Showing posts with label 2018. Show all posts
Showing posts with label 2018. Show all posts

Saturday, April 21, 2018

Резултати од првиот креативен конкурс инспириран од канабисот за 2018 година на 420Macedonia

Конкурсот траеше од 30 декември 2017 до 20 април 2018. Сите 13 пријавени уметнички дела инспирирани од канабисот победуваат, со таа разлика што различни награди освојуваат :) 

Првата награда! :)
Почитувани учесници во креативниот конкурс! Ве известуваме дека поради безбедносни причини наградите не се доделуваа вчера на КОНОПФЕСТ, затоа што се очекуваше апсењето на нашиот главен администратор и за да се избегне конфискувањето на наградите, туку ќе може да ги подигнете од понеделник (23.04.18) во договор со нашите администратори!!! 


Сите учесници добиваат нешто корисно како слатко изнена-ДУВАЊЕ ;), прво место е стаклениот проѕирен бонг, а второ (3 x Critical Dinafem семки) и трето место (папири Why Not) и нешто плус <3

Поздрав од организаторите - 420 Macedonia и Канабисот Е Лек <3 <3 <3 Следете ги нашите интересни активности. ИМ ЧЕСТИТАМЕ НА ПОБЕДНИЦИТЕ!!! КАНАБИСОТ Е ЛЕК <3

Прво место: дело со број 5
Второ место: дело со број 11
Трето место: дело со број 13

Дел од наградите за второ и трето место!
Резултати од првиот креативен конкурс инспириран од канабисот за 2018 година на 420Macedonia. Делата се подредени по број (од лево), а до нив (десно) бројот на освоени реакции:

Дело бр. 1 - Поени 28
Дело бр. 2 - Поени 17
Дело бр. 3 - Поени 46
Дело бр. 4 - Поени 18
Дело бр. 5 - Поени 121 
Дело бр. 6 - Поени 2
Дело бр. 7 - Поени 6
Дело бр. 8 - Поени 48
Дело бр. 9 - Поени 14
Дело бр. 10 - Поени 12
Дело бр. 11 - Поени 113
Дело бр. 12 - Поени 1
Дело бр. 13 - Поени 91

Гласањето беше јавно и секој можеше да допринесе со својот лајк. Во продолжение ги објавуваме сите 13 пријавени дела и ве охрабруваме почето да бидете во тек со нашите активности и исто така да ги поканите вашите пријатели да стават лајк на нашиот ФБ пејџ и да ги споделувате нашите објави за сите да дознаат за придобивките од канабисот. КАНАБИСОТ Е ЛЕК!!! <3

Дело бр. 1: „Ова го нацртав за 20 мин, не сум Пикасо, ама со љубов го нацртав. Објавете го без моето име“ - вели натпреварувач од Скопје, Гази Баба, Скопска Црна Гора, Раштак.

Дело бр. 2: „Камерата е лоша ама нема везе подобро ми испадна во реалноста, не сум професионален уметник“ - вели натпреварувачот со псевдоним d0pem1ne

Дело бр. 3: „Ова од инспирација, кога немаш друга работа“ - изјавува натпреварувачот со псевдоним Bokipoki

Дело бр. 4: „1 слика - 1.000 зборови“ - тврди натпреварувачот со псевдоним „Чичкото со брковите“. Неговото дело претставува вистинска канабис уметност - создадено е од ризла и домашно подготвен екстракт (масло од канабис) со помош на сликарската техника со симетрично отсликување

Дело бр. 5: ПРВО МЕСТО - „Поздрав од Америка. Мое дело. Канабисот е лек“ - тврди натпреварувачот со псевдоним Harry. Неговото дело претставува применета канабис уметност - создадено е од три џоинта поставени во форма на крст

Дело бр. 6
: „Моето видео за конкурсот за креативноста со канабисот“ - вели #zodostonero

Дело бр. 7: „Аматерска тетоважа од крајот на 90-тите ја пријавувам за овој конкурс“ - вели Бобан Д. Честитки за храброста!

Дело бр. 8: „Ананас у форма на мара - сам го правев“ - вели Елвир

Дело бр. 9: „Ајде и од мене за конкурсот“ - вели Александар

Дело бр. 10: „Колку си знаеме толку си цртаме хехе. Битно е да се учествува на конкурсот поз 😀“ - вели Ристе

Дело бр. 11: ВТОРО МЕСТО - „За конкурсот“ - вели Христина

Дело бр. 12: „За првиот креативен конкурс на 420macedonia. ПОЗДРАВ ОД ПРИЛЕП“ - вели М-р Хаџи

Дело бр. 13: ТРЕТО МЕСТО - „За првиот креативен конкурс на 420macedonia“ - вели Менде од Прилеп

Saturday, December 30, 2017

ПРВ КРЕАТИВЕН КОНКУРС на 420macedonia за 2018! Искажи ја својата креативност поттикната од канабисот!

Ах, колку љубов имаме во душата откако ќе се напушиме наутро, имаме #инспирација и #мотивација! Затоа сакаме и вие да ја манифестирате својата креативност разбудена од канабисот и да земете учество во нашиот ПРВ КРЕАТИВЕН КОНКУРС на 420macedonia за 2018 година!

Супер идеја за сите што консумираат канабис, да почнат сериозно да си го анализираат духовното патување, за да ја манифестираат својата креативност или за да ја споделат со нас својата канабис приказна, особено тоа како оваа тревка им помогнала или помага во животот.  Одлична идеја за сите кои сакаат активно да се вкулат во борбата за ослободување на канабисот, особено за оние на кои навистина им е потребен лекот - еве ви шанса за да ни помогнете глувите и слепите во македонското општество конечно да прогледаат и да прослушаат и да можат да ја чујат и видат вашата потреба за овој најбезбеден лек! 

Ве охрабруваме да земете учество во овој креативен конкурс и својата автентична поврзаност со билката да ја искажете во форма на поезија или проза, есеј, писмо до нашата Влада, колумна, клипче, видео, филмче, песна, стихотворба, слика, фотографија, стрип, цртеж, цртанче, скулптура, вез, накит, рачни изработки... (оставаме на вашата креативност :) со кои ќе ги потврдите придобивките од канабисот и на сите неупатени само уште поблиску ќе им го претставите канабисот.

Темата е слободна, но би сакале да ја дознаеме вашата лична поврзаност со канабисот и што за вас претставува ова Свето растение. Правилото е на/во/до делото да биде наведено/споменато нашето име „420 Macedonia“, т.е. дека станува збор за Првиот креативен конкурс на 420macedonia за 2018. Вашите 420 уметнички дела ги очекуваме до 19 април 2018 во инбокс на нашата FB страница или на нашата e-mail адреса 420macedonia@gmail.com со назнака: „За првиот креативен конкурс на 420macedonia“, за да можеме на 20-ти април да ги прогласиме победниците и да ви ги доделиме наградите (прва, втора и трета) :) Може и анонимно ;)

Како што ќе ги добиваме вашите натпреварувачки дела, така ќе ги објавуваме на неделно ниво (секој ден недела) на нашиот блог и на нашата FB страница, а ваше е да се потрудите истите да бидат што е можно повеќе видени, затоа што оние три дела со најмногу лајкови до 20 април 2018 година - ќе победат! Наградите се изненадување, но ви гарантираме дека оние што навистина ќе се потрудат и ќе победат, во 2018 среќата ќе може да си ја посадат и летото 2018 здравјето да си го оберат и да уживаат во плодовите на својот труд <3

Благодариме што постоите и што растете заедно со нас! 2018 година ќе биде годината на целосен пресврт и целосно ослободување на ова лековито растение! Ви посакуваме исполнување на сите желби во новата година, билката канабис постојано да ги разубавува македонските домови, дворови, ниви, полиња... и секако ви посакуваме да победите во овој креативен конкурс и на крајот од летото или есента 2018 да ни испратите фотографии од пораснатите и расцветани награди!!! На 20 април 2018 ќе направиме галерија (изложба) од сите испратени дела од ваша страна ;)

Friday, December 1, 2017

Неколку важни канабис трендови што ќе ја променат играта во 2018 година!

Ентузијазмот за канабисот е во постојан подем особено последниве неколку години и очигледно е тоа дека целиот свет наскоро ќе се преориентира кон ова растение кое може да биде суровина речиси за сè. Канабисот нема само медицински потенцијал. Од коноп може да се направи сè, конопот може да замени сè освен стакло и метал, па затоа светскиот пазар се загрева сè повеќе поради потенцијалот што го има оваа забранета суровина

Канабис трендовите за 2017 година вклучуваат создавање на разновидни нови производи. Што точно крие иднината на оваа еколошка индустрија со сигурност не можеме да потврдиме, меѓутоа можеме да го искористиме овој сегашен момент за да се осврнеме на еден извештај од Arcview Market Research. Според него бројот на марихуана продажби во Северна Америка порасна до 6,7 билиони долари во 2017 година, што претставува зголемување за 30% во споредба со претходната година. Не смее да нè зачуди тоа што овој раст се очекува да продолжи, бидејќи во текот на следната година се очекува да има многу повеќе канабис. Со популарните врсти именувани по познатите личности, чоколатцата со екстракти, брендирањето на CBD маслото и канабисот како решение за телесни заболувања - идеите за бизнис во ова боле се речиси неисцрпни!



Зголемено финансирање за медицински истражувања

Разни вариетети на канабис сатива и канабис индика се користат веќе со децении за да им помогнат на оние кои се подложени на хемотерапија да се справат со несаканите ефекти на третманот, конкретно за лекување на рак, епилепсија и други болести. Меѓутоа, поради класификацијата на канабисот како Дрога бр. 1, тешко е да се изучува медицинскиот потенцијал на марихуаната. За среќа, со текот на времето како што законската регулатива околу оваа билка се менува, истражувањата ќе напредуваат, а ние точно ќе го знаеме нејзиниот вистински лековит потенцијал. Според извештајот на Salar Media Group и Civilized, „Трендот тука е дека канабисот сега се третира како лек со специфични бенефиции и апликации за специфични болести. Ова истражување ќе продолжи да се проширува само во годините што следат“.


Брендирање на канабисот

Како што реномето на канабисот се подобрува, така пазарот има побарувачка од нови врсти. Додека сигурно ќе има некои славни брендови што ќе се појават во наредните години, големите брендови, најверојатно, ќе се држат настрана од производот, додека не се соочат со масовна привлечност, оставајќи ја вратата отворена за брендовите специфични за марихуаната како Diego Pellicer и Recreator. Додека овој економски поттик ќе создаде многу скапи марихуана опции кои се единствени од својот вид и луксузни по стил, со толку многу производители сè уште ќе има опции за сечиј прирачник.


Маркетинг на семките од канабис

Додека за CBD маслото се очекува да стане светски комерцијален производ за краток рок, исто така се очекува семето од коноп/марихуана да се појавува во различни други пазарни производи. Со оглед на ниската концентрација на THC (соединението кое лекува рак и дава преубаво чувство) во семето од канабис, истото се очекува да се појави во неколку делови од светот кадешто до сега не беше застапено, започнувајќи од козметичките производи за нега и убавина, заклучно со познатите прехранбени продукти. Со продажбата на компанијата како Medical Marijuana Inc. од околу 8 милиони долари во 2016 година - бројкава се зголемила од 3,4 милиони долари во 2013 година, што е доказ дека пазарот експресно се менува. Со падот на цените на семките од канабис, овој производ ќе биде поекономичен и подостапен од кога и да било досега.


Достава до вашиот дом :)

Многу од компаниите кои на било каков начин се инволвирани во канабис индустријата - вршат испорака до вашиот дом. Компанијата за испорака на канабис Eaze неодамна доби 27 милиони долари за финансирање за да стане домашен сервис за испорака кој може да одговори на сите ваши потреби во врска со канабисот. Другите компании не се далеку зад нив. Buddha Blossoms и Kind Courier исто така го следат потенцијалот за оваа навремена испорака. Орегон и Алјаска веќе имаат поставено дозволи за испорака на рекреативна марихуана, па сега другите држави се очекува набрзо да го следат нивниот пример во наредната година.

Автор: MoniQue Konopova