Showing posts with label тутун. Show all posts
Showing posts with label тутун. Show all posts

Saturday, September 1, 2018

Марихуана или тутун: кој чад претставува поголем ризик за вашето здравје?

Долгорочната употреба на тутун и изложеноста на чадот од истиот има докажани штетни ефекти по здравјето, редовното пушење марихуана пак, може долгорочно да го подобри твоето целокупно здравје. Кога доаѓа до пушење, истражувањата докажуваат дека тутунот е далеку поштетен за белите дробови од марихуаната. Пушењето цигари предизвикува околу 80% од сите смртни случаи од хронично опструктивна болест на белите дробови, додека чадот од марихуана помага во ублажувањето на симптомите од болестите на белите дробови, а помага и во нивното лекување


* Престанете да ја споредувате марихуаната со алкохолот и цигарите!
Чад од марихуана и чад од тутун

Пушењето цигари предизвикува повеќе од 480.000 смртни случаи годишно само во САД, што е скоро еден на секои пет смртни случаи. Центарот за контрола на болести во САД известува дека пушењето цигари е почеста причина за смрт отколку смрт предизвикана од сообраќајни несреќи, алкохол, ХИВ, нелегални синтетички супстанци и огнено оружје – заедно! Во Journal of Harm Reduction во 2005 година истражувачите на канабисот дискутирале дека иако чадот и тутунот и канабисот поседуваат слични хемиски својства, не се еднакво карциногени и секако, поседуваат различни фармаколошки активности, особено поради тоа што во чадот од канабисот има активни антиканцерогени состојки наречени канабиноиди, велат студиите. Значи, додека чадот од марихуаната ги минимализира карциногените патеки, тутуновиот чад ги зголемува. Можеби ова е и причината поради која има 0 смртни случаи од марихуана во споредба со тутунот - 480.000, алкохол – 25.692, предозирање со препишани аналгетици – 16.651.... Во секој случај, вапоризаторите се најбезбедната варијанта на пушење марихуана!


Зависност од тутун и зависност од марихуана

Тутунот предизвикува голема зависност поради присуството на никотинот. Слично како кокаинот и хероинот, никотинот го менува начинот на кој работи мозокот кај пушачите и предизвикува стрвност. Се верува дека никотинската зависност е она што го прави откажувањето од цигарите толку тешко. Други истражувања потврдуваат дека никотинот во тутунот може да ги затврдне артериите што доведува до здравствени проблеми со срцето. Марихуаната, пак, не содржи никотин или пак, друга состојка која предизвикува зависност, па затоа зависноста од канабис е речиси невозможна. Според Државниот институт за злоупотреба на лекови во САД, марихуаната не води до зависност, а ова си го знаеме од личното искуство. Најпарадоксално е тоа што канабисот не само што не создава зависнот, напротив - може да помогне во борбата со никотинската зависнот и другите видови на зависности, како на пример од опијати.


Никотин VS. THC

Како што видовме, штетните ефекти на никотинот се добро докажани. Како споредба, за тетрахидроканабинолот се знае дека има бројни здравствени придобивки. Докажано е и дека ТНС е бронхијален дилататор, односно ја има способноста за проширување на алвеолите во белите дробови и помагање во чистењето на нечистотија, шлајм и чад, додека катранот од цигарите ги запушува белите дробови. 


Канцер

Тутунот е обележан како причина број 1 за канцер. Пушење цигари (и пасивно и активно) предизвикува канцер на: бели дробови, дебело црево, грло на матка, ректум, црн дроб, бубрези, грло, хранопровод, панкреас, желудник, жолчно ќесе и уста. Државниот Институт за Канцер во САД заклучува дека не постои безбедно ниво за употреба на тутун. За разлика од чадот од тутунот, истражувањата не успеале никако да најдат врска меѓу изложеноста на чад од марихуана од пушење и канцер на белите дробови или црниот дроб. Наспроти тоа, докажано е со многу продолжени животи дека ТНС всушност е антикарциноген! 


Белодробна функција

Постојат многу истражувања кои ги поврзуваат изложеноста на чад од цигари со поголем ризик од канцер на бели дробови кај возрасни луѓе и со зголемен број на респираторни инфекции и симптоми кај деца. Но, нема резултати кои го поврзуваат чадот од канабисот со штетни ефекти врз белодробната функција. Универзитетот Емори во Атланта спровел истражување со кое докажале дека изложеноста на чад од марихуана дури и за продолжени периоди не е поврзано со штетни ефекти за работата на белите дробови и целокупното здравје.


Да заклучиме...

Врз основа на мноштвото истражувања спомнати во овој текст, прилично е јасно дека регулациите за марихуаната не се за наше добро... Не постојат истражувања кои ја поврзале марихуаната со несакани здравствени ефекти како што е случајот кај пушењето тутун. Канабисот е сметан за лек откако постои човечкиот род и затоа рестрикциите непотребно им го одземаат на луѓето она што може да им претставува примарна и единствена природна опција за лекување и нормален здрав живот. Сите кои сакаат да консумираат канабис пушејќи го, а не сакаат да внесуваат во своето тело никотин и останати хемикалии од тутунот, може да ја прочитаат нашата серија од статии за тоа како да си сролаат здрав џоинт со други билки, наместо со штетен тутун!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:












Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Vapingdaily

Monday, April 23, 2018

Канабисот е помалку опасен од шеќерот, алкохолот и цигарите, велат студиите

Три супстанции далеку поопасни од марихуаната се најлесно достапни во секоја продавница. Тутунот, алкохолот и шеќерот се три легални супстанци што создаваат повеќе зависност од тревата, а исто така постои и поголема веројатност да предизвикаат заболувања


Канабисот е побезбеден од пивото
Анкетата спроведена од NBC News и The Wall Street Journal, откри дека сè повеќе и повеќе луѓе почнуваат да се согласуваат дека канабисот е побезбеден од „секојдневните“ производи како пивото и цигарите. Кој би помислил? Само 9% од луѓето ја рангираа марихуаната како најштетна од четирите понудени супстанцу, речиси половина од анкетираните 41% го одбраа тутунот, 24% го наведоа алкохолот и 21% сметаат дека шеќерот е најопасен. Со оглед на долгогодишното прикривање на здравствените придобивки на марихуаната и ширење дезинформации и лаги за ова лековито растение, овие резултати се изненадувачки за властите.

Канабисот е побезбеден од шеќерот
Коноп е се соочува со државни контроли; одгледувањето во многу држави бара дозвола што во основа е невозможна да се добие. Сепак, производите од коноп успеваат да останат легални. Додатоците и лековите од коноп можат исто така да помогнат за да се поддржи доброто здравје. Попречувањето на конопот, секако, не e толку сериозно ако случајот со канабисот. Канабисот е погрешно демонизиран речиси еден век, за среќа конечно почнавме да се освестуваме. Некои лекари дури се согласуваат дека алкохолот е поопасен од канабисот. Д-р Арон Керол (Aaron Carroll), професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Индијана, за CBS News изјави дека, додека тој смета дека првиот одговор секогаш треба да биде дека ниту една од овие опции, тој сепак верува дека алкохолот е полош.


Џоинтот е побезбеден од цигарите
Керол рече: „Откако ќе ги поминете сите податоци и ќе погледнете што е поопасно во скоро секоја мерка што ќе ја изберете, канабисот навистина изгледа како да е побезбеден од алкохолот“. Тој исто така додава дека криминалните активности во кои е вклучена марихуаната, имаат врска со нејзината нелегалност и нелегалната дистрибуција, и дека нема многу насилни злосторства извршени од консументите на канабис. Анализите исто така потврдуваат дека во земјите каде што канабисот е легализиран, стапката на криминал се намалила значително. Спротивно на тоа, има многу голем број на кривични дела кои вклучуваат алкохол како компонента. Алкохолот е познат по тоа што придонесува за насилни напади, тепачки, одмази, што дури можат да завршат и трагично. Керол вели: „Тој (алкохолот) е далеку полош од она што се случува со тревата“.


Кликни на сликата. Повеќе за терпини
Покрај тоа што не предизвикува криминал во општеството, а законот ги криминализира корисниците, иако позитивно влијае врз младите како што велат и други истражувања, тревата исто така, се чини дека создава многу помалку зависност од цигарите, шеќерот и алкохолот. Истражувањата покажуваат дека само 9 проценти од луѓето кои експериментираат со тревата може да станат зависни. Спротивно на тоа, повеќе од 20 проценти од луѓето кои експериментираат со алкохол ќе станат зависни или ќе го злоупотребуваат, а канабисот не може да биде злоупотребен. Значи, во реалноста, алкохолот и цигарите имаат далеку поголема веројатност да предизвикаат проблеми подоцна во животот. Единствената вистинска причина зошто алкохолот и тутунот вообичаено се „прифатени“ од општеството е поради тоа што веќе долго време беа дел од нашата култура. Марихуаната се третира исто како што алкохолот бил третиран за време на забраната. Забраната за алкохол завршила во 1933 година, а марихуаната од 1850 до 1936 година бил примарна билка од којашто се правеле најкористените лекови за третирање на повеќе од 100 различни болести и здравствени состојби во САД! Нели е време за промена?


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Newstarget

Wednesday, February 10, 2016

Цигарите го намалуваат IQ-то, а не џоинтите!

Научната студија објавена во зборникот Фитофармакологија - Journal of Psychopharmacology докажа дека пушењето ја намалува интелигенцијата, но пушењето цигари, а не пушењето џоинт. Истражувањето беше спроведено врз малолетници и истото ги анализираше податоците од 2.235 деца

Ајде на кафе и џоинт,
наместо на кафе и цигара! ;)
Истражувањето го спореди користењето тутун и цигари и влијанието што го има чадот од овие две органски материи врз интелигенцијата на возраст од 15 години, но и постигнатиот успех и способноста за учење на возраст од 16 години.

Испитаниците се дел од лонгитудиналната студија Avon на родители и деца (Avon Longitudinal Study of Parents and Children). „Многу се дебатира за влијанието на употребата на канабис врз адолесцентите и нивните интелектуални и образовни резултати. Ние ги истраживме врските помеѓу адолесцентната употреба на канабис и коефициентот на интелигенција, но и образовната подготовка“ - велат научниците.

Постојат многу образложенија за тоа дека канабисот не ги оглупува луѓето. Тутунот, алкохолот, дрогите и лековите влијаат врз оштетувањето на мозочните клетки. Докажано е дека канабисот ги уништува клетките, но само оние на канцерот. Сите нормални клетки од телото ги регенерира и ја поттикнува неврогенезата, т.е. создавањето на нови мозочни клетки и со самото тоа може да те направи попаметен. 

Канабисот е природен лек за болни и здрави!
Според резултатите оние кои користеле канабис 50 пати имале исти резултати како оние кои никогаш не ја користеле. Научниците велат дека постои голема поврзаност помеѓу пушењето цигари и намалениот успех во образованието. Имено податоците потврдија дека пушењето цигари го намалува коефициентот на интелигенција и успехот кај оние што никогаш не пробале канабис! Не постојат никакви докази дека марихуаната ја намалува интелигенцијата.

„Овие наоди укажуваат на тоа дека адолесцентната употреба на канабис не е поврзана со IQ или образовните перформанси...“ - истакнуваат научниците. Тие велат дека цигарите се проблемот. Потенцијалните нерегуларности во концентрацијата што може да се јават кај почетниците кои веднаш започнуваат со обилно користење канабис, не се трајни и се само моментални.  Сето тоа е сосем нормално и е составен дел од процесот на лекување: сонливост, глад, жед, состојба на медитација на умот и тн. Ова се саканите последици на канабисот - поттикнување на сите нормални и природни метаболички процеси во организмот. 

Само простите луѓе пушат цигари -
фрлаат пари во канта за нешто кое нема
ниту една (здравствена) придобивка!
Драги родители, нема од што да се плашите затоа што статистиките покажуваат дека легализацијата на марихуаната не ја зголемува употребата од страна на тинејџерите. Плашете се од вашето незнаење и неинформираност, затоа што треба да се гордеете доколку вашето дете го направи вистинскиот избор и им каже „ДА“ на билките, а „НЕ“ на легалните штетни супстанци (алкохол, цигари, апчиња...). За нив иако се докажано токсични, најчесто немате проблем доколку вашето дете ги користи, затоа што „сите тоа го прават“. Но, не грижете се... Се` ви е простено, затоа што човекот учи додека е жив!

Saturday, August 8, 2015

Научна студија потврдува дека алкохолот е почетничка дрога, а не Марихуаната!

Реална споредба

Колку и да мислите дека алкохолот е безопасен и не е штетен во „одредени количини“ и дека е сосема ОК да се консумира „од време на време“ оваа отровна течност и да се биде пијан секој викенд - искуството и фактите го потврдуваат спротивното. Неодамнешна студија објавена во The Journal of School Health го сруши наметнатиот мит дека наркоманијата започнува со Канабис. Додека оваа заблуда може да е реалност за некои наркомани, оваа студија потврди дека ова не важи генерално за сите луѓе. Имено таа откри и потврди дека поверојатно е
алкохолот да дејствува како почетничка дрога и причина за злоупотреба на други супстанци, за разлика од Марихуаната. Оваа студија потврди дека консумацијата на Марихуана не е никаков показател за тоа дали лицето ќе се префрли на користење („други“) лесни и тешки дроги или пак, не.


„Со одложувањето на моментот на започнување со консумирање алкохол, стапката на злоупотреба на легални супстанци како што е тутунот и нелегалните супстанци како што е Марихуаната и другите дроги ќе бидат позитивно засегнати, т.е. намалени“ - изјавува ко-авторот на студијата Adam E. Barry, професор-асистент при Универзитетот во Флорида на катедрата за здравствена едукација и однесување (University of Florida’s Department of Health Education & Behavior) за Raw Story во едно ексклузивно интервју.

Додека студијата на Бери дава докази дека однесувањата со злоупотреба на супстанци може да бидат предвидени со голема мера на точност преку истражувањето на историјата со дроги на испитаникот, тој верува дека упорното потенцирање на теоријата дека Марихуаната е почетничка дрога кон многу штетни супстанци отиде наопаку затоа што нејзините творци - кои ја нарекоа „отскочна даска“ за време на ерата „Reefer Madness“ („Тревно лудило“) од 1930-тите години.

„Некои од овие претходни повторувања потребно беше да се конкретизираат и разјаснат“ - изјави Бери. „Токму затоа ние сакавме ова да го истражиме. Последната форма од теоријата за
„почетничка дрога“ е тоа што таа започнува со Марихуаната и се поместува кон она што лаиците го нарекуваат „потешки дроги“. Како што може да забележите од резултатите во нашата студија, таа ги потврди овие „почетнички“ хипотези, но прогресијата се движи започнувајќи од легалните супстанци, особено алкохолот, а потоа се движи кон нелегалните супстанци“. Не без причина алкохолот и цигарите се легални - колку повеќе алкохоличари и завистини од цигари - толку повеќе болни луѓе кои спасот ќе го бараат во фармацијата и ќе станат потрошувачи на лекови.

Треба да го сфатиме тоа дека се` е индивидуално и всушност стандардизираната прогресија на премин од користење на една материја кон друга, не го засега секој корисник на дроги. Студијата го зеде во предвид и овој факт. „Постоеја многу малку грешки во бројот на точните предвидувања за идното однесување во однос на користење супстанци... со околу 92% точност - изјави Бери.

Со споредувањето на стапките на злоупотреба на супстанци помеѓу алкохоличарите и луѓето кои консумираат алкохол, тие открија дека постарите средношколци кои консумирале алкохол дури и еднаш во својот живот „биле 13 пати поизложени на ризикот од користење на тутун, 16 пати поизложени на ризикот да користат Марихуана и други наркотици и 13 пати поизложени на ризикот од користење кокаин“ - тврди овој истражувач.

Оваа студија треба да ги освести сите луѓе кои се инволвирани во програмите за едукација и ширење на свеста за опасностите од злоупотреба од дроги, бидејќи потребно е да се обрне поголемо внимание на едукацијата за алкохолот и штетните псоледици од него. Вкоренувањето на фактот дека алкохолот е број 1 опасна дозволена супстанца чие што користење потоа наведува кон користење на лесни и тешки дроги - може да ја заврши војната со дрогите еднаш засекогаш. Ова е возможно само доколку законодавците и сите останати инволвирани во едукацијата одлучат да ја применуваат науката во корист на јавното здравје.

Оваа општествена заблуда e потхранувана од страна на алкохолната индустрија. Една друга студија објавена во 2010 година во медицинското списание Lancet го рангира алкохолот како најопасна и најштетна дрога од сите останати. Според оваа студија алкохолот е дури и поопасен од хероинот, крекот, метамфетаминот, кокаинот и тутунот. Студијата покажа исто така дека штетните дејства од алкохолот врз околината и другите биле двојно поголеми од штетите што ги предизвикува хероинот.

Искуството на пациентите кои се лекуваат со Канабис, како и на рекреативните корисници и оние кои користат Канабис како превентива, покажува дека Марихуаната е почетничка дрога кон фрижидерот, бидејќи отвора апетит, а воедно не дозволува да се здебелите. Како може ваква лековита билка да се смета за опасна и штетна дрога? Уште почудно е тоа како може да верувате на овие лаги!? Да беше алкохолот во ред, немаше да биде строго забрането возењето под дејство на алкохол.