Showing posts with label дијабетес. Show all posts
Showing posts with label дијабетес. Show all posts

Tuesday, April 10, 2018

Нова канабис лепенка за третирање болки во нервите од фибромијалгија и дијабетес

Создадени се два нови лекови за болка од фибромијалгија и за третман на болки во нервите поради дијабетес од страна на компанија специјализирана за лекови базирани на канабис. Трансдермалната лепенка се поставува на кожата и лекот лесно преминува во крвотокот за третирање на болка од  фибромијалгија и дијабетична нервна болка

Лепенката ги лекува повредените места во телото. Во споредба со другите начини на внесување на лекови, како што се орално, топично, интравенски, интрамускулно, ректално и сл., патеката на лекување со трансдермални лекови е поповолна кај гореспоменатите дијагнози. Лепенката што се користи за третман на дијабетична нервна болка му овозможува на пациентот контролирано ослободување на лекот во телото на пациентот. Телесната топлина ги топи тенките слоеви од лекот вградени во лепилото, кои содржат екстракт од канабиноидна екстракција со висок процент на ЦБД. Овој екстракт полека навлегува во крвотокот преку капиларите, а потоа продира во централниот нервен систем на пациентот со што го ослободува од болките.


Извршниот директор на Cannabis Science, г-дин Рејмонд Ц. Дабни (Raymond C. Dabney) верува дека иднината на науката за канабис се базира на развојот на овие две нови фармацевтски медицински апликации. Компанијата се стреми да го зголеми капацитетот на земјиштето за раст и капацитетите за производство на сопствени производи за снабдување на научниците со сопственички материјали за да ги направат овие формулации. Од друга страна, компанијата за канабис е исто така зафатенa во истражување на повеќе потенцијални потреби за медицински апликации nа канабис и воведување на методи за испорака на овие лекови.

Се проценува дека фибромијалгијата влијае на 2% - 8% од популацијата, додека жените се двојно посклони да бидат погодени од болеста фибромијалгија. Луѓето со дијабетична нервна болка и фибромијалгија доживуваат хронична широко распространета болка и алармантна реакција на болка на притисок. Периферната невропатија (Peripheral neuropathy - PN) се смета за оштетување или болест што ги зафаќа нервите кои можат да го нарушат чувството, движењето, функцијата на жлездата или органот или други аспекти на здравјето во зависност од типот на нервите кои се засегнати.

CBD е вториот главен канабиноид во марихуаната по THC. Без психоактивни ефекти што ги носи ТХЦ, a има анти-воспалителни својства успешно ја елиминира болката. Г-дин Дабни, исто така, заклучува дека: „како што повеќе држави на национално ниво ја менуваат легислативата за легализација на канабис и лекови од канабис, тука во Cannabis Science, фокусот е на развојот на фармацевтски лекови и апликации за снабдување на огромната растечка побарувачка што се очекува во текот на следните неколку години“.


Автор: MoniQue Konopova

Thursday, June 1, 2017

Информации за лекувањето на други болести - Дијабетес (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 92 - 93)

Дијабетичарите коишто самошто биле дијагностицирани се обично доста лесни за излекување и за кратко тие често се ослободени од болеста. Но кај пациентите коишто ја имале оваа состојба долго време и страдаат од ефектите од болеста со години, тоа често ќе одземе подолг период. Дури и кај лошо оштетените пациенти, доколку висококвалитетното масло се зема соодветно, често за шест недели тие повеќе немаат потреба од инсулин. За жал, оштетувањето коешто оваа болест го предизвикува во нашите тела може да одземе значително подолго време за да се излекува, но со оглед на времето, повеќето од ова исто така може да се поправи

http://phoenixtears.ca/ & http://donate.hempcures.work/
Маслото се чини дека често ја има способноста да го подмлади панкреасот доста брзо, па тој може повторно да функционира правилно. Ние најпрво бевме во можност да го докажеме ова на дијабетичар којшто го лекував од рак. На крајот од неговиот третман против канцер, тој прекина со маслото целосно за десет дена. За мое изненадување, неговите нивоа на шеќер во крвта останаа во нормала и стана очигледно дека неговиот панкреас мора да функционира правилно повторно.

Јас секогаш им кажувам на пациентите јас не сум доктор, но јас мислам дека тоа ќе биде во нивен најдобар интерес, ако тие би можеле да престанат со хемиските лекови коишто тие ги користат за други состојби. Мошне често, одредени лекови може да ја попречат ефикасноста на третманот со масло и употребата на маслото обично ќе ги замени тие лекови во секој случај.

Сум имал извештаи од пациенти кои страдале од двата типa 1 и 2 на дијабетес коишто тврдат дека маслото ги излечило успешно. На пример, јас сум се соочил со пациенти кои инјектирале инсулин за триесет години, и, откако започнале со маслото, во рок од шест недели тие повеќе немале потреба да ги земаат овие инјекции. Во исто време, други извештаи што јас ги добив од некои тврдат дека тие биле ефикасни само во намалувањето на нивната инсулинска доза. Но, тие, исто така, истакнаа дека со употребата на маслото тоа исто така направило други прекрасни работи кои го подобриле нивното целокупно здравје.

Начинот на кој гледам на тоа, прекинувањето со инсулин и способноста панкреасот да ги контролира нивоата на шеќер во крвта повторно е целта. Сепак, дури и ако ова не може целосно да биде завршено, ефектите од маслото сè уште ќе бидат многу корисни за телото на пациентот. Поради тоа што оваа болест предизвикува проблеми во циркулацијата и други компликации, често инфекција предизвикана од повреда е невозможна за исцелување користејќи ги т.н. конвенционални методи на медицинскиот систем. На пример, ако дијабетичар се здобие со инфекција на неговото стапало и тоа одбие да се исцели правилно, на крајот, одговорот на медицинскиот систем е да се отстрани (ампутира) стапалото или барем делот којшто е инфициран.

Лично познавам дијабетичари коишто го имаат ова направено и по малку време тие обично имаат потреба да им биде отстрането повеќе бидејќи инфекцијата продолжува да напредува. Колку страшна перспектива со која се соочуваат дијабетичарите и она што го прави ова уште полошо е фактот дека овие операции се целосно непотребни.

Во тоа време, не знаев ништо за лековитите својства на коноповото растение и сè што можам да направам е да ја гледам агонијата низ која овие пациенти мораа да поминуваат; но оттогаш јас конечно ја научив вистината. Ако маслото се користи надворешно, тоа ќе ги излечи дијабетските чиреви за многу кратко време, па може да ги замислите придобивките кои диајбетичар ги добива кога оваа супстанца е внесувана. Јас ја правев оваа информација достапна со години но сè уште докторите одбираат да ја игнорираат употребата на овој лек и продолжуваат да ги осакатуваат своите пациенти. Ова е една од причините зошто јас немам корист од медицинскиот систем и сите овие така наречени лекари кои се хранат со нашето страдање.

По земањето на третманот со масло, многу дијабетичари кои биле на рестриктивни диети со години се однесуваат како дете во продавница за благо. Наеднаш, тие повторно можат да јадат храни коишто диајбетичарот не би требало и некои пациенти ќе настојуваат да претеруваат. Како што времето минува, маслото може да ја поправи штетата којашто била направена во телата на дијабетичарите како лоша циркулација, итн. Маслото исто така ќе ги излечи тие гнасни инфекции со кои дијабетичарите треба да се спрауваат, на разумен начин, и од она што сме го сведочеле, висококвалитетното конопово масло е ефективно во третманот на сите типови на дијабетес.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение

„Маслото го подмладува панкреасот и, верувале или не, тој потоа често започнува да произведува инсулин дури и по години на неактивност. Многу пациенти може да престанат да се боцкаат со инсулин по неколку недели на маслото. Маслото исто така помага во лекувањето или контролата на сите други проблеми во телото поврзани со дијабетесот.

Јас би го јадел маслото и/или би го користел во супозиторија. Пушењето или вапоризирањето може исто така да помогне во редуцирањето на нивото на шеќер во крвта, но ефектите се многу ограничени кога се споредени со внесувањето на маслото. Јас би го користел маслото надворешно за дијабетските чиреви, едноставно нанесете го маслото, покријте го со фластер и повторете го ова на секои три дена додека чирот е излечен. Јас би помешал масло од конопово семе со екстрактот и би го користел за масажи, што ќе поттикне циркулација на крвта и ќе помогне во превенцијата на отоците и другите неудобности. Јас исто така би вклучил конопово семе и масло од конопово семе во мојата диета.“ ЈБ


НЕ ИГНОРИРАЈ! СПОДЕЛИ! ДА ГО НАПРАВИМЕ ЗАЕДНО СВЕТОВ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ! ОД СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ ЗАВИСИ!!!


* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/ 

Monday, October 10, 2016

Мерки на претпазливост кога земате фармацевтски лекови и масло од канабис

Бидете свесни кога се започнува терапија со канабисово масло дека истата може да го намали вашиот крвен притисок, па ако во моментот земате лекови за крвен притисок, многу е веројатно дека наскоро повеќе нема да имате потреба од нивната употреба


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ЛЕКОТ КАНАБИС ПРИ УПОТРЕБАТА НА ДРУГИ ЛЕКОВИ


Канабисот е безбеден лек!
Често пати пациентите ќе се обидат да продолжат со употребата на нивните лекови за крвен притисок, но ако тие се земаат заедно со маслото, тогаш нивниот комбиниран ефект може да доведе до намалување на крвниот притисок на пациентот до непријатни нивоа. Добра идеја за оние кои започнуваат третман со маслото од канабис, да започнат исто така и со редовно проверување на нивниот крвен притисок и потоа да го намалуваат внесувањето на фармацевтските лекови за крвен притисок, како што нивните нивоа на крвен притисок се намалуваат, т.е. нормализираат.

„Во случај кога пациентот веќе страда од низок крвен притисок, сум имал извештаи од луѓе кои ја имаат оваа здравствена состојба и тие изјавуваа дека со едноставно пиење малку вода кога тие ќе започнеле да се чувствуваат непријатно, им помагало до некој степен. Оние кои имаат низок крвен притисок, во некои случаи може да откријат дека е потребно да се внесуваат уште помали дози од овој лек и да се зголемуваат нивните дози соодветно. Но, бидејќи овој лек навистина не претставува опасност, мислам дека нивните тела ќе се прилагодат на ефектите од маслата за кратко време, по што тие треба да искусат мала или никаква потешкотија при неговата употреба“ - објаснува Рик Симпсон на неговата официјална Веб страница Phoenixtears.ca.


Фармацевтските лекови најчесто се летални
Дијабетичарите кои ќе започнат со канабис терапија треба да бидат свесни дека тие обично ќе откријат дека нивната потреба за инсулин ќе се намали и таа дури може да се намали до точка каде што пациентите повеќе нема да имаат потреба од неговата употреба воопшто, а истото важи и за повеќето други фармацевтски (синтетички) лекови исто така. Дијабетичарите се дијагностицирани со дијабетес тип 1 или тип 2 и без оглед на тоа од каков тип страдате, од голема корист е да го користите ова масло бидејќи не само што ќе се намали вашата потреба за инсулин, екстрактот исто така, ќе го заштити вашето тело од сите други штетни последици што оваа болест може да ги предизвика.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА ОПАСНИТЕ ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКИ ШТО СОЗДАВААТ ЗАВИСНОСТ!

Едно растение може да замени многу хемикалии
„Единствен случај кога јас би им препорачал на луѓето да започнат со поголеми дози е доколку нивниот живот е во вистинска опасност или пак, за да им се прекинат опасните лекови за болки што создаваат зависност, обезбедени од страна на медицинскиот систем“ - додава Рик. Кога пациентите ќе започнат со третманот со масло од канабис и тие ги користеле овие лекови што создаваат зависност (а предозирањата најчесто се летални) за ублажување на болките, пациентите обично ги намалуваат своите лекови за болки на половина и тие исто така, најверојатно ќе откријат дека тие веќе нема да имаат потреба од користењето на повеќето други фармацевтски лекови.



Ти знаеш што е најдобро за тебе...
Многу од опасните лекови за болка како хидро морфиумот, предизвикуваат многу голема зависност по природа и пациентите ќе имаат тежок период на одвикнување од нив пред да престанат со нивната употреба, поради симптомите на одвикнувањето (кризите) од кои тие ќе страдаат поради овие легални дроги, затоа што тие станале тешко зависни од овие супстанции. Маслото (НУЛА смртни случаи до сега) ќе им овозможи на пациентите кои го консумираат да страдаат многу помалку од симптомите на повлекување од лековите што тие ги користеле и тоа обично може да го замени користењето на овие опасни лекови за 2 до 3 недели, откако пациентот започнал да користи масло и често е потребно дури и помалку време. Целта е да се внесе доволно масло за да се намали болката и за да му се помогне на пациентот да престане со користењето овие опасни лекови што е можно побрзо.



Во најголем дел, фармацевтските лекови се малку повеќе од токсични материи во секој случај и откако пациентот ќе започне со внесување на маслото, често пати присуството на овие токсични лекови, може да започне да им причинува стомачни потешкотии. Ова е предизвикано затоа што маслото ги препознава овие хемикалии и отрови, односно екстрактот од канабис препознава дека тие претставуваат вистинска опасност за организмот и буквално кажано, маслото сака да ги избрка од телото на пациентот. Веднаш штом пациентите ќе престане со внесување на овие т.н. „лекови“, нивните стомачни проблеми едноставно ќе исчезнат и во повеќето случаи тие ќе осознаат дека единствениот лек што навистина им треба е маслото.

Кажете им НЕ на апчињата!
За оние кои страдаат од рак во терминална фаза, маслото или ќе го излечи нивниот рак или во случаите кога е веќе премногу доцна за да се влијае на исцелувањето, маслото ќе им овозможи да искусат малку или воопшто да немаат болки и барем тогаш тие ќе може да заминат од овој свет со достоинство, т.е. на достоинствен начин. „Дури и ако на пациентот му е дадено само малку време да живее од страна на лекарите, не размислувајте за нивната ситуација како безнадежна, бидејќи многу често маслото се` уште е во можност да ги врати во состојба на добро здравје. Доколку ракот не може да се искорени со употребата на ова масло, не е невообичаено за пациентот да проживее многу месеци подолго од очекуваното и за тоа дополнително време, што маслото им го дава, тие често може да искусат многу добар квалитет на животот“ - заклучува Рик Симпсон. Хемотерапијата го скратува животот и го убива ракот заедно со пациентот. Канабисот го продолжува животот,  а го убива само ракот!