Showing posts with label расположение. Show all posts
Showing posts with label расположение. Show all posts

Sunday, January 14, 2018

Канабисот е најбезбедниот лек за третирање на „женските проблеми“ поврзани со ПМС

Канабисот има потенцијал да третира голем број на болести, растројства и невообичаени здравствени состојби, од тешки мачнини и гадење до мигрена. Но, она што баш би ги интересирало жените е дали канабисот има некакво влијание врз пред и пост-менструалниот синдром, грчевите, менувањето на расположение и целата неудобност која доаѓа пропратно. Уште еден текст којшто направи да бидам сигурен дека пред канабисот, поимот болка, каква и да е, и од што и да е предизвикана, го губи значењето, во целост!


Ветеранката Amy Rising пуши канабис заради ПМС и ПТСД
Дали марихуаната третира ПМС?

Дисменорејата (Dysmenorrhea), поим за менструални болки, погаѓа околу 40% од сите жени во светот и може да биде толку интензивна што 20% од сите тие жени не можат да станат од кревет. Додека постојат повеќе лекови за овие болки, многу жени меѓу кои и Кралицата Викторија, се сигурни дека канабисот е единствениот лек ефективен за нив. И покрај растечкиот број на жени кои упорно тврдат дека марихуаната е единствениот излез од ПМС, тоа сè уште сериозно не ја квалификува медицинската марихуана за третирање на овој здравствен проблем. Можеби затоа што не постои конкретно истражување за ова, иако постојат неколку студии кои укажуваат дека канабисот може да биде лек за ПМС.


Ејми Рајзинг (Amy Rising), воздухопловна ветеранка, пуши марихуана. Рајзинг работи на промената на законите за воените ветерани да можат слободно да си го третираат пост трауматското стресно нарушување (ПТСД) со марихуана. Ветувачките знаци и докази дека канабисот помага при ПМС се многубројни. Додека истражувањата за тесната врска меѓу марихуаната и ПМС-от се ограничени, постојат студии кои покажуваат дека марихуаната многу успешно ги третира, пак, симптомите кои се поврзани со ПМС-от. На пример, успешно ги елиминира и спречува главоболките. Во 2016 година, студија објавена во Pharmacotherapy открила дека марихуаната ефективно ја намалува фрекфенцијата на месечни мигрени од 10.4 на 4.6. Студиите исто покажуваат дека марихуаната помага при иритабилноста. И ТНС и CBD го покачуваат значително нивото на „среќниот“ хормон серотонин. Марихуанта ги сведува на минимум дијарејата, ги намалува акните и грчевите.


Добрата вест е тоа што иако докторите не можат да им препишат медицинска марихуана конкретно за ПМС на своите пациентки, тие можат да им ја препорачаат за симптомите на ПМС-от. Кога жените ќе добијаат пристап до диспанзер (рекреативен или медицински), ќе имаат пристап и до производите од многу компании за секакви женски потреби од полесно постигнување оргазам до сузбивање на грчевите во утробата. Whoopi & Maya создаваат целосна линија дизајнирана за менструалните болки. Ох, и кој може да ги заборави старите и добри ТНС супозитории (не тампони) од FORIA кои ублажуваат силни ПМС болки? Овие производи, можеби нема да ѝ помогнат на секоја, но благодарение на непостоечкиот ризик и безбедноста на марихуана, вреди да се проба и експериментира. 




5 врсти на канабис кои се супер ефикасни за ПМС:


1. Обама Куш (Obama Kush) - хибрид на сатива и индика. Не само што успешно ја побива менструалната болка туку и влијае на расположението, поради застапеноста на ЦБД од сативата.



2. Блек Чери Чиз Кејк (Black Cherry Cheese Cake) - индика која го опушта телото кога пристигнува хајот и трае 2-3 часа. Се препорачува пред спиење или на крајот од денот, кога немате обврски, поради интензитетот на индиката.



3. Блу Дрим (Blue Dream) - ефективен хибрид каде преовладува индиката. Идеална врста бидејќи ефективно ја намалува болката, а го има мозочниот ефект на сатива, поради што се препорачува пред работа и пред излегување, на почетокто од денот.



4. Дач Трит (Dutch Treat) - доста опушталка врста за влез во романтилен филм.



5. Прпл Уркл (Purple Urkle) - ова тешка индика не е шега бидејќи директно те ослободува од болките! Значи не се препорачува кога треба да се заврши нешто многу важно ако сте почетници. Се препорачува и за несоница.




Едно нешто за кое што сум сигурен дека ќе се сложиме сите, е дека имињата на врстите и хибридите се многу креативни и необични. Па, јасно ни е дека сè што е поврзано со ова растение е бесконечно и креативно, нели? Уживајте! :)

Извори: HERB, The Maven

Tuesday, September 26, 2017

Какво е чувството да пушиш канабис за прв пат?

#КАНАБИС ФАКТ: ВУДСТОК 1969 - 9 од 10 од присутните фестивалџии пушеле марихуана. Над 400.000 присуствувале тој викенд. НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА НАСИЛСТВО НЕ БЕШЕ ПРИЈАВЕН!!!


Канабисот предизвикува МИР!
Чувството да пушиш канабис за прв пат е неверојатно и неописливо и тоа треба да се доживее! Ги сожалувам оние кои никогаш во животот не пробале марихуана - го пропуштаат чувството на идеална благосостојба, здравје, среќа, радост, квалитетен и континуиран убав сон, добро расположение, енергија и елан за работа, мотивација и исполнето секојдневие. Пропуштаат нивниот ендоканабиноиден систем да го добие она што ѝ е потребно на секоја клетка во нашето тело за да функционира најоптимално. Храната е повкусна, перницата е помека, музиката звучи поубаво, столицата на која седиме знае да биде поудобна!

Канабисот ги изострува сетилата, помага да се фокусираме и да го цениме моментот. Канабисот нè враќа во моментот, во нас го буди чувството на благодарност и нè поттикнува да го цениме она што го имаме, да ги бараме позитивните аспекти во секоја ситуација, да ја менуваме точката на гледање на работите. Едноставно кажано - канабисот е магичниот зачин, без кој оваа манџа наречена живот нема вкус... Канабисот е магичниот прав без кој твојит живот станува досадна приказна, наместо да стане вистинска бајка! 


Твоето секојдневие нека стане бајка! ;)
Не можеме преку оваа страница со вас да запалиме џоинт :) За среќа нашите колеги активисти од другиот крај на планевата направиле прекрасни видеа. За да ви доловиме барем приближно колку тоа искуство е забавно и позитивно, направивме компилација од тие интересни видеа. Прикажани се личности кои за прв пат во својот живот пушат канабис! Исто така, на подолните видеа може да видите како се менува тензичниот разговор на лицата кои бранат спротивставени интереси и кои меѓусебно не се познаваат, откако ќе запалат малку марихуана!

Канабисот ги зближува луѓето! Пушењето канабис со одбрани личности може исто така да биде сосем ново искуство. Канабисот е безбеден лек и најздраво средство за социјализација и за спречување на секаков вид на друштвена анксиозност. Погледнете како изгледа пушењето трева за прв пат! :) Твоја одлука е дали ќе продолжиш да го живееш твојот досаден повторлив живот, што наликува на сапунска серија или ќе живееш во среќна бајка. Ги очекуваме вашите видеа!


Бабички пушат канабис за прв пат

Дедовци пушат канабис за прв пат

Aubrey Plaza пуши канабис за прв пат со канабис калуѓерките!

Раби, свештеник и атеист - пушат канабис за прв пат

Дете и родител пушат канабис за прв пат

Внуче со баба му пуши канабис за прв пат

Уште едно видео со внук и баба :)

Поранештни полицајци пушат канабис
 

Американски ветерани пушат канабис за прв пат

Поддржувачи на Clinton, Stein и Trump пушат трева заедно

Републикан, демократ и независен - пушат гане заедно

Автор: Monique Konopova

Friday, June 5, 2015

Семето од коноп нè прави посреќни - Конопово семе против стрес и рак!

Физичкиот и емоционалниот стрес го покачуваат нивото на хормонот  на стрес Кортизол што е најчеста причина за ослабен имунитет, појава на рак и други заболувања. Семето од коноп благодарение на своите есенцијални масни амино киселини го намалува штетното дејство од Кортизолот и го поттикнува излачувањето на хормонот на среќа Допамин



Физичкиот и емоционалниот стрес прават нарушување на хормоналниот баланс во организмот, а најмногу покачување на нивото на хормонот Кортизол. Овој хормон е излачуван од надбубрежните жлезди и народски е познат како „хормон на стресот“. Тој е многу корисен кога наеднаш на телото му е потребен силен наплив на енергија (како на пример во ситуација на тепачка), за помагање на меморијата или пак, давање на поттик на имуниот систем. Кортизолот е многу важен хормон што помага во регулирањето на инсулинот, крвниот притисок, правилното функционирање на имунитетот, ги контролира реакциите на воспалителни процеси и метаболизмот на гликоза.


Сепак, во прекумерни количини и кога на телото му е непотребен, овој хормон создава несакани последици. Во ситуации на хроничен стрес, вишокот на кортизол може да направи сериозни нарушувања и компликации, што е најчеста причина за појава на ракот и други заболувања поради ослабениот имунитет. 


За да се избегнат штетните несакани последици од овој хормон, треба да го избегнуваме стресот, да му помагаме на нашето тело да се релаксира, да спиеме квалитетно и квантитено, да ги избегнуваме прекумерните количини на кофеин, шеќер, никотин и алкохол. 


За избалансирано физичко, ментално и емоционално здравје соодветната нутриционистика игра речиси клучна улога, бидејчи „ти си тоа што го јадеш“. За намалување на штетните ефекти од вишокот кортизол во организмот, помагаат есенцијалните масни амино киселини, со активирањето на хормонот на среќа допамин. Покрај оваа особина, амино киселините имаат и бројни други придобивки, а им помагаат и на лицата заболени од Алцхајмерова болест и депресија.


Една таква „супер храна“ против стрес и најбогата со омега масти е коноповото семе и маслото од конопово семе. Семето од коноп не содржи психоактивни состојки наречени канабиноиди, па затоа нивното консумирање со сурова или печена форма или во вид на масло е потполно безбедно. Слично како лененото семе и семето чиа, Коноповото семе е богато со Омега амино масни киселини, а најмногу Омега 3 и Омега 6 и на човечкото тело му го даваат идеалниот сооднос на овие масти. Поради нивното изобилство од протеини, минерали, витамини (како што е витаминот Е) и други нутритивни елементи во ова семе, истото се препорачува во вегетаријанската и веганската диета. Семето од коноп може да го забави процесот на прерано стареење предизвикано од хроничните воспаленија.

Не постои природен производ што е побогат со амино киселини од коноповото семе. Дури и семето од лен има помалку есенцијални масти од коноповото.

Коноповото семе се одликува од другите семиња и по тоа што неговите протеини не предизвикувале надуеност и гасови. Исто така, коноповото семе е побогато со протеини за разлика од чиата и ленот. За разлика пак, од сојата која има енормно високи количества на фитинска киселина (состојка што не` спречува од апсорпција на минералите), коноповото семе не содржи фитинска киселина. Тоа е богато со растителни влакна и со минерали како магнезиум, железо, цинк и калиум.  Многу е лесно сварливо и може да се користи како замена за други житарки што создаваат алергии.
За разлика од другите јаткасти плодови и семиња, коноповото семе не е алергено и не содржи глутен.

Коноповото семе содржи протеин едистен, па оттука е слично со глобуларните протеини од човечката крвна плазма. Семето од коноп содржи големи количини на албумин, а неговите протеини се лесно достапни за телото во форма многу слична со онаа пронајдена во крвната плазма. Покрај тоа што јадењето на ова семе на телото му ги дава сите есенцијални амино киселини круцијални за одржување на добро здравје, овие масни киселини на телото му помагаат и во создавањето на серум албумините и серум глобулините.

Исто како и другите семиња, коноповото семе може да се консумира на разновидни начини, во шејкови, смудиа, супи, како додаток на лебови и пецива, во салати и може да биде додаток или зачин на речиси сите слатки и солени рецепти. Сепак, најкорисно за организмот е доколку се јаде наутро за појадок во мусли, заедно со други житарки и семиња, така што на телото ќе му се обезбедат нужните нутритивни состојки, масти и калории потребни за почеток на денот и за правилно функционирање на телото и умот во текот на целиот ден.