Thursday, September 21, 2017

Опијатската епидемија може да се реши со медицинска марихуана вели доктор Мехмет ОЗ

Противниците на легализацијата на марихуаната долго време се вадеа со изговорот дека канабисот е „почетничка дрога“ којашто е причина за започнување со консумирање на тешки синтетички дроги и останати штетни супстанци. Искуството го вели сосем спротивното. Денес со сигурност можеме да кажеме дека канабисот е „излезна дрога“ и дека со канабис терапија може да се излечат секакви зависности, вклучувајќи ја и зависноста од опијати (наркоманија), алкохолизам, коцкање, разни видови на психози и фобии

Еден од најпознатите лекари во САД и водител на едукативно-забавната емисија „Dr OZ Show“ докторот Мехмет Оз (Mehmet Cengiz Öz), кардиохирург, професор и автор на многу научни публикации го потврдува фактот дека само со ослободување на канабисот од законските стеги ќе се стави крај на опијатската епидемија што не ја измина ниту Македонија. Вистинската приказна е лицемерието околу медицинската марихуана. Луѓето мислат дека тоа е почетничка дрога кон наркотиците. Тоа може да биде излезна дрога што ќе нè извади од наркоманската епидемија - истакна д-р Мехмет Оз во гостувањето на емисијата „Fox & Friends“ во живо на Fox News изминатиов вторник.


Доктор Оз исто така го искритикува моменталниот статус што марихуаната го има поради федералниот закон. Не ни е дозволено да ја истражуваме бидејќи таа според класификацијата е дрога број 1 и јас лично верувам дека таа може да помогне - додава тој. Водителите на емисијата во којашто гостуваше д-р Оз воодушевени останаа без зборови.


Доктор Оз бил поканет во оваа емисија за да дискутира за претстојното интервју со Иванка Трамп, но разговорот многу брзо започна да завзема многу поинаков тек - кон ослободување на конопот! Д-р Оз требало да зборува за постпородилната депресија на ќерката на американскиот претседател за која таа спомнала за време на една од неговите ТВ емисии. Доктор Оз можеби заборавил да каже дека постпородилната депресија се спречува и лекува со помош на канабис! Имено многу голем дел од ендоканабиноидите преминуваат во бебето преку доењето, па новата мајка има голема потреба од екстерни канабиноиди со цел да го спречи ендоканабиноидниот дефицит во нејзиниот организам.


Темата што е од витална важност за спас на целиот свет - ослободување на канабисот - дојде на сцена откако водителката Ејнсли Ехарт (Ainsley Earhardt) го праша доктор Оз за неговото мислење во врска со претседателството на Доналд Трамп и што тој мисли во врска со незадоволството од страна на граѓаните. Кога домаќинот на емисијата Брајан Килмејд (Brian Kilmeade) се обиде да го прекине шоуто со реклами, д-р Оз праша дали може да каже нешто. Третиот водител, Стив Дуси (Steve Doocy), кој е познат по потсмевот и ругањето на оние кои пушат трева, одговори со еден збор: „WOW“.



Извор: Forbes

No comments:

Post a Comment