Showing posts with label иднина. Show all posts
Showing posts with label иднина. Show all posts

Friday, December 1, 2017

Неколку важни канабис трендови што ќе ја променат играта во 2018 година!

Ентузијазмот за канабисот е во постојан подем особено последниве неколку години и очигледно е тоа дека целиот свет наскоро ќе се преориентира кон ова растение кое може да биде суровина речиси за сè. Канабисот нема само медицински потенцијал. Од коноп може да се направи сè, конопот може да замени сè освен стакло и метал, па затоа светскиот пазар се загрева сè повеќе поради потенцијалот што го има оваа забранета суровина

Канабис трендовите за 2017 година вклучуваат создавање на разновидни нови производи. Што точно крие иднината на оваа еколошка индустрија со сигурност не можеме да потврдиме, меѓутоа можеме да го искористиме овој сегашен момент за да се осврнеме на еден извештај од Arcview Market Research. Според него бројот на марихуана продажби во Северна Америка порасна до 6,7 билиони долари во 2017 година, што претставува зголемување за 30% во споредба со претходната година. Не смее да нè зачуди тоа што овој раст се очекува да продолжи, бидејќи во текот на следната година се очекува да има многу повеќе канабис. Со популарните врсти именувани по познатите личности, чоколатцата со екстракти, брендирањето на CBD маслото и канабисот како решение за телесни заболувања - идеите за бизнис во ова боле се речиси неисцрпни!



Зголемено финансирање за медицински истражувања

Разни вариетети на канабис сатива и канабис индика се користат веќе со децении за да им помогнат на оние кои се подложени на хемотерапија да се справат со несаканите ефекти на третманот, конкретно за лекување на рак, епилепсија и други болести. Меѓутоа, поради класификацијата на канабисот како Дрога бр. 1, тешко е да се изучува медицинскиот потенцијал на марихуаната. За среќа, со текот на времето како што законската регулатива околу оваа билка се менува, истражувањата ќе напредуваат, а ние точно ќе го знаеме нејзиниот вистински лековит потенцијал. Според извештајот на Salar Media Group и Civilized, „Трендот тука е дека канабисот сега се третира како лек со специфични бенефиции и апликации за специфични болести. Ова истражување ќе продолжи да се проширува само во годините што следат“.


Брендирање на канабисот

Како што реномето на канабисот се подобрува, така пазарот има побарувачка од нови врсти. Додека сигурно ќе има некои славни брендови што ќе се појават во наредните години, големите брендови, најверојатно, ќе се држат настрана од производот, додека не се соочат со масовна привлечност, оставајќи ја вратата отворена за брендовите специфични за марихуаната како Diego Pellicer и Recreator. Додека овој економски поттик ќе создаде многу скапи марихуана опции кои се единствени од својот вид и луксузни по стил, со толку многу производители сè уште ќе има опции за сечиј прирачник.


Маркетинг на семките од канабис

Додека за CBD маслото се очекува да стане светски комерцијален производ за краток рок, исто така се очекува семето од коноп/марихуана да се појавува во различни други пазарни производи. Со оглед на ниската концентрација на THC (соединението кое лекува рак и дава преубаво чувство) во семето од канабис, истото се очекува да се појави во неколку делови од светот кадешто до сега не беше застапено, започнувајќи од козметичките производи за нега и убавина, заклучно со познатите прехранбени продукти. Со продажбата на компанијата како Medical Marijuana Inc. од околу 8 милиони долари во 2016 година - бројкава се зголемила од 3,4 милиони долари во 2013 година, што е доказ дека пазарот експресно се менува. Со падот на цените на семките од канабис, овој производ ќе биде поекономичен и подостапен од кога и да било досега.


Достава до вашиот дом :)

Многу од компаниите кои на било каков начин се инволвирани во канабис индустријата - вршат испорака до вашиот дом. Компанијата за испорака на канабис Eaze неодамна доби 27 милиони долари за финансирање за да стане домашен сервис за испорака кој може да одговори на сите ваши потреби во врска со канабисот. Другите компании не се далеку зад нив. Buddha Blossoms и Kind Courier исто така го следат потенцијалот за оваа навремена испорака. Орегон и Алјаска веќе имаат поставено дозволи за испорака на рекреативна марихуана, па сега другите држави се очекува набрзо да го следат нивниот пример во наредната година.

Автор: MoniQue Konopova

Wednesday, November 29, 2017

Трите најдобри марихуана пазари во кои е најисплатливо да се инвестира

Бизнисите со марихуана се меѓу најпопуларните и највозбудливите со чии добра јавно се тргува на пазарот. Минатата година, Северно-американскиот пазар на марихуана продал 6.7 билиони долари во производи - неверојатен пораст од 30% од претходната година. Со Канада која планира целосна легализација во 2018 и олабавеноста на законите за марихуана во САД - патот на индустријата за марихуана изгледа како да има само една насока: нагоре!


Но, кога станува збор за тргување на берза, само патот на една индустрија не е доволен за да обезбеди профит. Дури и да се инвестира во просперитетна индустрија, како онаа за ветерници, ако клучната компанија не е добро раководена и банкротира, сè уште можат да се изгубат пари. За пазарот на акции е познато дека е тешко да се предвиди и ништо не е загарантирано. Но, ако некој е заинтересиран да инвестира и да види што како, овие се најдобрите берзи на марихуана моментално на пазарот:



Canopy, кој тргува под името WEED, долго време е омилениот меѓу инвеститорите во марихуана бизнисот. Оваа Канадска компанија со седиште во околината на Онтарио, моментално е позиционирана да стане светски водечки бизнис за марихуана. Минатата година, компанијата била проценета на 2 билиони долари. Родителската компанија на пивото Corona, Constellation Brands, неодмана вложила 200 милиони долари во Canopy и добила 9.9% интерес. Ако Constellation решила да ги ризикува овие милиони во Canopy, дефинитивно не е лоша идеја и ние да пробаме да инвестираме некој денар во Canopy. И каде и да одат акциите од марихуаната, Канадските компании се релативно сигурен облог поради про-марихуана законите во државата.



Scott's не е компанија за марихуана, да се каже, но е една од помоќните компании најпосветени на марихуаната во САД. Scott's се опишуваат себеси како „најголем пазар во светот за брендирани градинарски производи“. А, главниот и изврпен директор, Јим Хагедорн (Jim Hagedorn), има зборувано на долго и широко за преориентацијата на компанијата кон зародишната индустрија за марихуана. Во интервју за Forbes рекол дека планира да инвестира половина билион во марихуана бизнисот за кој што вели дека е „најголемото нешто што сум го видел во градинарството“. Scott's моментално е водечки лобист во индустријата за марихуана, вложувајќи 350.000 долари во трудот оваа година. Фирмата Scott's има докажан успех во индустријата за тревници и градинарство и моментално е остро фокусирана на нејзиното постројување со невидениот раст на индустријата за марихуана. Па, ако некој планира да инвестира во пазарот на марихуана без да става пари директно во бизнисот за марихуана, Scott's е одлична опција. Но, компанијата доживеа слаб пад во нејзиниот приход последното тромесечје. Затоа, оваа компанија повеќе служи за долгорочно инвестирање и е пожелно да се чува будно око на неа.



Како Scott’s, Constellation не е директен пазар на марихуаната, ни помошен пазар за марихуана. Constellation е алкохолна компанија од листата Fortune 500, најпозната по производство на пивото Corona. Пазарната цена на компанијата доживеа стабилен пораст во последниве 5 години истакнувајќи се со купувањето на 9.9% од акциите на Canopy Growth Corp во втората половина на октомври во вредност од тешки 200 милиони долари. Constellation доследно ги игра картите во алкохолната индустрија и сега е позиционирана озбилно да профитира од нејзините акции во Canopy Growth Corp која наскоро ќе стане светска водечка марихуана корпорација. Така што инвестирањето и во двете, може да придонесе висок профит. Исто така, Constellation планира да биде првата главна компанија која ќе произведува комерцијални пијалаци на база на марихуана. Како што вели главниот извршен директор Роб Сандс (Rob Sands), тоа на компанијата ѝ дава предност од прв ред. Па, живели!

Извор: HERB

Sunday, May 31, 2015

Индустриски коноп за подобра иднина на Македонија

Македонците не се паметни земјоделци. Ние увезуваме двојно повеќе отколку што извезуваме и имаме се` повеќе и повеќе необравотливи површини! Константната внатрешна миграција село-град придонесе нашите села да се речиси ненаселени, а обработливите површини се запустуваат или се продавани за мигрираните селани да можат да си обезбедат поудобен градски живот.

Според статистичките податоци, земјава располага со 509.000 хектари обработливо земјиште од вкупно милион хектари земјоделско земјиште. Според последните статистички податоци во 2011 година во Македонија имало 137.000 хектари необработена земја. Ако само на половина од неа би се сеел и одгледувал индустриски коноп со возможни три реколти во годината... на целава наша закржлавена транзициона земјичка во постојан прогрес ќе и` се издигне стандардот на сите полиња и ќе живнат сите индустрии.


Конопот е навистина едноставна култура за одгледување. Не бара скоро воопшто посветеност и голем труд, а исто така ризиците поврзани со неговото одгледување се сведуваат на минимум, бидејќи тој е многу издржливо растение во поглед на променливите временски услови, не бара многу вода, а што е најважно речиси и не го напаѓаат штетници! Нашето македонско поднебје создава идеални услови за одгледување на ова корисно растение, кое пред се` бара сонце, а Македонија е земја со квалитетна и плодна почва и најмногу сончеви денови во годината или 1.400 сончеви часови годишно.

Пред се` не може ни да се замисли, ниту пак, опише колку почист воздух ќе имаме во нашите презагадени градови, поради тоа што конопот има способност да апсорбира повеќе СО2 отколку дрвјата и расте побрзо од дрвјата. На дрвјата им требаат години за да пораснат, а на конопот само 3 месеци!

Потоа, ќе се отворат нови работни места во буквално сите возможни гранки од економијата - фабрики за производство на храна за луѓе и храна за добиток од коноп, фабрики за текстил од коноп (облека, платна, јажиња, вреќи...), обувки, лиена пластика, фабрики за производство на најиздржливите, најлесните и најеколошките градежни и изолациони материјали направени од коноповите влакна, потоа фабрики за производство на хартија, биодизел годиво, етерични масла, масло за јадење, лекови, фабрики за производство на додатоци за исхрана од коноп, потоа легло за добиток, како и за производство на декоративна козметика и козметика за нега на телото... и што ли уште не! 

А, да не говорам и за тоа колку ќе зајакне туризмот! Нашите историски места не се доволни за привлекување на туристите. Тие се веќе видени и досадни кога земјата сама по себе е сиромашна и нема што друго да понуди за гледање, освен маките на сиромашното население. Доколку започнеме да одгледуваме коноп, сите ќе бидеме богати, здрави и среќни, а државата исто така ќе биде среќна бидејќи нејзината каса постојано ќе се полни од нашите даноци за кои ќе имаме пари да ги плаќаме :)