Showing posts with label притисок. Show all posts
Showing posts with label притисок. Show all posts

Monday, August 28, 2017

Редовното пушење џоинт може да го намали ризикот од мозочен удар!

Науката тврди дека редовното консумирање канабис може да го намали ризикот од мозочен удар! Голема научна студија објавена овој месец во зборникот Neuropsychopharmacology, сугерира дека редовната употреба на канабис по пат на пушење е поврзано со значително намален ризик од појава на мозочен удар. Ова истражување било спроведено на 74 корисници на канабис и 101 некорисници, велат Herb


Со канабис против мозочен удар!
Испитаниците кои се одбрани за оваа студија биле редовни консументи на оваа билка, повеќето од нив секојдневни пушачи на канабис. Значи сите ја консумирале билката во својот живот над 5.000 пати. Откако им била направена магнетна резонанца, истражувачите откриле дека на снимките кај корисниците на канабис се гледало поголема фракција на екстракција на кислород (OEF) и церебрална метаболна стапка на кислород (CMRO2). OEF го мери процентот на кислород отстранет од крвта и до околните ткива. Церебралната метаболна стапка се однесува на способноста на мозокот да ја оксидира глукозата (шеќерот) за енергија. 

Кога количеството кислород до мозокот е прекинато, како на пример во случај на мозочен удар, мозокот не може да ја користи глукозата за енергија и лицето може да изгуби свест за 5-10 секунди. Неколку минути без кислород предизвикуваат трајни оштетувања на мозокот, а во краен случај престануваат мозочните функции и настапува смрт. Повеќето кислород што патува до ткивата и подобрената способност да се користи кислородот за да се произведе енергија, драстично би го намалиле ризикот од појава на мозочен удар! Како што оваа студија објаснува, канабисот го подобрува протокот на кислород во крвта до мозокот. Студијата исто така откри дека корисниците на канабис имале подобар проток на крв до центрите во мозокот одговорни за учење (putamen).

Лек за здрав мозок! - Солунска Глава
Главниот истражувач од оваа студија д-р Франческа Филби (Francesca Filbey) објаснува дека ефектите од канабисот врз крвниот притисок се одговорни за носењето на повеќе кислород до мозокот. Ова е од круцијално значење поради тоа што високиот крвен притисок е еден од примарните фактори за појава на мозочен удар. „Примарната психоактивна состојка присутна во канабисот - тетрахидроканабинол (THC) - ги релаксира артериските ѕидови што резултира со понизок крвен притисок и зголемен проток на крв во ткивата“ - истакнува д-р Филби.

Истражувањето на д-р Филби сугерира дека дури и оние кои пушеле 5 илјади пати во животот имаат поголема веројатност за подобрувања во нивоата на кислород што се доставуваат до органите низ нивниот крвоток. Во студијата, корисниците на канабис биле замолени да се воздржат од употреба на канабис барем 72 часа пред испитувањето. Тие исто така ја користеле билката на двена основа 60 дена пред студијата.

Филби не е единствениот медицински истражувач кој открил дека канабисот го намалува крвниот притисок. Уште во 1970-тите, научниците открија дека психоактивниот канабис го намалува крвниот притисок кај луѓето. Дополнителните истражувања покажуваат дека редовните корисници можат да станат толерантни кон овие ефекти, што сепак само ја потврдува безопасноста, на дури и секојдневното и прекумерното користење на ова лековито растение.

Friday, June 2, 2017

Срце, крвен притисок и астма (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 93 - 95)

Срце, крвен притисок

THC и срцев удар!
Сте имале ли некакви корисни извештаи за коноповото масло и срцевите состојби?

„За тие со срцеви проблеми кои започнуваат третман со маслото, тие треба да бидат свесни дека често маслото може да ја зголеми стапката на отчукување на срцето, сè додека тие не се прилагодат на неговата употреба. Зголемувањето на стапката на отчукување на срцето обично е само мала, но јас чувствувам дека пациентот треба да знае дека тоа може да се случи.

Овој лек е ефективен за да ги намали нивоата на холестерол и ја подобрува циркулацијата на крвта, па тоа само по себе би било од огромна корист за срцето на пациентот. Секако, срцето е витален орган и од нашето искуство, коноповото масло може да ги подмлади виталните органи. Иако јас никогаш не сум им рекол на луѓето да престанат да ги земаат нивните лекови за срце, многумина го направиле тоа без никакви штетни ефекти. Чувствувам дека ефектот на коноповото масло на срцевите состојби бара повеќе истражувања, но од она што сме го виделе, овој лек се чини дека е многу корисен за срцето.


Може ли маслото да го регулира крвниот притисок?

Коноповото масло може да го регулира крвниот притисок, навистина. Јас го користам самиот за да ми помогне да спијам и за да го регулира мојот сопствен крвен притисок. Кога се започнува третман со конопово масло, јас им кажувам на пациентите кои веќе земаат лек за оваа состојба внимателно да го надгледуваат нивниот крвен притисок. Повеќето кои користеле фармацевтски лекови за контрола на нивниот крвен притисок повеќе немаат потреба од нив по започнувањето на третманот со конопово масло.

Откако коноповото масло го намалува крвниот притисок, секој кој се обидува да продолжи со употребата на нивните фармацевтски лекови за крвен притисок најверојатно ќе откријат дека комбинацијата од двете ќе го намали нивниот крвен притисок премногу. Тоа е добра идеја да се избегне оваа ситуација и со употребата на преносните мерачи за крвен притисок достапни денес, ова лесно може да биде остварено.


Може ли тоа да помогне со други болести на внатрешните органи?

„Од она што сум го видел со употребата на коноповото масло, многу состојби на внатрешните органи и поврзани проблеми може да бидат контролирани или излечени. Кога внатрешен орган е подмладен и излечен, тој може повторно да продолжи со своите должности во рамките на нашето тело. Лично, јас мислам дека тоа има многу повеќе смисла да се подмладат нашите сопствени витални органи со употребата на ова масло, наместо да се помине низ трансплантација на орган со сите поврзани опасности со тоа и потоа поминување на остатокот од твојот живот земајќи лекови за органот да не биде отфрлен (имуносупресивни лекови). Во некои случаи, трансплантацијата на органот може да биде единствениот одговор, но доколку овој лек се користи правилно за подмладување на виталните органи, јас мислам дека таму би имало многу помала потреба за трансплантација.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение

„Срцето е внатрешен орган и маслото ги подмладува виталните органи. Кога пациентите започнуваат да го користат маслото, тие обично ги намалуваат нивните дози од нивните лекови за срце на половина, и повеќето престануваат да ги користат лековите веднаш штом тие ќе почувствуваат дека тие можат да престанат да ги користат. Маслото е многу корисно за срцето.

Канабис е лек и за Астма!
Маслото може да го регулира крвниот притисок и аритмијата многу лесно. Тоа вообичаено го намалува крвниот притисок, па оние кои користат лекови за крвен притисок треба да бидат внимателни со употребата на маслото додека не се навикнат на него. Комбинацијата од лекови за крвен притисок и маслото може да го намали притисокот значително, и затоа добра идеја е да се мониторира крвниот притисок користејќи мерач за крвен притисок. Во многу случаи, маслото нежно ја зголемува стапката на отчукување на срцето.

Оваа област бара многу повеќе истражување, па пациентите треба да го следат нивниот здрав разум кога започнуваат со маслото, но тие треба исто така да останат во контакт со нивниот лекар за да се осигураат во правилната работа на срцето.  
Срцево болните треба да ги проверат електричните инсталации во нивниот дом или на работа.
Срцето работи на електромагнетни импулси, и затоа тие треба да избегнуваат да престојуваат во електромагнетни полиња колку што е можно повеќе.

Одбери го соодветниот „инхалатор“! ;)
Јас би го јадел маслото и јас исто така би го користел во супозитории. Што се однесува до надворешната апликација, тоа никогаш не боли но јас не можам да кажам колку корисно тоа навистина е во моментов. Како секогаш, јас би користел коноп на сите можни начини. Јас исто така би вклучил конопово семе и конопово масло во мојата диета, двете семето и маслото се познати дека имаат многу корисни ефекти за многу срцеви состојби.

Доколку јас бев доктор и треба да извршам операција или трансплантација на срцето, итн., јас би се обидел да го подмладам органот со најмалку 60 г од маслото. Ако 60 г нема да го доведат пациентот во доволна здравствена состојба, јас и понатаму би продолжил да им го давам маслото.“ ЈБ


Астма

Канабисот го олеснува дишењето!
„Дури и пушењето трева е корисно за многу страдалници од астма, но внесувањето на маслото или вапоризирањето тоа е многу поефективен и медицински начин за третирање на оваа состојба. Користењето на маслото во супозиторна форма е исто така многу ефективно за оние со проблеми со дишењето, и затоа оваа метода може да биде од корист исто така. Ние знаеме многу луѓе кои имаат астма на коишто им е помогнато со употребата на овој лек и јас можам искрено да кажам дека јас не сум свесен за било каков третман за оваа состојба којашто е поефикасна. Дури и оние кои страдаат од такви нешта како COPD сведочеле неверојатни подобрувања во нивната способност да дишат правилно со употребата на овој лек. Ако вие се соочувате со било каков тип на проблеми со дишењето, дајте му шанса на маслото и јас сум сигурен дека нема да се каете.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение

„Некој би очекувал дека вапоризирањето на маслото е најдобриот третман за астма или проблемите со дишењето. Изненадувачки, ние дознавме дека супозиториите со конопово масло се екстремно ефикасни во отварањето на дишните патишта. Обично, за 30 минути откако пациентот зема супозиторија, тие пријавуваат дека тие чувствуваат како нивните бели дробови се отворени и тие можат да дишат многу полесно. Секако, како и со секоја друга болест, јас би внесувал стандардна 60 г доза во три месеци и потоа јас би останал на грам дневно додека јас не се чувствувам целосно здрав. Потоа, секако, јас би останал на доза за одржување до крајот од мојот живот. Би го користел маслото орално, надворешно на моето грло и гради и во супозиторна форма.“ ЈБ



* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/

Monday, October 10, 2016

Мерки на претпазливост кога земате фармацевтски лекови и масло од канабис

Бидете свесни кога се започнува терапија со канабисово масло дека истата може да го намали вашиот крвен притисок, па ако во моментот земате лекови за крвен притисок, многу е веројатно дека наскоро повеќе нема да имате потреба од нивната употреба


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ЛЕКОТ КАНАБИС ПРИ УПОТРЕБАТА НА ДРУГИ ЛЕКОВИ


Канабисот е безбеден лек!
Често пати пациентите ќе се обидат да продолжат со употребата на нивните лекови за крвен притисок, но ако тие се земаат заедно со маслото, тогаш нивниот комбиниран ефект може да доведе до намалување на крвниот притисок на пациентот до непријатни нивоа. Добра идеја за оние кои започнуваат третман со маслото од канабис, да започнат исто така и со редовно проверување на нивниот крвен притисок и потоа да го намалуваат внесувањето на фармацевтските лекови за крвен притисок, како што нивните нивоа на крвен притисок се намалуваат, т.е. нормализираат.

Во случај кога пациентот веќе страда од низок крвен притисок, сум имал извештаи од луѓе кои ја имаат оваа здравствена состојба и тие изјавуваа дека со едноставно пиење малку вода кога тие ќе започнеле да се чувствуваат непријатно, им помагало до некој степен. Оние кои имаат низок крвен притисок, во некои случаи може да откријат дека е потребно да се внесуваат уште помали дози од овој лек и да се зголемуваат нивните дози соодветно. Но, бидејќи овој лек навистина не претставува опасност, мислам дека нивните тела ќе се прилагодат на ефектите од маслата за кратко време, по што тие треба да искусат мала или никаква потешкотија при неговата употреба“ - објаснува Рик Симпсон на неговата официјална Веб страница Phoenixtears.ca.


Фармацевтските лекови најчесто се летални
Дијабетичарите кои ќе започнат со канабис терапија треба да бидат свесни дека тие обично ќе откријат дека нивната потреба за инсулин ќе се намали и таа дури може да се намали до точка каде што пациентите повеќе нема да имаат потреба од неговата употреба воопшто, а истото важи и за повеќето други фармацевтски (синтетички) лекови исто така. Дијабетичарите се дијагностицирани со дијабетес тип 1 или тип 2 и без оглед на тоа од каков тип страдате, од голема корист е да го користите ова масло бидејќи не само што ќе се намали вашата потреба за инсулин, екстрактот исто така, ќе го заштити вашето тело од сите други штетни последици што оваа болест може да ги предизвика.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА ОПАСНИТЕ ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКИ ШТО СОЗДАВААТ ЗАВИСНОСТ!

Едно растение може да замени многу хемикалии
Единствен случај кога јас би им препорачал на луѓето да започнат со поголеми дози е доколку нивниот живот е во вистинска опасност или пак, за да им се прекинат опасните лекови за болки што создаваат зависност, обезбедени од страна на медицинскиот систем“ - додава Рик. Кога пациентите ќе започнат со третманот со масло од канабис и тие ги користеле овие лекови што создаваат зависност (а предозирањата најчесто се летални) за ублажување на болките, пациентите обично ги намалуваат своите лекови за болки на половина и тие исто така, најверојатно ќе откријат дека тие веќе нема да имаат потреба од користењето на повеќето други фармацевтски лекови.



Ти знаеш што е најдобро за тебе...
Многу од опасните лекови за болка како хидро морфиумот, предизвикуваат многу голема зависност по природа и пациентите ќе имаат тежок период на одвикнување од нив пред да престанат со нивната употреба, поради симптомите на одвикнувањето (кризите) од кои тие ќе страдаат поради овие легални дроги, затоа што тие станале тешко зависни од овие супстанции. Маслото (НУЛА смртни случаи до сега) ќе им овозможи на пациентите кои го консумираат да страдаат многу помалку од симптомите на повлекување од лековите што тие ги користеле и тоа обично може да го замени користењето на овие опасни лекови за 2 до 3 недели, откако пациентот започнал да користи масло и често е потребно дури и помалку време. Целта е да се внесе доволно масло за да се намали болката и за да му се помогне на пациентот да престане со користењето овие опасни лекови што е можно побрзо.



Во најголем дел, фармацевтските лекови се малку повеќе од токсични материи во секој случај и откако пациентот ќе започне со внесување на маслото, често пати присуството на овие токсични лекови, може да започне да им причинува стомачни потешкотии. Ова е предизвикано затоа што маслото ги препознава овие хемикалии и отрови, односно екстрактот од канабис препознава дека тие претставуваат вистинска опасност за организмот и буквално кажано, маслото сака да ги избрка од телото на пациентот. Веднаш штом пациентите ќе престане со внесување на овие т.н. „лекови“, нивните стомачни проблеми едноставно ќе исчезнат и во повеќето случаи тие ќе осознаат дека единствениот лек што навистина им треба е маслото.

Кажете им НЕ на апчињата!
За оние кои страдаат од рак во терминална фаза, маслото или ќе го излечи нивниот рак или во случаите кога е веќе премногу доцна за да се влијае на исцелувањето, маслото ќе им овозможи да искусат малку или воопшто да немаат болки и барем тогаш тие ќе може да заминат од овој свет со достоинство, т.е. на достоинствен начин. „Дури и ако на пациентот му е дадено само малку време да живее од страна на лекарите, не размислувајте за нивната ситуација како безнадежна, бидејќи многу често маслото се` уште е во можност да ги врати во состојба на добро здравјеДоколку ракот не може да се искорени со употребата на ова масло, не е невообичаено за пациентот да проживее многу месеци подолго од очекуваното и за тоа дополнително време, што маслото им го дава, тие често може да искусат многу добар квалитет на животот“ - заклучува Рик Симпсон. Хемотерапијата го скратува животот и го убива ракот заедно со пациентот. Канабисот го продолжува животот,  а го убива само ракот!