, за време на концерти, на седенки со пријатели итн.
420 Macedonia:Кој е твојот омилен начин за консумирање канабис и во кој период од денот? Дали имаш посебно место наменето за ова уживање?
Д: Омилен начин...хмммм. Ја сакам церемонијата на мотање џоинт. Едноставно е и брзо. Исто така џоинтот е правото нешто за социјализација. На сите ни е познат терминот „Фани два дима и подај.“ :)
Обожувам и бонг и вапорајзер, но нив ги користам само кога немам ризли или тутун.
Најчесто пушам навечер, а омилено место ми е било каде покрај езеро или река.
420 Macedonia:Џоинт, бонг или вапоризирање?
Д: Ова е нај филозовското прашање поврзано со конзумирањето на марихуаната. Овие три начини се сите различни и си имаат свои следбеници. :)
Лично јас преферирам џоинт, но и бонг. Мислам дека ништо не може да те „удри“ повеќе од добар бонг.
Вапоризирањето е повеќе за медицински потреби и за оние коишто не можат да го поднесат димот од џоинтот. Со вапоризација може да ја подесеш температурата со цел да ги искористиш максимално медицинските бенефиции од канабисот.
Без разлика како ќе го конзумираш канабисот, лековитите својства се неизбежни.
420 Macedonia:Дали си пробал DABs?
Уште некое цвеќенце на Драган
Д: За жал не. Сакам да пробам, се надевам есеноска кога ќе ме однесе патот накај државите каде што е легален канабисот.
420 Macedonia:Дали твоето психофизичко здравје се подобри откако започна редовно да консумираш канабис?
Д: Можам да го наведам стресот на работните места и динамичниот живот, којшто максимално го редуцирам со употреба на канабис. Честите акутни болки на зглобовите од замор исто така успешно ги третирам со уље од канабис.
420 Macedonia:Дали имаш излечено или спречено некакво заболување или здравствена состојба со помош на канабис?
Д: Да, мајка ми, пати од гонартроза, артроза на колената. Имаше максимална болка во колената којашто не минуваше ни со лекарства, ни со скапи физикални терапии. По само една недела од користење на канабис CBD уље, жената почна да оди без помагала. Болките и престанаа и сега може да трча побрзо од мене. Во секој момент кај мене дома има уље со висок процент на CBD канабиноиди. Кој го користиме за смирување, за дијабетес, за регулирање на крвен притисок или едноставно за сè помага.
420 Macedonia:Дали познаваш лично некој што успеал да го подобри своето здравје со помош на марихуана?
Д: Да, целата моја фамилија има подобро здравје со користење на канабис маслото.
420 Macedonia:Дали го користиш канабисот во исхраната и како?
Д: Додека некои се запознаени само со пушенето на канабис, други го користат и во исхраната... Кога ќе се легализира марихуаната во Македонија, јас би работел како одгледувач и готвач со канабис, хехехехехе.
Готвењето со канабис може да биде и малку комплицирано. Потребно е по малку да се експериментира во кујната, да се пробаат различни методи и најбитно од сè e да се внимава на потребната температура, бидејќи активната состојка THC испарува на одредена температура и со тоа може да ни пропадне нашиот оброк (т.е. да се намали неговата лековита вредност). :(
Некои сигурно ќе се запрашаат како да користиме марихуана во исхраната кога сè уште не е легална? Хмммм, засадете и бидете тивки... :)
Колкава доза е потребно за да се готви со канабис? Е на ова прашање треба многу да се внимава, бидејќи храната со канабис е многу потентна, затоа ве советувам да почнете со помали количини.
Јадења со канабис им приготвувам на моите пријатели, кои ја користат секоја прилика да ги пробаат моите специјалитети.
420 Macedonia:Кое е највкусното јадење што си го приготвил со канабис. Сподели го со нас рецептот!
Д: Мое омилено и најбрзо се приготвуваат „Firecrakers“ или колачиња со марихуана како што ги викаат моите пријатели.
Koj нема пробано Firecrackers, а е уживател на марихуаната нека го направи тоа уште денеска.
Firecracker е колач направен од марихуана, путер и бисквити. Јас си правам често и сум многу задоволен од дејството.
Кога е дигестирана марихуаната, има многу подруги ефекти, отколку кога е испушена и самиот хај е различен.
Ефектот го сеќавам после 1-2 часа, после 2 часа сум на посакуваното ниво. Значи да не се прејадеш колачи, бидејќи ќе се мрднеш, буквално. Дејството трае од 6 до 8 часа и повеќе, зависно од квалитетот на марихуаната.
Треба да се користат органски масти кои ги има во путерот и во некој маргарини. Марихуаната се разложува само во маснотии. Најдобро е да се користи високо мастен путер, високо мастен маргарин или крем Нутела кој изобилува со органски масти и има убав вкус. Јас последен пат правев колачи со Нутела крем.
Колачите на Драган
1. Јас употребувам Бамби/Плазма бисквити или диетални суви колачи, ги купувам од маркет за здрава храна, а можете и да употребите и оризни плочки. Ги мачкам бисквитите од едната страна со Нутела или маргарин и ставам наслага од ситно исецкана марихуана. Дозата ми е 0.8 грам за колаче од високо квалитетна марихуана. За неискусни направете со помала количина на марихуана 0,25г – 0,50г. бидејќи, ќе напоменам повторно, ефектот може да биде многу јак, за разлика од испушен џоинт.
2. Ги поклопувате бисквитите и благо притискате за да се распореди кремот рамномерно, кремот што ќе излезе надвор од бисквитите намачкајте го по краевите или одстранете го. Потоа замотајте го колачот со алуминиумска фолија во два или повеќе наслаги. 3. Најважно: Ставете го да се пече во предходно загреана релна на 150 степени и оставете го да се растопи кремот и да се спои со ТХЦ, активната состојка. Оставете го да стои точно 22 минути, пак ќе напоменам на температуа не поголема од 150-160 степени / 22 минути. За точно време јас користам штоперица. Оставете да се излади 10-20 минути, што би рекол јас, да легне ганџата. 5. = Профит
Резиме: 1. Крем Нутела или било кој високо мастен органски путер или маргарин. Алуминиумска фолија. 2. 1 грам квалитетна марихуана, за почетници 0,25г – 0.5г. 3. Предходно загреана релна на 150-160 степени и оставете да се пече не повеќе од 22 минути. 4. Во кујната нема да се сети миризба на марихуана. Нема потреба од паника. Проверено.
Уште некое колаче :P
Ако го загревате на повисока температура од 160 степени, ТХЦ, активната состојка која ни треба ќе испари и нема да го добиеме посакуваниот ефект. Исто ако се загрева на ниска температура, марихуаната (ТХЦ-то) нема да се разложи и пак, нема да имаме ефект. Значи 150 степени, 22 минути. Неколку пати напоменувам за времето и температурата, бидејќи тоа е единствениот начин да се згреши рецептот. Совет: Чекајте 2 и повеќе часа пред да изедете уште еден колач. Ефектот е јак, ако претерате нема да знаете кај ви е главата. Искусните уживатели, им советувам после 1 час да запалат мал џоинт за ефектот да биде по интензивен. Ефектот е многу добар и „спуштањето“ од дејството е многу подобро отколку испушен џоинт + ова е добро за оние на кои им смета димот од марихуана. Досегашно искуство, можам да кажам дека овој рецепт му давам оценка 8.5/10. Нема да се разочарате.
Bon Appetite
420 Macedonia:Спореди ја марихуаната во Македонија со марихуаната во земјите коиштоги имаш посетено.
Д: Пред 10-15 години да најдеш квалитетна марихуана во Македонија беше реткост. Читав на интернет порано дека марихуаната во Амстердам била пет пати појака отколку на другите места. Но, последниве 6-7 години, тврдам дека ја имаме најјаката марихуана во Европа. Не најдобрата, туку најјаката. Во Холандија, можеш да си купиш каква сакаш марихуана, слаба, јака, ваква, таква, а кај нас добиваш непознато нешто. Тоа е разликата.
420 Macedonia:Раскажи ни некаква интересна случка од coffee shop!
Д: Хммм, кога отидов прв пат во Амстердам, да бидам искрен ми беше страв да запалам џоинт. Ме маваа паранои да не ми се сврти, да не паднам, да не се онесвестам, оти сите мои другари кои биле таму, буквално се онесвестувале... И така со страв го запалив првиот џоинт. Се чувствував како прв пат да пушам марихуана. По неколку испушени џоинти се чувствував перфектно. Дури да не речам и не бев под дејство какво што очекував. Изедов десетици колачи, пушевме од секоја врста канабис и хашиш што можевме да ја купиме и сè уште не бев толку многу надуван како што мислев дека ке бидам. Едноставно беше прекрасно. :)
Шака преполна здравје - домашно!
420 Macedonia:Дали повеќе преферираш indoor или outdoor одгледување на канабис и зошто?
Д: Јас повеќе преферирам Indoor одгледување, бидејќи можам да го контролирам производот, да манипулирам со растот, едноставно, да комуницирам со растението. Тоа ми е хоби, обожавам Micro Grow.
420 Macedonia:Како според тебе треба да биде регулиран канабисот кај нас и во светот?
Д: Кај нас кога купуваме уље или цветови од канабис, најчесто купуваме од улица и не знаеме што ќе добиеме. Уште по страшно, уљето го купуваме по високи цени од улични дилери и не знаеме со што е мешано, ниту дали воопшто има марихуана во него.
Со регулирана продажба, потрошувачот ќе знае што купува и како е произведено истото. Со самото купување на маријуаната или нејзино одгледување, ќе ја заштитиме природата и самите нас, отколку да ги богатиме матните улични дилери и најбитно од сè, нема да живееме во страв дека ке бидеме уапсени и осудени.
420 Macedonia:Што мислиш за нашето граѓанско движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабидот во Македонија, којашто ја започнавме со цел на секој засегнат поединец во нашава земја да му дадеме можност да го искаже своето мислење на оваа тема преку интервјуа?
Д: Голема поддршка од мене, како поединец и уживател на канабисот. Секоја чест на основачите на ова движење. Активно ви ја следам кампањата уште од првиот ден и можам да кажам дека допринесовте максимално да се крене свеста кај населението околу употребата на оваа билка. Многу луѓе поради Вас јавно се осмелија да говорат за канабисот.
Продолжете со добрата работа и останете безбедни.
420 Macedonia:Што ќе ги советуваш сите љубители, корисници и поддржувачи на кабисот во Република Македонија?
Д: Што можам да ги советувам, а што веќе не е кажано?
Едуцирајте се повеќе за марихуаната. Колку повеќе знаете за неа, толку повеќе ќе ја засакате. Гледајте документарци, филмови и слушајте музика поврзана со марихуаната.
Пренесете го вашето знаење на сите околу вас. Колку повеќе знаат другите за марихуаната, подобро е за сите нас.
420 Macedonia:Нешто да додадеш или да одземеш? :)
Д: Можам да ви подадам ако сакате да фатите два дима, хахахахаха! Ве сакам!
ДЕКРИМИНАЛИЗИРАЈ!!! Рекреативна употреба = Превентивна употреба
С. Г. сака конопот легално да се сади!
С. Г. е дваесет годишна здрава, убава, паметна, среќна и преамбициозна млада жена од Скопје, студентка на државниот факултет за земјоделски науки и храна, при крајот на нејзините студии на смерот Фитомедицина. С. Г. сака во Македонија да се престане со увезувањето на земјоделски производи и сака секој земјоделец да може да одгледува коноп и канабис, покрај останатите култури. Во слободно време таа е екологист, активна е во акциите за чистење на нашата држава, доста е физички активна и често планинари. С. Г. собира секакви тревки, има свој личен хербариум, го едуцира друштвото за растенијата преку прошетки во природа, а исто така одгледува своја бавчичка, т.е. органска градина во своите викендички. На Македонија ѝ требаат многу повеќе вакви храбри и здрави млади умови, кои имаат толку позитивен потенцијал во себе, што секој дел од своето време го трошат на подобрување на животната средина, на олеснување и усовршување на животот на сожителите, на помагање... Токму затоа на Македонија ѝ треба целосна декриминализација на канабисот, за македонската младина да сака да остане да живее тука!
420 Macedonia:Што за тебе претставува канабисот? С. Г. Канабисот за мене претставува растение на животот, кое може да се користи за многу работи: лек, храна, козметика, текстил итн... Многу друштво имам запознаено поради ова растение. Канабисот е дар од природата за луѓето и во никој случај не треба да се смета за дрога.
420 Macedonia:Какво е мислењето на професорите од нашиот земјоделски факултет за канабисот? Дали си пробувала да разговараш за канабисот со нив? Дали го поддржуваат целосното ослободување на канабисот?
С. Г. Па во глобала ретко зборауваат на оваа тема, одбегнуваат. За конопот неколку пати имаме зборувано, за неговиот хемизам и физиологија, додека пак, за целосно ослободување на канабисот немаме зборувано.
420 Macedonia: Како иден експерт во земјоделството дали сметаш дека Македонија има соодветно поднебје и почва за одгледување коноп/канабис?
С. Г. Секако дека нашата држава има соодветно поднебје за одгледување коноп и канабис! Имаме дури 280 сончеви денови во текот на годината, ако малце повеќе ја истражите нашата држава ќе видите дека насекаде има диворастечки коноп, впрочем имаме и село чие име очигледно е дека е добиено од диворастечкиот коноп - Селото Конопиште!!! Ако не верувате – прошетајте и ќе се уверите :)
420 Macedonia:Како познавач на растенијата какво е твоето мислење за ГМО марихуаната?
С. Г. Иако во некои земји е забрането ГМО тоа секаде го има... Без него нема да може да се нахрани целата светска популација. Гигантската фирма „Монсанто“ која е позната по производството на ГМО семиња веќе подолг период работи на генетски модифицираната марихуана која наводно ќе го зголеми количеството на ТХЦ.
420 Macedonia:Какво е твоето лично искуство со канабисот? Кога прв пат ја проба оваа лековита билка и на каков начин?
С. Г. Прва година средно и тоа пробав во блант. Ми беше одлично и дури денес сè уште се дружам со таа екипа, одлична е фини прекрасни луѓе, пред сè интелектуалци и често се дружиме на по „еден“ блант.
420 Macedonia:Колку често консумираш канабис и како? Која е твојата омилена врста? Кој начин на консумирање канабис го преферираш? Кое е твоето омилено време за консумирање?
С. Г. Конзумирам неколку пати неделно секогаш во друштво. Канабисот за мене е нешто што ги зближува луѓето, па дури и тотално непознатите. Имам пробано неколку пати сама, но сепак кога ќе помине некој дечко/девојка што не го/ја познавам и ќе им понудам. Секој период од денот ми е омилен за канабис. Омилена врста немам сè додека е некое добро - природно и не е прскана. Сакам малце повеќе да експериментирам, па пробувам од бонгови, преку овошје, наргиле, луле. Имам направено една голема листа „101 ways to smoke weed“ и стигнав до 42 начини. Кога ќе стигнам до 101 ќе ја споделам со вас таа листа. Пробајте и вие, ви препорачувам!
420 Macedonia:За што тебе ти помага канабисот и дали имаш излечено или спречено некакво заболување или здравствена состојба?
С. Г. Секако, ми го подобрува пред менструалниот синдром (ПМС) и расположението. Имав анксизност која повеќе ја немам, болки во мускулите кои ги имам бидејќи често пешачам со саати. Јас немам посетено доктор веќе 3 години, бев пред некој месец да си проверам крв и бев шокирана за резултатите - сè ми е во доволен број - што порано, кога не консумирав канабис не беше така. Исто така и сум крводарител, сакам да спасувам животи и ги охрабрувам сите да го сторат тоа!
Друштвениот вкусен момент :P
420 Macedonia:Канабисот е и храна и лек воедно, билка и зеленчук воедно. Дали знаеш некакви рецепти за подготовка на здрави прехранбени продукти од канабис?
С. Г. Коноповото семе е одлично за ужина. Се користи на многу начини како прелив за салата, додаток во ручекот (наместо сол која е многу штетна за нашиот организам особено во прекумерни количини), може и да се прави: сладолед, колачи, чоколади... Јас ви препорачувам млеко од коноп и леб од коноп!
Млеко од коноп
Потребни состојки:
* 1 чаша конопови семки (може да ги најдете во пет-шоп, продавница за здрава исхрана, меѓутоа да знаете семките се стерилни, но ако имате среќа и од нив може да ви никне нешто);
* 4 чаши природна минерална вода;
* 1 ванила стапче\ 1 цимет.
Начин на подготовка: Целата оваа смеса ја ставате во блендер и исфилтрирајте со газа, додадете засладувач (стевиа,к афеав шеќер, мед), по желба се додава некое шумско овошје. Доколку коноповите семки се со лушпа оставете да покиснат 8-12 часа (ја исцедувате водата во која се натопени семките). Потоа млекото можете да го додадете во вашето кафе, смуди. Ова е одличен извор на протеини кој ќе го убие гладот за подолго време.
Вака полесно се завршува факс! ;)
Леб од коноп Потребни состојки:
* 900 грама брашно;
* 75 грама брашно од коноп;
* 75 грама лупени семки од коноп;
* 550 мл вода;
* 25 грама квасец;
* 20 грама сол;
* 10 грама путер. Начин на подготовка: Брашната се ставаат во длабок сад и се мешаат сè додека не се соединат, потоа се додаваат и останатите продукти, а водата постепено се додава додека го замесувате тестото. Се остава 15-20 минути тестото да искисне (за тоа време пафнете си еден) и се пече околу 20 минути на 230 степени.
420 Macedonia: Дали сметаш дека одгледувањето коноп/канабис може да го подобри квалитетот на почвата за другите култури и дали може да ни ја подобри живостната средина?
С. Г. Република Македонија е бoгaтa сo aлувијaлни пoчви, бoгaти сo мoшне хрaнливи мaтерии и зaтoa се пoгoдни зa одгледувaње на рaзни земјoделски култури, меѓу кoи и кoнoпoт. Нo сепaк, пoрaди нерaциoнaлнoтo кoристње нa пoчвите и уништувaњетo нa целaтa вегетaцијa вo нaшaтa земјa, чест е случaјoт тие дa oсирoмaшaт или дa бидaт ерoдирaни. И недoвoлнaтa грижa зa пoчвaтa и вoдaтa, дoведувa дo нивнo зaгaдувaње сo штo тие не смеaт дa се кoристaт зa нaвoднувaње или зa сaдење, а познато е дека конопот е култура којашто не само што го прочистува воздухот подобро од шумите, конопот исто така ја прочистува земјата, дури и од штетното дејство на радијацијата. Затоа во Фукушима масовно треба да се сади коноп, но не само таму, конопот треба слободно да си расте насекаде низ светов!
420 Macedonia:Ова интервју е дел од Националната кампања за декриминализација на најлековитата билка на планетава во Македонија, преку која сакаме на секој да му дадеме можност да го искаже своето мислење, затоа што сметаме дека сечие мислење е важно. Што мислиш за граѓанското движење 420 Macedonia и за оваа кампања?
С. Г. ужива после активниот напоредн ден ^_^
С. Г. Одлично е сè што правите бидејќи вие го освестувате народот! Јас ве следам уште кога имавте 200 лајкови (случајно ве открив сама побарав 420 Македонија) бев шокирана кога видов дека во Македонија има ваква страна и премногу се израдував и измотивирав уште повеќе да ви се приклучам! Го охрабрувам секој да направи сè што може за ослободување на конопот, а сите кои немаат време нека стават лајкче на вашата страница на фејсбук, нека поканат пријатели да стават лајк и секојдневно нека се едуцираат и споделуваат информативно-едукативните објави што ги постирате! Секој што ја игнорира забраната на конопот е соучесник на таа забрана која секојдневно убива невини души, а самиот коноп до сега никого не убил!
420 Macedonia:Која е твојата порака до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот?
С. Г. Тој што не знае доволно за ова растение – Научи го!
Тој што има здравствени проблеми и депресија – Излечи го!
Тој што знае и ужива во ова растение – Дружи се со него!
Тој што вика дека канабисот е дрога и не лечи болести – Освести го и бегај од него!!!
Од хербариумот на С.Г. :)
С.Г. на сите ни препорачува да го погледнеме д-р Масару Емото: