Showing posts with label AusCann. Show all posts
Showing posts with label AusCann. Show all posts

Thursday, February 15, 2018

Прекрасни можности за кариера и напредок во канабис индустријата!

Елејн Дарби (Elaine Darby), во својот живот сменила голем број работни места. Најпрво, таа произведувала вино, пишувала говори за својот татко, а потоа работела како адвокат. Но, ниедна од нејзините кариери не  привлекувала внимание и не ја исполнувала како сегашната. Таа во моментов работи како директор на организацијата AusCann, една од најпознатите австралијски компании за медицински канабис

Управниот директор на AusCann Елејн Дарби 
ЈА МОДЕЛИРАМЕ ИДНИНАТА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАНАБИС - Ние веруваме дека австралиските пациенти имаат право на пристап до висококвалитетни, рентабилни, канабиноидни лекови. Контролата на квалитет е наш приоритет“ - велат AusCann на нивната Веб страница. Управниот директор на AusCann Елејн Дарби вели дека е тешко таа да се врати назад на научните докази што го поддржуваат медицинскиот канабис.

Доколку пред 2 години некој ми кажеше дека ќе бидам вклучена во индустријата за канабис, навистина ќе бев изненадена. Кога татко ми ми кажа да го истражувам медицинскиот канабис, сметав дека тоa е само алиби за луѓето што сакаат да се надуваат“ - вели Елејн која исто така студирала и молекуларна биологија и микробиологија. Вакво било нејзиното гледиште во врска со канабисот сè додека не ги истражила сите податоци и ги забележaла резултатите од луѓето кои страдаат од хронични болести, како болка во нервите.


Елејн и нејзиниот татко д-р Мал Вашер (Mal Washer)
Во Австралија, иако медицинскиот канабис е легален, сепак ситуацијата е сложена и варира од држава во држава. Сепак, оваа индустрија нуди голем број (легални) работни места. „Во нашата фирма медицинските менаџери имаат многу важна улога. Тие ги едуцираат лекарите за медицинскиот канабис“ -  објаснува Елејн. Исто така, има голем број можности за клинички испитувања и научни истражувања поврзани со медицинскиот канабис.


Универзитетот во Сиднеј добил 34 милиони долари за да ја истражи оваа област, па постои голема потреба од добри научници и истражувачи за работа“ - вели таа. Секако, потребни се вработени кои ќе имаат важна улога во одгледувањето на канабисот, техниките за екстракција и доведување на канабисот во неговата финална форма за продажба, како и вклучување на разни индустрии кои ќе обезбедуваат опрема, осветлување и сл.


Според Дерби, потребни се и лица кои би биле едукатори за канабис и кои би биле од голема полза за пациентите, докторите и фармацевтите. Улогата на ваквите едукатори би била да им помогнат на пациентите да го употребуваат канабисот на најдобриот начин за нив. Тоа вклучува и одбирање на посебен вид на канабис, дозирање (земање мерка и прилагодување) и надгледување. „Канабисот е различен од разновидните лекови; тој бара труд и внимание од страна на пациентот и секако постојано информирање и учење за него“ - заклучува Елејн.

Автор: Ангела Т.