Showing posts with label семки. Show all posts
Showing posts with label семки. Show all posts

Sunday, October 16, 2016

Други природни терапии што можат да помогнат за време на лекувањето со масло од канабис

Зголемете ја PH вредноста на пациентот што е можно побрзо, затоа што ракот сака кисела средина и кога ќе ја зголемите PH вредноста (киселоста) на организмот на пациентот, тоа им прави на клетките на ракот многу потешки услови за развој и преживување или пак, ширење во другите делови од телото


Канабисот се јаде!
Кога пациентите доаѓаа кај мене по масло за да го лекуваат нивниот рак, првото нешто што им го велев беше да го променат нивниот начин на исхрана. Потрудете се да се држите настрана од протеините од животинско потекло колку што е можно повеќе, затоа што животинските протеини може да го поттикнат развојот на ракот. Набавете си соковник (блендер) и започнете да јадете колку што е можно повеќе сурови овошја и зеленчуци, бидејќи растителните протеини се борат со развојот на ракот. Престанете да користите шеќер и заменете ја неговата употреба со природни засладувачи како суровиот мед“ - нагласува Рик Симпсон на страницата Phoenixtears.ca

Повисока PH вредност е еднаква на намалена киселост! Зголемете ја PH вредноста на пациентот што е можно побрзо, затоа што ракот сака кисела средина и кога ќе ја зголемите PH вредноста (ќе ја намалите  киселоста) на организмот на пациентот, тоа им прави на клетките на ракот многу потешки услови за развој и преживување или пак, ширење во другите делови од телото. Постојат многу едноставни нешта коишто можат да помогнат да се зголеми нивото на PH вредноста на телото на пациентот. „Јас открив дека сокот од лимон, лубеница и дури сода бикарбона, кога се помешани со вода можат да го зголемат PH нивото на пациентот доста брзо“ - додава Рик. Исто така, започнете да јадете семки од две или три јаболка секој ден, ова ќе ви даде добра дневна доза од витаминот Б17, исто така познат како Laetrile (amygdalin). Б17 веќе има доста научни резултати во лекувањето на ракот, но има и други природни нешта, како што е тревата од пченица, кои исто така може да ви бидат од голема корист.

Доколку сакате брзо да се излечите, најдобро е да започнете здраво да живеете, да престанете со штетните навики, да вметнете нови здрави навики во секојдневието, но и да се придржувате до Протоколот на Рик Симпсон! „Многумина кои го користелле маслото од канабис за да го излечат својот рак не промениле ништо во начинот на живот и животните навики, а маслото сепак функционирало со својата „магија“ и тие биле излечени. Но, доколку имате сериозна здравствена состојба како што е канцерот, јас мислам дека добра идеја е да земате и други природни нешта коишто можат да му помогнат на маслото да го искорени ракот исто така, а со тоа да имате поголема шанса да преживеете. Но, најважната работа од се` е дека луѓето треба да разберат дека во најголем дел она што медицинскиот систем го обезбедува, прави многу повеќе штета отколку добро. Тоа е причината што јас им ја кажувам на луѓето кои ме контактираат, доколку тие сакаат да преживеат, најдобро е да се држат што подалеку можат од медицинскиот систем.  Тоа е тажната состојба на работите, медицински систем што го имаме денес и тоа нема да се промени се` додека луѓето кои работат во системот, конечно не сфатат дека хемикалиите и отровите не лекуваат“ - објаснува тој.

Колку што знам повеќето од лекарската пракса денес е лудило и не претставува медицина и мислам дека крајно време е тие да се освестат и да започнат да ја практикуваат нивната професија правилно. Практикувањето на медицината е базирано врз основа на Хипократовата заклетва, со која докторите се заколкуваат и треба да ја следат и оваа заклетва отворено потврдува, ПРВО ДА НЕ СЕ НАШТЕТУВА и како лекар ЈАС НЕМА ДА ДАВАМ ОТРОВ. Па, тоа е токму она што повеќето доктори од денешно време мислат дека прават и зошто толку голем број од нив одбиваат да ја следат сопствената света заклетва? Јас мислам дека одговорот на ова стана сосема јасен на многу од нас и ако оние кои ја практикуваат медицината нема да ја следат сопствената света заклетва, тогаш тие всушност немаат право ни да се нарекуваат себеси доктори“ - заклучува Рик Симпсон. Зарем сметате поинаку?


Friday, June 5, 2015

Семето од коноп нè прави посреќни - Конопово семе против стрес и рак!

Физичкиот и емоционалниот стрес го покачуваат нивото на хормонот  на стрес Кортизол што е најчеста причина за ослабен имунитет, појава на рак и други заболувања. Семето од коноп благодарение на своите есенцијални масни амино киселини го намалува штетното дејство од Кортизолот и го поттикнува излачувањето на хормонот на среќа Допамин



Физичкиот и емоционалниот стрес прават нарушување на хормоналниот баланс во организмот, а најмногу покачување на нивото на хормонот Кортизол. Овој хормон е излачуван од надбубрежните жлезди и народски е познат како „хормон на стресот“. Тој е многу корисен кога наеднаш на телото му е потребен силен наплив на енергија (како на пример во ситуација на тепачка), за помагање на меморијата или пак, давање на поттик на имуниот систем. Кортизолот е многу важен хормон што помага во регулирањето на инсулинот, крвниот притисок, правилното функционирање на имунитетот, ги контролира реакциите на воспалителни процеси и метаболизмот на гликоза.


Сепак, во прекумерни количини и кога на телото му е непотребен, овој хормон создава несакани последици. Во ситуации на хроничен стрес, вишокот на кортизол може да направи сериозни нарушувања и компликации, што е најчеста причина за појава на ракот и други заболувања поради ослабениот имунитет. 


За да се избегнат штетните несакани последици од овој хормон, треба да го избегнуваме стресот, да му помагаме на нашето тело да се релаксира, да спиеме квалитетно и квантитено, да ги избегнуваме прекумерните количини на кофеин, шеќер, никотин и алкохол. 


За избалансирано физичко, ментално и емоционално здравје соодветната нутриционистика игра речиси клучна улога, бидејчи „ти си тоа што го јадеш“. За намалување на штетните ефекти од вишокот кортизол во организмот, помагаат есенцијалните масни амино киселини, со активирањето на хормонот на среќа допамин. Покрај оваа особина, амино киселините имаат и бројни други придобивки, а им помагаат и на лицата заболени од Алцхајмерова болест и депресија.


Една таква „супер храна“ против стрес и најбогата со омега масти е коноповото семе и маслото од конопово семе. Семето од коноп не содржи психоактивни состојки наречени канабиноиди, па затоа нивното консумирање со сурова или печена форма или во вид на масло е потполно безбедно. Слично како лененото семе и семето чиа, Коноповото семе е богато со Омега амино масни киселини, а најмногу Омега 3 и Омега 6 и на човечкото тело му го даваат идеалниот сооднос на овие масти. Поради нивното изобилство од протеини, минерали, витамини (како што е витаминот Е) и други нутритивни елементи во ова семе, истото се препорачува во вегетаријанската и веганската диета. Семето од коноп може да го забави процесот на прерано стареење предизвикано од хроничните воспаленија.

Не постои природен производ што е побогат со амино киселини од коноповото семе. Дури и семето од лен има помалку есенцијални масти од коноповото.

Коноповото семе се одликува од другите семиња и по тоа што неговите протеини не предизвикувале надуеност и гасови. Исто така, коноповото семе е побогато со протеини за разлика од чиата и ленот. За разлика пак, од сојата која има енормно високи количества на фитинска киселина (состојка што не` спречува од апсорпција на минералите), коноповото семе не содржи фитинска киселина. Тоа е богато со растителни влакна и со минерали како магнезиум, железо, цинк и калиум.  Многу е лесно сварливо и може да се користи како замена за други житарки што создаваат алергии.
За разлика од другите јаткасти плодови и семиња, коноповото семе не е алергено и не содржи глутен.

Коноповото семе содржи протеин едистен, па оттука е слично со глобуларните протеини од човечката крвна плазма. Семето од коноп содржи големи количини на албумин, а неговите протеини се лесно достапни за телото во форма многу слична со онаа пронајдена во крвната плазма. Покрај тоа што јадењето на ова семе на телото му ги дава сите есенцијални амино киселини круцијални за одржување на добро здравје, овие масни киселини на телото му помагаат и во создавањето на серум албумините и серум глобулините.

Исто како и другите семиња, коноповото семе може да се консумира на разновидни начини, во шејкови, смудиа, супи, како додаток на лебови и пецива, во салати и може да биде додаток или зачин на речиси сите слатки и солени рецепти. Сепак, најкорисно за организмот е доколку се јаде наутро за појадок во мусли, заедно со други житарки и семиња, така што на телото ќе му се обезбедат нужните нутритивни состојки, масти и калории потребни за почеток на денот и за правилно функционирање на телото и умот во текот на целиот ден.