Канабис РУДЕРАЛИС е третата голема варијација на растенија од семејството Канабис, покрај Сативата и Индиката. Тој за прв пат бил пронајден во дивината на Јужно-источна Русија, но и во Полска и Чешка и за прв пат е класифициран во 1924 година од страна на рускиот ботаничар D.E. Janischevsky
Раѓа многу малку туфки со малку THC |
Местата во сите држави во кои првично е пронајден, биле диви предели и тоа над 50 степени северно од Екваторот. Името Рудералис доаѓа од „примитивно“ и овој термин се користи од страна на ботаничарите за да се опишат жилавите, диви и не-домашни растенија, со други зборови - тревишта. Мислењата на научниците дали Рудералисот е засебна врста на Канабис или пак, дали е хибрид од Сатива и Индика - се поделени. Имено научната студија од 2005 година откри дека нема доволно генетски податоци кои би потврдиле дека Рудералисот е посебна врста. Како и да е, генерално и народски кажано Рудералисот се смета за дива врста на Канабис.
Разликите помеѓу трите врсти на Канабис. Кликнете на сликата за да ја видите во целосна големина |
Се карактеризира со својот мал раст |
Рудералисот до неодамна беше сметан за бескорисен. Поради ниското ниво на канабиноиди, а пред се` THC и CBD - оваа врста на Канабис сама по себе не е вреднувана на пазарот за медицинска и рекреативна употреба. Хемискиот состав на Рудералисот многу наликува на составот на Конопот. И покрај ова од неодамна поради неговите типични особини, т.е. негова позитивна страна - способноста за „само-цветање“ (autoflowering), потоа брзото растење и временските (не)прилики (како на пример студ) што ова растение лесно ги поднесува и не му претставуваат пречка, па затоа истото се користи за вкрстување со сативи и индики. На тој начин се добиваат квалитетни само-цветни семиња со доминантни карактеристики на сатива или индика (или двете од еднаш, бидејќи сите три можат меѓусебно да бидат вкрстувани), но се задржуваат и карактеристиките на само-цветање и брзо растење од рудералисот. Оваа техника е особено значајна за одгледувачите кои живеат во постудените предели од светот или пак, за оние кои што растат во надворешни услови. Поради брзиот раст на ваквите хибриди, возможна е берба дури и неколку пати во годината.
Основни разлики помеѓу Канабис САТИВА, ИНДИКА и РУДЕРАЛИС
No comments:
Post a Comment