Showing posts with label фабрика. Show all posts
Showing posts with label фабрика. Show all posts

Friday, July 10, 2020

CANNERGROW - проект на компанијата CANNERALD за активно учество во канабис индустријата!


https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ, ОДГЛЕДУВАЈТЕ КАНАБИС ОН-ЛАЈН И ЗАРАБОТЕТЕ ЛЕГАЛНО! CANNERALD e реномирана компанија за канабис со седиште во Швајцарија, производител на канабис со најдобар квалитет. Тоа е компанија за истражување и производство на канабис, којашто е на врвот во 1% од светски најдобрите и најголеми добавувачи во овој ветувачки сегмент од пазарот


Инвестирајте во европскиот канабис пазар, поседувајте сопствено растение кое ќе ви генерира пасивен приход!


Од основањето во 2017 година, мисијата на Канералд беше да направи врвни производи од канабис и канабис со уникатен квалитет, социјално прифатлив во Швајцарија, земјите што зборуваат германски јазик, но и во цела Европа, како целина. За да ја претворат нивната визија во остварлива реалност, тие ја користат нивната позиција како уникатен лидер во индустријата за конечно да донесат политичко, социјално и научно движење на европскиот пазар. Тие не се сметаат за класична компанија со единствена цел да го зголеми профитот, туку како партнер и промотор на целата канабис индустрија.

Мала прошетка низ канабис компанијата Канералд на хрватски јазик!

Основачите на Канералд
Во овој контекст, Канералд ви нуди единствена можност активно да учествувате во развојот на легален, нов и возбудлив растечки канабис пазар во Европа. Искористете ја оваа возбудлива можност, како инвеститор или претприемач, за што ќе ви објаснам подолу. Четворицата основачи на CANNERALD се: Саша Адријан Вешл (Sascha Adrian Waeschle), Северин Јем Амвег (Severin Jem Amweg), Левин Ким Амвег (Levin Kim Amweg) и Маик Марсел Пјетровски (Maik Marcel Pietrowski). Тие ја основаа компанијата со намера да станат најголем производител и извозник на канабис во Европа. Целокупниот потенцијал на Канералд е далеку од исцрпен - покрај континуираниот понатамошен развој на одгледувањето на канабис растенија, во моментов тие работат на GMP сертификација на целиот објект на компанијата.

Вовед во Канералд

„Срцето на нашиот проект се наоѓа на само 30 минути со автомобил од главниот град на Швајцарија, Берн. Еве, ние го создадовме нашиот ултра-модерен и скоро футуристички најнапреден објект за револуција на европскиот канабис пазар на површина од приближно 3.500 метри квадратни. Покрај вообичаените канцелариски и административни простории, најсовремената технологија за одгледување канабис растенија се наоѓа овде. За нас секогаш беше цел да станеме „европски премиум број еден канабис бренд“ бидејќи го менуваме вашето искуство со канабисот во подобро искуство“ - истакнуваат основачите на компанијата.

ЛОКАЦИИ И СОБИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ

„Во Канералд има простор за нашите клиенти, канцеларии и простории за состаноци, како и за нашите соби за одгледување и целата производна линија, вклучувајќи ја и нашата сопствена лабораторија. Македонија, исто така е местото каде што ја градиме нашата следна високо професионална фабрика и веќе сме во процес на реализација, а преку нашите партнери таму, ние сме оптимално позиционирани“ - додаваат тие.

Канералд ќе отвори своја филијала и кај нас во Македонија!

ВАШИТЕ РАСТЕНИЈА - Канералд одгледува за вас!

Собите за одгледување канабис во компанијата Канералд
CANNERGROW е проект основан од компанијата Канералд кој комбинира професионално одгледување со лесен Интерфејс за користење. На веб страната каде што ќе се регистрирате, откако некој ќе Ве покани со својот линк за регистрација, можете да го видите прегледот на сите ваши растенија и започнете и вие да поканувате членови преку вашиот линк за регистрација. Дополнителни функции со повеќе информации ќе има наскоро. На страната гледате исто така како се развива вашиот тим од 7 нивоа. За подетално да го разберете овој процес, Ви препорачувам да ги погледнете видеата со објаснување на кој принцип функционира вмрежувањето.

Компанијава нуди прва и досега единствена услуга за одгледување канабис растенија во целата канабис индустрија. Секој од целиот свет може да започне во индустријата за канабис со проектот Канергроу и да стане виртуелен одгледувач, дури и онаму каде што не е нелегално, дури и во Македонија и да добие голем дел од заработката од овој огромен пазар вреден милијарди долари. Со подружници на различни локации во повеќе земји, CannerGrow работи на меѓународно ниво и ги користи различните регулативи и закони на соодветните земји. „Ние го ставаме највисокиот квалитет на прво место за да ги задоволиме нашите клиенти. За да можеме да го обезбедиме ова ниво на задоволство, ние строго се придржуваме кон швајцарските стандарди за квалитет при поставување нови стандарди во индустријата за канабис“ - велат од компанијата.

Вовед во Канералд

ПЛАН ЗА УЧЕСТВО ВО ОДГЛЕДУВАЊЕТО КАНАБИС

Создадете го својот тим споделувајќи го вашиот линк за регистрација!
Одгледувајте канабис легално и во Македонија и заработете пари! Откако ќе се регистрирате поканете повеќе членови во вашиот тим, преку вашиот личен линк за регистрација на нови членови кој ќе го најдете во секцијата TEAM, откако ќе се најавите. Ваша задача е само да им објасните на вашите новодојдени членови на кој принцип функционира Канергроу и како одат продажбите и заработката. Ќе им објасните дека и тие треба да го прават истото, доколку сакаат брзо да напредуваат во бизнисот, односно и тие треба да покануваат нови членови преку нивниот линк за регистрација и да ги охрабруваат новите членови да купуваат билки. Тие исто така ќе поканат свои луѓе во нивните тимови, откако ќе се регистрираат и ќе си го водат својот сопствен бизнис од кој и вие имате заработка, затоа што имате процент од продажбите од сите следни седум нивоа на членови коишто се зачленети во Канералд преку Вас.

Нивоата на вашиот бизнис во Канергроу
Ќе им го прочитате ова воведно објаснување за компанијата (ќе им го пратите линкот до оваа статија), ќе им ги пуштите видеата со објаснувања од компанијата што ги ставив и тука во статијава, ќе им ги пратите линковите до презентацијата за компанијата и другите достапни материјали за работа, кои ги има на страната откако ќе се регистрирате, интервјуата со основачите на компанијата, видеата во кои убаво е прикажана целата компанија и производниот процес (достапни на YouTube), кои ги вметнав и тука во оваа статија. Страната Канергроу откако ќе се регистрирате ви нуди исто така и можност директно да комуницирате со вашите клиенти и членови. Заработувате од сите што се зачленети преку Вас (поканети од ваша страна) од продажбата на секоја билка и тоа соодветен процент. „Ние ви нудиме Unilevel план за компензација, кој ви овозможува да заработите до 20 проценти во рамките на вашите први седум нивоа. Ова значи дека секој пат добивате провизија ако некој купува растенија. Провизијата ќе ја добиете веднаш откако некој купил растение“ - велат од Канергроу. Страница за регистрација на CannerGrow: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK


Упатство како да се регистрирате

МАТЕРИЈАЛ ЗА МАРКЕТИНГ - ВИДЕО И ДОКУМЕНТИ ЗА РАЗВОЈ НА ВАШИОТ БИЗНИС

2. ПРЕЗЕНТАЦИЈА - за бизнис концептот на CannerGrow, со сите потребни информации за концептот и маркетинг планот на хрватски јазик: https://downloads.cannerald.com/cannergrow/business-presentation/cannergrow-business-presentation-hr.pdf
4. ШОП: "Во моментов можеме да испраќаме само до клиенти од Швајцарија!" - https://backend.cannergrow.com/shop/sales
Вистината за Канералд - интервју со еден од основачите на оваа фирма, Левин Амвег

ПАРТНЕРСКА ПРОГРАМА

На секоја билка во Канералд ѝ се посветува посебно внимание!
Ајде да повториме како функционита Канергроу? Со оглед на вашето задоволство од Cannergrow, компанијата Канералд нуди необврзувачка можност да заработите дополнителен приход со рекламирање на нивните производи. Канералд ви нуди Unilevel план за компензација, кој ви плаќа до 20% од растенијата на вашиот партнер во рамките на вашите први седум нивоа. Понатаму, имате шанса за бонуси, со исплата до 20% во рамките на вашите први седум нивоа и ви овозможува да изградите пасивен приход.

ПРОДАЖБА НА РАСТЕНИЈА

„Секоја дигитално продадена билка ќе претставува физичко канабис растение во нашите соби за одгледување. Оваа услуга ја нудиме на нашите клиенти кои одлучуваат да купат билка во текот на нашата продажба на растенија. Растенијата се собираат на секои 2-3 месеци и не треба да се грижите за ништо, бидејќи нашите експерти професионално ја вршат својата работа и се грижат за сè. Ќе добиете целосна контрола врз бербата. Канералд ви испраќа Ваш собран канабис или можете да го продадете и да имате значителен приход. Тековните трошоци ќе бидат одземени од бербата и заработката ќе се подели на половина и тоа 50% за компанијата и 50% за клиентот. Ние веќе ја вклучивме оваа пресметка во нашите пакети“ - објаснуваат од Канералд.


КУПУВАЊЕ НА РАСТЕНИЈА

Општи услови: Количината собран канабис зависи од влијанието на: светлината, ѓубривото, наводнувањето, врстата канабис и многу други фактори. Цената што ја нуди Канералд може да биде повисока или пониска во зависност од понудата, односно од побарувачката. „Не можеме да гарантираме набавка или стабилни цени за вашиот собран CBD канабис, квалитетот и квантитетот ќе бидат оптимизирани од билка до билка и најдобро максимизирани. Од собраните резултати ќе бидат одземени нашите дополнителни трошоци (15-25 ЕУР по раст), преостанатата сума ќе се подели 50/50 помеѓу компанијата и сопственикот на растенијата“ - додаваат тие.

Како да купите растенија со трансфер прекубанка?

НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

Дел од производите на Канералд
„Кога нашата компанија ќе има GMP стандард, ќе започнеме со производство на врсти канабис со THC! Во врска со тоа што веќе имавме разговори со властите во Швајцарија и со купувачите од Европа, така што од тогаш, па натаму ќе одгледуваме врсти со високи нивоа на THC!“ - нагласуваат од Канералд. GMP стандарди (Good manufacturing practices - GMP)  се добри производни практики (ГМП) кои се практики потребни за да се усогласат со упатствата што ги препорачуваат агенциите што го контролираат овластувањето и лиценцирањето на производство и продажба на храна и пијалаци, козметика, фармацевтски производи, додатоци во исхраната и медицински помагала.


1. ЦБД КАНАБИС ЦВЕТОВИ

Квалитет на највисоко ниво! „Нашите врвни ЦБД цветови се одгледуваат со љубов и се рачно селектирани во најнапредниот објект за одгледување канабис во близина на Берн. Така можете да бидете сигурни дека ги добивате само најдобрите туфки. И уште едно е сигурно: Не се користат вештачки: пестициди, хербициди или фунгициди за сите наши цвеќиња. Сите употребени ѓубрива имаат природно потекло - 100% органски“ - пишува на веб страната.


2. CBD СРОЛАН ЏОИНТ

ЦБД гумени бонбони
„Нашите (PRE-ROLLED) сролани и спремни џоинти содржат исти цвеќиња како што ги испраќаме и затоа ви нудиме комплетно ново и уште поинтензивно искуство со CBD. Добрата вест: Се разбира, Канералд исто така користи 100% врвни цвеќиња во сроланите џоинти, така што нашиот висок стандард за квалитет е загарантиран до последниот потег!“ - велат од Канералд.


3. CBD ГУМЕНИ БОНБОНИ

Дали сакате да направите нешто добро за себе и да земате CBD секој ден? Канералд ви го олеснува тоа - со нивните вкусни, овошни CBD гумени бонбони! Затоа што како и секогаш, ставаат сè на квалитетот. Нивните вкусни, сочни CBD гумени бонбони за џвакање, обезбедуваат вистинска експлозија на вкус во устата со вообичаениот квалитет на Cannerald.


4. CBD МАСЛО ОД КАНАБИС

„Нашите нежно обработени CBD масла ги содржат сите природни компоненти кои промовираат релаксација и ја поддржуваат вашата внатрешна рамнотежа, вклучувајќи вредни: фитоканабиноиди, флавоноиди и терпени“ - пишува во објаснувањето на производот на веб страната на Канералд.

Ексклузивно интервју со ко-основачот на Канералд Левин Амвег

ПРОДАЖБА НА РАСТЕНИЈА 

Со помош на CannerGrow секој може да поседува своја канабис билка. Канералд ја нуди оваа услуга на мало, како и на големо на позначајните инвеститори, секој може да влезе во индустријата заедно со Канералд. „Со нашата продажба на растенија, сите ќе можат да учествуваат на овој пазар вреден милијарди долари. Можете да го поседувате вашето растение со само неколку кликнувања на глувчето и нашиот тим ќе ве осигура дека вашето растение е здраво и обрано за време на секој циклус на растење“ - додаваат. Бројни други фактори играат улога тука, како што се: висококвалитетно осветлување, прецизно пресметана вентилација или идеално наводнување, како и многу други работи. „Во нашите фабрики, ние користиме опрема со која можеме да се натпреваруваме меѓународно со конкурентите од целиот свет“ - истакнуваат експертите од Канералд. Никогаш не било возможно за да започнете професионално во индустријата за канабис. Сега е возможно. CannerGrow е вашиот пат кон таа цел.


КУЛТИВАЦИЈА - ОДГЛЕДУВАЊЕ
СОБА ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ



КАМЕРА - МОНИТОРИНГ

Постојан мониторинг на вашите билки! Гледајте ги вашите растенија на камера секогаш кога ќе посакате! CannerGrow ви нуди можност да го следите тековниот статус и циклус на вашите растенија нон-стоп со помош на камери во живо.


КАНАБИС ПАЗАР

Пазарот за канабис продолжува да се развива со сè побрзо темпо, а по неколку годишна антипропаганда и забрана, сега е повторно социјално прифатлив. Американскиот континент го постави трендот, а Уругвај стана првата земја што целосно го легализира канабисот. По легализацијата во Калифорнија и Канада, канабис бранот се рашири во Европа, каде што пионер е Швајцарија (Одгледување без лиценци). Сè повеќе луѓе сакаат да учествуваат во канабис индустријата и да одгледуваат сами и сфаќаат дека трите главни проблеми се:

1. Строги регулативи: Секоја земја има различни закони, а во повеќето држави законот е дури и нејасен;

2. Висок финансиски ризик: За да започнете сопствено професионално производство на канабис, треба да започнете со најмалку неколку милиони евра;

3. Недостаток на практично знаење know-how: Секое растение треба да се третира специјално. Од системот за наводнување и светлината, па сè до крајната продажба, неопходно е да се има темелно знаење.


CANNERREC

Рекреативен канабис - https://cannerrec.com/

Ова е идна страница за претстојниот дел во медицинскиот канабис. CannerRec е за луѓе кои уживаат да користат канабис за да се релаксираат или само да го користат повремено. Без разлика дали се цвеќиња, слатки или пијалаци, производите на CannerRec се идеален придружник во секојдневниот живот.

Cannergrow (EN) Cannerald Webinar | 14.06.20

ФОРМУЛАР ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА ВОВЕДНА ТУРА во високо-технолошкиот објект за канабис на компанијата Канералд!

„Долгото чекање апсолутно вреди: Конечно сме во можност да ви ја дадеме ексклузивната можност повторно да го посетите лично нашиот најсовремен Канералд објект за канабис во Швајцарија! Во 90 информативни и возбудливи минути, нашиот инспиративен ко-основач Левин Амвег ќе ве води низ светот на зелениот иден пазар. Што чекаш?

* Уплата за партиципација за посета на Канералд!

Бидејќи примаме многу барања, партиципацијата за учество за целата турнеја е 99 € по лице. Со овој чекор, ние сакаме да се осигураме дека сте навистина заинтересирани за нашиот проект КанерГроу. Сепак, ние сме среќни што ќе ви ги вратиме истите: ќе добиете нови производи од Cannerald од нас - во вредност од 115 € за возврат!“ - пишува на веб страната на Канералд.

Дали ви се допаѓаат возбудливи, иновативни производи? Одлично! После вашата турнеја, можете да очекувате кул пакет производи на Cannerald што содржи:

  • 1x Шише со 10% CBD масло (природно)
  • 1x Вкусни гуми за џвакање со CBD
  • 1x Премиум сролан џоинт
Прошетка во компанијата Канералд на англиски јазик

ПРАШАЊА?

„Дали имате специфични прашања во врска со Канералд? Со задоволство ќе ги одговориме! Ве молиме напишете го вашето барање за да нè информирате однапред. Ние сме исто така многу љубопитни за вашето мислење: Зошто ве интересира нашиот проект? Какво е вашето мислење за канабисот? Како дознавте за нас? Колку повеќе знаеме за вас, толку подобро можеме да се грижиме за вас и да ви понудиме најдобри можни насоки“ - заклучуваат експертите од компанијата Канералд.

* Најчесто поставувани прашања:

ВАШИОТ СПОНЗОР!
За подетални информации, обратете му се на вашиот спонзор, т.е. на лицето кое ве поканило во Канералд!

е-маил за информации: info@cannerald.com

ВРАБОТЕТЕ СЕ ВО КАНЕРАЛД!
е-маил за апликација за работа во Канералд: career@cannerald.com


Автор: MONIQUE KONOPOVA>
LinkedIn, FacebookFan PageTwitter, Instagram,
LEADER OF 420MACEDONIA>
LinkedIn, FacebookFB GroupTwitter, Instagram, Youtube,
e-mail: 420macedonia@gmail.com

Извор: CANNERALDCANNERGROW

Wednesday, May 10, 2017

Колку странските инвеститори се навистина странски? Кој стои позади фирмата која доби одобрение за одгледување марихуана за медицински цели?

Вистината секогаш излегува на виделина!
Екс-премиерот Никола Груевски пред околу еден месец присуствуваше на промоција на, како што беше речено, нов странски инвеститор, овој пат од САД, кој ќе одгледува коноп и марихуана за медицински цели. Истражувањето што го направи „360 степени“ откри дека за одобрението за одгледување марихуана во конкретниот случај аплицирала фирма чиј единствен сопственик во тој момент е македонски државјанин. Во документите нема никаква трага од странски капитал се до еден ден пред формализирањето на претходно спроведената процедура за давање одобрение.

Исто така, таа фирма во моментот на аплицирање нема ниту еден свој вработен, а законот бара минимум четворица. Проверките покажаа и дека одобрението за одгледување коноп го издал ресорот со кој раководи министерот Никола Тодоров, а согласноста на одобрението ја потпишал, исто така Никола Тодоров, но сега во својство на вицепремиер кој претседавал со седницата на Владата, кога се усвојувала согласноста. Американските инвеститори имаат своја верзија и тврдат дека се било законски.


Извор: Либертас

Thursday, April 13, 2017

Кои се инвеститорите на фабриката за производи од канабис во Македонија?

Пред два дена на 11 април во Скопје се одржа свеченото отворање на првата фабрика за производи од канабис во Македонија, во кругот на поранешен ОХИС. Станува збор за компанија отворена како странска инвестиција на компанија со седиште во САД, која претставува една од најискусните и водечки компании по капацитет во светот од областа на производство на медицински канабис. Станува збор за американската компанија „NYSK holdings“ ДОЕЛ Скопје и времето ќе ни покаже колку истата е реномирана? По тој повод во ТВ Нова гостуваа двајца од инвеститорите – Мајкл Сатон и Џон Монтгомери. Со гордост го поздравуваме овој голем потег на нашите Власти и дај Боже да започнеме побрзо со отварање на уште повеќе фабрики без да ни се мешаат странци! Но, кои се овие мистериозни ликови? Зошто ниту еден активист во Македонија, ниту еднаш до сега не слушнал за нивните имиња...? Мало објаснување за инвеститорите ќе ви даде Филип од ЗА:

Го поздравуваме отворањето на нова компанија за одгледување и производство на производи од канабис и сметаме дека може да придонесе за подобра конкурентност и намалување на цените на пазарот и наш став е дека треба да има што повеќе производители како би имало поголема конкурентност и различни производи. Сепак, сметаме дека Македонија како земја може ова да го направи и сама и без помош на странски инвестиции кои според изјавите ќе придонесат за вработувања, но сепак се работи за странски фирми. Сметаме дека во Македонија има луѓе со знаење и капацитет за одгледување и производство на канабис и производи од канабис со висок квалитет кои ги задоволуваат сите стандарди. Па, би ги замолиле законодавците во Р.М. да размислат за помагање на домашни производители, домашни фирми кои исто така би имале производство од семе до готов производ и освен вработувања ќе придонесат и со внесување и обрт на финансиски капитал кој ќе ОСТАНЕ во ДРЖАВАВА“ - истакна Филип Достовски на ФБ групата од здружението Зелена Алтернатива.

„Мораме да истакнеме дека како здружение, не сме запознаени со оваа компанија и не сме ја сретнале на ниту еден познат светски саем за одгледувачи низ светот, ниту пак сме сретнале производи произведени од истата што за нас е зачудувачки со оглед на тоа дека сопствениците истакнуваат дека се меѓу најдобрите производители на медицински канабис во светот. Би сакале да ги потсетиме и инвеститорите дека граѓаните во огромен број веќе користат канабис и тие, како и македонските институции и доктори, се веќе добро запознаени со придобивките од користењето на истиот, нешто на што работиме веќе 5-та година и со нашите три семинари на кои предаваа врвни светски експерти од полето на канабисот, со обуката на нашите лекари во организација на нашето здружение, МАЛМЕД и Министерство за здравство, како и граѓанскиот активизам на терен, придонесовме да се смени јавното мислење за употребата на канабис и да добиеме закон за легализација на канабисот во медицински цели“ - додава Филип.


Кои се овие инвеститори и зошто ја одбраа токму Македонија? „Еден од пропаднатите погони на ОХИС ќе прерасне во фабрика за производство на канабис за медицински цели. Компанијата NYSK холдинг веќе вработила 15 луѓе, а конечниот број треба да достигне 200. Плановите вклучуваат отворање на висококвалификувани и високоплатени технички работни позиции. Вкупната инвестиција во наредните 5 години ќе изнесува од 3 до 5 милиони долари. Фирмата ќе произведува 20 различни производи од канабис, а првиот финален производ се очекува во август годинава. Компанијата веќе вложи половина милион долари за реновирање на постоечкиот објект.

Основачот на компанијата е македонски иселеник од охридскиот крај, кој долги години живеел во САД. Првичниот контакт со македонската владина делегација на роуд шоу во Бостон резултирала со конечна одлука за производство на медицински канабис во кој многу луѓе гледаат спас за лекување на рак, ХИВ, мултиплекс склероза, детска епилепсија и други. Министерот за здравство Никола Тодоров потенцира  дека денешната инвестиција е резултат на одлуката за легална употреба на канабисот во медицински цели во земјава. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, новата инвестиција е резултат на владините роуд шоуа за привлекување странски инвестиции. Во Република Македонија има одобрени производи на база на канабис кои секој може да ги купи во аптеките без лекарски рецепт. Досега граѓаните купиле околу 10 илјади пакувања“ - вели Тања Попова од Алфа ТВ.

Низ нашите медиуми оваа инвестиција е доста фалена. Еве што пишува МИА: Вкупната инвестиција во период од пет години ќе биде меѓу три до пет милиони долари. NYSK холдинг веќе инвестирала половина милион евра во реновирање на овој браунфилд објект од 2.000 метри квадратни. Компанијата веќе вработила 15 лица со полно работно време и со натпросечни примања, со план да вработи 50 до крајот на годината и 200 лица во наредните пет години. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф во обраќањето по повод отворањето на објектот, рече дека гордост му претставува да објави дека зградата во комплексот на ОХИС е целосно реновирана со цел да стане првиот модерен објект со лиценца за медицински канабис во Македонија за одгледување и извоз на масло од медицински канабис во земјите од Европа. „Само неколку нации во светот имаат законско право да одгледуваат и да извезуваат медицински канабис, а сега Македонија е една од нив и тоа не` прави нова дестинација за оваа брзорастечка индустрија“ - посочи Наумоф.

Основачот на NYSK холдинг, инвестициска групација и извршен партнер Толоманоси за време на отварањето рече дека канабисот ќе биде медицински спасител за многумина кои се борат со болести како рак или детска епилепсија и се очекува да достигне преку 20 милијарди бруто продажба во ЕУ до 2021 година. Џон Монтгомери, инвеститор за медицински канабис и експерт во областа истакна дека ќе го испорачаат најквалитетниот медицински канабис на пазарот. „Ние ќе го зголемиме бројот на работни места и ќе вработуваме македонски работници. Нашите одгледувачи експерти ќе ги обучат нашите вработени тука. По речиси една деценија во оваа индустрија, ние сме многу сигурни во нашата способност да го донесеме најквалитетниот лек во оваа убава земја“ - рече Монтгомери.

Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров рече дека настанот е резултат на заложбите на Владата и министерството за овозможување употреба на канабисот во медицински цели во Република Македонија. Со оваа инвестиција, посочи, ги поставуваме темелите на одгледувањето канабис за медицински цели во РМ. „Покрај оваа компанија уште неколку други имаат поднесено барања за добивање дозвола за одгледување коноп за медицински цели, а за една од нив постапката е веќе во финална фаза“ - додаде Тодоров. На означувањето на почетокот со работа на оваа инвестиција присуствуваше лидерот на ВМРО­-ДПМНЕ Никола Груевски, кој претходно на својот Фејсбук профил напиша дека и во вакви исклучителни услови во кои се наоѓа државата се трудат да обезбедат стимулирање на економијата и отворање нови работни места. „Борбата да се привлечат инвестиции понекогаш е долгорочна работа. Денеска присуствував на почеток со работа на компанија од Америка со која што првиот контакт го имавме пред 4 години во Бостон на тогашното роуд шоу... Ефектите доаѓаат подоцна ако промоцијата добро се изработи. Сега одлучиле да инвестираат токму тука во Македонија, да вработат 200 лица, да инвестираат неколку милиони евра и да извезуваат годишно по 10 милиони долари. Тоа е сериозна инвестиција со која 200 семејства ќе најдат егзистенција, а ќе се рестартира и еден од погоните на ОХИС“ - рече Груевски.

Политичката криза во која опозицијата ја втурна државата нема да не' поколеба да се откажеме од борбата за подобар живот на граѓаните. И во вакви исклучителни околности кои се важни за опстојувањето и иднината на државата, ние држиме до зборот и се трудиме да обезбедиме стимулирање на економијата и отворање на нови работни места. Откако минатата недела се промовираше новата германска инвестиција во Желино, тетовско, денеска официјално почнува со работа и уште една компанија, овој пат од медицинската индустрија, која доаѓа од САД, а инвестира во Скопје. Компанијата од САД која во Македонија ќе дејствува како „NYSK Holding“, ќе се занимава со одгледување и производство на канабис за медицински цели, а планот е да вработат 200 вработени што значи сигурна егзистенција на 200 семејства. Инвестицијата ќе се развива во наредните 5 години. Тие веќе земаа браунфилд објект во фабриката ОХИС некаде околу 2000 м2 кој го адаптираа за своите бизнис цели. 

Главни пазари на кои ќе се извезуваат продуктите од оваа компанија се ЕУ, пред се Германија и Италија, како и Југоисточна Европа. Значи ќе имаме една успешна приказна каде една фабрика во минатото беше затворена, а сега имаме рестартирање и употреба на дел од нејзините капацитети. Првичните контакти со сопствениците на NYSK Holding се направени пред 4 години, за време на една бизнис промоција на можностите за инвестирање во Бостон, САД. Комуникацијата продолжи и еве сега следува реализација на оваа инвестиција. Нема да се откажеме од нашата борба за секое отворено работно место. Продолжуваме со ветеното и покрај сите опструкции, напади и наметнати кризи со кои се сака да се закочи државата и да се втурне во уште поголема криза. Македонија мора да се врати на патеките на прогресот, мудро и одлучно да продолжи напред. Тоа го сакаат граѓаните и ние за тоа се бориме“ - додава Груевски на Фејсбук.