Showing posts with label бизнис. Show all posts
Showing posts with label бизнис. Show all posts

Tuesday, April 21, 2020

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата

Индустријата за марихуана и нејзините даночни приходи во Алјаска останаа цврсти за време на кризата поради Ковид-19 пандемијата


Додека гувернерот на Алјаска, Мајк Данлеви, повторно сака да ги активира економските сили во државата, една индустрија продолжи да биде сигурен извор на даночни приходи и за време на кризата од Корона вирусот. Бизнисите за канабис во Алјаска биле назначени како основна дејност, што им овозможувало на деловните активности да останат отворени, додека некои други бизниси биле принудени да се затворат, а продажбата останала стабилна, тврди Лејси Вилкокс, претседател на Alaska Marijuana Industry Association. Според законот, сите канабис производи од Алјаска мора да потекнуваат и да останат во државата, значи одгледувачите, производителите и трговците сè уште работат и плаќаат даноци. 

Одгледувачите и производителите ѝ плаќаат даноци на државата, додека трговците на мало плаќаат даноци на нивната локална општина, рече Кели Мазези, даночен управител на одделот за приходи на Алјаска. Даноците од индустријата за канабис не само што се стабилни, рече Мазези, туку тие растат. „Ние преземаме нови даночни обврзници цело време“ - истакна Мазези. „Се одобруваат многу нови лиценци на установи за одгледување, исто како и за производство и малопродажба. Сè уште се одобруваат лиценците, дефинитивно гледаме дека се зголемуваат приходите од данок“ - додава таа. 

Месечните даночни статистики сè уште не се достапни за март, но во февруари државата презеде 1,7 милиони американски долари од даноци. Тие пари се само 25% од вкупните приходи од данок од канабис, според Мазези, а остатокот оди на образовни програми за марихуана, рече таа. Бидејќи марихуаната сè уште е нелегална  на федерално ниво, компаниите за канабис не се квалификувани за федерални или програми за државна помош за време на оваа вонредна состојба. Но, само затоа што на индустријата ѝ беше дозволено да остане отворена, тоа не значи дека на индивидуалните бизниси им оди лесно, тие мораат да се борат, додаде Вилкокс. Бизнисите со канабис сè уште се соочуваат со истите проблеми со кои се соочуваат многу други бизниси во моментов.

Преведе: MoniQue Konopova
Извор: Juneauempire

Sunday, February 3, 2019

Мајк Тајсон развива канабис одморалиште од 40 акри во Калифорнија

Мајк Тајсон е најновата позната личност што влегува на марихуана пазарот што постојано се шири, со амбициозни планови да отвори луксузен центар во Калифорнија, каде што одгледувачите и гостите ќе можат да консумираат канабис во мир. Овој поранешен боксер вели дека почнал да пуши канабис на возраст од 10 години


51-годишниот Тајсон, неодамна објавил дека „канабис одморалиштето“ со површина од 40 акри ќе биде лоцирано во градот Калифорнија, град во пустината Мохаве само два часа надвор од Лос Анџелес. Одморалиштето на Тајсон ќе произведува квалитетни THC и CBD производи, истовремено поддржувајќи ги истражувањата за здравствените придобивки од канабисот. Наводно, одморалиштето ќе посветува 20 хектари земјиште на одгледување на марихуана, овозможувајќи „најпрофесионалните одгледувачи да имаат максимална контрола врз животната средина“. Исто така, ќе има „Култивациска школа на Тајсон“ (Tyson Cultivation School) за да ги обучи одгледувачите да ги усовршат сопствените видови. Како и за посетителите, одморалиштето на Тајсон ќе вклучува фабрика за канабис прехранбени производи (edibles), амфитеатар за забава и премиум кампови и кабини за глампинг. Тајсон се надева дека ќе ја изгради својата сопствена марихуана империја. Во ноември минатата година изјави за Натали Моралес дека планира да развие пијалаци со коноп, масти за мускулните болки и спакувана трева.


Неодамна Тајсон имаше интервју (што можете да го видите подолу) со Џо Роган (друга позната личност која е борец за ослободување на марихуаната). Тајсон му подари на Џо кутија со канабис изненадувања. Тој во интервјуто вели дека користел канабис повеќе од една деценија за да ја олесни својата хронична болка од боксот, да ја третира неговата социјална анксиозност и проблемите со неговата контрола на гнев и билката му помогнала да ги надмине зависностите од тешки дроги.  Тој вели дека тревата е чудотворен лек на иднината: „Ако не пушев, ќе имав лош ден. Јас сум вистински глупав човек без тоа. Тоа ме измазнува, како да сум сосема друга личност. Тоа ме става на врвот од мојата игра. Ми се допаѓа кој сум кога пушам“ - додаде тој. „Без трева не ми се допаѓа кој сум јас понекогаш. Тоа е реално. Не ми се допаѓа тој човек, сакам да се извлечам од тој човек“ - објаснува тој. Тајсон наскоро ќе снима филмска комична серија лесно поврзана со неговите авантури како претприемач за канабис наречена „Rolling With the Punches“. Шоуто ќе има сличен формат како „Curb Your Enthusiasm“ на Лари Дејвид, при што Тајсон ќе игра во улога на самиот себе.



Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: EbonyThegrowthop

Monday, September 3, 2018

Жени со визија: запознајте 9 лидерки кои водат во канабис индустријата!

Денес, жените се на лидерски позиции на секое ниво од канабис индустријата, од извршни директори на одгледувачки компании, до култиватори кои се занимаваат со канабис од семка до производ. Жените одгледуваат канабис, се активисти, прават лекови и козметика од него, поседуваат сопствени фарми и работат во свои диспанзери. Дознајте повеќе за нив...


Некои жени повеќе се насочени во активизмот и исто така продуцираат и режираат документарни филмови со цел да се борат против стигмата на канабисот и неговите консументи. Други пак, се повеќе ангажирани во политиката која врши притисок за легализација и декриминализација на канабисот. Оваа серија на слики ги поврзува женските лидери кои го користат нивното влијание за промовирање на канабис индустријата како фер, одржлив и професионален бизнис простор. Повеќето од жените што се прикажани во оваа сторија живеат во Калифорнија, благодарение на пионерската улога на државата во полето за лекови од канабис, кое нуди големи можности за жените и служи како инспирација за многу други држави и многу други жени.

Овие жени се свесни за нивната извонредна позиција како малцинска група која создава историја. Според Marijuana Business Daily, жените пополнуваат 36% од лидерските позиции во индустријата за канабис - повеќе отколку во други индустрии, со националниот просек од 22%. Продуцентот Винди Борман (Windy Borman) беше толку инспирирана од овој револуционерен факт што почна да снима документарен филм за тоа: Mary Janes: The Women of Weed. Борман интервјуираше над 40 жени низ САД за да го создаде својот филм. Во него, Борман ја испитува активистичката историја на индустријата за канабис и како таа била изградена од страна на жените, за да се обезбеди медицински лек за пациентите кои страдаат од ХИВ и СИДА. Документарниот филм има за цел да служи како временска капсула и извор на инспирација за идните генерации, особено поради тоа што останува големото прашање: Дали овие малцинства ќе можат да ја задржат својата положба сега кога корпоративните компании создаваат конкурентна арена? Извршниот канцелар Дејл Скај Џонс (Dale Sky Jones) на Oaksterdam University вели дека Вол Стрит би можел да помогне во легитимирањето на индустријата за канабис со своите пари и моќ. Дали ќе има уште простор во индустрија за луѓето кои помогнаа да се создаде? Веруваме дека одговорот е ДА. 


Windy Borman
1. Винди Борман (Windy Borman) е наградуван режисер и продуцент на филмот „Mary Janes: The Women of Weed“, како и основач на DVA Productions

По разговорот со повеќе од 40 жени од 10 различни држави во текот на изминатата година, научив дека овие жени имаат можност да изградат индустрија од темел и да го прават тоа добро. Луѓето сè уште одат во затвор во држави каде што дури и ние немаме медицинска употреба. Децата се одземаат, луѓето се депортирани, студентите губат стипендии и иднините се лизгаат низ нивните прсти, бидејќи тие се осмелија да допрат масло и да одлучат што сакаат да стават во нивните тела. Сликата што ја замислувам за индустријата е онаа што ја снимивме додека снимавме во конопното поле во Колорадо. Тоа е прекрасен видок на сончево осветлена жена, која гледа во камерата кон публиката. Таа не е пасивна тема, но активна во она што го прави. Би сакала тоа да биде иднината на индустријата, жените што го допираат растението во природата и почитувањето што оди заедно со тоа“ - вели таа.


Valerie Corral
2. Валери Корал (Valerie Corral) го основаше здружението за медицинска марихуана Wo/Men’s Alliance for Medical Marijuana WAMM - најстариот во земјата континуиранo воден колектив за медицински канабис. Таа, исто така, помогна да се напише и да помине Предлогот 215, револуционерниот калифорниски закон за медицинска марихуана. WAMM обезбедува слободен канабис за 30% од своите членови.

Не можам да ви кажам колку од нашите членови мораа да позајмуваат каучи и да останат со своите семејства, повраќајќи во тоалетите на други луѓе од хемотерапија, бидејќи станаа бездомници по нивната дијагноза поради медицинскиот банкрот. Тоа беше многу влијателно за мене и ме промени засекогаш. Социјалната неправда за она што се случува со економијата на канабисот во моментов е тоа што го маргинализира пристапот на пациентите кои не можат да си го дозволат затоа што е премногу скапо. Економијата што била изградена врз грбот на болните кои умираат, се движела на пазар кој има профит. Знам дека би можела да направам многу пари, но јас навистина не работам со трева, работам со луѓе. Пазарот создава лажно чувство на вредност, кога вистинската вредност бара: ‚Како можам да ви помогнам? Како ова растение може да ти помогне во околностите во кои се наоѓаш?‘ Лично, не мислам дека моите потреби се поголеми од некој кој е болен“ - вели таа.


Wanda James
3. Ванда Џејмс (Wanda James) беше првата црна жена што поседува диспанзер за канабис во Колорадо - таа, исто така, ја основа Cannabis Global Initiative, комуникациска компанија која се обидува да им даде на луѓето со обоена кожа место во канабис индустријата.

Го сретнав брат ми за прв пат на погребот на татко ми, кога ми кажа дека само што излегол од затвор. Мислев дека тој убил некого. Бев шокирана кога слушнав дека тој бил уапсен за поседување на 4,5 унци (околу 120 гр) канабис кога имал 17 години и добил 10-годишна затворска казна, од која четири и пол години собирал памук во затвор со максимална безбедност во Тексас. Се чинеше смешно за мене, особено откако студирав на Универзитетот во Колорадо и седев на предните скали од мојот студентски дом со моите бели пријатели - една половина килограм трева меѓу нас - ролање џоинти за време на викендот. Ако полицајците дојдеа, тие викаа: ‚Еј деца, ставете го тоа подалеку‘. Јас воопшто не знаев дека луѓето одат во затвор за поседување на марихуана. Мојот сопруг и јас почнавме да разговараме за него и сфативме дека би можеле да го раздледаме ова прашање. Тогаш го основавме CGI. Се чувствувавме охрабрени да застанеме и да речеме: ‚Нема повеќе затворска казна за ова‘“ - вели таа.


Bianca Green
4. Бјанка Грин (Bianca Green) беше извршен продуцент на документарниот филм „The Culture High“ и е основач на непрофитна кампања наречена Spark The Conversation - која ги охрабрува потрошувачите да се вклучат во разговорот за промена на стигмата врз канабисот.

Пред дванаесет години, ми беше дијагностициран рак. Две години подоцна, бев на околу 13 лекови - се чувствував ужасно. Живеев во Калифорнија, каде што медицинската марихуана беше легална од 1996 година, па отидов и добив медицинска картичка. На патот кон откривање на она што е најдобро за вашето тело кога станува збор за лекови со канабис не е лесно, но вреди доколку сакате да напредувате, а не само да преживеете. Уште откако го открив канабисот како лек, секој ден од мојот живот го посветив на мисијата да ја сменам стигмата и сѐ уште не е завршена. Сакам да ги инспирирам другите да излезат од плакарот и да разговараат за нивната употреба. Незнам дали сите ако излегуваме заедно, може да ја нормализираме канабис културата и да поттикнеме повеќе луѓе да бидат отворени. Ние сме мала индустрија, но голема заедница на потрошувачи и додека не сфатиме дека нашето учество како потрошувач е неопходно, а забраната ја ограничува нашата слобода да го избереме она што го ставаме во нашите тела, ние не успеваме“ - вели таа.


Michelle Lilly-Hester & Drayah Sallis
5. Мишел Лили-Хестер (Michelle Lilly-Hester) и Драја Салис (Drayah Sallis) од Healthway Educations Systems - Мишел е едукативен офицер на Healthway Educations Systems, а Драја е извршен директор. Тие обезбедуваат медицинско образование за пациентите и лекарите од целиот свет, премостувајќи го јазот помеѓу медицинскиот канабис, лекарите и пациентите.

Мајка ми, која неодамна почина, беше хронично болна. Таа беше од поинаква генерација под влијание на војната против дрогата - генерација која не знае дека може да го употреби канабисот како лек за проширување на нејзиниот квалитет на живот. Што ако би можелa да ѝ дозволам да разбере дека канабисот може да биде решение за нејзината нега, само за да сфати дека тогаш е предоцна? За среќа, имав време да ѝ го претставам на мајка ми канабисот и таа стана мој најголем поддржувач. Но, тоа е зошто мојата работа е достојна за мене - да ги имам овие разговори. Мојата цел е канабисот да стане мејнстрим, а дел од таа визија е опремување на давателите на здравствени услуги и државните општини, како и обезбедување на јавно-здравствено решение во начинот на живот со медицински канабис. Да се биде вклучен во револуцијата на канабисот е срдечно. Тоа значи менување на животот на оние кои директно се засегнати од нелегалниот пазар“ - вели Драја.


Sisters of the Valley
6. Сестра Кејт работи со Sisters of the Valley, група на монахињи кои произведуваат масло од канабис - „за време на месечевите циклуси, според древната мудрост“. Нејзината мисија: одржливост, прогресивен активизам и духовност преку сестринство.

Нашето потекло е од Occupy Movement. Како активистка, честопати бев надвор од народот и како што разбраа дека сум анархист, активист, самопрогласена калуѓерка, почнаа да ме прашуваат да ја формализирам групата. Работата со канабис е начин да се исполнат нашите цели за креирање работни места и кариери за жените. Ние сме фокусирани на жените едноставно затоа што жените го носат товарот на сета сиромаштија во сите општества. За нас светото живеење е живеење во хармонија со Мајката Земја. Ние знаеме дека има одгледувачи на канабис ширум светот, забранети или не. Тоа значи дека постојат жени насекаде каде што може и треба да се прават тинктурите и мелемите на ист начин како што и нивните древни мајки го правеле тоа. Предвидувам расцут на Сестринството како глобално движење за обединување на жените. Не со тоа да се биде религија, туку со самоодржливост. Заработувајќи го нашиот пат, со обединување на жените насекаде, создавајќи чесни работни места и многу интернационален животен стил. Мојата визија е да има жени во долги сини-џинс здолништа, бели блузи и бели превези во секој град и покраина низ целата планета и за луѓето насекаде да знаат, кога ќе ги видат: ‚Тие жени знаат за канабисот‘“ - вели таа.



Ophelia Chong
7. Офелија Чонг (Ophelia Chong) ја основа Stock Pot Images - агенција посветена на обезбедување квалитетни фотографии од коноп за комерцијална употреба, обидувајќи се да ја скрши стонерската стигма.

Главната причина што ја добив оваа работа беше тоа што сфатив дека има само неколку слики на располагање. Честопати ја гледате истата грмушка што се појавуваше насекаде, онаа што се користеше претходно повеќе од 15 пати. Тоа би било како да се појавува иста жена во секоја реклама - не беше претставник на нашата индустрија. Овие слики навистина влијаат на начинот на кој луѓето размислуваат за канабисот, бидејќи тие се појавуваат во секоја вест што се појавува во медиумите. Сите мои слики се од вистински луѓе, а не од модели, кои се подготвени да бидат фотографирани и прикажани како пушат трева. Мојата цел е да го покажам вистинскиот корисник. Сакам да го ставам лицето на канабисот таму“ - вели таа.


Menkin Nelson
8. Менкин Нелсон (Menkin Nelson), сопственик на фарма за канабис - одгледува канабис за медицинска употреба и им помага на другите локални производители во согласност со нивните фарми.

Мојата прва работа во индустријата беше работата за обликување на цветовите додека се обидував да дознаам што сакам да направам со следното поглавје од мојот живот. Медицинската марихуана веќе беше во сила, па тоа не беше ‚нелегално‘ на државно ниво. Сепак, беше нелегално на федерално ниво. Имаше времиња кога ќе чуеме дека хеликоптерите летаат и сите ќе престанеме да работиме за да ги слушаме. Во моментов, правам градина со мал обем и почнав да им помагам на локалните одгледувачи со административна помош во текот на усогласувањето на нивните фарми. За жал, со сите прописи и дополнителни трошоци потребни за да се усогласат и да се натпреваруваат во индустријата, се чувствувам како да се туркам во насока на големо производство и комерцијализам“ - вели таа.


Dale Sky Jones
9. Дејл Скај Џонс (Dale Sky Jones) е извршен канцелар на Oaksterdam University - таа беше портпарол на Кампањата „Prop 19“ во Калифорнија и е претседател на одборот на Coalition for Cannabis Policy Reform - CCPR и член на Управниот одбор на National Cannabis Industry Association - NCIA.

Бев благословена да дознаам за канабисот од перспектива на пациент: оние кои бараат олеснување и сигурен пристап до нивниот лек. Ова искуство ја поткова важноста на правата на пациентите, а подоцна, работењето во политиката со Prop 19 во 2010 година ги зацврсти моите приоритети во однос на граѓанските права и социјалната правда во начинот на кој пишуваме закони. Еден пример е Флорида, каде што први понудија апликации за пет дозволи, но за да ги исполнувате условите, мораше да поседувате лиценциран расадник низ 30 континуирани години за да можете да аплицирате. Колку луѓе со обоена кожа, жени или ветерани поседувале расадници во Флорида пред 30 години? Многу скапиот и ексклузивен процес на апликација веднаш ги отфрли најодговорните сопственици од малцинските групи. Оние кои биле вклучени во промената на законите, извршувајќи ја работата или фаќани во обид да работат, се исклучени од учество во новата правна атмосфера. Јас се фокусирам на образование и зајакнување на оние кои бараат знаење за тоа како да влезат во индустријата. Важно е жените, обоените и ветераните да се вклучат со регулаторниот процес рано и често, бидејќи стаклениот плафон допрва треба да се изгради“ - вели таа.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:












Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Cannabisnow

Thursday, August 30, 2018

Како инвеститорите на марихуана прават акции? 5 задолжителни книги пред да инвестирате во канабисот

Инвестирањето во канабисот сега често се споредува со купување на Anheuser Busch InBev NV (ADR) или акции на Molson Coors Brewing Co во 1930-тите. Младоста на индустријата и тоа што сè уште е во развој, значи дека има голем број на играчи, но само најистрајните и најиновативните ќе напредуваат


Едуцирајте се преку книги!
Во рок од една деценија на пазарот, најверојатно ќе има неколку големи и добро воспоставени компании, но многу други кои изгледаат профитабилни сега, во иднина можеби ќе пропаднат. Поконзервативна насока е купување акции од фонд со кој се тргува со изложеност на кошница со акции за канабис. Изборите изобилуваат со акциите на марихуана, од одгледувачите како Cronos Group Inc. и Canopy Growth Corp до биотехнолошките компании GW Pharmaceuticals PLC - ADR и операторот за дистрибуција Medmen Enterprises Inc. или може да купат акции на компании кои ја сервисираат индустријата за канабис, како што е Scotts Miracle-Gro Co. Едуцирајте се пред да скокнете во зелениот бизнис. Добра идеја е да ја проучувате самата индустрија пред да одлучите да инвестирате во неа. Порталот Benzinga ја состави листата од пет книги кои пожелно е да ги прочитате пред да инвестирате во акции со марихуана. Книгите не се само за акциите во врска со канабис, туку и за целата индустрија.


1. „Започнете свој бизнис со канабис: Вашето чекор-по-чекор упатство за марихуана индустријата“ (Start Your Own Cannabis Business: Your Step-By-Step Guide To The Marijuana Industry) од Хавиер Хасе (Javier Hasse) и персоналот на Entrepreneur Media

Оваа лектира „Започнете свој сопствен бизнис со канабис“ чиј ко-автор е и канабис новинарот од порталот Benzinga Хавиер Хасе. Книгата опфаќа информации за тоа како да започнете компанија за канабис, но може да биде корисна и за некој кој сака да инвестира во компании за канабис. Таа ги објаснува внатрешните работи на индустријата, како што се оданочувањето, правните работи и заштитата на средствата. Таа исто така ги раскажува сториите од претприемачите и пионерите во индустријата. Од трговците на мало до одгледувачи, производители и добавувачи, постои навидум бескрајна листа на можности за стартување на овој нов пазар. Во проектот Your Own Cannabis Business, новинарот за канабис, биотехнологија и претприемништво Хавиер Хасе ги воведува претприемачите што претстојат во иднина и лежат во индустријата и споделува совети и успешни приказни од пионерите и визионерите во индустријата за марихуана.


2. „Нула до еден“ (Zero To One) од Питер Тил (Peter Thiel)

Питер Тил е добро познат во стартната и инвестициската заедница, како еден од основачите на Paypal Holdings Inc и на почетокот на Facebook.com, Inc. investitor. Тој стана познат во индустријата за канабис со поддршката на Privateer Holdings, приватна компанија за капитал која инвестира во компании за трева. Книгата на Тил зборува главно за стартап и ја дава својата перспектива за тоа што да се обрне внимание кога се инвестира во нова компанија. Ако сакате да изградите подобра иднина, мора да верувате во тајни. Големата тајна на нашето време е дека сѐ уште има неистражени граници. Во Zero to One, легендарниот претприемач и инвеститор Питер Тил покажува како можеме да најдеме единствени начини да ги создадеме тие нови работи. Оваа книга одеднаш го претставува оптимистичкиот поглед на иднината на напредокот во Америка и нов начин на размислување за иновациите: започнува со учење да ги поставува прашањата што ве водат да најдете вредност на неочекувани места.


3. „Енциклопедија на канабис: дефинитивен водич за одгледување и консумирање медицинска марихуана“ (The Cannabis Encyclopedia: The Definitive Guide To Cultivation & Consumption Of Medical Marijuana) - од Џорџ Сервантес (Jorge Cervantes)

Енциклопедијата објаснува сè што потенцијалните инвеститори треба да знаат за медицинската марихуана и обезбедува корисни техники на одгледување, со обилни илустрации. „Канабис енциклопедијата“ треба да им помогне на инвеститорите почетници да ја разберат канабис терминологијата и да обезбедат некои увиди во работењето на компаниите кои се специјализирани за одгледување на растенијата. Наградуваната канабис енциклопедија е дефинитивен водич за одгледување и потрошувачка на медицински марихуана. Ги објаснува сите основни техники за растење во затворени простории, на отворено и во оранжерии. Сите градинарски практики се добро истражувани и илустрирани едноставно чекор по чекор примери и инструкции. Повеќе од 2.000 убави слики во боја ја илустрираат оваа книга од 596 страници. Изобилува со најсовремени информации кои ја прават оваа книга од суштинско значење за сите одгледувачи, канабис пациенти, но и сите кои сакаат да станат експерти во оваа област.


4. „Инвестирање акции за почетници: Марихуана акции: Како да се збогатите само со средствата произведувајќи финансиски поврат толку брзо како криптовалентност“ (Stock Investing for Beginners: Marijuana Stocks: How To Get Rich With The Only Asset Producing Financial Returns As Fast As Cryptocurrency) oд Стивен Сатоши (Stephen Satoshi)

Книгава на Сатоши ги опфаќа основните елементи на индустријата за канабис, дава примери и опфаќа различни сегменти во секторот кои се отворени за инвестирање. Во оваа книга ќе откриете: Зошто инвестирањето во компании кои растат и продаваат марихуана не е најдобар начин да профитирате од марихуаната? Најголемата пречка на марихуана индустријата треба да се надмине.


5. „Меѓународна марихуана, издание од 2018 година: Не Б.С. Водич за глобално инвестирање во акции со трева“ (International Marijuana, 2018 Edition: The No B.S. Guide To Investing In Weed Stocks Globally) од г-дин Питер Хетчер (Peter Hatcher)

Интернационалната марихуана“ може да биде корисен водич за инвеститори кои сакаат да влезат во канабис просторот. Таа опфаќа многу области, вклучувајќи совети за наоѓање на вистинско посредување и анализа на најдобрите компании во индустријата. Хетчер, исто така, споделува информации за тоа како да ги истражувате компаниите за канабис и дава совети за тоа како да развиете стратегија за трговија околу акциите за канабис, точки за влез и излез, swing trading и повеќе. Авторот исто така споделува значајни онлајн извори кои можат да им помогнат на инвеститорите додека се движат низ канабис индустријата.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:







Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Benzinga

Thursday, May 17, 2018

Како да инвестирате во канабисот – во било која негова форма?

Oткако се легализира канабисот во многу држави, започнаа да се појавуваат и нови работни места. Калифорнија ја легализираше рекреативната марихуана на самиот почеток од 2018 година. По две недели, околу дваесетина бизниси во Лос Анџелес добиле дозвола да ги продаваат производите за рекреативна употреба. Одеднаш, канабис-индустријата започнува да се развива со брзина на светлината!!!


Локалите за продажба добиваат дозвола да ги продаваат производите за рекреативна употреба.  Индустријата се развива, а со тоа и луѓето воочуваат дека тоа е нов начин за легално правење пари. Постојат повеќе начини на кои можете да инвестирате во овој бизнис. Во секој случај, секој што бара брза заработка нема да ја пронајде во тој бизнис. Но, доколку верувате во потенцијалот за вложување во канабисот и се стремите кон долгорочно вложување, ова се најдобрите опции што можете да ги разгледате и примените.



Медицински производи со канабис и компании

Акциите за канабисот се нов и невообичаен начин на вложување, во споредба со вообичаените вложувања, во овој случај нема никаква сигурност. Медицинската марихуана нуди повеќе опции отколку рекреативната, со оглед на тоа што во многу повеќе држави е легализирана медицинската употреба на канабисот отколку рекреативната. Во Канада, медицинската марихуана се користи речиси две декади.


Канадски компании за канабис

Некои од овие канадски компании успешно се докажале во оваа индустрија. Organi Gram (OGRMF), лиценциран производител и одгледувач на медицинска марихуана, е една од нив. Со растењето на бројката на пациенти кои користат медицинска марихуана, се зголемува и нивната продажба. Canopy Growth Corporation (TWMJF) е исто така популарна канадска компанија, која освен тоа што го произведува канабисот, воедно и го проучува. Неодамна компанијата беше вредна 4.35 милијарди долари. Голема конкуренција на оваа компанија е Aurora Cannabis (ACBFF), компанија која брзо се проширува. За жал, медицинскиот канабис не е насекаде проширен како што е во Канада. Поради тоа, луѓето покажуваат повеќе интерес за канадските компании, кои се многубројни.


Трговци на мало со канабис и CBD

Иако е помалку застапена од медицинската, рекреативната марихуана во моментов е одобрувана повеќе од било кога. Канабисот е 100% легализиран, вклучувајќи го и рекреативниот канабис, во девет земји во САД.  Канада цели кон тоа да се легализира и рекреативната употреба, додека министерот Justin Trudeau продолжува да изјавува дека планира тоа да се случи ова лето 2018. Компаниите за медицинската марихуана ќе имаат придобивка од новите муштерии, но тие исто така ќе имаат и поголеми трошоци. Тоа е важно – од канабисот може да се направат пари, но исто така прво треба и да се потрошат пари, добро да се инвестира. Не секој локал за канабис ќе има ист профит само поради тоа што ќе се легализира.


Фондови за тргување со марихуана

Како што акциите на марихуаната стануваат се почеста појава, така и фондовите со кои се тргува со марихуана. Тие дозволуваат тргување со голем број различни хартии од вредност во еден фонд, со што се добива разновидно портфолио. Тие се примамливи и се дури понови и од акциите на канабис. Ако банките сè уште се претпазливи на одредени акции на канабисот, дефинитивно ќе бидат уште попретпазливи со повеќе од нив.


Тргување со масло

Hemp Inc. (HEMP) постои од 2008 година и учествува во производството на масло (екстракт) од канабис. Тие го одгледуваат, обработуваат, го вадат екстрактот, па дури и продаваат производи со масло. Како што неодамна најавил сенаторот Mitch McConnell, маслото наскоро ќе се легалицира на ниво на целата федерација. Ако тоа се случи, компании како Hemp Inc. кои и досега го работеле тоа, најверојатно ќе достигнат поголем успех отколку новите компании.


Акции индиректно поврзани со канабисот

Уште еден паметен начин да се инвестира во бизнисот поврзан со марихуаната е да се пронајде компанија која делумно се занимава со канабисот или пак, е индиректно поврзана со него. Abbie Inc. (ABBV) е генерално фармацевтска продавница. Компанијата го има во продажба Мarinol, синтетички канабиноид, кој служи за олеснување на гадењето кај пациентите кои страдаат од рак или пак, СИДА. INSYS Therapeutics, Inc. (INSY) e фармацевтска компанија која доби одобрение за синтетичкиот канабис -  и покрај тоа што во минатото компанијата донирала за друштвата кои биле против марихуаната. Constellation Brands Inc. (STZ) пак, е компанија која произведува пива и ликери, а неодамна купи мал удел од 9.9% од компанијата Canopy Growth. Тоа е привлечна опција за оние кои се заинтересирани во бизнисот со канабис, а сепак сакаат сигурни вложувања. 


Избор на уредникот:




Автор: Ангела Т.
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Thestreet

Thursday, May 3, 2018

Дознајте дали треба да отворите сопствен канабис бизнис?

Економски аспект на канабисот. Во овој натпис разработуваме три главни прашања коишто треба да си ги поставите пред да се одлучите да отворите свој канабис бизнис. Овие три прашања ќе ви помогнат да го обликувате вашиот бизнис со канабис

Следните прашања не само што ќе ви овозможат да дознаете дали можете и треба активно да учествувате во канабис индустријата, туку ќе ви помогнат и да го обликувате вашиот иден бизнис за успешно да напредува. Одговорањето на овие прашања ќе биде од суштинско значење за креирање на вашиот бизнис план и финансиски модел. Размислете за почетниот капитал и разгледајте ја правната рамка.


1. Дали овој бизнис е правиот за вас?

Поддршката за легализација на канабис во светот е на рекордно високо ниво. 64 проценти од Американците изјавиле во октомври 2017 година дека марихуаната треба да биде легална, според истражувањето на Галуп. Како што заклучува Галуп, овие бројки покажуваат дека, како што позитивните резултати од легализацијата стануваат поочигледни во повеќе држави, јавната перцепција за марихуаната се менува, а стигмата околу тревата постојано се надминува - во голема мера поттикнато од граѓанските движења за декриминализација. Единствената вистинска стигма која останува денес е поврзана со незаконитоста на канабисот, а не со перцепцијата на јавноста, тврди Том Адамс (Tom Adams) од BDS Analytics.


Прописите околу канабисот брзо се менуваат низ целиот свет, заедно со социјалното прифаќање“ - вели Дерек Ридел (Derek Riedle), основач и извршен директор на медиумска компанија за канабис и животен стил Civilized. „Размислете за ова во целост на времето: За неколку години, опозицијата на канабисот ќе стане маргинализирана, бидејќи канабисот станува сè повеќе мејнстрим и луѓето продолжуваат да сфаќаат дека тоа не е страшило како што ни беше кажувано дека е со генерации“ - додава. Секој кој сака да се вклучи во оваа индустрија мора да го преземе репутацискиот ризик и правниот ризик, бидејќи иако голем број држави го легализираат, канабисот e контролирана супстанца.


2. Дали сте подготвени за уникатен бизнис модел?

Освен правните ризици, можните проблеми со даночните и царинските служби, заинтересираните за оваа индустрија мора да се справат со опасностите за водење бизнис кој главно се занимава со готовина. Тајлер Стратфорд (Tyler Stratford) од Canna Advisors додава дека ова е индустрија за луѓе со дебела кожа. „Треба да издржите и да се борите против неволјите во овој простор и да сте подготвени да помогнете да го промените текот напред“ - вели тој. „Бидете подготвени да бидете оператор во индустријата и да се залагате за промена“.


Ако сакате да напредувате во канабис бизнисот, треба да се борите за поголеми права за вас и стравот да го оставите дома. Стравот заменете го со факти, канабисот всушност беше дел од нашата култура илјадници години, а само многу краток временски период е забранет, додава соосновачот на Canna Advisors, Дајан Чарковски (Diane Czarkowski). „Ако не можете да зборувате за ова со луѓето, не гледам како ќе успеете, бидејќи ќе продолжите да го одржувате истиот систем на верување“. Затоа, подгответе се да ја оспорите стигмата, да се едуцирате, да се залагате и да се борите и за правото на луѓето да користат канабис и вашето право да го водите бизнисот со најлековитата билка. Клопчето на почетокот полека се одмотува, но потоа го забрзува своето темпо!


3. Дали сте подготвени на неизвесноста и честите промени?

Ако не, тогаш оваа индустрија во зародиш не е за вас. „Ништо од ова досега не е направено“ - тврди Чарковски. „Понекогаш промената се случува толку често што немате време да ја имплементирате последната промена, пред да мора повторно да направите промена“ - додава. Се разбира, постои една шанса што ќе треба да ја преземете како претприемач, започнувајќи бизнис во која било индустрија: Дали сте подготвени да ја вложите целата ваша верба во вашите способности за решавање на проблемите, ризикувајќи ја вашата финансиска сигурност во потрагата по поголема награда? „Треба да бидете во можност да стигнете до работ на карпата и да одлучите дека ќе скокнете“ - заклучува Ридел од Civilized.


Поврзани статии:






Напишано од: MoniQue Konopova
Извор: Newstimes

Thursday, April 19, 2018

Истражување како загревање за утрешниот празник 4/20 од компанија за канабис

20-ти април (4/20) е еден вид интернационален празник на канабисот, но изгледа како никој да не знае точно зошто? Постојат повеќе претпоставки и теории... Дали ова се долкжи на стара американска полициска шифра (420) за поседување марихуана?Дали има сето ова врска со роденденот на Адолф Хитлер? Како и да е, на Eaze Solutions, Inc. (Eaze) оваа недела им се чинеше дека е најдобро време да ги објават резултатите од неодамнешната анкета за канабис


Ајде да прославиме јавно! - Ајде на КОНОПФЕСТ 2018!!!
Eaze претставува четиригодишна техничка платформа која им служи на лиценцираните диспанзери за канабис и брендови, а базирана е во Сан Франциско. Технологијата на компанијата обезбедува помош за бизнисите со канабис со усогласеност, управување со залихи и испорака. 


Eaze вели дека исто така им помага на потрошувачите преку нивно поврзување на интернет или преку мобилен. Според директорот на компанијата Eaze за социјални влијанија, Џенифер Лујан (Jennifer Lujan), мисијата на компанијата е „да ги подобри животите на луѓето, помагајќи им да ги разберат придобивките од канабисот и да им обезбедат безбеден и удобен пристап до легални производи од канабис“.


www.eaze.com
За четири години, Eaze собра 52 милиони долари финансиска поддршка и потпиша договори со над 60 канабис брендови, значи околу 2,5 милиони испораки со кои управуваат возачите на компанијата. Трошоците за испорака кон потрошувачите се понекогаш комплицирани, поради различните прописи. Блогот Eaze покажува зошто... Една од маркетиншките цели на оваа компанија е фокусирање на малцинските заедници на пазарот, за кои компанијата тврди дека најмногу страдале од федералната „војна против дрогите“. За да го реши ова прашање, Eaze ги здружи силите со Hood Incubator со седиште во Оукланд за да обезбеди рамноправност кон малцинствата во канабис бизнисoт.


Уште поважно, Eaze гледа на легалниот рекреативен канабис пазар како да оди буквално со највисока брзина. За идни маркетинг програми, компанијата сакаше да знае што мислат нејзините клиенти. На 27-28 март 2018 година, е-мејл анкета беше испратена до корисничката база на податоци и испита 4.852 испитаници. Според Eaze, речиси половина од анкетираните одговориле дека „планираат отворено да ја прослават 4/20 година оваа година објавувајќи со објавување по социјалните медиуми, почнувајќи го бранот на отвореноста за канабисот што бвеќе е во тек во 2018 година.


Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Forbes

Sunday, April 8, 2018

Пиво од канабис наскоро ќе биде достапно во Канада!

Можеби ова лековито пиво ќе се вика Cannabeer - „КАНАПИВО“. Без оглед на тоа како ќе биде наречено, според Лорен Еaдс (Lauren Eads), од Drinksbusiness.com, провинцијата Канада Брендс (Province Brands - PB) поднесе привремен патент за првото пиво во светот произведено од билката канабис


Другите компании произвеле вино и пиво кое содржи мали количини на канабис, но според натписот на Drinksbusiness, ФБ е првата компанија со глобален дофат за производство на пиво, кое е произведено целосно од растението канабис. Компанијата своите производи ги дефинира како „без алкохол, а сепак многу опојни“. Тие тврдат дека производите се со ниски калории, ниски нивоа на шеќери и - многу важно за денешната потрошувачка  - без глутен. Пријавувањето за патент е околу шест месеци.


Верувајќи дека канабисот ќе биде легален за рекреативна употреба во секоја од 50-те американски држави во блиска иднина, џиновските Констелациони брендови (Constellation Brands - CB) со седиште во Ферпорт, Њујорк сакаа да бидат на чело на класата. Во октомври 2017 тие стапиja со 10 % од акциите (во вредност од 197,5 милиони долари) во Canadian Canopy Growth Corporation, која се смета за „водечка компанија за канабис во светот“.


PB започна во 2016 година. Коосновачот и извршен директор Дума Вендшух (Dooma Wendschuh), им рече на Drinksbusiness дека неодамнешниот интерес за канабис ѝ помогна на неговата компанија да привлече извори на финансирање. Wendschuh, исто така, изјави за Drinksbusiness неговата компанија ќе произведува одлични вкусови на пива. Уште поважно, патентот на компанијата ја заклучува важната интелектуална сопственост во нејзината контрола. Тој тврди дека неговиот развоен тим има децении комбинирано искуство во алкохолната индустрија за пијалаци. Но, ако CB верува дека легализацијата на канабисот доаѓа во САД, зошто да инвестираме во Канада?


Интересен факт! ЕДУЦИРАЈТЕ СЕ!
Пред седумнаесет години Канада стана првата земја што легализираше медицинска марихуана. Денес, канадската Федерална влада е на прагот на легализирање на употребата на канабис и пијалаци - Владата инсистираше дека тоа најверојатно ќе се случи до 2019 година. Според извештајот на Winebusiness, CB се чини дека има првични планови „да направат алкохолни пијалаци од канабис како и сокови, кафиња и пијалаци базирани на овошје“. Нема гаранција дека законодавниот дом во Канада ќе даде зелено светло до 2019 година, но има голема веројатност тоа да се случи. Денес, медицинската марихуана е легална во 21 држава во САД и е вистина дека рекреативната марихуана е легална во осум. Исто така, вистина е дека индустријата за канабис во САД вредеше речиси 7 милијарди долари во 2016 година, а индустријата очекува нејзината вредност да се зголеми до 50 милијарди долари до 2026 година. Но, тоа не е крајот на оваа приказна...


Федералната влада на САД е во судир со државите во врска со „проблемот“ со канабисот. Законите на Федералната влада го отежнуваат бизнисот со канабис, така што не прават едноставни неопходни работи како што се одржување на банкарска сметка или поднесување на федерални даноци, а американскиот државен обвинител Џеф Сешнс (Jeff Sessions) направи закани да ги држи државите и бизнисите одговорни за федералните закони. Според статутите, марихуаната останува лек, кој според федералниот закон значи „лек без моментално прифатена медицинска употреба и висок потенцијал за злоупотреба“. Тоа го става канабисот во класата со хероин, лизергинска киселина диетиламид - ЛСД (lysergic acid diethylamide), 3,4-метилендиоксиметимфетамин - екстази (methylenedioxymethamphetamine), метакалона - квалиуд (methaqualone).


Неодамна, додека тој беше интервјуиран за најновата војна на американското Министерство за правда во врска со дрогата, овој пат предизвикана од  националната злоупотреба на опоидите, Sessions рече: „Сметаме дека ова започнува со марихуаната и други дроги“. Можеби инвестирањето во канадската индустрија за канабис е попаметно нешто - или можеби CB знае нешто за иднината на канабисот во САД. Во секој случај, ако пивото од канабис се произведува во Канада во 2019, нема да бидат увезени во САД од CB или било кој друг правен субјект.



12 годишно девојче кое зема медицинска марихуана го тужи Џеф Сешнс и ДЕА

Поврзани статии: 





Автор: Кристина Т.
Извор: Forbes

Tuesday, February 27, 2018

Оливија Њутн Џон е корисник на медицинска марихуана кој втор пат го победи ракот!

Корисничката на медицинска марихуана Оливија Њутон Џон (Olivia Newton John) дава здравствено ажурирање за својата втора борба со ракот

Оливија е горда на својата употреба на канабис!
По првиот рак на дојка, истиот метастазирал на нејзините коски во долниот дел од грбот, по цели 20 години од првичната дијагноза, поради тоа што бил третиран со неефикасните конвенционални третмани за канцер кои само привидно помагаат. За време на добротворен концерт за собирање на пари за шумските пожари во Санта Барбара, 69 годишната Оливија Њутн Џон даде ажурирање за нејзината најоптимална благосостојба, откако ѝ беше дијагностициран рак по втор пат минатиот мај. За време на интервјуто со Australia’s Sunrise  минатиот декември, таа рече дека се чувствува добро и дека „нема болка и животот ѝ е прекрасен“.


Актерката и пејачката Њутн-Џон, која пееше неколку хитови од Grease, изјави за ЕТ дека сака да им помогне на жртвите од пожарот што уништи повеќе од илјада згради и речиси 300 илјади хектари минатиот декември. „Се чувствувам толку среќно да го имам успехот што го имам и што ги направам прекрасните работи што ги правам“ - објасни таа. Кога првпат се лекуваше од рак, Њутн-Џон рече дека чувствува потреба за повеќе од традиционален третман. Таа ја надополнуваше хемотерапијата со медитација, јога, уметност и музика - која ја нуди и на други пациенти заболени од рак во нејзиниот велнес и истражувачки центар во нејзиниот роден град Мелбурн, Австралија.


Ќерката на Оливија е навлезена во марихуана бизнисот
Во септември минатата година, таа изјави  за „Today“ дека користи медицинска марихуана, затоа што ѝ помага да се врати на нозе за време на нападите на силна болка: „Некои луѓе ја имаат оваа визија од 60-тите години додека  луѓето само седат наоколу, знаете, ова растение е лековито. Мислам дека треба да ја смениме визијата за тоа што е представено, бидејќи тоа ми помогна во голема мера и помага при болка и воспаление“ - додава таа.


Додека Њутн-Џон уште не беше 100% решена која природна терапија ќе почне да ја користи, нејзината ќерка, Клои Роуз Латанзи (Chloe Rose Lattanzi) објави еден од природните лекови што нејзината мајка ќе ги користи, кога ја објави оваа порака на Инстаграм во поддршка на борбата на нејзината мајка: „Мајка ми и мојот најдобар пријател ќе биде добро. Таа ќе користи лек за кој често зборувам. CBD масло! (Канабисот има научно докажани својства за да го спречи растот на клетките на ракот) и други природни исцелувачки лекови плус модерната медицина за да го победи ова“. 




Автор: Кристина Т.
Извор: Thefreshtoast

Thursday, February 15, 2018

Прекрасни можности за кариера и напредок во канабис индустријата!

Елејн Дарби (Elaine Darby), во својот живот сменила голем број работни места. Најпрво, таа произведувала вино, пишувала говори за својот татко, а потоа работела како адвокат. Но, ниедна од нејзините кариери не  привлекувала внимание и не ја исполнувала како сегашната. Таа во моментов работи како директор на организацијата AusCann, една од најпознатите австралијски компании за медицински канабис

Управниот директор на AusCann Елејн Дарби 
ЈА МОДЕЛИРАМЕ ИДНИНАТА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАНАБИС - Ние веруваме дека австралиските пациенти имаат право на пристап до висококвалитетни, рентабилни, канабиноидни лекови. Контролата на квалитет е наш приоритет“ - велат AusCann на нивната Веб страница. Управниот директор на AusCann Елејн Дарби вели дека е тешко таа да се врати назад на научните докази што го поддржуваат медицинскиот канабис.

Доколку пред 2 години некој ми кажеше дека ќе бидам вклучена во индустријата за канабис, навистина ќе бев изненадена. Кога татко ми ми кажа да го истражувам медицинскиот канабис, сметав дека тоa е само алиби за луѓето што сакаат да се надуваат“ - вели Елејн која исто така студирала и молекуларна биологија и микробиологија. Вакво било нејзиното гледиште во врска со канабисот сè додека не ги истражила сите податоци и ги забележaла резултатите од луѓето кои страдаат од хронични болести, како болка во нервите.


Елејн и нејзиниот татко д-р Мал Вашер (Mal Washer)
Во Австралија, иако медицинскиот канабис е легален, сепак ситуацијата е сложена и варира од држава во држава. Сепак, оваа индустрија нуди голем број (легални) работни места. „Во нашата фирма медицинските менаџери имаат многу важна улога. Тие ги едуцираат лекарите за медицинскиот канабис“ -  објаснува Елејн. Исто така, има голем број можности за клинички испитувања и научни истражувања поврзани со медицинскиот канабис.


Универзитетот во Сиднеј добил 34 милиони долари за да ја истражи оваа област, па постои голема потреба од добри научници и истражувачи за работа“ - вели таа. Секако, потребни се вработени кои ќе имаат важна улога во одгледувањето на канабисот, техниките за екстракција и доведување на канабисот во неговата финална форма за продажба, како и вклучување на разни индустрии кои ќе обезбедуваат опрема, осветлување и сл.


Според Дерби, потребни се и лица кои би биле едукатори за канабис и кои би биле од голема полза за пациентите, докторите и фармацевтите. Улогата на ваквите едукатори би била да им помогнат на пациентите да го употребуваат канабисот на најдобриот начин за нив. Тоа вклучува и одбирање на посебен вид на канабис, дозирање (земање мерка и прилагодување) и надгледување. „Канабисот е различен од разновидните лекови; тој бара труд и внимание од страна на пациентот и секако постојано информирање и учење за него“ - заклучува Елејн.

Автор: Ангела Т.