Психоактивната состојка во Канабисот |
Жетва на Конопово поле |
Пoмеѓу Конопот и Канабисот постојат и други разлики.
Конопот вообичаено расте во височина и поради неговите тенки и долги стебла повеќе наликува на трска, додека пак, Канабисот без разлика дали станува збор за Индика или за Сатива, вообичаено повеќе наликува на грмушка. Покрај разликите во изгледот на овие две растенија, Канабисот се користи во медицината токму поради разликата во составот, т.е. во количеството на состојките. Имено, Конопот просечно содржи од 0.01-1.5% (максимум 3%) од психоактивната состојка delta-9 tetrahydrocannabinol (THC), додека пак, Канабисот во просек содржи од 5% до 20% (а новите хибриди содржат дури и повеќе).
Поради фактот што се одгледуваат за различни намени, Конопот и Канабисот бараат различни услови за нивно одгледување. Медицинскиот Канабис бара оптимални услови за производство на женски цветни растенија се` до цветната фаза од нивниот животен циклус. Индустриските Конопови растенија се најчесто машки без цветни туфки. Затоа Конопот нема THC и расте многу побрзо во височина и тоа во надворешни услови, отпорен на временските (не)прилики. За да се постигне пак, максимум ниво на THC во Канабисот, тој бара повеќе нега и внимание и тоа најчесто во внатрешни услови: константна температура, влажност, константно одредена светлина и темнина (специјални светилки), како и соодветно количество на кислород и јаглерод диоксид.
Во однос пак, на легалниот статус кај нас, жалосно е тоа што двете растенија се забранети. И покрај тоа што едниот тип растенија се користи исклучиво за индустриска примена, двете растенија се нелегални и нивното производство е забрането. Парадоксално е тоа што легално е да се купуваат производи направени од Коноп, а незаконски е истиот да се одгледува? Во светот повеќе од 30 држави одгледуваат Коноп, а најмногу се одгледува во Кина.

Без разлика за што се употребува и без разлика која е коректната терминологија, легализацијата на Марихуаната претставува закана за фармацевтската индустрија и за останатите веќе постоечки индустрии, што можат да го користат Конопот како суровина, а наместо тоа користат штетни материјали за производство и немаат намера да започнат еколошки да функционираат, бидејќи од тоа немаат профит. Марихуаната може да ни го спаси светот и да ја подобри економската состојба на нашата држава на подобро и тоа на секое поле.
No comments:
Post a Comment