Елејн Дарби (Elaine Darby), во својот живот сменила голем број работни места. Најпрво, таа произведувала вино, пишувала говори за својот татко, а потоа работела како адвокат. Но, ниедна од нејзините кариери не привлекувала внимание и не ја исполнувала како сегашната. Таа во моментов работи како директор на организацијата AusCann, една од најпознатите австралијски компании за медицински канабис
Управниот директор на AusCann Елејн Дарби |
„ЈА МОДЕЛИРАМЕ ИДНИНАТА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАНАБИС - Ние веруваме дека австралиските пациенти имаат право на пристап до висококвалитетни, рентабилни, канабиноидни лекови. Контролата на квалитет е наш приоритет“ - велат AusCann на нивната Веб страница. Управниот директор на AusCann Елејн Дарби вели дека е тешко таа да се врати назад на научните докази што го поддржуваат медицинскиот канабис.
„Доколку пред 2 години некој ми кажеше дека ќе бидам вклучена во индустријата за канабис, навистина ќе бев изненадена. Кога татко ми ми кажа да го истражувам медицинскиот канабис, сметав дека тоa е само алиби за луѓето што сакаат да се надуваат“ - вели Елејн која исто така студирала и молекуларна биологија и микробиологија. Вакво било нејзиното гледиште во врска со канабисот сè додека не ги истражила сите податоци и ги забележaла резултатите од луѓето кои страдаат од хронични болести, како болка во нервите.
Елејн и нејзиниот татко д-р Мал Вашер (Mal Washer) |
Во Австралија, иако медицинскиот канабис е легален, сепак ситуацијата е сложена и варира од држава во држава. Сепак, оваа индустрија нуди голем број (легални) работни места. „Во нашата фирма медицинските менаџери имаат многу важна улога. Тие ги едуцираат лекарите за медицинскиот канабис“ - објаснува Елејн. Исто така, има голем број можности за клинички испитувања и научни истражувања поврзани со медицинскиот канабис.
„Универзитетот во Сиднеј добил 34 милиони долари за да ја истражи оваа област, па постои голема потреба од добри научници и истражувачи за работа“ - вели таа. Секако, потребни се вработени кои ќе имаат важна улога во одгледувањето на канабисот, техниките за екстракција и доведување на канабисот во неговата финална форма за продажба, како и вклучување на разни индустрии кои ќе обезбедуваат опрема, осветлување и сл.
Според Дерби, потребни се и лица кои би биле едукатори за канабис и кои би биле од голема полза за пациентите, докторите и фармацевтите. Улогата на ваквите едукатори би била да им помогнат на пациентите да го употребуваат канабисот на најдобриот начин за нив. Тоа вклучува и одбирање на посебен вид на канабис, дозирање (земање мерка и прилагодување) и надгледување. „Канабисот е различен од разновидните лекови; тој бара труд и внимание од страна на пациентот и секако постојано информирање и учење за него“ - заклучува Елејн.
Автор: Ангела Т.
Извор: The Sydney Morning Herald
Spektakularno zaprosuvanje!
ReplyDeleteПочитувано пријателче!
DeleteБлагодариме што нè исконтактира. www.facebook.com/420macedonia. Но, тоа не е доволно - затоа те замолуваме да ги поканиш твоите пријатели да стават лајк на страницава, за да се шири вистината и за побрзо да успееме!!!
Ти благодариме за содржините - ќе бидат наскоро објавени! Ти благодариме што си наш верен фан и што ја следиш оваа страница
Наша нова страница - www.420macedonia.com
Благодариме за поддшрката!!! Премногу ни значи! Ќе успееме! Веќе крајот се ближи - но требаат повеќе луѓе со мадиња како нас - па чекаме да се појават! :))) Благодариме за содржините!!! Сликите ќе бидат објавени! :)
😀 Следи ја и нашава веб страна - http://420macedonia.blogspot.mk/
Те замолуваме да ја оцениш оваа страница - https://www.facebook.com/pg/420macedonia/reviews/
Ве молиме споделете го текстот за случајов да добие масовна поддршка од цела Македонија и конечно да се ослободи канабисот на овие простори! 420macedonia.blogspot.mk/2017/10/blog-post_5.html
😀
Срдечен поздрав од нашиот тим,
420 Macedonia ❤