Физичкиот и емоционалниот стрес го покачуваат нивото на хормонот на стрес Кортизол што е најчеста причина за ослабен имунитет, појава на рак и други заболувања. Семето од коноп благодарение на своите есенцијални масни амино киселини го намалува штетното дејство од Кортизолот и го поттикнува излачувањето на хормонот на среќа Допамин
Физичкиот и емоционалниот стрес прават нарушување на хормоналниот баланс во организмот, а најмногу покачување на нивото на хормонот Кортизол. Овој хормон е излачуван од надбубрежните жлезди и народски е познат како „хормон на стресот“. Тој е многу корисен кога наеднаш на телото му е потребен силен наплив на енергија (како на пример во ситуација на тепачка), за помагање на меморијата или пак, давање на поттик на имуниот систем. Кортизолот е многу важен хормон што помага во регулирањето на инсулинот, крвниот притисок, правилното функционирање на имунитетот, ги контролира реакциите на воспалителни процеси и метаболизмот на гликоза.
Сепак, во прекумерни количини и кога на телото му е непотребен, овој хормон создава несакани последици. Во ситуации на хроничен стрес, вишокот на кортизол може да направи сериозни нарушувања и компликации, што е најчеста причина за појава на ракот и други заболувања поради ослабениот имунитет.
За да се избегнат штетните несакани последици од овој хормон, треба да го избегнуваме стресот, да му помагаме на нашето тело да се релаксира, да спиеме квалитетно и квантитено, да ги избегнуваме прекумерните количини на кофеин, шеќер, никотин и алкохол.
За избалансирано физичко, ментално и емоционално здравје соодветната нутриционистика игра речиси клучна улога, бидејчи „ти си тоа што го јадеш“. За намалување на штетните ефекти од вишокот кортизол во организмот, помагаат есенцијалните масни амино киселини, со активирањето на хормонот на среќа допамин. Покрај оваа особина, амино киселините имаат и бројни други придобивки, а им помагаат и на лицата заболени од Алцхајмерова болест и депресија.
Една таква „супер храна“ против стрес и најбогата со омега масти е коноповото семе и маслото од конопово семе. Семето од коноп не содржи психоактивни состојки наречени канабиноиди, па затоа нивното консумирање со сурова или печена форма или во вид на масло е потполно безбедно. Слично како лененото семе и семето чиа, Коноповото семе е богато со Омега амино масни киселини, а најмногу Омега 3 и Омега 6 и на човечкото тело му го даваат идеалниот сооднос на овие масти. Поради нивното изобилство од протеини, минерали, витамини (како што е витаминот Е) и други нутритивни елементи во ова семе, истото се препорачува во вегетаријанската и веганската диета. Семето од коноп може да го забави процесот на прерано стареење предизвикано од хроничните воспаленија.
Не постои природен производ што е побогат со амино киселини од коноповото семе. Дури и семето од лен има помалку есенцијални масти од коноповото.
Коноповото семе се одликува од другите семиња и по тоа што неговите протеини не предизвикувале надуеност и гасови. Исто така, коноповото семе е побогато со протеини за разлика од чиата и ленот. За разлика пак, од сојата која има енормно високи количества на фитинска киселина (состојка што не` спречува од апсорпција на минералите), коноповото семе не содржи фитинска киселина. Тоа е богато со растителни влакна и со минерали како магнезиум, железо, цинк и калиум. Многу е лесно сварливо и може да се користи како замена за други житарки што создаваат алергии.
За разлика од другите јаткасти плодови и семиња, коноповото семе не е алергено и не содржи глутен.
Коноповото семе содржи протеин едистен, па оттука е слично со глобуларните протеини од човечката крвна плазма. Семето од коноп содржи големи количини на албумин, а неговите протеини се лесно достапни за телото во форма многу слична со онаа пронајдена во крвната плазма. Покрај тоа што јадењето на ова семе на телото му ги дава сите есенцијални амино киселини круцијални за одржување на добро здравје, овие масни киселини на телото му помагаат и во создавањето на серум албумините и серум глобулините.
Исто како и другите семиња, коноповото семе може да се консумира на разновидни начини, во шејкови, смудиа, супи, како додаток на лебови и пецива, во салати и може да биде додаток или зачин на речиси сите слатки и солени рецепти. Сепак, најкорисно за организмот е доколку се јаде наутро за појадок во мусли, заедно со други житарки и семиња, така што на телото ќе му се обезбедат нужните нутритивни состојки, масти и калории потребни за почеток на денот и за правилно функционирање на телото и умот во текот на целиот ден.
No comments:
Post a Comment