Showing posts with label наркоманија. Show all posts
Showing posts with label наркоманија. Show all posts

Thursday, September 21, 2017

Опијатската епидемија може да се реши со медицинска марихуана вели доктор Мехмет ОЗ

Противниците на легализацијата на марихуаната долго време се вадеа со изговорот дека канабисот е „почетничка дрога“ којашто е причина за започнување со консумирање на тешки синтетички дроги и останати штетни супстанци. Искуството го вели сосем спротивното. Денес со сигурност можеме да кажеме дека канабисот е „излезна дрога“ и дека со канабис терапија може да се излечат секакви зависности, вклучувајќи ја и зависноста од опијати (наркоманија), алкохолизам, коцкање, разни видови на психози и фобии

Еден од најпознатите лекари во САД и водител на едукативно-забавната емисија „Dr OZ Show“ докторот Мехмет Оз (Mehmet Cengiz Öz), кардиохирург, професор и автор на многу научни публикации го потврдува фактот дека само со ослободување на канабисот од законските стеги ќе се стави крај на опијатската епидемија што не ја измина ниту Македонија. Вистинската приказна е лицемерието околу медицинската марихуана. Луѓето мислат дека тоа е почетничка дрога кон наркотиците. Тоа може да биде излезна дрога што ќе нè извади од наркоманската епидемија - истакна д-р Мехмет Оз во гостувањето на емисијата „Fox & Friends“ во живо на Fox News изминатиов вторник.


Доктор Оз исто така го искритикува моменталниот статус што марихуаната го има поради федералниот закон. Не ни е дозволено да ја истражуваме бидејќи таа според класификацијата е дрога број 1 и јас лично верувам дека таа може да помогне - додава тој. Водителите на емисијата во којашто гостуваше д-р Оз воодушевени останаа без зборови.


Доктор Оз бил поканет во оваа емисија за да дискутира за претстојното интервју со Иванка Трамп, но разговорот многу брзо започна да завзема многу поинаков тек - кон ослободување на конопот! Д-р Оз требало да зборува за постпородилната депресија на ќерката на американскиот претседател за која таа спомнала за време на една од неговите ТВ емисии. Доктор Оз можеби заборавил да каже дека постпородилната депресија се спречува и лекува со помош на канабис! Имено многу голем дел од ендоканабиноидите преминуваат во бебето преку доењето, па новата мајка има голема потреба од екстерни канабиноиди со цел да го спречи ендоканабиноидниот дефицит во нејзиниот организам.


Темата што е од витална важност за спас на целиот свет - ослободување на канабисот - дојде на сцена откако водителката Ејнсли Ехарт (Ainsley Earhardt) го праша доктор Оз за неговото мислење во врска со претседателството на Доналд Трамп и што тој мисли во врска со незадоволството од страна на граѓаните. Кога домаќинот на емисијата Брајан Килмејд (Brian Kilmeade) се обиде да го прекине шоуто со реклами, д-р Оз праша дали може да каже нешто. Третиот водител, Стив Дуси (Steve Doocy), кој е познат по потсмевот и ругањето на оние кои пушат трева, одговори со еден збор: „WOW“.



Извор: Forbes

Saturday, August 8, 2015

Научна студија потврдува дека алкохолот е почетничка дрога, а не Марихуаната!

Реална споредба

Колку и да мислите дека алкохолот е безопасен и не е штетен во „одредени количини“ и дека е сосема ОК да се консумира „од време на време“ оваа отровна течност и да се биде пијан секој викенд - искуството и фактите го потврдуваат спротивното. Неодамнешна студија објавена во The Journal of School Health го сруши наметнатиот мит дека наркоманијата започнува со Канабис. Додека оваа заблуда може да е реалност за некои наркомани, оваа студија потврди дека ова не важи генерално за сите луѓе. Имено таа откри и потврди дека поверојатно е
алкохолот да дејствува како почетничка дрога и причина за злоупотреба на други супстанци, за разлика од Марихуаната. Оваа студија потврди дека консумацијата на Марихуана не е никаков показател за тоа дали лицето ќе се префрли на користење („други“) лесни и тешки дроги или пак, не.


„Со одложувањето на моментот на започнување со консумирање алкохол, стапката на злоупотреба на легални супстанци како што е тутунот и нелегалните супстанци како што е Марихуаната и другите дроги ќе бидат позитивно засегнати, т.е. намалени“ - изјавува ко-авторот на студијата Adam E. Barry, професор-асистент при Универзитетот во Флорида на катедрата за здравствена едукација и однесување (University of Florida’s Department of Health Education & Behavior) за Raw Story во едно ексклузивно интервју.

Додека студијата на Бери дава докази дека однесувањата со злоупотреба на супстанци може да бидат предвидени со голема мера на точност преку истражувањето на историјата со дроги на испитаникот, тој верува дека упорното потенцирање на теоријата дека Марихуаната е почетничка дрога кон многу штетни супстанци отиде наопаку затоа што нејзините творци - кои ја нарекоа „отскочна даска“ за време на ерата „Reefer Madness“ („Тревно лудило“) од 1930-тите години.

„Некои од овие претходни повторувања потребно беше да се конкретизираат и разјаснат“ - изјави Бери. „Токму затоа ние сакавме ова да го истражиме. Последната форма од теоријата за
„почетничка дрога“ е тоа што таа започнува со Марихуаната и се поместува кон она што лаиците го нарекуваат „потешки дроги“. Како што може да забележите од резултатите во нашата студија, таа ги потврди овие „почетнички“ хипотези, но прогресијата се движи започнувајќи од легалните супстанци, особено алкохолот, а потоа се движи кон нелегалните супстанци“. Не без причина алкохолот и цигарите се легални - колку повеќе алкохоличари и завистини од цигари - толку повеќе болни луѓе кои спасот ќе го бараат во фармацијата и ќе станат потрошувачи на лекови.

Треба да го сфатиме тоа дека се` е индивидуално и всушност стандардизираната прогресија на премин од користење на една материја кон друга, не го засега секој корисник на дроги. Студијата го зеде во предвид и овој факт. „Постоеја многу малку грешки во бројот на точните предвидувања за идното однесување во однос на користење супстанци... со околу 92% точност - изјави Бери.

Со споредувањето на стапките на злоупотреба на супстанци помеѓу алкохоличарите и луѓето кои консумираат алкохол, тие открија дека постарите средношколци кои консумирале алкохол дури и еднаш во својот живот „биле 13 пати поизложени на ризикот од користење на тутун, 16 пати поизложени на ризикот да користат Марихуана и други наркотици и 13 пати поизложени на ризикот од користење кокаин“ - тврди овој истражувач.

Оваа студија треба да ги освести сите луѓе кои се инволвирани во програмите за едукација и ширење на свеста за опасностите од злоупотреба од дроги, бидејќи потребно е да се обрне поголемо внимание на едукацијата за алкохолот и штетните псоледици од него. Вкоренувањето на фактот дека алкохолот е број 1 опасна дозволена супстанца чие што користење потоа наведува кон користење на лесни и тешки дроги - може да ја заврши војната со дрогите еднаш засекогаш. Ова е возможно само доколку законодавците и сите останати инволвирани во едукацијата одлучат да ја применуваат науката во корист на јавното здравје.

Оваа општествена заблуда e потхранувана од страна на алкохолната индустрија. Една друга студија објавена во 2010 година во медицинското списание Lancet го рангира алкохолот како најопасна и најштетна дрога од сите останати. Според оваа студија алкохолот е дури и поопасен од хероинот, крекот, метамфетаминот, кокаинот и тутунот. Студијата покажа исто така дека штетните дејства од алкохолот врз околината и другите биле двојно поголеми од штетите што ги предизвикува хероинот.

Искуството на пациентите кои се лекуваат со Канабис, како и на рекреативните корисници и оние кои користат Канабис како превентива, покажува дека Марихуаната е почетничка дрога кон фрижидерот, бидејќи отвора апетит, а воедно не дозволува да се здебелите. Како може ваква лековита билка да се смета за опасна и штетна дрога? Уште почудно е тоа како може да верувате на овие лаги!? Да беше алкохолот во ред, немаше да биде строго забрането возењето под дејство на алкохол.