Showing posts with label Родна. Show all posts
Showing posts with label Родна. Show all posts

Sunday, April 17, 2016

Една од целите на Родна Партија е декиминализацијата на канабисот!

Пронајдено е решение за многу од нашите заеднички проблеми, вклучувајќи го и овој со канабисот. 


Да ги ослободиме сите билки!
Решението се нарекува „Родов Имот“, сплотеност, љубов и мир помеѓу секој жител на Република Македонија. Родна Партија е новата политичка опција во Македонија чија главна цел е враќањето на вистинските општествени вредности на правото место. Оваа нова партија е формирана од млади луѓе на кои им е здосадена моменталната ситуација во нашата земја и кои сакаат темелна промена. 

Овие млади луѓе беа доволно храбри да останат на овие наши простори и да не заминат во странство барајќи подобра иднина за себе на друго место. Тие беа доволно храбри и разумни за да сфатат дека нема бегање од ништо и среќата не се бара надвор, туку дека таа доаѓа од внатре, па затоа одлучија да започнат со менувањето на иднината на нашата поременета држава од нејзиниот корен - започнувајќи од индивидуата и семејството. Овие високо образовани млади луѓе сфатија дека промената нема да се случи со кукање и офкање колку ни е лоша државата, затоа што на тој начин привлекуваме РМ да стане уште полоша. 

Основачите на Родна Партија се свесни вибрациски битија кои знаат дека доброто со добро се враќа и промената што започнаа да ја креираат знаат дека мора да се постигне на мирен начин - со љубов и добрина, а не со крвопролевање како до сега! Една од целите на Родна Партија е декиминализацијата на канабисот, затоа што тоа е само една обична лековита билка што секој треба да има право самостојно да си ја одгледува и да научи повеќе што е тоа пермакултурно живеење

„Родовиот имот“ е природно пространство од 1 хектар земја на кое човекот во соработка со останатиот жив свет (птиците, растенијата, пчелите, сонцето и ветрот) е способен да си создаде радосен, богат и самоодржлив начин на живот. За таа цел се основа Родна Партија: канабисот е природно растение исто како нането, липата, црешата, брезата, пиперот и доматот... Природата е една хармонична целина во која секое цветче, животинче, бубалче и растение си има своја улога. Некои од растенијата го прочистуваат воздухот наменет за дишење, некои растенија имаат витамин А, Б или Ц, некои имаат магнезиум, а некои ТХЦ. 

Државата нема право да му забрани на човекот да си исечка кромид во шопската салата!? Докажано е дека канабисот помага при разни заболувања. Државата го забранува лекот за луѓето... Па, еве реален и практично изводлив план за дејствување - Родна Партија. За да се основа политичка партија потребни се 1.000 потписи заверени на нотар (150 ден.) и државјанство не постаро од 3 месеци (170 со картичка или 220 во кеш). Се` на се` 30 минути и 370 денари. Ситуацијата во која се наоѓаме нема да се промени сама од себе, ние сме тие што треба да ја направат промената. Време е да започнеме да садиме со љубов и радост, без страв и притисок од општеството.

Македонија ќе биде среќна само доколку сите поединци во неа се среќни. Македонија е спремна за промена, а промената зависи од секој поединец! Не игнорирај и направи добро дело денес и стави го својот фокус на она што го сакаш, а не на она што ти пречи! Можеби не можеш да ги нахраниш сите гладни, но можеш да нахраниш еден. Секое море започнува со една капка. Ако му помагаш на ближниот, си помагаш сам/а на себе. Поддржи ја Родна! Поддржи ја промената. Споделувањето на овој текст ќе те чини само еден клик. Затоа длабоко размисли, освести се и сподели го овој текст за сите да можат да се освестат и наскоро спокојно да уживаат во убавините на Македонија со џоинт во рака каде и да посакаме. 420macedonia им дава поддршка на сите кои се борат за легализација!

Friday, June 5, 2015

Семето од коноп нè прави посреќни - Конопово семе против стрес и рак!

Физичкиот и емоционалниот стрес го покачуваат нивото на хормонот  на стрес Кортизол што е најчеста причина за ослабен имунитет, појава на рак и други заболувања. Семето од коноп благодарение на своите есенцијални масни амино киселини го намалува штетното дејство од Кортизолот и го поттикнува излачувањето на хормонот на среќа Допамин



Физичкиот и емоционалниот стрес прават нарушување на хормоналниот баланс во организмот, а најмногу покачување на нивото на хормонот Кортизол. Овој хормон е излачуван од надбубрежните жлезди и народски е познат како „хормон на стресот“. Тој е многу корисен кога наеднаш на телото му е потребен силен наплив на енергија (како на пример во ситуација на тепачка), за помагање на меморијата или пак, давање на поттик на имуниот систем. Кортизолот е многу важен хормон што помага во регулирањето на инсулинот, крвниот притисок, правилното функционирање на имунитетот, ги контролира реакциите на воспалителни процеси и метаболизмот на гликоза.


Сепак, во прекумерни количини и кога на телото му е непотребен, овој хормон создава несакани последици. Во ситуации на хроничен стрес, вишокот на кортизол може да направи сериозни нарушувања и компликации, што е најчеста причина за појава на ракот и други заболувања поради ослабениот имунитет. 


За да се избегнат штетните несакани последици од овој хормон, треба да го избегнуваме стресот, да му помагаме на нашето тело да се релаксира, да спиеме квалитетно и квантитено, да ги избегнуваме прекумерните количини на кофеин, шеќер, никотин и алкохол. 


За избалансирано физичко, ментално и емоционално здравје соодветната нутриционистика игра речиси клучна улога, бидејчи „ти си тоа што го јадеш“. За намалување на штетните ефекти од вишокот кортизол во организмот, помагаат есенцијалните масни амино киселини, со активирањето на хормонот на среќа допамин. Покрај оваа особина, амино киселините имаат и бројни други придобивки, а им помагаат и на лицата заболени од Алцхајмерова болест и депресија.


Една таква „супер храна“ против стрес и најбогата со омега масти е коноповото семе и маслото од конопово семе. Семето од коноп не содржи психоактивни состојки наречени канабиноиди, па затоа нивното консумирање со сурова или печена форма или во вид на масло е потполно безбедно. Слично како лененото семе и семето чиа, Коноповото семе е богато со Омега амино масни киселини, а најмногу Омега 3 и Омега 6 и на човечкото тело му го даваат идеалниот сооднос на овие масти. Поради нивното изобилство од протеини, минерали, витамини (како што е витаминот Е) и други нутритивни елементи во ова семе, истото се препорачува во вегетаријанската и веганската диета. Семето од коноп може да го забави процесот на прерано стареење предизвикано од хроничните воспаленија.

Не постои природен производ што е побогат со амино киселини од коноповото семе. Дури и семето од лен има помалку есенцијални масти од коноповото.

Коноповото семе се одликува од другите семиња и по тоа што неговите протеини не предизвикувале надуеност и гасови. Исто така, коноповото семе е побогато со протеини за разлика од чиата и ленот. За разлика пак, од сојата која има енормно високи количества на фитинска киселина (состојка што не` спречува од апсорпција на минералите), коноповото семе не содржи фитинска киселина. Тоа е богато со растителни влакна и со минерали како магнезиум, железо, цинк и калиум.  Многу е лесно сварливо и може да се користи како замена за други житарки што создаваат алергии.
За разлика од другите јаткасти плодови и семиња, коноповото семе не е алергено и не содржи глутен.

Коноповото семе содржи протеин едистен, па оттука е слично со глобуларните протеини од човечката крвна плазма. Семето од коноп содржи големи количини на албумин, а неговите протеини се лесно достапни за телото во форма многу слична со онаа пронајдена во крвната плазма. Покрај тоа што јадењето на ова семе на телото му ги дава сите есенцијални амино киселини круцијални за одржување на добро здравје, овие масни киселини на телото му помагаат и во создавањето на серум албумините и серум глобулините.

Исто како и другите семиња, коноповото семе може да се консумира на разновидни начини, во шејкови, смудиа, супи, како додаток на лебови и пецива, во салати и може да биде додаток или зачин на речиси сите слатки и солени рецепти. Сепак, најкорисно за организмот е доколку се јаде наутро за појадок во мусли, заедно со други житарки и семиња, така што на телото ќе му се обезбедат нужните нутритивни состојки, масти и калории потребни за почеток на денот и за правилно функционирање на телото и умот во текот на целиот ден.